You are on page 1of 1

ВОСТАНИЕТО НА СКЕНДЕР – БЕГ

Турците- Османлии уште во 80-те години на 14 век стапиле на албанска


територија за да освојуваат, и тие до почетокот на 15 век ја наложиле својата
власт над поголем дел од Албанија. Албанските феудалци од семејствата
Топија, Кастриоти, Арианити, Дукаѓин и други станале зависини од турскиот
султан у продолжиле да владеат како негови вазали. Во првата половина на
15 век голем дел од албанската териотерија била ставена под османска
власт. Во тој период еден од крупните албански феудалци и вазал на Турците
бил Џон Кастриот, чие владење се наоѓало меѓу реките Мати и Дрим.
Неговиот најмал син Ѓерѓ Кастриот-Скендербег(1405-1468), бил даден
заложник кај султанот Мурат и како младо момче се истакнал како храбар
војник и војсководач во походите што ги воделе Османлиите. Бидејќи ја имал
примено муслиманската вера тој почнал да добива и високи државни
функции. Во чест на неговите победи над турските непријатели бил наречен
Исјендер по Александар Македонски и станал познат како Скендер-бег.
Тој не му останал верен на султанот. Користејќи ги напредувањето на
крстоносците, во 1443 година кренал востание во Албанија птоив турското
госпотство. Притоа на своја страна привлекол голем дел од војниците и
бројно селско и градско население. Покрај албанското, во востанието зеле и
бројно македоснко и влашко население. Востаничката војска по
ослободувањето на градот Кроја ја ослободила целата албанска територија
од Војуса до Арта. На 28 ноември 1443 година Скендербег бил прогласен за
управник на Кнежеството Кастриоти. Оттогаш всушност датира и знамето на
родот Кастриоти, кое претставувало црн двоглав орел на црвена подлога, кое
станало и национално знаме.Востанието се проширило и во пограничните
македонски територии, зафакајќи ја Дебарската област. Повеќе од 20 години
Скендербег, отпорот на Албанците траел неколку неколку години. Со
паѓањето на градот Круја 1478 година под турска власт, востаниците биле
совладани, а територијата на Албанија била ставена во рамките на
Османската Империја.

You might also like