You are on page 1of 6

Ѓорѓи Зографски

• Ѓорѓи Зографски (1871-1945) — македонски зограф и сликар. Потекнува од 


Рензовско - Зографскиот род, од мијачкото село Тресонче чии предци се
занимавале со градителство, зографство, иконопис и  копаничарство.Најголем
број од неговите дела претставуваат портрети.
• Тој е еден од најдоследните следбеници на Димитар Андонов - Папрадишки
 (1859–1954), со кој де факто започнува нов период во развојот на ликовната
уметност во Македонија. Во однос на нешто постариот, Андонов, иако припаѓа
на иста генерација, иста духовна клима и време, Зографски својата уметничка
личност и развој ја формирал по други патишта имајќи ги предвид општествено-
политичките и културно-уметничките прилики во средините во кои се движел и
создавал (Македонија, Русија, Бугарија и Србија)
• Роден е во село Папрадиште, Велешко во
1871 година. Неговиот татко, Јаков,
потекнува од Рензовско-Зографскиот род,
кој дал бројни мајстори на својот занает.
Неговата мајка се викала Ката. Основно
образование завршил во родното место,
учејќи азбука и читање од стари
старословенски книги од кои поголемиот
Рани години дел биле од црковен карактер. Од
најраното детство Зографски почнал да го
придружува својот татко на неговите
печалбарски патувања со цел да го учи
зографскиот занает.
• На 12 години, Ѓорѓи бил сведок на еден крвав настан во Папрадиште, кога една арнаутска
чета предводена од Фазлија од село Црнилиште, Прилепско ја опљачкала фамилијата на
Дело Тримчевски, убила голем број членови на оваа фамилија (биле поштедени само
најстариот син Наце и нивната роднина Доста, која била одведена во плен). Имотот и
добитокот биле ограбени, а нивната куќа била запалена.[4] После овој настан Јаков
Зографски бил принуден, како и други мештани, да се исели од Папрадиште и се преселил
во Велес во 1884 година. Меѓутоа, настанот од Папрадиште останал во меморијата на
Ѓорѓи Зографски, кој во неговите подоцнежни дела направил негова реконструкција.
• Во 1887 година, рускиот конзул во Призрен, Иван Јастребов, кој имал можност да ги види
неговите сликарски работи, изјавил желба да го прати на школување во Русија. Но,
настојувањата на 16 - годишниот Зографски да „учи и да ја види Русија” не биле во
согласност со патријархалните разбирања на неговите родители. Благодарение на
поддршката од неговиот роднина Диме Андреев, кој во тоа време ја градел црквата „Свети
Ѓорѓи” во Призрен, тој успеал да ги убеди своите родители и истата година, на своја
иницијатива, заминал во Солун. Во рускиот конзулат ги завршил формалностите околу
добивање документи за својот десетмесечен престој во Москва и Петроград. За
школувањето и работа во Русија, не се оставени никакви податоци. Се знае единствено за
неговото познанство со Иван Димитриев, академски сликар од Бугарија, со кого се
договориле за работа во заедништво, по враќањето во земјата
Изработил Јаков Кузманоски

You might also like