You are on page 1of 12

Просветителство во

Македонија
Првите македонски просветители

На почетокот од 19. век, во


Тие печателе книги на
време на османлиско
Се појавуваат првите разбирлив, народен
владеење и грчка доминација
македонски автори, Јоаким македонски јазик кои биле
во црквите, зачувувањето на
Крчовски и Кирил Пејчиновиќ. наменети да ја пренесуваат
верата и јазикот значи
христијанската религија.
зачувување на националноста.

Претставници на македонското
Нивните книги имале
просветителство се: Јоаким
религиозен карактер и
Крчовски, Кирил Пејчиновиќ,
содржеле упатства за народот
Теодосиј Синаитски и Јордан
од областа на религијата.
Хаџи Константинов - Џинот.
Просветителството е книжевно – историски поим кој
се одликува со зацврстување на христијанскиот
просветителство морал, создавање граѓанска просвета , отворање
училишта во црквите и манастирите, печатење
учебници на народен македонски јазик, односно
одбрана на македонската национална самобитност.

Просветителството во Македонија се појавува во


првата половина на XIX век.
Што е

Главна цел на просветителите била зацврстување на


христијанскиот морал и употерба на народниот јазик
?

во литературата и училиштата, како форма на отпор


кон асимилацијата.
Историски услови
Во првата половина на 19 век Македонија била под турска
власт, но Турската Империја веќе била ослабната, па затоа
пашите и беговите се прогласувале за самостојни господари
во своите пашалаци.
Така започнале силни самоволија и малтретирања на
македонското население, особено во селата. Животот таму
станал толку неподнослив, што тие почнале масовно да се
селат во градовите. Луѓето морале да го сменат начинот на
живот и работа, па почнале да се занимаваат со занаетчиство
и трговија.

Појава на граѓанска класа


До крајот на 18 век во градовите живеело претежно турско,
грчко и влашко население, но со преселбата таа ситуација се
изменила. Така се појавила новата македонска граѓанска
класа која била предуслов за појавата на културно-
просветната дејност во Македонија. Таа класа почнува да
се интересира за градење цркви и манастири и за отворање
училишта. Тие го помагаат црковното сликарство и
резбарство, печатењето книги, отворањето печатници и
училишта (во Скопје, Велес, Охрид, Штип, Прилеп,
Куманово).

Со создавањето на македонската граѓанска класа расте свеста за


неопходноста од употреба на народниот јазик во црквите и
училиштата, како и потребата за печатење книги за таа намена.
Така се развива и учебникарската дејност.

Литературната дејност во првата половина на 19 век е многу скромна и


по обем и по уметнички достигнувања.
Јоаким Крчовски

Јоаким Крчовски—македонски светец и првиот македонски просветител кој прв


пишувал на разбирлив народен јазик.

Со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на


Македонците во првата половина на XIX век, време во кое ширењето на христијанскиот
морал било единствениот начин да се избегне исламизацијата.

Автор е на првата отпечатена книга на македонски народен јазик „Слово исказаное


заради умирание“, печатена во 1814 година во Будим.
Биографија

Јоаким Крчовски живеел и


работел на преминот од XVIII
во XIX век. Немаме податоци
за неговото раѓање, времето и
Едно време живеел и творел и
местото, како ни за смртта. Се
во манастирот „Свети Јоаким
претпоставува дека презимето
Осоговски“ во Крива Паланка
го добил според турскиот
и одиграл голема улога во
назив за Кичево – Крчово и
просветителството на народен
дека најверојатно бил родум
јазик.
од таму. Учителствувал во
Паланка и Кратово и со тоа, тој
е еден од првите наши
манастирски учители.
Дела

3. „Сија книга глаголаемаја митарства“,


2.„Повест ради страшнаго и втораго
1. „Слово исказаное заради умирание“, 1817 г. во Будим. Тука дава уште
пришествија Христова“, отпечатена исто
печатена 1814 г. во Будим и е анонимна, податоци за себе – дека е монах и дека
1814 г. во Будим. На насловната страна е
но според стилот и јазикот, му припаѓа неговото презиме е Крчовски. Митарства
даден податокот: списана от хаџи Јоаким
Крчовски отпечатил пет книги: нему. Тоа е првата книшка на народен е поголемо дело од 62 страници каде има
даскала – од каде дознаваме дека бил
македонски јазик, составена од апокрифни текстови за патувањето на
учител во едно од манастирските
проповеди наменети за воспитување во човечката душа по смртта за да стигне во
училишта каде наставата се одвивала на
христијански дух. рајот. Оваа книга има верско-
македонски народен јазик.
морализаторски карактер.

Крчовски користел текстови од


„Евангелието“ и „Стариот завет“ за да ги
5. „Различна поучителна наставленија“,
поучи луѓето да го поправат својот
1819 г. во Будим. Оваа книга е најголема, Тој е револтиран од социјалната
4. „Чудеса пресвјатија Богородици“, 1817 карактер и да живеат според
со 310 страници и претставува зборник нееднаквост на луѓето и ја велича
г. во Будим. христијанскиот морал. Според него,
од различни слова со религиозно-поучен наобразбата и учителите.
пијанчењето е најголем грев, но и
карактер.
другите пороци: лакомството,
суеверието, лажењето, крадењето итн.
Значење

Неговите текстови не се со оригинална


содржина, тоа се преводи или преработки
на христијански текстови, но важно е тоа
Неговите дела одиграле важна улога во
што се напишани на народен македонски
верската и моралната просвета.
јазик, на кратовско-кривопаланечки
Зацврстувањето на верата значело и
говор, со примеси од западните говори,
зацврстување на националната свест.
и црковнословенски елементи. Затоа тие
претставуваат почеток на новата
македонска литература.
Канонизација на
Свети Праведен Јоаким Крчовски Учител и
Просветител

На 22.05.2022 год. МПЦ-ОА го канонизираше


просветителот и игумен Јоаким Крчовски за светител, во
манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка.

На 23 мај ќе го славиме учителот кој ја напиша и


отпечати првата книга на македонски јазик.
Слово заради завист
• О прокљатаја и на Бога мерзкаја и всепогана и што губи души завист! Она е семја на секо зло и грех. Таја скверна завист, јадовита и гнусна, она
испоганила небо и земља и запалила пламен вечнија муки.
Первиј согрешил на небеси Денница, сос завист и фодуллук. Така и Адам у рај што му заповедал Бог, не послушал и отпаднал од Бога. А по Адама и Каин
испаден сос завист. Ама тија первии грехове излегли од дјавола што бил Денница. Адама и Каина тој ги научил на зло. Од завист помрачил се и потемнел
што бил глава на ангелите, првиј над серафимите, најхубава Денница утро што изгрева и сијае. Прво видел неизреченаја хубавина што е колку три слнца –
светлост божества. Паднал у завист, пак си подигнал срдцето на гордост, на фодуллук, па сакал да биде Бог. Рекл на срдцето си и на умо си: „Да се
искачим на небото како Бога да бидем“.
Завист Данница ангела помрачи, потемни, падна у фодуллук. Не салт што мислил да биде равен токмо с Бога, но сакал да разумее божество. Денница
сакал да излезе на високо место на небеси, и станал дјавол и паднал најдоле под земли, длабоко в бездну. Великиј, голем и светлиј ангел учинил се и
станал страшниј дјавол темниј. Пременил си онаја голема чест на вечна мука и изгубил божественних дарованиј светло истаканниј украшенија што го Бог
бил украсил. А он останал гол, и како бил јак и тверд, на секо зло и от това се распалил повеќе у ненавист и душманл`к на Бога, сопира се Богу како
богоборец и отступник.
Кога познал зашто не може да учини нешто сопротивно на Бога, тој обрнал оружие да чини војска сос човеци. Има еден ѕвер, свиреп и љут, име тому:
барб, та многу ненавиди човеци и ако види човека трчи на него и сичка своја љутина излива докад да се насите. Така и дјавол што ненавиди добро не могл
да учини некоја пакост на Бога, како видел человека одушевлен, сос душа, потрчал право на него и нападнал змиј јадовитиј како видел он Адама со слава
и у почест увенчана у рај сладости и цар на сичко што е на земљата. Затова дјавол от завист се разранил и от ненавист, зашто е многу завистлив.
Подговори и прелагал ги, склонил ги да не послушат Бога предеди наши. И тогива се зарадвал зашто ги видел испадени из рај. И кога чул зашто ги предал
да умрат, како рекл им Бог – смертију ќе да умрете, – богоборец посрамисја што досади Богу. На човека отврнал, на Бога не могл да отврне, – каже свјатиј
Василиј.
Ами како пак не видел он зашто скоро не умират Адам и Ева, како што ги гледал смертни, не хтел да почека ни минута, учинил та скору влезнала у свето
смерт: напоил јадом зависти Каиново срдце и рацете му вооружил и научил да го убие брата своего Авеља. И фанала земљата да се оскверњава сос кров
човечка. Видиш ли колку зла од едно зло? Видиш ли како дјавол се наситил на сичко големо зло ненеситное свое намерение? Видиш ли додека дошла
завист, исполнила?
И тако все това отступление било војска на небеси, што смутил се блаженниј што имал между ангели мир, зашто паднала Денница у бездна и како змија
сос опаш свој трета част умних ѕвезд, сиреч ангели. Зашто се разгорел у утробата землена неугасимиј огин вечнија муки. Еве това излегло од завист,
зашто преступиле заповест божја Адам и Ева, и испадили ги от рај сладости. Терние и волчци осужден Адам сос пот да работи и да се труди да се храни, а
Ева у жалости да ражда деца. Они били безсмертни, да не умират никога, а после станале да умират. Што ние бедни чеда нашли сме прадедините
грехове, а и при това божија клетва и гнев, сè това изнела прокљата завист. Што брат неправедно, безчеловечно брата своего, што сос крв безгрешна он
осквернил чистују земљу, што отворил страшнаја врата клетви, сос неја влезнало у човеците смерт, сè това донела завист богоборства началница. Она учи
да се не слуша заповед божја, братоубиственна мајка, смерти ходатаица, корен на сичко зло. Завист не е друго што, салт на сердце печал, жалба от
благоуспешности ближњаго произходјаштаја. Кому некому комшијата му прокопсува, а кој е завистлив, он завиди, оттамо излази завист.
_____________________

You might also like