You are on page 1of 11

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’- ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

Насока:Историја-наставна насока

Проектна задача по наставен предмет:


Македонија од крајот на XIV до крајот на XVIII век

Тема: Куманово во периодот на XIV до крајот на XVIII век

Ментор: Доц. Д-р. Оливер Цацков Кандидат: Ненад Јакимовски


Број на индекс:141748

Штип,2020
ВОВЕД

 Куманово е град на испреплетени култури, религии, традиции, спомени и соживот уште од самото негово
создавање. Градот во кој ќе прошетате низ Уќумат сокак, една од најстарите улици во градот сегашната
улица 11 Октомври, ќе се сретнете со многу стари занаети, ќе пробате многу вкусна храна и ќе слушнете
многу легенди.

 Сместено на североисточниот дел на Македонија на надморска височина од 340 метри. Куманово е


лоцирано на самата раскрсница помеѓу реките Пчиња, Крива река и Липковка, исто така тука поминува и
стариот пат на виа игнација

 Денеска Куманово опстојува на истата местоположба од самото негово создавање само многу поголем и
проширен град, Куманово денеска е најголема општина во Македонија. Во 2019 година Куманово прослави
500 години од неговото создавање како град.
ИСТОРИЈА НА КУМАНОВО
 Според легендата името на градот потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 година
навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешната Кумановска општина и
пошироко. Кумани или уште познати како Половци кои биле номадски племиња од турско потекло. Во XI век
се доселени од Азија во Европа, населувајќи ги јужноруските степи и териториите во долен Дунав. Како
византиски сојузници учествувале во битката против печенезите кај Левунион 1091 година. Потиснати од
Монголите 1230 година се повлекле во Унгарија,Бугарија и Византија.

 Во X век упаѓале и на територијата на Македонија со цел вршење грабежи. Подоцна дел од нивните потомци
биле иселени, а остатокот претопени со останатото население. Никејскиот цар Јован Ватац ги населувал
како стратиоти во Тракија,Македонија и во Мала Азија. Се смета дека по Куманите го добило своето име
градот Куманово и селата Куманишево, Тиквешко и Куманичево, Костурско.

 Посебна улога Куманите одиграле во формирањето и управувањето на Второто бугарско царство, а особено
во востанието на браѓата Петар и Асен 1185 година. Во ова царство голем број припадници на владеачката
класа биле Кумани
Куманово во средниот век

 Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го

чува преминот меѓу реките Вардар и Јужна Морава. Во 1519 година во турските дукументи се спомнува како

населба во состав на Нагоричката нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба)

се споменува и во втората половина на XVII век. Се претпоставува дека населбата во тоа време има слабо

развиено стопанство. Тоа го потврдува и патописните забелешки на Евлија Челебија од 1660 година, според

кои населбата имала околу 600 куќи, џамија, медреса, ан, аман и одреден број на дуќани. Куманово станува

административен центар на нахијата при крајот на XVI или почетокот на XVII век.

 Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година од патописните дефтери

во архивот на Република Турција во Истанбул, каде е наведено дека во населбата има 52 семејства со околу

300 жители.Имено во сочуваниот дефтер заведен под број 170, регистрирани се населени места кои биле во

состав на Нагоричката нахија.


Демографија на Куманово во XVI век

 Разгледувајќи ги хронолошките извори од XVI век регистриран е еден запис од непознат венецијански патник
од 1559 година. Меѓутоа тој не го споменува Куманово, туку Доброшане што е село во Куманово. Тој напишал,
“ Бидејќи во Скопје престојувавме три дена, ги заменивме коњите и 9 јули стигнавме во едно село кое се
нарекува Доброшане , 18 милји , ова место е убаво и изобилува со многу извори...” И овој запис на
непознатиот венецијански патник недвосмислено зборува за патен правец кон Ќустендил, кој се протегал по
течението на Пчиња и Крива Река и излегувал на Нагоричанското плато.

 Посебно внимание заслужува бројот на исламизирани христијани во 1573 година. Поаѓајќи од презимето во
пописните дефтери констатираме дека помеѓу регистрираните муслимани во Куманово во 1573 година има 1
исламизирано лице од прво колено од редот на христијаните. Така на пример во самото Куманово од вкупно
52 регистрирани муслимански семејства 14 се исламизирани христијани. Во селото Лојане од 20 регистрирани
муслимани 4 се исламизирани, во селото Беракли (Проевце) од 19 регистрирани 5 се силамизирани, во селото
Алгуња има само два регистрирани муслимани и двајцата се исламизирани христијани, во селото Клечовце од
12 муслимани четворица се исламизирани.
ПРИРОДНО- ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА
КУМАНОВО
 Куманово и околината што гравитира кон него, се наоѓа во северниот дел на Македонија. Оваа територија,
најсеверните делови ги има северно од Козјак во атарот на селото Мглинце, во долината на Мала Река, а
најјужната се наоѓа во атарот на селото Живиње. Од најсеверниот до најјужниот дел Кумановското растојание
изнесува 43км воздушна линија, а во правец исток-запад растојанието е 50.4км.

 Кумановскиот крај од соседните области е одделен со делови на стари грамадни планини. На запад се издига
Скопска Црна Гора кои во овој крај е познато под името Карадак. На север се наоѓат падините на Руен, додека
пак падините на планината Козјак се спуштаат кон трговишната област. На исток е планината Герман со
Славишката котлина додека јушната и југоисточната страна се ридестите терени на Градишката планина со која
брановидното кумановско поле е одделено од скопската котлина и овче поле.
КАРПОШОВО ВОСТАНИЕ

 Карпошовото востание било вооружено востание подигнато во 1689 година на територијата на Македонија.
Востанието го носи името по својот водач Карпош. Непосреден повод за подигање на востанието дала
големата Австро-Турска војна, а неговите корени лежеле во незавидната економско-општенствена и
политичка положба на Македонскиот народ.

 Кон средината на октомври 1689 во североисточниот дел на Македонија избувнало востание на чело со
познатиот ајдутски арамбаша Карпош. Главно упориште на слободната востаничка територија станала
Крива Паланка која и пред тоа била слободно турско утврдување, изградена во 163 година.

 Тука на востаниците им паднале во раце шест топови. Освен тоа, востаниците изградиле и сосема ново
утврдување кај Куманово. Не е исклучено тие да биле во врска и да содејствувале со австриските одреди,
особено во времето на нивниот продор во Македонија. Современите турски хроники и месното предание го
титулираат Карпош како крал на Куманово, која титула му ја дал или потврдил австрискиот цар Леополд,
праќајки му притоа и калпак како надворешен знак на признанието
Во Скопје кај камениот мост на Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на колец, а потоа
избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случило во првите денови на декември 1689 година.
Трагичната смрт на Карпош го означува истовремено и крајот на востанието. Македонскиот селанец скапо го
платил својот обид за ослободување. За многумина спас било бегањето далеку на север зад Сава и Дунав. Дел
од нив преминале дури и во Русија, создавајќи таму свои војнички колонии и одделен Македонски полк кој
дејствувал во состав на регуларната руска војска. Во запустените предели од северозападна Македонија
почнало масовно населување на албанското население
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

You might also like