You are on page 1of 8

Франкската држава во времето на Карло

Велики
• Најголема моќ и територијално проширување
Франкската држава постигнала за време на Карло
Велики(768-814).
• Тој војувал со
Лангобардите,Арабјаните,Словените и др.
• Со овие војни тој ја проширил државата на север
до Балтичкото Море,на запад до Атлантскиот
Океан и реката Ебро во Шпанија и на исток до
реките Лаба,Сава и Бохемските Планини.
• Карло Велики побарал од папата да го прогласи за
римски император.
• Во 800година папата Лав III го прогласил за император
на Светата Римска Империја.
• За да ја зголеми вазалната војска,Карло Велики го
зголемил давањето бенефиции за време на
војните.Императорот од нив барал не само лично да
учествуваат во воените походи,туку со себе да водат и
вооружена дружина.
• За да дојдат до повеќе војници,кралските вазали и сами
почнале да раздаваат бенефиции,така што се појавиле
и нивни вазали.
• Кралските вазали во однос на своите вазал се
нарекувале сениори.Врховен сениор во државата бил
кралот.
Карло Велики
• Наследената земја со која владеел вазалот
била наречена феуд,а сопственикот
феудалец.Така била создадена цврста
зависност на пониските феудалци од
повисоките.Така настанала феудалната
хиерархија.
• На чело на Феудалната хиерархија стоел
кралот.
• За сите феудални господари работеле
крепосните селани.
Распаѓање на Франкската држава
• По смртта на Карло Велики,на престолот се
искачил неговиот син Лудвиг наречен
“Побожен”.
• Со оглед дека ги немал способностите на татко
му,Лудвиг уште додека бил жив,ја поделил
земјата на своите три сина-Лотар,Лудвиг и
Карло,а за себе ја задржал врховната власт.
• Тие воделе меѓусебни борби кои завршиле со
Верденскиот договор во 843година.
• Според договорот,Франкската држава била
конечно поделена на три дела,од кои се
формирале три кралства:Западно Франкско
Кралство кое почнало да се вика
Франција,Источно Франкско Кралство кое
почнало да се вика Германија и Јужно
Франкско Кралство кое почнало да се вика
Италија.

You might also like