You are on page 1of 26

МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ

НА СРПСКОТО
ВЛАДЕЕЊЕ
ШИРЕЊЕ И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА
СРПСКАТА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА
 ПО ПРОПАСТА НА ВИЗАНТИЈА –ОДДЕЛНИ НАРОДИ СЕ ОСАМОСТОЈУВАЛЕ И
ОСЛОБОДУВАЛЕ ОД ВИЗАНТИЈА
 Во 1282 година, српскиот крал Стефан Урош II го освоил Скопје, со што
градот влегол во составот на Рашка, а подоцна и во рамките на
средновековната српска држава.
 Овој период се одликува со изградбата на многубројни црквии, манастири
и дворци во и околу градот.
 За време на својот престој во Скопје, во 1299 и 1300 г., византискиот
пратеник Теодор Метохит забележал дека освен Горенград, постои и
Доленград, кој бил заштитен со ѕидини.
 Како најсветол период од српското владеење се смета времето на царот
Стефан Душан, кој во 1345 година го прогласил Скопје за престолнина на
својата држава, а веќе следната година бил во него и крунисан за цар.
 Во негово време градот, општо, се наведува како главно трговско место
со развиено занаетчиство, каде што посебна улога имале дубровничките и
венецијанските трговци.
 Како најсветол период од српското владеење се смета времето на царот
Стефан Душан, кој во 1345 година го прогласил Скопје за престолнина на
својата држава, а веќе следната година бил во него и крунисан за цар.
 Во негово време градот, општо, се наведува како главно трговско место
со развиено занаетчиство, каде што посебна улога имале дубровничките и
венецијанските трговци.
 По смртта на Стефан Душан, градот бил под српска власт сè до 1392
година, кога Вук Бранковиќ им го предал на Отоманците, со што влегол во
рамките на Отоманската Империја
 Царството покажувало знаци на распаѓање
 Одметнување од српската централна власт на Урош I
 Неговата жена Елена управувала со Сер, а полубратот Симеон со Епир
 На територијата на Македонијија вледееле
 Углеша и Волкашин
 Во 1365 Волкашин се прогласил за крал на Прилепско-македонското
царство
 Углеша за управник на Серската држава ( Мелник-Драма,Струмичко)
 По течението на Брегалница- Јован Оливер
 Лесен план за Османлиите
Културните –прилики во Македонија кон крајот на 14
век

 По плодната културно-просветна дејност на Кирил и Методиј и нивните


ученици следел период на препишување на беседи,христијанска
поезија,евангелија,апостоли,псалтири...
 Писмената и книжевната дејност од Кратовско и Злетовско е тесно
поврзана со дејноста на Лесновскиот манастир.
 Култот на овој манастир е поврзан со пустиножителскиот пат на Св.
Гаврил Лесновски.
 Најзначаен претставник на оваа школа е Станислав Лесновски кој
придонел за развивање на оваа школа во која се
негуваат калиографското препишување.
 Калиграфија е визуелна уметност поврзана со пишувањето.
 Таа претставува дизајнирање и пишување на букви со широк инструмент,
четка или други инструменти за пишување.
 Современата калиграфска практика може да се дефинира како "уметност
за давање форма на знаците на експресивен, хармоничен и вешт начин"
 Од преводите на богослужбени книги
 Добормирово евангелие,Охридски апостол,Битолски триод,Слепчански
апостол..
 Житија- Панонските легенди,Опширното житие за Св.Климент Охридски..
ОСМАНЛИСКИ ОСВОЈУВАЊА
ВО МАКЕДОНИЈА
 КОН КРАЈОТ НА 14 ВЕК БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ ГИ ЗАСТРАШИЛА НОВА
ОПСНОСТ-ОСМАНЛИИТЕ
 Потеклото на отоманците може да се проследи назад во 11 век, кога на
територијата на Анадолија опстојувале неколку мали муслимански
емирати со туркиско потекло.
 Главната цел на овие т.н. Анадолски бејлици била да ги одбранат своите
територии од страна на Византија.
 Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населеле
голем број на турски народи.
 Меѓутоа, во 1073 година и победата на Селџучкото царство во битката кај
Манцикерт, овие анадолски Бејлици добиле можност да прогласат своја
независност од Селџуците.
 Меѓу овие помали кнежества било и кнежеството со престолнина
во Согут.
 Тоа било предводено од страна на Ертугрул.
 Кога во 1281 година починал, неговиот син Осман станал негов
наследник.
 Отоманската Империја своето име го добила по својот основач,
првиот султан Осман
 Наследник на Орхан бил Мурат I.
 Првата поголема офанзива на новиот султан Мурат I била во 1365 година
во битката кај Адријанопол. Византиската армија повторно доживеала
пораз, со кое бил ставен почетокот на отоманското присуство
на Балканот и Европа. Веднаш по битката, престолнината
на Отоманците била пренесена од Бурса во Адријанопол, денешно Едрене.
 Ова преместување на престолнината на Отоманците им овозможило место
при идните напади на балканските земји.
 Во 1354 година Отоманците ги поминале Дарданелите.
 Ова бил голем момент од нивното напредување по морски пат, бидејќи во
голема мера го ограничиле поморскиот пат кон Константинопол,
остварувајќи значајни победи против Венецијанската Република.
 Маричката битка позната и како Втора Маричка битка, се одиграла на
реката Марица близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на
26 октомври 1371.
 помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и
македонската војска на Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат,
деспотот Јован Углеша
 Според еден од најстарите српски извори, како причина за почетокот на
овој конфликт бил намерата на Углеша заедно со својот брат Волкашин да
ги протера Османлиите од Македонија.
 Според германскиот историчар Цинкајзен оваа битка започнала поради
заземањето на градот Пловдив кој денеска се наоѓа во Бугарија.
 Според турските извори пак, војната започнала поради обидот за
заземање на Едрене и обидот за протерување на турските сили од
Балканот односно од Румелија.
 Сепак, современите историчари сметаат дека не постои конкретен повод
за избувнувањето на оваа војна.
 Според нив, деспотот Углеша чија земја се наоѓала во правецот на
османлиската инвазија на Балканот сватил дека Османлиите се голема
опасност за него. Углеша со својата мудрост го избрал најидеалниот
момент за напад. Султанот Мурат заедно со својата војска се наоѓал во
Мала Азија а Лала Шахин Паша се наоѓал во Едрене
 Христијанските војски биле распоредени во камп кај Черномен на реката
Марица.
 Бидејќи христијаните биле уверени во својата големина, тие не биле
доволно претпазливи, а сигурно и не очекувале напад пред да пристигне
султанот со анадолската војска. Ова било главната причина за лошата
дисциплина меѓу христијанската војска и нејзиниот пораз.
 Во борба загинале и двајцата претставители на походот - браќата
Волкашин и Углеша. Околностите околу нивната смрт не е позната и
нивната смрт е станала легенда.
 Според Мавро Орбини деспотот Углеша се удавил во обид да побегне
преку реката Марица.
 Волкашин успеал да ја премине реката, но додека пиел вода бил задавен
од страна на неговиот војсководец Никола Хрсојевиќ.
 Подоцна неговите останки биле однесени во манастирот Свети Димитар
кај Сушица.
 Синот на Волкашин, Крале Марко, го наследил татка си на престолот на
прилепското кралство, но сега како вазал на Турците.
 Бугарија исто така останала во вазалски статус
 Крале Марко — последниот крал што владеел со поголемиот дел
од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани.
Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не
само на Македонците, туку и пошироко.
 Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп
  како главен град и затоа се смета за македонски крал
 На 17 мај 1395 год. во битката кај Ровине, застанувајќи на страната на
турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован
Мирче, кралот Марко загинал

You might also like