You are on page 1of 5

1.

ЈАКНЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ЗА ВРЕМЕ НА ФИЛИП II

По периодот на несигурност на македонскиот престол, со доаѓањето на


Филип II Македонски [359-336 год.п.н.е.]започнал период на големиот
подем на македонската држава.
Филип II бил енергичен и многу способен владетел,голем војсководец и
вешт дипломат. Тој презел бројни мерки за зајакнување на државата на
внатрешен план.Меѓу локалната македонска аристократија создал
единство и ги обединил македонските племиња во рамките на државата,со
што го заокружил процесот на создавањето на античкиот македонски
народ.Спровел повеќе реформи за да ја зајакне македонската држава и
водел многу војни за да ги прошири нејзините граници.За време на своето
владеење тој ја претворил Македонија во најмоќна политичка,воена и
економска сила на Балканот.
Неговите современици го нарекувале: ,,Најголемиот човек што го имала
Европа.”[Теопомп].
По устоличувањето Филип II ја затекнал Македонија во многу незавидна и
тешка положба. Внатрешно таа била нестабилна поради честите напади на
малите локални династии (Тимфајци, Линкести, Пелагонци) кои одбивале
да ја признаат власта на Аргеадите. Надворешно таа често била напаѓана од
Илирите обединети од моќниот крал Бардилис, но Филип II како вешт
политичар и дипломат започнал преговори со соседите за ненапаѓање.
Така, во 359 г. пр.н.е. Илирите се повлекле од Македонија, а таа спогодба
била зацврстена и со политички брак меѓу Филип II и ќерката на Бардилис
(Аудата).
Исто така, по дипломатски пат ја смирил и Атина отстапувајќи и го важниот
стратешки град Амфипол, а по пат на војна ги победил и северните соседи -
Пајонците. Со склучувањето на овие спогодби Филип II сакал да добие во
време за да изврши реорганизација во своите вооружени сили, односно да
спроведе воена реформа. За таа цел решил да ја преуреди македонската
војска по примерот на тебанскиот војсководец Епаминонда, кој имал боев
строј наречен кос клин.
Филип II во своите млади години престојувал во Теба како заложник и таму
стекнал солидно воено образование, но и во детали се запознал со
слабостите и неслогата, нетрпеливоста на хеленските градови - држави -
полиси. Кога се вратил во Македонија решил сето тоа да го искористи и да
завладее со Хелада. Филип II спровел повеќе реформи а посебно значење
имале воената и финансиската реформа. Со воената реформа тој ја
преуредил војската така што во неа најважна улога добила тешко
вооружената пешадија,позната како македонската фаланга. Фалангата
претставувала најмоќна воена сила во тогашниот свет.Се состоела од 16
реда војници,вооружени со долги копја-сариси. Првите пет реда ги носеле
копјата издадени напред,а задните 11 реда ги носеле исправени нагоре.
Крилата на фалангата ги штителе коњаницата и лесно вооружената
пешадија, распоредувани на левото и десното крило на фалангата.Во
македонската војска била внесена еднообразност во облеката и опремата.
Сите војници на своите штитови ја носеле македонската ѕвезда.Била
формирана и посебна кралска гарда.Филип вовел во борбите воени справи,
катапулти и овни,кои се применувале при опсада на градовите,како и
морнарица со околу 160 воени бродови.
Пред исполнувањето на големите победи, Филип II организирал и
спроведувал долги подготовки.Континуирано ја увежбувал војската,
усовршувал нови варијанти - маневри и ги оспособувал борците за брзо
приспособување на новиот борбен распоред или примена на итроста во
битките. Особено значење имала кондицијата и издржливоста, па пред
секоја битка Филип II ги принудувал своите војници да маршираат по 60 км
носејќи го со себе оружјето, храната и друга опрема. Особено внимание
посветувал на дисциплината, за непочитување на воената дисциплина тој
ги казнувал не само редовните војници, туку и највисоките офицери. На
неговиот двор формирал еден вид воено - политичка школа или академија
за одбрани младинци.Тоа биле деца од благороднички семејства на
возраст од 14 до 20 години.
Тие живееле и се образувале заедно со децата на кралот во кралскиот
дворец, и од тој корпус на кралски момчиња се подготвувале младите
команданти на македонската војска.Меѓу првите кои ја завршиле воената
академија биле: Александар III - синот на Филип II, Птоломеј, Хефастион,
Кратер, Харпал, Неарх итн. Наставата ја изведувале најголемите Филипови
генерали - Антипатар и Парменион. Воената организација на Античките
Македонци била максимално централизирана. Врховен војсководец и
заповедник бил кралот, тој бил носител на сите планови и акции. Кралот
бил опкружен со претставници од благородништвото кои ја формирале
институцијата ХЕТАЈРИ - пријатели на кралот - од македонско потекло, а се
одликувале по својата способност, чесност, храброст, а пред се морале да
бидат лојални на кралот. Тие биле организирани во вид на совет -
советодавна функција, но истовремено биле и телесна гарда на кралот.
Меѓутоа, со проширувањето на државата, Филип II во советот почнал да
прима и немакедонци кои потекнувале од кралски семејства, но му биле
лојални, а тој ги наградувал со земја и други богатства.Според некои
историчари советот на Хетајрите во времето на Филип II броел 800 луѓе, а во
времето на Александар III, имајќи ја во предвид големината на неговата
Империја, тој број достигнал до 3300 луѓе. Македонската војска била
составена од три вида воени родови: копнена војска (лесна, средна и
тешка), коњаница и морнарица. Покрај овие формации Филип II ја развил и
усовршил и опсадната техника и ПРВ ја применил на Балканот. Притоа, го
усовршил и катапултот.Со финансиската реформа,кралот Филип II во
македонската држава ги отстранил племенските локални монети,го
усовршил ковањето на сребрените и бронзените монети,а вовел и
единствена монета кована од злато – статер.Тој бил прв македонски
владетел што ковал златни пари.Ковањето златни пари било поврзано со
освојувањето на рудниците на злато во Источна Македонија.Пуштањето во
оптек на златните монети имало големо значење за развитокот на
македонската трговија и придонело за економско стабилизирање и
издигнување на македонската држава.

2. ОСВОЈУВАЧКИТЕ ПОХОДИ НА ФИЛИП II

Кралот Филип II водел успешни војни со своите соседи: Илирите, Хелените,


Пајонците и Тракијците.Првата победа ја извојувал на запад против
Илирите [358г.п.н.е.],го победил кралот Бардилис, освојувајќи ги
териториите до Охридско Езеро.На север ги победил Пајонците и ги
принудил да ја признаат неговата власт.Војувал и со Скитите, Трибалите, ги
победил Дарданците и Тракијците и успеал да ја освои Пангајската
Планина. Потоа,ги потчинил хеленските колонии на полуостровот Халкидик
и северното крајбрежје на Егејското Море,како и богатата житница
Тесалија. Тој успеал да ја прошири државата на запад до Јадранското Море
и на исток до Црното Море. Големо значење имало освојувањето на
Пангајската Гора во Источна Македонија,каде што се наоѓале богатите
рудници на злато.Во подножјето на Пангајската Гора,Филип основал град,во
341 г.п.н.е. и го нарекол по себе Филипи. Kралот Филип многу вешто ја
искористил внатрешната криза на хеленските полиси и нивните меѓусебни
борби и успеал да го прошири своето влијание и во Средна
Хелада.Јакнењето на Македонија и ширењето на нејзиното влијание
претставувале сериозна закана за Атина,бидејќи ги загрозувале нејзините
интереси и нејзината хегемонија во хеленскиот свет.Филип успеал со
итрина и со пари,да придобие дел од населението во повеќе хеленски
полиси и да создаде свои приврзаници.Во Атина се водела остра политичка
борба помеѓу приврзаниците и противниците на македонскиот крал.Првите
го сметале Филип за спасител и обединител на Хелените,кој ќе ги поведе во
војна против Персијците,а вторите во него гледале најголем непријател.
Најголем противник на македонскиот крал во Атина бил Демостен.
Тој бил истакнат атински политичар и водач на демократската странка.Тој
бил извонреден говорник, во своите познати говори против Филип II
наречени-Филипики.
Демостен го нарекувал македонскиот крал туѓинец и варварин. Под
водство на Атина, против Филип II била создадена силна коалиција
[сојуз] на хеленските полиси. Во неа,покрај Атина влегле
Теба,Коринт,Мегара и други помали полиси.
Решавачката битка меѓу сојузниците и Македонците на чело со Филип II се
водела кај местото Хајронеја на 2 август 338 г.пр.н.е. Со својата храброст во
битката се истакнал и синот на Филип, Александар кој командувал со
левото крило на македонската војска. Во оваа битка сојузниците претрпеле
тежок пораз и наскоро потоа речиси сите хеленски градови држави ја
признале власта на Филип II. Со големата победа кај Хајронеја, Филип II
станал господар на Хелените и ги удрил темелите на македонската
хегемонија во Хелада. Откако загосподарил со Хелада, Филип II свикал во
Коринт Општохеленски конгрес во 338/337 г.п.н.е. на кој не присуствувала
Спарта.На Конгресот, делегатите на хеленските градови држави се
согласиле да организираат општохеленска федерација со Македонија под
раководство на македонскиот крал.Хеленските градови држави се
обврзале дека ќе ги почитуваат одредбите од заедничкиот мир и дека ќе се
борат против прекршителите на одредбите,притоа им била гарантирана
слобода и автономија и слобода на движење [слобода на морепловството
и трговијата].Меѓутоа,со заедничкиот мир Филип всушност им наметнал
забрани и ги претворил во свои заложници за да се избегнат бунтови од
нивна страна. Освен тоа, по негов предлог било решено да се започне со
подготовки за војна против Персија.Наводно тој им ветил на хеленските
градови држави дека ќе и се одмазди на Персија за жртвите од Хеленско-
персиските војни,но всушност неговите амбиции биле поголеми.Тие биле
насочени кон Персија,големиот противник на Исток,со цел да го реши
прашањето за хегемонија во источното Средоземје. Филип II не успеал да
го исполни својот животен сон, бидејќи во заговор бил убиен на свадбата
на неговата ќерка Клеопатра од заговорници летото 336 г.пр.н.е. Веднаш по
атентатот собранието на Македонци под оружје кои се наоѓале во Ајга го

избрале Александар III за нов крал на Македонија.

You might also like