You are on page 1of 2

Врховниот Македонски Комитет и неговата дејност

1.Создавањето и дејноста на ВМК

На 19 март 1895 година во Софија бил формиран Македонскиот Комитет.


Комитетот бил создаден од македонски емигранти и печалбари во Бугарија,кои
биле под политичко влијание на бугарската буржоазија и дворот.На својот втор
конгрес,во декември 1895 год.,бил преименуван во Врховен Македонски Комитет-
ВМК,а за претседател бил избран бугарскиот генерал Данаил Николаев. Целта на
бугарскиот двор била преку ВМК да го преземе раководењето на македонското
националноослободително движење и да ги наметне своите интереси и планови
за соединување на Македонија кон Бугарија.

ВМК дејствувал како паралелно раководство,со постојано изразени стремежи да


ја разбие и да ја неутрализира самостојноста на македонското ослободително
движење.
Уште веднаш по формирањето ВМК започнал четничка активност во Македонија и
Одринско.Четите биле уфрлувани во источните делови на Македонија со задача
да агитираат против МРО и нејзината идеологија и да предизвикуваат нереди,а со
цел да ја заинтересираат европската јавност да решава за македонското
прашање во полза на бугарската држава.Летото,1895 година,ВМК ја засилил
својата дејност и го предизвикал т.н. Мелничко востание.Тогаш околу 600 луѓе,под
команда на 40-тина бугарски офицери,ја минале границата и навлегле во Источна
Македонија.Потоа еден помал одред од нив,извршил напад на Мелник и го
освоил.Откога ја запалиле поштата и неколку турски згради,по неколкучасовно
претстојување во градот се повлекле во Бугарија. Со формирањето на ВМК,во
македонското револуционерно движење настанале забуни од двојството на
дејствувањето на теренот.Приврзаниците на ВМК,во служба на бугарскиот двор се
нарекувале - ВРХОВИСТИ,а приврзаниците на ЦК на МРО-ЦЕНТРАЛИСТИ.
Вовлекувајќи се и во раководството на Организацијата,врховистите му нанесувале
големо зло на македонскиот народ.Тие располагале со оружје и со војводи со
офицерско образование и имале поддршка и заштита од Бугарија.
Централниот Комитет на МРО согледувајќи ја опасноста од ВМК,уште од
почетокот се спротивставил на неговото постоење.Со цел да се разјаснат извесни
недоразбирања како и да се избегнат несакани конфликти,Солунскиот Конгрес од
1896 година,донел решение да се формира Задгранично Претставништво-ЗП,со
седиште во Софија. Во 1899 година за претседател на ВМК бил избран Борис
Сарафов,со влијание и поддршка на ЗП на ТМОРО.Тогаш во ВМК се
почувствувала извесна промена во политичката платформа и дејствување,но и
натаму било силно влијанието на бугарскиот двор. Во 1900 година ВМК се
преименувал во Врховен Македонско-Одрински Комитет-ВМОК.
Наскоро,раководењето со ВМОК го презел бугарскиот генерал Иван Цончев,кој
веднаш започнал со директива до врховистичките чети да подготвуваат
востанички акции

2.Горноџумајското востание

Во дејствувањето за разбивање на самостојноста на македонското


националноослобо- дително движење што го применувале врховистите дошло и
до испровоцираното и избрзано Горноџумајско востание во есента 1902 година.
Со тоа и бил нанесен осетен удар на Организацијата во Пиринскиот дел на
Македонија.

Горноџумајското востание било кренато без знаење и поддршка на раководството


на ТМОРО.Тоа се прошири и на околните села,па и со одделни дејствија во
Разлошко, Мелничко,Петричко,Малешевијата и Струмичко,со учество на околу 2
500 врховисти. Полковникот Јанков стигнал дури и до Костурско.

Тоа предизвика жестока реакција на османлиските сили.Биле запалени 15 села,со


стравотен терор и со уништување на организационата мрежа на ТМОРО во тие
подрачја.Се кренал голем бран бегалци што биле пречекувани во Бугарија
наводно како израз на навната бугарштина. По интервенција на големите сили,на
31 јануари 1903 година,бугарската влада ја забрани дејноста на ВМОК,но
продолжи нелегалната дејност на врховистите меѓу македонската емиграција во
Бугарија и на теренот во Македонија. Избрзаните воени судири го нарушиле
угледот на Организацијата и предизвикале поголеми провали од кои
Организацијата тешко заздравувала.Тие придонеле за физичко ликвидирање на
истакнати раководители. Поради едно предавство,и самиот ЦК на ТМОРО бил
обезглавен: биле уапсени тројцата членови Пере Тошев,Христо Матов и Христо
Татарчев. Тие судири помеѓу ТМОРО и врховистите уште повеќе се заостриле
непосредно пред Илинденското востание,кога тие се инфилтрирале и во
најтесното раководство на Организацијата.

You might also like