You are on page 1of 3

ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАЗЛОВЕЧКОТО И МАКЕДОНСКОТО КРЕСНЕНСКО ВОСТАНИЕ

И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОСТАНИЧКАТА ВЛАСТ

РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ
1.Причини за востанието:Во втората половина на XIX век положбата на нетурските народи што
биле под османлиска власт станувала неподнослива.Во ова време особено тешка била полож-
бата на македонското население.Од своеволијата на собирачите на даноците,како и од зло-
сторствата на разбојничките банди најмногу страдале селаните.Зголемувањето на даноците,
како и населувањето на голем број Турци,Татари,Черкези во Македонија дополнително ја
влошувало положбата на населението.Сето тоа го натерало македонскиот народ да се крене
на вооружено востание против османлиската власт.

2.Подготовки за востанието:Еден дел од подготовките за претстојното востание биле


изведува-ни во Солун,а друг дел на теренот каде што требало да избувне – во Пијанечко-
малешевискиот крај.Со подготовките во Солун раководел водачот на востанието Димитар Поп
Георгиев Беро-вски.Подготовките во Источна Македонија, Беровски му ги доверил на својот
дедо,таткото на својата сопруга,75-годишниот поп Стојан Разловски.Беровски и поп Стојан
продале дел од својот имот,а со добиените пари купувале оружје.Оружјето тајно било
пренесено во Малешевијата.Истовремено,Димитар Беровски им порачал на двете општински
учителки,баба Недела и Станислава Караиванова,да изработат знаме на идното востание.На
знамето бил извезен лав и стоел натписот “Македонија“и “Станете да ви освободи”[Станете да
ве ослободам].Потоа,Беровски се вратил во Малешевијата,каде продолжил со
подготовките.Спо-ред планот востанието требало да започне во селата во Пијанец и
Малешевијата, а потоа да се прошири кон Радовишко,Струмичко,Петричко и Мелничко.
3.Почеток и текот на востанието:Во текот на подготовките,на 7-ми мај 1876 година,во Разловци
неочекувано пристигнале турски даночни службеници-тапиџии.Исплашени да не бидат пред-
време откриени,востаниците веднаш реагирале.Така,на 8-ми мај 1876 година избувнало
востанието,најпрвин во с.Разловци а оттаму со дел од востаниците,Беровски заминал за
Малешевијата,за и таму да го прошири востанието.Таму го чекале од порано подготвените 300
малешевци.Меѓутоа,на пат за Малешевијата,кај селото Митрашинци се одиграла непланирана
борба меѓу востаниците и таму случајно затечените Османлии.Во текот на битката,Беровски
бил ранет во главата.Поради тоа,востаниците се вратиле во Разловци.Од тука,востаниците се
упатиле кон Кочанско.Во селото Лаки месниот селски војвода Цоне Спасов веќе вооружил 30-
40 востаници.Со заеднички сили,тие го потиснале турскиот башибозук од с.Лаки.Четата на
Беровски потоа се упатила кон с.Смилјанци,Радовишко,каде што тамошните жители исто
така,се подготвувале за вооруженото востание.Меѓутоа,во меѓувреме дошло до предавство од
страна на месниот полјак во Радовиш,така што османлиската војска мошне брзо реагирала и
востаниците биле принудени да се повлечат.Османлиските власти презеле брзи мерки за заду-
шување на востанието.Најпрво,наредиле сите сточари заедно со своите стада да ја напуштат
Малешевијата.На тој начин востаниците требало да останат без храна и
инфирмации.Истовремено,биле приведени и затворени повеќе луѓе од Малешевијата и
поблиската околина.Беровски успеал да избега и да се спаси.[По две години тој се нашол на
чело на ново многу поголемо востание].

4.Причини за неуспехот на востанието,последици,значење.


Причините за неуспехот на востанието лежат во недоволната подготвеност и предвременото
избувнување на востаничките дејствија,несреќното ранување на водачот на востанието,огран-
ичениот локален карактер,немањето заедничка команда и координација на востаниците од
разни востанички центри и брзата реакција на османлиските власти и војската.
По неуспехот на востанието, населението било изложено на терор и репресии.Стотици луѓе
биле уапсени и испратени на заточение,а голем број семејства и поединци емигрирале во
странство.
Востанието имало ослободителен карактер.Тоа било прво масовно самостојно организирано
востание на македонскиот народ, со јасно изразени македонско националноослободителни
стремежи и цели.
МАКЕДОНСКОТО КРЕСНЕНСКО ВОСТАНИЕ
1.Причини за востанието: По Берлинскиот конгрес,[1878],Македонија останала под османска
власт.Од ослободените територии на Бугарија и Србија и окупираните територии на Босна и
Херцеговина дошле во Македонија многу турски и албански бегалци,т.н.мухаџири.Ним им
биле доделувани најдобрите обработливи површини и со ангарија[бесплатна работа]од маке-
донското население им биле градени нови живеалишта.Со запаѓањето во финансиска
криза,османлиските власти ги зголемувале даноците и воведувале нови.Теророт и пљачкањата
на македонското население биле секојдневна појава,особено во Источна Македонија,каде што
крстосувале големите чети на војводите Димитар Поп Георгиев Беровски,Дедо Иљо Малешев-
ски,Ѓорѓија Пулевски,Стојан Карастоилов и др.За востание се определиле и македонските
емигранти во Бугарија,каде што биле формирани комитети под името”Единство”.Тие почнале
да испраќаат чети во Македонија и да шират пропаганда за обединување на Македонија со
Бугарија.
2.Почеток и текот на востанието:Востанието започнало на 5 октомври [17 октомври], 1878
година.Востаничките чети со околу 400 востаници на чело со Димитар Беровски и со Стојан
Карастоилов,го нападнале османлискиот гарнизон сместен во ановите на с.Кресна,и заробиле
119 турски војници и 2 офицера.Поради тоа,во историјата е наречено Кресненско
востание,иако самите востаници го нарекувалеМакедонско.Востанието брзо се проширило и
во Разлошката котлина,при што биле ослободени Банско и Разлог.Наскоро,востаниците
ослободиле околу 35 села од двете страни на р.Струма.Потоа,востанието се проширило во
поголем дел од Источна Македонија.
3.Организација на власта на слободната територија:По успешниот тек на востанието,
востаниците организирале востаничка власт на ослободената територија.Бил формиран Штаб
на македонската востаничка војска.За атаман,водач,бил избран Адам Калмиков,кој бил
претставник на комитетот Единство.За началник на Штабот бил избран Димитар Поп Георгиев
Беровски,а за прв војвода Стојан Карастоилов.За организирање на цивилната власт на
слободната територија било избрано полициско начелство.Набрзо биле изработени Правила
на македонскиот востанички комитет.Во тоа главна улога имал Д.Беровски.Според Правилата,
востанието имало за цел ослободување на Македонија.Како максимално барање се
поставувало создавањето на македонска држава.
3.Задушување на востанието:Брзиот развој на востанието и неговиот македонски карактер бил
во спротивност со бугарските интереси кон Македонија.Затоа,преку комитетот Единство се
правеле разни обиди да се преземе раководството на востанието.Водачите на востанието
Димитар Поп Георгиев Беровски и Стојан Карастоилов ги отстраниле од востаничката
средина.По интервенција на Софискиот комитет:”Единство”,првиот бил сменет и уапсен а
вториот подло убиен.На чело на новиот Штаб на македонското востание застанал Словенецот
Мирослав Хубмајер и започнало зголемено надворешно политичко влијание во востаничкото
раководство.Во востаничките редови се појавила дезориентација и збунетост за натамошните
перспективи на востаничките дејствија.Од средината на ноември 1878 година османлиската
власт презела решителни мерки за задушување на востанието.Со променлив
успех,востаниците воделе повеќе борби се до почетокот на јули 1879 година кога биле
конечно поразени.Митрополитот Натанаил Кучевишки на 6 јули 1879 година како
раководител на востанието,издал наредба четите да се расформираат,а оружјето да се собере
за идните ослободителни борби.Всушност,овој акт го означил неуспешниот крај на
Македонското Кресненско востание.
Востанието не успеало поради неповолната надворешна политичка ситуација,недоволната
подготвеност,како и мешањето на надворешниот фактор пред се Бугарија,преку комитетот
Единство,која сакала востанието да го претстави како бугарско и да го искористи за свои цели.
Поразот на востаниците бил проследен со терор и одмазда од османлиската војска и
башибозукот што предизвика бран на околу 25.000 бегалци од Разлошко,Мелничко и од др.
краишта што емигрираа главно во Бугарија.
Значењето на ова востание е во неговиот стремеж за создавање македонска држава.Низ него
дошле до израз спротивставеноста на македонските и бугарските национални интереси.

You might also like