You are on page 1of 4

НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ

Ослободителните движења на балканските народи под османлиска власт зеле силен замав во
почетокот на 19 век. Тоа наишло и позитивен одраз во јужниот дел на Македонија преку Негушкото
востание.

Градот Негуш е сместен во источните падини на планината Каракамен, позната уште и како
“Негушка планина”, на 18 километри северозападно од градот Бер и на 20-тина километри јужно од
градот Воден. На ова место кон крајот на февруари и почетокот на март 1822 година било кренато
Негушкото востание, кое се смета за прво национално востание на македонскиот народ против
османлиската власт.

Причини за востанието

Значајно влијание за кревање на востанието било грчкото востание од 1821 година. Главната
причина за востанието е изложеноста на населението на Негуш и околните села на честите
напади и граабежи од страна на многубројните арамиски банди и нападите на османлиите.
Почеток и тек на востанието

Поттикнати од почетните успеси на грчкото востание во 1821 година, македонците кои живееле во
Негуш и околните села,измешани со грци и власи на 3 март 1822 година кренале востание.

Водачи на востанието биле: Анастас Караташо, Ангел Гацо и Зафиракис.

фото: Анастас Караташо


фото: Зафиракис

Востаниците дел од своите напади ги насочиле врз турските чифлици на побогатите


земјопоседници. Востаниците запалиле неколку турски чифлици, го заробиле турскиот кајмакам и
убиле неколку Турци.

Здружените востаници го нападнале османлискиот гарнизот и го зазеле градот. Потоа востанието


се проширило кон Костур, Воден, Бер и зафатило села по текот на реката Брегалница.
Востаниците го бранеле градот, но немале сили да го издржат притисокот од бројната османлиска
војска.

За да го задуши востанието, османлиската власт испратила силна војска. Градот Негуш бил под
опсада околу еден месец (од 24 март до 20 април 1822 година), а потоа освоен од османлиите.
Притоа околу 2000 луѓе биле убиени, градот бил разурнат, а поголемиот дел од населението бил
одведен како робје.

По падот на Негуш, востаничките акции продолжиле во неговата околина. Преживеаните


востаници, како и водачите Анастас Караташо и Ангел Гацо, есента 1822 година заминале во
Грција, каде се приклучиле на грчките востаници. За брзото задушување на востанието придонела
близината на Солун, каде биле концентрирани силни османлиски војски.
(фото: Солун)

Причини за неуспех на востанието

Причините за пропаѓањето на востанието главно лежат во фактот што востанието имало локален
карактер. Востаниците не успеале да ги прошират своите востанички дејствија надвор од Негуш,
затоа што тогаш во Македонија имало концентрирано голема османлиска воена сила, особено во
Битола и Солун, која можела во секое време да задуши секаква востаничка акција.

Заклучок

Негушкото востание зазема важно место во историјата на македонското востаничко движење, но и


искуства кои подоцна ќе бидат искористени во востанијата во Македонија за ослободување од
османлиска власт (Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание).

Изработил Петар Галевски VIIIа

You might also like