You are on page 1of 1

ЗБОРНИКОТ НА БРАЌАТА МИЛАДИНОВЦИ

Животниот пат на браќата Миладиновци е мошне карактеристичен показ на


тешката општествено-политичка положба во која македонскиот народ се наоѓал во
нивното време. Една од типичните појави во време на преродбата е собирање на
народни умотворби. Оваа собирачка акција на народни умотворби во Македонија
добива посебен белег, посебно значење поради тоа што богатството на народните
творби што ги создал нашиот народ низ вековите го потврдуваат неговиот
идвидуалитет.
Браќата Миладиновци , родени во Струга во многудетно семејство од најрана
возраст ја пројавиле својата желба за школување и со крајни напори настојувале да
ја остварат таа желба. Започнатиот преродбенски процес кај македонскиот народ,
неговите упорни настојувања да добие своја црква и свои училишта, ќе успее
против бројните пречки. Како резултат на напорната собирачка дејност на Димитар
Миладинов македонската литература го добила Зборникот на народни песни
објавен во Загреб од страна на Константин Миладинов. Зборникот на браќата
Миладиновци предизвика видно внимание во странските научни кругови.
Во песните од Зборникот уметнички е одразен речиси целокупниот живот на
нашиот народ, неговите душевни верувања, надежи и копнежи за подобри дни,
како и борбените настојувања да се преодолее ропството. Песните во зборникот
биле поделени во групи: самовилски, љубовни, свадбени, лазарски, на Водици, на
Ѓурѓовден и жетварски. Зборникот, исто така содржал и други фолклорни и
етнографски материјали како детски игри, свадбени и годишни обичаи од Струга и
Кукуш, верувања, игри, пословици, гатанки. Значаен дел на Зборникот претставува
Предговорот напишан од Константин , каде ги изнесува своите погледи врз
народното творештво. Димитар Миладинов ги распространил првите македонски
учебници излезени од перото на Зоографски, им бил ученик на многу наши
преродбеници и учителствувал во многумина градови.
Овој зборник одиграл значајна улога за откривање на нови перспективи на
македонската книжевност, за создавање на поезија во Македонија, чии корени се
во тесна врска токму со Зборникот на народните песни од браќата Миладиновци.

You might also like