You are on page 1of 9

СТАРИОТ РИМ

-Во времето кога се формирале хеленските градови-држави, во Средна Италија


започнала да се развива населбата на Латините во близина на реката Тибар.Со ткот на
времето од таа населба настанала државата Рим. Според легендата, Рим бил создаден
во 753 год.п.н.е. од браќата Ромул и Рем. Ромул бил првиот крал на Рим.
Римската држава постепено се развивала и ширела покорувајќи ги соседните племиња и
народи и наметнувајќи ја својата влас над целиот Апенински полуостров. Тоа бил
долготраен процес исполнет со многу војни, битки, насилства, меѓутоа тоа било и време
исполнето со богата култура и значајни достигнувања.
Во почетокот на чело на римската држава стоел крал, и тој период траел до 509 год.п.н.е
и се нарекува период на римското кралство. Во 509 год. Бил прогонет последниот крал, па
римската држава станала аристократска република, па наместо крал со римската држава
управувале римската аристократија и римските конзули, Сенатот и Народното собрание.
Кога во 31 год. П.н.е власта преминала во рацете на еден човек – царот (император),
тогаш започнал периодот на Римската Империја, кој траел до 476 год од н.е. Во таа
година пропаднала Западната Римска империја, па таа година се зема како крај на
стариот век и почеток на средниот век (феудализмот).
СОЗДАВАЊЕТО И ШИРЕЊЕТО НА РИМСКАТА ДРЖАВА

Природните услови и населението на Апенинскиот полуостров


-Во минатотот наАпенинскиот полуостров живееле различни племиња и народи,најбројни
биле Италците според кои, подоцна, целиот полуостров ќе го добие името Италија.
Италците, Латинците, Умбрите и Самниќаните биле италски племиња и за нив се знае
многу малку, додека со намалку информации се располага за Етрурците. Тие имале
развиена култура, граделе храмови и градби а зачувани се и повеќе натписи со азбука на
неразбирлив јазик. Од нив, Латинците, го наследиле начинот на градење згради, водовод
и патишта.
Легендата и вистината за настанувањето на градот Рим
-На реката Тибер, во еден мочурлив предел, постоел пазаркој бил користен за размена на
трговија од домородците, хеленитеи картагинците. На левиот брег на Тибар се наоѓале
седум ритчиња со латински населби. На една полјана трговците подигнувале шатори и
постепено таа населба прераснала во развиен град. Исто така интересна е и легендата
за настанокот на Рим според која во 753 год. п.н.е бил создаден од двајцата браќа Ромул
и Рем.Имено, според легендата, двајцата браќа имале чичко кој сакал да стане крал па
затоа нив ги фрлил во реката Тибар, меѓутоа децата имале среќа бидејќи водата ги
исфрлила на брегот кадешто ги нашла една волчица која почнала да се грижи за нив.
Потоа децата ги земал и ги одгледал еден овчар и кога тие пораснале решиле да
изградат град не местото кадешто ги пронашол овчарот. Така настанал градот Рим.
Државното и општествено уредување на римската држава
-На почетокот Рим бил управуван од Народнотот собрание, Сенатот и Кралот. Кралот бил
избран од Народното собрание по предлогод Сенатот. Со текот на времето во Рим дошло
до формирање на две групи патриции (што ги уживале сите граѓански права) иплебејци
(кои биле нерамноправни граѓани и немале право да бидат дел од Народното собрание и
Сенатот), па поради тоа меѓу нив често се водела борба за рамноправност. Особено
незадоволство пројавувале богатите плебејци коишто барале политички права и учество
воводење на државата. За да ги избегне немирите кралот Сервиј Тулиј бил принуден да
направи реформи, па слободните луѓе ги поделил во пет групи со право сите да служат
во римската војска, меѓутоа сиромашните плебејци не добиле земја, не им било укинато
ропствотоза долапа поради тоа тие останале незадоволни. Со реформите на Сервиј
Тулиј, богатите плебејци можеле да управуваат со државната власт и ја давале својата
поддршка на кралот. Меѓутоа, патрициите кои го сочинувале Сенатот не биле задоволни
од изедначувањето на правата, па поради тоа го симнале кралот во 509 год.п.н.е. па
државата станала еристократска република на чело со два конзула. Сиромашните
плебејци продолжиле да изразуваат незадоволство, па Сенатотбил принуден да им
дозволи на собранијата да избираат свои заштитници наречени народни трибуни.
Освојувањата во Африка, Европа иАзија
-Со формирање на силна војска и со многубројни борби во средината на 3 век пред н.е.
Римјаните загосподарилесо целиот Апенински полуостров и продолжиле со своите
освојувања кон Средоземјето, каде се судрилесо војските на Картагина и Македонија.
Картагина била бивша колонија на Феникојците и се спротивставиле на римскиот
притисок, при што започнале долготрајните војни познати како пунски војни. Биле водени
три пунски војни кои траеле од 264 до 146 год. п.н.е. Во третата пунска војна, Римјаните ја
опколиле Картагниа па цела недела се воделе улични војни при што градот бил ограбен и
запален затоа во 146 год.п.н.е. градот Картагина престанал да постои.
Станувајќи светска воена сила, Римјаните се упатиле кон ссеверните брегови на Африка
освојувајќи ги Пиринејскиот полуостров и Галија. По освојувањето на Илирите и
Македонците во 2 век п.н.е. римјаните го освоиле и Јадранското крајбрежје, јужниот дел
на Балканскиот полуостров, најголемиот дел во Мала Азија и источниот брег на
Средоземното Море. Освоените земји биле претворени во римски провинции на чело со
намесник поставен од Сенатот.
ВНАТРЕШНИТЕ СУДИРИ ВО РИМСКАТА ДРЖАВА
Општествено-економските промени во римската држава по освојувањта
-Воените походи на римската држава придонеле за уште поголем аподелба на
населението на богати и сиромашни. Офицерите се враќале со огромен плен, додека
војниците само со мали ќесиња Чиновниците и намесниците од новите провинции земале
се. Бројот на робовите се зголемил и имало огромна бесплатна работна сила наречене
латифундии. Политичките прилики во државата нагло се влошиле со селанските буни
ибарања за аграрни реформи, со закана да прерасна т во граќанска војна.
Положбата на робовите и спартаковото востание
-Со освојвачките војни бројот на робовите се повеќе се зголемувал. Од робовите во
особено тешка положба биле гладијаторите кои биле обучувани за меѓусебни борби или
борби со диви ѕверови кои служеле како забава за населението. Токму гладијаторите се
заслужни за големото востание предводено од робот Спартак што траело од 73 до 71
год.п.н.е. Било очекувано тие да го напднат Рим, меѓутоа тие само сакале да се вратат во
родните места. Ова најмсовно робовски востание било крваво задушено, меѓутоа ја
разнишало римската држава.
Граѓанските војни и создавањето на првиот и вториот триумвират
-Со цел да се намали гневот и незадоволството на сиромашните римски граѓани,
политичарите извршиле воена реформа и граѓанската војска била заменета со наемничка
војска.
Граѓанска војна – Мариј против Сула
Од 88 год.п.н.е двајцата војсководци Мариј и Сула се бореле за контролата на Рим. При
нивниот судир загинале илјадници војници и население. Сула победил и за кратко ја
презел сенаторската контрола во Рим.
Граѓанска воја – Цезар против Помпеј
Во 60 год.п.н.е славниот лидер Јулиј Цезар, војсководецот Помпеј и богатиот аристократ
Крас, го формирале првиот триумвират кој ја преземал контролата во Рим.Прекувоените
походи во Галија, Цезар ја добил наклонетоста на војската, Сенатот пак, плашејќи се од
неговата популарност му наредил да ја распушти својата војска. Цезар пак, презел
неизбежен чекор, ја преминал реката Рубикон и ја поразил сенаторската армија на Помпеј
и се прогласил за диктатор. Во 44 год.п.н.е. бил убиен на подол начин од страна на група
заговорници
Граѓанска војна – Октавијан против Антониј
-По смртта на Цезар повторно избила граѓанска војна. Армијата на Брут и Касиј, кои го
убиле Цезар, биле поразена одвојската на најдобриот пријател на Цезар, Марко Антониј,
кој бил посинок на Цезар Октавијан. Тие двајцата го создале вториот триумвират,
меѓутоа, набрзо меѓу нив дошло до несогласувања и во решавачкиот судир во битката кај
Актиум, Октавијан го поразил Антониј. Оваа битка го означила крајот на граѓанските војни
и Октавијан станал апсолутен господар на Римската Империја.

Времето на Октавијан Август


-Како посинок на Цезар, Октавијан Август бил назначен за населдник на римската држава
со неограничена моѓ. Сенатот во Рим му ја доделил титулата принцепс (првиот), потоа ја
добил и титулата Август (возвишен) и се прогласил за Император, потпишувајќи се како
Император Цезар Август, син божји. Во негово време бил освоен целиот балкански
полуостров и ов време е познато како златниот век на римската култура. Поради титулата
принцип, истемот на уредување бил наречен принципат. Во периодот на принциатот
значаен лик бил императорот Тројан, кој ги освоил Месопотамија, Јемен и Арабија, со
што Римската Империја доживеала најголемо територијално проширување.
Појавата на Колонатот
-Поради отпорот кој што провинциите го давале кон римската држава се намалувале и
даночните приходи па поради тоа Римската Империја бележела значително економско
опаѓање. За да се ублажат немирите во 212 год.п.н.е. сите граѓани добиле римско
граѓанско право и бил донесен закон со кој се забранувало убивање на робовите. Меѓутоа
и покрај тоа незадоволството продолжувло и се проширувало. Немајќи друг излез,
земјосопствениците ги ослободувале своите робови, го распарчувале своето земјиште на
мали парцели кои ги издавале под закуп на ослободените робви. Таквите слободни
граѓани кои обработувале туѓа земја под наем биле наречени колони, а таквиот начин на
земјоделско производство колонит. Поради големите даноци селаните-колонити не
можеле да го издржат финансискиот товар па државата им го одземала земјиштето,што
претставува и почеток на новото општествено уредување – феудализам.
Причините за поделбата и пропаѓањето на Римската Империја
-За да го запре пропаѓањето на Империјата, императорот Диоклецијан ставил крај на
воената анархија и титулата принцепс ја заменил со доминус (господар). Од потчинетите
барал да му се поклонуваат и да го почитуваат како Бог,а поради титулата доминус,
формата на владеење била наречена доминат. Со цел да обезбеди поголема контрола
над територијата, Диоклеција вовел ново уредување наречено тетрархија. Империјата
била поделена на Источна и Западна со одделно управување.
По смртта на Диоклецијн, во борбата за престолот победил Константин кој повторно ја
обединил државата. Меѓутоа неговата одлука престолнината од Рим да ја премести во
Константинопол го означила почетокот на конечната поделба на Римската Империја. Во
395 год.п.н.е императорот Теодосиј ја поделил Империјата на своите два сина Источна
Римска Империја и Западна Римска Империја со престолнини во Константинопол и Рим а
со тоа и официјално Римската Империја се поделила на два дела. По оваа поделба
територијата на Западната Римска Империја била подложена на зачестени напади од
страна на најразлични племиња. Во 410 год германското плме Визиготи го опљачкале
градот Рим, а подоцна Рим претрпел напад и од страна на Хуните. Во 476 год. п.н.е.
водачот на германските племиња Одоакар го симнал од престолот последниот римски
император Ромул Авгистул и се прогласил за крал на германските племиња во Италија.
Токму 476 год.п.н.е. се смета за крајот на Римската Империја.
ЖИВОТОТ И КУЛТУРАТА НА РИМЈАНИТЕ
Религијата на римјаните и улогата на боговите
-Како и другите народи и старите римјани верувале во натприродни сили, најдолго се
задржале верувањата во духовите на предците и домашното огниште. Римјаните биле
многубошци кои на римските богови и божици им давале латински имиња. Раскошните
храмови биле украсени со скулптури, мозаици, некои од нив се зачувани и денес. Во
храмовите служеле свештеници. Зборот религија настанал од латинскиот збор релогои
што значи вера, вероисповед. Римјаните сметале дека и луѓето и боговите требале да ги
исполнуваат меѓусебните обврски, луѓето да се молат а боговите да ги исполнуваат
молбите. Врховен бог бил Јупитер, негова жена Јунона, додека Марс бил бог на војнта.
Културните влијанија
-Римската култура се развивала под влијание на културата на Етрурците и Хеление кое
било посебно изразено. На пример римската азбука, која е основа на денешната
латиница, настанала со прилагодување на грчката азбука на латинскиот јазик. Римјаните
со задволство го изучувале грчкиот јазики се воодушевувале на хеленската книжевност и
култура. Грчкиот јазик го изучувале богатите римјани додека латинскиот јазик го
изучувала војската Римските владетели се труделе да се истакната како воини,
државници, оратори додека многу малку внимание посветувале на уметноста но уживале
во раскош и богати гозби.
Книжевноста
-Уште во 7 век п.н.е.Римјаните ја примиле писменост од Хелените, постепено се изучувал
грчкиот јазик, па писателите пишувале по примерот на старогрчката литература.
Најпознати римски поети биле Хорациј, Овидиј и Вергилиј кој е и автор на познатото дело
Енеида во кое е прикажана легендата за тројанскиот јунак Енеј која претставува
продолжение на познатата Илијада. Во времето на републиката било развиено
ораторството кое било особено негувано во јавните настапи пред народот, Сенатот и во
судниците. Најпознат римски оратор и пистел бил Цицерон.
Науката
-Од науките во римската држава посебно се равивале филозофијата, историјата и
географијата, најзначајни филозофски дела биле оние на Сенека,додека од историчарите
најзначајни биле Цезар, Ливит и Тациј. Од географичарите особено познат бил Страбон.
Во времето на Јулиј Цезар била извршена реформа во однос на сметање на времето и
бил воведен Јулијанскиот календар според неговото име. Во римската држава особено
било развиено и правото, кое ги уредувало односите пмеѓу поедниците и односите помеѓу
поединците и државата (јавно право). Два основни принципа на Римското право биле –
сите лица се еднакви пред законот, и на обвинетите лица им се гарантира легалана
заштита.
Архитектура, вајарство и сликарство
-Римјаните создале богата култура во однос на архитектурата , вајарството и
сликарството., исто така тие го унапредиле и градежништвото, огромните градби биле
симбол на владетелската моќ, а најмногу градби се зачувани во градот Рим како што се
Форумот, Колосеумот, Светиот пат кој водел кон ридот Капитол каде се наоѓал храмот на
Јупитер., Пантеон хармот на сите богови. Рим имал поплочени улици, аквадукт (водовод),
бањи со топла и студен авода, сали за концерти, гимнастика. Во областа на сликарството
било развиено фрескосликарството и мозаиците. Многу фрески се зачувани и ден денес а
најпознати се фреските од Помпеја.
Значењето на римската култура
-Римската култура имала големо влијание врз култуата на останатите еврпски и светски
анроди. Од римската култура наследени се латиницата, римските броеви, патиказите крај
патишата, куполите како и многубројни зборови од латинскио потекло како – календар,
докот, дирктор и слично.
ПОЈАВАТА И ШИРЕЊЕТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО
Причините за појавата и ширењето на христијанството
-Во последните векови од своет постоење, римската држава биле потесувана од многуте
војни, востанија, кризи кои кај народот внесувале потиштеност и безнадежност. Но луѓето
не ја губеле надежта дека некој ќе ги избави од сите несреќи па почнало да се шири
верувањето дека еден ден ќе дојде Месијата (спасителот) кој ќе ги спаси од сите несреќи.
Овие верувања најпрво почнале дасе шират кај Евреите во Палестина а набрзо се
прошириле и во другите делови на римската држава. Нив ги ширеле одделни
проповедници кои оделе од место во место и раскажувале за спасителот кој ќе дојде и ќе
им помгне на луѓето.
Појавата на христијанското учење и апостолите
-Христијанското религиозно учење се појавило во 1 век во Палестина, проповедниците ,
проповедале дека во 30 година од владеењето на римскиот император Октавијан Август,
во градот Витлеемво Палестина се родил синот божји и учител Исус Христос, кој решил
да се симне на земјата и да ги спаси луѓето од гревовите. За таа цел се овплодил од
Светиот дух и Дева Марија и од преголема љубов кон луѓето ја примил човековата
природа и станал човек. Денот на неговото раѓање христијаните го славата како
празникот Божиќ и од тогаш започнале да се сметаат годините на новата ера. Исус
Христос го проповедал справедното живеење и имал привразници, од своите најдобри
ученици избрал дванаесет апостоли (ученици) за да продолжат и шират неговото учење.
Тие проповедале милосрдие, љубов кон ближните, омраза кон богатството, ја отфрлале
приватната сопственост.Проповедале дека сите луѓе се еднакви пред Бога, дека
грешниците ќе бидат казнети во пеколот а чесните ќе одат во рајот.Затоа како
прифатлово за сиромшните станало христојанството како религија на потиснатите и
сиромашните. Бидејќи ова учење било спротивно на римските начела и закони, Исус
Христос бил осуден на смрт. Според Библијата тој не давал отпор на казната и свесно се
жртвувал за спас на луѓето. На третиот ден тој воскреснал од мртвите и се воскренал кон
небото. Денот на неговот воскреснување се слави како Велиген. Апостолите биле
сведоци на неговиот живот, неговите чуда и неговото воскреснување. Како балгодарност,
Бог го испратил Светиот Дух кој имдал божествена сила и храброст да ја основаат првата
јавна христијанска општина во Ерусалим. Од тогаш во молитвите христијаните се
повикуваат во имато на Бога,наСинот и наСветиот Дух. Христијаните се здружиле во
заедници наречени христијански општини со кои управувал свештеник а со
обединувањето на повеќе христијанкси општини настанала христијанската црква на чие
чело се наоѓал епископ.
Светото писмо и апостолите
-Основен извор на христијанското учење е Светото писмо или Библијата, која се состои
од повеќе книги собрани во два дела Стариот Завет и Новиот Завет. Освен За Исус
Христос и неговото учење во Библијата се зборува и за апостолите неговите следбеници.
Најпознати биле Петар, Павле, Марко, Јаков и Јосиф.

You might also like