You are on page 1of 2

САМОСТОЈНИ ФЕУДАЛНИ ДРЖАВИ ВОXIV ВЕК

- по сртта на цар Душан се распаднало српското царство

- големите феудалци си создале свои господства и не ја признавале власта на царот

- во XIV век во Македонија се создале три самостојни држави: Серска држава, Прилепско кралство и држават на Јован
и Константин Драгаш

* Серска Држава

- во градот Сер во 1365г деспотот Јован Углеша во Југоисточна Македонија основал независна држава

- тој бил почитуван од Византија, бидејќи сакала да го придобие како сојузник во борбата против османлиите

- во Серската држава припаѓале градовите – Струмица, Драма, Кавала и полуостровот Халкидики со Света Гора

- на исток се простирала до реката Места и граничела со Османлискиот Султанат

- на запад се простирала до територијата на Волкашин и реката Вардар

- државата на Углеша била поддржана од Охридската Архиепископија

- тој на манастирите од Света Гора им давал имоти

- оваа држава често била опустошувана од Османлиите и за да се одбрани од нив на помош го повикал брат му
Волкашин

- во битката кај Марица загинал Углеша и бидејќи нмал наследник, државата ја наследил неговиот внук кралот Марко

* Прилепско Кралство

- за време на владеењето на цар Душан, Волкашин извршувал должности за владетелскиот двор

- имотот на Волкашин се протегал од Скопје до Прилеп

- по смртта на цар Душан, Волкашин станал најугледна личност во дворот на цар Урош

- во 1365г Волкашин бил крунисан за крал

- по 4 години, после битката на Косово Поле, кога Волкашин ја победил војската на српските кнезови и жупани, тој
почнал да владее самостојно

- ги проширил териториите до Призрен и Приштина на север, до Преспа и Охрид на југ, до Дебар и Кичево на запад и
до реката Вардар на исток

- во 1371г Волкашин отишол да му помогне на брат му Углеша во битката со Османлиите кај реката Марица и таму
загинал

- престолот го наследил неговиот син Марко

- кралот Волкашин бил познат по тоа што ковал свои пари, имал дворска канцеларија, издавал повелби до странски
држави и тргувал со Дубровник

- градел и обновувал цркви и манастири

*Државата на Јован и Константин Драгаш

- по долината на реката Брегалница деспотот Јован Оливер имал свои имоти


- од рудниците за злато и сребро во Злетово стекнал големо богатство

- областа ја наследиле браќата Јован и Константин Драгаш

- тие ја признале власта на Волкашин и по неговата смрт се осамостоиле во североисточна Македонија

- престолнина на нивната држава бил градот Велбужд (Ќустендил)

- државата се протегала меѓу реките Вардар и Струма, на југ со градовите Мелник и Струмица, на север до Прешево и
Врање

- кога починал постариот брат Јован, со државата управувал Константин

- за да ја зачува власта станал вазал на Османлиите

You might also like