You are on page 1of 2

Наставна содржина бр.

7: Сумер

Најстарите познати пишани извори се на сумерски јазик, па затоа на Сумерците им го


припишуваме и раѓањето на цивилизацијата. За жал, науката сè уште не може да даде
целосен и издржан одговор на прашањата – кои биле Сумерците, дали биле сродни со некој
друг народ, дали дошле од некаде, или пак се обликувале на територијата каде што ги
наоѓаме односно, во јужна Месопотамија.
За раниот период во Сумер веќе се среќаваме со пишани извори, кои содржат
податоци за владетелите, нивните походи и судирите меѓу градовите-кралства. Сумерците
немале единствена држава, туку живееле во многубројни градови-кралства. Според изворите,
во Сумер имало четиринаесет такви државички, како на пример: Ур, Урук, Лагаш, Нипур
итн. При војување, одреден град-држава територијално ќе се прошири и повеќе нема да го
има статусот на град-држава но, на почетокот сите биле буквално град-држава.
Секој град-кралство се состоел од градска населба со предградие и неколку села или
помали гратчиња, со обработлива земја за ниви, зеленчукови градини, овоштарници и расади
од палми. Необработената земја служела како пасиште. Не знаеме колку жители, ниту пак
колкава површина имал секој град поединечно. Зачувани се одредени податоци за градот
Лагаш, но научниците ги толкуваат на различни начини; најверојатно, градот имал
приближно 35.000 жители, а целата држава зафаќала околу 2900 квадратни километри.
Главна градба во секој сумерски град бил храмот, посветен на некое божество во
сумерскиот пантеон. Освен храм на заштитникот на градот, во поголемите градови имало и
други храмовни комплекси, посветени на главните божества од пантеонот. Околу секој храм
се собирало слободно население, кое образувало еден вид храмовна заедница; таа била
обврзана да работи за храмот без надомест, да дава придонеси и да го одржува култот на
божеството-заштитник. Ако во градот имало повеќе храмови, тогаш имало и повеќе
храмовни заедници.
Населението во Сумер се состоело од владетел, свештеници, великодостојници (луѓе
блиски до кралот), чиновници, слободни селани, занаетчии и робови.
Робовите (во главно се добивале со воените походи) немале никакви права во
општеството, тие биле нечија сопственост кои работеле за сопственикот за без пари.
Сопственикот кон него се однесувал буквално како кон предмет и можел да му прави што
сака.
Слободните селани и занаетчии можеле да имаат сопствена куќа, стока, орудија и
чамци. Доколку имале потреба од дополнително земјиште тие се обраќале кај свештенството
кое ќе му даде земјиште кое припаѓа на храмот да го работи под наем.
На чело на овие држави имало владетел. Тие се сметале за божји претставници
односно, владееле од името на боговите. Ваквиот тип на владеење односно, ваквиот тип на
државно уредување се нарекува теократија. Теократијата била карактеристична за државите
од древна Месопотамија.
Владетелот во Сумер бил врховен воен заповедник, врховен судија и врховен
свештеник.
Во Сумер имаме многу владетели но ние ќе напоменеме еден по име Урукагина
(владеел околу 2400 г. ст. е.), кој бил крал на Лагаш.
Урукагина има голема улога во историјата на законодавството, зашто бил првиот
владетел во познатата историја што спровел еден вид општествени реформи. Со овие
реформи требало да им се стави крај на самоволието и на поткупливоста на свештениците,
кои ги контролирале и собирањето даноци, и судството, па наплаќале преголеми давачки од
граѓаните и ја присвојувале најдобрата обработлива земја. Во текстот на реформите се
спомнува дека свештениците наплаќале големи суми за погреби, венчавки и разни други
обреди, поради што страдале сиромашните. Со реформите наУрукагина се намалил бројот на
свештениците; зачуваните текстови го фалат кралот, зашто ги спасил своите граѓани од
лихвари, глад, поткраднување и напади, и со тоа им донел слобода. До тоа време, бројот и
моќта на свештенството непрестајно се зголемувале, за што сведочат сè побројните
простории што се доѕидувале во храмовните комплекси.

You might also like