You are on page 1of 2

Негушко востание-

Во март 1822 год. под влијание на грчкото востание започнало негошкото востание во Јужна
Македонија. На чело биле Анастас Каратошо, Анѓел Гацо и Зафиракис Логотетот. Востанието
започнало со нападот на османлискиот гарнизон во Негуш. Во Негуш било успешно, па се
проширило и кон Воден и Костур се до реката Бистрица. Во истата година *неуспешно* го
напаѓаат градот Бер, османлиите пружаат отпор, востанието е задушено.

Разловечко-

Причините биле економско заслабнување, појава на бунтовници како и Источната криза со


востанието во БиХ а потоа априлското востание во Бугарија.

Подготовките биле во Солун на чело стоел Димитар Поп Георгиев-Беровски, кој претходно го
нападнал струмичкиот митрополит и побегнал накај Солун во илегала. Започнал
револуционерен окружок, ги снабдил со потребните ресурси. Со снабдувањето раководел
неговиот дедо поп Стојан РАЗЛОВЕЧКИ. Учителките Станислава и Недела Караманови го
изработиле востаничкото знаме- црвен лав на жолта позадина на кое пишувало: СТАНЕТЕ ДА
ВИ ОСВОБОДА.

Избувнува на 8ми мај 1876 во с. Разловци. Востаниците се делат во две групи- една која ќе го
прошири востанието- друга да го штити село Разловци. Тие кои останале да го чуваат селото
биле предводени од Цоне Спасов. Востанието на 28ми мај било задушено.

Кресненско-

Со решенијата на Берлински конгрес 1878 год. Македонија станува периферија на Осм. Имп. А
со тоа се влошува состојбата на населението.

Подготовките биле во Горна Џумаја- со цел да идат кон Кресненска клисура, по текот на
Струма.

Организатори биле Димитар Беровски, Ѓорѓи Пулевски, Дедо Иљо Малешевски. Имале и
поддршка од поранешните егзархиски митрополити Натанаил Охридски и Кирил Скопски, а и
од соседното кнежевство Бугарија, каде се организирале македонци под името ,,Единство”
кои снабдувале со оружје.

Ѓорѓи Пулевски и Дедо Иљо Малешевски биле заслужни за српско-турскиот судир кај Белград
во 1862 год. и во русо-турската војна 1877/78 год. каде за своите заслуги Дедо Иљо
Малешевски добил орден ,,Св. Георги” од IV степен и светлобронзен медал за спомен од
војната. Ѓорѓи Пулевски ги добил истите почести, со сабја од рускиот император и назначен за
околински управник на Ќустендил.

Почеток на востание 5 окт. 1878 кога четите на Димитар Беровски и Стојан Карастоилов
нападнале гарнизон во село Кресна. Востанието ја зафатило областа Каршијак.

Била оформена востаничка власт, со територија од 54 населени места со над 32 илјади жители
и биле одржувани старешински совети. Со цел безопасност била формирана селска полиција.
Востаниците се поделиле во 4 групи а главен војвода избран е Стојан Карастоилов, покрај него
рускиот емигрант Адам Калмиков. Бил формиран и Штаб на македонското востание на чело со
Димитар Беровски. Била оформена и коњаница и правила на штабот.

Ова не било во интерес на бугарите и повеќето комитети како ,,Единство” се мешале во


востанието и сакале да го претстават како протест, бунт против одлуките на Берлински конгрес.
Сакале да претстават дека револуционерите се бореле да се припојат кон Бугарија, но тие се
залагале за независна Македонија. Д. Беровски и Стојан Карастоилов биле убиени, моралот
паднал кај востаниците и била донесена одлука за разоружување.

You might also like