You are on page 1of 3

• Бањата Баниште е лоцирана во подножјето на планината Крчин, на надморска

височина од 870 метри. Планинскиот простор во кој се наоѓа не е пречка за да се


дојде до оваа бања. Во нејзина близина се наоѓа регионалниот
пат Скопје – Дебар – Охрид, од кој се двои асфалтен пат до бањата.

• Физичко-хемиските особини на водата во бањата Баниште се основна атрактивно –


мотивска вредност.

• Во бањата се јавуваат три извори и тоа: Нова Каптажа, Горни Базен и Долни Базен.
Овие извори се разликуваат според штедроста и според температурата и
радиоактивноста на водата.

• Највисока температура на водата има изворот Долни Базен, која изнесува 39,3 °C.


Најниска температура на водата има во Горниот базен, каде изнесува 36 °C, додека
во Новата Каптажа има вредност од 38,8 °C.

• Штедроста на Новата Каптажа изнесува преку 51 l/sec, во Долниот Базен 35 l/sec, а во


Горниот Базен 5,2 l/sec. Според тоа температурата на водата изнесува околу 38 °C, а
количеството на вода околу 91 l/sec.

• Негорски бањи се наоѓа под југоисточните падини на планината Кожуф, на 5 км


северозападно од градот Гевгелија и 2 километри од селото Негорци по кој таа го
добила своето име , а на надморска височина од само 60 метри. Воедно, таа
претставува најниската бања во целата наша земја. За разлика од повеќето бањи во
Македонија кои потекнуваат од римскиот период, оваа бања се смета дека прв почнал
да ја експлоатира Шукри-паша кој овде прв изградил два базена за капење.

• Овде се наоѓаат два извора, и тоа „Врела Бања“, со температура од 40°С и „Ладна
бања“ со температура на водата од 38°С. Оваа бања, покрај извонредно поволната
туристичко-географска положба во однос на главните комуникациски правци,
располага и со 36 хектари густа и убава јасенова шума која се наоѓа во нејзината
околина.

• Бања Банско е бања во југоисточна Македонија, близу до Струмица и селото Банско.


Нејзините води се лековити за најразлични заболувања, во прв ред ревматични. [1]

• Бања Банско претставува римска бања, која е термоминерално лекувалиште од


античко време. Овој објект е одалечен околу 12 километри источно од Струмица, во
подножјето на планината Беласица. Откриен е во 1978 година, при копањето на
темелите на хотелот „Цар Самуил“. На површина од 1000 м2 се откриени десет
простории. Малите ниски простории се наоѓаат на источната страна, а на западната
страна се наоѓаат повисоките простории. Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра
до 6,70 метри. Термоминералните извори, се пет на број, од кои само едниот,
најголемиот е стручно каптиран. Тој се слива во главната бања наречена Турска бања, а
другите четири слободно се изливаат без посебна каптажа, а само еден дел се влива во
бањата „Саланџа“. Температурата на водата во изворот не се менува во текот на
годината, што докажува дека потекнува од голема длабочина и е без атмосферски
влијанија. Температурата на водата во изворите е на околу 71 степен во главниот
извор, кој ја снабдува главната, Турската бања, а изворот кој ја снабдува „Саланџа“ е со
температура од 56 степена.

• Локалитетот „Римска терма“ во Бања Банско е еден од ретките сочувани римски


споменици од ваков вид во Европа.

• Термоминералните извори во Бања Банско биле познати уште во римско време, за


што сведочат археолошките остатоци на старите римски терми. Во околината на
Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. Папратот од
македонското поднебје кој расте во околината на Бања Банско е заштитен
од Обединетите Нации.

Кежовица или Штипска Бања — бањски центар кој се наоѓа на десниот брег на


реката Брегалница, на околу 2км југозападно од центарот на Штип, на излезот од Ново Село,
кое е споено со овој град, на меѓусебна оддалеченост од околу 300 м се наоѓаат појавите на
термоминералните води Кежовица и Л’џи, кои лежат на ист расед. Локалитетот на овие
термоминерални појави, е расположен помеѓу ридовите „Исарот“ и „Кумлако“ од левата, и
„Мерите“ од десната страна на р. Брегалница. 

. Главниот извор Л’џи има издашност која варира од 1-1,5 литри во сек., а температурата на
водата варира од 50-62оС. Карактеристично е, дека со зголемувањето на нивото на р.
Брегалница, покрај капацитетот на термоминералната вода на изворот Л’џи, се зголемува и
температурата на оваа вода. Температурата на главниот извор на бањата Кежовица, е 57оС, а
излезноста 7 литри/сек. Бањата Кежовица, според својата радиоактивност, спаѓа во ред на
најрадиоактивните термоминерални води, не само во Македонија, туку и пошироко на
Балканот.

Катлановска Бања — Eдна од најпознатите македонски бањски центри. Се наоѓа во долниот


тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска височина од 230 м. Од
градот Скопје, со кој е поврзана со современа сообраќајница, е оддалечена 25 км.
Термоминералните извори се јавуваат на раседни линии кои се од поголеми размери.

Една пукнатина се протега по самиот Бањски Рид и е забележлива во должина од околу 350 м.


Теренот каде што се подигнати хотелските објекти е изграден од аргилошости, а Бањскиот Рид
од слоевит варовник. Во околината на бањата има повеќе топли и ладни минерални извори,
додека бањата со вода се снабдува од една дупка што дава 1,5 л/с, со температура на водата
од 40°С. Водата содржи најмногу натриум, калциум, хлор, сулфати и хидрокарбонати. Во
бањата со успех се лекуваат повеќе видови ревматични заболувања, болести на половите
органи, бубрезите и мочните патишта, нервни, кожни и болести на дишните органи. Бањата
интензивно ја користеле уште Римјаните, а потоа и Турците.

• Првиот хотел кој бил со 156 легла бил изграден дури во 1934 година.[1]Денеска во
бањата постојат три хотела и неколку одморалишта со вкупен капацитет од 450
кревети. Годишно овде престојуваат по околу 10.000 посетители. Во периодот
по 2008 година, капацитетите на бањата се обновени и таа е една од најсовремените и
најквалитетно опремените бањски центри во Македонија.

• Кумановска Бања, лоцирана во месноста Вруќа Вода, во селото Проевце на само три
километри од градот, беше дел од претпријатието „Бисерка“ од Куманово, кое низа
години е во стечај.

„Бањата не работи“ стои натписот над шалтерот на Кумановска Бања, каде што голем број
заинтересирани граѓани, не само од Куманово, туку и од другите градови во земјава
пристигнуваат и бараат одговор. Стојат пред заклучената врата, прашуваат случајни минувачи
кои само претпоставуваат, а потоа за утеха, во вирот пред едната од двете чешми за полнење
вода се мијат, ги ставаат нозете и заминуваат. Кумановска Бања во која секоја летна сезона се
лекуваа и се релаксираа дури и гастербајтери.

• д-р Бранко Јовановски запишал дека по хемиски состав е идентична со Врњачка и


Буковичка Бања во Србија, со Бањата Виши во Франција, со изворите Вилдунген и
Маријанске Лазне во Република Чешка. Според некои анализи, оваа бања е дури и
подобра од нив, односно ги нема недостатоците кои тие ги имаат. Лековита е за
нервен систем и системот за варење. Полезна е за гастрит, чир на дванаестпалачно
црево, за прележан хепатит, хронично воспаление на дебелото црево и полесни форми
на шеќерната болест, за мочните патишта и мочниот меур, за бубрезите, за неврози,
несоници, психички и нервни исцрпености, гинеколошки проблеми, за егземите и
разните дерматити. Но, поради својството за обновување на ткивото, таа се смета и
дека подмладува, запишал д-р Јовановски. Препорачлива е и за стоматолошките
проблеми, особено поради присуството на флуорот.

Бањата Стрновец се наоѓа во близина на Куманово и Селото Старо Нагоричане, бањата била
уништена по излевањето на реката Пчиња но пополека се реновира и ги враќа кумановските
капачи.

Геотермалниот извор со температура на водата од 39 степени Целзиусови е во непосредна


близина на коритото на реката Пчиња. Спаѓа во категоријата на натриум хидрокарбонатно-
флуоридно силицумско хипертермалните води, лековити за инфицирани заболувања, за
лекување воспалени ревматични заболувања во смирена клиничка и лабораториска фаза,
дегенеративни ревматични заболувања, состојби по повреди, по корективни ортопедски
зафати, при заболувања на периферните артериски садови и повреди на периферни нерви, ни
оддалеку го нема својот соодветен третман што го заслужува.

You might also like