You are on page 1of 3

Македонско Националноослободително движење

Димитар Влахов
Димитар — македонски револуционер, општественик и државник. Бил деец на Македонската
револуционерна организација, Народната федеративна партија, Солунската социјалистичка
федерација, ВМРО (Автономистичка), ВМРО (Обединета), Бугарската комунистичка партија,
Комитерната и Комунистичката партија на Југославија. По Младотурската револуција, во есента
1908 година е избран за пратеник во отоманскиот парламент, како претставник на левицата на
македонското ослободително движење. Пред влегувањето во Отоманскиот парламент не го владее
турскиот јазик (единствениот на кој можело да се зборува). Во тој период многу брзо го совладува
јазикот. Од тој период забележани се неговите говори за самоволието на младотурската власт над
македонското население (1910) и говорот за заштита на националните малцинства (од 1911).
Учествува во редактирањето на весникот „Единство“ кој бил орган на дејците од Струмичкиот
револуционерен округ на ВМОРО. На основачкиот конгрес на Народната федеративна партија во
август 1909 година е избран за претседател на Централното биро на партијата и станува еден од
нејзините најистакнати членови. Набрзо влегува во судир со Јане Сандански и во јануари 1910
година го исклучува од членство на партијата. Не зема учество на Вонредниот конгрес на НФП во
април 1910 година, на кој санданистите избираат ново раководство на партијата. Од летото 1910
година станува член на Солунската социјалистичка федерација. По Балканските војни
револуционерната дејност ја продолжува во емиграција. Во своите „Мемоари“ пишува дека имал
неповолно мислење за Димитрија Чуповски и неговата дејност во која се вели дека биле „во улога
на руската завојувачка политика на Балканот во однос на Македонија и дека за списанието
„Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари. Во 1916 година, по анектирањето на Македонија
од страна на Бугарија, Влахов станува управник на Приштинската област. По завршувањето на
Првата светска војна ја вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во Одеса, а потоа во
Виена. Во 1920 година Влахов бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО (Автономистичка), како
претставник на левото крило. По тоа време тој бил испратен во Варна од Тодор Александров за да
оствари контакт помеѓу ВМРО и Советска Русија. Врска му бил Крсто Раковски, негов кум и истакнат
работник на Коминтерната. По нарачка на ВМРО Влахов, заедно со зетот на Тодор Александров -
Михаил Монев заминале во јули 1923 година за Москва. По враќањето Влахов подготвил извештај
во кој се рефлектирало дека СССР симпатизира на македонското ослободително движење и има
желба контактите да продолжат. Влахов бил еден од член-основачите е на Македонскиот научен
институт во 1923 г. Во 1924 година тој бил испратен со препораките на ВМРО како трговски
претставник на Царството Бугарија во Виена. Во 1924 година е еден од организаторите на
потпишувањето на т.н. Мајски манифест во Виена со кој ВМРО се согласува да дејствува заедно со
комунистичките партии од Балканот. По потпишувањето на Мајскиот манифест, со кој се обиде да
ги смири спротивставените водачи на ВМРО, Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада.
Манифестот очигледно бил комплетиран на 29 април 1924 година, но неговото публикување е
одложено и виси во воздух во очекување на враќање на Тодор Александров во Софија за да ги
консултираат другите партии таму. По пристигнувањето во Софија неговите следбеници го
убедиле да го повлече својот потпис во интерес на самата ВМРО која не би смеела да си дозволи
да изгуби толку „способен“ водач во тој критичен момент. Александров поради тоа го известил
Влахов и Петар Чаулев да го суспендираат објавувањето на Манифестот и веднаш да се вратат во
Софија. Влахов одбива да постапи така и се вклучи во формирањето на ВМРО (Обединета).
Несогласувајќи се со терористичките методи на ВМРО, кое во тој период потпадна под влијание
на Ванчо Михајлов и дегенерира во пион на бугарските и италијанските планови за ширење на
Бугарија на Балканот, Влахов ги изложи своите идеи во неговата позната книга „Балканска
федерациja“ во која се вели: „Интегрализмот е големосрпска идеја, федерализмот - југословенска,
а федерацијата има за нас смисла до толку до колку ние преку неа би можеле да го видиме нашиот
заветен идеал - слобода на нашата татковина...“ Влахов не беше ориентиран ниту кон Бугарија, ниту
кон Југославија (која тогаш водеше политика на крут централизам), туку кон Советскиот Сојуз, со
чија помош тој се надеваше да постигне обединување на јужно-словенските народи каде
Македонија би формирала одделна, автономна федерална единица. На крајот на 1933 година
Балканскиот секретаријат на Коминтерната решава да го постави за разгледување македонското
прашање. По спомени на присутниот на седницата Димитар Влахов, таму е решено да се довери
подготовката на резолуциjaта за прашањето на двајца Полјаци кои немале поим од оваа
проблематика. Со помош на Влахов сепак била изготвена Резолуција на Коминтерната од 1934
година за македонското прашање и таа била е одобрена од Политичкиот секретаријат на
Коминтерната на 11 јануари 1934 година. Самата резолуција е усвоена од Извршниот комитет на
Коминтерната во февруари 1934 година. Од Коминтерната одлуката за македонска нација се
пренесува на ВМРО (Обединета) и во април 1934 година весникот „Македонско дело“ го објавило
текстот на резолуцијата Од 1925 до 1944 година Влахов е член на Бугарската комунистичка
партија. Во емиграција бил уредник на весниците „Македонско дело“ во Виена, Берлин, Париз. Во
тоа време Влахов станува агент на советското разузнавање, како контактира со него преку офицерот
за врски со ВМРО (обединета), Георги Димитров.

Тодор Александров
Тодор Александров Поп-Орушов — македонски политички водач, војвода и еден од водачите на
ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во
Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише
Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев-Кочански (1907), окружен
војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на
III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на
XI македонска дивизија во Првата светска војна. По војната, заедно со Александар Протогеров и
Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во
Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил
оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на
земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го
потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но
пред убиството јавно се откажал од својот потпис. Во неколку наврати преговара со албанските
првенци за борба против Србите и Турците, а како водач на ВМРО уште во март 1911 г. има средба со
членовите на албанските организации во Цетиње, Црна Гора. Резултат на средбите е меѓусебна
спогодба, како и Охридското востание во септември 1913 г., кое ВМРО го кренала против српските
поробувачи, а во кое значајно учество земаат и албанските револуционери. Востанието кое
избувнало во југозападна Македонија раководено од Петар Чаулев, Павел Христов, Милан Матов и
други зафатило широк простор меѓу Охрид, Кичево, Дебар и Струга. Слабите српски сили на овој
терен, во првиот момент, не можеле да се спротивстават на македонско-албанските востаници. На
12 септември 1913 година, Петар Чаулев и Христов со своите чети влегле во Охрид. На 6 октомври
1913 година, Битолскиот окружен началник известува дека положбата во граничните реони се
смирувала. Бунтовниците биле разбиени и се повлекувале во Албанија. Според Иван Катарџиев:
Тоа што ВМОРО на Тодор Александров била иницијатор на овие бранувања не менува ништо. Тој
бил во најтесна врска со владата на В. Радославов и особено бил заинтересиран Бугарија да има
силна влада способна да се бори за решавање на бугарското национално прашање во Македонија.
По идеја на Тодор Александров, Петар Чаулев и Александар Протогеров на 20 декември 1919
година е обновена Македонската револуционерна организација под името Внатрешна македонска
револуционерна организација. Претставката Одринско од името на организацијата бил отфрлен,
бидејќи во Одринска Тракија се формирала Внатрешната тракиска револуционерна организација на
чело со Тане Николов. Без да се свика конгрес, Александров, Протогеров и Чаулев биле избрани за
членови на Централниот комитет на ВМРО, а за членови на Задграничното представителство биле
избрани Георги Баждаров, Наум Томалевски и Кирил Прличев. Според Иван Катарџиев: самиот
процес на создавање автономистичка ВМРО и наметнувањето на Тодор Александров за нејзин
раководител бил проследен со отпори. Во тоа време, Тодор Александров ја немал поддршката на
емиграцијата. Против него и неговите наметливи методи застанала група ветерани на
македонското национално и револуционерно движење. Александров и Протогеров биле обвинети
за узурпаторство, а поентата на обвинувањата била дека без конгрес не може да се избира
раководство, а таков не бил одржан од 1908 година. Со тоа што отпорот спрема Александров бил
силен и немало шанса легално да биде избран на чело на ВМРО, за да се внесе страв кај
противниците, некои од нив биле убиени На 3 февруари 1920 година Тодор Александров,
Александар Протогеров, Иван Каранџулов, Никола Стојанов, Георги Баждаров, Михаил Монев,
Аргир Манасиев, Наум Томалевски и други, решиле да се обноват четничките акции во Вардарска и
Егејска Македонија. ВМРО на чело со Тодор Александров сè повеќе започнала да се наметнува
помеѓу македонските емигранти во Пиринска Македонија, но и во цела Бугарија. За кратко време,
користејќи ги старите канали и врски од илинденскиот и предилинденскиот период, оваа
организација успеала да создаде разгранета мрежа, која толку се проширила, што територијата на
Пиринска Македонија била целосно претворена во нејзина база. Со помош на воено-офицерската
лига во Бугарија, ВМРО успеала да се обезбеди со големо количество на оружје, за која цел биле
добиени финансиски средства и од одредени кругови во Италија. Во мај 1920 година
организацијата разполага со 17 чети во Вардарска Македонија и 5 во Егејска, составени од по 15
четници и тројца во резерва. Биле обновени и револуционерените окрузи: Скопски, Битолски,
Струмички, Серски и Солунски, со околиските и селските реони. По целата граница на Бугарија со
Вардарска Македонија биле создадени пунктови и канали. Во времето кога Александров влегувал и
дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари,
граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги
имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Кон крајот на 1922 година,
неговата глава во Белград е проценета на 250.000 динари. Покрај агитирањето меѓу македонските
емигранти и бегалци со декларативни изјави дека ќе се бори за автономна Македонија, ВМРО
создала поголем број на комитски чети и селска милиција по примерот на старата Организација,
од кои првите имале за задача по претходно утврден план да вршат вооружени акции во Вардарска
и Егејска Македонија, а милицијата да ја обезбедува нејзината доминантна улога во Пиринска
Македонија. Во период од 1920 до 1924 година по ВМРО на чело со Александров извршила повеќе
акции и атентати. Во овој период биле ликвидирани голем број значајни дејци на македонското
револуционерно движење, бугарски општествени дејци и членови на бугарската влада. На 28 јуни
1921 година бил убиен еден од најистакнатите членови и идеолози на ТМОРО, Ѓорче Петров.
Неговото убиство било извршено од страна на Реџеп, Турчин по националност, а член на ВМРО.
Мајскиот манифест бил донесен на 6 мај 1924 година со неговото потпишување од страна на
членовите на ЦК - Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев. На манифестот му
претходел договор за обединување на македонски револуционерни сили. Александров се обврзал
дека ќе се откаже од своите неодамнешни терористички активности и ќе заземе за македонските
интереси.

Михаела Ѓурчиноска IX-2

You might also like