You are on page 1of 4

Mакедонската револуционерна организација и

илинденско востание

Македонскиот народ бил решен да стави крај на своите маки,


страдања и неуспсеи за ослободување од османлиското ропство.
Конечно кон крајот на XIX век, биле создадени услови за
национално и политичко ослободување, за бборбата за слобода да
се претвори во масовна и јавна војна. Постепено, таа борба
прераснала во движење со организирана самоодбрана,
револуционерни кружоци, комитети и вооружени групи. Па врз овие
принципи, на 6 ноември 1893 година во Солун, неколку македонски
интелектуалци на чело со Даме Груев ги поставиле основите на
Македонската револуционерна организација(МРО). Најпрво бил
избран централен комитет на чело со Христо Татарчев кој бил
прецедател, и Даме Груев кој бил секретар. Уставот бил напишан
од страна на Петар Поп Арсов, па според него оваа организација се
борела за автономна Македонија во рамките на Османлиската
држава. Едни од првите кои се приклучиле на оваа организација
биле Гоце Делчев, Ѓорче Петров и Пере Тошев. На конгресот
одржан 3 години подоцна, во 1896 година, организацијата добила
ново име, Тајна македонско-ординска револуционерна
организација(ТМОРО). Таа го добила тоа име бидејќи се проширила
и во ординската област. За полесно раководење, Македонија била
поделена на неколку окрузи: Солунски, Битолски, Скопски,
Струмички и Серски. Седиштето на оваа организација било во
Софија, а исто така таа имала и сопствени револуционерни
весници како “На оружје”, “Дело” и други. Ова придонесувало за
масовно да се распространи мрежата на организацијата. По
Конгресот започнало забрзано создавање вооружени чети,
ударната оружена сила на Организацијата за одбрана на
територијалниот интегритет од туѓи вооруж ени чети и групи во
Македонија. Бил донесен и посебен Правилник за четите со кој
било регулирано формирањето, раководењето, употребата, како и
борбената обука. ооружените сили ги раководел Делчев, кој го
основал и изградувал Четничкиот институт , со надлежност на
врховен инспектор. Организацијата имала тајна пошта и тајна
полиција, создала функционални месни органи и тела. На целата
територија на Македонија, Организацијата имала воспоставено
ефективна власт на тајна држава во државата или подземна
република. Конечно, на Солунскиот конгрес од 1903 година било
донесеното решение за кревање востание, Но Гоце Делчев и Ѓорче
Петров биле против предвремено востание. Затоа Гоце Делчев во
Февруари 1903 година одржал советување со сите окружни
раководители. Востанието раководено од Главниот востанички
штаб почнало на Илинден 1903 година. Било решено да се започне
со диверзантски акции. Најпрва таква акција била уривањето на
железничкиот мост кај Ангиста. Два месеци покасно организацијата
ја потреслле атентатите во Солун од страна на група млади
анархисти наречени гемиџии Меѓу гемиџиите биле Јордан Поп
Јорданов, Павел Шатев, Милан Арсов и други. Нивната цел била да
го свртат вниманието на Европа кон Македонија. Павел Шатев бил
единствениот кој успеал да преживее после сите тортури. По
атентатите османлиските власти извршиле масакр врз населението.
Неколку дена покасно на 4ти мај во селото Бница загинал и Гоце
Делчев. Според решението на Солунскиот конгрес, конечната
одлука за кревање востание треба да ја донесат револуционерните
окрузи. Најзначаен бил Конгресот на Битолскиот револуционерен
круг, одржан во селото Смилево од 2 до 7 Мај 1903 година.
Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според
решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди
одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра
дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за
сенароден бунт сè уште не се созреани. На првиот ден од конгресот
од излагањето на делегатите било утврдено
дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и делови на други реони
не се достатно подготвени. Најдобро подготвени
биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села
од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека
Охридскиот располагал само со 1.400 пушки. Меѓу делегатите се
јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како
што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола
Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната
атмосфера по повод острите расправии околу решението за
востание, несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден
од основачите на ТМОРО и претставник на неговиот Централен
комитет, уживал огромен авторитет. Било решено главниот штаб на
битолскиот револуционерен округ да започне востание на
празникот “Св. Илија “ и затоа востанието се нарекува Илинденско.
Најпрво било определено да се ослободи Крушево. Востаничките
акции за ослободување на Крушево започнале вечерта на 2 август
со напад на касарната, поштата и други поважни објекти.Така, на 3
август македонските востаници успеале да го ослободат Крушево,
по што била основана востаничка власт- Крушевкса република. Бил
формиран највисок орган на власта Совет на републиката. Тој бил
составен од 60 члена и била избрана привремена влада од 6 члена,
а за нејзин прецедател бил избран Никола Карев. Во текот на
своето десетдневно постоење Владата организирала
револуционерен суд за кривични и за граѓански предмети,
поштенска служба, санитетска служба со болница, леарница за
куршуми, производство на востаничка опрема и слично. Била
издадена и декларација позната како “Крушевски манифест”.
Крушевскиот манифест е манифест што го објавила востаничката
власт во Крушево за време на Илинденското востание. Напишан е
на 6 август, а негов автор е Никола Киров Мајски. Во него околното
муслиманско население братски се повикува да ја поддржи и да ја
помогне светата борба на сите обесправени во Македонија.
Манифестот наидува на добар прием од страна на муслиманското
население. Силни востанички акции имало во Охридскиот,
Леринскиот, Кичевскиот и Прилепскиот револуционерен окру. Ова ја
изненадило османлиската власт и затоа под команда на Бахтијар
Паша била ангажирана Османлиска војска од 20.000 војници кон
Крушево. Најголемите битки се воделе кај месноста Слива и на
мечкин камен, тука загинал Војводата Питу Гули. На 13 август
крушевската република 1903 година престанала да постои. Многу
од граѓаните биле убиени и прогонети. Отпорот на востаниците
продолжил се до почеток на Октомври 1903 година. Тоа воедно е и
крај на Илинденско востание. Но и покрај тоа било најголемо
народно востание на македонскиот народ против османлиската
власт.

Изработил:
Матеј Совкаровски
ll-6

You might also like