You are on page 1of 10

4.2.

ФОРМИ И ВИДОВИ НА ОТПОР


ПРОТИВ ОСМАНЛСИКА ВЛАСТ
https://www.youtube.com/watch?v=-1PtW0G6eTk
од 0-2 min ( форми на отпор ) и
од 14 мин-23 мин (Мариовски прилепска буна)
23 – 30 мин ( ајдутски дружини )
Македонија под осмалика власт видео -документарец МТВ (23 мин )
1. ПРИЧИНИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ НА
ОСМАНЛИСКАТА ДРЖАВА
во 16 век Осман.држ. почнала да слабее
• чести воени порази
• намалени воени приходи и богатства
• зголемување на даноци (посебно паричните)
• зголемени обврски и малтретирање на pajaтa
• пропаѓање на тимарско спахискиот систем
• дезертирање на спахиите
• лената се давале на аристокртаија коjа не одела во Bojcкa
• откажување на послушност на jаничарите
2. ПРИЧИНИ ЗА ПОJАВА НА ОТПОР
• Мак. народ подложен на полит-економ-култ. угнетување
• Силна национална и верска дискриминациjа
• отпорот против осман.власт и неjзин. претставници
• - Отпорот бил мотивиран од:
• * неправди
• *прекумерни давачки
• *понижувања
• * разни злоупотреби
• *исламизациjа
3. ВИДОВИ ОТПОР

• - Отпорот се дели на:


• невооружен
• вооружен
• неворужен отпор
• - се изразувал во неплакање даноци
• - одбивање исламизациjа
• - отпорт против данокот во крв
• - оние кои се против да прифатат ислам -убивани
• пр.со Злата Мегленска и Горги Кратовски -(како маченици се прогласени за
светци)
• вооружен отпор
• - неоружениот отпор постепено поминува во оружен
• 1 ајдутсво најниска форма на вооружен отпор ,
• 2.буни,
• 3.востаниjа
• - први борци против насилсвото на османлиите биле аjдутите
• - на чело стоел арамбаша или BojBoAa
• Заменик бил бајрактарот
• Дејствувале од Ѓурѓовден до Митровден
• ,,Без јатаци нема ајдуци,, заштитници на аjдутите = jатаци
• - жени аjдути: Румена BojBoAa и Кира
4.МАРИОВСКО ПРИЛЕПСКА БУНА 1564-1565
• Причина самоволието на собирачите на даноци –
• Почеток летото 1564 година
• првата локална буна на селаните во Македонија и тоа во Мариовски хас во
периодот на раст на Османлиската империја, во време на Сулејман
Величенствениот.
• Водачи на буната
• Димитри Стале од с.Сатока, попот Димитри од с.Градешница, Стојан Пејо и
попот Јако од с.Старавина и Матјо Никола од с.Велиште.
• Проширување во повеќе прилепски села
• побуна и тужба против управникот на мариовски хас (собирал повеќе данок
од пропишаното).
• Судот ги обвинил мариовци дека не плаќале 2 години данок.
• Напад на судот со лопати и мотики и судир со муслиманите.
• задушување на буната
• Турскиот султан -наредба до кадијата во Прилеп и
Скопскиот санџакбег да ги фатат водачите на буната и да ги
ликвидираат или да ги испратат како веслачи на бродови.
• На 4.12.1565 год. била издадена нова султанска заповед за
воспоставување на ред и враќање на мирот.
• крваво задушена буна бидејќи во тоа време исчезнале
селата Сатока и Пештје (Бешиште)
• оваа буна е една од причините што Мариово никогаш не
било исламизирано
• Поради се понеподносливите егзистенционални услови на живеење во рамките на турската империја, кои се изразувале во
големите даночни и други давачки на турските феудалци и турската држава, есента 1564 година мариовските селани дигнале буна,
која требало да ги исплатат давачките од својата добиена летнина.
• Некои истражувачи Мариовската буна против турската империја ја сметаат како прва од таков вид на Балканскиот Полуостров.  
• Според изворните турски документи, водачи на бунтот биле Димитри Сталев од селото Сатока, Поп Димитри од с. Градешница,
Матјо Никола од с. Бешиште, Стојан Пејо и попот Јаков од с. Старавина.
• Мариовското население се побунило заедно со граѓанството од Прилеп, бидејќи и едните и другите се наоѓале во лоша економска
состојба. Мариово и Прилеп биле во состав на хаос со кој управувал везирот Мустафа-Паша. Тој со своите потчинети службеници ги
пљачкосувал мариовци, на кој им се придружиле и голем број граѓани од Прилеп, се собрале пред судот во Прилеп да протестираат
против локалните власти на чело со Мустафа-Паша. Пред судот протестирале околу 1000 лица го обвинувале Мустафа-Паша дека им
земал разни даночни давачки и им изрекувал казни спротивни на шеријатот, односно, законот. За тоа бил известен и султанскиот
двор во Цариград. Меѓутоа, Мустафа-Паша го одбил тврдењето на Мариовци, тврдејќи дека тие му го немаат платено данокот за две
години. По тој повод, султанот издал наредба, кадијата да го испита случајот, да ги фати и уапси водачите на бунтот и за тоа да ја
извести Портата.
• Селаните, мариовци, по бунтот се повлекле во Мариово и решиле да се борат, за ни една турска нога да не стапне во Мариово.
Прилепскиот кадија испратил потера да се фатат водачите на бунтовниците. Потерата на чело со Сула Ага била ликвидирана од
бунтовниците при преминот на Чебренскиот Мост на Црна Река. Според легендата, која се пренесува од колено на колено, во
Градешница и други мариовски села, кон Мариово тргнала многубројна турска војска, бунтовниците се повлекле и се утврдиле во
римската тврдина "Пешта" која се наоѓала недалеку од с. Градешница.
• Според легендата, бунтовниците се бореле се додека, турската војска не успеала да го открие и прекине каналот со вода што, во
тврдината била доведена од чешмата Брен. Некои од бунтовниците загинале, други се фатени живи и се одведени во Прилеп кај
кадијата на судење. Турците го задушиле востанието во крв. Мариовската буна во 1564 година, според некои научници, значеше и
претставуваше претходница на поорганизираните буни и востанија на другите балкански народи.
• При загушувањето на буната, многу мариовски села, меѓу кои, Сатока, Пештани, Градешница, настрадале, но пак се обновени.
• Градевци и другите селани на Мариово и во XVI и XVII век давале отпори против разни турски собирачи на даноци за државните
намети и турските феудалци. Тие отпори се појавувале во форма на организиран дружини од по 20 - 30 луѓе, наречени ајдутски
дружини. Овие дружини имале поддршка од сите мариовски селани. Меѓу ајдутските дружини имало и свештени лица, кои се
бореле и против исламизација на селата во Битолско и Прилепско.
• Во такви околности избива Втората мариовска буна во 1688/89 година, која имала помали размери од претходната. Тоа е време кога
со Мариовскиот хас (општина) управувал Мехмед-Паша. Тој се жалел до Високата порта, дека мариовската раја и натаму се бунтува,
а доста мариовци се одметнале во ајдуци. Горделивиот и слободољубивиот народ на Мариово со својот постојан бунтовен дух, му
служел како пример на поробеното македонско население од другите подрачја на Македонија, па и на Балканот. Bo тоа се состои и
значењето на овие две мариовски буни во XVI и XVVII век

http://www.itarpejo.org/mk/churches/books/monograph-for-gradesnica/64-2011-01-28-22-53-30

You might also like