You are on page 1of 48

ИСТОРИЈА НА

МАКЕДОНИЈА
■ Зошто луѓето се интересират за историјата
■ Што ќе се случи доколку го изгубите помнењето
■ Познавањето на светот пред нас
■ Разбирање на себе си и реалноста која не опкружува
■ Секој од нас по малку е историчар
■ ЧОВЕК
■ ПРОСТОР
■ ВРЕМЕ
■ Секоја приказна на минатото ги има овие три елементи
■ Периодизација
■ Хронологија
■ Лента на времето
■ Помагат во потрагата за причините последиците и другите врски помеѓу
поединечни настани и обидите истите да се објаснат
ПРАИСТОРИЈА

Праисторија претставува временски период кој трае од појавата на човекот до


појавата на некои од првите писма.

На територијата на Македонија е евидентиран активен живот уште од најраните етапи


на човековото живеење.
Археолошките и антрополошките истражувања на артефактите од првите населби во
Македонија преставуват базични сознанија без кој не може да се објасни потеклото на
подоцнежните популации ниту пак историско-културните влијанија и движења.
■ климата геормофологијата и другите присродни фактори на целата територија на
македонија пресудиле организирано живеење и создавање на различни култури и
еволуција која се одвивала континуирано од првите земјоделски заедници до
првите земјоделски заедници до крајот на железното време
■ ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА СЕ НАОЃА ВО СРЕДИШТЕТО НА
БАЛКАНСКИТЕ ПРИРОДНИ СООБРАЌАЈНИЦИ И ГИ ПОВРЗУВА ДВЕТЕ
ГОЛЕМИ КУЛТУРНИ СФЕРИ- ЕГЕЈСКА И АНАДОЛСКА
■ ПОСЕБНА УЛОГА ПРИРОДНИТЕ ПАТИШТА
■ Карпестата уметност во Македонија почнала да се создава пред повеќе од 15 000
години. Оваа уметност ја создавале праисториските луѓе кои ја населувале
територијата на Македонија пред повеќе милениуми.
■ Неодамна е откриен 100 000-от карпест гравир на територијата на Република
Македонија. Се претпоставува дека на територијата на денешна Македонија има
над еден милион карпести гравири Скочивирскиот.
■ ПАЛЕОНТОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА – ПАЛЕОЛИТ И МЕЗОЛИТ
■ ПРВИ ОРУДИЈА ОД КОСКИ И ОД КАМЕН ВО ОБЛИК НА КЛИН
■ СЛАВЕ МАКЕДОНСКИ
■ Скелетот Славе Македонски, пронајден на локалитетот Гранчарицаа во близина на
штипското село Крупиште има 6.745 (4000 години ПРЕД нашата ера) години и живеел во
раниот неолит.
■ АРТЕФАКТИТЕ ОД МЕЗОЛИТОТ (10.000 – 5000 П.Н.Е) СВЕДОЧАТ ЗА ПРВИТЕ
ЗЕМЈОДЕЛСКИ- СТОЧАРСКИ ЗАЕДНИЦИ
■ КАРТАТА НА АРХЕОЛОШКИТЕ НАОЃАЛИШТА ПОКАЖУВА ПОСТОЕЊЕ НА 160
НЕОЛИТСКИ НАОЃАЛИШТА – 5.300- 3.2000 ГОДИНА ВО ПЕЛАГОНИЈА, СКОПСКО,
КУМАНОВСКО,СТРУМИЧКА,РАДОВИШКА КОТЛИНА
■ Неготински Долни Дисан го откри досега најцелосниот скелет од мастодонот -
предок на денешните слонови.
■ Ова мало село со бројни лозови насади ја мапираше Македонија во
палеонтологијата, бидејќи досега во науката, пред се во Европа, не биле ископани
толку остатоци од ова животно на една локација.
■ Пред 8 милиони години, со тежина од 10 тони.
■ домовите биле дрвени со правоаголна основа со премачкани
со кал и со бела со бела или црвена боја
■ имало огништа ,печка поретко култен објект
■ во охрид- наколни живеалишта
■ Кренати на колци заради водата, условени се кон еден од основните начини за
прехрана – риболовот, за што потврда ни се и пронајдените долги елипсовидни
керамички тави за подготовка на риба, како и мноштвото од харпуни и тегови за
рибарски мрежи и особено чуновите.
■ со новите откритија (неолитската опсерваторија кокино и др.
низ кратовско-кумановскиот басен но и др.) овој број е
поголем. овој број укажува густа населеност која навестува
динамични случувања во овој период и зголемен наталитет на
населението.
■ ЖИТЕЛИТЕ НА ПРАДРЕВНА МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАНИМАВАЛЕ СО
ЗЕМЈОДЕЛСТВО И СО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МЕШУНКАСТИ РАСТЕНИЈА
КАКО И СО СТОЧАРСТВО ЛОВ И РИБОЛОВ.
■ КЕРМАИКАТА НЕ БИЛА САМО ЗА СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА ТУКУ
ВНИМАВАЛЕ И НА ЕСТЕТСКОТО ОБЛИКУВАЊЕ КАКО И КУЛТНА
КЕРАМИКА
■ БОЖИЦАТА НА ПЛОДНОСТА –ГОЛЕМАТА МАЈКА
■ Внатрешните односи се подредуваат на општите интереси за благосостојба и
опстанок, во кои жената стекнала углед и посебен статус Како родилка и мајка,
носител е на билошката репродукција
■ заради и што нејзината функција е поистоветувана со култ на плодноста и култ на
Големата мајка божица. Македонија е со респективен број наоди со култот и
функцијата на Големата мајка а особено изобилува со бројни докази од сите
периоди на неолитот .
■ И не случајно познатиот Харолд Лемб токму Македонија ја посочува во своите
истражувања како прва цивилизациска колевка на Европа со првата населба кога
вели : “Македонија е место каде веројатно настанало првото агрикултурно село во
Европа, датира од околу 6 620 год. п.н.е
■ БРОНЗЕНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА
■ НАЈМНОГУ ПОДАТОЦИ ИМА ВО ПЕЛАГОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД ПРЕД И
ПО 1900 ГОДИНА П.Н.Е
■ СПОРЕД НАОДИТЕ
■ ЗЕМЈОДЕЛСТВО.СТОЧАРСТВО, ЛОВ НО И СО ЗАНАЕТ (ПРЕДЕЊЕ,ТКАЕЊЕ)
ЖИВЕАЛИШТАТА БИЛЕ ПОГОЛЕМИ ИЗГРАДЕНИ ВРЗ ПРЕТХОДНИТЕ
ЕНЕОЛИТСКИ НАСЕЛБИ
■ КАКО И НЕКРОПОЛИ СО ИЗГОРЕНИ ПОКОЈНИЦИ НАДВОР ОД НАСЕЛБИТЕ
ПРОНАЈДЕНИ И ГРОБОВИ ЦИСТИ СО ПОКРИЕНИ КАМЕНИ ПЛОЧИ
■ Сега керамиката од Анзибегово е поквалитетна, монохромна по боја, во облици со
биконусно профилирани ѕидови украсувани со мотиви од плитки канелури,
боцкани орнаменти и многу ретко премачкувани со сува бела или црвена пастелна
боја.
■ Кај култните предмети кои во основа ги задржале старите традиции, впечатлива е
тенденцијата за постилизирано претставување на божицата на плодоста.
■ Споредбите на овие материјални остатоци со оние од постарите фази или други
доцнонеолитски култури, покажуваат духовна и културна ограниченост и нагласен
провинцијализам со влијанија на матичните традиции
■ Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните
стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се
повторуваат на 18,6 години.
■ Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги
следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на
деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи
во земјоделството и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести
платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени
траги од неколку објекти и делови на керамика.
■ НАЈМАРКАНТЕН ЛОКАЛИТЕТ Е КОКИНО
■ Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени
со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата
направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се
следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.
■ Седумте камени маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на
Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и
долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на
рамнодневиците - на 21 март и на 21 септември - изгрева точно на исток и заоѓа
точно на запад. Потоа, постепено има отклонување кое изнесува до 45 степени
■ Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало
живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите
на карпите се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот
има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на
племето
■ При откривањето на локалитетот пронајдени се бројни артефакти (керамички
чинии, амфороидни садови, камени секири итн.).
■ Родот – заедница на луѓе која (за разлика од ордата) сега е врзана крвно – со
директно сродство.Тоа се обично првите сточари и земјоделци или занаетчии па се
знаело дека “тие од тој род се сточари а од друг се грнчари или од трет род нешто
сосем друго”.Со ова во рамките на одреден род со поколенија се негувала
одредена вештина-дејност а во која ги упатувал некој посебно вешт член (предок).
■ Родот броел околу 100-тина луѓе. Мажите најчесто биле отсутни од домот бидејќи
или биле во лов, потрага по глина, камен, дрво или сл. потреби за домот. За
останатите членови од родот била задолжена жената. Обично најугледната и
најискусната (најстарата) жена управувала со родот, таа била избран старешина на
родот а младите посебно се грижеле за неа и другите мајки, ги одгледувале и
своето потекло го сметале според нив. Затоа ова време е уште наречено –
матријахат
■ Братства – повеќе родови меѓусебно крво поврзани, сочинуваат - братство.

Племе – повеќе братства поврзани сочинуваат – племе. Тоа можело да брои


неколку илјади луѓе на чело со племенски стрешина. Тој пак особено имал
значајна улога при меѓуплеменските судири и војни за територии, затоа бил
најхрабриот, најавештиот и најискусниот старешина.
■ Со време овие племенски старешини со своите подвизи полека ќе ја истиснат
жената (мајката) од челната позиција со што доаѓа времето на – патријахатот. Ова
и што мајката е повеќе карактеристика на родот кој е помала заедница од племето
кое како такво има и поголеми потреби, движења но и проблеми со војните за
подобри територии и сл. а за што е потребна цврста рака.
■ Околу 1300-1200 г. п. н. е. Македонија и Балканот ги зафатило бран на преселби на
племиња и уништувања кои траеле неколку векови. Овој период претставува
премин кон железното доба кое во Македонија може да се подели на 4 основни
фази:
■ Железната епоха I (1300-1200 г. п. н. е.) Постојат гробни наоди во Прилеп, Демир
Капија, Сарај Брод и Висо кај Битола.
■ Железната епоха II (околу и по 700 г. п. н. е.) Главни керамички наоѓали шта се:
Радање, Орлови Чуки, Горно Поле на Караорман, Оризари (Кочанско), Пелагонија,
Волково и Бразда кај Скопје.
■ Железната епоха III (VI-IV в. п. н. е.) Настануваат значителни промени поради
засилувањето на племенската организација и поголемото елинско влијание.
Наоѓалишта: некрополата во Пелагонија и Требеништа (Охридско), Демир Капија
и Горно Поле на Караорман.
■ Железната епоха IV е период на големо елиниско влијание. Материјални докази од
овој период се гробовите во Охрид, Пелагонија, Прилеп, Битола, Таринци
(Штипско) и Дамњан (Радовишко)
■ Елементи од келтска култура (III в. п. н. е.) се откриени во околината на Скопје и
Владимирово кај Берово.
■ Цртежите што ги длабеле луѓето од каменото време, врз карпите и пештерските ѕидови,
до појавата на писмото, во најново време се дефинираат како Карпеста уметност.
Остатоци од таква уметност се забележани во Индија, Јапонија, Австралија, Северна и
Јужна Америка. Во Европа ја има во Шпанија, Португалија, Франција, Германија,
Швајцарија, Италија, Русија и др.
■ Во последните 10-15 години, се извршени бројни откритија за постоењето на Карпеста
уметност во Македонија. Според најновите истражувања, карпестата уметност на тлото
на Македонија е откриена на просторот меѓу Куманово-Кратово и Свети Николе во
Република Македонија и во некои краеви во пиринскиот дел на Македонија, во Република
Бугарија.
■ Согласно новите откритија, Карпестата уметност претставува основа на светското
културно, уметничко, етнолошко и писмено наследство на човековото постоење. 
■ ВО 8 ВЕК ПРЕД НОВАТА ЕРА СЕ ФОРМИРАТ ПОСЕБНИ ЕТНИЧКИ
ЗАЕДНИЦИ СО ПОСЕБНИ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ СО СПЕЦИФИЧНИ
ИСТОРИСКО КУЛТУРЕН РАЗВИТОК.
■ Античка Македонија или само Македонија се наоѓала во централниот дел на
Балканскиот Полуостров, на север од најсеверната хеленска (старогрчка) област,
односно Тесалиа.
■ Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати
полиња, шуми и езера и со рудни богатства.
■ Етничката, географската и јазичната граница на југ се протегала по северните
падини на Олимп и брегот на реката Пенеј. Западната граница започнувала од
Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и
планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу
Македонија, Илирија и Дарданиа. Северната граница, од тука, се спуштала по
падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и
Велес , по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и
излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина. Источната граница одела
по источните стрмнини на Пирин Планина сè до устието на реката Нестос во
Егејското Море. Античките автори приморска Македонија ја нарекувале - Долна
Македонија, а планинскиот внатрешен дел - Горна Македонија. Античките автори
секогаш пишувале и говореле само за Долна и Горна Макед
■ Според Плиниј и Страбон, најстарото географско име на Македонија е Ематија.
Ематија на хеленски јазик значи песоклива земја. Хелените за приморска
Македонија покрај името Ематија го користеле и поимот Тракија, со кои било
именувано македонското крајбрежје. Поимот Тракија за македонското крајбрежје
има географско, а не етничко значење [1]. Постепено името Ематија било потиснато
од името Македонијa
■ Од владеењето на првата македонска династија Аргеади во VIII в. пр.н.е. започнува
ширењето на државната територија, која ги обединува сите етноси (палеобалкански
популации со индоевропско потекло) што живееле на територијата на Античка
Македонија: Бриги, Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи,
Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Еордејци, Едони
и др
■ -Првата кралска престолнина била Ајга (Вергина), втората престолнина е Пела, која со
големите градежни зафати во времето на Филип II Македонски станува метропола на
Балканот.
■ Македонската држава постигнува најголем политички, воен и економски подем во
времето на Филип II Македонски, а екуменско значење (споредсвојата големина и моќ)
во времето на Александар III Македонски.
■ Филип II (359-336 п.н.е.) бил еден од најголемите луѓе кој бил заслужен за
проширување иобединување наМакедонија и за нејзино претворање во прва
европска држава и сила вомодерната смисла назборот – организирана држава со
заеднички национален идеал. Филип II ги покори лсите соседи наМакедонија,
вклучувајќи ги Илирите, Тракијците и градовите-држави и ја направил
Македонија да биде најмоќноцарство на Балканот.
■ Бил особено суровко нградовите-државишто ги окупирале териториите на
периферијата наМакедонија, каде што ги истерал колонистите.
■ Александар III Македонски или „Александар Велики“ (Пела, 20/21 јули 356 –
Вавилон, 10/11 јуни 323 пр. н.е.) — македонски крал од династијата Аргеади, син
на Филип II Македонски и Олимпија. Римјаните му го дале прекарот Magnus,
„великиот освојувач на светот“
■ -Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција. На
тринаесетгодишна возраст бил подучуван од филозофот- Аристотел
■ -Првиот поход на Александар бил против Мајдите, племе во горниот тек реката
Стримон, кога ја извојувал првата воена победа и го основал град под името
Александрополис, прв од многуте кои подоцна ги подигнал.
■ Во 334 п.н.е., со 40.000 војници го започнал својот против Персија и навлегол во
Мала Азија преку Хелеспонт, кај Сест. Првиот судир со персиската војска се
случил кај реката Граник на Пропонтида. По победата, Александар продолжил со
својот пробив. Градот Сард се предал без борба, а во градовите во Ајолида и
Јонија, меѓу кој бил и Ефес, го пречекале како ослободители. Единствено Милет и
Халикарнас се спротиставиле
■ Првата битка со големиот крал (крал на кралевите) Дариј III се случила кај Ис во 333
п.н.е., каде што Александар со својата војска победил, а Дариј избегал од бојното поле.
■ Во Феникија ги освоил градовите Тир и Газа.
■ Во Египет бил дочекан како ослободител и бил прогласен за фараон. Во градот
Мемфис, египетските свештеници му ја предале двојната круна на египетските фарони.
■ Во 331 п.н.е, на делтата на реката Нил го основал градот Александрија. Преку Сирија,
навлегол во северна Месопотамија. Во 331 п.н.е во Битката кај Гавгамела извојувал
победа против бројна персиска војска. По победата, се прогласил за крал на Азија и
влегол во градот Вавилон, еден од главните центри на Персиското царство
■ Во походот во Индија, кај реката Хидасп во 326 п.н.е, Александар ја водел својата
последната битка против Пор, кралот на Пенџап. По големата победа над овој
индиски владетел, ги присоединилземјите од оваа страна на Инд кон својата
империја.
■ На местото на Битката кај Хидасп, Александар го основал градот Никаи (Победа),
а во близина подигнал уште еден град, наречен Букефала, во чест на неговиот коњ
Букефал. На бреговите на реката Хифаст подигнал дванаесет жртвеници на
боговите и столб на кој пишувало „Овде застанал Александар“.
■ Александар останува запаметен како еден од најголемите освојувачи во историјата
на човештвото и непобедив воин, творец на новиот свет, на новата епоха позната
како Хеленизам, на новиот поредок.
■ Македонија била римска провинција, создадена во 146 п.н.е., по победата на
римскиот генерал Квинт Сесилиј Метел над македонскиот крал Андриск во 148
п.н.е и распаѓањето на четирите марионетски македонски републики.
■ Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима на југ и
Македонија Салутарс на север.
■ По расцепувањето на Римското Царство на Западно и Источно во 395, Македонија
станала дел од Византија.
■ Една важна личност од провинцијата Македонија бил светецот заштитник на
Солун, Димитар Солунски, кој починал во 306.

You might also like