You are on page 1of 1

Анализа на текстот ,,Слово заради завист”

Најпрво, темата на самиот текст е зависта на луѓето како негативна


човекова особина, а идејата е да се искорени тоа човечко зло.
Композициски текстот има: воведен дел, изложување и заклучок.
Во воведниот дел авторот најпрво го изнесува своето
размислување за зависта, и според него тоа е лошо, многу одбивно
и погубно чувство. Зависта тој ја нарекува - проклетија, мрска и
погана, затоа што е извор на секое зло, не само на земјата туку и на
небото.
Во изложувањето, односно во овој дел авторот образложува каде,
кога и како се појавила зависта земајќи примери од „Библијата“.
Според една библиската легенда, зависта прво се појавила меѓу
ангелите. Тоа се случило кога еден ангел што светел како сонце му
завидел на Бога, сакајќи и тој да поседува чудотворна моќ, но
бидејќи не можел, од завист потемнел и станал црн ѓавол. За казна
Бог го исфрлил од рајот и го фрлил во пеколот вечно да се мачи.
Така се родила зависта, односно ѓаволот кој е нејзин симбол. Но,
зависта и понатаму продолжила. Ѓаволот им завидувал на Адам и
Ева зашто уживале во рајот и за да им напакости се претворил во
змија. Така, ја наговорил Ева да не го слуша Господ и да касне од
плодот на сознанието. Така, тие биле казнети од Бога, односно
биле протерани од рајот и станале смртни. Зависта била причина и
за првото братоубиство на земјата, кога Каин го убил својот брат
Авел заради завист. Оттогаш почнала да се лее крв на земјата.
Во завршниот дел, Крчовски ги коментира овие примери и дава
свои заклучоци во врска со зависта.

You might also like