You are on page 1of 5

Лидија Николиќ

(студент по Етнологијаи антропологија при ПМФ – Скопје)

ЕСЕЈ

за

Кит Браун и неговото гледиште на националната историја, идентитетот и политиката


на спорната територија Македонија
Кит Браун преку истражувањето на исказите и раскажувањата на жителите на градот
Крушево, сведоштвото на новинарот Фредерик Мур, сведоштвото на Донка Буџакоска,
статијата на Глигор Тодоровски во Нова Македонија, се обидува да даде еден
поинаков пристап на разбирање и согледување на настаните од 1903т. и Илинденското
востание.

Тој воедно преку оваа да ја наречам ,,анализа,, на еден настан кој се опишува
различно и од аспект на директните или индиректните актери, а во зависност од
околностите и политичката ситуација во историски рамки на една држава, империја,
се обидува да ни ја долови историјата на еден народ преку еден клучен и многу битен
настан за македонскиот идентитет.

Неговото истражување е насочено на интеракцијата помеѓу националната


официјалната историја и онаа локалната, раскажаната од жителите на градот Крушево
и ја испитува врската т.е. релацијата помеѓу националната историја, идентитет и
политика во спорната територија Македонија и се фокусира на настан во мал град каде
на различен начин се опишува и анализира во различни моменти од 20тиот век.

Со неговата анализа се добива спој на различни видувања за одредени настани, кои се


исклучуваат или пак надополнуваат, а со тоа се отвораат аспекти за нови и можеби
отворени дискусии за тоа како тие се одвивале или случиле.

Во овој уводен дел, уште сакам да кажам дека Кит Браун и неговата книга ,, Минатото
под прашање – модерна Македонија и неизвесноста на нацијата,,, всушност ни кажува
за таканаречен спор помеѓу официјалната и локалната историја. Тоа што ни се
презентира од дваесетиот век како национална, официјална историја се руши на некој
начин со сведоштвата и раскажувањата на жителите на градот Крушево и всушност тоа
на некој начин ни дава слика за Крушево како епицентар и симбол на градење на
македонскиот идентитет во дваесетиот век.

Како што напишав претходно, книгата на Кит Браун, ,, Минатото под прашање –
модерна Македонија и неизвесноста на нацијата,,, ни опишува настан кој се случил во
мал град во Македонија – Крушево, Илинденското востание, симбол на македонскиот
национален идентитет. Случувањата испреплетени околу овој град, на различни
начини ја покажуваат важноста при создавањето на сегашноста. Во Крушево како мал
град, стациониран во високите ридови, југозападниот дел од Македонија, со
население од приближно три илјади жители, од кои поголем дел се Власи, на
почетокот на август, поточно на 2ри август се слави еден историски настан кој се
случил на истиот датум 1903 година - Илинденското востание. Овој годишен
национален празник има трајно симболично значење за настаните кои таму се случиле
во почетокот на дваесетиот век, и тоа како што било во бившата Република
Македонија во склоп на поранешна Југославија, така тоа продолжува и во новата, т.е
по прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година. Крушевската
Република, не се славела само како македонска, туку и како социјалистичка и
југословенска. Производ на овој процес е споменикот во футуристички стил, што е
изграден во 1974 година, а проектиран од еден брачен пар Искра и Јордан Грабул.
Овој споменик на некој начин го потврдува македонското минато и сегашност како дел
од новата и идна Југославија. Наспрам овој споменик, и незадоволството од
државниот спонзориран модел на историјата е градежниот проект кој го извеле
граѓаните и кој е завршен 1983 година, со цел директно да се прозбори за настаните во
1903та година. Тоа е меморијалната статуа на боиштето на Мечкин Камен, изработена
од Димо Тодоровски.

За Крушево во 1903та цел еден век се води разговор, во кој, свое место имаат
прогонетите, жителите, историчарите, идеолозите итн.. Сите тие креираат свои
националистички, социјалистички и локалистички верзии на минатото. Воедно, сето
тоа на едно ниво нуди запис на алтернативни приказни.

Крушево, Илинденското востание, Крушевскиот Манифест, ја задржаа водечката улога


во комеморативните практики на земјата, и кога земјата Македонија го прогласи
својот суверенитет и независност од Југославија. Уште нешто што го прави Крушево
посебно е, зачудувачкото внимание што неговото минато го добило од луѓе надвор од
градот и пошироко. Луѓе, научници, новинари, политичари, поети, писатели, студенти,
ученици итн.. пишувале и пишуваат на разни јазици со цел да ја раскажат приказната
за Крушево од далечната 1903.

Но, да се навратам на настаните од 1903та и Крушево. Најпрво да нагласам дека Кит


Браун, опишува три сведоштва за настаните во Крушево, напишани за различна
публика во различни времиња, во различни фази од самото истражување. Тој ги
наведува овие три сведоштва поради нивната независност при настанувањето, не се
контрадикторни, но не се усогласени во клучните факти и откриваат различни аспекти
на разбирањето на настаните и нивното значење.

Едно од сведоштвата е од книгата на Фредерик Мур кој во 1903 та бил единствениот


европски новинар, кој го посетил Крушево набрзо по востанието. Тој го опишува
целиот настан, т.е. Илинденското востание. Раскажува дека по полноќ, утрото на 2ри
август 1903 година, се објавило општо востание против османлиската власт. Околу
триста војници под водство на Питу Гули и други четворица водачи, градот бил
завземен, на препад. Тој детално го опишува целиот настан. Од завземањето на
градот, до заробувањето и погубувањето на турските војници, формирањето на
привремената власт па се до одењето од куќа до куќа за донации во храна, барањето
олово за правење на куршуми до правењето на две топчиња. Се правела листа и на
најбогатите кој со што располага и колку и од сите нив било побарана одредена сума
на пари. За време на оваа да ја наречам ‘’окупација’’, за редот и мирот во градот се
грижеле стражи и патроли. Но, градот бил затворен од сите страни и дотур на храна и
разни производи бил оневозможен. А, и од друга страна Турците се спремале за
повторно освојување на Крушево, собирајќи голем број на војска и башибозуци. Кога
градот и востаниците биле нападнати од турскиот аскер воден од Бахтијар-паша, прво
им било понудено да се предадат. Но, некои од востаниците побегнале низ густата
шума а некои зазеле позиции да го бранат градот. Питу Гули бил еден од нив кој дал
најголем отпор и кој велел дека нема никогаш да го предаде својот град. По паѓањето
на Крушево и повторната негова окупација од страна на Турците, повторно се правеле
зулуми врз населението, од одземање на бебињата од мајките, грабежи, силувања, до
погубувања итн..

Ова е едно од сведоштвата за тоа како се одвивало Илинденското востание и


случувањата околу него.

Второто сведоштво е од Донка Буџакоска, која во 1952 година поднела молба за


илинденска пензија, и воедно го поднела и своето сведоштво како директен учесник
во илинденското востание. Нејзиното сведоштво се чува во Националниот Архив.

Таа била членка на Македонската Револуционерна организација чија цел била


ослободувања на Македонија и македонскиот народ од Турското ропство. За тоа
положила заклетва пред Коста Шкодра учителот, Тирчу Каре барјактарот и Томе Никле.
Била курирка и носела пошта. Имала задача да собира олово за правење на куршуми,
и во нејзината куќа се направила леарница за куршуми. Таа помагала за
распределување на таа муниција и како што самата кажува, се се завршило до 12
август, т.е. 31 јули по стар православен календар. По востанието се премажила и
заминала во Битола и повеќе не учествувала во ниедна организација.

И третото сведоштво е од една статија од Глигор Тодоровски во Нова Македонија.


Оваа верзија во поширока смисла претставува една ‘’овластена’’ верзија на настаните
која треба да биде заедничка во Република Македонија, но е оспорувана од локалната
верзија.Тука е даден и Крушевскиот Манифест. Во статијата се вели дека целата
крушевска околија заедно со цела Македонија дигнала востание за да и стави крај на
тиранијата.

Востаниците успеале да го ослободат градот наредниот ден потполно на трети август,


и на четврти влегле во градот каде биле пречекани од радосните крушевчани. Никола
Карев ја прогласил Републиката а воедно и изборот на првата привремена влада на
Крушево, претставувал голем успех на македонските востаници и револуционери.
Всушност тоа била првата републиканска власт на Балканот. После освојувањето и
после десетина дена, паднала Крушевската република и повторно била освоена од
Турците кои како што се наведува и во претходното сведоштво на Фредерик Мур,
повторно населението на Крушево било изложено на тортура и угнетување.
Нема многу детално да се задржувам на овие сведоштва и како тие се дословно
кажани и напишани во оваа книга на Кит Браун, туку ќе дадам едно свое согледување
на оваа тема, виза ви трите сведоштва.

Во сите овие сведоштва, авторите имаат различни информации, но и различни


интереси при самото пишување. Фредерик Мур ги базира своите детали врз очевидци,
нивното кажување, освојувањето на градот од страна на востаниците, опишувајќи ни ја
нивната не баш добра страна – свирепоста, прогласувањето на нова влада, повторното
војување и освојување од страна на турците, нивната одмазда и нечовечност, Питу
Гули како главен актер и поборник за слобода на македонскиот народ и на крај
пљачкосувањето на градот и неделата на Турците. Потоа е тука донка Буџакоска која
ни објаснува бар малку за револуционерната организација и како таа функционирала.
Таа ја поврзува својата приказна од минатото со сегашноста. И на крај тука е статијата,
која пак на поинаков начин ни нуди не само некаков извештај од минатото, туку ни ја
истакнува неговата важност и значење во поширок национален контекст за
македонскиот народ. Тоа е што се однесува на овие сведоштва.

Но, всушност, сето ова е една вистинска сторија со минато и сегашност за една нација
која со векови е оспорувана, присвојувана, негирана, угнетувана, но секогаш СВОЈА и
единствена. Крушево е само еден дел и еден многу значаен дел со кој се потврдува
еден народ еден идентитет и пошироко една нација. Без разлика на тоа што секој има
свои визии за крушевската сегашност и иднина, секој има своја конститутивна логика и
секој ја сврзува таа логика со различните начини на кои се замислува Илинден.

И, јас како и многу други си го поставувам прашањето ‘’ Кои се Македонците’’????


Можеби е погрешно поставено, можеби е обременето со други тврдења од други
народи, институции, нации, држави, но очигледното, материјалното, визуелното,
постоењето на една заедница - македонскиот народ, борбата за национален
идентитет, не може да е илузија, лага или имагинација. Крушево, Крушевската
Република, Илинден, дава еден скапоцен придонес за националниот идентитет на
македонскиот народ и воедно постоење и битување на цел еден народ на овие
простори.

You might also like