You are on page 1of 5

Превод и обработка: Лидија Николиќ – вонреден студент на Институт на етнологија и

антропологија –Предмет: Eтнолошки и антрополошки теории 2

Проф. Доц. Инес Црвеновска Ристеска

Ен Мерилин Стратерн

Ен Мерилин Стратерн (1941-) e Британски антрополог, Меланезист, застапник на социјалната


антропологија, етнограф кој пишува за британското општество, врски и сродство,
репродуктивните технологии, интелектуалната сопственост. На нејзиното инаугуративно
предавање во 1994 година за Вилијам Вајс, таа го истакна прашањето за односите помеѓу
антрополозите и лицата кои тие ги проучуваат. Антропологијата ја насочува кон спознавањето
и осознавањето на лицата кои ги проучува, придржувајќи се кон специфичноста на
антрополошките методи на теренската работа. Не би било и премногу ако се каже, дека некои
пионерски дела на Стратерн во однос на социјалните и културните димензии на голем број
технолошки и етички промени во наше време, одиграа голема улога во дефинирање и
насочување на голем број истражувачки проекти од областа на хуманистичките и
општествените науки. Стратерн се фокусира на аналитичките категории во етнографијата и
тенденциозно ги дислоцира, наведувајќи го времето, големината и местото помеѓу врските со
исто општествено тековно значење. Стратерн наиде на многу непријатности со нејзините
цврсти и солидни објаснувања во област на социјалната антропологија а воедно и тоа
објаснува како стана една од реномираните, иновативни и врвни антрополози во втората
половина на 20 тиот век. И покрај тоа што нејзино поле на истражување беше Меланезија,
нејзините проекти подеднакво го истражуваат и западното евро-американско (т.е.нејзиното)
општество. Таа раскажува за нејзиниот почетен интерес за класификацијата како посредник
помеѓу предметите и нивното значење, за нејзината фасцинација со кабинетот на татко и каде
во разни фиоки тој чувал разни пеперутки, камења и минерали. Како ученичка во Бромли –
средното училиште, пројавува интерес за археологијата и за изгубените цивилизации. Во 1963
година како студент на додипломски студии на колеџот Гиртон, Стратерн прави пресврт во
своите интереси, се оддалечува од чистата феноменалност на минатото, и се врти кон
проблематичноста на самото истражување, на потребните вградени практики кои
предизвикуваат епистемолошки неизвесности и неуспех во наоѓање решенија на специфични
институционални дилеми. Наместо да се прашаме, што можат предметите да означуваат или
значат? Какво антрополошк значење може да имаат предметите за да се прашувам и се водам
по нив? Како атрибутите на смисла, особено фактите од големината и обемот, лежат помеѓу
културите и аналитичките процедури што ги реконструираат? По завршувањето на докторската
работа, Стратерн станува кустос во етнографскиот оддел на музејот на археологија и
антропологија на Кембриџ и воедно е спремна за наоѓање на теории за нејзината пракса.
Подоцна се вратила на Папуа, и по Папуа и по австралискиот национален универзитет и 9
години на Кембриџ и во Калифорнија, предава социјална антропологијана Универзитетот во
Манчестер во 1985 година. Од 1993 до 2008 година предава на Кембриџ Социјална
антропологија за професорот Вилијам Вајс. Истражувањето на Стратерн на Папуа се однесува
на урбанизацијата, донесувањето на одлуки во двата клана на Хаген, нивната политичка
организација, украсување итн.. Во своето последно истражување на Англија, Стратерн ги
разгледува прашањата во однос на тоа како англиските средни класи ги разбираат
традиционалните облици на сродство. Во нејзините списи се опишани различни перцепции за
односите помеѓу англиските градови и села, нови технологии за прогресија и современи
правни интервенции во интелектуалната сопственост и патенти. Дополнително ги анализира
концептите за природата, биологијата и генетиката како современо разбирање на личноста и
потрошувачката. Професионалната одговорност, културните и социјални формации и
нејзината преокупација со биоетиката, ги ограничува дисциплинските граници кои особено
подлежат на интердисциплинарна инспекција. Работата на Стратерн е исклучително
иновативна во однос на јазикот, етнографијата, методологијата и теоријата. Нејзиното
индуктивно расудување на набљудуваните појави е често, контраинтуитивно, смело, суптилно
и незаситно. Нејзината импозантна книга, Пол на подарокот(1988), нуди основeн извештај за
меланезиското општество. Истражувајќи ги Меланезијците, таа дава слика за тоа како самите
тие се однесуваат во однос на родовите односи помеѓу себе и како тоа претставува основа за
нивната социјалност. Во ова дело, како и во други нејзини дела, не дава само родова и
феминистичка идентификација или мотивирачки принципи за активистички политички
проекти, таа дава предмет за сериозна теориска истрага. Дури и додека Стратерн ја испитува
различната, понекогаш и неизвесна динамика на моќта меѓу мажите и жените, таа одбива да
ги употреби или примени темите на угнетување и доминација, пред се поради тоа што
претпочита да го разбере полот како мултивалентна категоризација на лица, артефакти,
работи, настани и секвенци. На пример во Меланезија, чувството за машка и женска
особеност, разлика, се гледа преку сексуалноста. Родовиот идентитет на една личност е
одреден со неговото или нејзиното справување со предметите, алатите, и прашањето за
размената на подароци се поврзува со формата што доминира (вклучувајќи ја патријархалната
доминација) во одредено општество. Полот служи како аналитички концепт и естетска форма,
овозможувајќи концептуализација на одредени социјални размени, кои пак подлежат на
одредени социјални норми и сфаќања. Импликацијата на Стратерн е дека малку ги раздвојува
претпоставките за полот на луѓето од кланот Хаген во Папуа и западните феминистички
антрополози кои ги проучуваат. Според тоа, родот на дарот е двојна опомена. Прво ги
предупредува антрополозите да не го ограничуваат нивното истражување на одредени
претпоставени карактеристики (пол, меланезиско и англискиско), а потоа инсистира на
историските, социјалните и ситуационите специфичности на конструкциите што ги испитуваат,
потсетувајќи ги читателите дека тоа се само конструкции. Конструкциите прават работи; само
не се веќе сработени работи до кои треба да се пристапи. Друго дело, Делумни врски (1991),
општо познато како антрополошки класик, беше објавено за како подеднакво смел, така и
застрашувачки комплексен текст. Книгата е експериментален трактат за епистемолошките
рамки на антропологијата, со прецизно утврдување на она што го правиме кога ја
практикуваме дисциплината или размислуваме за себеси како нејзини приврзаници. Како
антропологијата ја структурира нашата застапеност и документацијата на другите?
Разгледувајќи ги средствата на антропологијата за собирање, сегментирање, категоризирање
и нарачувањето на податоците, Делумните Врски, работат воглавно со меланезиски детали
за да се конструира нерегионално специфична студија со значења. Покрај тоа што ги користи
сопствените теренски белешки и читање на другите теории, Стратнер ги лансира своите
теории преку метафори што антрополозите ги употребуваат како концептуализации на
нивното истражување. Меланезискиот материјал е изваден од неговиот контекст за да не
служи како толкување, туку како толкувач – т.е. како аналитичка алатка, за полесно
пронаоѓање на смислата од страна на евро-американските практики. Според Стратерн,
антрополозите секогаш ги толкуваат другите според нивните перспективи или прерогативи.
„Домородните“ концепти се според логиката на западната мисла, која прво ги организира, а
потоа ги презентира. Стратнер тврди дека начините на кои антрополозите организираат
материјал не можат да се стремат кон каков било статус на објективни антрополошки алатки.
Методолошките теми и принципи мора да останат конструкции. Сепак, „конструкциите“ или
„конструираните“ не се спротивставуваат на „објективните“ или постапување со предмети;
наместо тоа, мерка на методолошка самосвест ја заострува загриженоста во однос на
формата и обемот на артефактите кои што ги користат антрополозите за симболизирање на
нивните теренски места. Особено, антрополозите мора да внимаваат при премногу лесно
изведената претпоставка за соодветност на сликовитоста на артефактите преку објаснувачки
контексти. Според Стратерн, предупредувачки пример за антрополозите е ограничената
употреба на објаснувачка индукција при употреба на предметите, која што во голем дел е во
експерименталната природна наука; додека во Делумните Врски, науката станува
конструктивен модел за анализа на техниките на Меланезијците за разбирање на нивните
сопствени социјални форми. Делумната поврзаност е истовремено документ на сопствената
анализа и највисок степен на постмодернистички ставови во производството на она што,
некаде, поминува како знаење. Позиции кои би биле широко прифатени од повеќето
симболички антрополози и теоретичари на актерска мрежа, на пример, интерпретативни
феминистички читања во множина рамка или постколонијална потрага по нео-марксистички
објаснувачки тоталитети во казнување на колонијалната етнографија (т.е. статистички практики
на броење или мерење), Стратнер ги подразбира само како варијанти од областа на
конструкциите. Овие конструкции понатаму се одвиваат непрестајно за да се однесуваат или
да се артикулираат едни со други за производство на сложеност, разновидност и разлика.
Антропологот се залага за овие комплексности (т.е. тоа е сопствениот дел според Стратнер), и
тврди таа, преку големи промени на набудување и перспектива. Иако тоа би можело да значи
префрлување на таканаречен „научен“ идиом, може да значи и потрага за купување за јасно
научно менаџирање на врските во современото општество. Ова се разликува од
неинструменталното антрополошко знаење, кое, дури и ако се измери, задржува одреден
супозициски карактер, како еден вид контролирана фикција. Да се напомене уште еднаш дека
малку се разликуваат епистемолошките основи или валидноста на антрополошкото знаење од
„знаењето“ што го тврдат Меланезијците во толкувањето на нивната култура. Тогаш, за
Делумни врски или делумна поврзаност, производството на знаење е измислено, но овие
измислици можат да овозможат оспорувачка мисла. Некои луѓе сметаат дека пишувањето на
Стратнер е сложено и елипсовидно. Како и да е, последниот ефект од нејзината стратегиска,
скоро програмска еманципација на јазикот од вообичаените термини на академскиот
антрополошки дискурс е да го поттикне читателот во размислување. Ова е секогаш
збогатувачко, иако понекогаш е вознемирувачко. За Стратнер, теренските согледувања,
стручно-академскиот јазик и начините на организирање на податоци, па дури и етнографските
описи, сите тие претставуваат естетски форми и потенцијални аналитички алатки. Ефектот е
да се пренасочи вниманието кон значењето на зборовите, сликите и актите (како што го прават
тоа антрополозите заинтересирани за симболиката) и на нивната работа - што таа
карактеристично ја опишува како движечка сила и која е постојано во движење и промени.
Размислувањето и пишувањето на Стратнер ги одржува врските меѓу нивните описни и
критички концепти во постојана состојба на флукс. Нејзините читатели, исто така, сметаат
дека се нерешени од нејзината проблематизација на временската димензија на
антрополошките списи, бидејќи истакнува колку често авторитетот на етнологијата и нејзината
организациска шема се придава во структурниот функционализам, која пак ја утврдува
сопствената аналитичка рамка на писателот и ја проектира илузијата на „етнографска
сегашност“. Сепак, антрополошката анализа очигледно „се случува“ исто толку за време на
концептуализацијата и пишувањето, како и при прибирањето податоци. Инсистирањето на
Стратнер за привременоста на истражувањето, сепак, е повеќе од една поинаква верзија на
критиката на етноцентризмот или одраз на асиметричните односи на моќ помеѓу тоа што се
проучува и тој што проучува (студентот). При поместување на нивото на испитување, Стратнер
го репозиционира антропологот како безобразна форма на аналитички орган, освен свесноста
за неговата лична позиција и ресурсите на позицијата. Во исто време, пишувањето на
Стратнер не го лишува нејзиниот сопствен статус во рамките на антрополошката професија, и
понатаму има тенденција да ги разјасни разликите помеѓу социјалните фракции. Нејзината
анализа на сродство, класа и културни разлики има за цел нивно осветлување, а не нивно
распаѓање. Со својата пионерската работа, и професионализам во рефримација на
антропологијата, и со тоа што нејзините објекти на истражување вклучуваат локални
професионални култури, Стратерн се стекна со нејзино членство во Британската академија на
науките како почесен член - дама. Таа беше наградена со Меморијалниот медал на Риверс во
1976 година и Медалот на Викинг фонд во 2003 година. И покрај нејзиното инсистирање на
контекстот и временската рамка во која ги ствараше своите научни дела, нејзините списи
остануваат свежи, инспиративни парчиња на литература кои се клучни текстови во
филозофијата на современата антропологија.

По 14 години како Претседател на Одделот за социјална антропологија во Кембри, Стратерн се


пензионира во јуни 2008 година, Таа исто така беше на колеџот Гиртон. Таа сè уште живее во
Кембриџ и во моментов е активна во пишувањето на нови студии за биоетика и
трансдисциплинарноста во академските истражувања.

Литература:

Cambridge University; Feminist Anthropology;

Gift Exchange; Public Sphere; Social Studies of Science

Further Readings

Strathern, A., & Strathern, M. (1971). Self-decoration in

Mount Hagen . London, UK: Duckworth.

Strathern, M. (1981). Kinship at the core: An anthropology

of Elmdon, Essex . Cambridge, UK: Cambridge

University Press.

———. (1988). The gender of the gift: Problems with


women and problems with society in Melanesia .

Berkeley: University of California Press.

———. (1992). After nature: English kinship in the late

twentieth century . Cambridge, UK: Cambridge University Press.

———. (1995). The relation: Issues in complexity and scale

(1994 inaugural lecture by the William Wyse Professor

of Social Anthropology). Cambridge, UK: Prickly Pear Press.

———. (1999). Property, substance and effect:

Anthropological essays on persons and things (Collected

essays, 1992–1998). London, UK: Athlone Press.

———. (2000). Introduction: New accountabilities;

Afterword: Accountability and ethnograph. In Strathern,

M. (Ed.), Audit cultures: Anthropological studies in

accountability, ethics and the academy (EASA Series in

Social Anthropology) (pp. 1–18, 279–304). London,

UK: Routledge.

———. (2004). Commons and borderlands: Working

papers on interdisciplinarity, accountability and the flow

of knowledge . Wantage, UK: Sean Kingston.

———. (2005). Kinship, law and the unexpected: Relatives

are always a surprise . Cambridge, UK: Cambridge

University Press.

———. (2006). A community of critics? Thoughts on new

knowledge. Journal of Royal Anthropological Institute,

12, 191–209.

You might also like