You are on page 1of 1

Дејноста на првите македонски просветители

Јоахим Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, учители, творбописци, поети, и првите македонски


просветители во деветнаесетиот век. Тие ја претставуваат првата генерација писатели на
современата македонска книжевност.

Големо дело е да описмениш еден народ, своето знаење да го пренесеш на другите и да


создадеш подобра иднина за сите. Тоа го направиле просветителите Кирил пејчиновиќ и Јоахим
Крчовски. Почетокот на дејноста на крчовски и пејчиновиќ била со отварање на училишта,
печатење книги на македонски јазик и собирање на македонски умотворби. Македонската
книшевност тие ја развивале со пишување на книги на македонски јазик. Книгите кои Кирил
Пејчиновиќ ги оставил зад себе биле „Житие на кнез лазар” која е последната хагиографија во
македонската книжевност, „Огледало” и „Утешение грешним”кои се поделени на молитви и
беседи, сите напишани на македонски народен јазик. Книгите кои ги напишал Јоахим Крчовски
биле „Слово исказаное заради умирание“ која била првата книшка на народен македонски јазик,
„Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, „Чудеса пресвјатија Богородици“, „Сија
книга глаголаемаја митарства“ и „Различна поучителна наставленија“. Тој пишувал за да го подучи
народот на христијанскиот морал и да не вршат грев.

Кирил Пејчиновиќ и Јоахим Крчовски се од големо значење за македонската книжевност и


јазик и за развивање на христијанството. Таквите личности не треба да бидат заборавени, треба да
ги гледаме како учители што инспирираат, да ги почитуваме нивните дела и да ја следиме нивната
дејност.

You might also like