You are on page 1of 17

УНИВЕРЗИТЕТ ,, СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ”
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА

Марија Терезија

Студент: Душан Богиќевиќ Ментор: проф. д – р Никола Минов

Скопје, јануари 2022


Содржина

Вовед ....................................................................................................................... 3

1. Надворешна политика .......................................................................................


4
1.1. Доаѓањето на власт и Војната за Австриското Наследство ..............
4

1.2. Седумгодишната војна ..........................................................................


6

1.3. Новоосвоените Австријски територии ................................................


8

2. Внатрешна политика .......................................................................................


11

2.1. Реформите на Марија Терезија ..........................................................


11

Библиографија ...................................................................................................... 16

2
Вовед

Марија Терезија (1717-1780) била австриска надвојвотка, чешка и унгарска


кралица1. Владеела полни 40 години кои биле исполнети со војни, дипломатски
превирања, склопување на династички бракови итн. Многумина ја сметаат како една од
најуспешните женски владетели и нејзиниот период на владеење го носи името
Терезијанство.

Таткото на Марија Терезија е Карло VI, императорот на Светата Римска Империја,


а мајка и е Елизабета Кристина од Брауншвајт. За нејзиното детство не се знае многу.
Доколку би била машко, сигурно хроничарите и писателите на Виенскиот двор би
забележале многу повеќе за неа. Била убава жена со смеѓа коса и сиви очи и често знаела
да биде центар на внимание. Нејзините денови како принцеза поминувале безгрижно. Му
била жена на Лотариншкиот велики војвода, кој подоцна ќе стане и цар на Светото Римско
Царство. Иако и двајцата стапиле во брак како многу заљубени млади луѓе, сепак Марија
Терезија многу му замерувала на својот сопруг поради неговиот либерален начин на
живот и честите афери со други жени. Му родила дури 16 деца. Голем дел од нив играле
голема политичка ролја во своето време, како синовите Јозеф и Леополд или ќерките
Марија Ана или Марија Антоанета.

1
Ја носела титулата во машко лице “крал”.

3
1. Надворешна Политика

1.1. Доаѓањето на власт и Војната за Австриското


Наследство

Како женско дете, целото образавоние кое го добила Марија Терезија било
потполно различно од образованието кое го добивале машките деца на европските
дворови во XVIII век. Таа поседувала врвно образование, ги имала сите одлики кои една
принцеза требало да ги има. Знаела да игра и пее, била обожувана од дворјаните кои често
ги забавувала, покрај тоа имала и висока друштвена интелегенција, а знаела и да говори на
неколку јазици. Сепак, бидејќи била принцеза немала голем увид во државно-
административните работи кои биле повеќе од потребни за еден владетел.

Принцеза каква што била Марија, била посакувана на секој европски двор. Иако
околината и нејзините родители првично имале други планови со неа, сепак Марија се
омажила со престолонаследникот на Лотарингија Франц Стефан. Тие се запознале
релативно рано, во Прага 1723 година, на окрунувањето на Карло VI за крал на Чешка.
Марија Терезија искрено се заљубила во овој весел, симпатичен и духовит принц од кој
најпрво дознала нешто за политиката.

4
Кога зборуваме за Марија Терезија и за нејзиното доаѓање на власт, една од
најважните работи на кои треба да се обрне внимание секако е и Прагматичната Санкција.
Како најголем проблем на европските владетелски династии, секако претставувало
немањето на директен машки наследник што би значело и гасење на самата династија. Во
таков проблем се нашол и Царот Карло VI кој немал жив машки наследник. Токму поради
страв од изумирање на династијата Хамзбург и делење на територијата на Австриските
земји, царот Карло ја издал таканаречената Прагматична санкција.2 Со овој акт, кој своето
потекло го влече од Римското право, Карло VI сакал пред се да го осигура владетелското
право на куќата на Хабзбурзите, како и да ја поткрепи гаранцијата за неделивост на
Австриските земји. Поголемиот дел на европските држави, како тие кои припаѓале на
Светото Римско Царство, па така и останатите, го признале овој акт за легитимен, што не
значело дека нема да го сменат ставот при некој политички потрес каков што бил самата
смрт на Карло VI во 1740 година.

По смртта на Светиот Римски Император Карло VI, на тронот се нашла Марија


Терезија. На почетокот на нејзинот владеење ситуацијата била во најмала рака
алармантна. Марија наследила испразнета државна благајна, неувежбана и
недисциплинирана војска, монархија со потонат углед, слаба бирократија и советници кои
повеќе личеле на спартанската герусија отколку на спремни државници полни со енергија
да работат во интерес на државата.3

Доаѓањето на власт на Марија Терезија било внимателно пропратено од страна на


сите европски дворови. Секако трн во око на сите им била тоа што жена ја носела круната,
а сите во тоа гледале легитимен начин да ги остварат своите политички цели. Прв кој се
побунил и не ја признавал Прагматичната Санкција бил војводата Баварски Карло
Алберхт. Баварците го искористиле тестаментот на Фердинанд I од 1543 година и го
интерпретирале на тој начин што по изумирањето на Хабзбурзите на чело на германското
царство требало да дојде куќата на Баварските Вителзбаси4.

Исто така, бучен околу целата оваа ситуција бил и шпаскиот крал Филип V, а
својот став кон ова прашање го изнеле и многу други значајни личности во Европа. Но
2
Tajana Fiser. Marija Terezija. Zivot I djelo. Pragmaticna Sankcija. стр 19
3
Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija. Vladavina Kraljice Marija Terezija. Стр 299
4
Исто. Стр 303

5
сепак, најопасен од сите нив бил дефинитивно Фридрих II кој имал јасно зацртана цел.
Интересно е тоа што Марија Терезија и Фридрих доаѓаат иста година на власт. Превирања
секако постоеле од порано, а таканаречената борба за Аврстриското наследство може да се
перцепира како и судар измеѓу куќите на Хабзбурговците и Хоенцолерните за доминација
во германскиот свет. 5
Воениот судир пред се измеѓу Прусија и Австрија завршува
погубно за Австријците. Прусите успеваат да ја завземат Шлезија, која е најразвиета
покраина која ја држеле австријците, била многу богата со рудни богатства и имала доста
развиена индустрија и манифактурни погони. Марија Терезија никогаш нема да го
прежали губитокот на Шлезија и длабоко во себе ќе се надева на повторно враќање во
австријски раце.

Пред се, пресудно за окупацијата како и одржувањето на Шлезија во Пруски раце и


големата дисциплина и мобилност на пруската војска. Советниците на Марија Терезија го
имаат воочено овој вистински момент и го имаат пренасочено во воената реформа неколку
години подоцна. Во периодот помеѓу 1740 до 1742 година се имаат случено уште две
важни работи. Едната е раѓањето на Јозеф, идниот Цар, во 1741 година кој ја има
подигнато австријската мотивација на повисоко ниво. Од друга страна пак, во 1742 година
за цар на Светото Римско Царство бил окрунет Карло VII Баварски.

Борбата за Австриското наследство секако не завршила туку така. По Првата


Шлеска Војна под знак прашалник била ставена Пруската власт над Шлезија. Од друга
страна, на големиот собор во Унгарија 1741 година царицата Марија добила голема
подршка од сите унгарски големци кои покрај поранешните превирања сега и биле
лојални на царицата. Ова е еден од клучните настани во владенијето на Марија Терезија
која сега располагала со значително поголеми човечки капацитети како и поголема
политичка и економска моќ. Стабилизацијата на Австрија иницирана од Марија Терезија
помно била пратена од страна на Прусите. Токму поради тоа започнала и втората Пруска
Војна која траела од 1744 до 1747 година.

Целта на Фридрих првично била да ја зацементира Шлезија во склоп на Пруската


држава и да ги завземе северните делови на Чешка. Воените операции биле отпочнати во
1744 година а Фридрих претходно склопил сојузништво со Франција и со Светиот Римски

5
Dragoljub Zivojinovic. Uspon Evrope .Prusija I Austrija.418 стр

6
Император Карло VII. Фридрих раполагал со војска од околу 100 000 војници. 6 Карло VII
склучувањето со Франција на ваков вид на сојуз ќе го чини многу. Пред се, изгубил доста
сојузници, неговиот авторитет бил под знак прашање и бил приморан да бега од Минхен.
Ненадејно го завржил својот живот во 1745 година, а неговиот син Максимилијан III ја
признал прагматичната санкција, при што бил ставен крај на царувањето на куќата на
Вителзбаховци. Хабзбурзите повторно се вратиле на царскиот престол овој пат преку
Франц I Стефан Лотариншки, мажот на Марија Террзија. 7

Втората Шлеска Војна се водела како во германските земји, така и во Италија и


Белгија. По многуте помали судири помеѓу Прусите и Австријците и неколкуте големи
битки како онаа кај Сура и Хохенфриберг во кои Прусите излегуваат како победници,
војната завршува со Дрезденскиот мировен договор од декември 1745 година. Со овој
договор Шлезија дефинитивно останува во Пруски раце а Стефан Лотариншки е окрунет
за цар на германското царство.8

Три години подоцна, одредбите на Дрезденскиот мировен договор се потврдуваат


во Ахенскиот Мировен договор 1748 година на кој се решаваат прашањата поврзани со
Италија. Во суштина, Ахенскиот како и Дрезденскиот Мировен договор се само примирја
кои само привремено ја смируваат ситуацијата во Европа на средината на XVIII век.9

1.2. Седумгодишната Војна

Ситуацијата во Европа по Ахенскиот мировен договор од 1748 година била


поприлично напната. По склучувањето на овој договор, уште повеќе се продабочиле
границите во германскиот свет помеѓу Прусите и Австријците проектирани во лицата на
Фридрих II и Марија Терезија. Периодот на мир во Австрија бил искористен за
реформирање на голем број на државни институции, но пред се на војската. Војската била
реорганизирана по пруски терк. Биле формирани нови воени едниници, мобилноста и

6
Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija. Vladavina Carice Marije Terezije.Rat za Austrijsko nasledje. Стр 309

7
Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija. Vladavina Kraljice Marije Terezija. Стр.311
8
Dragoljub Zivojinovic. Uspon Evrope. Prusija I Austrija. 417 стр
9
Исто. 418 стр

7
дисциплината биле кренати на ново ниво, а старото оружје и артилерија била заменето со
ново.10

Не била вжештена атмосферата само во германскиот свет, ситуацјата во цела


Европа била на граница на вриење. Најголемите светски сили во тој период, Франција и
Велика Британија, биле во војна уште од 1754 година за превласт и хегемонија над
океанските земји. Дипломатската дејност на сите европски држав како и меѓусебните
превирања ни укажуваат дека светот се спремал за најголемата војна во XVIII век.

На Франција, како поранешен Пруски сојузник од Шлеските војни, не и одговарало


голем напредок на Прусија која егзистирала како Централноевропска веле сила. Токму
поради тоа, односите помеѓу овие две држави дошле до заладување и затоа Фридрих II ја
склучил Вестимерската конвенција со Британците.11

Опасноста од нова војна била на време препознаена од Хабзбрузите кои почнале


интензивно да се припремаат. Склучиле сојуз со Франција, а еден од главните
реформатори во Хабзбуршката Монархија грофот Кауниц елаборилал дека виталноста,
просперитетот и безбедноста на Австрија го загрозува исклучиво Прусија, а Османлиите
претставуваат второстепено прашање.12

Прускиот владетел Фридрих, откако дознал за Австро-Францускиот сојуз, одлучил


да нападне прв. Во 1756 година Прусите продреле длабоко во Саксонија, сметајќи дека ќе
имаат предност и војната ќе ја започнат на противничка територија. Со овој потег на
Фридрих запознала Седмогодишната војна 1756 – 1763. Откако се вклучила и Австрија во
војната, во играта се вклучил и Бурбонско-Хабзбуршкиот пакт, а во 1757 година против
Прусија се вклучиле Русија и Шведска. Прусија се нашла во незавидна ситуација бидејќи
со своите 200 000 војници морала да се спротистави на војска од пола милион луѓе кои ја
напаѓале од различни страни.

10
Michael Hochelinder. Austria’s Wars of Emergence 1683-1797.Army and Society. Стр 331

11
Erich Zollner, Therese Schussel. Povjest Austrije. Promjene u Austrijskoj vanjskoj politici, Sedmogodisnji rat.
.стр.168
12
Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija. Vladavina Kraljice Marije Terezija. Стр Золтан 312

8
Во наредниот период се војува со променлива воена среќа. Британците користејќи
ја својата стара доктрина финансиски ги потпомагаат Прусите поради страв кнежевството
Хановер да не падне во Француски раце. Војските на Фридрих успеваат да ги поразат
Австријците и Саксонците во битките кај Лутен и Розбах во 1757 година. Сепак, следната
година Прусите преживуваат два големи порази од Русите кај Цондорг, а од Австријците
кај Хорхрих.13

Руските сили напредуваат во Источна Прусија а Австријците им нанесуваат уште


неколку ситни порази. Во последниот период од војната двете страни биле претпазливи и
не сакале да влезат во некоја поголема битка. Финансиската помош која Прусите ја
добивале од Британија престанала, што претставувала уште еден поголем проблем.
Австријците успеале да вратат поголем дел од Шлезија во свои раце. Руската војска
стигнала до Берлин каде што била наместена опсада, а голем дел од градот бил оштетен.
Сепак, 1761 година на власт во Русија дошол Петар III, кој бил голем обожавател на
Фридрих и на прускиот дух. Токму поради ова воените операции во Прусија престанале.
Фридрих ова го искористил и ја вратил Шлезија.

Покрај големата политичка вештина на Марија Терезија и големата воена вештина


на нејзините воени команданти, сепак Австријците не успеале да ја задржат Шлезија во
свој посед.14

Седумгодишната војна секако е најголема војна во XVIII век во која биле


тестирани нови оружја и воени тактики. Сепак, за Марија Терезија и за Австријците оваа
војна не сменила ништо. Ситуацијата на терен била иста како и пред војната. Шлезија
останала во пруски раце. Териториите на кои се воделе големите битки претрпеле голема
штета, многу градови биле запалени, земјоделските повржини биле уништувани што
секако придонело до економска и демографска катастрофа.

1.3. Новоосвоените Австријски територии

13
Dragoljub Zivojinovic. Uspon Evrope. Prusija I Austrija. Стр 421
14
Erich Zollner, Therese Schussel. Povjest Austrije. Promjene u Austrijskoj vanjskoj politici, Sedmogodisnji rat.
.стр.169

9
Горкиот вкус по Седумгодишната војна уште повеќе ја продлабочил разликата помеѓу
Фридрих и Марија Терезија. По сите овие настани, дошло до голема промена во
однесувањето на овие два владетели. Марија Терезија пробувала да го зголеми своето
влијание, како во Европа, така и во Рајхот. Преку своите реформи, кои ја зголемиле силата
на монархијата, па така преку склопување на династички бракови со другите европски
династији. Од друга страна пак, Фридрих бил затворен во себе, недоверлив и многу повеќе
време посветувал на пишувањето отколку на државничките работи.15

Иако помеѓу Фридрих и Марија владеела недоверба, сепак во одредени сегменти


тие морале да се соработуваат. Тука пред се мислам на првата поделба на Полска 1772
година. Руското влијание во оваа средноевропска држава се повеќе и повеќе земало замав,
а својот зенит го достигнало кога на полскиот престол седнал миленикот на Катерина II,
Станислав Пониатовски во 1763 година.16

Иако на почетокот на овие дејствија Марија Терезија се држела на страна, сепак


кога сфатила дека Прусија и Русија тоа би го направиле и без Австрија решила да на биде
само слеп посматрач на целата ситуација. Австрија со поделбата на Полска ги добила
Галиција и Ломодерија. Овие предели не биле многу населени, а условите за земјоделство
биле повеќе од поволни.17

Кон Хабзуршката Монархија била приклучена и територијата Буковина. Оваа


територија е помеѓу Ердељ и Галиција, а е добиена при посредувањето во Руско-Турската
војна 1775 година.18

По изумирањето на главната Баварска лоза, кај Втезбахолвците било отворено и


прашањето за Баварското наследство. Оваа војна е исто така позната како и “Војна на
Компирите’’ бидејќи немало поголеми битки, туку била проткаена со помали воени
судири. Оваа војна била завршена по иницијатива на Царивцата Марија Терезија, со
договорот во Текхен 1777 година ,со што Австрија годобила и подрачјето околу реката Ин
населено со околу 60 000 луѓе.19
15
Dragoljub Zivojinovic. Uspon Evrope. Prusija I Austrija. 420 стр
16
Tajana Fiser. Marija Terezija. Zivot I djelo. Unutrasnja Politika. Reforme u Monarhiji. Стр 63
17
Исто. стр 63
18
Erich Zollner, Therese Schussel. Povjest Austrije. Reforme Marije Terezije. Стр 171
19
Исто. Стр 171

10
2. Внатрешна Политика

2.1. Реформите на Марија Терезија

Не долго по стапувањето на власт како 23 годишна девојка, Марија Терезија многу


брзо сфатила дека многу работи во царството треба да се променат. Системот едноставно
не функционирал, многу институции не ја завршувале нивната задача. Касата била празна,
војската немотивирана, необучена и недисциплинирана, а поголемиот дел од
канцелариите и управите немале поволен учинок. Сфаќајки ги овие работи, оваа млада
владетелка веднаш се фрлила на работа. Иако многумина ја сметаат како типичен пример
за владетел кој се води според начелата на просветениот Апсолутизам, сепак Марија
Терезија оди еден чекор понапред. Таа многу често некој од побитните државнички
работи им ги остава на своите советници. Така на пример грофовите Кауниц и
Хаугвиц имале голема улога во управно-политичките реформи додека пак за
развојот на културата и образованието во нејзино време најголема заслуга полагаат Јозеф
Зенефелс и Герхар Швитен.20

Управна Реформа

Марија Терезија, посебно доста време и труд посветила во управните реформи на


Хабзбуршката Монархија. Нејзината апсолутистчка одлика се одцртува во една од првите
реформи кои ги спровела. Секако станува збор за поставувањето на појавата на владетелот
над сите останати покраински и државни органи 21. На овој начинн Марија Терезија
воспоставила директна контрола врз поголемиот дел од нејзината територија и ја
ограничила моќта на локалните великодостојнци. 22 За подобра работа на бирократскиот
апарат биле формирани две одвоени тела, Државен и Двроски Архив за да може полесно

20
Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija. Vladavina Kraljice Marije Terezija. Reforme Marije Terezije. Стр 318
21
Michael Hochelinder. Austria’s Wars of Emergence 1683-1797. The reform of state and society. стр 305
22
Исто. State financies. 318

11
да се прегледуваат сите државни списи, акти и закони. 23 На овој начин е растеретен
државниот апарат и многу упростена самата намена на истиот. Формирано е и
највисокото државно тело т.н. Directorium in publiciis et cameralibus. Оваа институција, за
цел имала судска, финансиска и политичка управа на целата монархија. Ова тело се
состоело од повеќе управи и канцеларии од кои најмала била окружната канцеларија. Ова
тело ги укинало старите феудални инстритуции освен во Холандија и Унгарија каде
истите продолжиле да егзистираат. Овој систем се покажал половично успешен па 1760
година била оделена финансиската од политичката управа.24

Воена Реформа

Главниот збор во спроведувањето на воената реформа го имал Маршалот Даун кој


воено бил и прв човек кој бил одликуван со новиот орден на Марија Терезија. Војската
сега била реорганизирана на Пруски начин 25. Биле поттиснати старите полкови, а
најголемо внимание било посветено на официрскиот кадар. Со новата реформа, било
предвидено формирање на регуларна војска, која би броела 108 000 луѓе и уште додатно
45 000 граничари(крајишници). Војската функционирала на строг централистички начин
со јасно изразена хиерархија. Во 1748 година била усвоена нова единствена униворма,
единствени правила, дрил и евиденција. Често биле организирани воени вежби и маневри,
а во 1752 година, за цел едукација на нови воени кадри, била формирана и Воена
Академија во Винер Нојштад.26

Социјални Реформи

Марија Терезија, можеби оставила најголем печат во историјата благодарение на


нејзините реформи. Социјалните реформи, какви што биле нејзините, претставувале
новост во тогашниот свет. Тие во суштина биле еден склоп на бројни реформи што се
однесуваат на образованието и на реформи кои го поттикнуваат демографскиот раст, т.е.
растот на популацијата. Уште покарактеристично за неа е тоа што таа успеала да ги
поврзе општото добро на своите поданици и потребите на државата со која владеела.

23
Tatjana Fiser. Marija Terezija-Zivot I djelo. Unutarnja Politika. Reforme u Monarhiji. Стр 54.
24
Erich Zollner, Therese Schussel. Povjest Austrije. Reforme Marije Terezije. Стр 170
25
Michael Hochelinder. Austria’s Wars of Emergence 1683-1797. Recruitment reforms and the ‘militarization’ of
the Habsburg Monarchy. стр329
26
Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija. Vladavina Kraljice Marije Terezija. Reforme u vojsci. Стр 324

12
Уште од почетокот на своето владеење Марија знаела дека образованието е дефинитивно
една од најважните гранки на државата. Ги помагала тогашните образовни институции
како што биле Прашкиот и Виенскиот Универзитет, како и останатите средни училишта
насекаде по Монархијата. Една од бројните реформи секако била и формирањето на
Воената Академија 1752 година. Секако најголема одлика на образовните реформи на
Марија Терезија било формирањето на т.н. мали училшта и етапното формирање на
училишна обврска за малите деца.27

Важен момент во царувањето на Марија Терезија секако е и нејзината популациона


политика. На територијата на монархијата постоела ненаселена земја која од Марија
Терезија било форсирано да се насели. Напредувањето на медицината, поттикнато од
напредувањето на образованието, како и новите земјоделски техники и развојот на
индустријата довело до последователно зголемување на населението.

Економски реформи

За да може една држава, пред се да функционира потребна и е стабилна економија


и финансикси ресурси. Според многумина политиката е играчка или алатка на
економијата што дефинитивно има смисла. Кога ја преземала монархијата Марија
Терезија од својот претходник, наследила неразвиена економија, лоши услови за развиток
на трговија, не расчистени аграрни прашање и пред се празна каса.

Реформите спроведени во нејзино време дефинитивно ја препородиле Австриската


еконимија. Најдобар приказ за тоа го имаме во примерот каде што 1700 година
целокупната Австриска еконимија изнесува само 26 проценти од француските годишни
приходи. Додека пак, во 1788 година тој однос изнесува 43 проценти. 28
Процватот на
Австриската економија во време на Марија Терезија пред се се должи на потикнување во
индустрискиот развој пред се текстилната индустрија во Чешка и во Горна Австрија. Исто
така било стимулирано и индустриското проиводство на стакло кое е своевиден белег на
австриската индустрија во XVIII век. Економските реформи вклучувале и формирање на

27
Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija. Vladavina Kraljice Marije Terezija.Reforme u Skolstvu. 335 стр.
28
Исто. 334 страна

13
специфични управи кои ги задоволувале потребите на комерцијалните и индустријските
гранки во Империјата.

Своевремено бил формиран и комитет кој за задача имал истражување на новиот


свет за потенцијално колонизирање и формирање на нови колонии. Сепак, овие планови
се изјаловиле и не го виделе светлото на денот. Интересно е и формирањето на установа
која за задача имало подобрување на трговијата и транспортните врски. Биле правени
нови патишта, реновирани биле старите а се водела посебна грижа за безбедноста на
сообраќајот.

По двете Шлески војни, касата била празна. За таа цел, Марија Терезија склопила
договорор со изборниот кнез на Баварија со кој биле ковени нови пари. Станува збор за
нова валута со ликот на Марија Терезија. Оваа валута го носела името конвенцијски
Талир, била изработувана од сребро и била врзана стригно за сребрените резерви.29

Аграрни Реформи

Терезијанските реформи биле многу значајни и за аграрните прашања. Пред се


важно е да се спомене дека со многубрјни законски акти била ограничена моќта која
претходно ја имале големите великопоседници и феудалци над кметовите. Од друга
страна пак, логични се овие постулати на кои ги темелила своите чекори доколку
подлабоко влеземе во нејзината личнот. Исто така околу 85 проценти до машката
поплација во Монархијата, живеела од земјата.30 Марија Терезија се држела до принципот
дека селанецот мора да биде во состојба да се издржува себеси и да плаќа данок. Исто така
на селаните им била олеснето правото да склопат брак што ги спојува аграрната и
демографската политика на Марија Терезија.31

29
Tatjana Fiser. Marija Terezija-Zivot I djelo. Unutarnja Politika. Reforme u Monarhiji. Стр 58
30
Michael Hochelinder. Austria’s Wars of Emergence 1683-179. Population. Стр 317.
31
Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija. Vladavina Kraljice Marije Terezija.Agrarne Reforme Стр 324

14
Заклучок

Марија Терезија пред се била мнгоу интелегента и одлучна владетелка. Во


нејзиното 40 годишно владеење таа се соочила со многу искушенија. Од Прагматичната
санкција и проблематизирањето на истата што довело до војната за Австриското
наследство до најголемата до тогаш Седумгодишна Војна таа сепак успеала да одржи еден
свој правец. Нејзиниот приватен живот секако дека бил бурен поради бројните авантури
на својот сопруг, константните интриги што се случувале на Виенскиот двор. Ако на тоа
го придодадеме фактот дека Марија Терезија секогаш дури до својата 40та година била
бремена концепцијата уште повеќе ни се менува.

Од државата со која управувала која на почетокот на нејзиното владење била


доста слаба политички, воено и економски успеала да создаде една Европска сила во
секоја смисла на зборот. Преку своите реформи го унапредила образованието,
економијата, војската и голем број други стопански и политички гранки на Австриското
општество.

На самиот почеток од нејзиното владеење Шлезија, една од најбогатите царски


покраини била одземена од страна на Прусите. Марија Терезија не го прежалила овој
губиток до крајот на нејзиното владеење. Сепак, таа успеала да придобие нови територии
во видот на делови на Баварија, Буковина и Полска. Терезија не била поборник за поделба
на Полска но тоа морала да го направи за да не им дозволи на Русија и Прусија вртоглаво
да ја зголемат својата моќ. Терезијанството пред се го краси и грижата за својот и
популационата политика на Марија Терезија.

Можеби и реченицата “Додека цела Европа војува ти Австријо жени се” до некаде
ја дефинира нејзината политика. На сите свои синови и ќерќи им нашла добар аранжман

15
во вид на династички брак. Поготово на нејзиното петнаесето дете Марија Антоанета, која
живеела по слични постолати како мајка си, дочекала длабока старост и спокојна смрт.

Библиографија

Gyore Zoltan. Habzburska Monarhija 1526-1792. Novi Sad. 2014

Dragoljub Zivojinovic. Uspon Evrope (1450-1759). Matica Srpska.


Beograd. 1989

Michael Hochelinder. Austria’s Wars of Emergence 1683-1797. New


York. 2003

Tajana Fiser. Marija Terezija. Zivot I djelo. Pula. 2018


Erich Zollner, Therese Schussel. Povjest Austrije. Bec. 1916-1996

Charles W. Ingrao. The Habsburg Monarchy 1618-1815. Cambridge.


2006

16
17

You might also like