You are on page 1of 52

Slavia Meridionalis 12

SOW, Warszawa 2012

Наде Проева
Филозофски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
Скопје

Националните митови во современа Европа


и негирањето на македонскиот идентитет1

Во времето на распаѓање на Југославија старите духови затворени на


крајот од II светска војна излегоа од безмалку мувлосаното балканско
шише, при што беа искористени од раскараните политички елити нa
републиките. Неспособни да ја решат кризата, како на политички, така
и на економски план, тие се свртија кон испробаниот метод на разгорување

1  Заради непрецизна и недоследна примена на точката 2 од Резолуцијата 817 на


Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесена на 7.04.1993 г. при приемот
на Република Македонија во ОН каде е запишано дека: „…за сите потреби во рамките на
ОН привремено ќе ѝ се обраќаме со: поранешна југословенска Република Македонија”,
што намерно се преименува во навредлив акроним (ФИРОМ), а што „официјално” се
применува не само од соседните држави туку и од европските демократии, во оваа статија
наместо официјалните имиња на соседните држави ќе ги користам географските ознаки:
Јужен, Северен, Западен и Источен сосед, како и ознаките ЕЗ за Европска Заедница и ЕУ
за Европска Унија. Имено, согласно со Повелбата на ОН, државите членки се обврзани да
ги реализираат одлуките на Советот за безбедност, но, заради противењето на Јужниот
сосед при приемот на Република Македонија во ОН, со Резолуцијата A/RES/47/225
донесена од Генералното собрание на ОН на 8.04.1993 г., по препорака на Советот за

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


108 Наде Проева

на националистичките страсти. Но, треба да се биде чесен и да се каже


дека старите духови излегоа и од европското (божемно демократско)
шише. Европската дипломатија, бирократизираната и конзервативна,
а со право може да се рече мрзелива и незаинтересирана да ја согледа
современата состојба, дејствуваше и сè уште дејствува според истите
политички стратегии од времето до, и во текот на II светска војна, што
е најизразено во случајот со Република Македонија2. Старите сојузи
и (не)пријателства повторно стапија на сцена, та може да се каже дека
нема никакви разлики и дека Старата Дама е стара во буквална смисла
на зборот, а не во културна, како што обично се сфаќа и како што таа се
прикажува. Најдобар пример за ова беше признавањето на новите држави
што се осамостоија од југословенската федерација на што имаа уставно
право, но беа попречувани од Југословенската Народна Армија (ЈНА),
која се стави во служба на големосрпскиот национализам. Единствена
република што избегна судир со ЈНА и се осамостои по мирен пат беше
С.Р. Македонија.
Распаѓањето на југословенската федерација се поврзува со распаѓањето
на СССР и на земјите од тнр. источен блок и се објаснува со идеолошки
причини, што во случајот на Југославија не е пресудно3. Во духот на оп-
штата клима и расположение и во напливот на национализам, а со цел да

безбедност и Резолуцијата 817 на Советот за безбедност, Република Македонија беше


примена за членка на ОН со привремена референца пјРМ, што е невиден преседан во
историјата на Организацијата.
2  Јасно кажано од Даглас Херд, министер за надворешни работи на Велика Британија
во 1996 г., види М. Велиновска, Директна вистина, „Нова Македонија” 13.01.2012, бр. 22479.
Менување на ставот кон Македонија имаше само во американската политика, како од
идеолошки причини (предрасуди кон претходниот политички систем) така и од интерес
(искористување на албанското малцинство за уривање на режимот на С. Милошевиќ).
Треба да се каже дека сé до II светска војна САД немаа ниту интерес ниту влијание во
европската политика. Американските политичари, за разлика од западноевропските,
во минатото имаа правилен став кон македонското прашање: уште во 1783 г. Џон Адамс
(John Adams) се залагал за ослободување на Македонија и на Грција од османлиската
власт, види: О. Тh. Јohnson, John Adams. The Works of John Adams, vol. 8, (Letters and State
Papers 1782–1799), Boston [1853]: писмена изјава на Џ. Адамс до државниот секретар
Роберт Ливингстон (Robert Livingston) од 14 јули 1783.
3  Идеолошкатa причина не е ниту главна ниту единствена, но иако има одредена
поврзаност со темава на прилогов тоа сепак е одделна тема за што е потребна опширна
разработка. Овде само ќе ги споменам најважните причини меѓу кои се: економската криза,
вечното ривалство меѓу Србите и Хрватите за превласт во југословенската федерација,
неeднаквата положба на републиките како на економски така и на политички план што
делумно беше условено од нивното минато, историскиот развој и тн.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 109

се „оправда” крвавиот расплет на заедничката држава, акцентот се стави


и се става врз претходниот идеолошки систем. Имено, по отфрлањето
на комунистичката идеологија, што по дефиниција е космополитска, на
политичката сцена се вратија националните идеологии4, а видливо се засили
и вербата во религијата. Тоа е најсилно изразено во земјите со најтврдокорна
комунистичка идеологија, не само како реакција на претходната атеистичка
идеологија, туку и поради немање алтернативна идеологија. Во сите земји
со социјалистичко уредување, па и во Југославија, иако југословенскиот
систем беше поинаков од оној во земјите од источниот блок, зaпочна процес
за преиспитување и повторно пишување на историјата во што, за жал, се
вклучија и професионални историчари5, а многумина од нив, како и некои
археолози, преку ноќ станаа стручњаци за античка Македонија6. Секаде
се искажа огромна недоверба спрема историчарите – професионалци,
и сите, без никаков исклучок, се етикетираа како државни односно им се
импутира дека биле во служба на комунистите за чии потреби работеле.

4  Еден приказ на националните митови во процесот на распаѓање на СФРЈ е напра­


вен од P. Novaković, Use of past, ancestors and historical myths in the Yugoslav wars in 1990s.
Archaeology and the changing identity in the former Yugoslavia, „Portolano Adriatico” 2007,
бр. III/3.
5  Приказ на ваквата состојба во Република Македонија: N. Proeva, Savremeni
makedonski mit kao odgovor na nacionalne mitove suseda: albanski panilirizam, bugarski
pantrakizam i grčki panhelenizam, „Zgodovinski časopis” 2010, бр. 64/1–2 (141) Ljubljana,
c. 158–200, особено c. 201–207.
6  Така во кратката историја на македонскиот народ од М. Панов Македонија
и Словените (од средината на VI до средината на IX век), [во:] Историја на македонскиот
народ, ур. Т. Чепреганов, Скопје 2008, c. 79–90, особено 88–90 историчарот наместо јасен
преглед си ги изнесува своите ставови што не се прифатени во науката. Книгата е објавена
и на англиски јазик: History of the Macedonian people: Macedonia and the Slavs (the midle
of the VI century – the midle of the IX century), c. 78–84, т.е. 82–84, нема редакциски одбор,
ниту рецензенти. Авторот си ја објавува својата теорија според која немало масовна
словенска колонизација во Македонија – Македонци биле побројни од Словените,
што е крајно спротивно на историскиот приказ во претходно објавената повеќетомна
историја на македонскиот народ. Bиди: Б. Панов, Средневековна Македонија, [во:]
Историја на македонскиот народ, т. 1, дел 2, гл. 1, Скопје 2009, c. 261–294. А класичниот
филолог и доктор по историја А. Шукарева се залага за менување на конвенционалната
терминологија, тврдејќи дека било неправедно периодот на Александар Македонски и на
неговите следбеници да се обележува со терминот хеленизам, предлагајќи ги термините
„александризам” или „македонизам”. Види: А. Шукарева, Александар III Македонски,
(336–323) Македонија – светска империја, [во:] Историја на македoнскиот народ,
c. 51–52. За терминот македонизам особено се залагаат новокомпонираните историчари.
За несоодветноста на овој термин види: Н. Проева, Вовед, [во:] Ф. Папазоглу, Историја
на хеленистичкиот период, Скопје 1995, c. 6–7.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


110 Наде Проева

Историчарите беа обвинети за искривување на историјата со криење


на фактите, дури и за уништување на докази, чија цел божем била да се
оправда комунистичката идеологија. Во некои источноевропски земји
се отиде дотаму што од историчарите се побара повторно да ја напишат
историјата што била искривена од комунистите7. Во Р. Македонија пак,
дури се тврди дека комунистите биле против македонската нација, што
е сосема неточно зошто современата македонска држава е создадена во 1944
г. токму од комунистите со народноослободителната и антифашистичка
борба. За пишување на „вистинската” историја најповикани се најдоа тнр.
новокомпонирани (читај псевдо) историчари, сите до еден со неисториски
професии: архитекти, инженери, математичари, лекари, новинари, поети,
правници, политичари, безмалку од сите постоечки професии. Но, задачата
за повторно пишување на историјата не значи ништо друго туку обид за
рехабилитирање на антикомунистите од минатото. За жал, на паушалните
критики кон историчарите се приклучија и некои универзитетски трудбе-
ници. Тоа беше најгласно кажано на промоцијата на македонскиот превод
на политички мотивирaната книга на Мартин Бернал (автор со еврејско
потекло) чија цел е да докаже дека европоцентристичкото толкување на
историјата со ариевски модел е погрешно затоа што било расистичко, во
прв ред антисемитско, и да го замени со египетски модел т.е. со толкување
за африкански корени на хеленската култура8. Oд промоторот, професор
по филозофија и поранешен предавач по марксизам на Филозофскиот
факултет, а сега главен идеолог на владеачкaта партија ВМРО – ДПМНЕ,
Бранислав Саркањац, во емисија репризирана до бесвест на државната
телевизија9, македонските историчари беа обвинети дека се изолирани
и не соработуваат со колегите од странство, а ни со оние од соседството,
дека не се цитирани од странските колеги10, дека не објавуваат на странски
јазици (ама не кажа, иако многу добрo знае колку малку државата го
финансира објавувањето на научните резултати), дека не учествуваат во

7  P. Niedermüller, Zeit, Geschichte, Vergangenheit. Zur kulturellen Logik des Nationalismus


im Postsozialismus, „Historische Anthropologie” 1997, бр. 5 (2), с. 253.
8  М. Бернал, Црна Атена, Скопје 2009.
9  Македонска Телевизија, Скопје, април 2010.
10  Сето ова го кажа со неверојатна лежерност бидејќи очигледно не знае за објавените
трудови на одделни историчари во странство, додека за соработка со странските колеги
би требало да знае, зошто тие гостувале на Факултетот каде што работи. Да потсетам дека
во последниве 20 години само на моја покана гостувале колеги од Франција, Италија,
Бугарија, Хрватска, САД, кои за студентите одржале 15 предaвања на теми главно за
античката историја на Македонија.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 111

расправата за името и дека тој би сакал да учествува, без да каже да ли


тоа некој му го брани. Во ист дух беа критиките на Рубен Земон, Ром по
националност, кој се прикажува како директен потомок на египетските
фараони. Најпрвин, овие новокомпoнирани, уште поточно турбофолк
историчари11 започнаа со жестока критика на севкупните резултати на
историската наука, а потоа се фрлија на пишување на нивната историја, т.е.
„вистината” за историјата, почнувајќи од најрано време т.е. од прапочето-
ците12 и од „вистинските претци”. За Бугарите тоа се азиските Прабугари13,
за Бошњаците автохтоните градители на босанските пирамиди14, за Србите
праисториските жители на Винча и нивното писмо15, за Словенците
Венетите16, за Хрватите Готите и Иранците17 итн. Во Р. Македонија пак,
процесот за преиспитување на македонската историја беше во голема мера
поттикнат од климата создадена со негирање на името и идентитетот.
Процесот прво започна во дијаспората (Австралија и САД, а многу по-
малку во европските држави), каде македонските економски и политички
и грчките, главно економски иселеници водат жестока расправа за името,
нацијата, симболите, јазикот, за потоа да се пренесе и во Р. Македонија18.
За разлика од професионалните историчари, новокомпонираните немаат

11  Изразот „новокомпонирани” историчари го користам во значење на ново­


компонираната турбофолк музика, музички субкултурен правец создаден во Србија
во време на распаѓањето на СФРЈ.
12  Така романистот Душко Алексовски наоѓа траги од неолитско писмо на карпите
во својот роден крај и од лингвист – романист „стана” специјалист за карпеста уметност;
во 1992 г. формираше „Mакедонски центар за карпеста уметност” (Macedonian Rock Art
Research Centre), a во 1991 г. „Светска Академија за карпеста уметност” (World Rock Art
Academy), види: D. Aleksovski, Recherches de l’ Art Rupestre de la République de Macédoine,
„Bollettino del Centro Studi e Museo d’ Arte Preistorica di Pinerolo” 1991–1992, V–VI, бр. 7/8.
13  Види критички осврт на D. Kaneff, Negotiating their Past in Post-Socialist Bulgaria,
„Ethnologia Balkanica” 1998, бр. 2, c. 3–46.
14  A. Duraković, Od Bleiburga do muslimanske nacije, Toronto 1974; S. Osmanagić,
Bosanske piramide sunca, Sarajevo 2005–2006; поумерено E. Imamović, Korijeni Bosne
i bosanstva, Sarajevo 1995; истиoт, Bosna i Hercegovina: od najstarijih vremena do kraja Drugog
svjetskog rata, Sarajevo 1998; истиoт, Porijeklo i pripadnost stanovništva Bosne i Hercegovine,
Sarajevo 1998 и др.
15 R. Pešić, Vinčansko pismo i drugi gramatološki ogledi, Beograd 2001; O. Luković­‑Pjanović,
Srbi… narod najstariji, Beograd 2003 и др.
16  Види: J. Šavli, M. Bor, Unsere Vorfahren, die Veneter, Wien 1988 и др. изданија.
17  I. Muzić, Hrvati i autohtonost na teritoriji rimske provincije Dalmacije, Split 2001;
V. Košćak, Iranska teorija o podrijetlu Hrvata – Iranian theory of the Croatian’s origin, [во:]
Etnogeneza Hrvata – Ethnogeny of the Croats, yp. N. Budak, Zagreb 1996, c. 110–116; 233–234 и др.
18  Види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit…, c. 202–204.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


112 Наде Проева

никаков проблем за објавување на нивните „научни” дела19, зашто добија


подршка, во прв ред материјална20 од националистите од сите бои, но
и од некои професионални историчари и археолози21, преплавувајќи го
пазарот со псевдонаучни дела како турбофолк музичарите, уште еден
аргумент за квалификацијата турбофолк историчари. Издавачките куќи
профитираа комерцијално, објавувајќи преводи на застарени историски

19  Всушност станува збор за препишување на застарени дела без никакво истражување.
20  Најпродуктивен меѓу новокомпонираните е freelance историчарот на уметност
Александар Донски, кој упорно се претставува како историчар. Меѓу неговите
бројни дела се Уделот на Македонците во светската цивилизација, Штип 2002;
Античко­‑македонското наследство во денешната македонска нација, Штип 2000;
Јазикот на античките Македонци, Сиднеј 2007; The descendents of Alexander the Great,
Штип–Сиднеј 2004; Денешните потомци на античко-македонската царска династија,
Штип–Сиднеј 2007; Тајната на бакарната книга, Штип 2007 и др. Еден од неговите
последни „бисери” е книгата Американскиот јасновидец во контакт со духот на
Александар Македонски, Штип 2009, за американскиот парапсихолог Стив Херман
кому во текот на сеансата со Донски му се јавил духот на Александар кој им кажал
дека Македонците се Македонци! Треба да се спомене и пензионираната учителка
по филозофија Ангелина Маркус која тврди дека не само Аристотел (кој е роден во
Македонија, ама во колонијата Стагира основана од хеленски колонисти од о. Андрос)
туку и сите хеленски филозофи биле Македонци, а не Грци и дека тоа било кражба на
милениумот: А. Маркус, Аристотел Македонецoт, Скопје 2007; Македонски древни
вредности, Скопје 2001; Македонски древни театри, Скопје 2005; Македонскa древнa
медицина, Скопје 2005; Филип II Македонецот (коавтор Р. Поповски) 2 изд., Скопје
2008; Алкомена, древен град во Пелагонија, Скопје 2007; Македонски древни ковани пари,
Скопје 2009 и др. Богатата продукција има и на политичарот В. Тупурковски, Историја
на Македонија од древнина до смртта на Александар Македонски, Скопје 1993. Види
критички осврт Н. Проева, Странпатиците на историјата на античка Македонија,
„Пулс” 24.02.1995, бр. 214, c. 40–41; „Пулс” 16.03.1995, бр. 215, c. 40.
21  Така стручњакот за праисториска археологија Пaскo Кузман и директор на
Управата за заштита на културното наследство, на големо го промовира божемното
дешифрирање на средниот дел од прочуениот натпис на Розетскиот камен. Bо секој
збор што почнува со буквата „М” ги чита имињата Македонец, Македонија (како
на архитравот од храмот во Марвинци, изложен на влезот од зградата на владата.
Види: „Фокус” 27.07.2007, бр. 630–632, c. 40–41, 43, каде всушност ја пишува титулата
македонијарх; види: Б. Jосифовска-Драгојевић, Грчки натпис са архитрава једног храма
из села Марвинаца, „Жива антика” 1965, бр. 15, c. 137–147, а не Македон како што тврди
бидејќи не е епиграфичар, а не знае ни старогрчки, и еднаш тврди дека е од IV в.н.е.,
c. 40, а друг пат од II в., c. 43, потоа тврди дека гробот на Александар Македонски бил во
Република Македонија и дека тој ќе го најдел, итн. Види: П. Кузман, Моите часовници
го знаат местото на гробот на Александар Велики, „Life Магазин” 2009, бр. IV/36.
Достапно и на www.lifemagazin.com.mk/36_ patuvame_2.aspx

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 113

дела22, разноразни Александриди23, како и поеми и романи за Александар


Македонски24. Овие новокомпонираани историчари се послужија со
старите, но потиснати национални митови, а во вака погодната состојба
се созадоа и нови митови, меѓу кои спаѓа современиот македонски мит25.
Имено, осамостојувањето на Р. Македонија предизвика жестоки реакции
од нејзините соседи, што за многумина беа неочекувани. Секој од нив ги
искажа на свој начин, во зависност од историскиот багаж или поточно
кажано од направените гревови во минатото. Најжестоки беа реакциите
од Јужниот сосед кој негирањето на македонската нација го задскрива со
негирање на името; потоа на Источниот сосед кој побрза да ја признае
државата, но го негира јазикот т.е. нацијата. Западниот сосед пак, поради
албанското малцинство во Р. Македонија води политика на кокетирање,
поточно дволична политика: во меѓусебните контакти декларативно ја
поддржува и прифаќа Р. Македонија ама сè уште не ја признава со нејзи-
ното уставно име26. Еден дел од албанските политичари ги поддржуваат
сепаратистичките тенденции на Албанците на Балканот, прогласувајќи

22  Х. Ламб, Александар Македонски, Скопје 1989; У. Вилкен, Александар Македонски,


Скопје 1988; A. Вајгал, Александар Македонски, Скопје 1992. Мора да се каже дека станува
збор за многу лоши преводи со бројни грешки, без стручна редакција. Приказ: Н. Проева,
Quo vadis, historia antiqua, „Лик” 18.01.1989, бр. 57, c. 6–7; истaтa, Quo vadis, historia antiqua
(За преводот наш насушен), „21” 21.12.1990, c. 32–33.
23  Александар, кралот на Македонците, Скопје 1994; В. Стојчевска­‑Антиќ,
Претскажувањата на голем Александар, Скопје 1996; Александрида, Охрид 2001,
Македонска Александрида, Скопје 2005, приредија Б. Ристовски, Б. Ристовска­‑Јосифовска,
но тоа е всушност дел од трудот Ѓ. М. Пулевски, Славјанско­‑маќедонска општа историја,
приредена од истите автори: предговор, c. I–XL, поговор, c. 1005–1060, Скопје 2003. При
пишувањето Ѓ. Пулевски ги користел постоечките александриди на словенски јазици,
при што правел големи менувања, на што укажуваат авториве во предговорот, при тоа
правејќи го истото: на оваа „александрида” од делото на Ѓ. Пулевски го додаваат делот
за границите на Македонија. Види c. 25–56.
24  Книжевниците А. Поповски, Повелба на Александар Македонски, [во:] Ненасловена,
Скопје 1988; П. Бошковски, Аклександар на исток, Скопје 1994; А. Мицковиќ, Александар
и смртта, Скопје 1992; В. Шопов, Записи и сништа за Александар Магнум, Скопје
1997 и др.; како и автори од други професии: П. Камбуровски, Гробот на Александар
Македонски, Скопје 2003; В. Велков, Александар Македонски, Скопје 2005. Објавени
се и преводи на дела од странски книжевници: В. М. Манфреди, Александар, I–III,
Скопjе 2004; Ж. Расин, Александар Велики, Скопје 1995; како и поемата на персискиот
поет од XV в. Џами, Книга на Искандарови мудрости, Скопје 2001 и тн.
25  За причините за создавањето на овој мит види: N. Proeva, Savremeni makedonski
mit…, с. 158–219.
26  С. Крамарска, Кога Албанија ќе ја признае Македонија?, „Утрински весник”
22.02.2012, бр. 3812, c. 12.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


114 Наде Проева

ги борците на ОНА (UÇK) за народни херои27, градејќи им споменици


спротивно на законската регулатива, а уривајќи ги оние на бранителите
на македонската држава28, со што отворено се залагаат за идејата на
голема Албанија29. На оваа внатрешна „нестабилност” на Р. Македонија
играат и другите соседни држави. За тоа најотворено и најгласно се залага
Јужниот сосед30, кој од 1991 до 1994 г. се „бореше” за заедничка граница
со Србија, за што најде погодна клима во тогашниот српски режим.
Слободан Милошевиќ и грчките политичари правеа планови за делење
на Р. Македонија преку дестабилизација на внатрешен план: заштита на
српското и на божемното, непризнато, грчко малцинство со интервенција
на ЈНА и со економска блокада од страна на Јужниот сосед31.
Во одговор на негирањата од соседите на македонското име, јази-
кот, нацијата и на дел од територијата, новокомпонираните лингвисти
и историчари почнаа да бараат врска со античките Македонци и нивниот
јазик32, а во одбрана на правото врз територијата каде што живеат се

27  Неодамна тоа го направи албанскиот председател Бамир Топи. Bиди: Командант
Тели прогласен за народен херој на Албанија, „Дневник” 10.05.2012, бр. 41033, c. 1. А пак на
13 август годинава Фaтмир Бесими во својство на министер за одбрана и во придружба
на oфицери на АРМ од албанско потекло самоволно се поклони пред споменикот на
припадниците на ОНА во Слушпчане, види: http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36
&egId=6&eventId=53571. Претседателот на држвата Ѓ. Иванов побара истрага за случајот.
28  Види: „Нова Македонија” 4.05.2010, бр. 21974 (за Вејце); „Дневник” 09.08.2001,
бр. 40801 и „Утрински весник” 09.08.2001, бр. 3651 (за Карпалак).
29  Нашиот и косовскиот Тачи на иста линија за Голема Албанија, „Дневник”
19.03.2012, бр. 4816, c. 3.
30  Види изјава на Андонис Самарас, поранешен министер за надворешни работи
на Јужниот сосед, дека времето работи за Грците и дека македонската држава не може
да опстои заради проблемите со албанското малцинство, http://www.youtube.com/watc
h?v=dioYMAxQQuo&feature=plcp
31  Во 1992 г. економската блокада воведена од владата на Јужниот сосед беше
неофицијална, а од февруари 1994 г. официјална. За овие планови види: T. Michas, Plans for
Macedonia, [вo:] истиoт, Unholy Alliance: Greece and Milošević’s Serbia, Texas 2002, c. 48–56.
32  Л. Славеска, За македонската генеза. Блискоста на македонскиот современ јазик
со Хомеровиот, „Време” 25.10.2008, бр. V/1503. Bојното лице Ванче Стојчев, историчар
за воена историја и мошне плоден фељтонист не само за воена историја на античка
Македонија туку и за старомакедонскиот јазик иако нема никакво лингвистичко
образование, објави статија: Македонија, лулка нa цивилизацијата и на оружјето,
„Одбранa” 2001, бр. 60, c. 47–49. Архитектот Васил Иљов тврди дека енигматскиот
натпис најден на о. Лемнос бил напишан на македонски јазик, при што го дешифрира.
Види: Обелискот на зетот Ил и на зетот Ир‘кле, „Mакедонија” 2001, бр. 48/592, c. 58–61,
достапно и на http://www.antickimakedonci.com.mk/VasilIlov.htm. Пензионираниот
професор по електроенергетика, академикот Томе Бошевски објави и труд за божемно

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 115

појавија теоријата за венетски карактер на античкиот македонски јазик33,


како и критики на панславизмот34. Така почна да се создава современиот
македонски национален мит35 како нормална одбранбена реакција, реак-
ција што некако може и да се разбере. Но она што не може да се разбере
и оправда е премолчаната поддршка од власта за создавањето на овој мит.
Отцепените југословенски републики поднесоа барање до ЕУ за
меѓународно признавање како независни држави. Нивните нови устави
беа оценувани од специјална арбитражна комисија формирана од ЕЗ
предводена од претседателот на Уставниот суд на Франција, Робер Ба-
дентер, експерт за уставно право. Во поднесениот извештај, од 11.01.1992 г.
Комисијата позитивно ги оцени само Уставот на Р. Македонија и Уставот

дешифрирање на средниот натпис со демотско писмо на тнр. Розетски камен: Tracing the
Script and the Language of the Ancient Macedonians / По трагите на писмото и на јазикот
на античките Македонци, „Прилози МАНУ”, Одд. за математичко-технички науки
2005, бр. XXVI/2, c. 7–50 (на англиски јазик); c. 51–90 (на македонски јазик), табеларен
приказ на „дешифрираните” зборови c. 95–122. МАНУ не најде сили да се огради од
злоупотребеното правило – трудовите на академиците да се објавуват без рeцензија
и дури по година дена објави „одговор” на ова „стручно дешифрирање”, но освен
неколку забелешки од општ карактер за натписот, се расправа за ономастичка тема:
П. Илиевски, Два спротивни приода кон интерпретацијата на антички текстови со
антропонимска содржина (со посебен осврт кон античко­‑македонската антропонимија),
„Прилози МАНУ”, Одд. за лингвистика и литературна наука, бр. XXХI/1, Скопје 2006,
изд. 2, 2008. Стручна реакција имаше само од Н. Проева, Античките Македонци имале
свој јазик, „Денес” 9.03.2007, бр. XI/444, c. 28–32 и од В. Саракински, Дискретната смрт
на методологијата, „Историја”, бр. XLII/1–2, c. 165–176, Скопје 2006.
33  Тоа е теорија на пензионираниот профecop по руски јазик Т. Белчев, Македонија
четири илјади години писменост, цивилизација и култура, кн. 1–4, Скопје 1993–1996,
истиoт, Македонија центар на венетската цивилизација, Скопје 1995. Колку за утеха
и словенечкиот академик, поетот М. Бор се фрли на дешифрирање на венетските натписи,
прогласувајќи го венетскиот јазик за словенечки. Види критички осврт R. Bratož, Il mito
dei Veneti presso gli Sloveni, „Quaderni guilliani di storia” 2005, бр. XXVI/1, c. 17–54.
34  По повод објавувањето на македонскиот превод на книгата Црна Атена новинарот
Љубомир Гајдов во емисија на државната телевизија ги критикуваше историчарите за
погрешното панславистичко толкување на етногенезата на македонскиот народ, а пак
археологот П. Кузман изјавуваше дека немало материјални трагови од Словените сè до
IХ в.н.е., што не е точно. Имено малубројноста на наодите се должи како на недоволната
истраженост заради политиката за културна експлоатација на локалитетите – а тоа во
прв ред беа античките, како и на фактот дека после големи миграции потребно е време
за стабилизирање и прилагодување на новите услови. Таква е ситуацијата по тнр. дорска
миграција во Хелада, и тој период се нарекува Dark Age.
35  Опширно за создавањето на современиот македонски мит види: N. Proeva,
Savremeni makedonski mit…, c. 195–207.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


116 Наде Проева

на Република Словенија36, нагласувајќи дека името на државата (Република


Македонија) не имплицира територијални претензии, како што тврдат
политичарите на Јужниот соcед37. За жал, ЕЗ/ЕУ која ни држи лекции за
демократија, при признавањето на постјугословенските држави ги згазна
основните, од неа прокламирани демократски принципи и постапи
спротивно на принципите на севкупното меѓународно право. Имено, под
притисок на Јужниот сосед европските држави не ја признаа Р. Македо-
нија, но затоа, согласно нивната традиционална политика од пред, и во
II светска војна – ја признаа Република Хрватска, иако комисијата оцени
дека нејзиниот устав не е во духот на европските демократски стандарди38.
Со тоа ЕЗ зазеде страна во билатерален спор што на Р. Македонија ѝ го
наметна Јужниот сосед, членка на ЕУ, и застанувајќи зад националниот
мит на својата членка не го испочитуваа извештајот на својата комисија,
и стана соучесник во негирањето. Тоа јасно покажува дека ЕЗ продолжи
со својата XIX‑вековна политика кон Балканот.
Но за да се разберат причините за таквото однесување на ЕЗ/ЕУ
треба прво да се објасни улогата на националните митови во создавање
на нациите и државите како и да се прикажат националните митови
на соседите.
Корените на националните митови се во секуларистичкиот XVIII в.,
кога се појави сомнеж во постоењето на Господ – Бог и во дотогашните
традиционални општествени и морални вредности, а како нова идео-
логија се појави национализмот39. По pуско-турската војна (1877/78 г.)
балканските земји една по една почнаа да се оттргнуваат од османлиската

36  Види: S. Trifunovska, Yugoslavia trough documents: from its creation to its dissolution,
Boston–London 1994, документ бр. 156, c. 491; С. Георгиевски, С. Додевски, Документи за
Република Македонија 1990–2005, кн. III, Скопје 2008, документ бр. 64, c. 312–365.
37  За грчките ставови види: E. Kofos, The Macedonian Question: The Politics of Mutation,
„Balkan Studies” 1986, c. 157–172; истиoт, The Macedonian Name Controversy, Text and Com-
mentary, „Südost–Europa” 2010, бр. 58/3, c. 414–435. Преглед на македонскиот поглед на
прашањето дава B. Vankovska, David vs. Goliath: The Macedonian Position(s) in the so called
“Name Dispute” with Greece, „Südost–Europa” 2010, бр. 58/3, c. 436–467.
38  По притисокот врз членките на ЕУ за признавање на нејзиниот верен сојузник
од II светска војна министерот на една од најмоќните европски држави, Ханс Дитрих
Геншер (Hans-Dietrich Genscher), изјави дека Германија сама ќе ја признае земјата.
Хрватската благодарност за признавањето беше искажана со новокомпонираната песна
Danke Deutschland на српско-хрватскиот композитор роден во Сарајево Ђорђе Новковић,
на текст од Т. Трумбић, чија сопруга Сања ја пееше песната.
39  За улогата на митовите во градење на националниот идентитет види: G. Schöpflin,
Nations Identity Power, New York 2000, c. 79–88, кој ги распределува митовите на групи.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 117

власт, а во Европа започна процес на модернизација. Овие национални


митови одиграа улога не само во создавање на современите држави туку
и во обликување на националните идентитети. Мислењата на научниците
кои се занимаваат со националните митови – во прв ред историчарите,
антрополозите, социолозите, во најново време и политиколозите – за
улогата на митовите (корисноста, потребата или штетата) се разликуваат
и според нивниот став се делат на тнр. просветители и функционали-
сти40. Пристапот на историчарите кон националните митови е различен
од оној на другите изучувачи зашто историчарите многу добро знаат
дека за согледување на историските процеси потребно е процесите да
бидат не само завршени, туку и да се има временска дистанца, и дека
многу често националните митови, освен позитивно, имаат негативно
влијание не само за заедницата туку и за односите меѓу народите и др-
жавите, та затоа историчарите спаѓаат во групата просветители. Треба
да се подвлече дека е многу важно да се прави разлика меѓу модерните
национални митови и старите историски митови. Националните митови
се создадени свесно, а често и тенденциозно, додека најстарите митови
се создадени во текот на историскиот процес како одраз на човековата
потреба да се внесе ред во првобитниот хаос (такви се космогониските
и теогониските митови) или заради опстојување на заедницата и нејзино
зачувување во борбата против асимилација41. Благодарение на митовите
и/или легендите за славните претци, многу народи како на пример
Евреите, Македонците, Курдите, Баските и др. успеале да го зачуваат
својот идентитет и без сопствена држава чија улога меѓу другото е да го
зацврсти чувството за заедништво и идентитетот. Кај Македонците тоа
се легендите за јунаштвото на Александар Македонски со кои се пови-
кувал народот во борба против Турците42. И пребеганиот цариградски

Етничките/национални митови A. Смит ги дели на две групи: генеалошки и културно-


идеолошки, види: A. D. Smith, Myths and Memories of the Nation, Oxford 1999, c. 57–95.
40  Поопширно кај P. Kolstø, Procjena uloge historijskih mitova u modernim društvima,
[во:] Historijski mitovi na Balkanu, Sarajevo 2003, c. 11.
41  За значењето на старите митови и разликата меѓу „историските” и националните
митови види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit…, c. 178.
42  Тоа се народните песни и прикаски: Цар Александар Македонски и сестра му
Ангелина; Стани, стани Александре Македонски; За цар Александар Велики; Мајка
Македонија ги советува своите деца да востанат против тиранијата на Турците, како
и песната Самовила македонска (1878) запишана од македонскиот просветител Ѓорѓија
Пулевски, препечатена од Кузман Шапкарев во списанието „Марица” 13.04.1882, бр. V/377,
Пловдив, c. 4–5 и од П. Драганов, Македонско-Славянскiй Сбрникь, Санкт-Петербург 1894,
c. 231–234. Браќата Миладиновци го забележале преданието за барањето на бесмртна

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


118 Наде Проева

патријарх Висарион, кога ги повикувал христијаните да се обединат


во борба против Турците, се потпирал на историски личности. Тој ги
користел говорите на Демостен против Филип, при што Македонците ги
изедначувал со Турците43. Навраќањето на старите национални митови
секогаш се прави во време на засилен национализам кога се користат за
постигнување на политички цели и тогаш најмногу се злоупотребуваат.
Со пресликување на минатото во сегашноста, и обратно, се оправдуваат
аспирациите за здобивање на посакуваната територија, зашто поради
миграциите етничката слика се менувала и границите најчесто не се
исти со оние од минатото. Тогаш се посегнува по митовите од претход-
ното население за да се докаже староста и автохтоноста (староседелци
– дојденци) како и правото на примордијалност врз територијата (тнр.
историско право). Најдобар пример за тоа е нашиот Јужен сосед, кој за
обликување на нацијата во раѓање ги присвои митовите на античките
Грци од најстаро време, негирајќи ги сите подоцнежни и многу добро
документирани миграции како што е големата словенска преселба44 на
крајот од доцната антика45 и инфилтрациите на инородно население.
Една од најдобро документираните инфилтрации е онаа на албанските
сточари – номади кои од XIV/XV в. преку Епир и Тесалија сезонски
мигрирале на југ сé до Пелопонез46 и со текот на времето трајно се

вода од Александар Македонски што го има во Романот за Александар напишан во


III в.н.е. Види: Миладиновци, Зборник, Скопје 1962, c. 480. Види анализа на митот за
Александар во XX в.: L. Moroz-Grzelak, Aleksander Wielki a macedońska idea narodowa,
Warszawa 2004. Види отворено залагање за нов мит за Александар: В. Лилчик, Потребен
ни е нов Алекcaндар Македонски, „Дневник” 5.08.2006, бр. 3131.
43  П. Карлие, Демостен, Скопје 1994, c. 269.
44  На Балканот, речиси на сите локалитети со ископувања, се утврдени слоеви на
уништување (слој од гаровина) датирани во VI в.н.е. и прекин во ковањето монети зошто
ги нема субјектите што дотогаш ги ковале. Творците на хеленскиот мит или го негираат
словенското присуство во Хелада или го минимизираат, тврдејќи дека Словените биле
културно асимилирани.
45  P. Lemerle, Invasions et migrations dans le Balkans depuis la fin de l’époque romaine
jusq’au VIIIe siècle, „Revue Historique” 1954, т. CCXI, с. 265; B. Ferjančić, Invasions et instal-
lations des Slaves dans les Balkans, [во:] Villes et peuplement dans l’Illyricum protobyzantin,
Rome 1984, с. 84–108; J. Ph. Fallmerayer, Geschichte der Halbinsel Morea, ч. 1: Untergang
der peloponnesischen Hellenen und Wiederbevölkerung des leeren Bodens durch slavische
Volksstämme, Stuttgart 1830. Најдобар доказ за тоа се сеуште постоечките словенски
топоними на Пелопонез.
46  F. Pouqueville, Histoire de la régénération de la Grèce, т. I–IV, Paris 1824; J. Ph. Fallmerayer,
Geschichte der Halbinsel Morea, ч. 2: Morea, durch innere Kriege zwischen Franken und Byzan-
tiner verwüstet und von albanesichen Colonisten überschwemmt, wird endlich von den Türken

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 119

населувале. Тоа е јасно кажано од сите патеписци и странци47 кои


престојувале во штотуку создадената држава на југот од Балканот48,
така Јакоб Фалмераер дури ја нарекува „Нова Албанија”49. Едмонд Абу
пак, писател и член на францускатa академија на науките, кој две години
престојувал во Француската археолошка школа во Атина, на зачудувач-
ки современ начин пишува за расчекорот меѓу грчкиот мит изграден
врз античката историја и современата стварност во државата50. На тој
начин создадената држава е многу поголема од етничката територија
на античка Грција51. Тоа многу убаво се гледа од документите на новата
држава во кои областите Македонија и Тракија, добиени на зелена маса
во 1913 г.52, се нарекуваат „Нови земји”53.

erobert. Von 1250–1500 nach Christus, Tübingen 1836; J. Ph. Fallmerayer, Das albanesische
Element in Griechenland, München 1857.
47  За Албанците на грчките острови види: F. W. Hasluck, Albanian settlements in
the Aegean Islands, „The Annual of the British School at Athens” 1908–1909, бр. XV. За
Арванитите на Пелопонез и на аргосаронските острови види и Χ. Κορύλλου, Η εθνογραφία
της Πελοποννήσου, Πάτραι 1890.
48  Лудвиг Рос, германскиот класичен филолог и прв ефор за старини во Грција
(1833–1856), бил зачуден од бројноста на арнаутското население во Грција. L. Ross,
Erinnerungen und Mittheilungen aus Griechenland, 1863; преобјавено во Лајпцих (Leipzig)
1982 со предговор од von Otto Jahn. Не само што главниот град на државата – Атина бил
окружен со арнаутско население, туку Џорџ Финлеј пишува дека ги имало и во градот
G. Finlay, History of the Greek Revolution, London 1861.
49  Фалмераер ја застапувал тезата дека нема етничка врска меѓу античките
и сегашните Грци. Види: J. Ph. Fallmerayer, Abhandlung über die Entstehung der Neugriechen,
Stuttgart 1835. Види и P. Topping, Albanian Settlements in Medieval Greece: Some Venetian
Testimonies, [во:] Charanis Studies, New Brunswick 1980; T. Jochalas, Über die Einwanderung
der Albaner in Griechenland, „Dissertationes Albanicae”, XIII, München 1971.
50  E. About, La Grèce contemporainne, Paris 1854.
51  Овој случај е најдобар доказ за мислењето на социологот Џон Амстронг дека
етничките граници ги одразуваат сваќањата на групите и дека не се секогаш исти со
географските целини види: J. A. Armstrong, Nations before Nationalism, Chapel Hill 1982,
c. 8–9.
52  Имено по руско-турската војна проблемите почнаа да се решаваат на маса од
страна на големите сили без оглед на победникот во воените судири, а така е и ден денес.
53  Доволни се неколку примери: M. Stojković, Balkanski ugovorni odnosi, т. I, Beograd
1998, c. 400: документ за грчко-турскиот мировен договор: Атина 1 (14 ноември) 1913 г.,
протокол бр. 3, член 3 (ново анкетирани територии). Тој израз го користи и грчкиот
антрополог A. N. Karakasidou, Fields of Wheat, Hills of Blood, Chicago 1997 (и преводот на
македонски јазик Полиња жито, ридишта крв, Скопје 2002). Види го и кусиот приказ
на И. Катарџиев, Положбата на Македонците, [во:] Историја на македонскиот народ,
c. 227–231.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


120 Наде Проева

Нациите почнуваат да се создаваат од сродни етнички групи заради


заеднички интереси54, што всушност е спонтана фаза во создавањето,
а потоа идентитетот се зацврстува со митови за староста (ние сме најстари)
и за автохтоноста (ние не сме дојденци), а тоа е втората, свесна и наменска
фаза во создавањето на нацијата, што често е поттикната од државата.
Во втората фаза се „открива” и обележува првобитната, чиста и света
територија, каде се создава држава без оглед на разликите во етничката
структура. Убав пример за ова повторно е државата на нашиот Јужен сосед.
Имено, за нејзините национални идеолози грчка територија е сè дотаму до
каде што во античко време старогрчкиот јазик се користел како јазик на
комуникацијата (поради културниот феномен на lingua franca), без оглед на
денешното негрчко население во тие области. И секаде каде што има траги
од хеленско присуство во каков и да е облик (трговија, колонии, културно
влијание) сето тоа според нив е, и треба да биде грчка територија (од брего-
вите на Црното Море, преку Кападокија и малоазискиот брег, сè до Кипар
и Крит). Еклатантен пример за таквите апетити е енклавата на Калашите во
Пакистан каде што нашиот Јужен сосед во 2005 г. изгради културен центар55.
Имено се тврди дека Калашите во Пакистан водат потекло од војниците
на Александар Македонски, што е неточно56. Ваквата идеологија ги труе
односите особено со Турција (грчките претензии за турското крајбрежје)
и со Р. Македонија (анектираниот, тнр. егејски дел од Македонија). Со цел
да се докаже божемниот континуитет на грчкиот народ во македонскиот
дел од државата на Јужниот сосед, историјата на античките Македонци се
прикажува како составен дел на старогрчката историја57, иако за античките

54  M. Hechter, Principles of Group Solidarity, Berkley 1987.


55  „Македонско сонце” 30.05.2005, бр. 587, c. 12.
56  Македонската реакција на ова беше „научната” експедиција во енклавата на
Бурушите, во долината Хунѕа во Пакистан, финансирана од швајцарскиот бизнисмен со
македонско потекло Владимир Ралев, но без ниеден историчар или археолог. Репортажата
за тоа до бесвест беше репризирана на македонската државна телевизија. Имено,
творците на македонскиот национален мит јазичкиот изолат на Бурушите го поврзуваат
со македонскиот антички јазик. Види: I. Čašule, Basic Burushaski Etymologies, „LINCOM
Etymological Studies” 1998, бр. 1; истото на македонски јазик И. Чашуле, Основни бурушаски
етимологии; истиoт, Burushask – Phrygian Lexical Correspondences in Ritual, Burial, Myth
and Onomastics, „Central Asiatic Journal” 2004, т. 48/1, c. 50–104. Во 2008 г. почесни гости
во Република Македонија беа кралот и кралицата на Хунза, што беше придружено со
гласна медиска реклама, а ретки беа медиумите кои побараа стручно мислење: една од
нив беше Телевизија А2, во емисијата „ТВ Магазин” на 18.07.2008.
57  Националистите од двете страни си префрлуваат за присвојување на историјата,
што е бесмислено, зошто не може да се присвои нешто што реално не постои. Историјата

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 121

Грци, не само Македонците туку и нивните кралеви, на кои од политички


причини понекогаш им се признавало хеленско потекло, не биле Хелени,
туку барбари58. А најголем белег на барбарство за Хелените било државното
уредување на Македонците – конституционално кралство, а не polis како кај
Хелените. Но, за разлика од античко време, денес античките Македонци не
се повеќе барбари, туку најголеми Хелени. Во деведесетите години на мина-
тиот век политичарите на Јужниот сосед отидоа до таму што овие барбари
и современици на нивните далечни претци – Хелените ги возвеличија. А за
да биде поголема иронијата, денешните гркофони во македонскиот дел од
државата на Јужниот сосед – во најголем дел доселени од Мала Азија по
грчко­‑турската војна во 1919–1922 г. – почнуваат да се нарекуваат Македонци,
за да се докаже дека ова, само до вчера, дури и за етничките Македонци,
најстрого забрането име било грчко59. Така премиерот на Јужниот сосед,
Костас Караманлис, пред членовите на централниот комитет на својата
партија на 9.05.2009 г. изјави: „Ние, гордите Македонци…”60. По една ваква
изјава нормално е човек да се запраша што се, всушност, денешните Грци.
Ако биле Македонци, зошто тогаш нивната држава не ја нарекле Македонија?
Ако пак, во меѓувреме сфатиле што се, тогаш тие треба да го сменат името
на нивната држава, а не тоа да го бараат од Македонците.
Негирањата на македонскиот идентитет од страна на соседите се
поткрепуваат со „историски аргументи” односно со националните митови,
а од страна на ЕЗ/ЕУ и САД со премолченото прифаќање и толерирање
на овие митови, како и на митот на Европејците. Тоа се двата албански
митови панилиризмот и национал­‑комунизмот, бугарскиот пантракизам,
грчкиот панхеленизам61, и европскиот мит за хеленска лулка на европската
цивилизација т.е митот за хеленството на Европејците.

може да се толкува, научно или погрешно и тенденциозно, ама не може да се присвојува.


58 Demosthenes, Philippic, III.31: „…не само што [Филип] не е Хелен, ниту сличен на
Хелените, туку барбарин, од земја за која не може ништо добро да се каже, туку чума
македонска, одкаде [од земјата] човек не може ни пристоен роб да купи”. Од IV в. ст.е.
етниконот Хелени добива културолошко значење и се користи за сите народи што имале
хеленско образование, види: Isokrates, Panegyrikos, c. 50.
59  И не само што името Македонија беше забрането, туку сè до 1975 г., кога во
Хелсинки беше потпишан Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност
и соработка (КЕБС) со целите и принципите на КЕБС, меѓу другото и за неменување на
границите, во егејскиот дел на Македонија ништо не се инвестираше, така што Грција
е единствена европска земја чиј север е понеразвиен од југот.
60  Види: „Утрински весник” 11.05.2009, бр. 2982, c. 4.
61  Националниот српски мит не влијаеше во создавањето на македонскиот мит,
зошто во 1996 г. Србија ја призна не само државата и народот туку и континуитетот на

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


122 Наде Проева

Албанските национални митови: панилиризам и национал‑комунизам


Албанските националисти во негирање на македонскиот идентитет
и држава се послужија со панилирскиот и национал-комунистичкиот
мит заснован врз тнр. панилирска теорија. Оваа теорија ја формулираа
лингвистите во втората половина на XIX в.62, а дури потоа почнаа да бараат
докази во изворите. Во недостиг на лингвистички извори се послужија со
археолошки извори „откривајќи” ја тнр. Urnenfelder култура, култура на
полиња со урни, застапена во цела средна Европа. Тоа го зедоа како доказ
дека Европа сè до Балтикот била населена со Илири, кои оттаму дошле на
Балканот. Оваа теорија беше прифатена во науката, зашто во тоа време
Балканот, освен јужниот дел (античка Хелада), во археолошки поглед беше
речиси terra incognita. Но, со археолошките ископувања по II светска војна
се покажа дека таква култура нема, не само во најголемиот дел на Балканот,
туку ни на класичната илирска територија (денешна Албанија grosso modo)
каде што начинот на погребување е со скелетни гробови под тумули, а не
кремација во урни, а големи се разликите и во материјалната култура. По
ова, научниците ја отфрлија панилирската теза како една голема заблуда. Од
оваа теза единствено не се откажаа албанските научници кои формулираа
нова теорија, тнр. балкански панилиризам, ограничен само на Балканот, и на
Илирите им ја припишуваат територијата од Епир на југ, до Истра, Сава
и Дунав на север и до Нишава и Вардар на исток63. Според оваа теорија,
секаде каде што има тумули со скелетни гробови станува збор за Илири,
без оглед на фактот што на крајот на праисторијата таквиот погребен
обичај е застапен кај многу евроазиски племиња како и на разликите во
материјалната култура. Така на пример тумули има и во Хелада (Маратон

Република Македонија од конституирањето на македонската држава на Првото засе-


дание на АСНОМ одржано на 2.08.1944 г. иако од време на време се слушаа дисонантни
тонови на одделни српски политичари. Исклучок е Српската Православна Црква која
не ја признава Македонската Православна Црква, од која (Охридската патријаршија)
е произлезена, но зад тоа всушност стои Грчката патријаршија. За српскиот мит може
да се види: K. Kaser, J. Halpern, Historical Myth and the Invention of Political Folklore
in Contemporary Serbia, „Newsletter for the East European Anthropology Group” 1998, т. 16,
бр. 1. Види и Р. Радић, Срби прије Адама и после њега, изд. III, Београд 2011.
62  Добар приказ на панилирската теорија со релевантна литература има кај
A. Benac, Prediliri, Protoiliri i Prailiri – Vorillyrier, Protoillyrier und Urillyrier, [во:] Simpozijum
o teritorijalnom i hronološkom razgraničenju Ilira u praistorijsko doba, пoc. изд. Centra za
balkanološka ispitivanja, I/IV, Sarajevo 1964, c. 59–94.
63  За границите на илирските племиња врз основа на јазичките извори види:
R. Katičić, Suvremena istraživanja o jeziku starosjedilaca ilirskih provincija, [во:] Simpozijum
o teritorijalnom…, c. 9–58.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 123

кај Атина) и тоа за тврдите панилиристи е доказ дека Хелените биле Илири.
Дури тврдат и дека Илирите се споменувале во еповите на Хомер64. Со
овој панилирски мит и тезата дека Албанците се директни потомци на
„сеевропските” Илири се „докажува” староста и автохтоноста на Албанците.
Притоа се тврди дека Илирите го зачувале својот идентитет од античко до
денешно време, без оглед на сите добро посведочени миграции на Балканот.
Албанците се врзуваат и изедначуваат со Илирите, но притоа се заборава
најважното, а тоа е дека нема континуитет во името. Имено, тие антички
Илири денес се викаат Албанци! Овде треба да се потсетиме дека името Илири
последен пат во изворите е посведочено во втората половина на III в.н.е.,
а дека имињата Арванити и Албанци во изворите прв пат се споменуваат
во XI/XII в., а тоа е хијатус од најмалку осум векови. Во XIII в. е посведочено
кнежевство Албанија, но пишани траги од албанскиот јазик има дури во
XV в., но сепак се тврди дека имало јазичен континуитет меѓу илирскиот
и албанскиот јазик. Ова теорија воопшто не може да се докаже, зашто од
илирскиот јазик се зачувани само три глоси65. Доволно е да се потсетиме
дека од античкиот македонски јазик се зачувани речиси 200 глоси, но сепак
не може да се утврди дали бил одделен јазик или дијалект на грчкиот. Во
XIX в. биле предложени реконструкции и етимологии на исчезнатиот
илирски јазик со помош на албанскиот, како од лингвистите така и од
целосно некомпетентни лица. Еден од нив е австрискиот заменик – конзул
во Јанина, Јохан Хан (J. G. Hahn), кој патем речено не знаел ни збор албански,
но тоа на многумина не им пречи неговите заклучоци да ги прифатат како
меродавни. Дека нема континуитет меѓу Илирите и Албанците јасно се
гледа од византиските и други извори каде истовремено се набројуваат
Илирик и Албанија. Во житието на Самоиловиот зет св. Јован Владимир
(X/XI в.) на два пати и истовремено се споменуваат Илирик, Албанија
и Далмација66, како и во прогласот на австрискиот цар Леополд I од 1690 г.
до христијанското население за борба против Османлиите каде буквално
пишува: „…ги повикуваме сите народи населени низ цела Албанија, Сервија,
Мизија, Бугарија, Силистра, Илирија, Македонија, Рашка, како и другите…”67.

64  E. Sedaj, Les tribus illyriennes dans les chansons homériques, „Studia Albanica” 1986,
т. I, c. 157–172. Станува збор за схолија на еден стих од Хомеровата Илијада.
65  R. Katičić, Ancient Languages of the Balkans, The Hague 1976, c. 170–171. Лингвистите
не можат да докажат ниту на која лингвистичка група (кентум или сатем) припаѓал
илирскиот јазик.
66  Х. Меловски, Москополски зборник, Скопје 1996, c. 176.
67  M. Костић, О постанку и значењу тзв. „Инвитаторије” Леополда I балканским
народима од 6 априла 1690, „Историски часопис” 1949–1950, т. II, c. 144–145.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


124 Наде Проева

Во втората половина на XX в. во комунистичка Албанија оваа па-


нилирска теорија е вградена во национал-комунистичкиот мит. Имено,
не можејќи да ги искоренат архаичните обичаи на локалните горостаси
албанските марксисти-ленинисти вешто ги искористиле за создавање
на мит за националниот гениј и идентитет на албанскиот народ што
божем траеле од најстарите времиња (илирски период) до ден денес.
За таа цел албанската власт, не штедејќи, ги финансираше историските,
лингвистички, а најмногу археолошките проекти со цел да се пронајдат
корени на албанскиот народ во најдлабокото минато. Научниците од
овие области се ставија во служба на власта и направија идеализирана
слика за најстарата историја на „народот” често со толкувања што се на
граница на фантазијата. Отидоа до таму што староседелците во денешна
Албанија ги прогласија за Пелазги68, а тоа значи дека Илирите, а со тоа
и Албанците, би биле најстар народ на Балканот69.
Овој албански мит беше прифатен и од Албанците надвор од Албанија,
а по распаѓањето на СФР Југославија особено се засили во областите
населени со албанско население. Во Р. Македонија тоа се најзападните
делови, долж границата со Р. Албанија и со Косово каде што со текот
на времето Албанците станаа мнозинско население70. Процесот на
тивко освојување на територии со доселување од Албанија, особено
во северозападниот дел на Македонија, започна на крајот од XVII в.,
по австро-турска војна 1683–1699 г. и задушувањето на Карпошовото
востание (1689 г.), по коешто дел од македонското население се повлече на
север заедно со австриската војска71. На тоа се надоврза исламизацијата
на Македонците од страна на турската власт72, несовесната демографска
политика во време на СФРЈ (Титовото кумство на секое осмо дете); како
и постојаната инфилтрација од Косово, процес што трае до ден денес73.

68  Хелените ги нарекувале Пелазги/Пеласти најстарите жители чие име не го знаеле,


и според лингвистите тоа буквално значи Старинци.
69  Одлична анализа на овој мит види кај P. Cabanes, B. Cabanes, Passions albanaises:
de Berisha au Kosovo, Paris 1999, c. 24–29, 181–204.
70  Види ги пописите на Југословенскиот завод за статистика објвени од S. Milosavlevski,
M. Tomovski, Albanians in the Republic of Macedonia, 1945–1995, Skopje 1997, гл. Demographics,
c. 291–297.
71  А. Матковски, Отпорот во Македонија, т. IV, Скопје 1983, иселување c. 547–549,
доселување на албанско население c. 550.
72  Види: Д. Ѓоргиев, Македонија под османлиска власт, [во:] Историја на македон-
скиот народ…, c. 139–145.
73  За овие процеси види: Д. Ѓоргиев, Населението во македонско-албанскиот
граничен појас (XV–XVI век), Скопје 2009.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 125

Според оваа идеологија, секаде каде што денес живеат Албанци тоа се
илирски, читај албански територии, и сè дотаму треба да се протега
албанската држава. Тврдите албански идеолози на 24.03.1990 г. во
тетовското село Шипковица прогласија политичка автономија со име
„Илирида” и тврдеа дека легално спровеле референдум. Во 1992 г. група
на албански активисти во Струга прогласија „Република Илирида” во
рамките на македонската држава, а на 7.05.2004 г. во с. Слатино кај
Тетово основано е албанско национално движење „Илирида” чија цел
е федерализација на Р. Македонија74. За тоа и ден денес се залагаат некои
македонски политичари со албанско потекло75, што во некое погодно
време треба да доведе до распаѓање на државата. На обединување на
сите Албанци на Балканот работат и невладини организации, како
што е „Разбуди се” основана 2006 г., чиј претседател Артан Груби беше
политички советник на Симоне Филипини, амбасадорка на Кралството
Холандија во Р. Македонија (2007–2011), кој, противно на правилата на
Виенската конвенција за дипломатските службеници, учествуваше во
нередите по уривањето на црквата – музеј на скопското Кале (на што
присуствуваа високи функционери од ДУИ – министри во владата),
а заменик министерот Џевад Бучи пред очите на целата јавност нареди
да им се извадат лисиците на уапсените учесници во нередите од ал-
банско потекло, за што опозициската СДСМ побара оставки76. Во 2001 г.
вооружениот судир од Косово се прелеа во Р. Македонија77, при што

74  Програмата на организацијата е објавена во весникот на албански јазик во 2006.,


Види: „Фокус” 27.07.2007, бр. 630–631, с. 10–11.
75  Така, новоизбраниот градоначелник на Гостивар (април 2009) Руфи Османи во
телевизиските интервјуа најави формирање на нова албанска партија чија цел ќе биде
уставно признавање на албанското малцинство во Република Македонија како консти-
тутивен народ во државата и кантонизација на државата. Во меѓувреме формираната
партија е застапена со двајца пратеници во Собранието на Република Македонија.
76 Види: Што се урива на Кале – соживотот или коалицијата, „Утрински весник”
11.02.2011, бр. 3506; СДCМ бара оставки од Јанкуловска, Бучи и Кузман, „Дневник”
14.02.2011. Ѓ-та Филипини која цело време ни држеше лекции за демократија на
скандалозен начин го бранеше Груби (види: „Утрински весник” 14.02.2011, бр. 3506), но
тој сепак беше суcпендиран од Министерството за надворешни работи на Кралството
Холандија кое направи истрага за случајот, види: http://www.time.mk/read/104ffb5f7f/
eca7342d91/index.html
77  Според германските тајни служби во Република Македонија оперирале најмалку
1.400 албански екстремисти вооружени со најмодерно оружје, објавено во „Билд Цајтунг”,
цитирано според „Македонско сонце” 3.08.2001, бр. VII/371, c. 15; Б. Трајковски, Судирите
во јужна Србија ја загрозуваат Македонија, „Утрински весник” 27.02.2001, бр. 3/506, c. 2.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


126 Наде Проева

најмногу страдаше цивилното население од двете страни78, но бројот на


албанските жртви не се кажува. Не беа поштедени ниту верските објекти
со исклучително културно-историско значење како што се црквите во
селата Лешок и Матејче79. Единствена ваква реакција од македонска страна
беше потпалувањето на џамијата од XV в. во Прилеп по загинувањето
на десеттемина воени резервисти од Прилеп кај Карпалак (8.08.2001)80.
Нападите на паравоените одреди врз Р. Македонија од светските поли-
тичари беа оценети како тероризам81. Тогашниот генерален секретар
на НАТО, лордот Џорџ Робертсон, албанските вооруженици ги нарече
„murderous thugs”, а нивната нелегална организација UÇK (Нациoнална
ослободителна армија) терористичка82. Во почетокот и македонските
политичари со албанско потекло го осудија овој судир83, но многу брзо
го сменија ставот и почнаа да го прикажуваат како борба за човекови

78  Види ги извештаите за киднапирани цивили и за изживувањето на албанските


терористи над работниците на градежното претпријатие Маврово: ICMP.GR.32.1.doc
како и на американскиот државен оддел Country Reports on Human Rights Practices,
http://209.85.129.132/search? q=cache:UgclL- Irto8J: www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/2002/18379.
htm + kidnapped +and+tortured+macedonians+ mavrovo&cd = види: White book. Terrorism
of the so-called NLA, Skopje 2001, c. 69–94, 109–153, 262–273, сл. 1–11 и слика на c. 294.
79  Види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit …, сл. бр. 2.
80  „Вест” 10.08.2001, бр. 327.
81  Види ја и анализата на тогашниот амбасадор на Канада во Југославија (1990–1992)
J. Bissett, War on terrorism, „National Post” 13.11.2001, http://www.globalresearch.ca/articles/
BIS111A; White book…, c. 159–174. За поддршката на Р. Македонија од ЕУ, САД, НАТО
и Џорџ Робертсон види: „Утрински весник” 1.03.2001, г. 3, бр. 508, c. 5; како и: САД ќе ја
поддржат воената акција на Македонија, „Утрински весник” 3/4.03.2001, г. 3, бр. 510, c. 3.
82  Lord Robertson, the Secretary-General of NATO, condemned the KLA terror campaign
and described them as „murderous thugs: html+lord+robertson%2Balbanian+terrorism+in+
macedonia&cd=2&hl=de&ct=clnk&gl=de – in March. На почетокот на судирот НАТО ги
предупредуваше албанските терористи (види: „Утрински весник” 2.02.2001, бр. 485,
c. 13). Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон бараше силите на КФОР остро да
им се спротивстават на оние кои извршуваат насилнички акти. Види: Робертсон бара
КФОР да реагира на насилствата, „Вест” 22.02.2001, бр. 189.
83  Во изјавите давани пред меѓународните фактори не само што ги осудија нападите
(види: „Утрински весник” 12.03.2001, г. 3, бр. 518), туку изјавуваа, веројатно поради страв
од српско мешање, дека „…како и секоја држава и секоја влада, мора да демонстрира
власт во својата територија”. Изјава на потпретседателот на Демократската партија
на Албанците (ДПА) Мендух Тачи, дадена по разговорот со амбасадорот на Велика
Британија во Република Македонија, Марк Дикенсон (види: Ако проблемот не се
реши мирно, мора да се демонстрира власт, „Вест” 28.02.2001, бр. 194); види и изјава на
претседателот на ДПА, Арбен Џафери (Танушевци, пред се, е албански проблем и мора
да се реши со демократски средства, „Вест” 3.03.2001, бр. 197).

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 127

права на „загрозеното” албанско малцинство84, иако ова малцинство


од 1990 г. има политички партии на етничка / национална основа, пра-
теници во македонското собрание и министри во коалиционата влада
на Р. Македонија. По успешно водената медиумска пропаганда, во која
се вклучија медиуми дури и од рангот на Би-Би-Си прикажувајќи ги
Македонците полоши дури и од Србите85, американските и западно­
европските политичари го сменија својот став и застанаа на страна на
албанските терористи кои им беа потребни за борба против тогашниот
диктаторски и недемократски режим на Слободан Милошевиќ86. Во ду-
хот на предрасудите за социјалистичките земји како недемократски
и диктаторски, западните, а особено американските политичари им
дадоа целосна подршка на овие паравоени групи што го тероризираа
како македонското така и албанското цивилно население и ги присилија
македонските политичари87 да го потпишат Охридскиот договор (пара-
фиран на 8.08.2001 г. во Охрид, а потпишан истата година на 13 август
во Скопје)88. Со тоа на албанското малцинство им се дадоа права какви

84  Во соопштението бр. 5 на самонаречената ОНА за Дојче Веле се вели дека


Албанците се бореле за слобода, еднаквост и права. Види: „Утрински весник” 6.03.2001,
г. 3, бр. 512, c. 3.
85  Види реакција на македонските интелектуалци: Запрете го квази‑новинарството,
„Утрински весник” 15.03.2001, г. 3, бр. 520, c. 5.
86  Американски војници од мисијата на НАТО на Косово, КФОР, иако немаа мандат
во Р. Македонија, на скандалозен начин и пред очите на целата македонска и светска
јавност (види ги тогашните извештаи на Peter Andrews за Ројтерс – Reuters), на 15 јуни, од
селото Арачиново, со 15 луксузни автобуси извлекоа 300 албански терористи опколени
од македонските вооружени сили, што кај Македонците предизвика гнев и протести,
како против НАТО така и против тогашните македонски политичари и председателот на
државатa Борис Трајковски, кои мораа да бидат евакуирани од зградата на Собранието
на Р. Македонија. Ова беше противно на изјавите на северноатланските политичари кои
само до пред некој ден пред тоа ги осудуваа овие напади. Види изјава и на Даниел Спекард,
заменик–помошник на генералниот секретар на НАТО: „Македонската влада, НАТО,
Албанците во Македонија и во Косово се согласиле дека е неопходно да се изолираат
вооружените бандити кај Танушевци и да се убедат дека тоа не е начин на дејствување.
Ваквите акции треба да престанат, а Македонија има право да ги заштитува своите
граѓани”. Види: Спекард: бандитите треба да се изолираат, „Вест” 5.03.2001, бр. 198.
87  Види ги претходните изјави: Б. Трајковски, Македонија нема да преговара со
терористи, „Утрински весник” 7.03.2001, г. 3, бр. 513, c. 2.
88  Доволен е само еден пример за односот на светските политичари: додека тнр.
олеснувачи Ф. Леотар и Џ. Пердју преговараа во Охрид, припадници на „загрозеното”
албанско малцинство не дозволија да помине конвојот со храна и лекови за нивните
соседи – етнички Македонци опколени од терористите во тетовското село Доброше
(види: Кој ќе им олесни на Македонците од Вратница, „Дневник” 6.08.2001, г. VI, бр. 1618,

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


128 Наде Проева

што нема ниедно друго малцинство во светот, а да не зборуваме за маке-


донското малцинство што во балканските земји е целосно обесправено,
почнувајќи од Јужниот сосед – лулката на европската демократија, до
матичната земја на Албанците89. Беше воведен принципот на поделба
на власта (тнр. power-sharing) меѓу „заедниците”, така што Албанците го
„изгубија” статусот на малцинство, а Македонците од народ се сведоа на
племенска заедница. Со тоа фактички Р. Македонија се дефинира како
двонационална држава (другите малцинства немаат ист статус како
албанското), со што се отвори патот кон федерализација на државата, а од
тоа има само еден чекор до нејзино делење и остварување на идејата за
Голема Албанија. Последиците од тоа секој ден се сè поголеми и потешки
за нејзината стабилност дури и опстанок90. Политичарите со албанско
потекло цврсто инсистираат на почитување на словото и духот на овој
договор, како и на прецизно спроведување на Бадентеровиот принцип,
на пропоpциoнална застапеност во државната администрација, на де-
централизацијата91 и сл., но тоа важи само за албанското малцинство,
додека во општините со македонско малцинство тие принципи никогаш
не се почитуваат92. Така, иселените Македонци од с. Арачиново до ден

c. 7). Придружбата од ОБСЕ беше немоќна да го спроведе, а изостана и „хуманитарниот”


притисок што во текот на судирот постојано се вршеше врз македонската власт за
неприменување на воени средства против терористите забарикадирани во џамиите,
а со цел заштита на албанските цивили.
89  За правната положба на македонското малцинство кај Западниот сосед види:
К. Фетаху, Правата на Македонците во Албанија, [во:] Голо брдо, живот на граница,
yp. А. Светиева, Скопје 2006, c. 52–55.
90  Види анализа на договорот: B. Vankovska, The Role of the Ohrid Framework Agreement
and the Peace Process in Macedonia, [во:] Regional Cooperation, Peace Enforcement, and the Role
of the Treaties in the Balkans, yp. S. Bianchini и дp., Ravenna 2007, с. 41–63. На првиот ден
на учебната година на државниот Универзитет во Тетово и во основното училиште во
Џепчиште беше интонирана албанска наместо државната химна на Р. Македонија, види:
Само албанска химна на тетовскиот универзитет, „Вест” 18.09.2012, г. 13, бр. 3670, с. 8.
91  Децентрализацијата беше направена 2004 г. со скандалозното прекројување на
општинските граници (под закана од тнр. Кондовска група), според етнички критериум,
наместо според природните географско­‑економски принципи, а наградено од САД со
експресно признавање на Р. Македонија со уставното име, на првиот ден од вториот
председателски мандат на председателот на САД, Џорџ Буш. Дека станува збор за
своевидна награда за послушноста доказ се изјавите на американски политичари од
времето на Буш (како онаа на државниот секретар за надворешни работи Кондолиза Рајс),
дека САД ќе го користат компромисното име за Р. Македонија, кога ќе било договорено.
92  Последен пример за тоа е самоволно преименување на четири училишта во
скопската општина Чаир. Bиди: Вапцаров заменет со поранешен борец на ОНА (М.Ѓ),

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 129

денес не се вратени во нивните домови како што е предвидено со овој


договор. Законите очигледно важат само за граѓаните со албанско по-
текло, не само во Р. Македонија, туку и во меѓународниот кривичен суд
на правдата за поранешна Југославија во Хаг, каде не е осуден ни еден од
главните албански виновници од судирите во поранешна Југославија,
освен двајца маргиналци93.
Во докажување на правото врз овие територии политичарите со
албанско потекло до неодамна систематски го користеа името Славо-
македонци94, измислено од Јужниот сосед за негирање на македонскиот
идентитет95, што е бесмислено. Имено, имињата на народите како и на
луѓето служат за нивно означување, а не за „објаснување” на етногенет-
ските процеси со користење на композитни имиња. Така на пример не се
користи, ниту некогаш се користело име Славобугари, за да се каже дека
во етногенезата на современите Бугари освен словенската компонента
има и еден помалуброен, несловенски – бугарски елемент, што го даде
името на народот зошто беше владеачки слој во државата. Дека ваквото
означување е измислено, фантомско, та според тоа неприфатливо,
доволно е да се каже дека ниту еден друг народ, не само на Балканот
туку и во Европа, не се обележувал и не се обележува со композитно
име. Така на пример нема имиња од типот на Славоруси, Славопољаци,
Славохрвати, Славосрби и тн. Исто како што нема Франкогали, Ав­стро­
гер­ман­ци, Арабошпанци или пак Гркоромеи. Со користење на името

„Вест” 1/2.09.2012, г. XIII, бр. 3656, с. 9, како и коментар Б. Ванковска, Nomen est omen,
„Нова Македонија” 3.09.2012, бр. 22670.
93  Неодамна, пак на инсистирање и притисок од коалициониот „албански” партнер
во владата на Р. Македонија, се разбира заради останување на власт, беше направена
амнестија на вратените хашки случаи за злоделата против човештвото, што никаде во
светот не се амнестираат и не застаруваат, Службен весник на Република Македонија
22.07.011, г. LXVII, бр. 99, c. 3. И затоа фарсично е ставањето на претседателот на ДПА,
Мендух Тачи, на американската црна листа со што му се забранува влез во САД од
безбедносни причини (закани за безбедноста и на надворешно политичките интереси
на САД). Bиди: Црната листа на САД за Македонија останува во сила, „Вест” 25.06.2011,
бр. 3301. Но тој сепак е не само чест гостин во американската амбасада туку и партнер за
политички преговори. Беше забошотен и случајот со продавање на органи на српските
заробеници. Bиди извештај на Дик Марти, Parlamentary Assembly, doc. 12462, 7.01.2001,
http.//assembly.coe.int
94  Н. Проева, Славомакедонци, фантомска именка, „Вест” 26/27.05.2001, бр. 265, c. 10.
95  Н. Проева, Името Македонија, „Република” 7/8.01.1992, c. 17 и „Република” 9.01.1992,
c. 17; истата, Александар Македонски би се смеел, „Пулс” 30.07.1992, бр. 80, c. 17–19. Види
и: Аврамопулос, човекот што нудеше Славомакодонија, „Дневник” 22.06.2012, бр. 41068.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


130 Наде Проева

Славомакедонци за современите Македонци македонските политичари


со албанско потекло го негираат природното и уставно име на народот
и на државата во која живеат и од која бараат само права, заборавајќи
ги обврските према државата, што е некоректно и нелојално. Така во
време на изборната кампања во 2002 г., Арбен Џафери, основач и лидер
на ДПА – партија на македонските Албанци, во ударниот дневник на
државната телевизија им „објаснуваше” на Македонците дека треба
да се викаат Славомакедонци, зашто во Македонија дошле во VI в. од
зад Карпатите, дека немаат никаква врска со античките Македонци, та
според тоа ни право на името Македонија. Одговорот на македонските
новокомпонирани историчари и лингвисти е дека античкиот македонски
јазик бил словенски, што значи дека немало миграција и дека Словените
не се дојденци туку одсекогаш биле на Балканот, дека на тој антички
словенско-македонски јазик била напишана и Хомеровата Илијада96, што
исто така е неточно. Втората теза на А. Џафери е дека името Македонија
им припаѓало на Албанците, кои биле директни наследници на Илирите,
та според тоа, староседелци во Македонија. Правото на македонското име
A. Џафери и другите политичари со албанско потекло го извлекуваат ни
помалку ни повеќе туку директно од Александар Македонски без притоа
да се прашаат, исто како и Грците, зошто, ако Илирите биле староседелци
во Македонија, а Македонците биле Хелени, зошто славниот крал не го
викале Александар Илирски т.е. Албански, односно Александар Хеленски
т.е. Грчки? Всушност, станува збор за стара, недокажана и во науката
отфрлена теорија извлечена од фактот дека Олимпијада, мајката на Алек-
сандар, била Епирка, а според панилирската теорија Епирците се Илири,
додека според панхеленската теорија се Хелени. Прикаската за илирско
потекло на Александар Македонски ја раскажува и Али Ахмети, лидер на
другата голема албанска партија ДУИ, тогаш и сега коалиционен партнер
во владата на Р. Македонија97. И овде како и во случајот со денешните
Грци, имаме користење на две етнички имиња за еден ист народ (Грците
се и Грци и Македонци; а Албанците се и Албанци и Македонци) што може
да се толкува и како несигурност во идентитет на овие народи (Грци или
Македонци?; Албанци или Македонци?). А во негирањето на македонскиот

96  Меѓу првите е канадскиот инжињер со македонско потекло Одисеј Белчевски кој
дава напоредни табеларни прегледи на Хомеровата лексика и на современиот македонски
јазик. Bиди: http://www.ego.com.mk/star/arhiva/broj43/6.htm l; потоа Т. Белчев, Македонија
четири илјади…; Македонија центар на венетската…
97  Види интервју: А. Ахмети, Александар Македонски, „Сега” 14.05.2009, бр. 3, c. 18–22.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 131

идентитет токму тие (Албанците и Грците, и не само тие), ја користат


тезата за несигурност на идентитетот на Македонците. Така Мируше Хоџа,
професор по албанологија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”
во Скопје и единствена жена кандидат за претседателските избори во
2009 г., во текот на едно телевизиско претставување на претседателските
кандидати држеше „предавање” за неспорниот албански идентитет кој
произлегувал од Илирите и ги советуваше Македонците да расчистат
со нивниот идентитет кој безмалку немал никаква врска со името на
државата, затоа што, замислете, во неа живееле и малцинства. Патем
речено, во државата Македонија живеат малцинства затоа што на Балканот
единствено во Р. Македонија се признати сите малцинства – без исклучок!
Во државата на Западниот, исто како и на Источниот и Јужниот сосед, не
се признати малцинствата освен по едно, колку за форма98, со што сака
да се докаже дека овие три македонски соседи се етнички чисти држави.
Во согласност со ова толкување на етничката состојба во Р. Македонија,
оваа кандидатка на митинзите пред албанските избирачи предлагаше
белгиски концепт за Р. Македонија. Другиот претседателски кандидат
со албанско потекло, Агрон Буџаку, се залагаше компромисното име на
државата што треба да се изнајде да биде мултиетничко, без да каже како
би гласело. Веројатно не го кажа, затоа што Невзат Халили, претседател
на илегалната Република Илирида и албански ултранационалист, уапсен
во Приштина 2002‑та г. од страна на КФОР поради паравоени активности
во врска со Илирида99, веќе го има смислено „новото” име на државата,
а тоа е: Македонија-Илирида100. Меѓутоа, фактите на кои се повикуваат
албанските како и грчките националисти за нивното божемно право на
името Македонија го покажуваат токму спротивното.
Имено, Хелените, а не античките Македонци, биле тие кои од 338 г. сè
до 168 г. ст.е. биле под власт на Македонците, чија власт повремено ќе ја

98  Грција не го признава македонското, албанското, ромското и другите мал­цин­


ства освен муслиманите што не е етничка група; Бугарија ги признава само турските
мус­ли­мани, додека Албанија признава македонско малцинство само во неколку етнички
кристално чисти села на Преспанското езеро што ѝ припадна на албанската држава.
За положбата на малцинствата во овие земји јасно зборуваат извештаите на хелсиншкиот
Human Rights Watch: Denying Ethnic Identity, 1994; Destroying Ethnic Identity, 1990, „News
from Helsinki Watch” како и годишните извештаји на Стејт Департментот на САД.
99  Невзат Халили планирал нова војна во Македонија!?, „Фокус” 27.07.2007, бр. 630–631,
c. 10–12.
100 Види: Редефинирање на Македонија, „Македонско сонце” 14.11.2008, бр. XV/750,
c. 22–23.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


132 Наде Проева

признаваат и Илирите, додека Македонците никогаш не биле под власт


ниту на Хелените, ниту пак на Илирите. Кога во 148 г. ст.е. во битката
кај Пидна ќе биде поразен последниот македонски крал Персеј, овие три
народи ќе потпаднат под власт на Римјаните, а западната граница на
римската провинција Македонија ќе биде брегот на Јадранското море,
што значи ќе ги опфати илирските области што е резултат на претходните
општествено-економски, а делумно и политички состојби и односи. Со
овој факт поправо би можеле да се „оправдаат” територијални претензии
од македонска кон албанската страна (од ова јасно се гледа апсурдноста
на ваквите идеи) но се разбира дека вакво нешто во Македонија никому
не му паѓа на памет. Со користење на името Славомакедонци од една
страна сака да се каже дека нема македонска нација, а од друга страна
дека македонскиот народ не е автохтон на својата територија. Логиката
на резонирање на албанските националисти е дека, ако нема македонска
нација, туку некакви Славомакедонци кои комунистите ги унапредиле
во народ, тогаш не може да има ниту македонска држава зошто сите
држави во Европа се национални. Од друга страна пак, постојано и во
сите медиуми на албански јазик, дури и во печатот на македонски јазик101,
се пропагира извевтената и одамна отфрлена теорија дека Албанците
се директни наследници на Илирите. Се оди до таму што античките
Македонци се прогласуваат за Илири со што директно се посегнува по
целата територија на Македонија, зашто ако античките Македонци биле
Илири, тогаш цела Македонија треба да биде албанска – нели Албанците
биле директни наследници на Илирите – а не само најзападните делови
на Р. Македонија. И така според идеолозите на овој мит, многу лесно ќе
биде македонската држава, која божем била комунистичка творба (а чија
ли творба беше албанската држава создадена во 1912 г.?) да се подели
помеѓу соседите, при што западниот дел би ѝ припаднал на Албанија
со што сонот за Голема Албанија би бил на чекор до реализирање102. Но,
овде треба јасно да се укаже дека за разлика од албанската држава, маке-
донската држава не е создадена од големите сили, туку во текот на долг
процес на востанија против туѓа власт, што со народноослободителната
и антифашистичка борба во текот на II светска војна заврши успешно
само во еден нејзин дел. Напротив, со нечесната политика на големите

101  Н. Проева, Игнорирање на добро познати факти, „Македонско време” 1998,


г. V, бр. 48, c. 19, и англиско издание Neglecting well known facts, „The Macedonian Times”
1998, бр. V/48, с. 19.
102  Види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit…, сл. бр. 3.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 133

сили во 1913 г.103 македонскиот народ беше осакатен, а неговата терито-


рија поделена и раздадена на четири, а по распаѓањето на СФРЈ на пет
држави (Грција – тнр. егејски дел; Бугарија – тнр. пирински дел; Србија
– тнр. вардарски дел и областа Гора што сега се наоѓа во новосоздадената
Република Косово; Албанија – дел од преспанско-охридскиот регион
и пограничниот појас со Албанија – областите Гора и Голо Брдо)104.
По попречувањето на приемот на Р. Македонија во НАТО од страна
на Јужниот сосед105, македонските политичари со албанско потекло
и некои албански интелектуалци почнаа да ја шират тезата дека Ал-
банците не можеле да чекаат македонската држава да стане членка во
НАТО и ЕУ поради нерешениот проблем за името со Јужниот сосед
и дека прашање на ден било кога на своите сограѓани со македонско
потекло ќе им испорачале барање со рок за негово брзо решавање, што
најблаго речено е непристојно кон државата во која живеат и во која ги
имаат сите човекови и колективни права. Згора на тоа, таквото барање
не може да значи ништо друго туку и барање кон самите себе, односно
дека не ја признаваат државата во која живеат. Овде треба да се потсети
дека за прием во овие две меѓународни oрганизации беше додаден уште
еден услов (регуларни избори), што произлезе од нередите на изборите
што редовно се случуваат во местата со албанско население106.

Бугарскиот пантракиски мит


Источниот сосед на Р. Македонија беше првата балканска држава
што ја призна државата со нејзиното уставно име, играјќи на картата
на создавање отпор кон српскиот национализам (што во годините
на распаѓање на СФРЈ беше силно изразен и кон Р. Македонија од

103  Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална


држава, Скопје 1981, т. I, c. 572–574.
104  Види зборник на трудови: Голо Брдо, живот на граница, yp. А. Светиева,
Скопје 2006.
105  На самитот во Букурешт вo април 2008 види ги извештаите на новинските
агенции и експерти: http://209.85.129.132/search?q=cache:iVKmaMfohoEJ:www.novinite.
com/view_news.php%3Fid%3D91875+greece+vetoed+Macedonia&cd=5&hl=de&ct=clnk
&gl=de; http://209.85.129.132/search?q=cache:t38op5scdzwJ:www.osservatoriobalcani.org/
article/ articleview/9365/1/216/ +greece+vetoed+Macedonia&cd=21&hl=de&ct=clnk&gl=de
106  По ветото од Јужниот сосед за прием на Република Македонија во НАТО,
во јуни 2008 г., беа спроведени предвремени парламентарни избори при што имаше
повеќемина ранети и еден убиен. Види: Во Арачиново пукотници, „Утрински весник”
2.06.2008, бр. IХ/2701, c. 3.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


134 Наде Проева

страна на некои српски политичари, а особено за време на режимот


на Слободан Милошевиќ) и надевајќи се дека доведени во „безизлезна
и беспомошна” состојба Македонците ќе си ги „откријат” своите
„бугарски” корени. Тоа отворено го кажа познатиот националист
Божидар Димитров: „Бугарите ќе ракоплескале ако Македонија го
прифатела нивното наследство и дека можела да се вика Бугарија или
Југозападна Бугарија”107. Таквата политика јасно се гледа и од фактот
што Источниот сосед ја призна државата, но го негира јазикот и нација;
од сè поотворените и погласни обвинувања во органите на ЕУ за
непочитување на божемно бугарско малцинство во Р. Македонија, како
и од непризнавањето на македонското малцинство, што е недолично
за една членка на ЕУ, а за што овој Источен сосед има „убав” пример од
постарата членка на ЕУ – Јужниот сосед. И не само тоа, туку политичката
спрега меѓу ове два соседи – Источниот и Јужниот е сè поотворена.
Така на 25.05.2009 г. на бугарско-грчката граница беа запленети 15.000
DVD дискови со пропаганден материјал за изборите за европскиот
парламент кај Јужниот сосед108 порачани и платени од организацијата
на македонското малцинство „Виножито” (Ouranio toxo – Rainbow),
што од разбирливи причини беа работени кај Источниот сосед. Со
тоа предизборната кампања на „Виножито” беше осиромашена зашто
грчките власти одбија да ги емитуваат нивните спотови поради
напоредното користење на македонскиот јазик.
Бугарскиот национален мит се темели врз тнр. пантракиска теорија,
според која Бугарите биле директни наследници на Тракијците кои пак,
биле најстари жители на Балканот, што за зацврстување на бугарскиот
национален мит особено беше искористена во шеесеттите години на
минатиот век109. Импликациите од овој мит за Р. Македонија се состојат
во вклучување на пајонските племиња во тракиската група, а тоа значи
дека ако Пајонците се Тракијци110, а Бугарите нивни наследници, тогаш
областите источно од Вардар населени со пајонски племиња треба да бидат
бугарски. Како и во сите земји од источниот блок, така и кај Источниот
сосед по паѓањето на социјаистичкиот систем се пристапи кон ревизија

107  Види: „Дневник” 20.06.2012, бр. 41066.


108  http://www.allvoices.com/contributed-news/3369716-the-party-of-macedonians-in-
greece-vinozito-rainbow-video-clips-rejected-by-greek-tv-stations
109  Анализа на причините за тоа дава I. Iliev, The Proper Use, „Ethnologia Balkanica”
1998, бр. 2, c. 10–12.
110  За етничката припадност на Пајонците види: Н. Проева, Студии за античките
Македонци, Скопје 1997, c. 103–108.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 135

на историјата, возобновување на старите митови и создавање на нов


национален мит. Предводник на преиспитувањето на идентитетот на
Бугарите (ова може да се толкува дека и бугарскиот идентитет не е офор-
мен или барем е кревок, што би бил одговор на бугарските тврдења дека
немало македонски идентитет) и на ревизијата на бугарската историја
е фондацијата „Тангра” основана во 1998 г.111 Според тврдењето на
нивните активисти, директните претци на Бугарите дошле од средна
Азија, т.е од долината Памис и од Хиндукуш каде бугарското име божем
било запишано во I‑то илјадолетие од ст.е.112 Но, директни импликации
за Р. Македонија и за создавање на современиот македонски мит има
негирањето на македонскиот народ и јазик и неговото вклучување во
бугарскиот идентитет. Тоа се правда со фактот дека од времето на царот
Самоил бугарското име се користело и за Македонија, при што не се
кажуваат причините за тоа. Ниту македонските историчари не се имаат
потрудено да го објаснат тоа, како поради конформизам, така и поради
убедувањето дека немало потреба, зошто само од себе било јасно113.
Сепак треба да се појасни дека Самоил го искористил одстранувањето
од власт на бугарскиот цар Борис II од византискиот император Јован
Цимиски и за својата држава со центар во Македонија (прво во Преспа,
потоа во Охрид), а не во Бугарија (Преслав, како дотогаш), ја узурпирал
титулата и државно­‑правната традиција на бугарската држава. Со ова
државно-политичко, а не етничко име се нарекувале сите земји под
(бугарската) власт на Самоил од Јадранското до Црното Море и од Сава
до Дунав на север сè до Лариса на југ. Според оваа логика народите во
овие земји: Ромеите, Далматинците, Албанците, Србите итн., исто како
и Македонците, треба да се Бугари. Дека ова име не е етничко се гледа
од фактот што јазикот на солунските браќа Кирил и Методиј во ниеден
извор не се нарекува бугарски, туку словенски, а во византиските хроники
Македонија до владеењето на Самоил се нарекувала Склавинија или
Склавиција. Овде треба да се укаже дека, сè до XIX в. кога се формираат
нациите и нивните држави, имињата Грк и Бугарин немале ниту етничко
ниту пак политичко значење. Името Бугарин се користело за означување

111  http://tangra-bg.org/bul/zafondaciata.htm
112  Бьлгарите/The Bulgarians, уp. A. Fol, София 2000; Й. Табов, Антична България,
София 2000.
113  Објаснување за користењето на бугарското име во разни период дадов во мојот
превод на македонски јазик на делото на Алфред Делакулонш, види: Н. Проева, Предговор,
[во:] А. Делакулонш, Лулката на македонската државност, Скопје 2000, c. 8–16.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


136 Наде Проева

на целото словенско население во Османлиската империја114 но и како


синоним за селанец, зашто Словените претежно живееле по селата и се
занимавале со земјоделство, додека пак со името Грк се означувал секој
православен христијанин при што не треба да се објаснува причината
за тоа. Примерот со бугарската држава на Самоил не е единствен пример
за користење на државно име за различни народи. Така, средновековната
германска држава од X в. се означувала со името на Римското царство,
најисточните делови на Балканот се нарекувале Румелија – според името
на ромејската држава во чии рамки сè до потпаѓањето под османлиска
власт се наоѓале; јужнословенските народи на Западниот Балкан во
борбата за ослободување и создавање своја држава во XVIII в. сами себе
се нарекувале Илири, според името на префектурата од доцната антика
и тн. Во времето на будење на народите (XVIII в.) во изворите почнува да
се прави разлика помеѓу Македонија и Македонците од една, и Бугарија
и Бугарите од друга страна и тоа трае сè до крајот на векот кога започнува
бугарската „братска” грижа и помош за ослободување на Македонија115.
Најубав пример за ова е тнр. Кресненско востание од 1878/79 г. Името
на востанието, според локалитетот, во научната литература е внесено
и наметнато од бугарските историчари, во време кога македонскиот
народ немаше своја држава и научни институции, та според тоа ни свои
историчари, иако на зачуваниот тркалезен оловен печат јасно пишува:
печатъ / началнïк / щаба (во средината), а покрај работ: на македонското
востанïе 1878. Во правилата на Македонскиот востанички комитет се
зборува за ослободување на Македонците, за македонско востание,
македонска војска116 што јасно покажува дека ова востание, како и подо-
цнежните „бугарски” востанија ги кревале Македонците, а не Бугарите.
Овде треба да се споменат и американските иселенички списоци од
почетокот на минатиот век, во кои полуписмените иселеници од сите
делови на Македонија се изјаснувале како Македонци117 што е уште еден,

114  V. Friedman, Macedonian Language and Nationalism, „Balcanistica” 1975, бр. II, c. 84.
115  Тоа особено е изразено по формирањето на македонската ослободителна
организација ТМРО, подоцна ВМРО, која поради мешањата од надвор ќе се подели на
повеќе фракции, види: К. Битовски, Македонија во деветнаесеттиот век до Балканските
војни (1912–1913), [во:] Историја на македонскиот народ, т. III, дел IV–VII, c. 157–410.
116 Види: Правила на македонскиот востанички комитет на Македонското
(Кресненско) востание, 1878/79, [во:] Документи за борбата…, т. I, c. 245–261; факсимил
на оловниот печат има на c. 708.
117  Дел од документите кои се чуваат во архивата на Ellis Island Museum, Њујорк
САД, можат да се видат и на http://www.ellisislandrecords.org.search/matc. Во официјалните

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 137

мошне објективен доказ против тврдењата дека македонската нација била


создадена по II светска војна со декрет од Тито, или пак од Коминтерната
која во 1934 г. само ја прифати реалноста – постоечката македонска
нација. Толку за бугарското негирање на македонскиот идентитет, зашто
најголемите и најжестоки реакции во однос на македонскиот идентитет
дојдоа од страна на Јужниот сосед.

Грчкиот панхеленски мит


Грчкиот национален мит е изграден врз поистоветување на денешните
Грци со античките Грци – Хелените. Во време на борбата за ослободување
од османлиската власт и создавање на држава идеализираната слика за
античките Грци направена од западно­европските историчари стана
подлога за грчкиот национален мит, што постојано се доработуваше.
Во почетокот овој мит ги опфаќаше само териториите на Хелада (античка
Грција), но како што растеше апетитот на новата држава така се рас-
тегнуваа границите, кон што се прилагодуваше националниот мит. На
почетокот античките Македонци беа уништувачи на грчката слобода
и непријатели, за набргу да станат дел од грчката историја118. Првите
творци и идеолози на грчкиот национален мит ќе ги вклучат античките
Македонци, дури по објавувањето на делото на Г. Дројзен119. Имено,
здружените хеленски полиси во 338 г. ст.е. во битката кај Хајронеја беа
поразени од Филип II, кој им ги издиктира условите на мирот. Овој
мир, во сите зачувани извори, исклучиво се нарекува koine eirene =
заеднички мир, а не сојуз како што го нарекуваа/нарекуваат филхеле-
нистите. А колку да се знае, овие извори се напишани од хеленски
(старогрчки), а не од македонски историографи. Со овој мировен договор
Хелените фактички ја признале македонската власт, но во стратегијата
за докажување на грчкоста на античките Македонци се прикажува како

грчки документи за продавање на земја до II светска војна нивниот јазик се нарекува


„македонски лингвистички идиом” или само „македонски”, види: D. Lithoxoou, Dhio
anekdhota dokumenta yia tin istoria ke ti sindhisi tis slavomakedonikis meionotitas kata tin
prometaksiki periodho, „Ejtos Orion” 6.06.1992, c. 36–42.
118  За Ј. Ризос Нерулос (I. Rizos Neroulos), председател на атинското археолошко
друштво, и за проф. Н. Сариполос (N. Saripolos) хеленската слобода умрела кај Хајронеја,
а за А. Рангавис (А. Rangabis) Македонците биле непријатели на Хелените.
119  J. G. Droysen, Geschichte des Hellenismus, Gotha 1877/78. Националниот историчар,
Константин Папаригопулос, во втората половина на XIX в. ќе го искова терминот
македонски хеленизам и така ќе го наслови преводот на делото на Дројзен, објавен
10 години подоцна.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


138 Наде Проева

сојуз за обединување на Хелените од страна на Филип120. Имено, од


условите на мирот121, диктирани од победникот, иако се прокламира
автономија и слобода, јасно се гледа дека станува збор за потчинетост
на Хелените од страна на Македонците, успешно камуфлирана од вештиот
дипломат Филип II. На Хелените им било забрането менување на
уредувањето, прераспределба на земјишните имоти, отпишување на
долговите, ослободување на робовите, протерување на политичките
противници и конфискување на нивните имоти, враќање на политичките
бегалци, прифаќање служба во друга држава, меѓусебни борби, склу-
чување на сојузи со други држави, што се заедно јасно укажува за ог-
раничување не само на надворешната автономија, туку и за мешање во
внатрешните работи и во приватната сопственост. Како гаранција за
почитување на овие услови Македонците поставиле стратешки воени
бази на сите четири страни во Хелада: на север во тебанската тврдина
Кадмеја, на југ на коринтскиот акропол, на запад во Амбракија, а на
исток во Халкида на Евбоја. Единствената отстапка од страна на по-
бедникот е откажувањето од земање данок, што јасно покажува дека
Македонците не воделе борба со Хелените за територии, туку дека
станува збор за политичко ривалство, т.е. за ограничување на дотогаш-
ната превласт на хеленските сојузи (Атинскиот поморски и Пелопонескиот
сојуз) во Егејот. Трансформацијата на античките Македонци од инородни
непријатели во сонародници е одличен пример за ублажување на
разликите, што потоа треба да доведе до бришење, со цел да се изгради
заеднички идентитет и да се оправда асимилацијата на инородното
и инојазично население. А кога тоа не може да се постигне само со
националниот мит, тогаш се применуваат драстични методи како што
е присилно иселување, отворено, или под маска на доброволна размена
на населението во новоздобиените, туѓи територии. Така на 20.09.1919
г. во Неј (Франција) била потпишана Конвенција за доброволна размена
на грчкото малцинство од државата на Источниот сосед со „бугарско-
тонаселение во големиот негрчки дел (Македонија и Тракија) од државата

120  Сепак обидот да се постави статуа на Александар Македонски во Атина во


1972 г. бил отфрлен поради критиките и објаснувањата од еден дел грчки интелектуалци
и археолози дека Македонците биле поробувачи на Хелените, што е точно. Види: „The
Guardian” 16.02.2009.
121  Види: П. Карлие, Демостен, Скопје 1994, c. 208–221; Н. Проева, Историја на
Аргеадите, Скопје 2004, c. 240–244; M. N. Tod, A Selection of Greek Historical Inscriptions,
Oxford 1933, I–II, бр. 177; Inscriptiones Graecae II, 2 изд., бр. 236; види: T. T. B. Ryder, Koine
Eirene, Oxford 1965, c. 101–115, 150–162.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 139

на Јужниот сосед122, со што се „поправа” ситуацијата во државите со


вештачки оцртаните граници на крајот од балканските и I светска војна.
Етничката слика во грчкиот дел на Македонија ќе биде радикално
сменета по грчко-турската војна (1919–1922) прво со договорот за за-
должително разменување на исламското население што таму живеело
дотогаш, за христијанското од Турција, потпишан на 30.01.1923 г. во
Лозана (Швајцарија)123, при што освен етничките Турци биле иселени
и исламизираните Македонци. На нивно место во Македонија ќе бидат
населени малоазиските гркофони кои до ден денес се нарекуваат маџири
(ar. muhagir) – странци, додека Македонците се означуваат како entopioi
– домашни, т.е. староседелци, или entopioi Makedones – домашни Маке-
дoнци. Односот на етничките елементи во грчкиот дел на Македонија
во 1912 г. многу јасно е прикажан на Етнографската карта објавена во
1926 г. од тогашното Друштво на народите (League of Nations), при што
Македонците не се означени како Бугари, туку како Bulgarisants, што
значи бугаризирани124. Заради ваквата етничка состојба оваа новосо-
здадена држава од Друштвото на народите била задолжена на малцин-
ствата да им го гарантира користењето на мајчиниот јазик, за што во
1920 г. во Севр (Франција) бил потпишан договор125. Во мај 1925 г. бил
отпечатен Буквар за Slav speaking minority (а не за некакви Бугари), на
народниот битолско/леринскo­‑прилепски дијалект, намерно печатен на
латиница, писмо туѓо на Македонците, исто како и името на букварот
– Абецедар. Абецедарот бил подготвен од тричлена државна комисија
според принципите востановени од Крсте П. Мисирков, што покажува
дека членовите на комисијата добро го знаеле македонскиот јазик126.

122  Договорот е потпишан од министрите за надворешни работи на двете држави.


Види: М. Миноски, Македонија во меѓународните договори (1913–1940), т. I, Скопје 2006,
документ бр. 33, c. 184–188 и M. Stojković, Balkanski ugovorni odnosi…, т. II, документ
бр. 223, c. 94–97.
123  Види: „League of Nations Treaty Series” 1925, т. 32, c. 76–87, document бр. 807;
М. Миноски, Македонија во меѓународните…, документ бр. 41, c. 236–244; M. Stojković,
Balkanski ugovorni…, т. II, документ бр. 242, c. 155–162.
124  За разликите во овие имиња види: Н. Проева, Предговор, [во:] А. Делакулонш,
Лулката…, c. 13.
125  Види изјава на Евангелос Венизелос од 11.10.1930 г.: „…дека прашањето на
македонското малцинство ќе биде уредено и дека тој ќе се ангажира за отворање на
училишта ако народот го побара тоа…” Повеќе за ова кај В. Кушевски, Македонското
прашање во Друштвото на народите, Скопје 2001, c. 117–170.
126  Тоа биле Папазахариев, Шајакџиев (Сајакцис) и Лазаров (Papazachariou, Saiaktzis
и Lazarou). Bиди: Abecedar, Athinai 1925; фототипно издание со додаток на англиски јазик

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


140 Наде Проева

На ова реагирале како бугарската влада така и владата на Кралството


на Србите, Хрватите и Словенците, кои со помош на своите „научници”
докажувале дека словенското население во тој дел на Македонија е бу-
гарско, односно српско, и ја засилиле својата пропаганда особено во
пограничните делови127, и изговорајќи се со грижа за нивните божемни
малцинства потпишувале договори за размена на населението128. Особено
треба да се укаже на реакциите од бугарска страна како за писмото така
и за јазикот на Абецедарот, за што биле ангажирани тогашните научни
авторитети129. Но овој буквар никогаш не стигнал до оние на кои им
бил наменет (бил запален во инсцениран напад на возот), зошто тоа би
значело признавање на македонското малцинство во грчкиот дел на
Македонија. Но, за да биде поголема иронијата Абецедарот, напоредно
со современ буквар каков што денес се користи за учење на македонскиот
јазик, во 2006 г. повторно е отпечатен (овој пат тоа го направи поли-
тичката партија на Македонците „Виножито” и членка на Европската
слободна алијанса) со пари од казната што на Јужниот сосед ѝ ја одреди
Европскиот суд за човекови права во Стразбур за непочитување на
правата на македонското малцинство130. Новосоздадената држава не
само што не ја гарантираше употребата на мајчиниот јазик, туку набргу
следуваше негирање на македонското малцинство и негова асимилација
со најсурови методи131, во прв ред со забрана за користење на македон-
скиот јазик. Така грчката терористичка организација „Грчко-македонска
тупаница” од Florina (Лерин) на 27.01.1926 г. објавила распис против

Abecedar–Абецедар, јубилејно издание, Скопје 1925–1985, c. 3–21. Види: В. Кушевски, За


појавата на „Абецедарот”, „Историја” 1983, бр. XIX/2, c. 179–188.
127  Види: В. Кушевски, Петициите на „српското малцинство” од Егејска Македонија
упатени до Друштвото на народите и нивната судбина, „Историја” 1970, бр. VI/2,
c. 130 и дp.
128  Види: Л. Мојсов, Македонците во егејска Макеоднија. Околу прашањето на
македонското национално малцинство во Грција, Скопје 1954, c. 268 и дp. како и второ
издание од 1989 г.
129  Љ. Милетич, Нова латинска писменость за македонските бьлгари подь Гьрция.
Abecedar, „Македонски прегледь” 1925, г. I, кн. 5/6, c. 229; И. Д. Шишманов, Абецедарътъ,
„Българска мисълъ” 1925, г. I, кн. 3, c. 302, објавено и на француски јазик, Ľ Abécédaire à
ľusage des minorités bulgares en Grèce, 1926.
130  Abecedar, Буквар, АNАГNΩΣТIКО, Thessaloniki 2006.
131  Види: A. N. Karakasidou, Fields of Wheat, и превод на македонски јазик Полиња
жито, особено гл. 4; истата Transformation of Identity, [во:] The Macedonian Question: Culture,
Historiography, Politics, yp. V. Roudometof, New York 2000; превод на македонски јазик
Македонското прашање: култура, историографија, политика, Скопје 2003, c. 79–131.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 141

употребата на македонскиот јазик во јавноста, со наредба да се зборува


грчкиот јазик132. За секој изговорен македонски збор се плаќала парична
казна, за што уште има живи сведоци. За отпорот кон оваа забрана
интересно е сведоштвото на проф. Христо Меловски роден во 1932 г.
во Лерин: „Имено, некој човек од градот кога ќе видел грчки полицаец
се упатувал кон него и откако ќе изговорел македонски збор веднаш ја
плаќал казната (30–40 драхми = 40 амеркански центи)”133. Следниот
голем чекор за погрчување и бришење на трагите и доказите за присуство
на негрчкото население во Македонија беше присилното менување на
имињата на луѓето и на негрчките – словенски и турски топоними – со
законот донесен на 21.11.1926 г.134 и применет само во словенска Маке-
донија, но не и на Пелопонез каде и ден денес има словенски топоними135.
Притоа многу населби беа преименувани со антички имиња, може да
се каже на памет, зашто во тоа време најголемиот дел на античките
населби не беа идентификувани на терен136. Подоцна, кога е утврдена
местоположбата на некои антички населби, се покажало дека „вратеното”
античко име е погрешно. Таков е примерот со местото Топсин прекрстено
со името на постојката Gephira (Гефира) на патот Via Egnatia, а многу

132 Види: Документи за борбата…, т. I, c. 57. Бројни сведоштва за ова и кај А. Н. Кара­
ка­сиду, Полиња жито, c. 191 (решение бр. 134 од 13.12.1936: во општината Asiros се
забра­нува користење на сите идиоми освен на грчкиот); како и заклетва на села­ните од
с. Крпе­шина (сега Atrapos), дека нема дa го зборуваат словенскиот идиом, види: Elliniki
foni, 8.08.1959 и Foni tis Kastorias, 4.10.1959.
133  P. J. Vesilind, Macedonia: Caught in the Middle, „National Geographic” 1996, бр. 189/3,
c. 131.
134  Види: Л. Мојсов, Околу прашањето…, c. 247–256, со резиме на француски јазик
c. 337–358; како и двојазичните изданија на атласот со стари и нови имиња од T. Simovski,
Atlas of the inhabited places of the Aegean Macedonia, Skopje 1997; иcтиoт, Населените места
во Егејска Македонија, Скопје 1998.
135  За овие методи види: L. M. Danforth, The Macedonian conflict, ethnic nationalism in
a transnational world, Princeton 1995, особено гл. III, и превод на македонски Македонскиот
конфликт, етничкиот национализам во транснационалниот свет, Скопје 1996;
R. Van Boeschoten, Ethnicity and the Cultural Division of Labour: the Case of Macedonia.
Conference „Ethnicity and Anthropology”, Amsterdam 1993. Ист метод за насилно менување
на топонимите и на идентитетот на луѓето спроведен е кон турското малцинство во
Бугарија. Bиди: С. Николов, Сфаќања на етницитетот во бугарската политичка култура:
неразбирања и искривоколчувања, [во:] В. Рудометоф, Македонското прашање, Скопје
2003, c. 299–300, и оригинал на англиски јазик: The Macedonian Question, New York 2000.
136  Грчките власти се раководеле, со единствените во тоа време направени
идентификации предложени од A. Delacoulonche, Le berceau de la puissance macédonienne,
Paris 1859, и превод на македонски јазик Н. Проева, Лулката…, Охрид 2000.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


142 Наде Проева

подоцна е утврдено дека оваа постојка на Егнатијскиот пат се наоѓала


на другата, десната страна на реката Вардар наспроти населбата Топсин137.
Но за среќа историјата не може да се избрише со закон. Така и ден денес
ветрот што дува долж реката Вардар јужните соседи (Грците) го викаат
vardariotis = вардарец, т.е. вардарски ветар по името на реката Вардар
што тие сега ја нарекуваат со античкото име Axios. Овој процес на
асимилација и протерување на Македонците е заокружен со граѓанската
војна 1946–1949 г.138 кога грчките сојузници, Британците ги бомбардираа
селата во егејскиот дел на Македонија со напалм бомби, прв пат упо-
требени во современото војување139, при што цивилното население
беше принудено да ги остави своите вековни огништа. Непризнатата
и привремена демократска влада формирана од грчката Комунистичка
партија, која единствено ги признаваше Македонците140 и регуларно
избраната влада, од хуманитарни причини договориле евакуација на
жените и децата. Тоа било спроведено од меѓународниот Црвен крст
и Црвена Полумесечина, што беше најголема таква акција по II cветска
војна, при што само деца биле иселени вкупно 28.000. Овој егзодус беше
крај на чистењето на македонската етничка територија, зошто ниедно
од овие иселени деца не е вратено на родното огниште. Така Македонците
станаа малцинство во својата родена земја. Дека до граѓанската војна
Македонците не беа малцинство во грчкиот дел на Македонија се гледа

137 Види: L. Gounaropoulou, M. Hatzopoulos, Les milliaires de la Voie Egnatienne,


„Meletеmata” бр. 1, c. 68, заб. 1, Athеns 1985.
138  За оваа војна види: Л. Пановска, Крајот на една илузија, Скопје 2003. А за
последиците од оваа војна и повоените човечки судбини на учесниците во војната види
го зборникот со есеи After the war was over, reconstructing the family, nation and state in
Greece 1943–1960, yp. M. Mazower, Princeton 2000. Превод на македонски јазик: Откако
војната заврши, Скопје 2007, особено Introduction – Вовед, како и поимите во индексот:
Macedonia, civil war.
139  H. Richter, British Intervention in Greece: from Varkiza to Civil War, February 1945
to August 1946, London 1985.
140  A. Rossos, Macedonia and the Macedonians, a history, Toronto 2008, c. 197, особено
гл. 11 War and revolution 1940–1949, c. 183–212. Во областите што биле под контрола на
борците од антифашистичкото народноослободително движење (СНОФ) биле отворени
училишта, печатени весници (од 1944 г. излегувал весникот „Славјаномакедонски
глас”) и се држела богослужба на „славомакедонски” јазик, што неуките Македонци го
нарекувале „нашиот јазик” или „стариот јазик”, види: E. Kofos, Nationalism and Communism
in Macedonia, Thessaloniki 1964, c. 122; Р. Киријазоски, Петте судбоносни години во
Егејска Македонија, 1945–1949, Скопје 2009, c. 21–22; иcтиoт, Македонските национални
институции во Егејскиот дел 1941–1961, Скопје 1987, c. 199–201; С. Киселиновски,
Статусот на македонскиот јазик во Македонија (1913–1987), Скопје 1987, c. 75–76.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 143

од доверливите извештаи на странските разузнавачи, меѓу другите и на


британските141, кои се најзаслужни за овој егзодус на македонското
население. Со законот пак од 1982 г. грчката држава го забрани враќањето
на сите оние кои не се Грци по род и до ден денес овие Негрци останаа
бегалци и сеуште се нарекуваат деца – бегалци. И не само тоа, овие деца,
сега возрасни луѓе и граѓани и на најмоќните земји како што се САД,
Канада и други држави членки на ЕУ, не можат да влезат во државата
на Јужниот сосед ниту за да ги посетат гробовите на нивните родители,
зашто државите во кои што сега живеат се „немоќни” да ја натераат
земјата, која се фали и гордее дека е лулка на демократијата, да ги по-
читува основните човекови права.
Ако се знае ова, секому му станува јасно, зошто на Јужниот сосед
му пречи самостојна држава со име Македонија и зошто со сите сили се
труди да го „озакони” направеното, негирајќи го македонското име, а со
тоа и македонската нација. Затоа грчките националисти грчовито и со
сите сили се обидуваат да докажат дека името Македонија, до неодамна
строго забрането во грчкиот дел на Македонија, „било, е, и ќе би(де)ло
грчко”. Имено, грчкиот дел на Македонија и соодветното државно ми-
нистерство се нарекуваше Voreia Ellada (северна Грција) сè до 1982 г. кога
беше вратено етничкото и географско име и кога Јужниот сосед започна
масовно да ги (зло)употребува симболите на античките Македонци
(еден од нив е ликот на Александар Македонски на грчките ковани пари)
и да ги преименува објектите и институциите со антички македонски
имиња (така солунскиот аеродром го доби името Македонија, во Солун
е поставена статуа на Филип II итн.)142. Овде треба јасно да се подвлече
дека тоа никому не му пречеше во Р. Македонија и дека за разлика од
Јужниот сосед Македонија не бара ексклузивитет за користење на името
Македoнија. Но, за волја на вистината, треба да се каже дека по ветото на
нашиот Јужен сосед за прием во НАТО на самитот во Букурешт, 2008143
и владата на Р. Македонија почна со преименување на јавните објекти
(аеродром, стадион, автопат) со имиња на славни ликови од античка
Македонија и со поставување на споменици во нивна чест144.

141  Види: A. Rossos, The Macedonians of Aegean Macedonia: A British Officer’s Report
1944, „Slavonic and East European Review” 1991, бр. 69, c. 293–294.
142  Види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit…, особено c. 196–199.
143 Види: G. Gilson, Greece Blocks FYROM in NATO, „Athens News” 7.04.2008.
144  Само во Скопје се поставени два споменици на Филип II, еден во Битола. На
Александар Македонски во Скопје, Прилеп (донација од Џ. Атанасовски, македонски
иселеник во САД), Штип и тн. Види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit…, сл. бр. 5, 11.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


144 Наде Проева

Во последните неколку децении на минатиот век во докажувањето на


грчкоста на Македонија се впрегнаа и археолозите. Имено, археологијата145
како и историјата146 е една од најпогодните науки за постигнување на
национално-политички цели преку манипулација на културата147. Така,
артефактите најдени во македонскиот дел од територијата на Јужниот сосед
се прикажуваат како дел на грчката култура, иако јасно се разликуваат
од грчката. Во ист кош се ставаат и предметите што не се создадени на
тлото на Македонија, туку се увезени од грчките производни центри како
и материјалната култура од грчките колонии на македонското крајбрежје,
што дава погрешна слика за културата148. Зашто, ако навистина се сака
да се утврди што биле античките Македонци тогаш нивната севкупна
култура, религија и тн., треба да се изучуваат одделно од хеленската за да се
утврди во која мера културните белези се исти, слични или пак различни.
По донесување на повелбата за европската безбедност и соработка на
конференцијата во Хелсинки (КЕБС) со што, меѓу другото, се гарантираше
неменување на границите на државите, заврши ерата на запоставеност
на археолошки ископувања во македонскиот дел од државата на Јужниот
сосед, а особено по лоцирањето на кралската некропола во Вергина
(Кутлеш) од страна на археологот – маџир (доселеник од Бурса, Турција)
Манолис Андроникос, кој по откритието на кралските гробници беше
издигнат во национален херој149. По откривањето на златната маска во

145  Ph. Kohl, Nationalism and Archaeology, „Annual Review of Anthropology” 1998,
бр. 27, c. 223–246.
146  M. I. Finley, The Use and Abuse of History, New York 1975.
147  Mанипулацијатa направена од германските националсоцијалисти кои ја
искористија теоријата на археологот – лингвист Густав Косина за еднаквост меѓу
материјалната култура и современиот народ на територијата и го создадоа митот за
предодреденост на Германците во ширење на културата во светот, имаше најтешки
последици што доведоа до стравотиите на II свеска војна. Такви примери на Балканот се
албанскиот националкомунизам од времето на Енвер Хоџа детално прикажан од P. Cabanes,
B. Cabanes, Passions albanaises…, c. 24–29; 181–204; како и грчкиот панхеленистички мит
искористен за протерување и асимилација на македонското и другото негрчко население.
148  Имено, културата во целина, а особено материјалната чии траги се секогаш
побројни и позачувани од духовната, е еден од елементите за разграничување на народите.
Овој метод, што во праисторијата е незаменлив за определување на племињата, поради
честите злоупотреби за докажување на континуитет на античките со современите
народи, во најново време е критикуван дури и отфрлан.
149  Во 1992 г. премиерот К. Караманлис му додели медал „Голем Крст”, поставени се
статуи во Археолошкиот музеј и во паркот во Солун, именувана улица, неговииот лик
се стави на поштенските марки, а му беше приреден и величенствен погреб искористен
за пропагандни цели (април 1992).

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 145

Охрид сличен статус во Р. Македонија доби археологот Паско Кузман (ама


без медал – сеуште), унапреден во прв човек на Управата за заштита на
културното наследство, чиј збор е последен за сите прашања во македон-
ската археологија. Во обидите да се докаже дека името Македонија било
грчко, а со тоа да се попречи признавањето на Р. Македонија со нејзиното
национално и уставно име, грчките националисти одат дури дотаму што
тврдат дека на територијата на Р. Македонија немало никакви наоди од
античко време, наочиглед бројните археолошки локалитети и наоди во
музеите ширум државата Македонија150. Како реакција на ваквите безочни
лаги македонските политичари во 2005 г. поставија музејски витрини со
оригинални предмети во зградата на владата, наменети на странските
политичари кои доаѓаат во Р. Македонија и донесоа одлука да се изложат
оригинали антички скулптури пред зградата на владата151 што требаше
да останат само два месеци додека не се направат копии, но за жал, до ден
денес се таму, изложени на издувните гасови и на драстичните влијанија
на скопската клима152. Може да се рече дека со тоа власта го поддржа
и подтикна создавањето на cовремениот македонски мит.

Современиот македонски мит


Владата на Р. Македонија почна да „инвестира” во археологијата,
односно да копа во минатото барајќи „докази” за своето име, за што беа
одобрени дотогаш невидени средства153. Имено, според првиот човек на

150 Види: Археолошка карта на Република Македонија, Скопје, т. 1, 1994, т. 2, 1996,
т. 3, 2002. Приказ на развојот на македонската археологија дава P. Novaković, Archaeology
in the New Countries of Southeastern Europe: A Historical Perspective, [во:] Comparative
Archeologies: A Sociological View of the Science of the Past, yp. L. R. Lozny, New York 2011,
c. 414–428.
151  П. Кузман, Скулптурите во Владата раскажуваат македонска историја стара
7000 години, „Фокус” 27.07.2007, бр. 630/631, c. 40–45. Притоа авторот инсистира на
континуитет на народот од праисториско до денешно време (c. 40, 43), премолчувајќи
ги миграциите и минимизирајќи ја словенската компонента: приказната била „…за
Македонците и за Македонија како древна земја, а не за Македонија раскажана од
некаков словенски аспект”.
152  Види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit…, сл. бр. 1, 6. Во јавноста имаше рeакции
за естетските начела на овој чин, а единствена реакција за загрозеноста на скулптурите
и нивна заштита беше од Н. Проева, Скулптурите пред владата се опасно загрозени,
„Утрински весник” 27.03.2007, г. VIII, бр. 2344, с. 15. Потоа се кажа дека скулптурите ќе
биле пренесени во новиот Археолошки музеј што се гради.
153  Тоа почна во првиот мандат на владата на ВМРО­‑ДПНЕ (1998–2002), но драстично
се зголеми во вториот мандат (од 2006 г.). За висината на средствата во 2008 г. види:

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


146 Наде Проева

Управата за заштита на културното наследство требало да се докаже анти-


чкото потекло за да сме го зачувале името154. Ова тврдење е неосновано155,
зашто според таа логика илјадници луѓе кои се викаат Александар треба
да си го сменат името бидејќи не се ниту Грци, а уште помалку имаат
античко потекло. Вториот бран, дојде по блокадата од Јужниот сосед за
прием во НАТО, преку поставување на скулптури на антички личности
насекаде во државата, градење згради во класицистички стил156, што
ги скандализира европските демократи, на кои воопшто не им пречи
кога истото тоа се прави кај Јужниот сосед и тоа со пари од европските
фондови157, та го нарекоа со нелогичната кованица антиквизација, или
букефализација. Всушност, станува збор за своевиден натпревар во
антикоманија со Јужниот сосед, кај кого таа антикоманија трае речиси
два века. Особено треба да се укаже на репликите на антички градби
(Ерехтејонот, храмот на Атена Нике, Партенонот, театри, и тн.) и статуи, во
концентрациониот логор на о. Макронисос (грчкиот Дахау) отворен 1947
г. за превоспитување на левичарите и на „бандитите – Бугари” од ЕАМ
поразени во граѓанската војна, наречен „Нов Партенон” поради античката
иконографија158. Највпечатливи од поставените споменици се оние на
главниот скопски плоштад каде што се поставени споменици на славни
и заслужни личности од античко до најново време, со цел да се прикаже
севкупната македонска историја, негирана од соседите. Според иста шема,

В. Ивановска, Ренесансна година во македонската археологија, „Дневник” 03.01.2008, г. XIII,


бр. 3560. Во 2009 г. беа одобрени речиси 20 милиони евра и на терен работеа 28.000 луѓе,
види: П. Кузман, Археологија – најработодавна гранка, „Нова Македонија” 9/10.05.2009,
г. LXV, бр. 21683, с. 28. Од овие ископувања до сега речиси ништо не е објавено, зошто
мотивите не се научни туку политички и тoа e колекционарска археологија. Дека нема
научни пибликации за наодите призна и идеологот на оваа „ископувачка” археологија
П. Кузнам, види: „Глобус” 17.07.2007, бр. 13, с. 9.
154  П. Кузман, Го губиме името ако не докажеме античко потекло, „Дневник”
19.06.2009, г. XIV, бр. 3995, како и во расправата на телевизијата А2 на 17.06.2009.
155  Н. Проева, Името не се брани со копање по минатото, „TEA Модерна” 4.02.2009,
г. X, бр. 437, с. 15.
156  Види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit…, сл. бр. 7 и 8, а предвидено е мо-
дернистичката зграда, порано седиште на Комунистичката партија на Р. Македонија,
кадешто сега е сместена владата, да се прекрие со фасада во барокен стил, што предизвика
духовит коментар на манифестацијата Златна буба мара на популарноста. Bиди: http://
www.youtube.com/watch?v=4wQo8tXST9E
157  Проект за дигитален музеј за Александар во Његуш, во вредност од 1,3 милиони
евра. Bиди: И. Kостовска, Грција му прави дигитален споменик на Александар, „Дневник”
22.06.2012, бр. 41068.
158  Види: „Le Monde”, од 10.09.1965, Париз.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 147

но помалку монументално, само на две крила од тнр. Словенска врата на


катедралната црква Св. Николај во Љублана, е прикажана и словенечката
историја159, но никој за тоа не се скандализира, иако земјата е членка
на ЕУ. На тој начин главниот скопски плоштад, каде што не само жителите
на главниот град, туку и одсекаде од Р. Македонија заеднички ја чекаа
Новата Година; ги закажуваа средбите; се радуваа на осамостојувањето,
или пак тагуваа оплакувајќи ја смртта на големата музичка ѕвезда Тоше
Проевски (идолот кој успеа да ги обедини младите, и не само нив, и не
само од Југославија туку од целиот Балкан, нешто што не му успеа на
ниеден политичар), итн., е претворен во своевиден музеј на отворено.
Некои новинари и политичари, особено од опозицијата, овој натпревар
во антикоманија, избрзано и без сериозни анализи, го протолкуваа како
обид за менување на божем недоизградениот македонски идентитет
и градење на нов антички идентитет, што не е точно. Повеќе од јасно е дека
причините за антикоманијата/антиквизацијата се политички. Во име
на вистината треба да се каже дека во време на претходниот политички
систем, античката компонента во етногенезата на Македонците беше сосема
запоставена160, дури и негирана, во сегашниов пак, е пренагласена161.

159  Изработена од скулпторот Toнe Дeмшap по повод посетата на папата Јован Павле II
на Словенија во 1996 г. и благословена од него. Палеолит: археолошки слој (со керамички са-
дови), од каде никнува липа – симбол на словенскиот народ; устоличувањето во Карантанија
симболизирано со кнежевскиот стол („knežji kamen”) како „најстар симбол на словенската
државност”; покрстувањето (Св. Кирил и Методиј); бискупот Павле; црквата на Св. Госпа
во Корушка (денес во Австрија); турските напади; новиот век, до XIX в. и катастрофата
во XX в. (толпа убени што слегува во подземниот свет). На врвот на десното крило е пор-
третот на папата Јован Павле II. Види: H. D. Kahl, Slowenen und Karantanen. Ein europäisches
Identitätsproblem, [во:] Streifzüge durch das Mittelalter des Ostalpenraums, Ljubljana 2008, с. 456,
види изглед на вратата на http://www.burger.si/Ljubljana/Cerkve_ Stolnica02.htm
160  Улф Брунбауер, кој на македонските историчари им префрлува незнаење на
научна методологија, моето залагање за поинаков методолошки пристап во изучување
на прашањето за потеклото на античките Македонци го квалификува како презир,
види: U. Brunnbauer, Drevna nacionalnost i vjekovna borba za državnost: historiografski
mitovi u Republici Makedoniji (BJRM), [во:] Historijski mitovi na Balkanu, т. I, Sarajevo 2003,
с. 303; а пак во неговата статија: Illyrer, Veneter, Iraner, Urserben, Makedonen, Altbulgaren.
Autochtonistische und nichtslawische Herkunftsmythen unter den Südslawen, „Zeitschrift
für Balkanologie” 2006, бр. 42 (2), с. 53. Мислењето на издавачот П. Кузман, искажано
во предговорот на мојата книга Студии за античките Македонци, Скопје 1997, ми
го припишува мене, иако во претходната статија точно го цитира, што значи дека не
е превид во прашање, туку намерно искривување, што е некоректно.
161  Види една од последните полемики водена меѓу археологот Паско Кузман
и новинарот Ерол Ризаов на страниците на „Утрински весник” од 22.03 до 01.04.2012.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


148 Наде Проева

Се разбира дека и двата пристапи, се неточни, од проста причина што


и двата се мотивирани од политички побуди, и затоа што во процесот на
етногенезата на секој народ секогаш има повеќе компоненти162.

За европската митоманија
Грчкиот национален мит има еден, само нему својствен белег. Имено,
за разлика од другите балкански национални митови за создавањето на
овој грчки национален мит, заслужни, дури позаслужни и од Грците, се
европските историчари. А најзаслужни од заслужните се германските
историчари163, кои во време на национал­‑романтизмот ги прогласија гер-
манските племиња за Индо-Германци, односно за прото-Индоевропејци.
Врската пак со Хелените ја пронајдоа во доселувањето од север на индоев-
ропски племиња во Хелада (стара Грција) на крајот од II илјадолетие ст.е.
Ова толкување се должеше и на германскиот отпор кон Франција и Велика
Британија кои во XVIII в. доминираа во Европа и се идентификуваа со
Римската империја, додека на германските грофови поприфатливи им
беа хеленските полиси. Во XIX в. по поразот на Наполеон историчарите,
особено германските, почнувајќи од Јохан Винкелман, во Хелада оформените
хеленски (старогрчки) племиња164 ги идеализираа првенствено во естетска,
а помалку во политичка смисла, и ги ставија на местото на Римјаните чии
наследници во државна и културна смисла се токму западните Европејци.
Хелада ја прогласија за лулка на европската цивилизација и извориште
на севкупните културни достигања и го создадоа митот за хеленството
на Европа, што може да се нарече мит за европско хеленство. Така, грчки
изум стана и алфабетот преземен од Фојникијците165 како и фалангата на
нивните најголеми непријатели Македонците, иако Хелените (античките
Грци) јасно ги изделувале Македонците од себе, не ги признавале за Хелени
нарекувајќи ги барбари (barbaroi) – поим за означување на сите нехеленски
племиња. Потоа овој идеализиран европски став за античките Грци во

162  Н. Проева, Ја двојат жолчката од белката откако направија кајгана, „Дневник”


29.06.2009, бр. 4004, c. 2.
163  Одлична анализа на германскиот филхеленизам или гркофилиjа како
и толкувањето на материјалната култура од страна на археолозите види: S. Marchand,
Down from Olympus, Princeton 1996.
164  Во науката е докажано дека секој народ се формира од повеќе елементи на
територијата каде ја создава својата култура и цивилизација и дека нема чисти народи.
165  Види: Херодот, Иcтopија, V, 58: Фојникијците што дошле со Кадмо кај Хелените,
донеле многу други знаења и умеења, „меѓу кои и писменоста која порано, како што јас
мислам, кај Хелените ја немало”.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 149

времето на создавање на новата држава во најјужниот дел од Балканот се


рашири и кај тамошните локални жители166. Оттогаш па до ден денес оваа
држава е европско милениче на кое сè му се дозволува: од непризнавање на
малцинствата, непочитување како на потпишаните меѓународни договори,
така и на правилата на меѓународните организации, до вистинска злоупо-
треба на членството во тие организации. Така на пример, иако е потписник
на Шенгенскиот договор, Јужниот сосед не само што не даваше шенген
визи за македонските граѓани, туку не ги признаваше визите одобрени од
државите потписнички на овој договор. Имено, овие членки, на визите што
им ги издава на македонските граѓани, „мораа” да назначат дека визите не
важат за влез во државата на Јужниот сосед167. По визната либерализација
во 2010 г. Јужниот сосед пронајде нов начин за изигрување на правилата
од прифатените договори: наместо во пасошот на македонските грaѓани,
печатите ги удира на лист хартија, зошто не го признава македонскиот пасош.
Со тоа Јужниот сосед ги тероризира не само македонските граѓани, туку
и нејзините најголеми сојузници и пријатели – чија безрезервна подршка ја
има – та може да се однесува како enfant terrible. Веројатно по „навика” овие
големи и моќни земји не реагираат и мирно го „трпат” ваквото однесување
на една сега банкротирана држава која го доведува во опасност дури
и опстојувањето на ЕУ и која во овој клуб на одбрани беше примена не по
заслуга, туку првенствено заради стравот од комунистичката опасност од
северните соседи (СФРЈ и Бугарија) и во која, од ден на ден, неофашистите
се сè погласни. Така, на воената парада одржана на 25.03.2008 г. – денот на
независноста на Јужниот сосед припадници на специјалните воени нуркачи
извикуваа дека од кожата на Скопјаните и на Албанците ќе си прават нова
облека168. Следуваше формално оградување дека тоа била мала група пое-
динци, а не став на командата на единицата и суспендирање на офицерот
на крајбрежната стража. Уште потежок е инцидентот што се случи на
промоцијата на грчко-македoнскиот речник одржана на 2.06.2009 г.; про-
мотори беа холандската професорка Рики Фон Бушотен (R. Van Boeschoten)
и американскиот професор Виктор Фридман (V. Friedman), кога членовите

166  Анализа на процесот на создавање на современата грчка држава види: M. Hertzfeld,


Ours Оnce More: Folklore, Ideology and the Making of Modern Greеce, Cambridge 1982;
Classical Greece – Ancient Histories and Modern Archaeologies, yp. I. Morris, Cambridge 1994;
Y. Hamilakis, The Nations and its Ruins: Antiquity, Archaeology and National Imagination
in Greece, Oxford 2007.
167  Види: N. Proeva, Savremeni makedonski mit…, сл. бр. 4.
168  http: //www.rts.rs/page/stories/sr/story/11/ Region/596091/Rasisti%C4%8Dki +slogani+
gr%C4%8Dkih + vojnika.html

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


150 Наде Проева

на неофашистичката организација „Hrisi Avgi” (Златна Зора) со вербален


напад се обидоа да спречат промоција на pечник што најмногу придоне-
сува за зближување и разбирање на луѓето169. Иако тоа се случуваше пред
очите на целата светска јавност, не само што овој истап не беше осуден од
власта на Јужниот сосед, што и некако може да се разбере, зошто правата
и слободите на малцинствата никогаш не биле почитувани во оваа држава
што се прикажува како лулка на демократијата, туку немаше осуда ниту од
европските политичари, кои се повикуваа на правото на протест и искажу-
вање на различно мислење при што изјавуваа дека немаат доволно податоци
за да го коментираат начинот на протестирање170. Овој пример уште еднаш
ги покажува двојните европски стандарди и скандалозниот однос на ев-
ропските демократи спрема правата на малцинствата171. Ваквата политика
на европските земји кон Р. Македонија се „оправдува” со противењето на
Јужниот сосед за признавање на македонската држава со името Македонија,
поточно на негирањето на македонскиот идентитет. Имено, станува збор
за задскривање на европските политичари зад нивното enfant terrible кое
во случајов од европските земји е искористено како пион. Јужниот сосед,
очигледно не е свесен за тоа, како што долго време ни Македонците не беа
свесни дека зад бесмисленото барање за менување на името всушност стојат
големите сили, во прв ред САД на кои, иако звучи пресмело, очигледно
им одговара несредена и тензична состојба во ЕУ172, која по воведување на
еврото се наметна како нов фактор, особено на полето на меѓународната
економија. Но, тоа европско милениче, на своите старатели и спонзори, им
се одмаздува токму со дестабилизација на ЕУ. Сепак треба да се каже дека

169  Промоцијата беше во зградата на Здружението на странските новинари во Атина,


а организатор и издавач организацијата на македонското малцинство Европската слободна
алијанса „Виножито”. Bиди: Б. Ѓорѓевски, Фашисти го попречија речникот, „Дневник”
4/5.06.2009, г. XIV, бр. 3984, с. 1–2; како и Interview with Victor Friedman after the incident:
http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=…tID=109540 „Macedonian News Reports”; http://
www.youtube.com/watch?v=eLzl-dAMRfA; http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=
109535; http://www.novinite.com/view_news.php?id=104346, види и коментар на Victor
Friedman, Professor of Balkan and Slavic Linguistics, University of Chicago, Attack of the Xrissi
Avgi (Golden Dawn) a Greek Neo-Nazi party during the presentation of the Greek­‑Macedonian
dictionary, достапно и на http://www.youtube.com/watch?v=2hVZYz_gH5k.
170  Изјава на Ан Мари Али во „Шпиц” 6/7.05.2009, с. 4.
171  Да се случеше такво нешто во Р. Македонија, ако не изгласаа санкции за земјата,
во најмала рака ќе поставеа дополнителен услов за членство во нивните „демократски”
институции.
172  Р. Никовски, САД, Балканот, Македонија, [во:] Македонското прашање повторно
на маса, Скопје 2012, с. 135.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 151

Јужниот сосед не може да се амнестира заради ваквиот став на големите


сили. Имено, неговото барање за преименување на Р. Македонија, а со тоа
и на народот, е резултат на неговите фрустрации, а чии корени јасно ги
одсликува националниот мит. Со ова бесмислено барање не само што се
забави приемот на Р. Македонија во многу меѓународни организации173,
туку на најбезочен начин се прекршува меѓународното право. Прво со Ли-
сабонската декларација (22.06.1992), кога европските демократи се согласија
дека државата ќе биде призната само ако во нејзиното име го нема зборот
Македонија174, што би било рамно на барањето ЕУ да не го содржи зборот
Европа (та нели грчкиот Зевс ја грабнал и ја донел во Хелада Фојникијка
Европа, според која бил наречен само јужниот Балкан)175, а во името на
САД зборот Америка/американски (зошто на континентот освен САД има
и други држави), до поставувањето дополнителни услови за членство во
ЕУ и НАТО, како што е барањето за постигнување компромис за името
со Јужниот сосед, што значи изнаоѓање на ново име на државата, која тоа
име го носи речиси половина век и, меѓу другото, со тоа име е една од
основачите на ОН. Со тоа Р. Македонија е уценета од страна на европските
демократии кои истовремено од петни жили се напнуваат да нè научат на
демократија и правна држава. Така, нивните представници при посета на
Р. Македонија навредливо ја нарекуваат „вашата земја”, „оваа земја”, што
е знак на најниска култура и елементарно непочитување на земјата домаќин;
во документите и извештаите на ЕУ европските демократи постепено почнаа
да го „забораваат” македонскиот јазик итн. Идните генерации веројатно
не ќе можат да се изначудат, а уште помалку да сфатат, како образованите
западноевропски политичари (меѓу нив има и професори, писатели, фи-
лозофи и сл.) можеле да застанат зад едно бесмислено, тврдоглаво дури
и детско однесување на една своја членка. Дотолку повеќе што модерната

173  Во организацијата на ОН, Република Македонија е примена дури во 1993 г. со


нелогична референца Former Yugoslav Republic of Macedonia, што требаше да се користи
само два месеци, а трае до ден денес и по распаѓањето на последната Југославија
и исчезнувањето на југословенското име во меѓународната комуникација. Види краток
и прегледен приказ на Т. Чепреганов, Самостојна Република Македонија, [во:] Историја
на македонскиот народ, с. 329–341.
174 Види: European Council declaration on former Yugoslavia, „Buletin of the European
Сouncil” 1992, бр. 6, Anex II, I.32, с. 22; C. Георгиевски, С. Додевски, Документи за
Република Македонија, кн. III, документ бр. 78, с. 333–335.
175  Името Европа од VIII в.н.е. почнало да се користи во културолошка смисла
(латинско­‑христијанска – наспроти византиската и исламската култура) и тоа само за
западна Европа, а дури од XVIII в. за целиот континент.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


152 Наде Проева

научна и културна мисла на западна Европа е втемелена на ratio – разум,


а не на фрустрирачки чувства (Грци) или на мистицизам (Ориенталци).
И на крај логично е да се даде објаснување на прашањето, зошто ЕУ
не ги почитува мислењата и решенијата на органите и телата што сама
ги формира – во случајов тнр. Бадентерова комисија, и како е можно да
заземе страна во билатерален спор. Има две причини за тоа.
Првата е опседнатоста со хеленизмот – нели изворите на европската
култура се во Хелада – односно филхеленизмот т.е. гркофилиата во чиј
дух, од ХIХ в. наваму, се образува европската културна и политичка
елита (идните политичари, дипломати итн.). Всушност станува збор за
„себефилија”, што се должи на опседнатоста со митот за хеленствотo
на Европјаните или европското хеленство. Но, овде треба да се објасни
дека корените на европската цивилизација не се Хелада, како што се
тврди. Стручњаците за античкиот период многу добро знаат што сè
ѝ должи хеленската цивилизација на староисточната, благодарение на
нивните меѓусебни богати и оплодувачки врски176. Имено, хеленската
култура почива врз темелите на критско-микенската, што пак е копија
на источната (тнр. дворски систем на општествено-економско уреду-
вање, слоговно писмо и сл.). Потоа и класичната хеленска култура
се напојувала од источната (почнувајќи од писмото – фојникискиот
алфабет, најстарите, во прв ред космогониски митови, до филозофскитe
и религиски системи). Така на пример првиот човек, за кого знаеме дека
се побунил против боговите, не е хеленскиот Прометеј, туку Гилгамеш,
легендарниот владетел на Урук, и тоа повеќе од еден милениум пред
Прометеј. Овие културни придобивки Хелените ги преработувале
и прилагодувале така, што со право може да се рече дека ги облекле во
хеленско руво, што стручно се нарекува interpretatio graeca. Со ширење на
вака создадената грчка култура, најмногу преку колониите формирани
исклучиво поради економски потреби (во прв ред суровини и недостиг
на обработливо земјиште во Хелада), Хелените се најзаслужни за зачу-
вување на источните цивилизациски придобивки. Со нивно прифаќање
од страна на Римјаните и со ширењето на христијанството во Европа,

176  За долгот на хеленската цивилизација кон староисточната и за врските меѓу Хелада


и стариот Исток види: W. Burkert, Die orientalisierende Epoche in der griechischen Religion
und Literatur, Heidelberg 1984; The Orientalizing Revolution, Cambridge 1992; Da Omero ai
magi, Venezia 1999; La tradition orientale dans la culture grecque, Paris 2001; Th. Brisart, Un
art citoyen: recherches sur l’orientalisation des artisanats en Grèce protо­‑archaïque, Bruxelles
2011 и многу други.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 153

уделот на источните цивилизации е толкав, што со право европската


култура се нарекува јудејско-христијанска177. Се разбира дека и Хелените,
како и сите други народи, вградиле свое камче во човечката заедничка
цивилизација – а тоа е полисното уредување, најоригиналниот придонес
на Хелените, но тоа не значи дека тие, и само тие се творци на европската
цивилизација. Научниците, во прв ред теоретичарите на историјата, во
последните децении на XX в. започнаа со преиспитување на дотогаш-
ното толкување на историските процеси и со критика на германскиот
романтизам. За волја на вистината и порано имало осамени критики
на опсесијата со грчката култура (таткото на културната историја Јакоб
Буркарт има речено дека: Грција и Германија стапиле во духовен брак),
а нејзиното влијание во Германија дури е означено како „тиранија”178.
Специјалистот пак за современа историја на Кина, Мартин Бернал,
ја промовира тезата за африканско и семитско потекло на хеленската
култура179, што во научните кругови напати предизвика жестоки по-
лемики180. Неговото дело, иако не е прво од тој вид181, беше „откриено”
од творците на современиот македонски мит, кои, поради „тиранското”
користење на тезата за староста и директната врска на јужните соседи
со античките Грци, особено во негирањето на македонската нација,
побрзаа да го преведат на македонски јазик, организирајќи тнр. Денови
на Црна Атена во Македонија (промоција на книгата во присуство на

177  Треба да се укаже дека победата и ширењето на христијанството е овоз­мо­же­но


благодарение на културната политика на македонската династија Птолемаиди што по
смртта на Александар владеела со Египет. Имено преводот од хебрејcки на старогрчки
јазик на Стариот Завет (еврејската Тора) бил направен во Александрија (според традицијата
од 70-мина, та оттаму името Septuaginta), по наредба на кралот Птолемај II околу 270 г.
cт.е. Не треба да се заборави ниту уделот на Арабјаните, чиј јазик од IX до XIII в. во
Медитеранот и на Блискиот исток бил јазик на ученоста, во зачувување на класичните
дела, особено од областа на математиката и медицината.
178  E. Butler, The Tyrany of Greece over Germany. A study of the influence exercised by
Greek art and poetry over the great German writers of the eighteenth, nineteenth and twentieth
centuries, Bostоn 1935, II изд. 1958.
179  M. Bernal, Black Athena, New York 1987. Aвторот се обидува да го замени ариевскиот
модел на античката цивилизација со египетски, но може да се рече на невешт начин,
зошто не е специјалист за антика. Види и превод на македонски јазик М. Бернал, Црна
Атена, Скопје 2009.
180  Во прв ред види: M. Lefkowitz, G. MacLean Rogers, Black Athena Revisited, Chapell
Hill 1996, како и http://ccat.sas.upenn.edu/bmcr/1996/96.04.05.html
181  Меѓу другите види: Y. A. ben Yochannan, Africa, Mother of Western Civilisation,
Baltimore 1971, II изд. 1988.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


154 Наде Проева

авторот, негово предавање, трибини и дебата на МТВ)182, што беше


искористена за оцрнување на домашните историчари и за критика на
тезата за панславизмот, како од новинарите така и од универзитетски
професори183.
Втората причина за европската политика кон Р. Македонија е оправду-
вање на политиката од минатото и задоволување на желбите на помоќните
држави – сосeди на Р. Македонија184. Со непризнавањето на македонската
нација и нејзиното обезличување се предвидува распаѓање на државата,
со што големите сили не само ќе „докажат” дека нивната политика во
минатото била правилна, туку и ќе ги задоволат апетитите на трите држави
– соседи на Р. Македонија185, та наместо три ќе имаа само еден незадоволен.
И така благодарение на опсесијата со хеленството и на филхеленизмот
ЕУ и НАТО буквално уценија една мала, сиромашна и невооружена
земја186, која на најцивилизиран начин се оддели од заедничката држава,
СФРЈ, и, како и најразвиената југословенска република – Словенија, доби
позитивна оценка од Бадентеровата комисија187, барајќи од неа менување
на името. Со тоа на Р. Македонија ѝ е испорачан уште еден услов за прием

182  Организатори на ова беа невладините организации Светскиот Македонски


Конгрес и Евро-Балкан што во меѓувреме прерасна во научен центар, и издавачката
куќа Табернакул. Претседателот на Македонскиот Сенат при Светскиот Македонски
Конгрес, Јордан Плевнеш, на авторот на книгата, Мартин Бернал му врачи плакета со
која му се доделува почесната титула „Македонски сенатор”.
183  Меѓу нив беше промоторот на книгата, проф. Бранислав Саркањац.
184  За односот на големите европски сили спрема македонското национално
прашање може да се види книгата на Ханс Л. Штепан, германски амбасадор во Република
Македонија од 1993 до 1997 г., напишана врз основа на необјавени документи од
политичкиот архив на германското Министерство за надворешни работи: H. L. Steppan,
Der mazedonische Knoten, Frankfurt 2004, oсобено гл. V и VI. Македонскиот превод за
жал е преполн со грешки, особено во имињата и стручните поими, зошто не е направена
стручна редакција.
185  Ваков став има искусниот дипломат Р. Никовски, Македонците се проблемот, не
името: и Србија во орото, [во:] Македонското прашање…, с. 226–227. Види и М. Велиновска,
ЕУ и САД две децении водат валкана војна против Македонија, „Нова Македонија”
27/28.08.2012, г. LXVII, бр. 22665, с. 1–3.
186  И за разлика од богатите европски земји кои примија незначителен број на
косовски бегалци од НАТО бомбардирањето врз СР Југославија во 1999 г. Р. Македонија
широко ги отвори вратите и прими 360.000 бегалци од Косово, што беше рамно на 17–18%
од нејзиното вкупно население, а за што до ден денес не ја доби ветената компензација.
Дел од овие бегалци останаа во земјава, со што бројот на албанското население се зголеми.
187  Види: S. Trifunovska, Yugoslavia trough documents, документ бр. 156, с. 491;
С. Георгиевски, С. Додевски, Документи за…, документ бр. 64, с. 312–365.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 155

во ЕУ и НАТО, со што се негира нејзиното природно право на идентитет


и своја држава. Иако Р. Македонија уште од 2005 г. е држава – кандидат за
ЕУ, а условите за почеток на преговори членство во ЕУ ги исполнува од
2009 г., Европскиот совет не може да донесе одлука поради противењето
од Јужниот сосед. Од самитот на НАТО, 2008 г. во Букурешт до ден денес
постојано се истакнува дека Р. Македонија ги исполнува сите пропишани
услови за прием во овие организации, но… Но, има едно големо НО, а тоа
е проблемот со името, што овие организации на барање на Јужниот сосед,
спротивно на сите меѓународни норми, го промовираа како дополнителен
услов, што е повторено и оваа 2012 г., на самитот во Чикаго188.

* * *

Специјалистите за балканска историја воопшто не се изненадени ниту


зачудени од ирационалното однесување на Јужниот сосед на Р. Македо-
нија, зашто на Балканот oваа држава е најбалканската земја – балканска
во негативна смисла, каква што зборот има токму за Европејците, кои
ја подржуваат. Имено, негативно значење на името Балкан му дадоа
западните Европејци, кои прават разлика меѓу нивната, според нив,
исклучителна култура и балканската култура, та затоа Балканот не бил
дел на европската цивилизација189. Од друга страна пак, нивниот поли-
тички и културен код го лоцираат токму на Балканот во античко време,
што е нелогично и контрадикторно. Затоа слободоумните поединци,кои
мислат со своја глава, не можат да се изначудат на однесувањето на
истите тие Европејци, кои не само што се изјаснуваат и прикажуваат
како демократи, туку и веруваат дека навистина се демократи. Ако е така,
тогаш крајно време е овие демократи да го докажаат тоа со отфрлање
на најновите современи митови, кои за разлика од античките со право
можат да се наречат лажни митови, што во ерата на општа писменост
и глобализација се застарени, депласирани и штетни, и да заземат став
заснован врз меѓународните закони што тие самите ги носат. Последен
пример на безочно непочитување на законите и институциите, што
светските демократии ги имаат сами, создадено е изјавата на амери-
канскиот амбасадор во НАТО, Иво Даалдер, дека на НАТО самитот во

188  НАТО застана зад Грција, бара да го смениме името, „Нова Македонија”
22.05.2012, бр. 22586, с. 1–3, како и С. Димишкова, НАТО остана слеп, Македонија не се
откажува, во истиов број на весников.
189 Види: M. Todorova, Imagining the Balkans, Oxford 1977.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


156 Наде Проева

Чикаго немало да дозволат пресудата на Меѓународниот суд на правдата


во Хаг190 за прекршување на привремената спогодба од Јужниот сосед,
да влијае врз донесување на одлуките на Алијансата191. Станува збор за
одлука на судот во Хаг по тужбата од страна на Р. Македонија против
Јужниот сосед за непочитување на времената спогодба со која овој
Сосед се обврза дека нема да го попречува членството на Р. Македонија
во меѓународните организации со привремената референца192. Оваа
спогодба беше потпишана под покровителство на Обединетите Нации
кои требаше да го гарантираат спроведувањето193, но очигледно не се
способни, или НЕ САКААТ да ја спроведат. Од друга страна пак, со
секој предлог за компромисно име од специјалниот претставник на ОН,
медијаторот Метју Нимиц, се тврди дека новото име нема да значело
менување на македонскиот идентитет, кој ќе го гарантирале повторно
истите тие – ОН, а видовме колку се способни да го направат тоа. Толку
за европската демократија које е родена во Хелада, и за Јужниот сосед
кој е во Европа, додека другите се Балканци од Балканот.

190  Примена на Времената спогодба од 13.09.1995 (поранешна југословенска Република


Македонија против Грција), Пресуда, 5.12.2011 г., (http://www.mfa.gov.mk), на англиски
јазик на http://www.icj-cij.org/docket/files/142/16827.pdf
191  http://www.plusinfo.mk/vest/42564/Ambasadorot-na-SAD-vo-NATO-Nema-da-
dozvolime-Megjunarodniot-sud-da-kazhuva-koga-da-primame-novi-chlenki
192  Види: Резолуција бр. 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации,
[во:] United Nations Treaty Series (UNTS), т. 1891, с. 7 (оригинал на англиски јазик).
193  Договорот е потпишан на 13.09.1995 г. во Њујорк, во седиштето на ОН од
министрите за надворешни работи на двете држави, Стево Црвенковски, Каролос
Папуљас и специјалниот претставник на ОН, Сајрус Венс. Документот се чува во архивата
Секретаријатот на ОН, заведен под бр. Ѕ/19954/794. Bиди: С. Георгиевски, С. Додевски,
Документи за…, с. 475–483.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


Националните митови во современа Европа и негирањето… 157

Mity narodowe współczesnej Europy


i negowanie tożsamości macedońskiej

Streszczenie

Niepodległość Republiki Macedonii - państwa, które w 1991 roku drogą pokojową odłączyło
się od struktur Jugosławii - wywołała ostre spory z jej sąsiadami. Z pierwszym wystąpił połu-
dniowy sąsiad negując jej nazwę, pozostali sąsiedzi podważali natomiast jej język, tożsamość
i prawo do części terytorium. Najgłośniejszy i najbardziej skuteczny w tych działaniach okazał
się sąsiad południowy, który otrzymał wsparcie demokracji europejskich, przyczyniając się
do tego, że Europejczycy stali się de facto współodpowiedzialni za szantażowanie RM w celu
zmiany jej konstytucyjnej nazwy. W oparciu o Deklarację Lizbońską z 1992 roku Rada Europy
uwarunkowała uznanie Republiki Macedonii tylko wtedy, gdy z konstytucyjnej nazwy państwa
usunięte zostanie słowo Macedonia. Niespotykanym dotąd precedensem w historii ONZ stało
się przyjęcie nowego państwa do jej struktur pod nazwą „Była Jugosłowiańska Republika
Macedonii”, skróconej do uwłaczającego akronimu FYROM.
W artykule podjęto kwestię dotyczącą nacisków ze strony NATO i UE wobec tzw. problemu
nazwy a także mitów narodowych, którymi usprawiedliwia się tę politykę oraz stosunku
demokracji europejskich wobec tych mitów. Jednak wbrew zasadom demokracji, jakie szerzy
UE i NATO, Republika Macedonii była i nadal jest szantażowana bezzasadnym żądaniem
znalezienia NOWEJ nazwy według żądań jednego z jej członków.
Następstwem tych działań w RM stało się odnowienie i rozszerzenie narodowego mitu
o związki z Macedończykami antycznymi. Nieodłącznym elementem towarzyszącym temu
zjawisku jest turbo folk oraz wsparcie pseudohistoryków wszelkich profesji: dziennikarzy,
polityków, literatów, lekarzy a nawet profesorów uniwersyteckich. Najbardziej zatrważającym
– w celu ochrony właściwej nazwy państwa dowodzącej tożsamości – stało się włączenie do
tego nurtu zawodowych historyków i archeologów.
Sytuacja uległa upolitycznieniu do takiego stopnia, że nie tylko sąsiedzi, ale również
UE wkroczyła do magicznego kręgu demonstrowania mitów narodowych, odwołując się do
filohelleńskiego mitu rzekomych helleńskich korzeni kultury europejskiej.

Słowa kluczowe:  Republika Macedonii, FYROM, tożsamość narodowa, tzw. problem nazwy,
Unia Europejska, narodowe mity, archeologia, historia.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32


158 Наде Проева

National myths in modern Europe


and denial Macedonian identity

Summary

The independence proclamation of the Republic of Macedonia in 1991 provoked ardent


reactions and denials by its neighbours, against the fact that she was the only peaceful actor in
the Yugoslavia’s dissolution. The first negative reactions and denials came from the Southern
Neighbor, whose denial was directed towards the name, i.e. the identity, while the others
referred to the language, identity and even a part of the territory. The most vociferous and
at the same time the most successful was the reaction of the Southern Neighbour, who gained
support of the European ‘democrats’, which de facto turned them into accomplices in the open
blackmail that demanded the Republic of Macedonia to change its constitutional name. Namely,
the 1992 Lisbon Declaration of the E(uropean) C(ouncil) imposed a demand to the Republic
of Macedonia to accept any name that would not contain the word “Macedonia” in order to
be recognized by the EU!?! The newly independent state was finally admitted to the UN under
a reference “the former Yugoslav Republic of Macedonia” through violation of the provisions
of the UN Charter. Twenty years later the country is still enforced to use the offen­sive reference,
and often even to tolerate the FYROM acronym. This article deals precisely with the politics
of pressures and blackmail exercised by NATO and EU with regard to the so‑called name
dispute. It also centers on national myths that are used in order to “justify” such politics and
on the attitude of the European ‘democrats’ towards those national myths. In contrast to the
democratic rules preached by NATO and EU across the world, the Republic of Macedonia was
and still is blackmailed by an unprincipled demand to select a NEW name in order to please
one member-state. As a consequence of that demand, the national myth linked with ancient
Macedonians (so-called antiquisation, although the better term is antique-mania) has been
revived and upgraded. A number of pseudo-historians with various professio­nal backgrounds,
such as journalists, politicians, writers, physicians, and even university professors, has involved
in this endeavor. To make things worse, even some historians and archaeologists may be seen
in this group, with a mission to defend the right to the name and identity. The societal climate
has been politicized to such a degree that not only the neighbours, but even EU has been
caught in the vicious circle of competing and mutually exclusive national myths. The Union
obviously insists on the philhellenic myth i.e. on the alleged Hellenic roots of the European
culture as such.

Key words:  Republic of Macedonia, FYROM, national identity, the so-called name issue,
European Union, national myths, archaeology, history.

Ostatnia modyfikacja: 2012-12-07 o godzinie 13:32

You might also like