You are on page 1of 15

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’- ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ


Насока:Историја-наставна насока

Проектна задача по наставен предмет:


Нов век (XVI-XX)

Тема: Викторијанско доба

Ментор: Доц. Д-р. Верица Јосимовска Кандидат: Ненад Јакимовски


Број на индекс:141748

Штип,2020
Содржина

Вовед...............................................................................................................................3
Апстракт / Клучни зборови.............................................................................................4
Abstract / Keywords…………………………………………………………………………….5
1. Викторијанско доба ....................................................................................................6
2. Брак на кралицата Викторија.....................................................................................9
3. Викторијанско друштво.............................................................................................10
4. Даме и Господо.........................................................................................................12
Заклучок.........................................................................................................................14
Користена литература..................................................................................................15
Вовед

Викторијанско доба како што и самиот збор ни кажува го означува


владеењето на кралицата Викторија, најдолговладеечки монарх од сите англиски
монархи. Викторијанското доба почнува од 1837 година и трае се до 1901 година.
За време на нејзиното шеесет и четири годишно владеење на англиската
политичка сцена се смениле две политички струи : конзервативци и либерали. Од
нивните редови доааѓаат и четворица истакнати британски премиери кои заедно
со кралицата Викторија давале силен печат на британската политика во таа доба.

Викторијанското доба се карактеризира со силна експанзија на англиското


господарство и економија. Заблагодарувајќи се на искористените многубројни
технолошки иновации, идустриското производство кое многу брзо расте, додека
пак англиската економија во таа доба е најјаката економија во светот. Силната
индустријализација доведува до големи друштвени промени, секако најзначајни се
порастот на населението, силна урбанизација, населението нагло се едуцира
расте бројот на учени луѓе во Англија.

Најпознат книжевник во викторијанското доба е Чарлс Дикенс, додека научник


Чарлс Дарвин кој е познат по својата теорија за потекло на човекот. Најголеми
уметнички успеси во оваа доба се во архитектурата и сликарството. Најголемо
архитектонско достигнување во викторијанското доба е кристалната палата во
Лондон.
Апстракт

Викторијанско доба како и секое друго време си има свои карактеристични


обележја по што е и познато. Ова доба за Англија е едно од најпознатите доба
каде што Англија го достигнува својот индустриски и економски највисок раст во
светот во тоа време и станува сила број еден.

Затоа и средната класа на народ станувал се побогат, поставени се високи


стандарди за односи. Кралицата поставила свои стандарди и квалитети како
точност, штедливост, како да се однесуваат дамите , како господата и со тоа овие
стандарди длабоко навлегле во Англискиот живот на секого.

Најзначајно во оваа доба е одсутност на непријатели односно Англија немала


непријатели или пак не водела војни на своја територија и со тоа можела да ги
концентрира своите средства за внатрешниот развој на монархијата, тоа не е
единствена карактеристика за развој на Англија, туку започнала прва со брз раст
на индустријата .

Клучни зборови:Моќ, Развој, Иновации, Технологија


Abstract

The Victorian era, like any other time, has its own distinctive features that make it
famous. This age for England is one of the most famous ages where England reaches
its highest industrial and economic growth in the world at that time and becomes the
number one force.

That is why the middle class of the people became richer, high standards of relations
were set. The Queen has set her own standards and qualities such as accuracy, thrift,
how to treat ladies, as gentlemen, and thus these standards have penetrated deep into
everyone's English life.

The most significant in this age is the absence of enemies, ie England had no enemies
or did not wage wars on its territory and thus could concentrate its funds on the internal
development of the monarchy, it is not the only feature for the development of England,
but first started quickly Industry growth.

Keywords: Power, Development, Innovation, Technology


1. Викторијанско доба

Кралица Викторија, вистинското име и било Александрина Викторија,


родена е на 24 мај 1819 година во Кенсингтонската палата во Лондон. Во 1837
година на своите 18 години, станува кралица на Обединетото кралство, Велика
Британија и Ирска. На престолот доаѓа по смрта на својот чичко кралот
Вилијам четврти, кој немал жив легитимен наследник. Последна од династијата
Хановер, Викторија е најдолговладеечки монарх во Британската историја.
Нејзината доба траела цели шеесет и четири години и таа доба во историјата е
запаметена како Викторијанско доба.

Во оваа доба Британија доживува врв на својата моќ, развој на индустријата и


експанзија на трговијата, оваа доба траела се до смрта на кралицата Викторија
во 1901 година. Современата историја оваа доба ја дели на три фази : прва
фаза која траела се до крајот на четириесетите години од XIX век и е
обележана со јаки политички и социјални проблеми. Втора фаза траела од
големите Лондонски изложби 1851 година до смрта на Хенри Џон Темпле од
Палмерстоне, 185 е година која означила врв на британската либерална
традиција и социјална хеирархија. Третата или доцна фаза од владеењето на
кралицата Викторија е обележана со проблеми помеѓу друштвените слоеви и
постепено пропаѓање на британската превласт на светската сцена.

Слика бр-1 Кралица Викторија 1884 год


Кога зборуваме за политичкиот живот во Британија за време на Викторијанско
доба, треба да се истакне дека оваа доба ја обележале четворица истакнати
политичари кои биле премиери на британската влада. Тие биле од редовите на
двете најмоќни политички опции кои ги имала Британија, конзервативците и
либералите и после кралицата преставувале најмоќни личности во Велика
Британија. Прв бил конзервативецот Сер Роберт Пеел, премиер од 1841-1846
година, тој во својот мандат прави бројни реформи со кои ја стопира финасиската
криза и започнува големиот трговски развој на Британија. Донесува позитивни
господарски и верски закони за Ирска со што го смирува населението и самата
жешка ситуација таму. За Пеел е многу важно да се спомне дека во 1829 година ја
направил првата униформирана платена полиција во Лондон, а во 1856 година
овој закон постанува низ цела Англија па и самата полиција станува една од
британската викторијанска институција.

По Пеел дошол конзервативецот Виконт од Паалмерстоне, премиер од 1885-1865


година, кој имал голема важност на надворешната политика и нејзината
доминација во светот посебно во завршната фаза на Криската војна 1853-1856
година. Вилијам Еварт Гладстоне од редовите на либералите дошол како премиер
на Британија во 1868 па се до 1894 година, Вилијам ги поставува стандардите за
изборните реформи со кои уведува тајно гласање на парламентарните избори,
потоа воведува јавно барање за служба во државната управа. Својот
либерализам го доведува до врв кога постанува симпатизер на Ирската
автономија што го потврдува со донесување на неколку закони за таа цел но
Британскиот парламент ги отфрла овие закони.

Последниот истакнат премиер во Викторијанско доба е Бенџамин Дисраели од


редовите на конзервативците, тој службата ја извршувал два пати како премиер
почнувајќи од 1874 па се до 1880 година. Дисраели бил многу поактивен од
неговиот предходник во надворешната политика односно давал премногу важност
на колонијалната политика и британското колонијално карлство.
Дисраели ги оптужил либералите дека премногу се грижат за внатрешните
политики и на тој начин ја занемаруваат надворешната политика и британските
интереси во светот. Целосно се посветил на британската надворешна политика
успевајќи да ја осигура и британската превласт на суетскиот канал. Потоа ја
прогласил кралицата Викторија за индустриска царица на тие води и ја
преставувал Велика Британија на Берлинскиот конгрес 1878 година каде успеал
да се избори за британска власт над Кипар. Кралицата Викторија при крај на
своето владеење владеела со четвртина од светската популација и петина од
целокупната светска копнена површина. Најважна и најбогата Британска колонија
била Индија, додека кралицата Викторија станала првата британска монахиња
која ја носела титулата Индијска царица од 1876 година.

Слика бр-2 Кралицата Викторија на својот престол – Разгледница од Индија


2. Брак на кралицата Викторија

Во 1840 година кралицата Викторија одржала говор во парламентот каде што и


го најавила својот брак. Нејзиниот избраник бил принцот Алберт од Сакс-Кобург
фамилијата, инаку роднина на кралицата. Таа со Алберт ке имаат среќен брак
исполнет со љубов и радост, тие имале 9 деца, идни принцови и принцези кои во
скоро време во секоја од европските кралски фамилии ќе имаат склучено брак,
скоро секој од европските владетели ќе вклопи роднинска врска со кралицата на
Британија, а со тоа кралицата ке биде наречена и како баба на Европа.

Изгледало дека ништо не би можело да ја смени среќата на кралицата се до


моментот, кога во 1861 не умрел принцот Алберт. После смрта на принцот Алберт
кој умрел од тифус, кралицата Викторија била во голема тага, заклучена во четири
ѕида, секој јавен собир бил одбиван од кралицата. Кралицата Викторија била
вдовица точно четириесет години и секогаш носила црна гардероба како знак на
жалост кон Алберт по што била запаметена и како дамата во црно .

Слика бр-3 Фамилијата на кралицата Викторија


3. Викторијанско друштво

Да можеме да кажеме и да ја разбереме структурата на викторијанското


друштво мораме најпрво да кажеме неколку зборови и за британското
господарство и за економијата од таа доба. Заблагодарувајќи се на бројните
технолошки иновации, првенствено на парни строј или парна машина кој од XVIII и
почетокот на XIX век доаѓа до силно развивање на британскиот промет и
господарства. Тие големи промени на технолошки, прометни и господарски план,
а кои ке имаат значителен удел на британското друштво во викторијанското доба,
заедничко ќе ги наречеме индустриска револуција.

Заблагодарувајќи се на аутоматизираното производство како што се некои


производи од прехрамбената индустрија, таа роба станува достапна за сите
слоеви на општеството. Кога зборуваме за индустриски сектори треба да се
истакне дека долго време темелна индустриска гранка била текстилната
индустрија, потоа металната, рударството во почетокот на XIX век, додека во
средина на XIX век се развиваат и други индустрии со новите суровини како што
се енергија и нафта.

Британската економија заблагодарувајќи на индустриската револуција убрзано


напредувала, Британија е пред сите останати Европски земји во призводство на
јаглен, лингит, сирово железо и други што ја прави Британија најбогата земја во
светот, 1860 имала доход 50 % поголем по глава на жител од оној на Франција, и
три пати поголем од оној на Германија.

Зборувајќи за самата структура на викторијанското друштво треба да се истакне


дека за целиот процес на развивање тука доминираат богатите друштвени
слоеви. Тоа се аристократи, земјопоседници и ѓентли или пак ниското племство
кои не се носители на племенски наслов во Англија, но по богатството се наоѓаат
на самиот врв на викторијанската друштвена хиерархија. Нивната господарска моќ
се темели на самата индустриска револуција, на успешните врски помеѓу земји и
трговии како и соработка со лондонските трговци и финансиери.
Од пописот во 1873 година четири петини од земјата е во рацете на само седум
илјади пеодинци, големи земјопоседници со племенски титули. Заблагодарувајќи
на големите господарски средства, простарите поседи, големи некретнини по
градовите и правата кои им се гарантирани за искористување на работниците, тие
имале значајна политичка положба.

Спуштајќи се по викторијанската друштвена пирамида доаѓаме до друштвени слој


кои се популарно наречени среден слој или средна класа. Населението кое
припаѓало на овој друштвен слој биле само 2 % од населението. Меѓутоа и тука
постоеле разлики, тука ги вбројуваме лондонската финансиска и трговска елита
кои соработувале со аристократите.Следниот слој од викторијанско доба е
нискиот слој на населението. Тука припаѓале поголемиот дел на населението, тие
се занимавале како техничари, трговски патници и слично. Традиционално тука
припаѓале и друштвениот слој на ситно граѓанство како што се трговци на мало.

Слика бр-4 Парна машина


4. Даме и господо

По самиот закон во викторијанско доба самата жена не се сметала за


одвоено од нејзиниот маж, нејзината целосна состојба од самиот момент на
вклучување на брак се сметало дека таа припаѓала на мажот. Често жената не
можела да биде и наследничка на мажот, ако неговиот имот е голем тогаш само
најблискиот роднина од машка линија можел да наследи. Жените од средната
класа можеле само да работат одредени работи кои се карактеристични за
нејзиното општество, сите останати професии за нив или не постојат или се
забранети. Жената исто така не можела да донесува никакви финансиски одлуки
без согласност на нејзиниот маж.

Од самото раѓање жената секогаш учела да се покорува на мажот, послушност и


да ги опростува секаквите проблеми што мажот можеби ќе ги правел како
пијанство, изневерување и слично. Идеалната викторијанска сопруга никогаш не
би кажала лош збор на својот маж. Жената исто така не требало да биде многу
образована, да биде многу зборлеста ниту пак да покажува познавање за религија

Слика бр-5 Викторијанска дама


Господа термин кој го употребувале мажите кој од самото детинство е одгледуван
и учен дека жените се нежни и спрема нив мора да се постапува нежно и
грижливо. Таткото е во потполност одговорен за одгледување на неговите деца и
неговата жена, не смеел да мисли дека во тешки моменти жената ќе му помогне
тоа воопшто не постоело во викторијанското доба. Викторијанското друшто будно
ја следела секоја ситуација спрема мажот и жената. Маж кој не можел да и
поклони шал на својата жена, не ја померувал столицата додека јаделе, маж кој
на својата сиромашна жена втора година по ред ја шетал со истиот вечерен
фустан – таков маж можел да стави крај на својата иднина во ова друштво, нема
да шири нови познанства додека пак неговата мајка и сестра ќе му пишувале
писма со навреди спрема него.

Викторијанска жена се сметало дека секогаш треба да биде болесникава односно


доброто здравје некако не е право лице на некоја дама. Освен за сопругата мажот
сносел потполна одговорност и за својата невенчана ќерка. Немажена сестра,
тетка и вдовиците од својот род. Отворените манифестации помеѓу невенчани
мажи и жени нивно дружење било строго забрането додека зборот љубов била
табу тема во тоа време. Девојка која ке остане сама во соба со некое машко и
немаат службено изјавени намери спрема неа се сметало за недозволиво. За
вдовецот кој живее со својата ќерка им било забрането да живеат сами во куќа,
вдовецот морал или да изнајми некого да седи со нив или пак да живеат во
различни куќи бидејќи друството се плашело за неприродни односи кои можеле да
настанат.

Слика бр-6 Викторијански господа


Заклучок

Викторијанско доба е време кое Велика Британија заблагодарувајќи се на


стабилната и успешна внатрешна и надворешна политика бележи напредок на
сите подрачја. Заблагодарувајќи се на индустриската револуција и нејзините
технолошки иновации кои настанале во тоа време. Англија за време на
владеењето на кралицата Викторија станала најголема индустриска и економска
светска сила. Викторијанското доба преставува врв на на британската поморска
доминација и колонијална политика. Во тоа време британското колонијално
царство го достигнува самиот врв на својата моќ именувајќи ја кралицата
Викторија за индијска царица.

Викторијанското доба е многу разновидна и успешна, изразените социјални


будења на поголемиот дел на населението жени, деца и работниците. Бројните
реформи и закони кои ќе ги поправат нивните положби за да се вклопат во
друштвото. Ситуацијата во која било здравството исто така се поправил, се
подобрила и ситуацијата на улиците, се намалил криминалот и населението се
чуствувало побезбедно.

Со други зборови Викторијанското доба ја сменило целокупната ситуација и


иднина на Велика Британија и оставила силен впечаток во целокупниот свет многу
држави го прифатиле ова општество, подржале некои работи кои и до ден денес
ги користиме секојдневно во нашиот живот а најголем впечаток оставило на
Британската па и светската историја.
Користена литература

1. Black Jeremy ‘’ Историја на Британскиот остров’’


2. Briggs Asa ” Социјална историја на Англија ‘’
3. Maurois Andre ‘’ Историја на Англиска политика’’
4. Mortimer Raymond “ Патувањата на кралицата Викторија ‘’
5. David Cody http://www.victorianweb.org/history/hist8.html
6. Victorian web http://www.victorianweb.org/

You might also like