You are on page 1of 9

СКУПИ

• Скупи e  древен град и археолошко наоѓалиште од римско и доцноантичкото


време 5 км северозападно од Скопје, во непосредна близина на с.
Злокуќани, лево од утоката на реката Лепенец во реката Вардар во
подножјето на Зајчев Рид.Приградските објекти и некрополите се простираат
на поширок простор.
• Наоѓалиштето е познато уште од крајот на 19 век. Во 1883 год. англискиот
истражувач Артур Еванс престојувал во Скопје и ги регистрирал римските
бедеми на Зајчев Рид, кој ги објаснил како остатоци од акрополата на Скупи.
Со археолошки ископувања на наоѓалиштето Скупи отпочнато е инцидентно
пред Втората светска војна. Музејот на Град Скопје, како имател на
наоѓалиштето, со систематските археолошки истражувања отпочнал во 1966
 год. кои со помали прекини, континуирано се извршуваат до денес. Досега
се целосно или делумно истражувани: бедемите, театарот, цивилната
базилика, градската вила, градската бања, улицата - кардо, христијанската
базилика, делови од источната и западната некропола.
• Почетоците на римскиот град Скупи се поврзани со римската војска, односно
стационирањето на 5-тата Македонска и 4-тата Скитска легија на теренот на
новоосвоената Дарданија во времето на Тибериј (14 г. п.н.е.-37 г. н.е.), веројатно во
13-11 г. пр.н.е. Поинтензивна колонизација и урбанизација на градот веројатно се
случила после 15-та год. од н.е., по формирањето на провинцијата Мезија. Според
положбата, големината, четвртестата основа, маркантните фортификациски
елементи и др. постои голема веројатност дека градот се развил од легиски логор (
каструм). Во време на царот Домицијан (84-85 г.) Скупи добил статус на колонија и
неговото полно име било Colonia Flavia Scupiorum и во него биле сместени
дедуцираните ветерани од 7. Клавдиева легија. Во градот имало и домашни
староседелци со пајонско и дарданско потекло.
• Во текот на II век, Скупи добива особено репрезентативен лик, при што централно
место зазема монументалниот театар. Во III век искористувајќи ги битките за
превласт на царскиот престол, во Македонија се пробиваат Сарматите, а потоа 
Готите и Херулите.
ОБЈЕКТИ И
ГРАДБИ
ТЕАТАР
• Подигнат е во времето на Хадријан (II век
од н.е.). Според димензиите најголем од
четирите антички театри на територијата
на Македонија. Можел да прими околу
9000 гледачи. Откриени се главните
контури на објектот. Театарската зграда
долга 98 м. и широка 15м., а низ неа вода
три ходника до орхестрата која има
полупречник од 15 м . Театарската зграда
фасадата на сцената биле богато и
луксузно украсени со мермерни
архитектонски елементи. Припаѓа на
римскиот тип театри, а служел главно за
забава. Се изведувале комедии, сатиричн
игри, пародии, пантомими и др.
ГРАДСКА БАЊА
• Се наоѓаат во централната зона на градот, источно од улицата - кардо.
Имаат едноставен план кој располага со огниште, простории за капење
со топла и млака вода, дел за прилагодување, соблекувална, базен за
ладна вода и др. Јавен објект, кој освен за одржување на хигиената е
средиште на јавниот, културниот и општествениот живот во градот.
Просториите за капење со топла вода имаат систем на подно загревање.
Пронајдени се повеќе градежни фази со пренамена на функцијата на
одделни простории. Објектот е датиран во 4 - 5 век.
ГРАДСКА ВИЛА (ПАЛАТА)

• Делумно лежи под Ј/И дел на христијанската базилика. Приватен


станбен објект, веројатно во сопственост на некој богат граѓанин. Од
источниот дел на палатата истражени се две простории од кои во едната
со луксузно украсени ѕидови со фреско декорација. Од термалниот дел
се откриени три простории, две со хипокаустен систем за загревање.
Датирана е во раниот 4 век.
IZRABOTIL JAKOV
KUZMANOSKI

You might also like