You are on page 1of 1

- Појава на ајдутството - напиши состав!

Ајдутството претставува најстара и најдолготрајна форма на вооружен отпор против


турското ропство, кој се појавил во 16 век. Ајдути станувале најчесто смелите луѓе,
најчесто селаните. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода,
арамбаша кој самите го избирале. Ајдутските дружини броеле 20-30 а понекогаш и до
300 вооружени лица. Се собирале околу Ѓурѓовден а се растурале околу Митровден.
При дејствувањето главно засолниште им биле горите а зимувале кај своите јатаци во
селата. Често засолниште им биле и манастирите особено за лекување на болните и
ранетите. Во нивните редови имало и жени па дури и како водачи (Румена
војвода, Сирма војвода и др.). Тие со ненадеен напад од бусија ги пресретнувале и ги
ограбувале трговските карвани и собирачите на даноци ги напаѓале феудалните поседи
особено чифлиците на спахиите ги палеле имотите и ги ограбувале орудијата за
производство и добитокот ги растерувале чифлигарите и сл. Тие ги напаѓале и
ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Против
ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и јатаци биле јавно казнувани. 
Против нивното дејствување османлиските власти организирале потери се одмаздувале
на селаните што ги штителе и помагале со палење на нивните села апсења мачења и
убиства особено на нивните роднини ги сечеле крајпатните шу-ми граделе кули и
тврдини со воена посада назначувале дервенџии мартолози и сл. Фатените ајдути
жестоко ги казнувале ги испраќале на долгогодишна или вечна робија оковани на галии
и сл. Но ајдутството продолжило и се развивало па тие и го сочинувале јадрото на сите
народни бунтови и востанија. Во народното творештво ајдутите се опеани како јунаци
и борци за слобода.

Румена војвода Ајдутин Сирма војвода

You might also like