Professional Documents
Culture Documents
1. За делото
Опширните житија за животот и дејноста на браќата од Солун се
најстарите пишани извори на словенски јазик. За овие просветители се
напишани голем број дела на латински, грчки и словенски јазик, но
најкомплетни и драгоцени податоци за животиниот пат, на творците на првата
словенска азбука, најстарата словенска писменост и книжевност, даваат секако
нивните житија, собрани во едно дело. Ова дело уште е познато и како
„Моравско – панонски легенди“.
Сепак, знаејќи го фактот дека тие се родени на историска Византија,
досега не се пронајдени пишани извори пишувани т.е. потпишани од
византиските писатели за делото на Светите Браќа!
До денешен ден, не се пронајдени сигурни, релевантни податоци за
точното време на нивниот настанок, теренот на кој се напишани, јазикот на кој
бил напишан автографот (оригиналот), ниту пак со сигурност се знае кој е
авторот на житијата.
Историската и славистичката наука (наука која се занимава со
проучување на подрачјата на Словените, нивните јазици, литература и култура)
долго време се обидуваат да го дадат точниот одговор на овие прашања, но се се
завршувало со тези и претпоставки.
Се претпоставува дека житијата биле напишани непосредно по смртта на
браќата. Житието на Кирил во Рим, а подоцна и житието на неговиот брат
Методија, по неговата смрт во Моравија според едни или во Панонија, тогашна
Бугарија.
Мал милион претпотавки се извлечен од прашањето за авторот на
житијата. Некои велта дека Методија го напишал житието на Кирил, а
најистакнатите ученици на светите браќа – Климент Охридски и Горазд, ја
напишале биографијата на Методија. Потоа се поаѓа од тезата за група
Моравци, нивни ученици, како автори. Во последно време се повеќе и повеќе,
авторското право му се препишува на нивниот најблизок ученик – Климент
Охридски, којшто широко ја развил мисионерската и писателската дејност на
теренот на Охридско. Ова тврдење е подржано и од голем број факти.
Климент е придружник на браќата уште од своите најмлади години,
учевствувал во вршењето на мисиите во Моравија и Панонија, во Рим исто така.
Делата на овој автор содржат голем број сличности со „Панонските легенди“,
ако тргнеме од анализата на познатиот чехословачки славист В.Вондрак.
Но еден посебно се издвојува, најмногу тежи кон вистината. Климент
Охридски е автор на „Похвала на нашиот блажен учител и татко словенски
Кирил“, а традиција било оној што ќе посвети свое дело на некој истакнат, да
напише и опширна биографија за истата персона.
До денешен ден голем број популарни и научни изданија се објавени во
врска со ова хагиографско дело, а е преведено на речиси сите словенски јазици.
Хагиографија е книжевен жанр, животопис за светец, а хагиологија е
дело во кое се опишани повеќе светци.
2. Содржина
Житие на Константина
(826/827 г. – 14. II 869 г.)
Спомен и житие на блажениот учител наш Константин Филозоф, прв
учител на словенскиот народ
Житие на Методија
(??? – 06.IV 884 година)
Спомен и житие на блажениот наш татко и учител Методија,
архиепископот моравски
4. Користена литература
„Во мугрите на словенската писменост“ (издание „Мисла“ 1973 год.) д-р
Харалампие Поленаковиќ