Professional Documents
Culture Documents
Побожје
Константин, познат под монашкото име Кирил, бил роден во 827 год. Се
школувал во солунските училишта во кои оделе само децата од поимотните
семејства. Како најдобар ученик, рано се школувал на Цариградскиот универзитет
(Магнаурската школа). Таму изучувал повеќе науки и повеќе јазици. По
завршувањето на студиите Константин станал професор по филозофија во
универзитетот во кој и самиот учел претходно. Како вреден и образован стекнал
голема доверба на византискиот двор.
Брегалничка мисија
Потоа бил испратен да му помогна на својот брат во Словенското кнежевство во
Македонија (оваа е тн. Брегалничка мисија). Доаѓајќи во брегалничко, според
легендата Константин покрстил 54000 словени. Таму Константин ги воочил
проблемите со кои се соочуваат словените со немањето на своја азбука и
неможноста да се употребува грчкото унцијално писмо и латничното писмо за
запишување на специфичните словенски гласови.
Мисијата во Панонија
За делото и големината на браќата Константин и Методиј, дознал и кнезот Коцел
од Панонија, кој ги повикал браќата да им помогнат на панонските Словени против
германизацијата. Константин и Методија останале во Панонија 6 месеци и во тој
период го ширеле христијанството и писменоста кај тамошното население.
Од таму преку Венеција, отпатувале во Рим.
Средбата со Папата
Во Рим браќата биле примени од Папата Адријан II затоа што Никола I штотуку
починал. Нему му ги предале моштите од папата Климент I. Поради мудроста и
пожртвуваноста на Константин и Методиј, поради нивната мисија за ширење на
Христијанството и поради честа која му ја направиле на починатиот папа Климент I,
Адријан II, го ракоположил Константин за свештеник, а неговите ученици за
презвитери и ѓакони. На Константин му било дозволено да изведе богослужба на
словенски јазик, црковните книги кои биле преведени на словенски јазик и писмо
биле оставени на поклонение во еден од римските храмови, а преводот на Библијата
бил осветен од Папата кој дозволил во Велика Моравија и Панонија да се
богослужбува на словенски јазик.
Во Рим, Константин тешко се разболил. Се замонашил во февруари 869 година и
по педесетина дена починал. Непосредно пред смртта го примил монашкото име
Кирил. Неговото тело со високи верски почести било положено во црквата „Св.
Климент“ во Рим каде што се наоѓа до денешни дни.