You are on page 1of 13

Универзитет ,, Св.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ " Скопје

Филозофски факултет - Скопје

СЕМИНАРСКА НА ТЕМА:

Изданијата на независните
владетели од Македонија

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р Васевска Ирена Теодора Милко Тренчевски

ИД: 24234/17

Јуни 2020 година.


Содржина:
1. Вовед................................................................................................................................... 3 стр.

2. Кралот Волкашин.............................................................................................................. 4 стр.

2.1. Видови и претстави на монети - Волкашин............................................... 4 - 5 стр.

3. Јован Углеша и претстави на монети.............................................................................. 6 стр.

4. Крал Марко........................................................................................................................ 7 стр.

4.1. Видови и претстави на монети - Крал Марко.................................................. 8 стр.

5. Андријаш и претстави на монети.................................................................................... 9 стр.

6. Андрија Гропа и претстави на монети............................................................................ 9 стр.

7. Имитации на монети....................................................................................................... 10 стр.

8. Монетоковачка продукција во Отоманска Македонија.............................................. 11 стр.

9. Заклучок........................................................................................................................... 12 стр.

10. Користена литература .................................................................................................. 13 стр.

2
1. Вовед
Непосредно по добивањето на совладетелската титула од страна на српскиот цар
Урош V Слабиот (1355-71) во 1365 година, Волкашин самостојно ја уредил сопствената
власт врз териториите со кој управувал а во кои влегувале Западна Македонија со
градовите Прилеп, Скопје, Призрен, Приштина. Една од неговите ковници за пари се
наоѓала во Призрен и според ковничките знаци на неговите динари, очигледно е дека
станува збор за добро организирана монетоковничка активност, која најверојатно постоела
и во некој македонски град. Волкашин издал многу бројни емисии на пари и досега се
познати 10 типови на динари.

Јован Углеша бил македонски крал, кој ја создал Серската држава со престолнина
во градот Сер, во чија територија спаѓале источниот дел на Македонија, делови од
Халкидик, Струмица, Мелник, Места и граничел со имотите на брат му Волкашин.
Државата е создал во 1365 година по примерот на брата си Волкашин. Загинал на 26
септември 1371 година во Маричката битка заедно со неговиот брат.

Марко го наследил својот татко Волкашин по неговата смрт во битката кај Марица
во 1371 година. Територијата што ја имал под воја контрола се протегала помеѓу Шар
Планина, Скопје, левиот брег на реката Вардар, Црна Река, Охрид, со Прилеп како центар.
Марко ковал пет вида динари, од кој четири биле изработувани попримерот на динарите
на неговиот татко, типични за монетоковањето во Македонија во доцниот XIV век.

Андрејаш, вториот син на Волкашин и брат на Марко, управувал во дел од Западна


Македонија, но за жал границите на областите под негова контрола не се утврдени. За
разлика од титулата КРАЛ, која е претставена во АВЕРСНАТА инскрипција на неговиот
брат. Андрејаш на своите пари се потпишува само како БЛАГОВЕРНИ АНДРЕЈАШ.
Познати се три вида на динари, кои најверојатно ги ковал помеѓу 1371 и 1393 година.

Најраспространетоста на имитациите се преносува на три региони на циркулација:


северно - западна Бугарија, северно од Родопите и Западна Македонија. Има две серии на
монети кои се имитација: прва серија - имитација на Франческо Доналдо (1329-39) со
поголема тежина - четврта декада на XIV век, втора серија - имитација на Лорензо
Тиеполо со помала тежина - осма декада на XIV век. Има и имитативни изданија на
Венецијански грошеви се откриени во оставите од Добриште, Прилеп, Охрид, Стоби и др.

Првата монетарница воОтоманска Македонија била отворена во Скопје во 1479


година, во времето на владеењето на султанот Мехмед II. Следната ковница била отворена
во Кратово за време на владеењето на султанот Бајазит II и таа произведувала среврени
акчи и златници. За времето на владеењето на султанот Селим II, ковница за пари била
отворена и во Охрид.

3
2. Кралот Волкашин
Волкашин бил крал на прилепското кралство и татко на Крали Марко. Во 1365
година бил прогласе за крал, а неговата држава ги опфаќала териториите на Призрен,
Костур, Вардар, Преспа, Охрид, Дебар, Скопје, Приштина. Тој го формирал манастирот
Св. Димитрија, денес познат како Марков Манастир.

Со тенденција за натамошно утврдување и легитимирање на кралството, Волкашин


се потпрел на Охридската архиепископија, лишувајќи го патријахот од Пеќ од
јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија. Кралот Волкашин погина на 26
септември 1371 година, во Маричката битка заедно со брат му Углеша, а на престолот го
наследил неговиот син Крале Марко.

За потеклото на кралот Волкашин, како и за неговото семејство не се знае многу.


Дуброничкиот историчар Мавро Орбин запишал дека кралот Волкашин бил син на
сиромашниот властелин Мрњава од Ливно во денешна Босна. Од Ливно, Мрњава се
преселил во Херцеговина, во Благај на Буна, притока на Неретва, од каде Стефан Урош IV
Душан го повикал на својот двор. На дворот браќата Волкашин и Углеша, според
византискиот историчар од втората половина на 15 век, биле носители на двроски титули
пехарник и коњушар. Во современите извори прво се споменува Углеша во 1346 година
како Душанов намесник во Требиње, додека Волкашин во март 1350 година се наоѓа на
положба жупан во Прилеп.

2.1. Видови и претстави на монети - Волкашин


Непосредно по добивањето на совладетелската титула од страна на српскиот цар
Урош V Слабиот (1355-71) во 1365 година, Волкашин самостојно ја уредил сопствената
власт врз териториите со кој управувал а во кои влегувале Западна Македонија со
градовите Прилеп, Скопје, Призрен, Приштина. Една од неговите ковници за пари се
наоѓала во Призрен и според ковничките знаци на неговите динари, очигледно е дека
станува збор за добро организирана монетоковничка активност, која најверојатно постоела
и во некој македонски град. Волкашин издал многу бројни емисии на пари и досега се
познати 10 типови на динари.

,, Исти вид на првиот тип


на монети со мала
разлика во АВЕРСОТ "

4
I. АВЕРС - Крал со куполаста круна, владетелска наметка, каде што јава коњ,
свртен надесно, во десната рака, држи скиптар со крст.
РЕВЕРС - Шлем свртен надесно на четири страни со украсени три
групирани точки.
II. АВЕРС - Шлем со женска глава со круна свртена надесно, на четирите краја
се наоѓаат украси од три групирани точки.
РЕВЕРС - Исус Христос со зрнаст ореол, стој пред супенданеум, во левата
рака држи евангелие украсено со пет украсни камења, а со десната
блогословува
III. АВЕРС - Крал со круна - лево и женска фигура - десно, помеѓу себе со
едната рака држат трострук крст, а со другата кралот - скиптар со крст, а
женската фигура држи скиптар со 3 кугли на врвот.
РЕВЕРС - Исус Христос со зрнаст ореол, стој пред супенданеум, во левата
рака држи евангелие украсено со пет украсни камења, а со десната
благословува.
IV. АВЕРС - Крал со куполаста круна - лево и женска фигура - десно стојат,
помеѓу себе со едната рака држат трострук крст, а со другата скиптар - од
кралот со крст од женската фигура со 3 гули на врвот
РЕВЕРС - Исус Христос со зрнаст ореол, стој пред супенданеум, во левата
рака држи евангелие украсено со пет украсни камења, а со десната
благословува

,, Прв тип на монети од кралот


Волкашин "

,, Втор тип на монети од кралот


Волкашин "

,, Трет тип на монети од кралот


Волкашин "

,, Четврт тип на
монети од кралот
5 Волкашин "
3. Јован Углеша и претстави на монети
Јован Углеша бил македонски крал, кој ја создал Серската држава со престолнина
во градот Сер, во чија територија спаѓале источниот дел на Македонија, делови од
Халкидик, Струмица, Мелник, Места и граничел со имотите на брат му Волкашин.
Државата е создал во 1365 година по примерот на брата си Волкашин. Загинал на 26
септември 1371 година во Маричката битка заедно со неговиот брат.

Углеша кој ја добил оваа титула од Урош од 1365 година управува со обласите на
Сер, кои пак претходно ги имала под контрола Елена жената на Душан.

Претстава на монетите на Јован Углеша:

АВЕРС - MONITA - D - ESPOTON : Двоглав орел со раширени крлиља

РЕВЕРС - Христос со брада и зрнест ореол со впишан крст, облечен во туника и колобион,
седнат на трон со висок потпирач, со двете раце држи евангелие, наоколу зрнеста бордура.

4. Крал Марко

6
Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга
Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри:
Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда,
Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е
познато дали имал наследник.

За време на владеењето на неговиот татко, Марко ја имал титулата “млад крал“,


односно престолонаследник. Во Маричката битка во 1371 год., Марко не учествувал во
бојот, туку останал да управува со територијата на земјите на неговиот татко и на чичко
му. По неа и по смртта на браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно
совладетел на царот Урош. Според некои научници, тој бил и единствениот легитимен
наследник на Душановото царство, по смртта на Урош и замирањето на
династијата Немањиќи.

Но, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од


страна на српските големци, така и од страна на Турците, кои постепено завладувале
со Балканот. Набргу, некои територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола
Алтомановиќ, Балша и Турците. Тоа било време кога многу од владетелите склучувале
мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така, и Марко ја признал врховната власт
на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да ѝ служи на турската војска во нејзините
воени походи. Границите на Марковата држава биле: Вардар на исток, Шар Планина на
север, Охридското Езеро и градот Костур на југозапад, а престолнина Прилеп.

На 17 мај 1395 год. во битката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот


султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко
загинал, провоцирајќи низа шпекулации како точно се случило тоа и каде било погребано
неговото мртво тело.
,, Претстава на Кралот ,, Претстава на Прилепското
Марко, Марков манастир, с. Кралство во времето на
Сушица, скопско, меѓу 1366 Калот Марко "
и 1371-72 "

,, Смртта на Крал Марко


од Новак Радониќ (1848) "

7
4.1. Видови и претстави на монети - Крал Марко

АВЕРС - BLAGOVERNI KRAL


MARKO - петредна инскрипција

РЕВЕРС - Христос со брада и зрнес


ареол со впишан крст, облечен во
туника и колобион, стои на
супеданеум, во мандорла од шест
ѕвезди, со десната рака благословува,
во левата држо евангелие.

Тежина на монетата: 0,92 грама

Големина на монетата: 17 милиметри

5. Андрејаш и претстави
на монети
Андрејаш, вториот син на
Волкашин и брат на Марко, управувал во дел од Западна
Македонија, но за жал границите на областите под негова
контрола не се утврдени. За разлика од титулата КРАЛ, која е
претставена во АВЕРСНАТА инскрипција на неговиот брат.
Андрејаш на своите пари се потпишува само како
БЛАГОВЕРНИ АНДРЕЈАШ. Познати се три вида на динари,
кои најверојатно ги ковал помеѓу 1371 и 1393 година.

АВЕРС - БЛАГОВЕРНИ АНДРЕЈАШ - етриредна инскрипција

РЕВЕРС - Христос со брада и зрнест ареол со впишан крст, облечен во туника и колобион,
седнат на трон со висок потпирач, со двете раце држи евангелие наоколу зрнеста бордура.

8
6. Андрија Гропа и претстави на монети
Андрија Гропа најверојатно управувал со Охрид како бољарин во рамките на
територијата на Волкашин, кога тој владеел во Македонија, а по неговата смрт, по 1371
година можеби останал единствен господар на градот, откажувајќи му послушност на
наследникот Марко. Најверојатно неговата монетоконичка продукција започнала по
Маричката битка од 1371 година, Гропа почнал самостојно да кова монети паралелно се
емисиите на Марко во постоечката монетарница во Охрид, каде што се претпоставува
дека ковале монети и други владетели, како Мрњавчевиќите.

АВЕРС - PO MILOSTI BOGA ZUPAN GROPA GPSPODIN OHRIDA - петредна


инскрипција

РЕВЕРС - Христос со брада и зрнес ареол со впишан крст,


облечен во туника и колобион, стои на пупеданеум, во
мандориа од 6 ѕвезди, со десната рака благословува, во левата
држи евангелие, наоколу зрнеста бордура.

7. Имитации на монети

Словенски имитации на Венецијански


грошеви:
9
Имитација на грош од Л.Типоло од
средина на XIV век
Најраспространетоста на имитациите се преносува на три региони на циркулација:
северно - западна Бугарија, северно од Родопите и Западна Македонија. Има две серии на
монети кои се имитација: прва серија - имитација на Франческо Доналдо (1329-39) со
поголема тежина - четврта декада на XIV век, втора серија - имитација на Лорензо
Тиеполо со помала тежина - осма декада на XIV век. Има и имитативни изданија на
Венецијански грошеви се откриени во оставите од Добриште, Прилеп, Охрид, Стоби и др.

Имитации на Српски динари со


знаме:

Имитација на динар со знаме -


Драгутин (1276-2)

8. Монетоковничка продукција во Отоманска Македонија


Првата монетарница во Македонија била отворена во Скопје во 1479 година, во
времето на владеењето на султанот Мехмед II. Во неа биле ковани сребрени акчи,
бронзени мангири и најверојатно златни пари - султани, а истата се наоѓала во близина на
Даутпашниот амам. Следната ковница била отворена во Кратово за време на владеењето
на султанот Бајазит II и таа произведувала среврени акчи и златници. Со оглед на тоа што

10
досега се познати околу сто различни типа акчи ковани во Кратово во текот на XIV век, се
чини дека кратовската ковница била една од најактивните на територијата на целата
Империја во тој период златните пари во Кратово биле произведувани во периодот помеѓу
1520 и 1595 година, иако досега се познати само 10 вакви примероци. За времето на
владеењето на султанот Селим II, ковница за пари била отворена и во Охрид. Во неа
произведувале сребрени акчи, а нејзината активност особено се интензивирала во
почетокот на XVII век, најверојатно со цел да биде задоволена побарувачката за ситни
деноминации наменета од развојот на карванската трговија со Солун и со Скадар.
Монетарниците во Македонија биле оперативни околу 170 години, односно биле
затворени во 1640 година од страна на султанот Ибрахим, веднаш по неговото доаѓање на
тронот. Неговата монетарна реформа подразбирала затворање на сите провинциски
ковници во Царството, со исклучок на неколку во Мала Азија и во Африка. По оваа
реформа, работата на македонските ковници во отоманскиот период никогаш не била
обновена.

,, Бајазит II (1481 - 1512) - Скопје "

9. Заклучок
Во овај период во Македонија покрај притисоците од страна и потпаѓањето на
Македонија по Отоманска власт. Македонските ковници останале да произведуваат
монети кои се значајни за овој период на Балканот за да се докажи како се живеело во тоа
време.

11
Поради реткоста на примерите кои се наоѓаат од овај период значајно е да се кажи
дека во скоро се пронајдени монети во ковницата во Охрид каде што е пронајдено депо од
1000 монети во кои биле ковани од Волкашин и неговата фамилија кои се многу редок тип
на примероци, од кои некој се состоеле од Крал Марко и неговиот брат, кои имат и
поголемо културно знчење врз народот до ден денеска.

Крал Волкашин со неговата разновидност на монетите се заклучува дека тој во тоа


време вршела добро организирана монетоковачка активност со која се докажува 10 вида
на монети кои се познати од неговите ковници кои биле распространети низ целата
тогаштна територија на неговото царство.

Величењето и приказните за Крал Марко како најголем јунак во народното


творештво говори тоа што тогашниот народ бил добро заштитен од него, и со тоа се
пренесени илјадници легенди и преданија од колено на колено за неговата моќ која е
поседувал. Тоа се здогледува и со неговите монети кои биле ковани на највисоко ниво во
тоа време и кои биле приказ и за другите соседни држави.

Со потпаѓањето на Македонија по Отоманска власт и начинот на користење на


ковниците во Македонија докажува дека сепак се работи за добри ковачници на пари кои
се користеле низ целата Отоманска империја. Кои произведувале монети и од злато кои не
биле секаде ковани. Со тоа ковницата во Кратово можи да ја сметаме за една од
поактивните ковници во овој период во Македонија и во Балканот.

10. Користена литература


1. Osam vekova srpskog dinara ( каталог од изложба, Белград 1994 ).
2. Б. Јовановска, Колективни наоди на монети од втората половина на XIV век во
Македонија, Монетите и монетоковниците во Македонија, Скопје, 2002.
3. В. Битракова Грозданова, Монетоковањето во Lychnidos и Охрид, Монетите и
монетоковниците во Македонија, Скопје 2002.

12
4. К. Христовска, " A contribution to the fourtheenth - century Venetian imitative coinage
on the territory of the Republic of Macedonia ", Macedonian Numismatic Jurnal 2
(1996): 139-168.
5. http://www.rastko.rs/rastko-bl/istorija/corovic/istorija/index.html
6. https://books.google.mk/books?id=_QIDL9ZOloUC&redir_esc=y

13

You might also like