You are on page 1of 10

ПЕДАГОШКИТЕ ИДЕИ

НА ДИМИТАР И
КОНСТАНТИ
МИЛАДИНОВИ
ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ-
ПРЕРОДБЕНИК И ПРОСВЕТИТЕЛ
(1810-1862)

Димитар и Константин Миладинови одиграа


многу значајна улога во просветно-културната
и националната преродба на македонскиот
народ и изградбата на неговата културна
историја.

Димитрија Миладинов е роден 1810 година во


Струга. Откако го изучил грчкото писмо во
грчкото ќелијно училиште во Струга и во
манастирот „Св. Наум“, тој стапил во грчкото
централно класно училиште во Охрид, кое го
завршил со добар успех.
• Димитрија Миладинов побарал од
градските власти да му помогнат да го
продолжи образованието во некоја
гимназија, но не добил позитивен одговор.
Добил материјална помош од охридските
граѓани и решил да го продолжи
образованието во Јанина.
• По 3 години тој се вратил во Охрид и ја
прифатил поканата да биде учител во
нивниот град за да им се оддолжи на
охридските граѓани за помошта што му ја
дадоа за неговото школување. Во Охрид Д.
Миладинов учителствувал три години, од
1836 до 1839 година. Со помошта на
кукушките граѓани изградил две училишта-
заемно и класно, ја реорганизирал
наставата во нив и ги издигнал на повисоко
образовно ниво.
Во животот и дејноста на Д. Миладинов неговите
биографи разликуваат обично два карактеристични
периода:

1. До неговото одење на пат по српските земји, кога тој


делува во духот на елинизмот и како грчки учител е
фанатичен спроводник на грчкиот јазик, грчката
образованост и култура, и

2. Кога по враќањето од патот по српските земји тој


дефинитивно го доживува својот пресврт, својата
преориентација кон словенизмот и станува свесен
будител на својот народ, идеен носител на неговите
напредни стремежи.
ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ КАКО
УЧИТЕЛ
• Д. Миладинов бил грчки воспитаник и поради тоа имал и добро
образование. Тој бил доста образован и способен учител.
Миладинов на учениците во грчкото класно училиште во Охрид им
предавал аритметика, го преведувал Плутарх од старогрчки на
новогрчки,
• По 1856 година, кога тој е веќе наполно национално осознаен,
неговата дејност е инспирирана од единствената цел: просветно и
културно да го издигне својот народ, убеден дека само со тоа ќе
придонесе за неговата културна и национална преродба.
• Дејноста на Д. Миладинов во
собирањето на народни умотворби има
непроценлива книжевна, културна и
историска вредност. Собрани и
објавени во познатиот Зборник во
Загреб, во 1861 година, македонските
народни песни претставуваат
импозантно дело на браќата
Миладиновци, најважно дело на
македонската книжевност од 19 век.
КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ (1830-1862)
• Константин Миладинов е роден 1830
година во Струга како посмртче на
струшкиот грнчар Ристе Миладин, а умира
1862 во Цариград. Се школувал кај нас и
во Јанина, Грција.
• Студира на Филозофскиот факултет во
Атина, група филолошки предмети. По
завршување на студиите по препорака на
постариот брат Димитрија оди во
манастирот Зограф каде од галичанецот
Партенија Зографски, идниот македонски
учебникар, ја совладува словеноруската
граматика и синтакса и се враќа дома во
Струга
• Константин не успева во Русија да го издаде Зборникот од народни песни,
ќе биде многу разочаран, па во тој период ги пишува неговите познати
песни во кои пее за мракот, студот, зимата и тагата што го обвива во
Москва. Тогаш ја пишува онаа позната елегија ,,Т’га за југ“ во која ја
искажува сета тага и разочараност од студената московска, атмосфера, од
туѓината, и копнежот по родниот крај.
• Во Загреб тој е во близок контакт со ѓаконскиот бискуп Јосип Јурај
Штросмаер, кој парично ќе го помогне печатењето на Зборникот од
народни песни. Зборникот излегува 1861 година во Загреб.
• На пат за Македонија, Константин дознава за несреќната судбина на својот
постар брат. Продолжува за Цариград со цел да му помогне, но полицијата
го затвора и тој умира во цариградските зандани во 1862 година.
Користена литература
• Проф. д-р Ирена Китанова “ИСТОРИЈА НА ПЕДАГОШКИТЕ ИДЕИ“,
Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, 2021
• https://www.google.com/url?sa=i&url=https%3A%2F%2Fzmurh.hr%2F2013
%2F04%2F01%2Fbraca-miladinovci%2F%3Flang%3Dmk&psig=AOvVaw3J
bZ6WB6UwdATUDUyD5aiC&ust=1701987195111000&source=images&cd
=vfe&opi=89978449&ved=0CBIQjhxqFwoTCMi4iMjq-4IDFQAAAAAdAA
AAABAD

You might also like