You are on page 1of 111

Илија Ацески

СКОПЈЕ
- водич за одржлив и здрав град -

2019

!1 !1
Содржини

!2 !2
Перспективи на развојот на Скопје-план –акција-
реализација

Урбанизација- Скопје и македонската пустина

За процесот на урбанизацијата во Република Македонија последните


половина век е карактеристично следното. Прво, присутна е концентрација
на населението во поголемите градови без формирање на соодветна
урбана мрежа; Второ, забележливо е отсуство на континуитет во
формирањето на урбаната хиерархија;Трето, процес на создавање на
големи социјални и културни разлики меѓу селското и градското население,
меѓу селските и градските населби.Миграцијата на селското население во
поголемите градови не е резултат на економската развиеност туку, пред с#,
на аграрната пренаселеност и распаѓањето на општествената структура на
селото.

Последиците од неконтролираниот прилив на селското население се


согледуваат и во големата концентрација во главниот град на државата (и
неколку поголеми градови) што создаде проблеми со вработувањето,
предизвика недостаток на станови, изградба на инфраструктура и
интеграција на мигрантите во општествениот систем. На периферијата на
градот никнаа бројни бесправно изградени населби во кои се смести
значителен дел од вкупното население кое се доселува. Тоа е
карактеристика на сите земји кои поинтензивно тргнаа во процесот на
урбанизација. Македонија во тој поглед не е исклучок и реално го потврдува
тоа правило a градот Скопје е типичен пример за урбанизација од таков
тип.

!3 !3
Имено, станува збор за хиперурбанизација коja се манифестира со
масовно преселување на десетици и стотици илјади рурални мигранти во
градовите, во кои владеат непогодни услови за живеење, понекогаш без
елементарна опрема, вода, струја, здравствена заштита. Во нив се
формираат живеалишта кои се резултат на една несоодветна економија која
е карактеристична не само за градот, туку и за целокупното општество.
Порастот на градот најчесто е пренагласен и во никој случај не
коренспондира со развојот на економијата која резултира со несоодветна
урбанизација.

Без сомнение, кога говориме за Скопје, во изминатиот половина век до


израз дојде се она кое е карактеристика на тој тип на урбанизација,
карактеристичен за недоволно развиена земја. Тоа впрочем го покажуваат и
статистичките податоци за демографскиот пораст на градот во
послеземјотресниот период.

Големиот прилив на селско население во градовите е детерминиран и од


големата пауперизација на селанството кое останува без земја и основни
средства за производство.Неконтролирани населби никнуваат на
периферијата на големите градови. Овие населби се пример за
неразвиените земји и имаат различни имиња, како, Villas miseria во Буенос
Аирес, quabrados во Каракас, Favellas во Рио де Жанеиро и сл). Се градат
на земјиште од слаб квалитет и најчесто во сопственост на општината, од
отпаден материјал и се без основна урбана опрема (водовод, канализација,
асфалт). Кај нас овие населби се нарекуваа со различни имиња , мегу кои
најчесто се употребува името,, нехигиенски населби , диво изгардени
населби ,сламови “ и слично. За жал Скопје се најде во оваа група на
градови кои генерираат тешки пследици во нивниот развој и се товар за
заедницата во целина, за нивно нормално функционирање потребни се
огромни сретства .

Сиромашните квартови (кои се располани во скоро сите делови од градот)


се сублимација на с# она што со себе ја носи нееднаквоста во сите сфери

!4 !4
од живот на човекот, на социјален, економски и културен план. Тие
претставуваат најкарактеристичен израз на општествените противречности,
присутни се во сите општества и во сите периоди од развојот на градот. Тие
се производ на општествено-економските услови, на поделеноста на
општеството на класи и на нерамномерната распределба на урбаните
придобивки.

Истражувањето на “сиромашните квартови” во големите градови покажуваат


дека тие стануваат неподносливи за живот тогаш кога се претвараат во
средина на “културно сиромаштво” и преминуваат во погодно тло за
криминал, порок, и кога формираат луѓе изгубени за себе и за општеството.

Големиот прилив на население во градот создаде, меѓу другото, расчекор


меѓу демографските, од една страна и просторно-физичките и
функционалните компоненти на урбанизацијата од друга страна. Кај
нормалниот тип на урбанизација, присутна е релативна согласност меѓу
основните компоненти, а кај хиперурбанизацијата, која е карактеристична за
г р а д о в и те во н а ш ата Ре п у бл и к а п р и с у т н а е д и с ха р м о н и ј а и
нерационалност.Скопје е типичен пример на хиперурбанизирана урбана
средина.

Последиците од овој тип на урбанизација се видливи во просторот на


градот, пред се, се формираа два спротивставени пола на развојот: центар
и периферија. Центарот, како средиште, каде се сконцетрирани речиси сите
материјални и духовни вредности на градот и регионот, и периферијата
како, деградиран простор.И во тој поглед Скопје го потврдува правилото на
строгата поделеност.

Општ заклучок е дека процесот на урбанизацијата на градовите во


Македонија има карактеристики на хиперурбанизација со изразити
централистички тенденции, кои се насочени ( во минатото многу
поизразено) претежно кон развојот на Скопје и кон неколку поголеми
градови. Фактот што само во неколку најголеми градови (вклучувајќи го и
Скопје) се сконцентрирани над 80% од сите производствени капацитети,

!5 !5
недвосмислено ја потенцира ирационалноста на концептот на
урбанизацијата која објективно создава услови за интензивни миграции
од неразиените региони и селски средини кон неколку градски центри, во
нашиот случај кон Скопје.

Она што е карактеристично за подрачјето на Република Македонија е што


отсуствуваат т.н. преодни форми на населби меѓу градот и селото. Во
суштина се формираат два јасно формирани типа, село и град, односно
еден голем град кој апсорбира 40% од градското население и четвртина од
вкупното население и неколку градови со средна големина. Во таа смисла
можеме да говориме за Скопје и остатокот на Република Македонија (Скопје
и македонската пустина). Преодните форми меѓу градот и селото т.н.
“рурални градчиња” или “урбани села” или “центри на заедници на села”,
изостанаа во плановите на општествено-економскиот развој што негативно
се одрази врз целокупниот развој на општеството. Интензивниот процес на
деаграризација, во услови на делумно или потполно запоставување на
изградбата на неопходната инфраструктура на селото, само го поттикнуваат
механичкиот прилив во градовите. За жал процесот на концентрација
продолжи и по деведесетите години, во периодот на транзиција, и не само
кон Скопје туку и кон неколкуте поголеми градови.

Динамика на имиграција :последици во функционирањето на градот .

Социо-просторни и социолошки аспекти на животот во градот

Истражувањето на социо-просторните и социолошки аспекти на животот на


луѓето во градот се однесуваат на следното:

❖ Прво, сферата на секојдевниот живот на човекот се однесува на


мноштво елементи кои произлегуваат од целината на неговата
егзистенција какви што се работата, слободното време, културата,
соседството и воопшто примарните групи. На ниво на градот како

!6 !6
целина,човекот како член на повеќе здруженија и организации и
во колективното уредување и управување со градот.

❖ За да се разбере функционирањето на животот во градот потребно


е да се согледаат односите меѓу социјалните актери,
дистрибуцијата на моќта меѓу општествените групи и институциите,
особено во услови на радикални промени на социјалниот,
политичкиот и економскиот систем, потоа промената на улогата на
социјалните актери со воспоставување на новиот економски
систем каде пазарот, профитот и моќта ја играат најважната улога
во организацијата на просторот .

За жал процесот на планирањето на градот не успеа да се


прилагоди на новите околности, пред се ,предизвикани од
процесот на приватизацијата, распаѓањето на институциите
на стариот систем, отсуството на јасни правила, и многу други
елементи во тој контекст кои резултираа со висок степен на
хаотична изградба на градот и третманот на просторот како
стока, со што се доведе во прашање остварувањето на јавниот
интерес на граѓаните. Приватните, поединечните цели во
услови на транзициони промени почнуваат да ги потиснуваат
општите интереси и цели.Тоа е видливо во многу сегменти во
изградба на просторот.Планот треба да ја надмине таа
состојба.

❖ Второ, промените во сферета на производството и


потрошувачката, во периодот по деведесеттите години на минатиот
век, доведоа до драстичен пад на индустриското производство и
реалниот општествен производ, што предизвика пораст на
невработеноста, појава на сива економија, криминал и други
облици на социо-патолошки појави.

❖ Трето, во периодот по деведесеттите години, нашата држава се


соочи со состојба на политичка нестабилност поттикната од

!7 !7
надворешни, но и внатрешни фактори, што пред десетина години ,
кулминира со воени судири во северо-западниот дел од земјата.
Тоа доведе, што е значајно за нашата анализа , до забрзан процес
на етничка сегрегација на микро ниво - на ниво на градот, но и на
макро ниво-на ниво на дражава, на масовно преселување на
македонското-христијанско населние од западниот дел од земјата,
кон другите региони, и внатре –градско групирање , во поделеност
во зависност од етничката и религиската припадност.

Тоа во голема мера го засили процесите на сегререгација врз


етничка основа, што сигурно ќе има негативни последици во
развојот на општетсвото, во нашиот случај функционирањето
на градот, што наметнува доплнителен напор на планерите ,
кои со плански решенија ќе мора да решаваат дел од
проблемите кои се резулат на заострените меѓуетнички
односи.

❖ Четврто, појава на неефикасна администрација, непотизам,


корупција и криминал во државата што создаде услови за голема
несигурност на граѓаните, појава на аномија и страв кои станаа дел
од секојдневието на луѓето, особено во големите градови.
Негативните појави особено дојдоа до изараз во изградбата на
просторот на градовите, во непочитување на урбанистичката
законитот, бесправна градба, девастација на просторот ,
загрозување на животот на луѓето , претерана густина,
непочитување на законитостоте во ревитализација на вредното
урбано наследство и негово понатамошно упропастување .

Она што можеме да го констатираме, а се однесува на состојбата на градовите


пред десетина години, вклучувајќи го и Скопје како најрепрезентативен
пример, останува непроменета во однос на многу елементи меѓу кои
следните се најизразени , а кои се важни во процесот на планиарње и секогаш
треба да се имаат предвид:

!8 !8
❖ Прво, дека пренаглсениот демографски развој на градот нужно
доведе до пад на квалитетот на живот кој продолжува и во првата
деценија на дваесет и првиот век . Во некои сегменти на
секојдневниот живот дури се проширува и се манифестира на
повеќе негативни начини:

➢ невработеност- која значајно нараснува последните десетина


години особено во големите градови и градот Скопје;

➢ недостиг на станови, пораст на цената на становите ,

➢ многу нерешени прашања во сферата на урбанаизмот особено на


периферните делови на градот, но и на поголеми делови од
централното подрачје, и

➢ појава на субстандардни живеалишта и населби како и многу друго


во таа насока.

Од состојба на хиперурбанизација во фаза на глобализација

Дивата - непланска станбена изградба, создаде голема хаотичност во


просторот и ги заостри сите проблеми на општеството кое се најде во
фаза на премин од една заостаната рурална состојба во понапредна
урбано-индустриска фаза.На почетокот на дваесет и првиот век говориме
за развојот на градот во еррата на глобализацијата, а сеуште голем дел
од проблемите не се суштински надминати од времето на интензивната
урбанизација и индустријализација, еден вид на патолошка урбанизација која
беше главна одлика во време на социјализтичкото општествено уредување
пред деведесетите години на минатиот век. Духот на тоа време уште
долго ќе го оптоварува нормалниот развој. Една од важните цели на
Планот како да се надмине дел од тие проблем преку организацијата на
просторот.ГУП -от најпосле треба да стави крај на некои процеси кои беа
одлика на еднопратиската демократија, општествената сопственост ,
безидејноста, хаотичноста.

!9 !9
❖ Второ, нерационалноста се манифестира и во други подрачја од
изградбата на градот, пред се ,на планот на прераспределба на
населението во просторот. Тоа од една страна создаде претерана
концентрација на население и материјални добра, а од друга,
делумни или целосно депопуларизирани и неразвиени подрачја.
Таа состојба може да се „прочита“ и во рамките на градот, во
централните делови, каде главно се насочени сите активности во
изградбата и периферијата која најчесто е претворена во
деградиран простор. Досегашните ГУП –ви на Скопје,ги има
неколку , не одговорија на тие предизвици ,односно како да
потикнат еден врамнотежен развој на градот во однос на неговата
околина и пошироко во државата како целина,

❖ Трето, за урбанизацијата во нашата држава е карактеристично и


отсуството на т.н. преодни форми на населби меѓу градот и селото.
Во суштина формирани се два јасно диференцирани типа на
населби, град и село, односно Скопје кој апсорбира над 40 на сто
од градското население и неколку градови со средна големина кои
апсорбираат скоро исто толкав процент. Сите останати се села или
помали градови кои немаат поголемо значење за развојот на
општеството.

Констатацијата која е искажана пред десетина години сеуште има


вреднсот кога станува збор за развојот на нашите градови.

„Процесот на урбанизцијата на градовите во Македонија има карактеристики


на хиперурбанизација со изразито централистички тенденции претежно кои се
насочени кон развојот на Скопје и кон неколку помали индустриски центри.
Фактот што само во неколку најголеми градови (вклучувајќи го и Скопје) се
концентрирани над 80 насто од сите производствени капацитети,
недвосмислено ја потенцира ирационалноста на концептот на урбанизација
која објективно создаде услови за пренагласени миграции само кон неколку

!10 !10
градски центри. Во таа смисла го истакнуваме и пренагласениот развој на
индустријата на сметка на земјоделството, а со тоа и положбата на
селанството и селото во целината на општествено- економскиот и политичкиот
развој на општеството. Тоа само ги продлабочи и заостри противречностите на
развојот на селото изразени преку пренаселеноста, културната и социјаланата
изолираност и во исто време, ги отвори цивилизациските текови на селото
преку вклучување во стоково-паричното стопанство и општите текови на
модерната култура“ (Ацески, И., Матилов, Н., Развој на урбанните центри во
Македонија, 1997).

Ако се обидеме да направиме една споредба на градот денес, со градот


пред деведесеттите години кога општеството влезе во процес на
радикални промени, освен општиот впечаток дека уривањето на
социјализмот беше проследен со бавно воспоставување на институциите
на новиот систем и по дваесетина години планирањето не успеа да
заживее во сферата на урбаната политика.

С#уште волунтаризмот на политичките елити кои се менуваат на власт е


насочен многу повеќе во остварување на егоистичките интереси, а многу
малку е заинтересиран за општите интереси што е погубно за иднината
на градот. За тоа говорат многуте новинарски написи кои најчесто
упатувават на некои од многуте злоупотреби на политиката во
урбанизмот.

Општ впечаток е дека градот во транзиција е опасно загрозен од владеачките


елити кои вешто ја користат ерозијата на правниот систем и моралните
вредности, за да ги задоволат сопствените апетити за брзо богатење.
Урбанизмот секогаш бил поле за брзо оплодување на капиталот на сметка на
животот на „обичните” луѓе особено кога функционирањето на институциите
било доведено во прашање.

Отсуството на елементарни правила во урбаната политика и планирањето


може да доведе до катастрофални последици за развојот на градовите во

!11 !11
иднина под услов да потрае уште малку. Последиците од тоа се видливи во
нашите градови.

Првото прашање со кое нужно се соочуваме, кога го имаме во фокусот градот


во општеството во транзиција, гласи;

❖ Дали нам ни се случува дивиот, либералниот капитализам, кој


беше карактеристичен за земјите од Западна Европа пред повеќе
децении

❖ И колку таа споредба да е исполнета со нерационалност, ако


судиме по некои случувања, ќе заклучиме дека тоа е во ред.
Градот го добива (заокружува) ликот сличен на градовите од
неразвиените земји и натаму се исполнува немоќта на
владеачките групи (прашање е колку тие се заинтересирани) да
воспостават елементарни правила кои се својствени за
развиените земји, каде доминатно место има капиталот и неговото
оплодување. Но на прво место треба да биде убедувањето дека
градот им припаѓа на сите, што многу ефикасно се реализира
преку механизмите на урбаната политика

Нашиот урбанизам и понатаму продолжува да биде:

➢ елитистички,

➢ насочен само спрема централните делови на градот, и кон

➢ ексклузивност и монументалност кои се на сметка на решавање на


тешките прашања со кои се соочуваат мнозинството граѓани.

Зошто е значајна споредбата на нашите градови со градовите на развиените


западни општества кои во голема мера ги надминале болестите на
индустријализмот и за кои кризата има сосема различно значење.

Многу повеќе може да се говори дека развојот на градот следел некои други
обрасци отколку некави идејни замисли во трансформацијата на општеството.
Ова е важно да се потенцира денес кога општеството тргна во насока на

!12 !12
усвојување на нови правила во духот на пазарната економија и
плуралистичката демократија. По инерција, на она што се случувало пред
деведесеттите години, може да се очекува дека и изградбата на градот ќе
тргне во духот на тие правила, во насока на пазарна економија, правна држава
и социјална правда.

Она што е поверојатно дека ќе се случи е тоа дека градот ќе продолжи да


се развива по некои „невидливи” правила кои воспоставуваат врска со
урбаната политика (со владеачките групи). Но резултатот сепак е нешто
кое во основа е непредвидливо и неочекувано а најчесто и непосакувана
состојба.Планот треба да го дефинира развојот во посакувана цел.

Демографски состојби, густина на населеност и


настанетост. Реконструкција и ревитализација на
девастираните и неплански изргадени простори

На територијата на Република Македонија во периодот по Втората светска


војна се реализирани повеќе пописи на населението и домаќинствата.
Првиот попис е реализиран во 1948 година и дава податоци само за
вкупниот број на население. Пописите почнувајќи од 1961 година па сé до
денес се реализираат во согласност со препораките на Обединетите Нации
каде предвид се земени повеќе карактеристики на населението,
вклучително и етничката припадност.
Во нашата анализа, врз основа на пописите на населението на градот
Скопје во периодот од 1948 до последниот попис во 2002 година, ќе ја
преставиме просторната концентрација и сегрегација на населението во
одделни општини од градот. Се разбира , промента на просторната
организација на градот , не секогаш се однесува на иста територија од
првиот попис до последниот, но тоа суштински не ги менува основните

!13 !13
сознанија и тенденции на подвижноста на населенеито во однос на
етничката припадност во текот на шеесет годишниот развој на градот ,
особено на неговиот развој по катасрофалниот земјотерс од 1963 година. .
Во следната табела се дадени резултатите од пописите на населението на
градот Скопје според нивната етничка припадност.

Население на градот според етничка припадност и пописни периоди.

В к у п Македо Албан Турц Р о м В л а С р б Бошња О с та н Не


но нци ци и и си и ци ати
194 11 0 6 ----------- --------- ------ ------ ------ ------ ---------- --------- --
8 23 - -
195 1 4 8 0 93671 5461 2 5 3 8 5 5 460 9 4 4 ---------- 5102 --
3 40 46 4 6 --
196 2 0 6 3 140 699 15000 1 6 9 ------ ------ 1 4 4 --------- 19230 --
1 20 05 86
197 3 2 5 0 223445 31529 1 9 4 1 6 4 ------ 1 7 6 ---------- 16597 16
1 24 06 16 -- 31 -- 7
198 4 2 3 7 292485 50461 1 3 8 2 3 2 1248 1 8 2 ---------- 23998 52
1 42 34 64 85 - 8
199 4 0 1 3 324340 --------- 8 9 9 2 4 6 1790 1 7 5 ---------- 23516 93
1 80 4 29 83 5
199 4 4 4 7 324964 57986 9 2 4 2 0 0 2155 1 6 2 ---------- 13134 ----
4 60 9 70 56 --
20о 4 6 7 2 332778 71483 8 5 4 2 3 2 2546 1 4 2 6465 7983 ----
2 57 9 02 51

Податоци за населението во градот Скопје според етничка припадност


Извор: Државен завод за статистика

!14 !14
Во првиот попис од 1948 година на градот Скопје е даден само вкупниот
број на население и во него отсуствува етничкиот состав на населенеито. Со
пописот од 1953 година како еден од белезите на населението се појавува
етничката припадност. Во градот Скопје во наведениот пописен период
живееле 148 040 жители, од кои мнозинството го сочинува етничко
македонско население поточно 93.671 или 63,3% припадници на
македонската етничка група, а следни по бројноста во градот се : турската
со 17,1%, српската со 6,4%, ромската со 5,8%, и албанската етничка група
која учествува со 3,7%, додека припадниците на останатите помали етнички
групи учествуваат со 3,4% од вкупното население.
Процентуална застапеност на населението во градот Скопје
според етничката припадност на населението според пописот од 2002
година

Населен Македон Албанц Ту р ц Роми Влас Срби Б о ш њ а Остана


о ци и и и ци ти
Место
Скопје 66,75% 20,49% 1,7% 4 , 6 3 0,5% 2 , 2 8 1,5% 1,61%
% %
А е р од р 89,5% 1,4% 0,6% 0,8% 0,7% 4,3% 0,7% 2%
ом
Бутел 62,55% 25,19% 3 , 6 1 1 , 5 5 0 , 3 3 2 , 8 6 2,86% 1,53%
% % % %
Г а з и 73,8% 17,5% 0,8% 2,9% 0,3% 2,9% 0% 1,8%
Баба
Ѓ о р ч е 85,16% 3,84% 0 , 8 8 3% 0 , 2 6 4 , 1 6 1,17% 1,53%
Петров % % %
Карпош 88,52% 3,26% 0 , 5 6 1 , 0 3 0 , 6 8 3 , 6 7 0% 2,28%
% % % %
К и с е л а 91,2% 0,47% 0 , 8 6 1 , 3 4 1 , 1 8 2 , 6 2 0,8% 1,53%
Вода % % % %

!15 !15
Сарај 3,89% 91,53% 0 , 1 3 0 , 7 7 0% 0 , 0 5 3,16% 0,47%
% % %
Центар 85,4% 3,2% 1% 0% 0% 0% 0% 0%
Чаир 25,2% 57,63% 6 , 9 4 4 , 7 6 0% 0 , 9 6 4,51% 0%
% % %
Ш у т о 4,7% 14,95% 0% 7 6 , 5 0% 0 , 4 9 1,26% 2,1%
Оризар % %
и
Пописот на населението во 1961 година регистрира пораст на вкупното
население , со наглесено зголемување на населението кое припаѓа на
македонската, албанската и српската етничка група во однос на претходно
реализираниот попис. Во наведениот период во градот Скопје се
регистрирани: 68,2% припадници на македонската етничка група, 8,2% на
турската, 7,3% на албанската, 7% на српската и 9,3% припадници на
другите етнички групи .
Од резултатите од пописите од 1953 година 1961 година може да се заклучи
дека во градот Скопје е забележан пораст на македонското население за
4,9%, кај албанското население пораст од 3,6% , додека кај српското се
забележува незначителен пораст, а за 5,9% се зголемува бројот на другите
етнички групи а видлива е тенденцијата на опаѓање на населението кај
турската етничка група за 8,9%.
Пописот од 1971 година покажува пораст на вкупното население во градот,
како и значителен пораст на населението од македонска, албанска и српска
етничка група во градот. Според процентуалната застапеност во градот
68,75% се припадници на македонската етничка група, 9,7% на албанската,
6% на турската, 5,4% на српската, 5,05% на ромската и 5,1% припадници на
другите етнички групи. Кај македонската етничка група е забележи пораст
од 0,5% а кај албанската етичка група од 2,4%, за разлика од турската каде
е регистрирана тенденцијата на опаѓање на нивниот број поради нивното
масовно иселување во Република Турција.

!16 !16
Во периодот кој следи, до наредниот попис од 1981 година, продолжува
поинтезивен пораст на населението кое домува во градот Скопје. Пораст
се забележува кај македонската, албанската, ромската и српската етничка
група, додека значителен пад се бележи кај припадниците на турската
етничка група. На овој попис повторно се бележат податоци за влашката
етничка група. Според проценталната застапеност во градот: 69%
припадници се на македонската етничка група, 11,9% на албанската, 5,5%
на ромската, 4,3% на српската, 3,3% на турската, 0,3% на влашката, додека
5,7% припадници се на другите етничкин групи. Во овој период се
забележува незначителен пораст кај македонската етничка група, од 0,25%
и пораст од 2,2% на албанската и незначителен пораст кај другите етнички
заедници.
На повторениот попис од 1994 година, поради бојкотот на пописот од 1991
година од страна на албанската етиничка е регистриран пораст на
населението во градот на: македонската, албанската, турската и влашката
етничка група, како и мал пад на населението на ромската и српската
етничка група. Според резултатите од овој попис се забалежува пораст на
македонската етничка група, која учествува со 73 %во вкупното население,
но и на останатите етнички групи , кои и пред тоа имаа забележано
значителен пораст и тоа со 13% на албанската, 4,5% на ромската, 3,7% на
српската, 2,1% на турската, 0,5% на влашката, 3% припаѓаат на другите
етнички ..
Според пописот на населението од 2002 година, градот Скопје продолжува
демографски да се зголемува . Од податоците може да се забележи пораст
на припадниците на македонската етничка група, но и енормен пораст на
албанската етничка група помеѓу двата пописи на населението. Во периодот
од 1994 до 2002 година, бројот на албанската етничка група порасна за 13
497 жители. Кај другите етнички групи регистриран е незначителен пораст а
кај некои и намалување.
Според пописот од 2002 година може да се забележи дека : 71,22 %
припаѓаат на македонската етничка група, 15,3% на албанската, 5% на

!17 !17
ромската, 3% на српската, 2% на турската, 1,4% на бошњачката, 0,5 на
влашката, а 2 % припаѓаат на останатите етнички групи. Во периодот помеѓу
пописите на населението од 1994 и 2002 година се забележува: тенденција
на опаѓање од 1,78% на припадниците на македонската етничка група, а
тенденција на пораст на албанската од 2,3% како и на ромската етничка
група од 0,5%. Опаѓање се бележи кај следниве етнички групи: кај српската
за 0,7%, кај турската од 0,2%, а за 1% се намалува бројот на припадниците
на другите етнички групи.

Процентуална застапеност на населението во градот Скопје


според верската припадност на населението според пописот од 2002
година

Населено
М е с т о / Православн Муслиман Католиц Протестант Останат
општина и и и и и
Скопје 73,4 23,5 0,5 0,04 2,4
Гази Баба 75,1 22,1 0,3 0,02 2,4
Ѓорче Петров 89 9,1 0,6 0,04 1,3
Карпош 91 5,2 0,8 0,08 3
Кисела Вода 94 3,7 0,6 0,07 1,7
Центар 54,4 41,5 0,5 0,03 3,4
Чаир 50 48 0,3 0,02 1,6
Шуто Оризари 5,1 87,7 0,05 0,01 7
Сарај 5,6 94 0,1 ------------ 0,3
Бутел 56,8 42 0,2 0,03 1,1

Во однос на верската припадност, од вкупниот број на население 2002


година 73,4% припаѓа на православно население , а 23,5% на муслиманско.
Останатиот неколку проценти припаѓаат на католичката, протестанската и
останатите верски заедници. Кога распределеноста на населенито во однос

!18 !18
на верската припадност се посматра во однос на единиците на локалната
самоуправа (општините) тогаш јасно е препознатлива концентрацијата на
муслиманското население во неколку подрачја, и тоа во Чаир(според
старата територијална поделба), Центар, , Сарај и Шуто Оризари,
значително присуство во општина Бутел и скоро отсутно или со мал
процент во останатите делови.

Во анализата на феноменот на сегрегацијата врз основа на верската и


етничка припадност поаѓаме од следното:

❖ Прво, во Скопје е присутен релативно висок степен на


групирање на населението врз етничка, национална и
религиозна припадност, кој се исполнува пред с# во отсуство на
населението на албанската и ромската националност, во
одделни делови од градот, и во нивна претежна или исклучива
концентрација само во неколку делови (населби).

❖ Второ, ромската етничка група, главно е концентрирана во


неколку поголеми населби (Топаана, Шуто Оризари) и во
десетина локалитети кои сочинуваат делови од населби во кои
живее население од други национални групи. Иако
територијално припаѓаат во рамките на населби кои сочинуваат
посебни социо-просторни целини тие слабо комуницираат со
припадниците на другите националности кои живеат во
населбата и целосно се социјално и просторно изолирани.

❖ Трето, во поземјотресниот период, во неколку локалитети на


стариот дел од градот, кој во минатото бил населуван претежно
од население со муслиманска вероисповест се изврши голема
инфлитрација на албанското и муслиманското население и за
релативно краток период формирани се етнички хомогени
населби (локалитетите Чаир, Гази Баба, Стара Чаршија,
Топаана, Дижонска, ул. Бошњачка, и др.).

!19 !19
Албанското население главно е сконцентрирано на територијата на општина
Центар каде учествува со 21,4% во вкупното население, односно 42,4% од
вкупното албанско население во градот е концентрирано во оваа општина.
(Според територијалната поделба прeд 2004 год.) Во општина Чаир
учествува со 18,1% а тоа е повеќе од 1/3 од вкупното албанско население.
Најмалку е застапено во општините Кисела Вода, со 1,4% (градскиот дел) и
во оштината Карпош со 6,5%. Концентрацијата на ромското население
претежно е во рамките на општината Чаир, каде што учествува со 20,2%,
односно, во оваа општина е концентрирано 2/3 од вкупното ромско
население во градот.

Во еден извештај на ОН, подготвен за Скопје по земјотресот од 1963 година


е забележано следното:дека етничките групи Турци, Шиптари и Цигани, што
живеат во северниот дел од градот, му даваат многу поголема важност на
местото на нивното живеалиште отколку на техничкиот стандард и
опременоста на становите. Поради ваквиот однос може да се очекува дека
ова население нема да сака да ги напушти своите куќи од кога ќе почне
програмата за расчистување и тие секако не ќе сакаат финансиски да
учествуваат во новата станбена изградба, особено ако тие спаѓаат во
групата жители со најниски приходи и се под влијание на традициите.
(Основен Урбанистички план, Извештај припремен за ОН како извршна
агенција на специјалниот фонд на ОН, Полсервис Варшава и (Завод за
урбанизам и архитектура Скопје.Кн. 15 стр. 60.)

Основната претпоставка, за високиот степен на социјална изолација на


албанското и ромското население содржана е во присуството на
традиционалниот тип на самоидентификација. Вредностите на
сопствената традиција и култура воопшто, се единствено значајни и
тие со никаква друга култура и други вредности не можат да се
споредуваат. Тоа значи, дека с# додека не се отвори процесот на
меѓукултурно и меѓуетничко влијание не може да се надмине и процесот
на етничката сегрегација во просторот на градот.

!20 !20
Во таа смисла треба да се потенцира и значењето на религијата и степенот
на религиозната идентификација, кој е значително повеќе изразен кај
албанското и другото муслиманско население.

.Дали современите процеси на интензивна комуникација, процес на


образование , влијаниато ма масовните сретства за комуникација ,
глобализацијата пред се , имаат влиание врз промените на
традиционалната култура и семејната традиција и влијание на религијата ,
тешко може да се претпостави и како тие промени конкретно се
манифестираат во просторот како ублажувачи на процесот на сегрегација.
За тоа се потребни сериозни истражувања.

Скопје претставува сложена општествено-политичка, просторно-физичка и


економски развиена агломерација, во чиј состав влегуваат делови со:

➢ изразито нееднаков степен на урбана изграденост,

➢ густина на населеност и

➢ различен состав на население во однос на

• социјална,

• религиозна и

• етничка припадност.

Во периодот по Втората светска војна Скопје доживува повеќе промени во


политичко-територијалната организација, како по однос на:

➢ бројот и видот на единиците на организација така и по однос


нанивната:

• големина и

• функција;

!21 !21
Од град со околу стотина илјади жители по Втората Светска војна
прераснува во град со над половина милион жители на почетокот на
дваесет и првиот век, со тенденција на понатамошен развој.

Големите градови, меѓу кои спаѓа и Скопје, се резултат на големата


акумулација на општественото богатство на мал простор. За нив,
карактеристично е и тоа што за еден многу краток период, од само неколку
децении, прераснаа, во силни економски и административни центри.

Скопје, уште не е град во кој целосно можеме да ги препознаеме


карактеристиките кои се типични за една метропола на развиените земји,
но тенденциите на развојот покажуваат дека во блиска иднина може да се
очекува формирање на урбана агломерација која ќе ги вклучи во себе
најблиските градови Тетово, Куманово, и Велес во една единствена
агломерациона целина. Планот мора да го има предвид овој факт.

Просечната годишна стапка на пораст на населението во градот, последните


неколку децении, изнесува околу 3,5% и е за двапати поголема од
Македонија како целина. Општествениот производ се зголемува за околу
10% што е за 3% повеќе од републичката стапка.Се разбира зголемувањето
на општествениот производ последните десетина – петнаесет години е
многу помал и главно ја следи стапката на пораст на централно ниво.
Постои едено убедување дека Скопје троши многу повеќе отколку што
создава вредност и мора во иднина тој однос да се менува , Скопје да се
претвори во генератор на развојот на остатокот на Македонија.

Високата стапка на порастот на населението го спречува и поголемиот


пораст на општествениот производ.

Скопје како градска агломерација има повеќе степено значење на


централно место во регионот, како единствено градска населба, но, и во
однос на најблиските градови и другите населени места, од подрачјето на
Република Македонија и јужниот дел на Република Србија и Косово. Во
однос на најблиските градски центри и населени места централната
функција на Скопје се исполнува и преку изразито голема концентрација на

!22 !22
стопански и нестопански дејности, што создава услови за голема
привлечност на градот, проследена со интензивни миграции од речиси сите
населени места од Републиката.

Да се живее во Скопје значи потенцијално да се направи достапно с# она


кое е создавано на материјален и духовен план во Република Македонија.

Специфичноста на развојот на Скопје произлегува и од фактот што тој е


единствена градска населба во регионот. Потоа, што е повеќе од пет пати
поголем од вториот по големина град во Македонија и претставува
единствено подрачје на интензивни имиграциони процеси за еден долг
временски период. Концентрацијата на населението, стопанските и
нестопанските дејности е изразито висока во однос на вкупното население
на Македонија и расположивите материјални сретства.Еден од најголемите
проблеми на градот е секако невработеноста, што е караклтеристика и за
останатите градови во нашата држава. Размислувањата за тоа дали е
можно и ако е можно на кој начин дел од населението кое е товар за
развојот на градот во социјална и економска смисла едноставно му се даде
можност, се разбира со мерките на економската политика биде дислоцирано
, пренасочено кон други региони е интересно за размислување. Тоа може да
биде тема за анализа и во рамките на стекнуавањето на статус на жител на
градот. За планот е интересен моментот на ставање на нагласок на развој
на периферните делови на градот и регионот, со што би се намалил
притисокот врз централната зона ,која интензивно се развива последните
десетина години, од стамбена изградба, отворање на нови деловни центри
и концентрација на административни функции, кои само ги зголемуваат
проблемите во другите сфери од функционирањето на градот, а суштински
не ги подобруваат условите за живот на најголем дел од градската
популација

Вкупното население, природниот прираст и салдо миграции во


Македонија (како целина) и Скопје (градот и регионот).

!23 !23
Год. вкупен порас приро салд средна
на број т ден о на стапка на миг.
поп жител меѓу прир миг. салд.
ис и попис аст (год.
. пр)
1 2 3 4 5 6 7
195 1.304. - - - -
3 514
РМ 196 1.406. 101.4 246.7 -18.1 -23,4%
1 003 89 23 54
197 1.647. 241.3 277.3 -3.60 -2,4%
1 308 05 49 4
198 1.909. 261.8 261.0 -82 0,0%
1 136 28 08

195 213.58 - - - -
3 6
Скопј 196 270.29 56.71 42.56 +1.76 +7,3%
е 1 9 3 7 8
197 388.96 118.6 64.88 +5.37 +16,3%
1 2 63 7 8
198 504.93 115.9 74.39 +4.15 +9,3%
1 2 70 2 8

199 44476 +12,3%


4 0

200 50692
2 6

Извор:, Зборникот, Проблеми на демографскиот развој на СР Македонија,


МАНУ, Скопје, 1985 година. • Акуелните демографски движења на

!24 !24
населението во Република Македонија во светлоста на резулатите на
пописот на населението во 2002 година, МАНУ,Скопје, 2007 година.

Специфични проблеми на градот Скопје , индустриски град и град во


транзиција
Сумарен преглед

➢ Економски проблеми:пад на производството,ниска конкурентност,


деиндустриализација;

➢ Проблеми со промена на менталитетот; отсуство на дух na


претприемништво, граѓаните очекуваат државата да им ги
решава проблемите, отсуство на волја за преквалификација;

➢ Социјални проблеми; висок ниво на невработеност, нисок животен


стандар, губење надеж дека проблемите ќе се надминат за
кратко време;

➢ Проблеми со инфраструктурата: на голем дел од градската


територија недостига по нешто во смисла на уредени улици,
п а р к и н з и , з ел е н и л о , л о ш ј а ве н т р а н с п о р т , з а с т а р е н а
инфраструктура;

➢ Еколошки проблеми; загадена животна средина, воздух ,здравствен


ризик е да се живее во некои населби, деарaдиран пејсаж, енормно
зголемена густини во поедини делови, pojavi na masovna нелегална
градба;

➢ Статусот на нелегалните градби: голем дел од стамбениот фонд


на Скопје е бесправно изграден, особено на периферните делови,
деградирани простори, урбано запуштени;

!25 !25
➢ Инвестициони проблеми:неатрактивен за странски инвестиции,
нема инвестиции за рестартирање на производните капацитети,
нерешени правно-имотни прашања;

➢ Планирање на градот: ниско ниво на соработка помеѓу


одговорните институции, неразвиени планови, некомплетни
планови, застарено планирање ;

Процесите на социјална и етничка сегрегација -причини и


последици.

Градот претставува,,мозаик" од различни светови, во кои пулсираат


вредностите, обичите, желбите на неговите жители; тој е систем од
различни културни, етнички и религиозни заедници, формирани простори,
кои потекнуваат длабоко од историјата и културите кои можеби не постојат
во овој момент или постојат во видоизменета форма, реални институции и
норми кои го формираат поличкиот и институционален поредок.
Целокупноста на сите тие елемети и многу други го формираат поимот
град, кој за секој човек може да има различно значење, може да го
потсетува на настани кои се случиле многу одамна, но, може да потекнува
и од неговата непосредна околина и да има изразито локално значење. Без
сомнение, кога говориме за Скопје пред се мислиме на град кој поседува
сложена социјална, културна , религиска и етничка структура.
Секоја епоха во развојот на градот ги втиснала во просторот
карактеристиките на :
➢ социјален,

➢ економски и

➢ културен развој и низ најразлични процеси и форми како што се,

!26 !26
• процесите на социјална диференцијација и етничка
сегрегација во различни форми на етничко, социјално или
професионално групирање кое, во градот добива и просторен
израз, кои се својствени на неговиот развој низ историјата па се
до денес, а на кои секоја епоха им дава сопствено обележје
како што им дава и денес.

Во градовите на постиндустриските општества, иако процесите на


формирањето на етничката и социјалнат сегрегација се детерминирани од
пазарната логика, сепак, преку процесите на свесно планирање и
интервенција од страна на државата во голема мера се ублажува нивното
негативно влијание. Во тој процес голема улога играат и развојот на новите
технологии, глобализацијата, масофикацијата на општеството кои, во еден
сплет на причинско - последични односи и влијанија, го формираат новиот
тип на град карактеристичен за западните развиени општества .
Причините за поделеноста на населението немаат само економска природа.
Врз поделеноста на луѓето влијаат и други фактори, како што се:
➢ етничките и

➢ религиските, кои, заедно со економските,социјалните и класните,


делуваат комбинирано и за секоја епоха, имаат различно дејство;
некогаш се доминатни неекономските, некогаш социјалните и
класните фактори. Скопје главно го следи ова општо сознание ,
дека секој период од неговиот развој во себе ги вклучува
карактеристиките на времето.

Етничката сегрегација може да се јави во апсолутна и релативна фоирма:


➢ припадниците на една етничката група можат да бидат целосно
концентрирани на еден или неколку делови од градот, можат да
бидат претежно , или пак, :

!27 !27
➢ да бидат распрскани на целата територија. Во Скопје, како тоа ке
покаже анализата, се сретнуваа повеќе комбинирани случаеви на
сегрегација.

Мултиетничкиот состав на градот често се одразува врз неговата


топографијата, во форма на територијална сегрегација, која може да биде
присилна или доброволна, а причините за тоа можат да бидат најразлични,
да бидат предизвикани од надворешни или внатрешни фактори, да
произлегуваат од потребите на групата или други фактори кои во еден
определен момент се појавуваат како значајни.
Етничката сегерегација кога еднаш ќе се појави, како секундарна појава, во
веќе развиените периоди од животот на агломерацијата опстојува во
систем на сложени односи помеѓу разните групи. Но еднаш формирана таа
останува да егзистира уште долг временски период иако факторите за
нејзинаото појавување одамна изчезнале. Таа може да се појави и како
резултат на ново прегрупирање на етничките заедници, како последица на
освојување и колонизација на една територија или други фактори кои
доведуваат до миграција на населението, од едено место на некое друго
место на кое се населени претставници на други етнички групи.
Еве како, во еден извештај за феноменот на етничката сегергација е
запишано во средината на осумдесетите години на минатиот век. Многу
работи од тој период се промениле, сигурно дека ги нема најголем дел од
трошните куќарки , но останал духот на едно време кој продолжува да
живее сега во други околности , на засилена етничка поделеност , и можеби
уште поголема етничка дистанца.
,,Локалитетите (сламови) на територијата на општина Центар(централното
подрачје на градот Скопје) претежно се населени со албанци што е скоро
половина од ова малцинство кое живее во Скопје.....На овој простор се
изградени над десетина илјади субстандардни стамбени единици за кои
единствено решени е да бидат урнати и на нивно место се изградат
нови. ....Центарот на градот е јасно поделен на три дела и тоа: десна страна
на реката Вардар - населби со македонско- христијанско население, лева

!28 !28
страна на река Вардар поделена на албанско- муслимански дел и каде се
сконцентрирани ромите во населбата Топаана .....На просторот на општина
Чаир, според информациите на општинските служби на 54,8 хектари се
изградени 2192 објекти ( состојбата до 1987, денес ги има многу повеќе !)
Најголеми локалитети се Дижонска и Калајџиев гроб со близу 7000 жители )
денес ги има над десет илјади) од албанска и муслиманска националност ,,(
Ацески И., Скопје визија - реалност, 1997)

УРБАНАТА СИРОМАШТИЈА-СОСТОЈБИ, КАРАКТЕРИСТИКИ, ПОЛИТИКА


НА РЕШАВАЊЕ

Недостатокот на станови, невработеноста, социо-патолошките појави,


социјалната, а особено етничка сегрегација, внатрешните конфликти од
секаков вид, еколошките проблеми, се само дел од големиот арсенал на
проблеми со кои денес се соочува Скопје. Градот со над 600 000 жители, со
над сто илјади невработени, со 25 000 станови кои се оценети како
неповолни за живеење (од кои половината од нив влегуваат во категоријата
„станови опасни за живеење”), со неколку десетици урбанистичко запуштени
населби од кои десетина претставуваат реална опасност за здравјето и
животот на луѓето и кои бараат итна и неопходна интервенција во насока на
реконструкција или за почеток, минимално подобрување на животните
услови. Тоа е реалната слика на Скопје денс, првата деценија на дваесет и
првиот век.
Во недоволно урбанизираните населби, според проценката на институциите
на државата (од пред десетина и повеќе години, денес бројот е промент)
живеат околу 40000 жители кои се директно загрозени на планот на
животните услови кои се крајно неповолни, од условите кои владеат во
населбата во која, како по правило, отсуствуваат повеќе елементи на
техничкиот стандард (канализација, урбана опрема, неасфалтирани улици,
руинирани живеалишта). Во овие населби најголемиот дел се невработени и

!29 !29
корисници на социјална помош, факт кој се чини дека доволно говори за
состојбата во која се наоѓаат.
Дали можеме да говориме за некои заеднички карактеристики на
нахигенските населби(бесправните или дезорганизираните ) без разлика
на нивната развиеност, број на население, социјален или етнички
состав?
Факт е дека секој запуштен дел, како непријатно и опасно место за
живеење, има некои специфичности кои го прават поразличен од другите.
Сепак, тие имаат една заедничка карактеристика, во нив живее:

➢ сиромашно,

➢ невработен население кое најчесто живее од социјална помош или


се снаоѓа на најразлични начини. и

➢ во нив, за разлика од другите делови од градот, има највисок процент


на ;
• појава на криминално однесување,
• дезорганизирани семејства,
• малолетничка деликвенција и
• висок процент на неписмени.

Потоа, факт е дека сиромаштијата, последните неколку години нагло се


зголеми во градовите, особено во поголемите и дека еден голем дел, околу
1/3, нема лесно да се извлече од таа ситуација. Тоа особено се однесува за
оние кои се нашле во „кругот на сиромаштијата” подолг период и кои се
лоцирани во сламовите на градот. Тоа значи дека тие луѓе уште долго ќе
останат невработени и станбено необезбедени (или лошо обезбедени).Еден
од условите за излез од сиромаштијата претставува и подобрувањето на
животните услови на ниво на населба и стамбени услови или нивно целосно
одстранување и заменување со пристојни станбени живеалишта.
Урбаната сиромаштија е сложена повеќедимензионална социјална појава.
Во однос на станбената ситуација можеме да ја поделиме на:

!30 !30
➢ с л а м с и р о м а ш т и ј а к о ј а с е н а ш л а в о „ к р у гот н а
сиромаштијата“ подолг временски период, живее во посебни
делови од градот кои се :
• неурбанизирани и
• запуштени,
• најчесто на периферијата,
• но и во стари централни делови на градот и
• најчесто станува збор за етнички чисти населби.

➢ новоформирана сиромаштија која се појави како резултат


на структурните реформи, која од пред десетина години
припаѓаше во редовите на средните слоеви, односно беше со
постојано вработување и пристоен станбен стандард.
• Во оваа група се наоѓаат и дел од пензионерите,
младите - невработени, лицата со ниски примања и
семејства со повеќе малолетни деца, но кои живеат во
населби кои колку - толку ги исполнуваат урбаните
стандарди за нормално живеење.

Сиромашните во неурбанизираните населби се оние кои во секој поглед


можеме да ги сместиме во групата на апсолутно сиромашни и кои, по една
слободна проценка, само во Скопје изнесуваа скоро 1/3 од вкупниот број на
сиромашни! Оваа категорија сиромашни за разлика од другите две
категории (новокомпонираните и другите кои се сиромашни по различни
критериуми, кои може да се сметаат дека се времени) ќе ја искористат
секоја шанса за подобрување на макроекономската сотојба за да излезат од
„кругот на сиромашните”. Можеби и затоа едно од решенијата (на почетокот
времено а подоцна и трајно) е подобрување на условите во населбите низ
најразлични постапки на урбаната политика.
Статистичките податоци за урбаната сиромаштија не се доволно
прецизни и не ја покажуваат вистинската состојба за тоа кој е

!31 !31
сиромашен и колкав е тој степен на сиромаштија. Осносно, дали станува
збор за :

➢ апсолутна сиромаштија, многу под линијата на


официјалната сиромаштија, подолг временски период
фатена во „кругот на сиромаштијата“;

➢ дали станува збор за новокомпонирани сиромашни кои до


пред десетина години не беа тоа, и имаат солидни станбени
живеалишта и живеат во нормални .
Урбаната сиромаштрија можеме да ја класифицираме во неколку групи, и
тоа:

➢ Сиромашни кои се без поголеми шанси во блиска иднина да


излезат од „кругот на сиромаштијата” без интервеција на
државата. Најголем дел од оваа сиромаштија ја сочинуваат
неколку етнички групи меѓу кои ромите се најмногу застапени..
Тие се лоцирани во сламови и гета, концентрирани во поедини
делови од градот.

➢ Жителите во овие населби живеат изолирано и се скоро


исклучени од урбаната заедница. Во Скопје егзистираат околу
петнасетина вакви населби а некои од нив достигаат и по
дваесетина илјади жители, кои се вистински „градови во
градовите“ како што е примерот со Дижонска, Топаана, Шуто
Оризари, и други.

➢ Заедничка карактеристика на овие населби е тоа што се


урбанистички неопремени и најчесто без елементарни услови
за живот. Во овие населби според една слободна проценка
сконцентрирани се скоро половина од сиромашните во
градовите, односно околу 2/3 се етнички чистите населби, што
проблемот го усложнува уште повеќе. За жал досега,
почнувајќи од педесеттите години на дваесеттиот век, ниедна

!32 !32
власт сериозно не се зафати да ги решава проблемите на овој
тип сиромаштија.

Еве што е забележано во еден извештај на состојбите на сиромашното


население во Скопје
Она што е карактеристично за општините во северниот дел на Скопје
(пред се за урбаната општина Чаир и руралната Чучер-Сандево) е
постоењето на т.н култура на бедата. Луѓето кои живеат во сламовите
во овие општини се локално ориентирани само на сопствените потреби
и проблеми на блиското соседство и сопственоста. Тие се потполно
урбано изолирани, класно несвесни поради сопствената сиромаштија.
Жителите на сламовите често боледуваат од туберколоза, хроничен
бронхитис и кожни заболувања .

➢ Сиромашни кои се регрутирани од:


• редовите на ниско платените работници,
• пензионерите,
• невработените,
• повеќечлените семејства,
• но и млади невработени, кои најчесто живеат во
нормални станбени и населски услови. Дел од нив, тоа е
сигурно, ќе ги почувствуваат благодетите на развојот и
за кратко време ќе излезат од кругот на сиромашните.
Во групата на овие сиромашни влегуваат околу 1/3 од
вкупниот број.

➢ Во третата група на сиромашни ја сочинуваат оние кои :


• имаат цврсти врски со местото од каде се доселиле во
градот, најчесто обработуваат земја во родниот крај со
што обезбедуваат дополнителни приходи за своето

!33 !33
семејство и со тоа не ги чуствуваат ударите на
сиромаштијата.
• Во овој момент оваа група е во прилично поповолна
состојба во однос на другите. Најчесто се лоцирани на
периферијата на градот, во неплански населби, кои во
најголем дел не се сламови. но во секоја од нив, по
нешто недостига, квалитетна струја, асфалтирани улици,
училиште, здравствен дом и слично.
Статистичките податоци не се доволно прецизни и целосни за да можеме
објективно да ги лоцираме припадниците на сиромашните групи. Она што е
видливо и што претпоставува брза и неодложна интервенција е
подобрувањето на условите за живот во слам населбите и нивна целосна
реконструкција. Со тоа ќе се подобрат условите на ниво на населба и на
ниво на семејство.

Идикатори на урбаната сиромаштија

Урбаната сиромаштија во Република Македонија може лесно да се


„доживее“ и „види” само ако за момент го задржиме погледот на некоја од
десетината запуштени населби во Скопје и во другите поголеми градови, со
:

➢ неквалитетна инфраструктура и

➢ руинирани и неквалитетни живеалишта, ѓубре на сите страни,


тажни лица, исплашени и луѓе без надеж дека во блиска иднина
ќе излезат од тешката состојба во која се нашле.

За жал овие населби во урбанистичките планови државата ги третира како


непостоечки, односно не презема скоро никакви мерки за подобрување на
животот на овие несреќни луѓе кои не по своја вина се нашле во тешка

!34 !34
состојба. Иако во скоро сите детелни урбанистички планови се предвидени
мерки на урбаната политика за подобрување на животот во населбите (од
мерки на ревитализација до целосна реконструкција), но само во мал дел од
нив практично тоа е направено.

Индикаторите на урбаната сиромаштија можеме да ги поделиме во две


групи.

❖ Првата група се однесува на станбените и населските услови кои (во


некои населби од кои само во Скопје ги има над десетина) се крајно
неповолни и се опасни по здравјето и животот на луѓето. Значи
станува збор за трошни, влажни, руинирани, без некои елементарни
услови за нормален живот .

❖ Во втората група се наоѓаат индикатори кои укажуваат на:


• состојбата на семејството, невработеност на жителите од
населбата, здравјето на луѓето кое е опасно загрозено,
степенот на образование - односно голем број на неписмено
население и слично. Станува збор за дезинтегрирани
семејства каде има појава на разни соци-патолошки појави,
многу над просекот на градот.

Општо за сиромаштијата во овие населби може да се констатира


следното; најголем дел од луѓето се соочуваат со сериозни тешкотии во
задоволувањето на потребите од храна, најчесто боледуваат од некоја
тешка болест, најголем дел се со незавршено основно образование и
голем процент неписмени (особено кај децата до 16 год возраст) и појава
на висок процент на невработени (и до 90 отсто од работоспособното
население), културна и социјална изолираност, појава на малолетничка
деликвенција, исто така многу над просекот за градот.
За урбаната сиромаштија во градовите во нашата држава, вклучувајќи го и
Скопје , не постојат истражувања освен неколку парцијални согледувања,

!35 !35
кои главно се однесуваат на ограничени проблеми и се строго практично
наменети.

❖ Прво, сеуште за градската сиромаштија се мисли на онаа која е


сконцентрирана во заапуштените населби и нема никакви валидни
сознанија за тоа до каде штетните последици предизвикани од
животот во овие населби се одразиле на целината на животот на
луѓето. Тие сознанија се потребни за со нив да се соочат одговорните
субјекти во политиката и економијата и да преземат конкретни
активности за нејзино намалување и ублажување.

❖ Второ, статистичките, социолошките и антрополошките истражувања


треба, колку е тоа возможно, да ја потврдат објективната ситуација,
да ја презентираат пред јавноста и властите (локални и централни) и
што е најважно врз тие сознанија да понудат можни решенија на
проблемите. Истражувањата се дирекно во функција на решавањето
на мултидимензионалноста на проблемите.Подготовката на ГУП е
добра прилика да се насочат дел од активностите во посакувана
насока во решавање на проблемите.

Станбена политика: како да се дојде до ефтин стан

Евтиниот стан е сон на секое сиромашно а станбено необезбедено


семејство. Оттаму и логичното прашање како да се дојде до ефтин стан,
стан за секое семејство .
❖ Во сферата на станбената политика (изградба, финансирање,
распределба на становите) државата ќе ја дефинира потребата од
социјални станови за сите оние кои не се во можност со сопствени
средства да дојдат до решение за сопствената станбена
состојба.Планирање на населби со ефтини станови.

!36 !36
❖ Во групата на станбено загрозени семејства влегуваат и оние кои
живеат во субстандардни услови, во станови кои се опасни за
здравјето и животот на луѓето кои ги населуваат. Овие станбени
живеалишта особено се присутни во слам - населбите каде практично
скор 90 отсто од становите се опасни за живеење.

❖ Државата во соработка со приватниот сектор и невладините


организации треба овозможи станбена изградба врз принципите на
солидарност и пазарни вредност. За тоа е потребна Програма која
треба да ги дерфинира однесувањето на субјектите на стамбената
изградба и да ги спречи шпекулациите во станбеното стопанство.
Последните години се реализира дел од програмаат за социјални
станови и станови за стамбено необезбедени семејста и млади
брачни парови.

Проблеми на урбаната регенарација

❖ Сиромаштија и невработеност во градот- кои за жал ќе останат


уште долго време и негативно ќе влијаат врз целокупниот развој
на градот.

❖ Домување – дали некои делови кои сега не се , во блиска иднина ќе


се претворат во гета за сиромашните слоеви , етнички групи кои
упорно опстојуваат во центарот на градот . Мора да се направи
анализа за тоа што го чека градот во иднина.

❖ Тговија – што значи отворање на големи трговски центри во


настрогиот центар на градот? Која е логиката на развојот, што
значат инвестициите во тој поглед?

❖ Пренамена на затекнатото градителско наследство – што се


случува со оние градби чија функција постепено се напушта а се во

!37 !37
централното подрачје. Некои градби останаа заробени во зоните
на домување, а не ги исполнуваат ни елементарните
претпоставки да остане ,или обнови нивната дејност за која на
почетокот биле наменети

❖ Зеленило и спортски терени –кои го зголемуваат стандардот на


шивеење и кои се лоцираат во зоните на домување

❖ Културата – една од наважните сфери која е дел од јадрото на


гардот. Што навстина се случува на тој план.

❖ Транспорт – мислиме на брз , ефикасен транспорт , за кој Скопје


уште долго ке го сонува. Градоt се загушува , сообраѓајот е бавен ,
загадувањето е преголемо, проблемите со паркиреање се изразени.

Дијагноза: Патологија на градење.

По деведесетите години на минатиот век кога градот влезе во


процесот на транзиција, како и целокупниот општествено-
економски,политички живот, повеќепартиски ситем и плурализам, во
изградбата на градот започнува еден изразито интензивен процес на
градење, поконкретно згуснување на централните делови, еден вид
имплозија, ако претходните неколку децении, по земјотресот беше
изложен на интензивна експлозија во просторот. Станува збор за еден
тип на нова патологија на градење , која е тесно поврзана со брзата
заработувачка и егоистичките интереси на моќните групи во
политиката и бизнисот. Згуснувањето на централните делови
преставува еден сериозен тип на загрозување на околината, процес на
дегенеративна модерна архитектура и урбанизам , кои се проследени со
многу недоследности во правната и урбанистичката регулатива. Во која
мера се изгубени вредностите на градење и во кој степен е загрозен

!38 !38
квалитетот на живот, за тоа се потребни сериозни истражувања . Со
планот мора да се утврди: кои зони и градби треба да се заштитат,кои
зони ( градби ) да се санираат и кои градби и зони можат да се санираат.
За жал денес не располагаме со скоро никакви податоци нити евиденција
за тоа лолку изградбата на поедини делови од градот го загрозува , пред
се здравјето на оние кои живеат на тие простори или се корисници на
просторот. Потребни се и планови за санирање на последицити од
девастација на просторот.

Квалитет на живот, состојби, индикатори, перспективи

/ кон одржлив и здрав град/

Задоволството на граѓаните од уреденоста на просторот упатува на


карактерот на урбаното планирање, колку тоа било во функција на
задоволувањето на потребите на луѓето, односно колку планерите ги зеле
предвид потребите на луѓето. На пример, потребата од слободен простор
за прошетка или рекреација, кои не се поврзани со економски издатоци
туку се во функција на задоволување на потребата од социјабилност-
спонтани средби, комуникација, разговори, кои исполнуваат важен дел од
секојдневието на луѓето, кое не е поврзано со домот, туку со градот како
целина . Колку е тоа значајно говорат и сознанијата кои укажуваат на
фактот дека зачестените контакти, не само што ја зајакнуваат
социјабилноста на луѓето, туку ја јакнат толеранцијата, особено во
етнички мешовитите населби . Што планот може да понуди во тој поглед.

За да се реализира некаква комуникација меѓу луѓето кои живеат на еден


простор, мора да се предвидат, осмислат, заеднички простори со

!39 !39
содржини кои ќе бидат доволно привлечни за да го задржат вниманието
на луѓето подолг временски период, каде ќе навраќаат почесто во
очекување дека секогаш на тоа место ќе се случи нешто пријатно.

Животот во градот во зависност од некои социо-економски карактеристики на


населението.

Квалитетот на живот го формираат повеќе компоненти од сферата на :

➢ трудот,

➢ слободното време,

➢ задоволувањето на културните потреби,

➢ сигурноста и многу други нешта

Некои повеќе, некои помалку, учествуваат во обликувањето на


секојдневието на секој човек. Сознанијата и податоците кои ги наведовме
во нашата анализа само упатуваат на една состојба во која се нашло
мнозинството од населението на планот на задоволување на
елементарните потреби, оние без кои не е можен нормалниот живот во
градот.. Тоа секако има суштинско влијание врз задоволување и
потребите кои се поврзани со другите дејности на човекот, во сферата на
слободното време, културата, самопотврдувањето.

Планот мора да ги утврди главните приоритети во задоволување на


основните потреби на мнозинството и има даде предност во нивно
задоволување.

Во која мера се променила состојбата на градот под влијание на


промените во глобалното општество во периодот на транзиција не е
тешко да се одговори. Градот се менува во духот на промените во
општеството. Она што за социолошката анализа е значајно да се
потенцира е промената на однесувањето на луѓето во урбаната средина.

!40 !40
➢ Животот во градот е детерминиран од повеќе фактори. Кога се
говори за факторите кои се во основата на поединецот, како што се
занимањето, возраста и економскиот статус, тие се сметаат за
најзначајни. На пример, занимањето, односно работата на
поединците, вероватно, пред деведесеттите години, во услови на
доминација на општествената сопственост кога релативно беше
обезбедена сигурноста, редовна плата, обезбедено здравствено и
социјално осигурување, сето тоа значеше нешто друго во смисла на
квалитетот на трудот.

➢ Во услови каде сигурноста е сведена на минимум,кога лесно може


да се изгуби работата, но затоа тешко може повторно да се добие, и
кога голем дел од работо-способната полулација е надвор од
сферата на трудот, доминира приватната сопственост, сива
економија, со што се создадоа услови кои суштински се разликуваат
од оние пред транзицијата.

➢ Градот нуди многу можности во професионалната дејност и


користењето на слободното време и задоволувањето на културните
потреби. Постојано се случуваат работи кои го привлекуваат
вниманието на човекот, тој е отворена сцена на која луѓето ги играат
сопствените улоги, како активни актери или посматрачи во урбаното
секојдневие, каде монотонијата и разновидноста, задоволството и
незадоволството, надежта и разочареувањето, го следат секој човек.

Суштината на идеите за здрав град треба да се дел од секоја позиција


на планот.

➢ Пред се , чиста животна средина , со која за жал Скопје не може да


се пофали. Мора да се создат претпоставки за стабилен и
долгорочен урбан екосистем, да се постават основите на долг рок

!41 !41
дека градот во кој живееме може да поднесе загадување кое нема
да го доведе во прашање здравјето на мнозинството. Да се
обидеме да станеме свесни за тоа и да работиме да не се случи да
се доведеме во тешка ситуација на тој план. Одговорноста на
институциите е многу поголема од одговорноста на било кој
поединец или група. Ако се создадат реални претпоставки
индивидуалните реакции да се земат за сериозно од страна на
одговорните институции, тогаш реакциите секогаш ќе
стигнуваат навреме пред да се направи поголема штета.

➢ За тоа е потребна здрава заедница, некои би рекле силна ,


составена од луѓе кои ќе соработувата а не меѓусебе да се
искористуваат. Потребен е силен НВО , кој ќе делува на ниво на
локална заедница.

➢ Нема здрав град без јавност , контрола на јавноста на одлуките на


моќните групи околу и во власта .

➢ Градот треба да тежнее кон здоволување на основните потреби


на сите свои жители, потреби од адекватни живеалишта, како
услов за здрав семен живот, и услов за здравје воопшто, потерба
за сигурност, за чиста вода , чиста средина.
➢ Секако дека за тоа се потребна претпоставки во економија ,што
не значи дека и со мали сретства може да се постигнат големи
резулати. Проблем е како да се искористат човечките ресурси ,
како луѓето се принудат да мислат за својот град, својата населба
и својата улица
➢ Планот мора да создаде реални претпоставки граѓаните да
работат за свое добро и за добро на заедницата во целина. Мора
да се направи напор за сериозна промена на менталитетот на
луѓето во насока на формирање на здрава околина. Некогаши
малите чекори многу значат во тој поглед.

!42 !42
➢ Секако дека е потребна врска со историјата , културата на
градот, врска со минатото, и јасна визија за иднината. .

Идентитетот на градот во период на транзиција


Симболичка идентификација и социјална интеграција

Само краток поглед врз некој дел од градот , било да е тоа улица, или дел
од неа, објект, споменик, градба од било кој вид, во себе навлекува некое
значење кое може да произлегува длабоко од минатото, може да упатува на
нешто секојдневно или да биде без некоја посебна вредност и значење.,
може да биде нешто секојдневно кое одвреме - навреме пробудува некои
неопределени асоцијации кај оние кои живеат во непосредна близина.
Градот сам по себе претставува симболика , сплет на елементи на
културата, архитектурата, уметноста, но и елемети кои го формираат
секојдневниот живот, видливи или невидливи значења кои длабоко извираат
од минатото но и значења кои упатуваат на сегашноста, дека конкретното
место е сферата на нивната идентификација , значење и вредност, за оние
кои тука живеат или за некои други луѓе кои некогаш на тоа место живееле,
а симболот го потврдува тоа и упатува на минатите времиња и настани.
Некои од нив останале само во сеќавањата, без видливи знаци во
просторот, без материјални остатоци.
Во нашето согледување се ограничуваме на оние аспекти на урбаната
симболика кои се непосредно поврзани со секојдневието на човекот во
смисла на неговата идентификација со местото на живеење, доживувањето
и интеграција во рамките на соседството и, пошироко населбата. Во
литература се познати сосема мал број на истражувања на оваа тема , а за
нашите градови скоро и да не постојат.
Градот е исполнет со најразлични симболи:

➢ симболи кои потекнуваат од минатото,

!43 !43
➢ симболи кои се препознатливи по пораките кои се производ на
актуелниот развој на градот и општеството,
➢ симболи со длабока политичка содржина,
➢ архитектонски творевини изградени во најразлични стилови и време
на градба, со еден збор во градот не постои дел кој не е преплавен со
некакви значења, кои можат да имаат голема или да се без некоја
посебна вредност , или како да не постојат.

Градот заслужува да биде анализиран од аспект на значењето кои во себе


го содржи симболот, кој, се поврзува со една ,,најдлабока и најсуштествена
позиција на човековото битисување,, . Станува збор како со право
констатира еден архитект,за оние ,,полиња,, и ,, точки ,, на егзистенцијата
како што се љубовта, раѓањето, смртта, доброто и злото, духот, , просторот
и времето, свест за случајноста и нужноста, значи за дуалитетот на
судбината,,.
Основната функција на симболот во градот е да ја идентификува
човековата припадност на едено место, или во рамките на групата, во
културна или социјална смисла и, конкретно да ги определи во
континуитетот на просторот и времето и да укаже на неговата вкоренетост
во неговата национална и културна историја.Симболот може да има и
вонвременска димензија, може само да укажува на нешто кое е изгубено
длабоко во минатото, својствено за културата на луѓето кои одамна
изчезнале, но останало врежано во сеќавањето на многу генерации. Градот
ги складира симболичките вредности, го дефинира нивното значење во
општата претстава за местото која со себе ја носат неговите жители.
Симболот го дефинира местото на поединецот во просторот и идентитетот
на човекот го бара во идентитетот на местото, кој не се базира само на
апстрактната просторна структура, која на човекот му обезбедува физичка
ориенатација, туку врз конкретен квалитет на надворешниот свет кој е
втиснат во човекот преку неговите конкретни особини. Просторот е разбран
како систем од места, а местото е изразито конкретно по неговите

!44 !44
квалитативни карактеристики, а и по тоа што поседува сопствен карактер
кој е втиснат и е актуелен предмет на човечката идентификација.

Идентитетот на градот:просторноста на мултикултурализмот

Кога говориме за тоа колку Скопје е препознатливо од страна на


сопствените граѓани е интересно прашање од аспект на идентитетот на
градот. Едно истражување , пред неколку години, покажа интересни
резултати , кои денес кога би би било направено, барем што се однесува на
Центарот на градот сигурно дека нема да даде слични резулати, но во
некои аспекти многу работи во тој контекст не се променети, барем што се
оденсува до оние подрачја/населби кои се вон централното подрачје на
градот. Прашањето за идентитетот на населбата, во која живеат скопјани
или градот како целина, не упатува на состојбата која говори за постоењето
на симболи, кои претставуваат репери за препознатливост на еден простор.
Нормално е ако во населбата постои некој дел кој се издвојува од другите
по тоа што е уреден, постои една хармонија меѓу елементите,без разлика на
нивната намена, потоа објекти кои имаат симболичко значење (споменици
на културата) тогаш местото лесно се запаметува, тоа се претвора во знак
на препознавање, со што се стекнува со идентитет и значење од кои извира
и неговата привлечност за луѓето.
Идентитетот на едно место се обидовме да го откриеме посредно. Имено,
дали испитаниците можат да посочат некое место (дел од населбата) во која
живеат кој за нив нешто повеќе значи од другите делови; само секој петти
одговорил позитивно, дека такви места има и дека често ги посетуваат, а
повеќе од половината сметаат дека нема такви места, кои со задоволствоби
ги посетиле. Само околу 1/3 од испитаниците се во можност да наведат
конкретно за кое место (објект) се работи, без разлика дали тоа навистина
има таква вредност, како на пример името на некоја новоотворена кафеана
ислично

!45 !45
Создавање на претпоставки во организацијата на просторот и
општеството за оптимален , здрав и одржлив град.
Скопје на почетокот на дваесет и првиот век

Одржлив град или одржливоста на градот, е тема која денес претставува


предизвик и треба да биде во основата на секое сериозно размислување
за иднината на градот. Секоја планска активност во голема мера е
предизвикана од идејата за одржливост на градот.

Што е суштината на концептот на одржливост и кои се основните


подрачја каде можеме да го лоцираме неговото значење во
градоградителството?

➢ Концептот на одржливост претставаува комплексна структура на


односи, меѓувлијанија и значења на елементите кои ја
детерминираат целината на човековиот живот и неговиот однос
спрема природата, но и односите внатре во општеството и
институциите.

➢ Суштината на поимот “одржливост” упатува на одржливост во однос


на потребите на идните генерации. Одржливоста не ја доведува во
прашање иднината на човештвото во смисла на уништување на
природата и нејзиното неконтролирано користење. Таа значи пред се
штедливо располагање с о необновливите ресурси, но и
воспоставување на односи во заедницата кои ќе значат
порамноправна распределба на ресурсите меѓу богатите и
сиромашните, во секој поглед. Тоа упатува на фактот дека
одржливоста содржи начела и принципи кои се сосема конкретни и
применливи во секој поглед и на секое ниво, вклучувајќи го и развојот
на градот што од непосредн интерес на планиарњето. Сферата на
колективната потрошувачка , решавањето на стамбеното

!46 !46
прашање, инфраструктурата и многу други дејности и сфери се
дел и цел на одржливиот развој на градот.

➢ Одржливоста во развојот на градот претпоставува разбирање и


прифаќање на консеквенците кои произлегуваат од принципите на
една заедница, но и тоа да се биде свесен за ефектите од
сопствените акции за следните генерации. Од таму произлегува и
основното барање на секоја акција:
• Што може да направи оваа генерација за да не ја загрози
иднината на следната која доаѓа?
• Како градот да функционира по принципите на добриот живот,
богатиот човек, среќниот човек, што би било доволно гаранција
дека генерациите кои доѓаат нема да се соочат со изградена
средина која ќе биде непријателски насочена према нивните
интереси, поттреби и добриот живот.
• Дали е можна нова етика на живеење која ќе значи
надминување на разликите кои се неприродни разградувачки
кои ги дезинтегрираат луѓето, кои ги прават несреќни и отуѓени,
нетолерантни и поделени.
• Градот каков денес го пзнаваме и живееме не остава место за
оптимизам дека идните генерации ќе бидат позадоволни и
посреќни од генерациите кои денес живеат .
• ГУП е идеална прилика да ги потенцира главните компоненти и
стандарди на одржливост во сферата на урбанизмот, да
предложи стартегија за нивна доследна примена и можности за
постојана надоградба. .

Одржливоста на градот значи процес на формирање на заедница од


повисок степен на организираниост и ефикасност во смисла на:

!47 !47
• јакнење на интегративните компоненти како што се толерантноста и
разбирањето на разликите и воспоставување на вредности кои
значат повисок степен на разбирање.
• Но, и порамнерна и порамноправна распределба на добрата и
повисок стандард за голем дел од популацијата која денес се соочува
со проблем кои главно произлегуваат од тоа што се живее во услови
кои не се поволни и се штетни за луѓето.
• Овде се мисли пред се на загрозувањето на животната средина,
решавањето на стамбените проблем, подобрување на условите за
живот кои произлегуваат од опременоста на населбата, ефикасниот
транспорт , кои главно ги погодуваат сиромашните слоеви од
населението.

Концептот на одржливост значи и воспоставување на врамнотежен


развој на четири групи на фактори: еколошки, економски ,социјални.и
етнички.

➢ Еколошки фактори. Сеуште не постои свест за тоа што значи


еколошки одржлив град;

➢ Економски фактори. Што значи економски одржлив град,


сеуште лутаме меѓу можноста и нужноста.

➢ Социјални фактори. Урбаниот живот е далеку под нормите на


еден достоен живот. Сиромаштијата и загрозеноста на
животната средина се два елементи кои го следат урбаниот
живот .

➢ Етничкиот фактор дирекно упатва на прашањето како е можен


животот во етнички мешаните градови.

Нјаголемиот дел од овие фактори се препознатливи за поголем број од


населбите, се разбира кај некои тоа е поизразено , некои се карактеристика

!48 !48
за целиот град, некои ги погодува само еден дел од популацијата, за што се
потребни навистина сериозни и посеопфатни истражувања.
Општ впечаток е дека кога одржливоста ја доведуваме во врска со
развојот на Скопје, се добива впечаток дека:

❖ градот се развивал спротивно од некои начела на одржливост, што


говори состојбата на поделеност во однос на повеќе параметри , од
кои највидливи се социјалната и етничката, два елеметни кои во
секое време можат да го пореметат нормалниот тек на развој .
• Етничката поделеност , која се смета за една од најважните за
одржливоста на градот може да се разбере и како отсуство на
идеја за Скопје како мултикултурен град, каде нетрпеливоста,
поделеноста ќе ги доведат сите други елементи во прашање ,
а социјалната поделеност на град на судири , нетрпеливости и
поделеноет на оние кои живеат добро , без проблем и во
нивна близина оние кои се во сиромаштија и безнадежност. .

Состојбата во која се најде Скопје, по скоро две децении транзициони


промени на социјален, економски и политички план, проследени со
стагнација и кризи од секаков вид на еколошки план може да се
дијагностицира како грозничава потрага по нови патишта за решавање
нараснатите проблеми,а кои делумно се и резултат на погрешниот
пристап на планиарање. .

На пример, многубројните анализи на состојбите на животната средина,


правени последните неколку години, упатуваат на сознанието кое говори
за висок степен на загрозеност на животната средина во градот Скопје и
во некои поголеми градови во Македонија. Иако не постои систематско
следење на квалитетот на воздухот, водата и почвата, за некои региони
може да се каже дека се енормно загадени, иако мал дел од
производните капацитети на индустријата се во функција

Неизбежен предуслов за одржлив урбан развој, присутен во многу


документи на ЕУ е содржан во следното:

!49 !49
➢ балансиран, прифатлив и правичен економски развој кој обезбедува
урбана ревитализација и реконструкција;

➢ заштита на ресурсите на просторот и негово најрационално


користење , давање на предност на пренамена и интензивно
користење на недоволно искористеното и напуштено урбано
земјиште ;

➢ воспоставување на функционални врски помеѓу руралното и


урбаното подрачје;

➢ создавање на услови за интензивно користење на просторот преку


рационална организација, ефикасност и достапност на јавните услуги
и подигање на квалитетот на живот;

➢ мешовита намена на земјиштето која се смета за предуслов за


минимизирање на непотребната подвижност на корисниците ( место
на живеење-работа-услуги-забава-култура);

➢ висококвалитетна инфраструктура, јавен транспорт особено до


подалечните населби ,грижа за слободните простори од
нерационална пренамена и сл.

Прашањата кои денес се поставуваат, по изминатите дваесетина години


драматични прилагодувања кон новите услови, не само на планот на
економијата, туку воопшто и во другите сфери на општествениот живот го
постави очекуваното прашање за влијанието на реформите врз
карактерот на заштитата, односно во која мера тие реформи позитивно
се одразија врз целокупниот систем на заштита. На кој начин економската
трансформација на сопственоста и стопанството воопшто изврши
влијание врз заштита и подигањето на свеста за заштита на животната
средина.

!50 !50
Нашите согледувања на концептот на одржливост на градот или
поконкретно за можностите на воспоставување на „одржлив град” а се
во функција на Планот главно се однесуваат на следното;

➢ крактеристиките на главните актери на заштитата, односно на


состојбата на човечките ресурси, вредностите, свеста, идеите
знаењето , интересите социјалната енергија,

➢ функционирање на институциите, стопанските организации на


планот на заштита, проценувани низ призмата на јавното
мнение на граѓаните.

➢ степенот на чувствителност на главните актери кон заштита на


животната средина во градот.

➢ вредносната компонента на актерите на заштита на животната


средина, еколошкото знаење и однесување.

Истражувањето на еколошката свест и нејзините основни карактеристики,


од социјален, психолошки, социолошки и други аспекти ги покажува
основите на одговорноста на индивидуалното и колективното делување,
односно покажува килку поединецот е подготвен за делување.

Анализата на влијанието врз урбаната средина е главно мотивирано


од неколку претпоставки:

➢ превземање на одговорноста за заштита на животната


средина

➢ секиој човек треба да ги ужива благодетите на здрава животна


средина

➢ просторот може да се користи без да се упропастува,


деградира и без ризик на здравјето на луѓето

➢ постојано да се подобрува квалитетот на стандардот на


живеење кој произлегува од состојбата на животната средина

!51 !51
За остварување на овие важни цели потребно е да се направи
следното:

➢ треба да се идентификуваат главните субјекти кои


придонесуваат за загрозување на животната средина во градот.

➢ главните актери на заштитата мора да превземат активнсти кои


ќе значат во секој поглед подобрување на животната
средина.Тие мора да станат свесни за сложеноста на
ситуацијата во која се наоѓа животната средина. Потребни се
заеднички планови за дејствување. ГУП е стартешки документ
во таа насока. Тој мора да ја потенцира важноста на
урбанистичкото уредување во насока на здрава средина за
живеење.

➢ потребно е организирана активност од страна на невладините


организации за заштита на средината. Пасивниот однос на
еколошките друштва, одсуството на јасна визија и осмисленост
на активностите само го потикнува бирократскиот однос на
институциите .

➢ неопходно е да се започне со -планирање на еко-населби ,


особено во приградската зона и да се спречи секоја
деградација и загрозување на животниот простор.’

➢ Здравата животна средина и нејзината заштита,


претпоставуваат воспоставување на еко-стандарди кои
најмногу придонесуваат за нејзиниот квалитет.ГУП- от е
добра основа за тоа.

Последици од просторната сегрегација на насленито во грaдот во


однос на етничките и социјалните карактеристики.

!52 !52
Мотивите за сегрегација можат да бидат најразлини:; Од желбата да се
живее изолирано, или да се бара сигурност или да се живее во делови кои
се најповолни за здравјето налуѓето.Не сме далеку од вистината ако кажеме
дека и денес, како и во далечното минато, мотивите на луѓето за
сегрегација, во една формална смисла, останале непроменети, се
променило нивното содржинско значење. На пример, потребата за
сигурност и денес луѓето ги тера да се населуваат или да ги напуштааат
оделни делови од градот; богатите и денес не се чувствуваат сигурни во
непосредна близија на сиромашните, или припадниците на некои етнички
групи најсилниот мотив за напуштање на еден дел од градот го оправдуваат
со чувството на несигурност ако во нивна непосредна близина живеат
претставници од други етнички групи према кои имаат развиено предрасуди
и воопшто негативен став.
Интересни се истражувањата за тоа на примерот на Скопје, но скоро
и да нема некое посериозно во смисла како да се надмине
ситуацијата , едноставно да запре процесот на поделба на градот.

Кога говориме за карактеристиките на етничката кохезија а при тоа го имаме


предвид градовите кои што се слични на Скопје, на прво место доаѓа до
израз нејзината препознатливост на ниво на соседство, не во смисла на
концентрација на членовите на една етничка група во неговите рамки , за
тој дел да биде поистоветен со посебна етничка група.
Втората димензија на етничката интеграција, е содржана во заедничките
интереси и корист кои ја имаат членовите на една етничка група, кои живеат
во непосредна близина, како што е чувањето на децата од соседите кои
живеат во непосредна близина, вработувањето кај блиските роднини кои
развиваат мали бизниси.

Што покажуваат бројните истражувања , правени на пример на многу


градови , вклучувајќи и истражувањата на Скопје. Што можеме да
констатираме, и која е неговото значњење за планирањето.

!53 !53
Прво, станува збор за сложени процеси кои се поврзани со промените на
социјалната структура од една страна и просторната организација на
елементите од друга, под влијнаие на:

1.Економските,

2.Демографските,

3.Етничките и

4.Социјалните фактори.

Во ситуација во која градот брзо демографски и просторно се зголемува и


шири се случува нова прераспределба на социјалните и етнички групи:
Еконоимски моќните групи секогш биле, и тоа во иднина ќе бидат, во
ситуација да ги окупираат најатрактивните делови и делови од
градот за бизнис и живеење, делови кои носат најголема економска
корист и се најздрави за живеење.

Градот е динамична , социјална и просторна стварност, каде


непрекинато се менуваат структурата и квалитетот на неговата
просторно- социјални компоненти, преку постојана промена на
составот на населението во социјален, економски и етнички поглед,
во однос на одалеченоста на центарот, еколошките вредности,
историското јадро, ако е доволно разиено и претставува важен
сегмент во животот на неговите граѓани.

Второ,општествените класи, претставуваат” најтрадиционалниот”


и ,,најстабилниот"облик ( причина ) на социјалната сегрегација, тие
сами по себе и за себе навистина значат најголем можен облик на
разлики внатре во општеството

Трето, еничката сегрегација, и покрај тоа што го губи значењето со


појавата на индустрискиот град, сепак и понатаму учествува во
профилирањето на просторната и социјалната организација, заедно

!54 !54
со другите фактори , особено со економските фактори и во услови на
интензивни имиграции со население од други средини кои се
разликуваат во степенот на економски развој и што е уште позначајно
кои се разликуваат во етнички и културен поглед. Скопје во тој
поглед е класичен пример. Анализата на демографските
промени и процеси јасно говори за тоа.

Но, дали натпреварот за класните позиции во една мултиетнички урбана


средини, каква што е Скопје, ќе доведат до потиснување на етничкото,
поради унификација на класното, тешко може да се претпостави кога
станува збор за Скопје. Процесите кои се случуваат последните дваесетина
години и кои недвосмислено упатуваат на еден позабрзан процес на
етничка сегергација не говори во прилог на таа теза. Етничкиот зонинг се
чини дека е комплексен, не е доведен во прашање од социјалната
диференцијација внатре во групите, и без разлика ан економскиот статус на
семејството , тоа останува и понатаму да живее во близинана ,, своите,,.

Интересот на резиденцијалната сегрегација за планерите произлегува од


неколку аспекти:
Пред се, таа го отвора прашањето за социјалните нееднаквости во
с ф е р ата н а д о м у ва њ ето , к а к о ед е н од н а ј з н ач а ј н и те и
најнеправедните и најнепожелните нееднаквости кои се присутни во
градот, односно го поставува прашањето за постоењето на
сламовите, болните места во градовите во демократските општества.
Прашање е како да се делува запуштените делови станат поздрави
за живеење, како дасе намалат разликите во квалитетот на живеење.

Сфаќањето за мултикултуразмот, како ,,идеал за складен соживот на


различни етнички и културни групи во рамките на едно плуралистичко
општество,, многу повеќе се однесува на ниво на секојдневниот живот на
човекот а многу помалку на глобално ниво, во односите на државата кон
етничките групи или политиката на меѓуетнчките односи. Во таа смисла

!55 !55
мултикултураизмот може да биде разбран и како тоа некои го
нарекуваат ,,комши - капиџик,, , една слика за дијалог на тие што делат
заеднички животен простор.Во ситуација кога имаме силен процесс на
сегрегација, тогаш сигурно дека е пореметен нормалниот однос на луѓето
со различна етничка , религиска и културна припадност. Во тој контекст , се
чинио дека за Скопје нема многу оптимизам.

П л а н е р и т е м о р а д а н а ј д а т н ач и н к а к о д а се реализира
мултикултурноста во смисла на нејзин просторен израз , како луѓето од
различни култури и етноси се сретнуваат на едно место со намера да
прават нешто заедничко кое ќе ги спојува а не раздвојува, нешта кои ќе
значат подлабока доверба во ,,другиот,, За жал многу малку планерите
мислат градот , мултиетникиот град го направат посакувано место за
живот, не во смисла на поделби , на поделен град , туку место каде ,,
другиот,, нема да го носи печатот на непознат и непосакуван. Некои
простори во Скопје, кои влечат длабоко значење од историјата се
идеални за да ја надминат пердрасудата спрема другите, кои се
различни во секој поглед, но доволно урбани тие разлики ги направат
нормални .

Ако мултиетничноста ја посматраме на глобално ниво, во сферата на


политиката, како дијалог на политичките субјекти концентрирани околу
прашањата на политичките партии кои се борат за власт и државната
политика на решавање на правата на етничките групи, како политика на ,,
признавање" и почитување на разликите тогаш, неминовно се поставува
прашањето за нејзиното влјание врз формите и интензитетот на социјалните
контакти и воопшто за можностите на меѓу човечка комуникација , особено
во средини со мешовит етнички состав, на ниво на соседство.
Имено, во која мера глобалната политика на меѓуетничките односи влијае
врз не/толерантноста, врз динамиката на етничката сегрегација и
интеграција како две спротивставено тенденции во градот, е централно

!56 !56
прашање кое десетина години се поставува и на кое за жал сеуште нема
одговор од страна на социолозите, а уште помалку се трага по некои
решенија во урбаниот простор за надминување на предрасудите и
стереотипите.
Претставата за ,,другиот" кој е различен од нас ја формираат мас-
медиумите кои се јавуваат како силни медијатори во одбраната на
етничката и културна посебност: кај човекот- поединец, е изгубена
претставта за сопствениот идентитет кој долго време се формирал од
непосредните спонтани контакти со другите, кои биле карактеристични за
луѓето од малиот град. Идентитетот во услови на силно влијание на мас-
медиумите е целосно посредуван од интресите на политички моќните групи
и е целосно ставен во реализација на нивните интереси. Тоа особено
доаѓа до израз во ситуации на отврени етнички судири , кои во краен
случј се претвораат во борба за територии , под најразлични
изговори. Во тие околности доаѓа до драматично будење на
нетолерантноста кон другите , кои се различни во однос на
културата , етносот или религијата.
Сеуште нема доволно сознанија, ни во треоријата ни во практиката,
како во тие услови да се дели еден заеднички соседски простор, како да
се надминат предрасудите и омразата према другиот.

Појавите на засилена сегрегација во етнички мешаните средини е само


реакција на поединецот сопствената сигурност да ја побара во
физичката близина до слични на неговата култура, етнос, религија.
Прашањето кое тука се поставува има суштинско значење за планерите
и за сите оние кои имаат влијание врз идниот развој на градот: што е
она што што има пресудно значење во потикнување на етничката
сегрегација и како тоа да се надмине кога станува збор за еден
конкретен дел ( населба, реон , улица ) во рамките на градот.За жал кај
нас такви истражувања нема, нема ни некои видливи мерки на ниво на

!57 !57
урбаната политика, тоа е табу тема за градската власт.За Скопје
мора во идниина да се отвори сериозна расправа

Сериозноста на расправата за последиците од процесите на сегрегација


врз етничка, религиска ( неекономска )основа сеуште за нашите градови ,
Скопје на прво место, не е започната , особено, за улогата на
урбанистичкото планирање врз нејзиното смирување и доведување во ,,
нормални,, размери. Поконкретно, прашањето : Дали со механизмите на
планот и воопшто стратегијата на планирањето на просторот може да се
влијае врз процесот на сегрегација , односно врз намалување на
поделеноста на населението вопросторот врз етничка основа?
За Скопје е потребна сериозна анализа , базирана врз искуствата од
градови со сличен развој , за последиците кои може да ги предизвика
процесот на поделеност на населението во просторот и да се предложат
мерки кои реално ќе бидат на располагање на субјектите на градската
политика . За жал денес многу малку се знае колку урбанистичкото
планирање може да биде во функција на надминување на некои од
негативните стереотипи за ,,другиот за предрасудите и степенот на
етничката дистанца. Ако луѓето и понатаму продолжат да се делат, како тоа
се прави на пример во образовниот систем, во неформалното дружње, не
постои етничко соседство, а политиката е се повеќе инструментализирана
во насока на етно – политичка мобилизација , тогаш навистина простор за
заеднички живот многу малку останува. Мора да се планира центар за сите
граѓани.Идејата за два центра , еден до друг и колку на прв поглед да
изгледа нормална и рационална , големо прашање е колку ѓе го издржи
тестот на времето и колку во суштина ќае влијае врз иднината на градот.

Квалиетт на живот - животна средина , колективната опрема ,

сообраќај, услуги.

!58 !58
Решавањето на проблемите на сиромаштијата во запуштените населби
започнува уште пред триесетина години и таа главно е третирана по повод
изработката на урбанистичките планови на градот (почнувајќи од 1965 год.)
при што се предвидува нивна целосна реконструкција. За жал, ваквите
активности многу малку вродиле практични резултати. Животот во овие
населби со текот на времето станува се потежок и понеподнослив и од мали
населби, со по некоклку стотина жители во почетокот на седумдесетите
години, денес некои од нив (во централното подрачје на Скопје) достигнаа и
до некоклу илјади жители. Државата и институциите кои беа инволвирани во
процесот на решавање на проблемите на овие населби за изминатите
триесетина години се покажаа сосема неефикасни во решавањето на
проблемите.
Практично, денес немаме искуство на планска интервенција во овие
населби, ни на планот на урбанистичката регулатива, ни на планот на
другите елементи кои нужно ги следат проблемите на овие населби:
етничката сегрегација, преселувањето на населението во други делови и
нивна социјална интеграција. Имајќи го предвид фактот дека се работи за
претежно етнички и социјално хомогено население, секоја интервенција од
страна на државата можела да биде и погрешно разбрана иако, во суштина
таа можела да биде мотивирана и водена од хумани побуди, ситуацијата е
таква каква што е.
Урбаната сиромаштија во Македонија е сложен феномен и за нејзино
решавање се потребни, голем напори и разбирање за луѓето кои се нашле
во нејзиниот круг. За неа е потребна целосна програма која ќе биде цврсто
поддржана од централната и локалната власт. Секој парцијален пристап
нема во суштина да го промени статусот..

❖ Факт е дека запуштените подрачја се најзагрозени во секој


поглед. Имено, станува збор за население кое подолг временски
период е :
• затворено во кругот на сиромашните,

!59 !59
• етнички е сегрегирано и гетоизирано, што на проблемот му
додава уште една голема тешкотија при негово решавање.

Во една информација подготвена од опшинските служби при крајот на


осумдесетите години (состојбите денес не се суштински променети) се
констатира дека само во Скопје локалитети со низок урбан стандард како
пред деведесетите години се нарекуваа овие населби) се формирани во
над 40 локалитети а само во периодот по 1965 година над дваесет и пет
на вкупна површина од 475,55 хектари (Информација за потребите за
изработка на планови за урбана обнова, март 1987 година, Градски
комитет за урбанизам и заштита на човековата средина).

За жал не постојат сознанија што во овој период навистина с еслучува


на просторот на овие населби , освен она што може да се забележи дека
самоволната, непланска интервенција на луѓето продолжува и понатаму,
од што како по правило произлегува уште поголем хаос и во секој
поглед, и на штета на сите.

Нашата анализа покажува дека станува збор за населби во кои живеат


семејства кои претежно, односно над 2/3 се корисници на социјална помош,
а меѓу нив голем е процентот на лица со неоформено основно образование,
со нарушено здравје и население кое е целосно, социјално и културно
исклучено од активностите на пошироката заедница. Сиромаштијата во
овие населби резултира во состојба на екстремна маргинализација која
особено е типична за ромската етничка група.

❖ Запуштените населби во Скопје како и во другите поголеми градови


во Македонија главно се етнички хомогени населби. Овој факт кој
упатува на сложеноста на проблемот во неговото решавање, за што е
потребно многу енергија, разбирање и средства.

За период од неполни дваесетина години (од почетокот на


седумдесеттите до крајотдеведесетите години на дваесеттиот век),
некогашните маала со мали јадра, составени од трошни куќарки од
двете страни на турската калдрма, се претворија во населби со повеќе

!60 !60
десетици станбени единици и повеќе илјади жители во кои целосно се
помеша историјата, традицијата и културата на луѓето кои во потрага
за подобар живот масовно се вгнездија во нив градејќи без план и
хаотично, само да се дојде до „кров над главата” (Ацески, А., 1997 год. ).

❖ Станбен стандард. Најголем дел од станбените живеалишта во


слам населбите, се:

• неоформени,
• субстандардни,
• неопремени,
• импровизирани и непогодни за нормален живот.

Еден дел од куќите се изградени на општинско земјиште што ја усложнува


постапката околу легализирањето на овие живеалишта. Се претпоставува
дека во слам населбите во Скопје секое четврто живеалиште е изградено
без било какви документи за сопственост и надвор од законските норми. На
пример, во населбата Топаана скоро секоја трета куќа не знае до каде се
простира „нивниот плац”. Најголем дел од луѓето не можат да објаснат чиј е
плацот ниту пак кога е градена нивната куќа! Тоа се случува само на два
километри оддалеченост од центарот на градот. Состојбата на почетокот на
даваесет И првиот век се менува кон подобрување на условите , но тоа е
далеку од создавање на нормални услови за живеење.

Еве што е забележано во една студија за состојбата на овие населби.

Нјаголем дел од живеалиштата во Топаана (еден од најзапуштените


сламови во централното подрачје на Скопје) се неоформени што значи
дека им недостига по нешто (или скоро сé, од главните елементи кои
формираат една нормална станбена единица, пример главен влез,
прозор, дневна соба и сл .) Од вкупно 557 станбени објекти колку што
констатирале службениците од Заводот за урбанизам пред десетина

!61 !61
години (состојбата денес е влошена!), 376 се неоформени живеалишта,
скоро секое трето го сметаат за еднособно (со една врата и прозор или
без него!) 14,4 се гарсоњери (што е неразбирливо што се подразбира под
тоа). Според проценките на Заводот за урбанизам над 80 отсто од
објектите се во многу лоша состојба и за нив не постои друг начин да се
подобрат освен да бидат срушени. Над 90 отсто се од слаб материјал,
непечена тула, или од разен отпаден материјал. Досега ниедна власт не
успеа да започне да ги решава проблемите на овие населби...( Ацески А.,
1997).

❖ Населски стандард. Тука станува збор за тоа колку е длабока


сиромаштијата во овие населби а не за тоа дали во нив живее
сиромашно население. Во нив обично недостига по нешто без кое
животот во градот го прави незамислив, како што е , нормална мрежа
на улици, тротоари, регулирани собраќајници кои се опасни за
животот на луѓето кои живеат во нив и сл.

❖ Професионална и образовна структура на населението во овие


населби Најголемиот дел од населнието во овие населби е доселено
од сиромашните региони од државата а еден дел е население кое
има подолг урбан стаж, но поради низа причини останало да живее во
овие населби. Најчесто станува збор за:

• невработено,
• во голем дел неписмено население и
• население со неоформено основно образование,
• кое живее од социјална помош, или
• од некоја активност поврзана со неформалниот сектор,
услужни дејности, работа на пазарите и продажба или
препродажба на разна стока.

!62 !62
❖ Квалитет на живот. Во однос на квалитетот на животот, главни
карактеристики се нередовната и недоволна исхрана, депресијата,
разни болести. Факт е дека луѓето од сламот се соочуваат со тешки
проблем во многу сфери од секојдневниот живот

Сосема малку конкретни сознанија имаме не само за Скопје туку и за


другите градови во н ашата држава и затоа општите сознаија се чини дека
се значајни за секој град, кој е сличен на Скопје .

Во дефинирањето на степенот на консолидираност на урбаната структура


на подрачјето на градот се препознатливи претежно хомогени урбани
единици према физичките обележја , уреденоста и изграденоста на
просторот.

Во однос на степенот на консолидација градскиот простор може да се


подели на ;

➢ Високо консолидирани подрачја/делови, кои ги карактеризира


голема урбанистичка и архитектонска детерминираност и
квалитет. Во овие делови е потребен висок степен на
контрола, минимални интервенции, тоа се делови кои се
заштитени , потребно е да се задржи нивната вреднoст.

➢ консолидирани подрачја/делови кои се урбанистички и


архитектонски дефинирани и преставуваат квалитетни делови
за живеење , постојат мали можности за промени;

➢ нискоконсолидирани подрачја/делови, кои се во фаза на


трансфоармација , урбанистички се недефинирани , некои ја
очекуваат потребната санација;

!63 !63
Конкретно во што е содржана идејата за здрав град?
За сите градови кои пристапиле кон реализација на проектот --
движењето,,Здрав град", неколку елементи се карактеристични.

❖ Прашањата кое се поставуваат во рамките на ГУП се однесуваат на


улогата на институциите кои се одговорни за неговата реализација во
оние сегменти кои дирекно се поврзани со здравјето на луѓето: во
која мера интервенцијата во просторот, од било кој вид, го загрозува
здравјето , и дали може секоја позначајна интервенција во
просторот да се проценува од тој аспект. Пред се, како и за секој
голем проект или идеја потребна е голема посветеност.

❖ Идејата има комплексна , холистичка природа во која влегуваат


многу елементи , практично се она што значи спречување на болести
кои се резултат на многу фактори кои се поврзани со организација на
просторот, да биде свесен за нивното дејство и биде спремен да ги
спречи.

А тоа може да се направи со реализациј на програми во оние подрачја кои


дирекно се поврзани со домувањето, со животната средина, социјалните
служби, кои дирекно произлегуваат од политичките одлуки на градската
власт.ГУП е идеална прилика да се дефинираат стандардите за здрав гард.
Без сосмнение тоа нужно претпоставува активно учесто на граѓаните не
само во реализација на активностите туку и во н и в н от о
осмислувањето.Прашања во тој контекст има многу , посебно во оние
сегменти на подготовката, донесувањето и реализацијата на планот, кога
учеството на јавноста, гтраѓаните, стручните здруженија се минимизира до
нивна целосна исклученост.

Формирање на идентитетот на градот во услови на глобализација


и европеизација

!64 !64
Како сложен социјален и симболички организам, во чиј состав влегуваат
мноштво елементи, градот никогаш во неговата историја не бил еднозначен,
монокултурен туку, секогаш претставувал, ,,збир на различни светови,, кои
секогаш формирале сопствен свет на симболи, со ограничено значење и
вредности, но секогаш како вредности и симболи на градот како целина која
егзистирала во нејзиното апстрктно значење. Човекот поединец секогаш го
доживува градот на ниво на соседство, на ниво на квартот или населбата ,
улицата, на својата улица , а многу помалку имал претстава за градот како
целина. Тоа особено се однеува за големите градови, за кои практично е
невозможно поединецот да формира една можна претстава на ,,градот како
целина". Од социолошки аспект градот ,,како целина,, постои само како
симболичка екстерна презентација, која многу тешко се презентира и
контекстуализира. Со право забележуваат социолозите ,дека целината на
градот не се вклопува во “методот” на емпириското искуство; тој се
доживува и проживува на ниво на апстракција на целината или симболички,
како голем или мал, стар или млад, простран или збиен и слично
За реализација на интеграцијата на поединецот во урбаното потребен е
простор за комуникација кој нема само квалитети кои произлегуваат од
неговите физички особини ( големина, опременост) кои комуникацијата ја
прават нормална, туку простор кој е исполнет со значење, кој привлекува и
збогатува, кој говори за местото во неговото историски значење и актуелна
вредност, и од каде произлегува чувството на исполнетост, задоволство,
интегрираност. Значи, просторот не е празен, туку исполнет но без значења
и симболи, но и исполнет со ,,дух на место,, кое повикува на средба,
разговор преполно со значење и симболи.
Во услови на разнебитена урбана форма, која е непрепознатлива во однос
на околината, со слободни простори кои не се места за спонтана средба ,
ниту пак плоштадот е место на слободни простори каде се реализира
контакт на луѓе кои имаат потреба од други луѓе кои се слични на нив; тоа е
сериозен сигнал дека градот го изгубил значењето на ,,место"кое има своја
структура и свое значење за неговите жители.

!65 !65
Кевин Линч тоа на надобар начин го покажал на примерот на американските
градови во сферата на човековата ориенатција во просторот, читливоста на
градскиот пејсаж и емоционалната сигурност како важни елементи на
остварувањето на интеграцијата во социјалната средина .
Пред се човекот мора да знае како да се ориентира во својата околина, да
го лоцира местото на домот- центарот на сопствениот свет, од каде тргнува
во освојување на останатиот свети и каде секогаш се враќа, ментално и
физички и од каде ја мери секоја точка во просторот и во времето. Ако таа
ориентација е исклучиво од практични причини тогаш домот ја губи
антрополошката суштина за човекот и тој се претвора во потреба за
склониште без вреднот на средиште на животот. Тоа во голема мера се
однесува и за Центарот на градот која ја мери човековата идентитетска
позиција во урбаното во смисла дека Центарот е во суштина она што е
градот, Центарот и градот с едно исто!
Читливоста на градот, според Кевин Линч, е во функција на
идентификацијата на местото ,,читлив,, град е оној чии делови или белези
или улици лесно се распознаваат и идентификуваат, при што тоа лесно се
склопува во една единствена целовита слика.
Следната значајна карактеристика за ,,добрата слика на нашата околина,, е
содржана во потребата за емоционална сигурност, која ни овозможува да
воспоставиме хармонични односи помеѓу себе и надворешниот свет. Тоа е
состојба која е спротивна на состојбата на изгубеност и дезориентација во
просторот во која може да западне човекот. Иако, животот сеуште е далеку
од тоа да биде невозможен поради визуелниот хаос на современиот град,
сепак останува вистината дека исти секојдневни активности би можеле да
добијат смисла ако ги извршуваме во некоја средена околина.
Потенцијално градот сам по себе е моќен симбол. Ако е и визуелно добро
создаден, тогаш тој може да има силно изразена смисла, смета Линч.
Прашањето: Дали градот може да биде доживеан како целина, односно да
се создаде една слика за градот, Линч не ја наоѓа во неговите истражувања
на американските градови но ја претпоставува таа можност, кога градот се

!66 !66
појавува како значајно и добро скроено место ,, за собирање и организација
на многу разновидни активнсти; во таа ситуација тој навистина може да се
доживее како нешто кое е богато со симболи и кое остава длабоки траги во
сеќавањето на секој човек.
Социолошките истражување на значењето на симболиката на градот се
малубројни и тие упатуваат на неколку значајни сознанија ; дека градот се
доживува како збир на повеќе или помалку различни делови, а тоа особено
се однесува за поголемите градови, и дека тоа најчесто се прави на
локално ниво, во смисла на ,, моја улица,,, ,,мој дел од градот,, што е
проблематично за новите наслеби кои се практично без симболи и во кои
луѓето се чувствуват осамено и изолирано, а населбата е безимена и без
идентитет. Дали во нив може нешто да се направи во насока на формирање
на нивниот идентитет, и како тоа да се направи е тешко прашање без
конкретни истражувања на длабоката носталигија за простори кои ќе им
овозможат идентификација со својата средина,, Колку се во право
социолозите кога велат дека тоа може да се постигне со комбинација на
мали и големи градби, простори во кои човек, ако не цело време тогаш
барем дел од времето, може да го почувствува амбиентот кој ќе му ја
олесни сопствената идентификација.

Квалитетно рангирање на целите

Еднен од најголемите приоритети на урбанистичкиот план е како да се


намалат негативните ефекти од животот во градот, како резултат на
карактерот на урбанизацијата, со мерките на урбаното планирање градот
се претвори во пристојно место за живеење .

!67 !67
Планот мора да понуди реални решенија кои за еден разумен временски
период ќе ги санираат последиците од неразумната урбанизација и
развојот на градот ќе го врати на нормалниот колосек, за кој
задоволувањето на основните потреби за најголемиот дел од
градската популација ќе се најде на прво место.,

Една од целите на ГУП е да го дефинира развојот на градот, пред се во однос


на регионот на кој припаѓа и пошироко во однос на соседните градови,
(Куманови, Велес и Тетово) и со тоа и градот во развојот на економијата и
општеството во целина.

Тоа значи дека планирањето и свесното - рационално дејствување, на прво


место ги става интересите и потребите на граѓаните и градот го третира како
целина што е особено видливо во:

➢ ефикасна организација на сообраќајот,

➢ заштита на животната средина,

➢ формиарње на свест за одржлив град,

➢ подигање на квалитет на инфраструктурата и задоволување на


потребите ,особено во недоволно урбанизираните делови,

➢ смирување на процесот на етничка и социјална сегрегација,

➢ создавање на претпоставки во урбанизмот и уредувањето на


просторот за функционирање на мултиетничноста во градот

➢ формирање на идентитетот на градот како целина и на поедини


делови, особено на центарот на градот,

➢ ефикасна организација на елементите во просторот,

во функција на потребите на граѓаните.

!68 !68
Проекција на развојот на градот - квалитет на живот, домувањето
, сообраќајот, функционирањето на градските институции

!69 !69
Факт е дека квалитетот на живот не е само економски проблем, како што не
е нити социолошки или урбанистички туку станува збор за повеќе
димензионален феномен со:

• економски,
• социолошки,
• културни,
• етнички и
• демографски димензии, и
• урбо-планерски, барем со еден или неколку важни сегменти.

Квалитетот на живот во исто време е и причина и последица, и состојба


и процес, сплет на околности кои се провлекуваат од минатото , но и
резултат на новите околности и веројатно уште долго време ќе
претставуваат сериозен проблем за за мнозинството во градот. Особено
тоа се однесува на состојбите на запуштените( нехигиенски ) населби
во кои е вгнездена најтешката форма на сиромаштија, која не е пожелно
да се анализира само на микро ниво, или како жртва на глобалната
политика во изградбата на градот.. Квалитетот на живот треба да биде
разгледуван на глобално ниво на развојот не само на градот туку и на
општеството во целина. Тоа значи дека на пример не станува збор само
за семејството, или за поединците кои можат лесно да се извлечат од
кругот на сиромаштијата, ако им се обезбеди доволно храна и облека и
колку-толку нормално живеалиште, односно неопходни претпоставки за
живот, туку вработување и интегрирање во пошироката заедница.
Решавањето на сиромаштијата претпоставува глобален зафат.
Урбанистичкиот зафат е само еден сегмент кој значи подобрување
на условите во населбата и стамбениот стандард.

➢ Урбаната сиромаштија во запуштените населби е најтешкиот облик


на градската сиромаштија и на сиромаштијата воопшто.

!70 !70
➢ Тоа е оној дел од популацијата која во секој поглед сурово ги
доживува ударите на сиромаштијата, какви што се :
• невработеноста како еден од облиците на исклучување од
сферата на трудот и обезбедување на материјални средства на
еден достоинствен начин,
• станбената загрозеност како еден од најтешките облици на
нарушување на човечкото достоинство со тешки последици по
здарвјето на човекот,
• културната и социјалната исклученост од пошироката заедница.

Не станува збор само за економска загрозеност, туку за една


состојба на исклученост од животот во заедницата.

Урбаната сиромаштија, во однос на степенот на социјалната, стамбената,


културната загрозеност и исклученост од градската заедница можеме да ја
поделиме на три категории и тоа:

➢ Во првата категорија се наоѓаат оние кои живеат во населби и


живеалишта за кои не постои можност за осетно подобрување на
животот ако не се преземат радикални зафати во елиоминирање на
нездравите услови за живот главно поврзани со неадекватните,
субстандардни живеалишта. Населбите се:

• целосно руинирани, и запуштени во секој поглед --


урбанистички, просторно-физички, со крајно лоши станбени
услови,
• импровизирани, често и без елементарна инфраструктурна
опрема или неадекватно изведена,

!71 !71
• без населска инфраструктура, нормални улици и тротоари
често загрозени од сообраќајот, што значи и еколошки
загрозени.

Типичен пример за ваков на населби претставува населбите од


типот на Топаана (во центарот на Скопје, делови од Шуто Оризари
и десетина други локалитети со низок стандард) за кои е заедничко
тоа што за нив е неопходна брза интервенција во нивно санирање.
Одговорот на прашањето за тоа како да се решат проблемите на луѓето од
сламот, кои се длабоко зафатени во кругот на сиромаштијата не е лесен и
едноставен. Нивната сиромаштија е тотална, пристапот кон нејзиното
решавање претпоставува мерки на една сеопфатна политика, која длабоко
навлегува во сите сфери на нивниот живот,:
• обезбедување на постојана работа,
• подобрување на станбените услови
• интегрирање во социјалниот, културниот и политичкиот живот во
пошироката заедница.

Тоа е долготраен и скап процес кој претпоставува и многу воља и


знаење од страна на државата и цивилното општество.
Урбанистичкиот план мора да ги идентификува, и вклопи во
стартегијата за решавање на нивната состојба , пред се преку
нивна санација, ревитализација и целосно отстранување.
Стартегијата за решавање на нивниот проблем, претпоставува неколку
конкретни препораки кои би требало да бидат вградени во урбанистичките
планови;

❖ дефинирање на статусот на овие населби низ систем на


п р е ц и з н и и н д и к а то р и н а е к о н о мс к и , с о ц и ол о ш к и ,
урбанистички , правно-нормативен и политички план. За
Планот се значоајни урбанистичките индикатори.

!72 !72
❖ дефинирање на целите на урбаната политика во насока на
формирање на наменски фондови кои исклучиво ќе бидат
насочени кон решавање на статусот на овие населби;

❖ активности за вработување (самовработување,


самопомош) отвоирање на разни сервисни услуги во
населбата, за што е потребна и урбанистичка
регулатива

❖ Вториот тип на урбана сиромаштија е просторно лоциран во:


• приградските населби,
• ја сочинуваат главно имигранти од село најголем дел
в р а б о т е н и ( д о д е в е д е с ет и т е г о д и н и н а м и н а т и о т
век)воиндустријата на градот;
• најчесто на ниско платени работни места, од кои денес добар
дел се надвор од редовен работен однос и во најголлем дел
жртви на транзицијата на стопанството на градот.
• Ова население во најголем број во сопствена режија го има
решавано станбеното прашање на периферијата на градовите,
а особено тоа е видливо во скоро сите поголеми градови и
Скопје како главен и најголем град во државата.
• Изградбата на станбените живеалиште најчесто е надвор од
урбанистичката регулатива, станува збор нелегални градби, на
земјиште кое сеуште не е правно регилирано, тие не се
признати од градските власти, немаат карактер на легални
градби и во нив практично не е вложувано од страна на
д р жа вата н иш то з а под о брува ње н а н а сел ск ата
инфраструктура.

Приградска сиромаштија - или како со мали напори да се


дојде до пристоен живот

!73 !73
Основните претпоставки во политиката за намалување на
сиромаштијата во овие делови од градовите се базираат на следното:

❖ Прво. во дооформување (изградба) на потребната населска


инфраструктура и легализација на бесправно изградените објекти со
што тие ќе станат рамноправни со останатите делови на градот и ќе
имаат право на користење на градските фондови.Дел од овие
активности се во тек.

Овие постапки се планирани во рамките на урбанистичките планови, со


една јасна препорака, кој треба да биде вградена во планот, дека :
• приоритет при изградбата на градот треба да добијат оние
делови кои се најзапоставени во досегашниот развој, на кои им
недостига по некој важен елемент на урбана комунална
инфраструктура или социјална .
• Тоа може успешно да се реализира во рамките на
• подготовката на урбанистичките планови .

хабитат за хармоничните градови


Најголемите предизвици на светот последниве години, сиромаштијата,
природните катастрофи и растечките цени на храната и на горивото, имаат
голема врска со брзата урбанизација. Урбанизацијата засекогаш го менува
начинот на кој ја користиме земјата, водата и енергијата. Ако процесот
добро се сработи, може да им помогне на луѓето подобро да живеат. Ако се
сработи лошо, ја намалува безбедноста, ја уништува средината и ја
забрзува маргинализацијата на оние што веќе страдаат.. Нашата брза
урбанизација не може да се нарече хармонична ако жителите на
сиромашните населби не ги уживаат привилегиите за наоѓање работа и за
подобрување на нивните животни услови

!74 !74
❖ Второ. Основите на стартегијата на планирањето, мора да претрпи
суштински промени во смисла на акцентирање на оние делови од
градот во кои живеат депривилегирани градски слоеви, а
урбанбизмот е „идеално“ поле за намалување на разликите .

Загрозување со градење.
Реформите во транзицијата предизвикаа сериозни нарушувања и
недоследноси во процесот на стратешкото планирање, поконкретно
помеѓу националното, регионалното и градското ( општинското) ниво .
Се зоздаде еден факум во планирањето, кој созаде дополнителни
проблеми во изградбата на градот, кој долго време беше надвор од
почитувањето на правилата за градба својствени за големите
градови.Успешноста на имплементација на новите стратешки и плански
решенија, за кои впрошем и не постои согласност, во голема мера зависи
од способноста на локалната админиострација .
Процесот на девастација и загрозување на просторот се шири. Причини
за тоа има многу меѓу кои : потиснувањето на творечките потенцијали
кои се заменети со админстративни, долгите епроцесдури околу
издавањето на дозволата за гардба, злоупотреба на положбата на
администрацијата, корупцијата и слично.
Сеуште немаме доволно сознанија за тоа во која мера новата локална
самуправа ( по 2004) организирана со новиот закон ги исполнува дел од
стратешките претпоставки за развој, и во која мера плановите за развој
се во согласност со принципите на развој на град како што се смета
Скопје, за голем град, главен град на джавата, економски центар но, и во
голема мера поделен по сите линии , социјално, етнички, степен на
развиеност и слично.

Управување со градот: осфрт врз начинот на функционирање на


локалната самоуправа

!75 !75
Целта на анализата е да понуди одговор на неколку прашања кои
непосердно се поврзани со управувањето на градот во периодот по
усвојувањето на Закониот за локална самупрва(2004) и Законот за град
Скопје. Искуствата од реализацијата на Законот за локална самоуправа, на
примерот на Скопје не става пред многу прашања на кои се чини дека
задоволителен одговор е невозможен.
Управувањето со градот е сложен процес, особено со главните и големите
градови, а Сјкопје е тоа, каде на едно место се вкрстени интереси, моќ,
власт, богатство, историја, односно се она што еден народ го создава и го
создавал многу години наназад, а сконцентрирано е на едно место.
Нацијата и културата се препознаваат и по тоа какви градови создаваат.
Каде е тука урбана Македонија во периодот на транзиција, последните
петнаесетина години, период на радикални промени, мегу другото и во
сверата на градоградителството. Дали ние воопшто имаме стартегија за
тоа, или, сме слепо водени од стихијата, егоизмот, незнаењето? .
Да се управува со градот, со големиот град , со градот каде живее скоро
една третина од населението на државата и еден поголем дел секојдневно
задоволува по некоја потреба значи да се управува со нешто кое длабоко
навлегува во секојдневието на лугето, она по кое поединецот го препознава
светот околу себе како добар или лош, како уреден или хаотичен, како свет
на среќни или помалку среќни луге.

❖ Несомнено е дека Скопје претставува една голема мешавина на


елементи , во секој поглед, елементи кои настанале во периодот
на предсоцијализмот, периодот на социјализмот и
постсоцијализмот, кои се формирале стихијно, надвор од
планските зафати и цели, елементи кои настаанле како резултат
на една рационална урбана политика, елементи кои се оставени во
време и простор, недефинирани, кои £екаат некои идни времиња ,
делови кои се длабоко зафтени со глобалните промени кои градот
го сместуваат во мрежата на светските градови .

!76 !76
Постојат повеќе причини за промена на постое£киот модел на
управувањето со градот Скопје во насока на нужна
централизација ,рекомпонирање на надлежностите на градот и општините
формирани на негова територија, со засилено темпо на зајакнување на
капацитетот и ефикасноста на институциите , но и на цивилното општество
и демократијата на локално ниво.
Но, пред да ги потенцираме попрецизно прицините за напуштање на
сегашниот и предлагање на нов концепт во кој ќе го вгради управуавњето
на градот од еден центар, да видиме на поширок план , зошто е потребна
промената на концептот, и што всушност се случува со градот во
постсоцијалистичкиот период и време на глобализацијата на градовите
особено на големите градови. Прашање е колку ние стануваме свесни за
тие процеси, колку градовите од типот на Скопје кои се наогаат на
периферијата на развиениот свет се во состојба да се носат со проблемите
но, и предностите кои со себе ги носи процесот на глобализацијата.
За Скопје се потребни анализи ,кои сега ги нема, а кои треба да го покажат
реалното место и значење во рамките на Балканот и колку процесите на
глобализација влијаат врз промената на неговата улога како релативно
голем град.
Одговорот на прашањата од типот: што е она што ќе го трансформира
Скопје во интегриран град во глобалната урбана мрежа на национално ,
регионално и пошироко на европско и светско ниво , може суштински да не
доведе до средиштето на одговорот , мегу другото, за нужноста од
формирње на еден ефикасен систем на управуавње, ако се сложиме со
непобитниот факт дека постое£киот е недоволно ефикасен и неделотворен
во многу работи , по примерот на останатите главни и големи градови од
развиените земји .
❖ Искуството од развојот на Скопје и неговата организација и
управување, од периодот по деведесетите години на минатиот
век, кога Скопје, како и целото општество влезе во период на

!77 !77
транзиција, покажува дека предностите на новиот ситем, перд се
во воспоставување на пазарна економија и повеќепартиски
систем , не само што ја продолжија агонијата и хаосот во
неговиот развој, туку , за жал , на тоа се надоврзаа и многу други
негативни тенденции,кои доведоа до поинтензивна етни£ка
поделеност, поизразени проблеми на основните урбани системи ,
проблеми во транспортот, еколошка загаденост на средината над
нормите за нормален живот и сли£но.

Во овој момент, впрочем како и пред воведувањето на сегашниот ситем на


управување, практично никој не може да ја понесе одговорноста за развојот
на гардот , од едноставна причина што , што скоро и никој нема доволно
ингеренции на управување со целината на градот; или се тие поделени на
повеќе субјекти, што говори за една несоодветна, недоре£ена и противрена
легислатива, паралелизам на надлежности, но и за отсуство на визија,
недоволни извори на финансирање, недефиниран однос кон централната
власт. Сето тоа создава реални претпоставки за понатамошен хаос, пред се
во сефрата на урбанизмот. Тоа говори за нужност од зајакнување на
институциите кои пред себе ја имаат целината на градот , неговите
потсистеми без кои тој не може да функционира нормално. Расцепканоста
на десетина општини, во чиј состав влегуваат и делови од руралната зона,
само го оптоварува и така расеаниот концепт: што е градот Скопје, а што е
негова околина.
Ако се обидеме да направиме анализа за тоа што е карактеристично за
постсоцијалистчко Скопје, што се случувало а тоа биде разбрано како
позитивна страна во процесот на вмрежување на градот во глобалната
мрежа на национално, регионално ниво и пошироко, веднаш ќе се соо£име
со пробелмот да наведеме барем неколку работи,
Скопје наследи состојба на хаоти£на урбанизација, неконтролиран
демографски развој , состојба на етни£ки поделен град, еден долг
временски период инсталирана дисфункционална урбанизација, со

!78 !78
елементи на масовна бесправна изградба и неорганизирано градежно
земјиште.Се создаде еден голем раз£екор мегу растот на градот и
функциите кои треба да ги извршува, што се заедно радикално се
по£увствува во квалитетот на живот на мнозинството на скопјаните, кои со
право, тоа го покажаа неколку истражувања последните неколку години, се
незадоволни од животот. Нивното незадоволство доага и од непобитниот
факт дека градот не функционира како целина : дека некој по нешто прави
, со добри намери , но ефектот врз целината на животот не се £увствува.
Од аспект на секојдневниот живот на лугето , како и од аспект на градот
како неделива урбана средина, секоја парцејализација на ингеренциите,
особено во сферата на управувањето со системите( во секој поглед и во
сите сфери) доведува по правило до неефикасност, до разрешуавње
на ,,оби£ните" проблеми , на проблемите и колку да се тие ,, безна£ајни" и
мали, но кои секојдневно ја формираат целината на животот. Во тие
околности одговорноста се префрла од еден на друг , од една институција
на друга, бенефитите ги собираат оние кои профитураат на сметка на
граганите .
Организацијата на елементите кои го формираат добриот живот на
граганите остануваат заробени во пресметките мегу претставниците на
партиските и интересните парцијални структури : општиот резултат е
упропастување на урбаниот простор за еден подолг временски период , ако
не и засекогаш.
❖ Стамбената изгардба, реконструкцијата на запуштените делови
од централното подра£је, сламизацијата на поедини делови и
отсуство на елементарна урбана инфраструкрура во поедини
делови од централното подра£је, засилено темпо на етни£ка
сегрегација и понатамошна поделба ан градот, отсуството на
визија, нереализација на ГУП и ДУП, нивна измена надвор од
законските процедури, се видлив дел од ,, функционирањето " на
системот на локалната самоуправа , на поделеноста на
ингеренциите на градот и општините, или поконкретно,

!79 !79
паралелизмот, преклопувањето на ингеренците мегу овие два
субјекта на управување.

Несомнено, кога Скопје ќе го анализираме во мрежата на останатите


македонски градови и националната економија во целина , уште повеќе ќе
го зајакне уверувањето, кое оди во прилог на нужната промена на
постое£киот модел на управување со градот.
Градот, во краен слу£ај можеме да го посматраме, во однос на
функционирањето, по примерот на едно претпријатие кое функционира по
принципите на пазарната економија . Неговиот систен на управување мора
да обезбеди ефикасност во обновата на работната сила, на оние кои
реално го формираат доходот или на некој на£ин ,а тоа сите го прават,
користат некои услуги и за тоа плаќаат. Несомнено, се мисли на ефикасен
транспорт, здрава животна средина, снабдување и десетици други потреби и
активности и погодности кои го формираат добриот живот во градот, а во кој
влегуваат и културните потреби, уреденоста на средината, елементи кои
не признаваат вешата£ки создадени граници , виртуелни меги, во една
неделива целина .
Секако дека нужноста од развој на демократијата на локално ниво не ја
поматува претставата за реализација на концепт за една заедни£ка власт
на ниво на градот , обратно, дури би го зголемила нејзиното зна£ење во
оној момент кога градот ќе по£не поефикасно да функционира , кај
граганите ќе се појави поголема желба и волја да биде дел од
демократските механизми на одлу£ување на локално ниво, на ниво на
квартот, за она кое навистина нешто му зна£и.
Ако Скопје го посматраме низ призмата на екномската глобализација , не
сме далеку од вистината ако констатираме дека градот е на периферија на
светските и балканските градови, нема идеја како да ја брендира својата
позиција , како да привле£е капитал, не само во форма на ,, маркет- центри"
и тоа само во строгиот центар на градот, каде ефектите се скоро
незабележливи и на краток рок. Во оваа констелација на односи на моќ и

!80 !80
власт, не станува збор за тоа дали некој има добри намери или не, дали
централната власт греши или не, или тоа е пропуст на градската власт или
пак општините, или некои моќни поединци и групи концентрирани околу
партиите и нивните елити, едноставно, се прави нешто кое никој, не го
осмислува од аспект на целината , ниту тоа може да го прави од аспект на
визија за градот нека тоа биде и за краток рок.

Урбан менаџмент
Во градовите , исто како и во сложените системи на регионално ниво
управувањето преставува голем предизвик за субјектите на урбаната
политика. За управуавњето успешно да се реализира потребни се
неколку важни предуслови , односно управувањето треба да биде:
➢ ефикасно;

➢ делотворно;

➢ правично;

➢ економски оправдано;

Урбаниот менаџмент има шест функции кои ако се добро поставени


и водени обезбедуваат сигурени резулати. Тие се:
➢ маркетинг;

➢ операцинален менаџмент;

➢ информационен менаџмент;

➢ финансиски менаџмент;

➢ менаџмент со човекови ресурси;

➢ организационен менаџмент;

!81 !81
Локалната власт без разлика дали станува збор за населба, мал ,
голем грaд или регија треба да биде одговорна за шест meѓусебе
поврзани градски сектори:
➢ градско земјиште;

➢ животна средина;

➢ инфраструктура;

➢ домување и јавни услуги;

➢ економски развој и

➢ општествени услуги;

Основна задача на менаџментот претставува подигање на


конкурентноста на градот на регионално и глобално ниво ,
воспоставуавње на еднакви (правични ) услови за сите и остварување на
прифатливо ниво на одржливост. А тоа се постигнува со:
➢ акционо или стратешко планирање , во кое граѓаните имаат
активна улога ;

➢ користење на модерна технологија и информациони системи;

➢ потикнување и вклучување на иницијатори на идеи , од фаза на


нивно формирања до фаза на реализација.

(Според : Leman, 1994; Cambell, 2004)

Факт е дека денес во светот се слу£уваат процеси на формирање на


транснационални урбани системи, каде големите градови играат главна
улога. За Скопје сеуште е нејасна улогата на национално ниво од повеќе
аспекти а секако тоа не може да го направи и од при£ина што градот не
може прво да ја дефинира сопствената улога внатре во скопскиот регион , а
потоа во поширокиот, на тромегето со Велес, Куманово и Тетотво и на крај
во национални рамки и на ниво на Балканот.

!82 !82
При£ините што неговата улога на генератор на развојот на Македонија не
се £увствува се комплексни, има и мислења дека градот е голем товар за
националната економија, голем број на невработени, висок процент на
неквалификувана работна сила, град на дива изградба, и замрена стамбена
изградба, запуштен центар, кој во овој момент интензивно се гради а со
амбиција да решава проблеми на десетици села околу него кои немаат
елементарна инфраструктура.
❖ Кој е одговорен? Градската власт сигурно не е, локалните власти
уште помалку, централната власт по правило ја бараат на друго
место? Навистина никој не е одговорен. Се разбира секој вле£е
некои потези, интересите се бранат на сите нивоа, сите
работаат под плаштот на интересите на граганите, за
проблемите секој секого обвинува, нема кординација, нема целина,
нема визија, нема реални планови.

Отсуствува елементарниот критериум : дека тоа што се прави се прави пред


се во интерес на граганите , за мнозинството, а после во име на профитот и
интересите на поединците и групите. Кога ќе се изгуби општиот -заедни£ки
интерес и надвладее профитот по секоја цена , градот постепено се
претвора во непријатно место за живеење. Тоа е состојба кога сите се
обидуваат за себе да си направат добро, но крајниот резултат во услови на
отсуство на заедни£ка идеја е секогаш поразителен,. Само погледнете
некоја бесправно изградена населба на убави куќи, секој се обидувал да
направи што полуксузна куќа , да земе ако треба од улицата , да загради, да
узурпира за себе, да не плати данок и што ли не . Во тие населби има еден
мал недостаток, не можете нормално да се движите, нема паркинзи, нема
инфраструктура, има хаос, нема нормална улица.

❖ Во суштина концептот за одржлив град претпоставува


интегрален пристап во планирањето и управувањето, со

!83 !83
нагласена тенденција на развој на локалната демократија , на
граганинот како субјект на реализација на планот..

Централизацијата е нужна од аспект на трасирање на глобалните насоки и


цели на развој , визија и иднина, а нивната реализација и осмислување на
локално ниво е работа на лугето кои конкретно се зафатени со тие
процеси , организирани во разни здруженија, интересни групи кои го
формираат мозаикот на целината на градот кои се свесни како ќе изгледа
во нејзината финална верзија. Кога целината и визијата се замаглени ,
нејасни како резултат на дневно-полити£ките потреби, на партиските и
парцијалните интересни групи за брзо богатење , градот се претвора во
опасно и непристојно место за живеење каде несигурноста и хаосот ,
не£исотијата , криминалот ја загушуваат £ове£каат енергија и желба за
подобар живот.
Долго време Скопје е предмет на урбана политика која градот го третира на
пар£е , сегментирано, како поле на посебни интереси , на групи и поединци,
политика која нема увид во целината на урбаното, во секој поглед, на
еконоски, еколошки, социјален и етни£ки план. Нема стратегија за главен
град на државата.

❖ Потребна е силна концентрација на моќ, средства, институции на


ниво на градот, за да може да се одговори на предизвиците на
процесите на глобализацијата, при тоа незапоставувајќи го
продлабо£увањето на демократијата на локално ниво.

Фактот што нема согласност со стратешките насоки на развојот , што нема


дури и елементарна свест за тоа каде се движи развојот доволно говори во
прилог на барањето за мобилизација на целокупниот интелектуален
потенцијал и демократски капацитет за крупен из£екор кон промени.
Во овој момент непостоењето на визија, хаоти£ниот развој, доминацијата на
дневнополити£ки интереси, препознатливи по ирационалните потези во

!84 !84
урбанизмот, хаосот во стамбената изградба, дивата изградба и понатаму
останува белег и на оваа генерација , на нејзината немоќ да направи нешто
позитивно за Скопје.
Во Скопје има премногу елементи дека на градот му недостига
рационалност, мера, план, проект, идеја, центар, то£ка на која може да се
потпре, од која може да се управува. Овде не станува веќе збор за добро
или лошо управување, постојат мноштво центри, институции, министерсва,
инспирирани од разни побуди , интереси, раководени од највисоки цели и
егоисти£ки потреби и ситни интереси. Нема кој да ги кординира, нема кој да
ја повле£е линијата дека нешто може а нешто не може, се разбира низ
институции на демократскиот систем.
Дури нема ни можност да се разграни£и она што е градско од не-градско ,
на регион и град , на град и држава. Долгогодишниот хаоти£ен развој
последните десетина години кулминира со немоќ да се превземе било што
за да се подобри ситуацијата
Неефикасноста, нерационалните потези на еден дел од локалната
власт,говори дека станува збор за ,, градови во градот"за некој град некаде
далеку од нас . Тоа е она што ги фрустрира граганите и што им ја убива
надежта дека живеат во рамките на еден заедни£ки простор.

❖ За да може Скопје да ја преиспита стамбената политика, да ја


среди состојбата со градежното земјиште,да го запре процесот
на уништување на плодното земјиште, да стави крај на дивата
изградба, да ја подобри состојбата со загадувањето на животната
средина мора да го промени моделот на управување и да фиксира
одговорност за состојбите во градот.

Можеби една од најважните при£ини за промена на моделот за управување


со градот е фактот што Скопје е мултиетни£ки град, но и поделен град, град

!85 !85
со неоправдано висок степен на етни£ка сегрегација , на лева и десна
страна на река Вардар.

❖ Ако градот го разбереме како едно со мноштво разлики кои


егзистираат во неговото ткиво , на културен, етни£ки, религиски
план, тогаш нужно се наметнува прашањето за тоа како
функционира таа средина . Ако за општина Центар не е важно како
функционира општина Чаир а овие две немаат поим како
функционира Градот , не ги интересира , ако интензивно се врши
размена на населението по етни£ка линија тогаш навистина
градот западнал во голема криза. Етни£ката поделеност
навистина се одрази врз функционирањето на етни£ки мешовити
општини. Потребна е ново промислување на модели на управување
во мултиетни£ките градови каков е Скопје

Скопје – мултиетнчки и мултуконфесионален град

Резултатите од едно социолошко истражување реализирано по земјотресот


се индикативни во поглед на наследството кое во себе го содржи
феноменот на етничката сегреагција. Имено, резултаите на истражувањето
реализирано по земјотресот се содржани во следното:, а заклучоците се
значајни и денес:

➢ прво, во градот е присутен висок степен на социјална и етничка


сегрегација;

!86 !86
➢ второ, градот е нерамномерно развиван во секој поглед,а тоа е
особено видливо во однос на етничката припадност и во економската
состојба на семејствата;

➢ трето, во градот е сконцентрирано население со низок степен на


квалификација и образование;

➢ четврто, проблемите околу отстранувањето на субстандардот има


специјално значење со оглед на фактот дека некои групи од
населнието, иако живеат во супстандардниуслови, не сакаат да го
променат нивното место на живеење;

➢ петто, дека политиката на идната организација на градот треба да


биде насочена кон изедначување на условитеза живот, во сите
делови од градот, а особено треба да се води сметка за
подобровување на условите во приградската зона, за да се избегне
притисокот врз централните делови на градот.;

➢ Новата територијална поделба од 2004 година формира нова


конфигирација на концентрацијата на албанското население , во
формална смисла, дел од општината Центар се припои кон општтина
Чаир со што се промени структурата на населенеито на општина
Центар, во чии рамки остана претежно македонско -христијанско
население.

➢ Препораките на светските експерти

➢ Етничката поделеност на град Скопје има долга предисторија, но


сосема кратка историја, која започнува веднаш по земјотресот од
1963 година, а нејзини главни протагонистисе дел од тогашната
партиска елита, заслужни граѓанина Скопје, кои не ја разбраа
пораката на тимот полски социолози,кои ја запишаа во една
студија по неколкумесечни опсежни истражувања дека мора нешто

!87 !87
да се направи за да сеизбегне претераната етничка поделеност на
градот што беше од главните препораки на експертите на
Обединетите Нации,и дека на секои десетина години да се
прават исцрпни истражувања за да се следи развојот на
градот, на мултиетничкиот град, за да не дојде до претерана
поделеност, да се трага по некакви заеднички полиња на
соработка, кои тогаш подпаролата на ,,братство и
единство,, изгледаа реално остварливи,но се покажаа не
доволно антрпололошки, политички,етнички основани.

➢ Дали Скопје е град без симболи? Факт е дека многу делови од градот
се безлични. Многу од населбите немаат идентитет, со изгубен (дали
воопшто некогаш постоел!) ,,дух на местото". Тоа доволно говори за
изгубената врска меѓу човекот и просторот, се повеќе просторот
наликува на место населено од изгубени поединци. Скопје се уште го
бара својот идентитет а тоа особено се однесува на повеќе
приградски населби.

➢ Колку е тоа сериозна состојба говори и високиот процент,добиен од


социолошкото истражување пред неколку години, дека приближно
40% од испитаниците се соочуваат со потешкотија да објаснат каде
живеат, да посочат нешто препознатливо за ориентација, а тоа да не
биде некој објект од привремено значење.

➢ Центарот на градот претставува единствено место каде неговите


жители може да почувствува некое доживување, место богато со
содржини каде историјата и културата на еден народ се збиени во
нивното најсуштинско значење низ најразлични симболички форми и
кои одредуваат дел од сликата на еден народ. Центарот е и дел од
градот каде средбите меѓу луѓето се спонтани, кои имаат, мегу
останатото и значење дека човекот е во центарот а тоа се

!88 !88
изедначува , најчесто, со градот. Градот и Центарот имаат еднакво
значење, да се биде во градот значи да се биде во неговиот
центарот.

➢ Расправата за изгледот на центарот на Скопје отвори многу прашања


во смисла за тоа каков Центар на градот му е потребен, кој долго
време беше запоставен , град кој е етнички поделен и за кого
никогаш или многу ретко неговите планери сериозно расправале за
тоа што го формира срцето на градот, меѓу другото,дали тоа треба да
биде во ,, духот на идентитетот на народот ,,кој го населува?
Расправата за Скопје се претвора во расправа за мултикултурното
општетсво, за расправа за можностите на функционирање на една
многу ретко практикувана форма на демократија , консензуалната
демократија.

➢ Без сомнение, она што се случува во општеството се одразува и во


изградбата на просторот. Социјалното, културното и етничкото се
препознаваат во просторот, во сите сегменти на неговото постоење. И
ако реално сакаме да говориме за Скопје и неговиот центар, тогаш ќе
мораме суштински да се запрашаме за оние аспекти на неговата
социјална, етничка и културна ставарност без кои елементи
практично е невозможно да се превземат порадикални зафати кои
длабоко навлегуваат во идентитетските прашања на етничките групи
кои живеат во градот. Во тој контекст постојат барем два пристапи:
едниот е во согласност со мултикултурализмот сфатен како состојба
во која секој ,, стои на својот простор" секој го потенцира сопствените
симболи , симболите на својата група и во духот на тоа просторот е
јасно ограден, препознатлив , читлив за својата група , каде има
место за својата историја, ликови, херои, низ кои групата се
препознава. Вториот пристап претпоставува малку поинакво
разбирање на мултикултурализмот, кој бара заеднички простори, кој
се обидува да надмине барем дел од тесното етноцентричко гледање

!89 !89
на работите..Имено, кога се соочуваме со фактот дека градот е во
голем степен поделен на ,, лев " и ,, десен " брег на река Вардар,
препознатлив по етничките карактеристики на населението,
тогаш ,,контактната, преодната зона" која делимично се поклопува во
дел од централното подрачје мора да претпостави простор/делови
кои ќе значат надминување на идејата за моноетничка ,
монокултурна стратегија на обликување на просторот, која ќе биде
препознатлива не само по физичките карактеристики , туку пред се
ќе го брани ,, духот на местото" во една универзална смисла,
препознатлива по правилата на толерантност, каде има место/
простор за секого, каде потребите на луѓето се препознатливи не по
тоа што произлегуваат од длабочината на посебноста, етничка ,
религиска или културна, туку како потреби на граѓани кои делат еден
заеднички простор, и кои се трудат да изградат одржлива, здрава
заедница, заедница на рамноправни граѓани .

➢ Факт е дека центарот на Скопје, последните неколку години,


прераснува во впечтлива, препознатлива просторно - физичка и
архитектонска целина која се комплетира со сите препознатливи
знаци на главен град, на голем град. Дали тоа, во овој момент, ќе го
посматраме како лошо или добро, грдо или убаво, ќе го критикуваме
само како дело на партиска или политичка елита , не е толку важно,
од проста причина што најголемиот дел од просторот добива
препознатлив лик , нешто од кое се чини нема враќање назад.

Она што за планот може да биде од интерес е најнапред, да се


изврши една темелна оцена на состојбата и во насока на
понатамошно осмислување на оние делови каде сеуште е можна
интервенција на начин кој ќе значи длабинско промислување и
органско спојување со она што се најавува како паралелен центар на
левата страна на реката Вардар, дел на кој се протега старата
скопска чаршија,

!90 !90
Еден од најголемите проблеми, кога станува збор за урбанистичкото
планирање е содржан во механизмот на планот да создава претпоставки
за надминување на етничката поделеност: Имено останува голема
непознаница за планерите на Скопје за тоа што можат да направат во
рамките на планот да ги ублажат , запрат преселбите на македонската
хруистијанско население од левата страна на Вардар на десната страна
, да се ублажат последиците кои тие ги поднесуваат , особено во цената
на становите , и најпосле што е уште позначајно да прекине процесот
на понатамошна поделба на градот на ,, албански" и ,, македонски" . За
жал не постојат скоро никакви истражувања за Скопје, а користењето
на други искуства не се пожелни . Градот ќе мора со инструментите на
на планиарњето, норматиното регулирање, економската политика , и
секако планирањето да ја ублажи и запре сегрегацијата врз етничка и
религиска основа,

Создавање на оптимачлни услови за намалување на


сиромаштијата , продуктивно вработување и развивање

Сценарио за хармоничен живот

Социолошката перспектива на мултиетничкиот град е нејасна од кога и да


било порано во историјата. За неа постојат повеќе сценарија кои денес се
реално во игра. Според дел од тие сценариј во;

▪ Мултиетничкиот град е можен заеднички живот, но сеуште е


нејасно под кои околности и со каква урбана политика која
треба да понуди реално остварлива варијанта на соживот на
повеќе етнички групи на еден простор каков што е градот.

!91 !91
✓ Имено, градот е можен како безконфликтна средина, но
како еднонационална заедница, во која основата на
конфликтите се од социјална природа, поделеноста и
судирите се врз класна основа. Таа ситуација е
разбирлива во еднонационалните градови.

• Градот може да биде место на реализирана етничка


коегзистенција на разни етнички групи кои :

✓ не се мешаат меѓу себе иако живеат во неговите граници,


тоа е ситуација на „град во градот”. Секој го живее
сопствениот живот, судирите се ретко етнички обоени,
контактите меѓу припадниците на посебните групи се ретки,
формални, неизбежни и нужни во рамките на институциите,
но не и во секојдневниот живот.

• И најпосле, за град со висок степен на етничка измешаност на


населението каков е Скопје :

✓ проблем е како го се одржи нивото на толеранција каде


луѓето делат еден заеднички простор. Во суштина,
најголемиот број од нашите градови се наоѓаат во оваа
категорија, при што е присутен висок степен на
нетолеранција меѓу припадниците на разните етнички групи,
што најчесто доведува до поделба и градот го приближува
до групата на „градови во градовите”.Прашањето
гласи:Како да се спречи понатамошната поделба на градот?

✓ Се чини дека состојбата во Скопје се приближува кон овие


констатации.. Се разбира се потребни сериозни
истражувања ,во функција на планирањето . Да се
планира мултиетнички град е сложена работа , ако
целта е градот да функционира како една целина во секој
поглед .

!92 !92
Прашањето за иднината на поделениот град е сложено и не се однесува само
на градот. Во суштина, поделеноста во општеството во градот се манифестира
во поделеност во просторот. Правото да се избере местото на живеење е
неотуѓиво право на секој човек, но во ситуација на постоење на внатре -
градска етничка нетрпеливост, тоа не е повеќе работа на индивидуален избор,
туку изнудена постапка.

❖ Ако се обидеме да побараме дел од одговорот на прашањето за


причините на поделеноста на луѓето во просторот на градот во рамките
на урбаната политика, тогаш навистина сме на пат да доживееме
целосно разочарување.

❖ Урбаната политика по деведесеттите години, остана заробена во


настојувањето да се реформираат институциите во духот на промените
кои го зафатија системот во целина.

❖ Владеачките елити етничкото го употребија за цели во борбата за власт,


што се претвори во доволна подлога за натамошни делби во просторот.

Прашањето за улогата на Планот во надминување на поделеноста се чини


дека е клучно и на кое мора да се одговори со аргументите на рационална
орагнизација на просторот, каде поделенеота на луѓето во просторот би
требала да биде последна во низата решенија. За жал сеуште за Скопје
нема одговор зошто доаѓа до загрижувачка поделеност во однос на
етничката припадност.

!93 !93
Препораки за урбаната регенерација

Проблемите на урбаната регенерација се сложени и во нивно


надминување потребно е вклучување на многу струки, многу знаење и
храброст да се гледа подлабоко во иднината. Секое парцијално,
ограничено решение не води кон трајно надминување или ублажување на
проблемите. Потребна е голема соработка помеѓу експеrтите од
различни области , мора да се фаворизира корпоративно управување

Политиките кои дирекно влијаат врз процесите на урбаното


ширење можеме да ги класифицираме на :

➢ регулаторни,

➢ општоекономски и

➢ институционални

За Скопје се чини дека сите три имаат подеднакво значење.


➢ Регулаторните главно ги вклучуваат: примената на рестриктивни
правила во делови кои се и така многу густо изградени и забрана на
градење надвор од планирaното подрачје. Сериозно промислување
на понатамошно градење на трговски центри на најатрактивните
локации во најтесното подрачје на градот. Потрага по нови локации на
поширокото подрачје. Политика на надокнада за градење, забрана за
градење на плодно земјоделско земјиште. Контрола на загадувањето
и загрозувањето на средината со градење.

➢ Економските политики главно се однесуваат на дирекните


инвестиции во јавниот сектор, во сообраќајот, социјалната сфера .
Потоа, субвенции во јавниот сектор на сите нивоа. Фискални
инструменти, даноци и сл.

!94 !94
➢ И н с т и т у ц и о н а л н и т е с е с о д р ж а н и в о р а с п р е д ел б а т а н а
надлежностите, организацијата и кординација на нивото на
управување. Потребна е силна отрганизација и кординација на
надлежните институции од наjвисоко до најниско ниво, формирање
на агенции со јасно дефинирани надлежности .

Од идеја за ,, здрав град ,, до состојба ,, здравје за сите,,

Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа со


проектот ,,Здрав град,, , кој започнува 1986 година , има за цел да ги
промивира и во праксата го примени начелото ,,ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ ,,на
локално ниво .
Денес овој проект го прифатиле најголем дел земјите од Европската Унија и
неколку од поранешните социјалистички земји , меѓу кои Хрватска и
Бугарија , и поголема група градови од поранешниот Советски сојуз. Во
овој проект се вклучени и градови од сите страни на светот. Секоја земја
( град )се прилагодува на проектот
Во што е содржана идејата ,,Здравје за сите"
• Пред се во начелото за еднаквост за сите во поглед на
достапноста на здрав живот, односно да се намали
нееднаквоста која постои меѓу во општеството и она што нас
овде не интересира да се надмине нееднаквоста внатре во
градот. ,,Здравје за сите ,, подразбира поголема праведност,
потоа, спречување на болестите и да им се овозможи на
луѓето непречено да ги употребат своите потенцијали за
подобрување на сопствениот живот.Урбаниот стандард е еден
од важните елементи во функција на здравјето за луѓето.
• Идејата за здрав живот во рамките на градот дирекнео е
упатена кон планерире и воопшто кон субјектите на урбаната
политика. Здравјето е центар на активностите поврзани со
било која промена или урбанистичка интервенција: во која

!95 !95
мера тоа што се прави влијае врз здравјето на луѓето или
поедноставно не го загрозува здравјето на оние кои се дирекно
инволвирани на било кој начин.
Основите на ,,Движење проект - Здрав град ,, се наоѓаат во Отавската
повелба, декларација од Џакарта и Олборшката конференција и многу
друг докумнети на светската задрвастена организација .
Што е суштината на идејатат?

➢ Пред се, основната претпоставка за здрав живот е содржана во


концептот на уредувањето и управувањето со градот во чие
средиште се наоѓаат активности кои се насочени кон формирање на
животен простор каде човекот на најадекватен можен начин ќе ги
употребува своите способности за удобен и среќен живот.

➢ Значи не станува збор за некоја утопистичка идеја туку за конкретен


процес кој може да биде успешен само ако во неговата реализација
учествуваат креативни поединци, групи , сите заинтересирани
граѓани чии иницијативи ќе ги подржуваат и охрабруваат истакнати
политичари,авторитети на локално и централно ниво, локалната
власти, градоначалниците .На пример , изградбата на двете плажи
на реката Вардар во центарот на градот, или, поврзувањето на врвот
на Водно со жичарница.

➢ Но, тука се и оние активности кои укажуваат на постапките на


градската управа или локалните заедници кои не се во согласност со
некои принципи на здрав живот за еден дел од популацијата , како
што е претераната концентрација и густина на градење на стамбени
објекти, не водење сметака за еколошки законитости, претерана
загаденост и загрозеност која доаѓа како резулат на гградење и
многу друго во таа насока.

Прашања за планерите

!96 !96
Што е потребно за да може да се размислува во таа насокана здрав
град? Дали планот може да создаде почетна иницијатива во таа насока ,
и што треба да се направи? .
За да биде еден град здрав , здрав за живот на неговите граѓани секако
дека треба многу труд , знаење, организација, пожртвуваност , волја,
политичка волја .Дали планерите ги имаат овие особини?
Не е тешко да се опише еден идеален здрав град , но е тешко да да се
започне со реализација на целите кои водат до таа состојба -
процес.Плановите по дефиниција се идеални, а по реализација
катастрофални.
Кон што треба да тежнее еден град за да биде здрав , и што е тоа што
треба да се направи за реализација на целите кои водат кон тоа?

Како може да се создадат претпоставки за реализација на проектот


Здрав град?
❖ Пред се треба да се создадат реални претпоставки кои ке обезбедат,
во рамките на ГУП, реализацијата биде широко и доследно
подржана. Успешноста на реализацијата е дирекно зависна од
широчината на подршката и доследноста на реализацијата.

❖ Планот мора да обезбеди гаранција дека тоа што треба да се


прави се прави во интерес на мнозинството и долгорочно.
Одржливоста на интервенцијата во просторот мора да биде
јасно поставена, долгорочно насочена и во интерес на
мнозинството .

Потоа , мора де се создаде реална правна рамка и економска подлога за


да активноста добие реално своја организациска, финансиска и
информациска основа. Секоја процена на успешноста на ГУП –от мора да
биде водена од идејата колку реализираните активности во еден период не
подолг од дев години се во таа насока. Ревизијата на планот поаѓа од
ефектите на одржливост и здравје. и секој сигнал кој укажува дека
одржливоста на градот е доведена во прашање во прлог на некои ,, виши

!97 !97
интереси" или задоволување на некои ограничени потреби треба сериозно
да се земат предвид во ревизијата.

Еве што вели еден од бившите архитекти на градот во 2006 год. ::


Нема стручно лице во моментов што ќе се бави со контрола на
целовитоста на развојот на Скопје. Секоја општина си гради на свој
начин и не постои комплетна визија за развојот на целиот град. Денеска
не градат архитектите, туку инвеститорите, луѓе кои се најмалку од
оваа професија, се гледа само профитабилност, комерцијалност на
објектот, а не функција и естетика. Затоа сметам дека крајно време е
да заживее Комората на архитек ти и инженери која преку
овластувањата и лиценците ќе ги регулира односите во градбата, вели
Велковски.

Просторни услови во организацијата на градот од развоен и


економски аспект за креативно вклучувањe на грaдот во
глобалните процеси и пошироко

Урбанизацијата на скопското подрачје е прилично висока. Всушност станува


збор за процеси кои беа исклучиво насочени кон создавање на еден
изразито голем градски центар кој (2002 година) апсорбира над 80% од
населението во регионот, во кој се лоцирани над 130 населени места (села)
со различна големина и значење. Со планот од 1964 година (по земјотресот)
беше предвидена реализација на повеќе локални центри, кои би имале
пошироко значење за најблиските околни места и би добиле статус на
гравитациони центри на пошироки простори и заедно со градот Скопје би
формирале единствена агломерациона мрежа на населби. Оваа замисла на
планерите не се оствари и наместо плански формирани локални центри се
создаде една (во приградската зона) недоволно јасно издиференцирана

!98 !98
мрежа на населби, кои се формирани неплански со многу негативни
последици за идниот развој на градот.

За карактеристиките на урбанизацијата на Скопје и неговото подрачје,


од шеесетите години до денес од расположивите податоци и
претходната анализа можеме да го констатираме следното:

❖ Прво, неконтролираниот механички прилив на население сериозно


го поремети натамошниот развој на градот и го отежна
нормалното задоволување на човековите потреби (работа,
домување, снабдување, инфраструктура и сл.).

❖ Второ, присутна е голема диспропорција на развојот на градот и


регионот;

❖ Трето, отсуството адекватна земјишна политика и нормативно


правна регулатива за имотно-правните односи, доведе до појава на
шпекулација со земјата во приградската зона и уништување на
голем дел од плодното земјоделско земјиште.

❖ Четврто, отсуството на јасна свест за општите цели на


развојот на градот и синхронизација на активностите на ниво на
градот, создаде мноштво противречни ситуации во просторот и
остри судири меѓу разните корисници на просторот, состојби на
хаос и непочитување на основните принципи во изградбата, кои
важат во изградбата на големите градови меѓу кои се вбројува и
Скопје

Градот, од субјектите на неговата изградба, се доживува како


механички збир на мноштво неповрзани делови, а не органска
целина која би требало да функционира како сложена просторно-
физичка и социјална средина.

❖ Петто, неадекватната структура на стопанството во градот и


неговата ниско-акумулативна способност, неадекватната
структура на вработените (индустријата и градежништвото)

!99 !99
подолго време не ќе може да создаде материјална основа за
квалитативна изградба на градската инфраструктура и
реконструкција на десетина запуштени населби и овозможи услови
за подинамична станбена изградба и сл.

❖ Шесто, недоследностите во урбаната обнова на градот по


земјотресот од 1963 година се должи и на:

• субјективните фактори на планирањето;

• дисконтинуитетот на планирањето,

• неразвиени инструменти за реализација на плановите,

• бирократското самоволие во нивната реализација,

• отсуство на координација меѓу разните субјекти и сл.,

Препораки за развојот на градот и регионот /Европска перспектива на


просторниот развој/ESPD European Spatial Development Perspective,
Postdam, 1999
➢ Врамнотежен развој и полицентричен урбан систем и нови односи
на релација село-град ; комплементарност и соработка помеѓу
помалите и поголемите градови , одржлив развој на градот ,
диверзификаија на руралните подрачја.

➢ Еднаковост во пристапот на инфраструк турата и


знаењето;еефикасно одржување на инфраструктурата , дифузија
на иновациите, пристап до ресурсите.

➢ Одржлив развој, мудро управуавње и заштита на природното и


културното богаство , конзервација и развој на природното
наследство, здраво управување со водните ресурси, конзервација и
креативно управување со културното и урбаното наследство.

!100 !100
Овие основно цели се разработуваат во посебни цели кои се во
функција на врамнотежен развој на скопскиот регион, градот
Скопје и стотината населби во руралната зона.
Прилози
Демографската анализа на ниво на општини.
Попис 2002

Општина Гази Баба .

Вкуп М а к ед о А л б а Турц Р о м Влас С р б Б о ш њ О с т а н Н


но нци нци и и и и аци ати е
194 6974 ------------ -------- ------- ------- ------- ------- ---------- ---------- -
8 ---- --- -- -- -- -- --- ---
195 9291 6783 648 960 390 ------- 372 ---------- 138 -
3 -- ---
196 1269 9092 1297 1040 ------- ------- 619 ---------- 642 -
1 0 -- -- ---
197 5833 4290 648 552 188 ------- 112 ---------- 43 -
1 -- ---
198 6404 48076 7279 1254 1608 136 2658 ---------- 3015 1
1 2 --- 4
199 5916 51016 ------- 734 1953 205 2380 ---------- 2807 7
1 5 --- 0
199 6766 51253 9872 695 1515 251 2331 ---------- 1678 6
4 4 --- 9
200 7222 53106 12502 606 2082 236 2094 710 886 -
2 2

!101 !101
Ѓорче Петров

Вк уп Македон А л б а Турц Р о м В л а С р б Б о ш њ О с т а н Н
но ци нци и и си и аци ати е
194 5378 ------------ -------- ------- ------- ------ ------- ---------- ---------- -
8 ---- --- -- -- --- -- --- ---
195 7177 5082 631 527 235 22 523 ---------- 157 --
3 --
196 1096 8218 1146 93 ------- ------ 881 ---------- 631 --
1 9 --
197 2302 1114 1097 49 12 ------ 25 ---------- 5 --
1 -- --
198 2056 869 1116 34 ------- ------ 18 ---------- 19 --
1 -- - --
199 538 513 -------- ------- ------- ------ 10 ---------- 15 --
1 --- -- -- --
199 3796 31940 1538 327 1140 91 1798 ---------- 1055 7
4 1 -- 2
200 4149 35322 1597 368 1249 109 1719 489 637 -
2 0

!102 !102
!103 !103
Карпош.

В к М а к ед о Албан Турц Р о м Влас С р б Б о ш њ О с т а н Н


у п нци ци и и и и аци ати е
но
1948 2 3 ------------ --------- ------ ------ ------ ------ --------- --------- -
89 ---- -- --- --- --- --- ---- ----
1953 2 7 1540 147 922 111 ------ 41 --------- 8 --
69 --- ----
1961 5 0 3669 238 779 ------ ------ 176 --------- 186 --
48 --- --- ----
1971 ---- ------------ --------- ------ ------ ------ ------ --------- - --
---- --- --- --- --- --- --- ----
1981 1 0 80305 6632 1191 2049 246 5413 --------- 4965 25
0 8 ----
26
1991 9 5 82523 --------- 691 2366 338 4756 --------- 4913 13
7 2 --- ---- 4
1
1994 5 8 51246 1887 317 664 326 2590 --------- 1190 13
3 6 ---- 9
9
2002 5 9 52943 1952 334 615 407 2195 98 1266 -
8 1
0

!104 !104
Кисела Вода

В к у п М а к е д Албан Турц Р о м В л а С р б Б о ш њ О с та н Н
но онци ци и и си и аци ати е
1 9 4 5252 ---------- --------- ------ ------ ------ ------ --------- --------- -
8 ------ -- --- --- --- --- ---- ----
1 9 5 5962 5444 113 203 105 ------ 73 --------- 24 -
3 --- ----
1 9 6 7664 6945 299 78 ------ ------ 145 --------- 197 -
1 --- -- ----
1 9 7 724 709 --------- ------ ------ ------ 12 --------- 3 -
1 ---- -- --- --- ----
1 9 8 8 8 8 4 77111 1224 756 1005 395 4385 --------- 3921 49
1 6 ----
1 9 9 11 9 2 104467 --------- 925 1474 695 5631 --------- 5859 19
1 41 ---- ---- 0
1 9 9 11 8 0 105394 1818 900 1101 863 4882 --------- 2804 31
4 79 ---- 7
2 0 0 1 2 5 3 113057 1264 889 1296 1137 4485 963 2288 -
2 79

!105 !105
Центар

Вкуп Македон Албан Турц Р о м В л а С р б Б о ш њ Остана Н


но ци ци и и си и аци ти е
1 9 4 ------- ------------ --------- ------ ------ ------ ------ --------- ---------- -
8 --- ---- -- --- --- --- --- ---- ---
1 9 5 ------- ------------ --------- ------ ------ ------ ------ --------- ---------- -
3 ---- ----- --- -- --- --- --- ---- ---
1 9 6 ------- ------------ --------- ------ ------ ------ ------ --------- ---------- -
1 --- ---- ---- --- --- -- -- ---- ----
1 9 7 ------- ------------ --------- ------ ------ ------ ------ --------- ---------- -
1 --- ---- --- --- --- --- --- --- ---
1 9 8 9361 50949 20032 7 4 2 4 3 5 387 3 8 3 --------- 6587 49
1 4 6 1 3 ---
1 9 9 6459 47683 --------- 3 8 2 4 0 8 418 3 0 2 --------- 5475 83
1 0 ---- 4 5 2 ----
1 9 9 8502 48014 22875 4 3 8 3 0 3 446 2 8 3 --------- 3173 20
4 1 7 1 9 ---- 6
2 0 0 8260 44150 25315 3 4 8 3 6 5 483 2 2 7 1713 1357 -
2 4 1 1 4

!106 !106
Чаир

Вкуп М ак едо Албан Турц Р о м Влас С р б Б о ш њ О с т а н Н


но нци ци и и и и аци ати е
194 2819 ------------ --------- ------ ------ ------ ------ --------- --------- -
8 ---- -- --- --- --- --- ---- ----
195 3522 2161 947 243 125 ------ 30 --------- 16 -
3 --- ----
196 4055 2656 858 288 ------ ------ 100 --------- 153 -
1 --- --- ----
197 3185 1754 1079 219 52 ------ 60 --------- 21 -
1 --- ----
198 7435 35173 14178 3173 1425 84 1978 --------- 5491
1 8 1 ---- 30
199 6212 38138 --------- 2820 1475 134 1784 --------- 4447
1 5 --- 1 ---- 51
199 6337 36101 18298 2563 1261 178 1790 --------- 3052 13
4 5 ---- 2
200 6839 33238 26259 2816 998 174 1440 2354 1116 -
2 5

Шуто Оризари

!107 !107
Вкупн Македо Албан Турц Р о м В л а С р б Б о ш њ Остана Н
о нци ци и и си и аци ти е
1 9 157 ----------- -------- ------ ------ ------ ------ --------- ---------- -
48 ----- --- --- --- --- --- ---- ---
1 9 185 184 -------- ------ ------ ------ 15 --------- ---------- 1
53 ---- -- --- --- ---- ---
1 9 385 320 11 17 ------ ------ ------ --------- 15 2
61 --- --- --- ----
1 9 -------- ----------- -------- ------ ------ ------ ------ --------- ---------- --
71 -- ----- ---- --- --- --- --- ---- ----
1 9 -------- ----------- -------- ------ ------ ------ ------ --------- ---------- --
81 --- ----- ---- --- --- --- --- ---- ----
1 9 -------- ----------- -------- ------ ------ ------ ------ --------- ---------- --
91 -- ----- ---- --- --- --- --- ---- ----
1 9 1 4 3 0 1016 1698 60 1130 ------ 37 --------- 37 18
94 1 8 --- ---- 2
2 0 1 7 3 5 962 2594 551 1331 ------ 44 138 253 --
02 7 1 -

Сарај

!108 !108
.

Вкуп М а к ед о А л б а Турц Р о м Влас С р б Б о ш њ О с т а н Н


но нци нци и и и и аци ати е
194 8351 ------------ -------- ------- ------- ------- ------- ---------- ---------- -
8 ---- --- -- -- -- -- --- ---
195 9240 948 5407 2703 113 ------- 20 ---------- 49 -
3 -- --
196 9955 1109 6415 2265 ------- ------- 32 ---------- 134 -
1 - -- --
197 7482 18 5784 1396 ------- ------- ------- ---------- 284 -
1 -- -- -- --
198 1099 47 9626 435 ------- ------- 3 ---------- 880 -
1 2 -- -- --
199 946 34 -------- 5 ------- ------- 1 ---------- 906 -
1 ---- -- -- ---
199 2130 1303 18733 50 165 ------- 18 ---------- 1032 -
4 2 -- ---
200 2425 1341 21529 21 214 ------- 17 1035 96 -
2 3 --

!109 !109
Библиографија

• Ацески, И.,1995, Социологија на градот, Филозофски факултет, Скопје


• Ацески, И., 1996, Скопје-визија, реалност, Филозофски факултет,
Скопје
• Ацески, И., 1997, Скопје-социолошка студија, Филозофски факултет,
Скопје
• Ацески, И., 2000, Социјална екологија, Филозофски факултет, Скопје
• Ацески, И., 2002, Социологија, Филозофски факултет, Скопје
• Ацески, И., 2003. Човекот и градот. Скопје : Филозофски факултет
• Ацески, И., 1995, Општеството и човекот во транзиција, прв дел,
Екопрес , Скопје
• Ацески, И., 1997, Општетсвото и човекот во транзиција, втор дел,
Екопрес -Магнаскен, Скопје
• Ацески, И., 2002, Општеството и човекот во транзиција, трет дел,
Филозофски факултет, Скопје.
• Ацески, И., Матилов, Н., 1997, Развој на урбаните центри во
Македонија, Институт за социолошки и политичко-правни
истражувања, Скопје
• Акуелните демографски движења на населението во Република
Македонија во светлоста на резулатите на пописот на населението во
2002 година, МАНУ,Скопје, 2007 година.
• Bogdanovic, B., 1976, Urbs& Logos, Gradina, Nis
• Извештај од социјалниот преглед ,Кн.7,1965 год.
• Книга 1 И 10. од Попис на населнието , домаќиствата, становите и
земјоделските стопанстваво Република Македонија, РЗС,2004 год.
• Кевин Л. 1974. Слика једног града. Граѓевинска книга :Београд
• Колев, Б. Системски приступ просторне организације
града( докторска дисерација )
• Просторен план на град Скопје,состојби и тенденции,Кн.1 .Завод за
урбанизам и архитектура,, Скопје,, 1981 год.

!110 !110
• Генерален Урбанистички план на град Скопје, 2000-2200 Скопје
• Јакимовски, Ј., и други, 2001, Социо-економска структура и проблеми
на населението во република Македонија, Институт за социолошки и
политичко-правни истражувања, Скопје
• Mumford, L., 1968, Grad u historiji-njegov postanak, njegovo mijenjanje,
njegovi izgledi, Naprijed, Zagreb
• Национален извештај за човековиот развој за Македонија 1999, 2001
и 2002 , УНДП
• Основен урбанистички план, Кн.15. !965 год.
• Основен план на град Скопје -измени и дополнувања. 1985 год
• Панов, М. 1985. Просторно популациски обележја и проблеми на
мрежата на анселбите во четирите скопски општини. Завод за
урбанизам и архитектура.
• Списание за култура на просторот 4, 1993 год.
• Технички опис за детален урбанистички плана за локалитетот,, Стара
Топаана ,, Завод за урбанизам и архитектура,, Скопје,, , Скопје.
• Саркањац,Б. (ур.) 2000.Комши- капиџик , култура и политика. Скопје
• Старо Скопје , Прилози за урбаната историја на 19 - от И 20-от век.
Градски комитет за заштита на човековата околина. 1985 год.
• Marinović Uzelac A. (2001). Prostorno planiranje. Zagreb: Dom i svijet.
• Soja, E. (2000). Postmetropolis: Critical Studies of Cities and Regions.
Blackwell Publishers
• UNESKO, Grad, danas i sutra, Glasnik, 1985
• http://www.planum.net/topics/east-pallagst.html
• http://www.planum.net/topics/east-pallagst.html
• http://www.espon.org.uk/spatialplanning.htmt de Lov , P.A., 1988,

!111 !111

You might also like