You are on page 1of 5

Основоположениците на

Словенската писменост се
браќата Св. Кирил и Методиј, во
863 ја создале првата словенска
азбука- Глаголицата и ги превеле
богослужбените книги од Грчки на
Словенски јазик.
За животот на Просветителите
• Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско
семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет
години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на
монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф).

• Побожните родители, Лав и Марија, ги упатиле своите деца уште во најраните години во
христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански
вистини во својот живот.
За животот и дејноста на овие
словенски браќа наоѓаме
податоци од повеќе ракописи во
тоа време, како што се: Панонски
легенди, Климентово житие од
Теофилакт, Климентово житие од
Хоматијан, “О писменех” од
Црноризец Храбар и други.
За Мисионерската дејност
• Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската
и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна
цел е да ги христијанизираат народите на исток и север од Византија и да им ја наметнат
византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил
проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие
двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите.

• По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од


триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.
На повик од царот Ростислав
отидоа во Моравија и таму ја
распространија и ја утврдија
православната вера, па ги
умножија книгите и им ги дадоа на
свештениците за да ја подучуваат
младината. А подоцна на повик од
папата заминаа за Рим, каде што
Кирил се разболе и умре, на 14
февруари 869 година. Тогаш
Методиј се врати во Моравија и до
смртта се посвети на
утврдувањето на Христовата вера
меѓу Словените. Методиј почина
на 6 април 885 година

You might also like