You are on page 1of 6

Македонски Фолклор

Фолклор

• Сето она што го создал народот и што претставува негово


традиционално обележје се вика народно творештво.
• Поимот фолклор значи народно творештво потекнува од два збора:
Folk што значи народ и lore што значи творештво.
• Науката која што се занимава со проучување на фолклорот се
нарекува „Музичка Фолкористика“.
• Во фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите,
раскажаната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите, и
сè она што го опфаќаат културата, подкултурата и традицијата на
одреден народ.
• Творецот својата дарба ја изразувал преку литературата,
архитектурата, песната, орото, носијата, народниот инструмент,
везот, различните занаети и други изливи од неговото големо срце..
Влијанието на фолклорот

• Влијанието на фолклорот е големо и видливо во современите


музички текови (уметнички и популарни), каде авторите одат кон
доловување на уметнички стилизиран фолклорен ритуал, без да
се дистанцираат од изворното, од фолклорниот идиом.
Народна музика

• Поимот народна музика потекнува од 19 век како термин за


музички фолклор.
• Таа се дефинира на неколку начини: музика пренесена усно,
музика на пониските класи, музика од непознат изведувач.
• Таа е спротивност на класичната и на комерцијалната музика.
Кон средината на 20-от век оваа музика била искористена за да
опише еден вид на популарна музика која е базирана на
традиционална музика.
Народна музика

• Народните песни биле и остануваат трајни извори за нови


инспирации во уметничкото музичко творештво.
• Особено препознатливо е влијанието на македонскиот музички
мелос во творештвото на една цела плејада познати
композиторски имиња од cовремената уметничка музика, како
што се: Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Стефан Гајдов, Живко
Фирфов, Кирил Македонски, Властимир Николовски, Томислав
Зографски, Тома Прошев, Сотир Голабовски и др.
,,Македонско оро”
од Тодор Скаловски
• Делото „Македонско оро" од Тодор Скаловски, наменето за
мешан хор, е далечна транспозиција на македонската народна
игра „Тешкото". Се игра со одмерени, елегантни движења,
исполнети со внатрешна сила, зурли и тапани. Играта градира
кон крајот, кој е брз и екстатичен.

You might also like