You are on page 1of 2

Печатниците во Македонија

Со создавањето на македонската граѓанска класа расте свеста за


неопходноста од употреба на народниот јазик во црквите и училиштата, како и
потребата за печатење книги за таа намена. Просветителството се јавува како
идеологија на буржоазијата која верувала дека за менување на општеството е
доволно да се смени сознанието на човекот. На прагот меѓу XVIII и XIX век двајца
наши народни просветители, Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, понесени од
напредните идеи во дамаскинарски дух, со цел да го издигнат нашиот заостанат
народ, зачекориле и во модерното време.

Појавата на првите македонски печатници претставува стремеж за


воведување на македонскиот јазик во црквите и училиштата преку испечатени
книги. Пред да се отворат македонски печатници, книгите за печатење се носеле
во Будим, Виена, Белград и Русија. Ова било и скапо и ризично, па затоа се
чувствувала потреба од отварање печатници во Македонија. Првата печатница
била отворена во Солун од страна на архиманетот Теодосиј Синаитски, која
според рускиот научник Виктор Григорович, ја отворил во 1835 година, а подоцна
изгорела. Теодосиј за печатење на овие книги користел печатарска преса на
подвижниот вид Даскал Камче од Ваташа. Во печатницата се печатени книгите:
„Началное учение со молитви утренија“ ова е еден вид буквар напишан од
Анатолиј Зографски. „Крако е описание на дванаесет атонски манастири во Света
Гора“ претставува водич по Атон и дава опис на манастирите. Автор на втората
книга е Даскал Камче од село Ваташа, Кавадаречко. Четврта книга е „Утешение
грешним“ од Кирил Пејчиновиќ. Петта е „Книга за научение трих јазиков
славјаноболгарскиј и греческија и карамалицкој“. Во таа книга се дадени зборови и
реченици во три колони на македонски, грчки и турски. Научните истражувања
утврдиле, дека македонскиот и грчкиот текст се препечатени од познатиот
Четиријазичник на молско-полскиот даскал Данаил, а турскиот го дал
приредувачот на книгата. Книгите печатени во печатницата на Теодосиј Синаитски
значеле голем придонес за ширењето на сознанието за потребата на говорниот
македонски јазик. Втора печатница е Ваташката отворена од месниот учител и
преродбеник Камче Наков Попангелов, познат како Даскал Камче и неговиот
финансиски ортак, ваташкиот трговец Јовко Марков. Идејата за отворање на
печатницата ја добил од контактите со познатиот македонски печатар
архимандритот Теодосиј Синаитски. Со парите на Ј. Марков, набавил словенски
букви во Белград. Според непотврдени известувања, во неа биле испечатени
книшки со изреки, меѓу кои и првото книжевно дело од неговиот пријател Јордан
Хаџи Константинов-Џинот „Таблица перваја”. Во втората половина на 19 век во
Солун печатница отворил Киријак Држилович. Таму, во 1852 година било
отпечатено „Кониковското евангелие“ на ениџевардарски дијалект со грчки букви.

Иако се скромни почетоците на македонското печатарство сепак имаат


значајна и важна улога за ширењето на просветата на народен јазик. Она што ги
спојува нашите писатели е нивната упорност, идеализам и издавање на што
поголем број на дела на народен јазик, за да може и народот да се образува.

You might also like