You are on page 1of 2

11.5.

2020 год Стефан Јовев I2

,,Кирил и Метoдиј основоположници на словенската писменост”

Словенската писменост е основна цивилизациска вредност на


словнеските народи, а старословенскиот јазик и писмо претставуваат средство за
ширење на културата низ овие простори. Огромна пречка било отсуството на
сопствено писмо и употребувањето на цртички, рецки и знаци. Па затоа по
барање на великоморавскиот кнез Ростислав во 862год. биле повикани двајцата
учени браќа Кирил и Методиј и им била доделена задачата да создадат словенско
писмо.

Свети Кирил и Методиј биле македонски браќа родени во Солун во


деветиот век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од
Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот
развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените.
Тие биле заслужни за изучување на глаголицата, првата азбука искористена да се
препише старословенскиот јазик.

Создавањето на азбука за Словените било дипломатски чекор на Византија, а


со азбуката византиската придобивка била двојна. Прво – полесно се ширело
Христијанството кај Словените и второ, Византија придобивајќи ги балканските
словени на своја страна си обезбедувала подобра позиција против Бугарската
држава која напаѓала на територијата на Византија на Балканот.

Како една од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност се


Панонските легенди. Панонски легенди содржат две житија: „Житието на Св.
Кирил“ и „Житието на Св. Методиј“. ,,Житието на Св. Кирил” почнува со опис на
животот на Св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон
науката и мудроста и продолжува со опис на неговото школување во
Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата света Софија. Авторот
опширно ги објаснува мисите на Св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката.

Во „Житието за Методиј“ опишан е животот и делото на постариот брат


Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се
докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура.
Авторот двајцата браќа ги нарекува „раби божји“, прикажувајќи ги како апостоли и
светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе.

Една од нивните најзначајни мисии е Моравската мисија, кога кнезот


Ростислав ги повикува да проповедуваат на на словенски. За делото и големината
на браќата Константин и Методиј, дознал и кнезот Коцел од Панонија, кој ги
повикал браќата да им помогнат на панонските Словени против германизацијата.
Константин и Методија останале во Панонија 6 месеци и во тој период го ширеле
христијанството и писменоста кај тамошното население.Од таму преку Венеција,
отпатувале во Рим.

Задачата за создавање на словенско писмо, од византискиот двор ја добил


Кирил (Константин Филозоф), кој имал целосна поддршка и помош од неговиот
брат Методиј.

Делата на Светите браќа Кирил и Методиј како основоположници на


словенската писменост оставиле голема трага која трае веќе со векови. Светите
браќа со глаголицата помогнале за понатамошно развивање на словенската
писменост, а исто така и со создавањето на кирилицата.

You might also like