You are on page 1of 10

ЖИВОТОТ И КУЛТУРАТА ВО

МАКЕДОНИЈА ВО РАНИОТ СРЕДЕН


ВЕК

Алек Јанкијевиќ I - 9
Создавањето на македонскиот народ

Македонскиот народ почнува да се


оформува како посебен етникум уште во
раното средновековие од два носечки столба:
античкото домородно македонско население
(Тракијци, Илири, антички Грци, антички
Македонци, и др.) и од Словените, со нивна
фузија во еден етнос

Словените го асимилирале домородното


население кое живеело на територијата на
регионот Македонија. Доказ за тоа е и Солун,
градот кој бил најголемо византиско упориште,
но целосно словенизиран, каде сите негови
жители зборувале чисто словенски. 
Меѓусебното културно-цивилизациското влијание помеѓу
староседелците и Словените бил подолготраен процес
од што прво произлегла христијанизацијата на
Словените, мешањето на обичаите и наметнувањето на
името Македонија за Словените што ја населиле, а
подоцна,  постепено, низ Средниот век се наметнало и
името Македонци за жителите кои ја населиле
Македонија. Староседелците, кои полека се изгубиле во
словенското мноштво, го примиле јазикот на дојденците,
азбуката која била создадена, прво глаголицата, а потоа
кирилицата, при што во долготрајниот етногенетски
процес низ Средниот век се формирал современиот
македонски народ и современиот македонски јазик.
Развој на писменоста и литературата во
Македонија

Големите македонски и сесловенски просветители Светите


браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската
писменост и литература и се заслужни за културниот развој
на сите словенски народи. Со создавањето на глаголицата
тие почнале да творат на словенски јазик. Најпознати нивни
дела од тој период се : “Беседа против тријазичниците”,
“Пофалното слово зa Климент римски”, “Расказ за
пронаоѓањето на неговите мошти” и “Закон за судење на
луѓето”.
Напознати глаголски ракописи од крајот на X и XI век се
“Зографското евангелие”, “Асемановото евангелие” и
“Синајскиот псалтир”.
Во втората половина на IX век со создавањето на глаголицата, во Македонија
почнале да се создаваат првите книжевни дела кои биле со црковен карактер,
преведувани од грчки. Значајна улога во книжевноста и просветителството во
Македонија одиграле Св. Климент и Наум Охридски.
Св. Климент  во 886 година ја формира Охридската
книжевна школa или попозната како „Прв словенски
универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени
ученици. Напишал и околу 50 книжевни дела од кои
позначајни се “Панонските легенди”, односно Житијата
на Cв. Константин и Cв. Методиј, “Цветниот Триод”,
“Опширното житие” и “Kраткото житие” и други.

Св. Наум Охридски бил еден од основачите на


Преславската школа, претставува и еден од
македонските просветители бидејќи ја водел и
Охридската школа. Негови попознати дела се “Канонот
за апостолот Андреј” и “Канонот за пренесување на
моштите на Јован Златоуст”
Градежништво во раниот среден
век во Македонија
Периодот на населувањето на Словените во
Македонија бил проследен со уривање на
тогашните македонски градови. Со
покрстувањето на населението започнало
обновувањето на старите и градење на нови
христијански цркви. Меѓу првите градители на
црковни храмови биле св. Климент и св. Наум. Се
смета дека прво такво дело бил манастирот Св.
Пантелејмон, а потоа Св. Архангели на бреговите
на Охридското Езеро.
Во овој период се јавуваат и нови цркви и
манастири во Охрид, Берат, Студеница,
Милешево, Сопоќани итн. Денес, значајни цркви
во Македонија од тоа време се Св. Пантелејмон
во Нерези, Скопско, Св. Ѓорѓија во Курбиново,
Ресенско, повеќе цркви во Охрид (Св. Климент,
Св. Јован Канео итн.), струмичката црква Св.
Петнаесет Тиверополски Маченици, по неколку
цркви во Кумановско, Битолско, Прилепско,
Штипско и во други места.
Уметноста во ран среден век во
Македонија
Македонските Словени го прифаќаат Христијанството
со што е овозможено продирањето на византиската
култура. Тие доаѓаат во непосреден допир со врвните
дострели на византиската уметност, а преку
христијанскта религија и нејзиниот ритуал ја
преземаат и концепцијата на византиската сакрална
уметност. Со ова, македонските Словени стануваат
клучен посредник помеѓу Византија и другите
словенски народи, пренесувајќи ги придобивките на
византиската култура. Отфрлајќи ја туѓинската власт,
македонските Словени под Цар Самуил кон крајот на
X век создаваат сопствена држава со средиште во
Охрид.
Македонската средновековна уметност од периодот на повторното воспоставување
на византиската власт во почетокот на XI век до влегувањето на Македонија во
рамките на српската држава кон крајот на XIII век, ја следиме преку сакралната
уметност, пред се во областа на фреско - живописот и иконописот. 

You might also like