You are on page 1of 45

Солунски патрдии

Миле Попоски

СОЛУНСКИ ПАТРДИИ

1
Солунски патрдии
ЛИЦА:
ПЕЈО МАРИОЈЦО
АЏИ ЈАНКУЛА, богат трговец од Прилеп
СЕКУЛА, негов слуга
ЦАНДЕ, син на Аџи Јанкула
СОТКА, другар и помошник на Цанде
ФАТИМЕ, солунска ченгија
ПАНДОРА, нејзина слугинка
ЈАШАР БЕГ
КИР ТАКИ, солунски трговец
ЕВДОКИЈА
ПАЦА, свршеница на Цанде
ЧИРЕ, другар на Цанде
БЛАЖЕ, другар на Цанде
ШАБАН БЕГ
БОЖИН, фотограф
ЦВЕТАН, бербер
МАРИЈА, жена од балкон
СЕИРЏИИ, БАРАБАНЏИЈА, ЧОЧЕЦИ, ЧАЛГАЏИИ, ПАЗАРЏИИ, ЗАПТИИ, ДЕЦА

2
Солунски патрдии

ПРВИ ЧИН
Дејството се одигрува во Солун, во „турско време“. Пазариште. Од две страни два
сокаци водат во пазариштето. Сокаците се начичкани со дуќани во приземјето, а на
првиот кат станови со чардаци. Голем дел од просторот зафаќа еден ан со чардак на
целата должина, а под чардакот (кој се држи на дебели греди) некој вид штала и
магацин за стоки на анските гости-пазарџии. Во средината на пазариштето шедрван,
заграден со подѕидок, на кој може да се седи, а околу шедрванот клупи за седење.
На пазариштето долги груби маси од штици на кои пазарџиите ја излагаат својата
стока: вреќи брашно, жито, компири, сламени кошници со јајца, млеко во канти, маст,
сирење, живи кокошки, врзани по две-три за нозе, мед во грниња, низи кромид, лук,
стомни, кошеви, рогозини завиткани во труби, метли, буриња со маслинки. Прематари
со колички во вид на подвижни тезги: чешли, ножеви, ремени, бисери, монистра,
огледала, некои со овошје и зеленчук. Околу пазариштето две гостилници со по неколку
масички и столови надвор од гостилница, во самото пазариште, поседнати гости. До
анот берберница со задолжителниот симбол на сите берберници – бел леген обесен на
ѕидот. Пред берберницата, надвор, стол за бричење, а до него каиш за острење на
бричот. Веднаш до берберницата лебот си го вади и еден кадраџија (фотограф) со
препотопен фотоапарат. Тој си има едно столче на кое ги седнува муштериите додека
ги фотографира.
Покрај берберницата други дуќани: самарџија, кувенџилница, сарачница, бојаџилница,
слаткарница, брашнарница, касапница, терзија, тенекеџија и друго. Пред секој дуќан
изложена стока. Купувачи влегуваат, излегуваат.
– Гевреци, симити, геврецииии!!!
– Таан алва, убаа прасна таан алва, да касниш да порасниш.
– Локум со јаткиии! Евтино давам само да продавам... Ајде народе, ајдеее...
Луѓе од сите структури: селани, граѓани, попови, оџи, ануми во зар и фереџе по две-три
заедно, аскери, заптии, деца, просјаци, криви, сакати, слепи, водени од деца.
– Невесто, колку коковчево?
– Какво коковче налет да се сториш?! Кокошка и пол! Три гроша, ко за тебе два и пол!
– Ту, мајката, сакаш одма да се збогатиш! Гуска ќе купам со два и пол гроша...
– Ко ќе купиш гуска за два и пол гроша, да дојш да ми кажиш!
– Да е кабил кожата да ни е одерите!
– Локум, локум со јатки!!!
Две селанки, чучнати крај своите кошници со јајца за продавање, разговараат:
– Дојде абер од Битола: е таксале Воскресија кај кожуварот Ангеле за син му Неделко...
– За Неделко?! За тој слепеник?! Тешко нејзе! Леле!
– Зошто, мори? Тешко нему! А знајш ти Воскресија? Една газлеста, нааа! Кој шо чини, таа
врц-дрц со газојте!
– Хи-хи...!
– Речение им било на двајцата, сестроооо! Од речението се бега ли? Туку речи да не
накапиш! Било како било, сестро златна, време скрило.
Млад селанец застанува крај фотографот. Фотографот со рака му дава знак да седне
на столчето. Селанецот седнува, фотографот го мести, тоа е цел ритуал. Кибицери
отстрана дофрлуваат:
– Шо си зинал, бе, че ти влези некоа мува!
– Не бој се, не боли, стопанка му!
– Не мрдај, бе!
– Како да не мрда, кога е – мрднат!
Низ врволицата се пробива млада жена со тепсија в раце и вика:

3
Солунски патрдии
– Пак ми го изгорел мазников, џигерите да му изгорат, како што ќе му изгорат,
пијаничиште! Костакиии! Костакиии! Ела, Костаки, да видиш што направи оној
пијаницата со залников!
Од десниот сокак доаѓа барабанџија. Се слуша биењето на барабанчето: бам-бам, бам...
бам, бам, бам... Барабанџијата и не се гледа сред народот. Зборува една реченица на
грчки, па ја преведува на македонски. Вревата е толку голема што од барабанџијата се
слушаат само парчиња од реченици:
– Народе, чуј... Од утре каде девет... сите домашни животни... пци, мачки... кози,
магариња... Една лира џеза... Загубениот коњ... да јавииии! Бам, бам, бам...
Барабанџијата се оддалечува, биењето сѐ послабо и послабо.
На столот пред берберницата седнува селанец. Берберот го сапунисува и почнува да го
бричи, просто му седнува в скут, а селанецот офка од болки.
– Со мукает, мајсторе!
– Ич не бери гајле, нема ни да сетиш!
– Аман, бе! Наточи го малце бричо, м’одра жив, да му го опрам!... Оооо! Полека, бре,
мајката, мака ми падна на срце!
Фотографот уште се матка со селанецот.
– Чкрапај, ако чкрапаш, шо туку маткаш! Мене ми се брза, имам миљон работи! Шо туку
ме мериш од сите страни ко да че ме купуваш! Брзни малце!
Од еден стол на катот се појавува млада жена на чардак и вика:
– Јоргооо! Јоргооо!!! Ела, Јоргооо!
Миг-два жената гледа долу со очекување, потоа се повлекува внатре. Тоа како да беше
знак за луѓето долу – веднаш го „очистија“ просторот под тој дел од чардакот,
иставајќи се настрана и гледајќи со очекување горе. Пак излегува на чардак млада жена
со леген в раце и без да гледа долу ја плиснува содржината од легенот долу и мирно се
повлекува.
Циганка натоварена со својата стока вика:
– Метлиии! Решетааа! Ситааа! Муштерии стари, само за парииии!!! Ајдееее!
Берберот го добричи селанецот, извади прим од берберницата, седна на берберскиот
стол и почна да свири на примот и да пее некоја песна. Одма се собираат сеирџии. Некои
ја прифаќаат песната. На пазариштето се мотаат секој одделно и на различни места и
Пејо Мариојцо, Секула и Аџи Јанкула. Пејо доаѓа кај берберницата и ја слуша песната.
ПЕЈО: Мажје бреј, анџак сте пејле толку убо, алал да ви е млекото мајчино, испејте ми а
оваа... (Почнува да ја пее песната „По пат одам за пат прашам, кој пат води Мариово“.)
Ме ватила, брајча, една достага за Марио мое... да а чујам песната па д’умрам да не жалам.
БЕРБЕР: Баце, че те прашам нешто, ама право че ми кажиш...
ПЕЈО: (Ја става раката на срце.) Во живото, баце, досеа не сум излагал.
БЕРБЕР: Тогај, баце, кажи ми: жаба на суво крека ли? (И со прсти му дава знак да плати,
ако сака песна.)
ПЕЈО: Кога ме гибна на тој тељ, баце, да ти кажам дека ме ватил такцир та немам ни
скршен мангар... А достага пуста...
БЕРБЕР: Баце, достагата чоека го вајча кога не е при пара. Кога а имаш таа курва-пара, ич
не ти текнува за вилаетот, то да го знајш! Демек: пари барај за достагата, а не песни.
(Берберот си влегува во берберницата, сеирџиите се разотидуваат.)
ПЕЈО: (Се почешува по тилот па ногазанога доаѓа кај шедрванот. Застанува близу до
еден амал натоварен со кош со сомуни кој се одмора на подѕидокот на шедрванот. Зад
амалот се штутка Секула. Гледа во лебовите во кошот и подзинува. Не може да
издржи, подава рака и зема еден сомун од кошот. Пејо полека му приоѓа зад грб, амалот
си отиде со кошот, и со едната рака го зграпчува Секула околу гуша, не давајќи му да се
сврти и да го види.)
СЕКУЛА: (Исплашен.) Ама, чауш ефенди! Кабаетлија сум, си признавам.

4
Солунски патрдии
ПЕЈО: (Почнува да игра улога на „чауш-ефенди“. На насобраните сеирџии им дава знак
да не се мешаат.) Бре, џаур, бре черата, сеа врлиш тебе во зандано, таму скапиш коската
и главите!
СЕКУЛА: Аман, ефенди, да ти се многу години, прај себап, пушти ме, че ме чека кутрата
ми мајка... Не сум одовдека... Не сум кабаетлија...
ПЕЈО: Пезевенк, бре, а порано речише: кабаетлија сум!
СЕКУЛА: Признавам, ефенди, кабаетлија сум... ама без кабает...
ПЕЈО: Од каде си бидиш, бре чопек?
СЕКУЛА: Од Прилеп, ефенди...
ПЕЈО: Ами, зер дојдише од Прилеп, бре дрто мајмун, да крадише сомун во Солун? Сеа
вадиш кубуро и...
СЕКУЛА: Аман, ефенди, каков кубур?! Бев гладен, нозеве почнаа да ми се тресат, снагата
да папсува... (Се налутува, викнува.) Ааах, Аџи Јанкула, ти ми а сплети оваа кошница!
М’остај гладен...
ПЕЈО: Што кажиш, бре едепц’з?! Ти бидиш аџија Ајкула? Ем аџија, ем крадеше сомун! Ти
шејтан не аџија! Со каква ум, бре ајван, крадеше на бело ден бела вранџула?
СЕКУЛА: Со каква ум! Еден е, да го мочам, тој за лете, тој за зиме...
ПЕЈО: Ако сакаш куртулиш, платиш џезата, бре домус! Платиш педесет алтани али тргам
кубуро. Броиш до беш и тргам кубуро... Бир... иќи... уч...
СЕКУЛА: Аман, ефенди! Јас сум саде еден сиромав чоек, момок кај Аџи Јанкула. Почеки
тој да дојди, че ти плати...
ПЕЈО: Нема чекиш, бре! Ако сакаш куртулиш, платиш џезата он алтан, јали тргам
кубуро!... Дорт...
СЕКУЛА: Аман, ефенди, каков дорт, каков зорт, какви десет алтани?! Јас д’имам десет
алтани, се прам ли резил на старос да крадам? И шо? Леб?
ПЕЈО: Па како дојдел во Солун без скршен пара, бре мувљуз?
СЕКУЛА: Како дојдел! Мислиш ти јас се прашувам али че дојдам али не? Шом си го дал
газо под кирија, ч’ојш и кајшо не ти се ој... Ме довлечка цревата да му се влечкаат, мојо
стопан Аџи Јанкула... (Тука доаѓа сега и Аџи Јанкула, со бисаги на рамо. Секула не го
забележува, тој воопшто ништо не гледа, исплашен гледа само вземи пред себе. Аџи
Јанкула го погледнува Пеја, а Пејо му дава знак да ќути.) Јас да се прашувам, ефенди, не
мрднувам од мојо Прилеп. Таму никош не останувам со празен стомак. А овде сум мртов
гладен. Мојо стопан Аџи Јанкула е еден нечоек, еден циција, еден титис, еден скржавец,
го нема на веков. Голем зијан е шо а гази земјава...
АЏИ ЈАНКУЛА: Што сум?
СЕКУЛА: Ооооо, Аџи Јанкула! Госпо ми те прати! Помагај, брате, ако бога знајш, овој
некрс сака да ми го тргни кубуро ако не му дам десет алтани...
АЏИ ЈАНКУЛА: За бадијала никој никому не му го трга кубуро, никој никому не му бара
десет алтани! Шо пакози си напрајл, бре ашлак? Шо беља си сторил?
ПЕЈО: Крадеше овој солунски вранџула, черата! Платише џезата оти...
(Аџи Јанкула тргнува божем да си оди, Секула крикнува.)
СЕКУЛА: Аџијааа! Каде, бе?! Н’играј си играчки за десет алтани! Зар че м’остајш н’овега
да прај со мене шо сака?! Гледај му го саде кубуро!
АЏИ ЈАНКУЛА: Сам си си го барал! Штом ти вајча раката, сеа скапувај в зандана! Ќе те
врли во Беас-куле, таму коски ч’остајш... Туку порно за тебе че биди...
СЕКУЛА: (Со надеж.) Порно! Порно да биди! Речи му порно да биди!
АЏИ ЈАНКУЛА: Порно за тебе че биди ефендијава да не те врла во Беас-куле...
СЕКУЛА: (Со надеж.) Да не ме врла!
АЏИ ЈАНКУЛА: ... ама да ти го тргни кубуро, да не се мачиш долго...
СЕКУЛА: (Спиштува.) Мајчееее...
АЏИ ЈАНКУЛА: (На Пејо.) Ефенди, мојов момок те моли да не го врлиш во Беас-куле ами
веднаш да му го тргниш кубуро...
5
Солунски патрдии
ПЕЈО: Пеки, аџи Ајкуло! Че тргнам кубуро...
АЏИ ЈАНКУЛА: (НА Секула.) Остани ми со здравје!
СЕКУЛА: Аџијооо! Пет пари ми е ало без тебе!
(Пејо му дава скришно на Аџи Јанкула книжно кесе и му покажува да го надуе и да го
пукне на пет. Во тоа време слегува Марија од чардак со кофа в раце и оди кон шедрванот
да наполни вода.)
ПЕЈО: Сеа че броише јас од севте. Бир... иќи... уч... дорт... Беш!
(Аџи Јанкула го пукнува надуеното кесе, Секула исплашен паѓа на земја „мртов“. Марија
со полна кова стои над Секула и го напрскува со вода. Секула мрднува, ја исправа
главата, се пофаќа по телото, се чуди. Ја гледа Марија така легнат.)
СЕКУЛА: Ш’убав бил рајот!
МАРИЈА: (На грчки.) Во пеколот си, мала главо, големо пијаничиште!
(Марија си оди, се качува по скалите, Секула полека се исправа, станува и одејќи
назаднешкум му седнува в скут на Пејо. Пејо го турнува, Секула паѓа и спиштува.)
СЕКУЛА: Ааааа! (Потоа станува, гледа нема опасност, седнува на столот до Пејо.) Си
отиде?
ПЕЈО: Онаа од рајот?
СЕКУЛА: Оној, брем, чауш-ефендијата, шо сакаш е да ми...
ПЕЈО: Си отиде! Имал исав чоеко – не ти го тргна кубуро...
СЕКУЛА: (Се крсти.) Сполајти, господи, шо ми а спаси келезанкава. Другпат че знам
порно да е вардам... Ти, брат, зборуваш ко мене, откај че си да те прашам?
ПЕЈО: Од далеку сум. Од Марио, ако си чул, од Градешница...
СЕКУЛА: Аааа! Од селото на Пејо Мариојцо, итар Пејо?!
ПЕЈО: Ее, ее, отаде сум! Али го знајш ти Пеја?
СЕКУЛА: Кој?! Јас?! Уше прашуваш! Вака сме со Пејо! (Со прсти покажува колку е
близок со Пејо.) Учкур и гаќи!
ПЕЈО: Ти и Пејо?!!! Јааа, мајката!!!
СЕКУЛА: Â че дојди во Прилеп, â еве го кај мене дома, на винце... Мајка ми Софија... А!
Ене го мојот стопан Аџи Јанкула! Ама че зини кога че ме види жив... Ај да му појме! (Пејо
и Секула одат кај Аџи Јанкула.) Аџијо, глеј ме – жив сум! А ти... м’остај...
АЏИ ЈАНКУЛА: Крши гла, арамииште! Во неља ме врлаш...
ПЕЈО: Аџија, да ти се многу години, шо ампа те ватила та си дошол дури ваму во
Солунов?
СЕКУЛА: Мене прашај ме шо ампа ве вати!! Че ми го тргнеше кубуро оној некрс зарај
аџијата! А зошто?... Ми велеше мене покојната ми мајчица Софија... Од твое Марио беше,
од селото Кокре, кај шо има убај круши... (Плаче, ја имитира мајка си.) „Синко, не вајчај
се во исто оро со Аџи Јанкула, го знам јас него од деца – покатил чоек од него нема на
веков. Че те запусти, таков тамаќар ни било ни че биди, крвта со бубајч че ти а пија!“
АЏИ ЈАНКУЛА: (Замавнува да го удри.) Сиктер, бре, лепеш еден! (На Пејо.) ЈАС сум за
тажејне, ТОЈ кука, да кукни да пукни! (На Секула.) Син ми алтаните ми ’и изеде, ти
живото ми го јадиш! (На Пејо.) Пријателе, побратиме, али познаваш некого овде во
Солунов?
ПЕЈО: Познавам многу чоеци... Кого али познавам?
СЕКУЛА: (Го трга Пеја за ракав.) Баце, да касниме, да се напијаме нешто шом вака убо
се најдоме од ист вилает...
АЏИ ЈАНКУЛА: Сиктер, бре, со то твое јадејне и пијајне! Не сне дошле овде да гнетиме и
локаме, ами оној неранимајко да го најме...
СЕКУЛА: (На Пејо, покажувајќи на Аџи Јанкула.) Ме молкни од пазариште на пазариште,
од ан во ан, од меана во меана... а од сношти залак в уста не сум клал... (На Аџи Јанкула.)
Гладна мечка оро не игра, аџијааа!!!
АЏИ ЈАНКУЛА: Вчера не ти дадов полока вино, ламјо?
СЕКУЛА: И жими то! Зар со полока вино од ’чера досега мечка че тепаме?
6
Солунски патрдии
ПЕЈО: (На Секула.) Е, баце, шом за вино и за кркајне зборуваш, ти си чоек на место – дај
си а раката! Ни јас асолно не сум се најал и напил... Аџијо, дај му на коњо зоб и сено ако
сакаш да ти носи тоаро!
СЕКУЛА: Така е, баце! Дај си а раката!
АЏИ ЈАНКУЛА: (На Секула.) Застани онаму и да не си мрднал! (Секула не мрднува па
Аџи Јанкула го фаќа за рака и го молкне до спротивниот крај на сцената па се враќа кај
Пејо. Секула кубе од украдениот сомун и безволно џвака.) Синко, те гледам оти си добар
чоек, да помуабетиме малце, белки стрејчата ми те донесе. Ми се глеаш арен чоек...
ПЕЈО: Од арен дури не чинам! Јас сум со ниет да ти поможам ко на брат и сестра...
АЏИ ЈАНКУЛА: Син ми, синко, ме запусти, пет илјади алтани м’ изеде...
СЕКУЛА: (За себе.) Плачи се, да не с’ исплачиш довека, изеднику еден!
ПЕЈО: Пет илјади алтани?!! Море, бреееј! Вистина, голем такцират те ватил! Земи муј на
чоека парите, ко живото да си му го зел!
АЏИ ЈАНКУЛА: Така е, синко! Живото ми го изеде! А му верував! Му верував оти саде
него го имам... Син единец... Се крстев во него...
ПЕЈО: Порно да го немаш таков! Јас ти велам: залак да е да го голтниш, ама таков син...
АЏИ ЈАНКУЛА: (Си ја удира главата со тупаници.) М’умре, пријателе, жив м’умре. А
јас штракнат и извеан – пет илјади алтани дадов во рацете н’еден аџамија кому чавката
умо му г’испила!
ПЕЈО: Не бидува, ич не бидува на дете толку пари да му се дат. Младио чоек со пари в
раце побеснува...
АЏИ ЈАНКУЛА: Леле, леле...!
ПЕЈО: С’ изајљазува...
АЏИ ЈАНКУЛА: (Се удира по глава.) Леле, леле...!
ПЕЈО: На младио со пари – шупливи му се орејте. Мојш со инка да му тураш во црпката,
тој па шо си знај. Ѝ арчи, ѝ разврла парите, чунки тој ѝ печалел. Се рекло: кој дал – дал,
кој јал – јал!
АЏИ ЈАНКУЛА: Јас шут: ја поризав мајка му! (Ја имитира карикирано.) „Дај му на
детето пари, трговија да брка, да се вешти...“ Вештерки душата да му е вадат! Оваа гла за
стап плачи кога во неа нема семки, да е мочам!
ПЕЈО: Чорбаџи, како ти беше именцето, да му го операм?
АЏИ ЈАНКУЛА: Аџи Јанкула.
ПЕЈО: Аџијо, треба да се знајт од кого се зема ум. Не од жени и од деца ами од старци со
ум и разум, оти староста без ум и разум е ѕвер... со... (Го гледа Аџи Јанкула и го
опишува.) ... со две очи... со мустаќи... со бечви... со минтан... со појас...
АЏИ ЈАНКУЛА: А јас поризав една жена шо чавките умо ѝ го испиле... (Бесен.) Ама јас
го пратив по трговија во Битола, во Штип, во Скопје... А тој талнал во Солунов ороспии да
брка...
(Пазариштето е скоро испразнето. Фотографот си го зема апаратот и столчето и си
заминува, берберот прска со вода пред берберницата, позаметува со метла. Од
сокачето десно доаѓа Пандора. Носи полна кошница со овошје и зеленчук. Секула ѝ се
доближува и гледа во кошницата. Пандора со гест на раката го брка. Секула ѝ покажува
на лебот в рака и со гестови ѝ бара да му даде нешто од кошницата за да не јаде само
леб. Пандора зема од кошницата главица кромид и му ја фрла в раце.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Си виде пари в џеб па удри на живот и на лудоси, се пушти, шо се вели,
ко ждребе без огламник. Во Солун! (Во тој момент Марија излегува на чардак и вика
„Јоргоо!“, Аџи Јанкула ја гледа така млада, убава, лесно облечена, и покажува на неа.)
Кој не би се расипал на овие убајни!
(Аџи Јанкула гледа во Марија како хипнотизиран, Пејо му се доближува, го
подзатресува.)
ПЕЈО: Че си ѝ нарасиш очите, аџија! Овие грацкиве се пострашни од волци – че т’ изет
сосе пинците...
7
Солунски патрдии
АЏИ ЈАНКУЛА: (Се созема.) Ми кажаа дека на вакви роспии ѝ пропусал парите, бос по
трње да пруса. Па дојдов ако можи нешто да куртулисам, тешко мене.
ПЕЈО: А како му е името, аџија? Да земам и јас да го барам, да му го опрам!
АЏИ ЈАНКУЛА: Цанде му е името. (Пејо зинува од чудење.)
СЕКУЛА: (Протестно го фрла кромидот.) Се нашушукавте ли вие таму?! Јас овде
умирам од глад, а вие: бла-бла-бла! Аџијо, ашиќере че м’умриш! Че ме земиш на душа!
АЏИ ЈАНКУЛА: Трај ти таму, Лапникандило!
СЕКУЛА: Се разјадов кромид ко некоа леунка, бати живото да ти ’бам!
ПЕЈО: (Го трга понастрана Аџи Јанкула, доверливо.) Аџијо, овдека севезден кисни еден
ваш прилепчанец... (Покажува на еден од чардаците.) ... сио во свила, кадифе, срма.
Многу кибар – прав не дава да падни н’ алиштата негој. Сербез чоек. Го викаат ефенди
Цанде. Се зборува татко му бил прилепски чорбаџија, тргојц, на вранги и алтани лежел, се
викал Аџи Јан...
АЏИ ЈАНКУЛА: На колку години е?
ПЕЈО: Тој? Аџи Јан...
АЏИ ЈАНКУЛА: Тој... ефенди Цанде?
ПЕЈО: Ваму си таму си... двајсе... и...
АЏИ ЈАНКУЛА: Тој е!
ПЕЈО: ... два... и три...
АЏИ ЈАНКУЛА: Тој е!
ПЕЈО: ... и четири...
АЏИ ЈАНКУЛА: Тој е! Ефенди Цанде! Мочко! Мрсулко! Арамија! Разбојник!... Секула!
Море Секула, кај лапаш муви? Го најдовме крвопиецот!
ПЕЈО: (Додека Аџи Јанкула му се обраќа на Секула.) Ефенди Цанде! Џембос че ватиш коа
сеа јас че те подберам. Шо попара че ти надробам со татко ти, има да се чудиш и крстиш!
А и Јашар бег тогај че го одврзи кесето...
АЏИ ЈАНКУЛА: (На Пејо.) А кај е тој... ефенди Цанде? Кај живеј?
ПЕЈО: Најарно че биди овде да го почекаш – овде живеј негоата љубовница. Првата
ченгија во Солунов... А дур да дојди тој, ние, аџија, да клајме некој залак в уста, да му го
опрам...
СЕКУЛА: Устата да ти се позлати, брачет! Чоек на место си! Алал да ти е млекото шо си
го цицал. Аџијо, умен и разумен чоек госпо ни прати. Да го послушаме, да влезиме в
гостилница... Глеј како мириса... мискојна!
АЏИ ЈАНКУЛА: Тебе саде во гнетејнето ти е умо, лапнисомун еден, а јас глата не си е
знам кај ми е... Че го нам! Душичката че му е изваам! Че го нам!
СЕКУЛА: Ако ме држиш гладен дур да го најш – мојш од кожава моја тапан да напрајш.
АЏИ ЈАНКУЛА: А како се викаше ти, пријателе, да те прашам?
ПЕЈО: Пејо ме викаат. Пејо Мариојцо... (Секула е чудоневиден.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Пејо?! Мариојцо?! Многу сум слушал за тебе, баце Пејо! Сум те видел
во Прилеп, во ано на Еднаракагазевци...
ПЕЈО: Сум бил и таму, аџијо! Јас сум многу шетан чоек – сум бил и во Битола!
АЏИ ЈАНКУЛА: Баце Пејо, госпо ми те прати! Многу ми требаш...
ПЕЈО: Тува сум, аџијо, да ви се нам ако затреба, лујџе сне, мајката! Сеа че мрднам малце,
имам некои рабоќе, шом че ѝ свршам, ќе дом.
АЏИ ЈАНКУЛА: Немој да не заборајш, баце Пејо, без тебе пет пари ни е ало...
ПЕЈО: Пеки, чорбаџи! (Пејо тргнува кон едниот сокак и се губи. Аџи Јанкула и Секула
излегуваат низ другиот сокак. Пејо ѕирка и кога видува дека овие си отидоа, се враќа кај
шедрванот.) Е, Пејо, Пејо! Ти падна секирата во медо! Аџи Јанкула во Солун! Дошол да
му и види сметките на ефенди Цанде! Курназо Цанде! Ербапо Цанде! Се растури од
салтанаци! Ама че го видам сеа коа че го подбери Аџи Јанкула! Че го видам сеа али че
прај челепури без пари в џеб! Али тогај че продава сила, али че продава палаври.
Ченгичето Фатиме че му ѝ удри клоците, беспарешковци таа нејчи. И тогај? Тогај
8
Солунски патрдии
настапуваме ние! Јас и Јашар бег! (Пее од радост.) „Пилето ми пее рано на сабајле, рано
на сабајле, рано пред зори“... За Јашар бег Фатиме, за мене... (Брои замислено пари со
прсти.) Еве го Јашар бег! Леле! Шо маскара се напрајл?!!
ЈАШАР БЕГ: (Пијан, зборува лош македонски со Пејо, а со Фатиме турски.) Пејооо!
Викна тој бербер Цветан да свириш Фатиме!
ПЕЈО: (Свирнува со уста и Цветан се појавува на врата на берберницата.) Целе...! (Со
знак му кажува да го земе примот. Цветан го зема примот и застанува до Јашар бег и
почнува да свири. Јашар бег пее многу лошо, пее и Пејо, повеќе вреска одошто пее. Од
едниот сокак доаѓа СОТКА ПИСКУЛО. Тој се крие зад еден дирек од анот. На нивното
пеење, тој вие. На чардакот се појавуваат Фатиме и Пандора. На спротивниот крај се
појавуваат Аџи Јанкула и Секула. Веднаш се затскриваат и ѕиркаат.)
ФАТИМЕ: Пејо, бре, каква е ова кучешко вијајне? Зар не сум ти кажал да не дојдиш со тој
маскара? А ти ти, шебек една, го тераш инајт! Ако дајш давија кај кадија, пердуј леташе
од тебе!
ПАНДОРА: Какви пердуви, Фатиме? Види ѝ какви искубани се. Ко овци брливи туку
џгураат пред кујчава!
ПЕЈО: Е, Фатиме, Фатиме, си бегаш од срејчата. Овој Јашар бег е голем богаташ, друзите
чупи трчаат по него ко муви без глај...
ФАТИМЕ: Не сум јас мува без глај, бре! Си имала јас свој срејча. Си имала едена кого
сакаш. Ефенди Цанде мој срејча!
(На тие зборови Аџи Јанкула сака да истрча, но Секула го задржува.)
ЈАШАР БЕГ: (На турски.) Фатиме, џанум, љубов моја, не можам да живеам без тебе. Ни
спијам, ни јадам, ни пијам...
ФАТИМЕ: (На турски.) Остави ме намира, сто пати сум ти рекла. Ајде, сиктер.
АЏИ ЈАНКУЛА: (Со шепот на Пејо.) Пејо, баце, да не е оваа онаа шо ѝ окркала мојте
алтани?
ПЕЈО: Таа целата, аџија.
АЏИ ЈАНКУЛА: А оној шмукло, тој да не е син ми...?
ПЕЈО: Неее! Тој е еден Турчин шо...
ЈАШАР БЕГ: Пејоо! Каде губиш? Каква џуап мене дајш Фатиме?
ПАНДОРА: Каков шо чу! Сиктер! (Фатиме и Пандора се повлекуваат.)
ЈАШАР БЕГ: Зошто таа мене прајш маскара? Јас не маскара, јас не резил! Кажиш Фатиме
дај мене мувлет три дени! Ајде сеа, одам пијам вино. Ексик олсун!
(Јашар бег си оди. Пред Пејо излегува Сотка Пискуло.)
СОТКА: Бравос, Пејо, бравос! Му прајш работа на твојо Јашар бег дотука бидува! Има
зошто да те плајча скапо. Ја саштисавте Фатиме! (Се смее.) Ви ѝ удри клоците Фатимчето,
да не си прајте појче со умо бајрам! Не сака таа цаманам-цаманам (Покажува на примот
во рацете на Цветан, на што Цветан одмавнува со рака и се прибира во берберницата.
Сотка карикирано ја имитира нивната песна.) Таа сака свила, кадифе, срма, злато,
бисери, гердани, килибар. (На сето тоа соодветно реагира Аџи Јанкула, а Сотка вади од
џеб златен гердан и го мавта пред очите на Пејо.) Го глеш ова? Ова ми ти чини триста
алтани, подарок од Цанде за Фатиме. (Пејо брзо ја пушти раката за да го грабне
герданот, но Сотка навреме го прибра. Аџи Јанкула реагира како да го колат.) Хе-хе,
сакаш да го чапниш! Забриши се, баце, ти потекоа лиги!
ПЕЈО: Глем, глем, богати лујџе сте, триста алтани гердан дарувате ко некој цар, без око да
ви трепни. Оооо, кај си Аџи Јанкула да видиш како се врлаат твојте алтани, со крв и пот
печалени?!! Ооо, црни Јанкула, ова да го видиш од некоа страна па дамла да т’ удри!
СОТКА: Аџи Јанкула сеа драпа колчишта во Прилеп! Офкај ти и црекај колку шо сакаш,
вештерот нема да те чуја. Тој вапир има пари ко песо болви, камен и дрво толчи, само да
спечали. А за кого? За Цанде. Па че арчиме и никош нема д’ ѝ изарчиме.
(Секула прсто се бори со разбеснетиот Аџи Јанкула за да го задржи да не јурне на
Сотка.)
9
Солунски патрдии
ПЕЈО: (Божем загрижен.) Тешко на Цандета со вас! Од една страна ти, од друга Фатиме,
молзите, цицате – крвта че му е исшмукате, душата че му е извајте... Оооо, кај си, Аџи
Јанкула, без бериќет челад че те запусти! Че те врли од ат на магаре! Ооо, кај си да е
видиш пропаста своја?
АЏИ ЈАНКУЛА: (Спиштува.) Овде сум, зошто сум кога му... (Секула се бори да му ја
затне устата.) ... верував ко на син и чоек, а тој излезе магаре.
СОТКА: (На Пејо.) А ти од некоа страна да му беше слуга на Цанде, жив че го изејше,
море, че го задавеше и сапун че го свареше...
ПЕЈО: А ти си му верен слуга, го сакаш, гол в бајна влегуваш за него! Го сакаш ко
пијајцата шо го сака чоека. Да цицаш, да цицаш, да цицаш.
СОТКА: Ој сери, тавтабито, прејадена си! Па после со твојо Јашар бег со серенади (Пак го
имитира подбивно нивното пеење.) да е кандисувате Фатиме. Мислите цицалче е, че е
подлажувате со шејчерчина и драпешкојни. Цаманам-цаманам! Драпај си јајцата... Ако
сакате д’ ѝ замачкате очите, дојдете со алтани, море голевци! Дојдете со... А, еве го
Цандета!
(Цанде доаѓа помпезно, следен од неколку чалгаџии кои одат зад него и свират. Кога
доаѓа до берберницата, им дава знак да престанат да свират, вади од џеб метални пари
и им фрла високо над главите, тие ги собираат од земја. Цанде седнува на берберскиот
стол, кој веќе е изваден надвор и берберот веднаш го намирисува со ливанто. Пејо,
ногазанога, оди кај Аџи Јанкула и му шепоти.)
СОТКА: Цанде, се врајчам откај кир Таки златаро, ми го остај герданов (Му го дава.) за
триста алтани...
АЏИ ЈАНКУЛА: Овој е син ми?!
ПЕЈО: Тој...
АЏИ ЈАНКУЛА: (Збеснува.) Сеа че го одерам! Сеа со нокти душата че му...
(Пејо и Секула го задржуваат. Пејо зема кош и го поклопува Аџи Јанкула под кош, а
самиот седнува врз кошот.)
ЦАНДЕ: Шо ти тува, Пејо? Врти, сучи – овде! Се моташ околу кујчава на Фатиме ко
мачка пред рајџајне... Те пратил оној твојо... Сотка како му беше името?
СОТКА: Јашар... бег!
ЦАНДЕ: (Брбнува да се смее.) Оооо, Јашар бег! Голема камбана без маде... Плашило за на
бостан! (На секоја споредба Сотка сервилно и прегласно се смее.) Жаба пцојсана!... Тапан
со јајца, ама... смутки!... Слушај, Пејо, шо че ти речам, еднаш јас велам и не превелувам:
ако те зграпчам, кожинката че ти е одерам и че е обесам на фенерон чавки да е мочаат,
пилци да е серат... Сиктер одовде!
ПЕЈО: Пеки, ефенди Цанде, пеки! Силата ти е во раката. Ама да знајш: ветро шо донесол,
ѓаоло однесол. Анемо мазомена дјавола скорпизмата! Олди-битти. Валбата е краста – кој
се вали, не пали.
ЦАНДЕ: Сиктер!... Ти веднаш трчај пак кај Кир Таки – без оној дијамант да не ми се
врајчаш!
СОТКА: Не го дава под двесте алтани! Сака...
ЦАНДЕ: Сѐ шо сака и колку сака, дај му! Држ!
(Вади од џеб пари и му дава. Аџи Јанкула срипува од под кош, и Секула седнува врз
кошот.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Леле, мојата сиромаштија!!!
ПЕЈО: Имаш даваш...
ЦАНДЕ: (Фалбаџиски.) Имам давам!
ПЕЈО: Ама че доимаш!
ЦАНДЕ: Дури ’и има нека се арчат!
АЏИ ЈАНКУЛА: Леле, душичката че му е...
ПЕЈО: (Го надвикува Аџи Јанкула.) Не си се потил за нив, зошто д’ ѝ жалиш!? Работливи
печалеле – мрзливи јале! Нема шо, госпоцки го тераш живото! Ти прам темане!
10
Солунски патрдии
Ашколсун!... Ама се мислам, ефенди Цанде, како че живејш го Прилеп коа че те собери
Аџи Јанкула? Во Прилеп многу-многу нема! Таму има од ербапи поербапи!
ЦАНДЕ: Е, Пејо, Пејо, бишко мариоска, че си умриш ти со тој ум. Арам пари спечалени
че се арчат ја за салтанат, ја за инајт. Ербаплако е во ова (Вади кесе со пари од џеб и го
покажува.) – ако некој се прај поербап од мене, јас него – кврц (Покажува сечење на
грклан.) Му го пресекувам грклано ко на пиле џиноровче и – го плајчам! Дури се алтаните
од мојо татко аџија, ч’ има сѐ за Цандета!... Фатиме! Фатимеее!
ФАТИМЕ: (Се појавува на чардак.) О, ефенди Цанде! Бујрум, бујрум! Сеа пратише јас
Пандора отвориш капиџик.
(Фатиме се повлекува од чардакот. Веднаш се отвора вратата долу и се појавува
Пандора. За тоа време Цанде со прст им наредува на чалгаџиите, кои клечат крај
берберницата, да свират и пеат. Тие почнуваат: „Бело лице љубам јас, Шеќернааа...“
Фатиме излегува на чардак и слуша. Кога завршува песната, Цанде им фрла пари на
свирачите наземи, тие ги збираат лазејќи.)
ПАНДОРА: Бујрум, повели, ефенди Цанде.
(Цанде влегува, а Пандора по него. Аџи Јанкула, бесен, искористува момент кога Пејо и
Секула, загледани во Фатиме и во Пандора не притискаат многу на кошот, срипува, ги
исфрла од над кошот и јурнува кон вратата каде што влезе Цанде. Во ист миг Марија
излегува на чардак и свикува „Јоргооо... Јоргооо“, Аџи Јанкула погледнува кон неа и
останува заблудан во младата жена. Марија тогаш го истури легенот врз него, без да
гледа долу и се повлекува. Тоа со Марија се прави без да се инсистира на ефекти. Тоа
треба да значи дека се одвива една секојдневна работа која никому од тукашните не му
прави впечаток. Марија која има бебенце го вика мажа си да ѝ помогне околу легенот и
бидејќи него го нема, ја плиснува содржината долу. Овие сцени со Марија треба да се
повторат неколкупати во текот на претставата, според наоѓањето на режисерот.
Може да се искористи по доаѓањето на дојдени кои не знаат што следува по она
„Јоргоо“. Тукашните луѓе, кои знаат каков неранимајко е тој Јорго, не ѝ се лутат на
Марија, а таа за тоа ги наградува со мигновен блесок на своето младо разголено тело.
Од ударот на млазот вода Аџи Јанкула се поревнува назаднешкум и паѓа. Пејо и Секула
му приоѓаат, го креваат, фаќајќи го под мишки од двете страни.)
АЏИ ЈАНКУЛА: (Вика.) Че го ватам! Че го ватам и че му платам!
ПЕЈО: Аџија, стар чоек си, да прстиш, ама че треба да те поучам. Не прај ништо во бес...
Бесна кобила... (Не знае што да рече потаму, па се префрла на друга мисла.) ...
Плашилото чавките и сколовранците ѝ брка, ќутејнето волко го стасува. Сѐ че биди, саде
кроце, кроце.
СЕКУЛА: Лутината е полојна улавштина......
ПЕЈО: Кроце... кроце и – чап! Ќе го ватиме! (Аџи Јанкула се смирува и Пејо пак веднаш го
с’ска.) Ете, сеа виде со свој очи како се пустат твојте алтани со крв и пот печалени... И со
солзи!
АЏИ ЈАНКУЛА: (Крикнува.) Ааааах! Земјо, отвори се и лапни ме! Шо да прам шо да
чинам?!
ПЕЈО: Јас че ти кажам шо да прајш, шо да чиниш, ама – да ме слушаш!
АЏИ ЈАНКУЛА: Сѐ че прам ко шо че речиш!
ПЕЈО: Сеа... му е мајката... (Аџи Јанкула напнато го слуша.) ... да појдеме... в
гостилницата и добро да се накркаме!
СЕКУЛА: (Ја грабнува раката од Пејо и ја бакнува.) Да ти се позлати устата, баце! Да ти
се миросаат коските! Блазе си ѝ на таа мајка шо те родила. Да е благослоено млекото шо
си го цицал!
ПЕЈО: Таму, брајча, и че преспијаме, че чекаме до утре дури ефенди Цанде д’ излези откај
Фатиме. И тогај – чап!... Еве, пајџа ноч, демек че треба да повечераме, кувет че ни треба за
утре...
СЕКУЛА: Да ти се многу години, баце! За едно јадејне работи чоек!
11
Солунски патрдии
АЏИ ЈАНКУЛА: Јас се плашам...
ПЕЈО: Не плаши се, да му го опрам – сеа че ѝ запалат венерите... Гостилницава е држи
чумовчанецо Ангеле Мртвакоска. Кај него има шо ти душа сака: тетоско гравче во тавче...
дроб сарма... мусака... сарми со телешко мелено и со сланинчиња... свинско пржено...
свинско печено... полнети пиперки... кочански ориз со пилешко... лута јавнија... чомлек...
мусака... (По секое јадење Секула офнува, а Аџи Јанкула плукнува протестно.)
АЏИ ЈАНКУЛА: (Лут.) Мусака рече!
ПЕЈО: Ако, аџијо, да му го опрам, од преречување нема зијан.
СЕКУЛА: Стопати да речи „мусака“ јас не велам доста.
ПЕЈО: (Продолжува со љубов.) Расолно месо... лути човтиња и... и... (Прави пауза и крева
прст.) и – ширден! (Секула офнува „Мајчееее!“.) Ширден полнет со јагнешко и телешко
мелено, низ него јагнешки ребренца... ситно-ситно... ситно-ситно... и џигерчиња... И!...
Тиквешко вино! Бе...
СЕКУЛА: (Блее како овца.) Бееее!
ПЕЈО: Бе... ло!... Црр...
СЕКУЛА: Црвено!
ПЕЈО: Црно!
АЏИ ЈАНКУЛА: Јас се плашам голем арч че биди то!
СЕКУЛА: Аџија, саде јадејнето и пијајнето че му остани на чоека, мајката!
АЏИ ЈАНКУЛА: (Замавнува да го удри. Протестно.) Ручавне – шо че вечераме!
Вечеравне – шо че ручаме – крај нема! Ако ви се јади, ојте, шо знајте прајте, јас немам
пари за врлајне! (Аџи Јанкула се оддалечува од нив и седнува на подѕидокот од
шедрванот. Пејо и Секула веднаш доаѓаат кај него и седнуваат околу него.)
ПЕЈО: Аџијо, ние не се делиме од тебе!
АЏИ ЈАНКУЛА: (Погрешно сфаќа дека и тие се откажуваат од вечерата.) Ашколсун,
Пејо! Знаев јас дека ти...
ПЕЈО: (Заповеднички.) Каде ние – таму и ти! (Пејо и Секула го фаќаат под мишки и го
креваат, го носат кај претходното место, така со кренати нозе.) Че касниме по троа, че
се напијаме по троа, колку душа да врткаме...
СЕКУЛА: Аџијо, рани душа да те слуша...
ПЕЈО: ... сега да собериме, утре нѐ чека лут и крвав бој со твојо азган син Цанде!
СЕКУЛА: Де, аџијо, да му ибам семето, шо си се стиснал ко стипца. Умирачка имаме,
ееееј!
ПЕЈО: (Ги прекинува.) Слушајте! (Тие ги креваат главите и ги начулуваат ушите.)
Слушајте... како мириса ширдено откај Ангелета Мртвакоска! Сеа баш подврива...
подврива... (Шмрка со сласт, а Секула почнува гласно да плаче.) ... Се меша и миризбата
од сармата... Расоло е убо сторен па мириса з’ убајна... (Секула офнува: „Мајчеее!“.)
Слушајте, слушајте! Сељамет! А гравчето во тавчето? Знајте ли како мириса гравчето кај
Ангелета?
СЕКУЛА: (Трагично.) Не знајме!
ПЕЈО: (Ги фаќа двајцата под мишки. Секула просто трча, го молкне Пеја, а Аџи Јанкула
кочи, мора да го влечат.) Ајде да дознајте.
АЏИ ЈАНКУЛА: Тешко мене јас такциратлија, голем борч ќе ми напрајте!
ПЕЈО: (Влечејќи го.) Де, бре аџијо, ти и в але не ојш без есап!
(Излегуваат. Штама на сцената. Доаѓа службено лице и ги пали фенерите и се
оддалечува. Оддалеку се слуша лаење на пци и далечен глас: „Бозааа! Боза слаткаааа!
Боза преснааа“. Гласот на бозаџијата се губи, се јавува далечно оџино пеење. Од
десниот сокак доаѓаат две силуети. Доаѓаат до шедрванот и седнуваат на подѕидокот.
Тоа се баба ЕВДОКИЈА и свршеницата на Цанде ПАЦА. Паца е во машки алишта,
„малку“ трудна.)
ЕВДОКИЈА: Е, Пацо, Пацо, ако тргниш по бумбаро, на лајно че те однеси...

12
Солунски патрдии
ПАЦА: Стопати сум ти рекла, мори бабо, да не ме викаш Паца! Шом вејче сум ѝ облекла
овие машки алишта за да не ме познаат дека сум женцко, тогај, бабо, умо в гла... Да не ти
се пушти пак... Па самата ти, мори бабо, ме натера да се преправам во машко... Ако не
треба, кажи!
ЕВДОКИЈА: Како не треба! Како не треба! Ѓаоло ни ора ни копа. Да знаја она кирајџиите
сиве овие дни и нојче шо патувавме и спијавне заедно оти си женцко, мислиш ч’
излезевне накрај со ним? Се собрале кој од кој – сѐ ’рзаци... Една нојч, не сум ти кажала да
не т’ исплашам, беше кога го поминавне Лерин и занојчивне во ано на вдојцата Митра
Мариовката. Глем: нешто многу се џари во мене оној... оној, мори, со носо ко патлиџан...
оној... кирајџијата од Кривогаштани... оној, мори... Танаско че да се викаше... Се џари во
мене и...
ПАЦА: Во тебе, бабо?!
ЕВДОКИЈА: Во мене, мори, шо се исчудуваш толку? На вечерата се налока вино, а то
пустињето не стој ко во бочва... и саде е мери Митра Мариовката. А таа пак, саде се чанчи,
се чепати пред лујџето, колку д’ ѝ запали, д’ ѝ вивни, оган д’ ѝ стори, сака змијата сеир да
си гледа од мажи поштук ватени. Можи сака и нешто појче, и таја е млада, ама кај смеј од
Кара-Ибраим бег, врлил око на нејзе, никого не припушта д’ ѝ се доближи. Кубуро в појас
и варди. Танаско кривогаштанецо не е толку билмез да чепка пиштоли па си се држи
скраја од Митра, го свитка опавчето, шо се вели, и си остана со гледајнето во Митра,
небаре шејчер преку џам лижи. Ти беше заспана, кога тој почна нешто да мрда под
јамболијата и туку вати да ми чкрапа со окото. Чкрапа и диши, вака... тешко, тешко...
ПАЦА: Ти се присторило, мори бабо, темница борината одвај мижуркала па ти се сторило
дека Танаско ти намигнува. Та нели не гледаш надалеку, мори бабо?
ЕВДОКИЈА: (Навредена.) Не глем, не глем, ама за тие работи олкави ми се оџаруваат!
Нааа! Ами ако ти беше во женцки алишта со овие... (Ја фаќа за гради.) ... види ѝ колкави
се, машала, мојше резил да пукни.
ПАЦА: Да не мислиш ти, мори бабо, дека Паца се забрала дури ваму џенемите зарај друзи
мажи?! Јас си го...
ЕВДОКИЈА: Ти! Ти! Те знајме тебе: си се заблудала во тој твој Цанде па ништо не глеш
околу. Го бараш сегде него, а тој ако зборо му беше збор...
ПАЦА: Го барам, бабо, ами дали че го нам? Еве вејче три дена кај акаме низ градов...
ЕВДОКИЈА: Имаме уште три дена мувлет дур да се врајчаат кирајџиите. Дотогај че го
најме, слушај ми зборо.
ПАЦА: Бабо мори, ај да речиме че го најме, ами шо ако не сака да знај за мене чунки
толку време не ми се има јавено – ни писмо, ни абер, ни некој подарок шо го носи редо на
свршеница да ми прати...
ЕВДОКИЈА: Е, мори Пацо...!
ПАЦА: Пак, ти: Паца!
ЕВДОКИЈА: (Божем со шепот.) Е, море синко, затоа грутка на срце ми лежи. Да си беа
живи мајка ти и татко ти, колај че беше работата, вака... (Решително.) Јас, со овие мој
раце што вејче се тресат ко дамлосани, гла од рамена че му скастрам... или че земам
суројца и трас по тиква, ако не сака да знај за тебе! Кај шо плука да не лижи оти че го
заколам!
ПАЦА: Бабо мори, какво колејне те прифатило?! Ами јас него уште си го сакам. Па и ти
го сакаше, колкупати ми велеше: овој твој Цанде момче на место...
ЕВДОКИЈА: На место – сибало мајката!
ПАЦА: Па зар инаку че се заберевме дури ваму! Шо татка че си го баравне?
ЕВДОКИЈА: Че го најме! Че го најме, ако треба земјава че е преораме, камен на камен
нема д’ остајме и че го најме... Де, малце да поткасниме...
ПАЦА: Неоти ми се јади...
ЕВДОКИЈА: Да си поминиме на редо...

13
Солунски патрдии
(Паца вади од торбата леб, сирење, толчена сол, макаат, јадат. Пејо излегува од
гостилницата, задоволен, поднапиен. Пее.)
ПЕЈО: „Ајде шо ти текна, шо побегнаааа...“
(Паца и Евдокија ги начулија ушите.)
ЕВДОКИЈА: (Со шепот.) Нашинец е!... Еееееј, чоек!
ПЕЈО: (Престана да пее, им се приближува.) Кој сте вие, бре лујџе? Од кај че сте? По
зборувајнето...
ЕВДОКИЈА: Ние, синко, сне ти мачни души...
ПЕЈО: Ееее, ВИЕ мачни души, а НИЕ ч’ излетаме од убајни и радоси. Сите сне: еден вати,
друг акни. Сите сне чпарнати од по неко гајле и мака.
ЕВДОКИЈА: Арно велиш и право велиш, синко. Ама ние згора на сѐ голем пат тргаме...
маката нѐ тера... дур од Прилеп... Али си чул за Прилеп?
ПЕЈО: Кој не чул за Прилеп, да му го опрам? Тики, шо мака ве натерала дури ваму во
Солунов? Голем: кирајџии не сте, баздриѓани не сте, аргати не сте... Момоци... не личите
на момоци. Момчево глем: убо, бело, црвено ко тетоско јаболко... Шо ампа ве ватила та...?
ЕВДОКИЈА: Голема ампа, брате сладок! Тики, ако сне со к’смет да го знајш оно шо го
бараме...
ПЕЈО: Еее, да го знам! Ова не е Градишница моја секој секого да знај...
ЕВДОКИЈА: (Весело.) Да пукниш, бре чоек!
ПЕЈО: Оти да пукнам, мори мајче?
ЕВДОКИЈА: Мариојц си! Ами јас сум од Витолиште! Евдокија од Палисламовци, од
Илија Палислама. Ама одамна сум излезена од Марио мое...
ПЕЈО: Па шо сте се закренале дури од Прилеп...?
ЕВДОКИЈА: Кога ме прашаш... (Се двоуми.) Али си чул за некој Цанде, шо овдека живеј
доста време, син му е на... н’ оној Аџија Јанкула, ако си чул, од Прилеп, Мртојчко сокаче
шо седи? Еден чорбаџија...
ПЕЈО: А зошто ме прашувате, да ве прашам?
ПАЦА: (Ѝ се пушти.) Јас сум негоа свршеница!
ПЕЈО: Ај, џенем, бре! Со мене најде шака да тераш?! Од кога, да му го опрам, почнаа
машки со машки да се свршуваат? А?
(Паца се смее придушено, но сепак младешки, весело.)
ЕВДОКИЈА: Женцко е таа, гале, ама поујгун ни е вака во машки алишта шом со деној и
нојчи акаме по патишта и по аној со она кирајџиите... Лујџе секакви, и крстени и
некрстени... А и крстените батакчии, недомајчини – не знајш кој од која страна че ти го
потпикни...
ПЕЈО: Ами ти, тетко?
ЕВДОКИЈА: Шо јас, баце?
ПЕЈО: И ти си требало, ослепаго, д’ облечиш машки алишта – и ти си женцко, да му го
опрам, и за тебе че било поујгун, оти на земјава талкаат секакви лујџе...
ЕВДОКИЈА: (Триумфално, на Паца.) Чу? Слушаш? Слушна шо рече чоеков? (На Пејо.)
Ете пред некоа нојч... во ано на Митра Мариовката... Танаско кирајџијата... оној од
Кривогаштани... со нос... легна нојчта карши мене и туку вати да ми чкрапа со окото...
ПАЦА: Бабооо!
ЕВДОКИЈА: (Се сепнува, па покажува на Паца.) Порно вака! Не им раси очите на
мажите, мажлако д’ им падни... (Се крсти.)
ПЕЈО: Ееееј, ама тешка клетва! Најтешка за мажите! Ти, мори, неко погано бабиште!
ЕВДОКИЈА: (Помирливо.) Така се вели зборо, баце! Која жена сака да ви падни... то шо
треба да... стани? (Се кикоти.)
ПЕЈО: А тој ѝ е свршеник?
ЕВДОКИЈА: Кој? Кому?
ПЕЈО: Тој Танаско од Кривогаштани? На момчево... на чупево?

14
Солунски патрдии
ЕВДОКИЈА: Не Танаско, налет да ватиш, ами Цанде од Аџи Јанкула од Прилеп... Ами од
Митројн... еве помина Божик, помина Водици, Поклади, Велцки пости ватија... ни се нема
јавено па дојдовне ваму... сне чуле дека е овде... да го најме... Глас не пушта од себе, али е
жив али не е... али мисли на свршеницата...
ПЕЈО: (Додека Евдокија зборува, почнува да ја тананика песната: „Моме оди на вода со
две стомни шарени...“ истовремено ѝ приоѓа на Паца одназад со двете раце ја фаќа за
гради. Паца писнува и се скрива зад Евдокија.)
ПАЦА: Бабо мори... Овој вака... ме вати за цицки... вака...
ПЕЈО: Чеките, бре жени, бре кокошки едни, долгокоси – кусоумни! Јас сакам да сум
сигурен дека ти си женцко, да н’излези јанлаш работата па јас д’ испаднам кабајтлија... Го
знам јас Цанде! Цанде е голем чоек овде... ефенди Цанде! Цел Солун метании му прај...
(За себе.) да го супрај!... (На жените.) Утре че ве одведам кај него, а сеа влезете во анов,
преспијте па утре ојме на... лов!
ПАЦА и ЕВДОКИЈА: На лов?!
ПЕЈО: (Ја гледа Паца и пак подава раце да ја фати.)
ПАЦА: (Писнува.) Бабо мори, пак тој за цицкиве...
ПЕЈО: Во лов на твојо свршеник Цанде! Ефенди Цанде! (Запева.) „Маре, мори Маре, а шо
бело периш, а шо црно носиш...“
ЕВДОКИЈА: Да пукниш, голем едепц’з си бил!
ПЕЈО: Ајдете со мене!
(Пејо и Паца тргнуваат, Евдокија оди по нив и се крсти и пцала.)
ЕВДОКИЈА: Сполај ти, господи, имало госпо! Че ти запалам, богоројчичке мајчичке,
свејча дебела ко солунски дирек. Тебе, света Петко, на твојо манастир че му однесам две
шишиња масло, три кадели волна и едно јагне сугаре... Дилми го најдовне Цандета...
(Евдокија и Паца излегуваат. На излегување Пејо ја шлакнува Евдокија по газ, на што
таа се искикотува слатко. Пејо се враќа кај шедрванот.)
ПЕЈО: Се рекло: роди ме, мајко, со срејча, врли ме на буниште. Некој се рајџаат во палати,
во свила и кадифе па на крајо ј’ испрскуваат работата – завршуваат на буниште... А некои
од буниште – во палати! Како кој. Тува и парата многу не помага, ако немаш во црпката,
ако не си ачик чоек Имај ти овде (Покажува на главата.) па ч’ ѝ шенгаш лујџето ко јас
мојте Мариовци – крал мојш д’ им бидиш. Еве, сеа јас и за Аџи Јанкула, и за Секула, и за
баба Евдокија, и за Паца не крал, ами госпо сум!... А за ефенди Цанде че бидам,
разбирајсе, ѓаол, оти ѓаолски че го сплеткам: од едната страна че му го нагочам татко му
Аџи Јанкула, од другата страна свршеницата Паца... Кај че бегаш, Цанде?! (Пеејќи,
излегува од сцената.) „Пилето ми пее рано на сабајле...“

15
Солунски патрдии

ВТОР ЧИН
(Рано утро. Нема жива душа на пазариштето. Оддалеку се слуша утринска камбана.
Излегува ПАНДОРА со голема кошница в раце, со перени чаршави и друга облека. Врзува
јаже и ги спрострува перените работи. Пејо излегува од гостилницата. Ја гледа
Пандора како наведена зема алишта од кошницата, при тоа покажувајќи добар дел од
своите бутини. Пејо се крие зад еден кош и ја посматра. Пандора се прави дека не го
забележува. Откако ќе ги спростре алиштата, Пандора го полни легенот со вода од
шедрванот и го носи дома. Кога доаѓа до кошот зад кој се крие Пејо, ја истура водата
врз Пејо, Пејо срипува, тресејќи ја водата од себе.)
ПАНДОРА: А, бре бездар еден, уште зарана ли ч’ ѝ прајш тие работи?
ПЕЈО: Кој работи, мори Панде, мори џигерче? Шо прам? (Покажува на своите раце.)
Празни! Полни очи, празни раце! Друго е ако јас вака... (Подава раце да ја фати за гради,
таа го шлакнува по рацете.)
ПАНДОРА: Прибери си ѝ пустињево оти ч’ ѝ исушам! Со уста јади, не со раце...
ПЕЈО: (Ги бакнува рацете каде што го плесна Пандора.) Мммм, мискојна!... Панде, да
знајш денеска ч’ имаме убав ден!
ПАНДОРА: (Гледа в небо.) Не ми се верува... По што знајш?
ПЕЈО: По тебе, Панде. Секое утро, уште зарана, коа излегувам на сокак, глем ѓупци,
питачи, магариња, лепешки, лочки, пци, мачки, амали, аргати... а денеска, уште сабајле –
твојте убајни, Панде! Убав ден! Ко капка си, Панде! Да т’изпијам, да т’ изем. Да те
грабнам и да бегам... (Се обидува пак да ја фати за гради, таа пак го удира по рацете.)
Панде, па зар лошото ти го мислам шо ме удираш?!
ПАНДОРА: Ој штипни ѝ твојне Мариовки! Ама во Марио не смејш да ѕирниш –
Мариовците че т’ одерат!... А сеа бегај, не мотај се овде, Фатиме ве нејчи. Ако ме види таа
или Цанде дека зборувам со тебе, че ме расчешнат. Ај, крши гла! (Предизвикувачки.)
Треба да ом кај кир Таки д’ ѝ земам на Фатиме гердан од бисери и златни обетки – Цанде
ѝ дарува... Ај бегај!
ПЕЈО: Чеки малце! Слушај ваму: ако ѝ го сакаш доброто на Фатиме, речи и вака: Јашар
бег сѐ шо има че дај за нејзе, а тој, да знајте, има многу појче од Цандета. И многу е
посалам чоек!
(Доаѓа берберот Цветан, ја отвора берберницата, прска со вода пред берберницата,
мете, па ја изнесува надвор берберската столица. Излегува Секула, главата му е врзана
со шамија, одвај му се гледаат очите и носот. Се отвораат и другите дуќани. И пред
гостилниците веќе заседнуваат гости. Но денеска не е пазарен ден, па ја нема
вчерашната врвулица.)
ПАНДОРА: Ама шо си запнал ти толку за то Турчиште? Да е кабил и низ уши да лока!
ПЕЈО: Панде, прво и прво: за да го спасиме нашио Цанде... Фатиме че го запусти...

16
Солунски патрдии
ПАНДОРА: Ооохооо-хооо! Колку си жалослив за Цандета, леле мајчеее! (Нагло, луто.) А
твојо Турчин нема да го запусти?
ПЕЈО: (Тоа му беше идејата. Патриотски.) Нека го запусти! Тој Турчин, таа Турчинка –
нека си ѝ вадат очите, шутла! Свои, едноверци, шо ти е гајле!
ПАНДОРА: (Расколебана.) А второ и второ?
ПЕЈО: Што „второ и второ“?
ПАНДОРА: Рече „прво и прво“, а второ и второ?
ПЕЈО: Аааа! Второ и второ, Фатиме од Цандета исшмука шо имаше да се шмука, како
чапја, сеа на Цанде му дојде татко му од Прилеп и пари – аш! Му дојде заколо... И трето и
трето: ако Фатиме и Јашар бег... (Со прстите покажува: ако се склечкаат.) јас че добијам
голем бакшиш од Јашар бег – ч’ има да се откупам од мојте Мариовци, а ч’ остани и за
тебе, шута!
ПАНДОРА: (Уште порасколебана, размислува.) Пејо, Фатиме е луда за Цанде. Си го
заљуби, везден е со него, го знај, шо се вели, како диши... а твојо Јашар бег ни го знај ни...
ПЕЈО: Нека го проба, че знај и како диши и како... (Пак со прсти ја довршува мислата.)
ПАНДОРА: Ама како да го проба? Ако дознај Цанде, че си налепи таа, толку е љубомори
шо че е заколи ко пиле... И зошто од готово да си прај вересија. Со Цанде работите добро
и от!
ПЕЈО: Добро и от сеа, да речиме. А коа Аџи Јанкула че го забери со себе во Прилеп? И
Фатиме ч’ ој со него и по него во Прилеп? И ти?
ПАНДОРА: (Крикнува.) Во Прилеп?! Аласандек!
ПЕЈО: Ееее!... (Сугестивно.) Панде, сеа водата удри во нашата воденица... Нагоори е да го
земи мојо Турчин... Е милува вејче од мерата надвор!
ПАНДОРА: (Се предава.) Шом така велиш... јас ч’ ѝ зборувам, ако... ако... ако ме...
(Пандора прави два чекора и подбегнува околу шедрванот, мамејќи го.)
ПЕЈО: (Не сфаќа.) Ако те? Што ако те? Кажувај, Панде, м’ изгоре! Шо ако те?
ПАНДОРА: Ако ме, шуте...! (Избегува, Пејо истрчува по неа.)
(Доаѓа фотографот, си го мести апаратот и столчето, разговара со берберот кој седи
на својата столица. Секула ја одврзува крпата, ја кваси во водата во шадрванот и пак ја
врзува и оди кај берберот.)
СЕКУЛА: Кај нас во Прилеп секој бербер знај да вади заби... Али ти знајш, брат?
БЕРБЕР: Јас не знам да вадам заби, брат – ова не е Прилеп.
СЕКУЛА: Ами чаре?
БЕРБЕР: Ракијата му е мајката.
(Се враќа Пејо задишен и слуша открај.)
СЕКУЛА: Цела нојч во ракија го капам, да му ибам пелената, ЈАС толку ракија не сум
испил! Јок! Не поминува. Ме врти ко со сврдел да дупи. Шо да прам, шо да пустам...!
ПЕЈО: Шо да прјш?
СЕКУЛА: (Со голема надеж.) Шо, баце, кажувај?!
ПЕЈО: Да си напрајш... од дрво нозе!
(Фотографот и берберот брбнуваат во смеа.)
СЕКУЛА: Пејо, болештини ме корнат а ти подбишеги тераш со мене!... М’ изгоре
мајчичката негоа!
ПЕЈО: Поп Ризо го знајш?
СЕКУЛА: Поп Ризо од Прилеп?
ПЕЈО: Поп Ризо од Прилеп.
СЕКУЛА: (Се смее.) Кој не го знај поп Ризо? Еден на веков е поп Ризо! Мантија доземи,
брада до под коленици, курвар од мерата надвор... Еден ден... че да беше на
Велиципости... му е ватија попадијата со клисаро... Беше ми ти е напучил... и каде? Горе
на камбанаријата... Со едната рака ѝ бија кабманите ко за умрен: даан-дуун, даан-дуун... а
со другата е подбрал попадијата; так-тук, так-тук... (Се смее слатко.) Зошто ме
прашуваш? Да не си а пучел и ти попадијата?
17
Солунски патрдии
ПЕЈО: А сеа... те боли забо?
СЕКУЛА: (Моментално се вкочанува. Ја одврзува со страв шамијата, се фаќа за заб.
Вика.) Не ме боли! Жими мајка не ме боли!
ПЕЈО: Јас со поп Ризо ѝ лекувам лујџето.
СЕКУЛА: Ашколсун, Пејо, цар си на веков. За секаква работа ти вајча умо... Коа че му
кажам на аџијата... (Тргнува да излезе.)
(Пандора се враќа дома. Пејо ја гледа и ѝ свирка со уста. Додека е така загледан во
Пандора, одзади му приоѓаат ЧИРЕ и БЛАЖЕ. Чире му ги затвора очите на Пејо. Пејо
го пипка по рацете, по лицето за да погоди кој е.)
ПЕЈО: (Со сигурност.) Секула! (Општо смеење, Пејо се налутува.) Секула, н’ играј си
играчки со мене оти че се наспичиш! Ти го излекував забо и почна да прајш салтанаци!
СЕКУЛА: Не сум јас, баце Пејо! (Чиро му дава знак да не кажува.) А бе, џивџанче, да те
знам јас кој си, нема да ти поможат кај мене ишаретите шо ми ѝ даваш. Знам саде дека сте
од Прилеп, сум ве вишол кај се мотате по аништата и кавињата...
ЧИРЕ: (Пејо се отима.) Клоцај, пиле, колку шо сакаш, дури не ми го погодиш името нема
пуштајне. Шом некого јас че зграпчам во мојве клешти...
ПЕЈО: Блаже!
БЛАЖЕ: (Зачуден.) А бе како...?!
ЧИРЕ: (На Блаже.) Пссс!
ПЕЈО: Чире!
ЧИРЕ: (Го пушта Пеја.) Погоди! Бравос, Пејо! Откај знајше дека сум јас, Пејо?
ПЕЈО: (Важен.) Голема работа! Вие прилепчани или сте Блаже или Рампо или Чире, трето
нема:
ЧИРЕ: Пејо, твојте Мариовци те бараат под дрво под камен. Добиче немаат нивче д’
изораат, млекце дете да напојат, волна гунче д’ исткајат. Кожинката че ти е одерат и тапан
од нејзе че направат ако не си е платиш џезата. Саде душкаат по прилепцките и
битолцките аној, мислат таму се војваш...
ПЕЈО: Бреј, ама м’ исплаши – гајчиве ѝ наполнив! Јас не им кладов жар на мево та да си е
палат сламата и сеното... Тебе да ти речам скокни во водана, че скокниш?
ЧИРЕ: И еба го!... Пејо, то си е ваша работа, ама кажи ми ти мене кај мојме да го најме
еден наш другар, можи го знајш... Цанде, син му на Аџи Јанкула, оној чорбаџијата шо се
раскажува за негоото богацво. Вејче три дена сне во Солунов и го бараме, го нема па го
нема. Сите пазариште, сите аништа, сите меани, сите гостилници, сите дујчани и
пребаравне – ко вземи да пропаднал!
ПЕЈО: (Го гледа со презир.) Некој глај се за на стап а не за на раменици. Не знајте кај да го
барате, баце!
ЧИРЕ: Коа бараш тргојц, се знај кај се вртка: по пазаришта, по дујчани...
ПЕЈО: Го побаравте кај ороспиите?
БЛАЖЕ и ЧИРЕ: (Се чукнуваат по чело.) Кај ороспиите?!!
ПЕЈО: Пандооо! Пандееее!
ПАНДОРА: (Се појавува на чардак, певно.) Кој ееее?
ПЕЈО: (Певно.) Пејооо! Ефенди Цанде го бараат...
ЧИРЕ и БЛАЖЕ: Ефенди Цанде?!!
ПАНДОРА: (Ги видува, радосна, изненадена.) Кого глем долу?!! Леле, Чире и Блаже...!!!
(Со трчање тргнува надолу. По миг се појавува долу.) Глеј го Блажета ама пораснал!!!
Море шебек! Се сејчавам кога не м’ оставаше да поминам ваше маало а да не ме иштипиш
– модриње ме прајше, море расипан!
БЛАЖЕ: И саа че те штипнам, Панде, ко шо сум загладнет...
(Блаже ѝ се кошнува, таа бега околу шедрванот, па зад спрострените чаршави. Почнува
да ја брка и Чире и во таа брканица околу чаршавите Блаже го вчепкува Чирета и
почнува да го стиска. Кога ќе се видат, револтирано се туркаат еден од друг. И пак ја
бркаат Пандора, ја фаќаат а таа писка.)
18
Солунски патрдии
ПАНДОРА: Немојте, немојте, скокот имам, ооо-ооо-ооо, леле, леле, че с’ измочам... Не,
не... Мајчице... ооо-ооо...!
(Се појавува Фатиме на чардак и гледа долу.)
ФАТИМЕ: Беееј, ако ви фатила бес, дојдише горе... Бујрум! Бујрум!
ЧИРЕ: Да проштаваш, сестро, не сне за горе. Го бараме ефенди Цанде.
(Цанде се појавува на чардак со кошула в раце, ја облекува на гола снага.)
ЦАНДЕ: (Надмено.) Кој го бара Цандета?... (Весело.) Ееееј! Сон ли е ова или вистина?!
Чире и Блаже! Брајча! Веднаш трачам долу!
(Цанде и Фатиме се губат од чардакот.)
ЧИРЕ: Не нѐ викна горе, ѕверо еден!
БЛАЖЕ: Вака живот се живеј, Чире, а не како ние: лижиме шејчер преку џам!
ПАНДОРА: Да ви кажувам, нема да верувате: таква љубов ни било ни че биди – ден и
нојч се заедно...
(Доаѓа Цанде, им се фрла во прегратка на Чире и Блаже. По него слегува и Фатиме.)
ЦАНДЕ: Добро ми дојдовте, брајчааа!
ЧИРЕ: Одвај те најдовне, брааат!
ЦАНДЕ: Откај идите?
БЛАЖЕ: Преку Битола, Лерин...
(Додека тоа се случува Пејо ги вади од гостилница Аџи Јанкула и Секула и ги поставува
зад гредите од анот, и самиот тој се тргнува на друга страна и следи што се случува.)
ЦАНДЕ: Па шојма ново таму?
ЧИРЕ: Се живеј... кој лошо, кој бетер... (Покажува на Фатиме.) А глем: ти не си куртулил
од доброто: бела ко снег, слатка ко мед...
ЦАНДЕ: (Поучно.) Чире, али че те налегни добро, али зло, зависи од тебе самиот... Живејл
добро, живејл лошо, д’ умриш мораш, нема мрдајне – зато удри на живот!
ЧИРЕ: Богами арно зборуваш. А уше порно си си го наредил животецо...
БЛАЖЕ: И јас мом така, ако имав татко Аџи Јанкула кој ни јади ни пија саде и саде појче
да натрупа пари за ти овдека лезети да тргаш...
(Аџи Јанкула сака да истрча. Секула со задржува.)
ЦАНДЕ: Богами лезети тргам! Млад сум, (Се прчи.) срејчен сум (Ја прегрнува Фатиме.)
имам пари и за врлајне. Нели така, Фатиме?
ФАТИМЕ: Така е, ефенди Цанде, севда мој голема, мерак моја! (Го бакнува Цандета.)
АЏИ ЈАНКУЛА: (Аџи Јанкула се отргнува од рацете на Секула и јурнува кон Цанде.)
„Млад сум, срејчен сум, имам пари за врлајне...!“ Али си ѝ печалел, спечало твој,
пустимако моја! Али си се потел за нив, песисину крастав?! Ѝ Проплеска со ороспии, со
ченгии, со курви! Со оваа... со оваа... со овааа... (При тоа покажува на Фатиме, на
Пандора, на Чире, на Блаже. Го фаќа Цандета за раменици и го тресе.) Врајчај ми ѝ
парите оти ми се стемнува пред очи! Шо ќутиш? Ќелепур и газарлак купуваш со мој пари!
Ваму мојте алтани оти грклано че ти го извадам!
(Сите се вчудоневидени.)
ЦАНДЕ: (Им се обраќа на присутните.) Кој е овој чоек, лујѓе?! Шо сака од мене? Шо се
наврли вака на мене?
АЏИ ЈАНКУЛА: Кој сум? Слушаш, Секула?... Шо сакам од тебе? Алтаните си ѝ сакам!
(Го тресе.)
ЦАНДЕ: Јас не го познавам, кој е овој, лујџе?
АЏИ ЈАНКУЛА: Оооо! Не ме познава... ефенди Цанде! Слушаш, Секула? (Секула го нема
на местото каде што го оставил. Во меѓувреме пак го заболе забот па отиде кај
шадрванот, ја кваси крпата.) Кај си, Секула?!
СЕКУЛА: Еве сум, аџија, зошто сум... Кажи шојма?
АЏИ ЈАНКУЛА: Овој ајван не ме познава! Немал абер кој сум. Не чул за мојте алтани!
(На Цанде.) Врачај ми ѝ алтаните оти фиран че те напрам, арамијо еден!

19
Солунски патрдии
ЦАНДЕ: (На Фатиме.) Кој е овој чоек, Фатиме? (На Чиро и Блаже.) Кој е овој чоек,
лујџе? (На Секула.) Кој е овој чоек? Првпат во животот го глем...! (Сите прашани, дури и
Секула, збираат раменици.) Лујџе, спасете ме од оваа улера. Јас не го познавам овој
натрапник.
АЏИ ЈАНКУЛА: (На Фатиме.) Не ме познавал! (На Чире и Блаже.) Не ме познавал! (На
Секула.) Не ме познавал! (Сите пак ги збираат рамениците.) Парите, бре пес! Или че те
заколам ко јагне, ко пиле, копиле едно! (Аџи Јанкула вади од џеб ноже со дршка од рог.
Пандора и Фатиме спискуваат. Аџи Јанкула мавта со ножето над главата на Цандета
и вика.) Помош! Помоош! Лујџе, ме закла овој песисин! Секула, помагај!
(Дотрчува стража: двајца заптии и командир.)
КОМАНДИР: Шо станала овде, бре џаур, бре ќерата?! (На Аџи Јанкула.) Шо ти вадише
нож, чунки колиш ајванот?!
АЏИ ЈАНКУЛА: Аман, ефенди! Овој (Покажува на Цанде кого уште го држи за гуша.)
сака да ме заколи! Ме закла!
(Фатиме доаѓа кај командирот и липајќи нешто му кажува на турски, покажувајќи на
Аџи Јанкула. Командирот ја теши, галејќи ја по косата, Фатиме му ја легнува главата
на рамо. Фатиме вади откај градите пари и му тутнува на командирот. Командирот
застанува мирно, салутира и им вреснува на турски на заптиите.)
КОМАНДИР: (Покажува на Цанде.) Водете го в апс овој ашлак!
(Заптиите го зграпчуваат од двете страни под мишки Цандета и го водат. Цанде прета
со нозете и вика.)
ЦАНДЕ: Фатиме, не мене! Фатиме, љубов моја, зошто мене? Зар ти мене...?!
ФАТИМЕ: (На турски.) Не него, чауш ефенди. Еве овој! Тој сакаше да го заколи овој!
КОМАНДИР: (Бесен, на турски на заптиите.) Не него, бре пезевенк! Водете го в затвор
овој стар прч. Не гледате ли дека има анџар в раце!
(Заптиите го фаќаат Аџи Јанкула и го влечат.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Не мене! Зошто мене? Тој ми ѝ кради парите, вие МЕНЕ ме апсите! Ооо,
јас сиромав, ем без пари, ем в апцана! Секула! Секула!
(Заптиите, командирот и Аџи Јанкула излегуваат по десниот сокак. Фатиме и Пандора
си влегуваат дома. Чире, Блаже и Цанде седнуваат крај една масичка од гостилницата.)
ЧИРЕ: Играчки – плачки!
БЛАЖЕ: Арното нејди веднаш, та за лошото дури со око да трепниш!
ЧИРЕ: (На Цандета.) Да бараме чаре, дојме кај командиро пред да го скршат од маање
старио... Не е чоештилак да го остајме. Ајде, Цанде, смисли нешто, некој маривет за да го
куртулиме старио...
ЦАНДЕ: (Како да се освестува.) Велиш да нам маривет да го спасам? Ама јас како да се
спасам од него, како д’ ѝ нам алтаните шо ѝ запустив? (Крикнува.) Оооо, пара курва!
(На чардак веднаш се појавува Фатиме.)
ФАТИМЕ: Кој мене викаше?
ЦАНДЕ: Јас тебе викала, љубов моја! Имам една работа, да е свршам и веднаш се
врајчам...
ФАТИМЕ: Јас тебе чекала до нојч, да знајише!
ЦАНДЕ: Ја дојдела... Дојме, брајча!
(Цанде, Чире и Блаже излегуваат по десниот сокак, Фатиме се повлекува од чардакот,
Пејо излегува откај што скришно посматраше и тој излегува по десниот сокак. Секула,
кој се беше скрил да не го одведат заптиите и него, излегува од своето засолниште, оди
кај шедрванот, ја одврзува шамијата, ја наквасува и пак ја врзува. Офка.)
СЕКУЛА: Црно ми се пишува... (Се погледнува во водата како во огледало, и веднаш
почнува да се тепа по глава.) Е, црпко, да те мочам! Ќутук за борина цепејне а не гла!
Барав, пребарував каде да се главам и погодив ко бумбар на лајно – кај Аџи Јанкула! (Пак
ја тепа главата.) Али не го знајше, шо катара е, црпко празна?! Арно ми велеше кутрата
ми мајка... Сеа тој в апц... за таму тој и е... јас сам! Јадејнето, пијајнето и спијајнето
20
Солунски патрдии
останаа неплатени, сеа мене че ме чапнат за гуша и ете сум и јас в апц... Ми велеше
кутрата ми мајка... О, црпко... И згора на сѐ и забов! Ооо!... Сеа да е тува Пејо... Поп
Ризо... попаѓата... камбанаријата... (Сака да го залаже забот но забот го боли, па
офнува.) Оооо! Кај се џембоса Пејо? За сѐ го бидува – и ум да ти дај, и заб да ти
излекува... Поп Ризо... али го познаваш, Секула... Кој не го познава поп Ризо...
(Така зборувајќи влегува во берберницата. Кај фотографот доаѓаат старица и момче.
Со гестови се разбираат дека старицата сака да се фотографира. Фотографот ја
седнува на столчето, ја мести и доаѓа кај апаратот, кога се свртува кон старицата,
таа се крсти и се изместила.)
ФОТОГРАФОТ: (На момчето.) Шо не е однесиш в црква да с’ изнакрсти...
МОМЧЕ: Од црква идиме... Престани со тоа твое крстејне. Свејчи запали, блудец испеа,
шо појче?
СТАРИЦА: Зошто да престанам? Не сум Турчинка да не се крстам?
МОМЧЕ: Ѝ расипуваш кадрата!
СТАРИЦА: (Се крсти.) Со крстејнево мое ѝ расипувам! Пфу, ништоверци!
(Станува протестно од столчето и си оди, момчето по неа. Секула излегува откај
берберот. Оди кај шедрванот и пак ја кваси крпата и ја врзува. Офка.)
СЕКУЛА: Шо да прам, мајче моја?
(Доаѓа Пејо.)
ПЕЈО: Шо да прајш? Јас че ти кажам...
СЕКУЛА: Ооо, Пејо!!! Аман, баце, кажувај, сѐ че прам...
ПЕЈО: Појди онаму, кај онаа врата, тропни и прашај дали е тува Сотка Пискуло. Ако е
тува речи му: „Трчи колку шо мојш немојш побргу, на твојо Цанде му дојде татко му Аџи
Јанкула и му донесе стока за три илјади алтани: велешко масло, кочански ориз, тетовски
грав, мариовско бијано сирејне, прилепски тутун... Ама немој да те јаде јанѕа да му кажиш
дека јас те прајчам. Ај ој сеа.
(Во тој момент доаѓа Сотка Пискуло од еден од сокаците, па Пејо и Секула се скриваат
и ѕиркаат.)
СОТКА: Пандее! Пандеее мори! (Зема од земја камче и фрла на чардак. Пандора се
појави на чардак.)
ПАНДОРА: (Певно.) Кој еее? Кој викааа?
СОТКА: (Певно.) Јас суууум! Панде, пиленце шарено, гулапче галено, пи-пи-пи (Обично.)
Панде, кај ти е Фатиме? (Со шепот.) Да не ме чуја...
ПАНДОРА: Таму негде, заблудана во даројте од Цанде па ништо друго ни гледа ни
слуша... Зборуј слободно... Не! (Со шепот.) Дојди горе!
(Сотка оди горе. Пејо врти со глава и крца со забите од лутина.)
ПЕЈО: Аааа, скоте, Пандето сакаш да го чапниш! Че те штракнам јас тебе, има да се
чудиш! Саде уше малце почеки... Секула, ој сеа!
(Секула оди кај вратата и вика.)
СЕКУЛА: Ееееј! Оооој! Лујџе, има ли некој жив?
(Пандора се појавува, потпевнува.)
ПАНДОРА: Кој ееее?... (Налутено.) Шо сакаш ти, плашило?
СЕКУЛА: (Од врзаната крпа околу глава зборува нејасно.) Го барам Сотка...
ПАНДОРА: Кого? Устата ти зборува, носо ти слуша... шо туку мрмориш ко да си голтнал
жежок компир?
СЕКУЛА: (Викнува појако.) Го барам Сотка Пискуло...
СОТКА: (Се појавува на чардак.) Кој е тој шо го бара Сотка Пискуло?
СЕКУЛА: Секула од Прилеп, слугата на Аџи Јанкула...
СОТКА: (Го загледува.) Ооо, Секула, пијаничиште, ти ли си? Не те познав од то чалмата.
Шо ампа те довлечкала овде?
СЕКУЛА: (Погледнува во скриениот Пејо. Пејо му диктира со шепот што да вели.)
Дојдовне со...
21
Солунски патрдии
ПЕЈО: (Со шепот.) Со Аџи Јанкула, заебан!
СЕКУЛА: ... со Аџи Јанкула, заебан! Донесовне... сто... ока тетовски... ориз... сто ока
кочански грав, сто ока прилепско масло... сто ока велешки кромид, сто ока бучинско
бијано сирење... Сенасе: стока за... сто илјади алтани...
ПЕЈО: Прекардаши, кој че ти верува!
СЕКУЛА: Ко се лажи, нека се лажи.
СОТКА: (Радосен.) Секула, добар глас ни донесе, качи се горе да се почестиме, да се
напијаме нешто...
СЕКУЛА: Да ти се позлати устата, Соте!
СОТКА: Врли ја то чалмата, да ѝ се моча, ч’ ѝ изплашиш чупите!
СЕКУЛА: (Зачудено се фаќа за крпата.) Не ме боли! Ашколсун, Пејо!... Соте! Соте! (Ја
фрла шамијата.) Летам!
(Секула се качува по скали и се губат тој и Сотка. Пејо излегува на сцена.)
ПЕЈО: Добар глас, а? На чурук штица газите ти и твојо ефенди Цанде! Умо ви лета по
чавките. Че ве цвикни Пејо дури че ве вудвоса. Сеа да пом кај заптиите и да го извам Аџи
Јанкула од апцана. Знам шо ч’ им речам. А после че го одведам в гостилница д’ ѝ чека
Сотка и Секула. Сотка че го одведи Аџи Јанкула кај Цандета дома – лели татко му му носи
голема стока... А штом Аџи Јанкула еднаш че му влези дома, ’рскоти-плуското че напрај...
Алтаните че си ѝ бара, а алтаните – аш! Чешити че биди! (Доаѓа Кир Таки.) Ооо, кир Таки,
калимера! Да ти се многу години!... Кај си се забрзал толку?
КИР ТАКИ: Калимера, Пејо, ја брзалам кај анума Фатиме, рецела мене Пандора, Фатиме
сакас зердан од бисерови. Убава зердан...
ПЕЈО: Ој, ој, кир Таки! Ефенди Цанде имас полни пари, му донесе татко му од Прилеп...
Кир Таки продајс, анума Фатиме купис, ефенди Цанде платис! Поли кала!
КИР ТАКИ: Ооо, јас поли срецен! Кир Таки продајс, анума Фатиме купис, ефенди Цанде
платис! Ти убав рецела то. Ја срецен!
(Пејо излегува, Кир Таки тропа на вратата. Се појавува Пандора на чардак.)
ПАНДОРА: Кој ееее?
КИР ТАКИ: Кир Таки! Ја донесела зердан од бисерови за анума Фатиме...
(Фатиме се појавува на чардак.)
ФАТИМЕ: Оооо, калимера, Кир Таки! Навреме дојдише. Дајш таа гердан на Пандора.
Фала тебе, Кир Таки, еф харисто поли...
КИР ТАКИ: Анума Фатиме, простис ти... а кој мене платис?
ФАТИМЕ: (Го искарува.) Кир Тааааки! (Обично.) Ефенди Цанде платише тебе... А колку
ватише таја гердан?
КИР ТАКИ: (Смета на прсти.) Имас тријсе бисерови, сека бисер пенде... пет алтанови...
пенде... дека... трианде... сто... сто... Двесто алтанови, анума Фатиме!
ФАТИМЕ: (И таа смета.) Он беш... бир беш... Колку?
КИР ТАКИ: (Се исправа.) Сто пејсе, сто пејсе, ја правис мала гресис, простис.
ФАТИМЕ: Добро, дајш гердан моја Пандора!
(Фатиме се губи од чардак, Пандора слегува долу, подава рака за герданот, Кир Таки не
го дава.)
ПАНДОРА: Ајде давај го гердано, шо си се задумал ко магаре на мочајне!
КИР ТАКИ: Магаре... мо... чајне?! Ја не знаис сто то?... А кој мене платис алтанови?
ПАНДОРА: Не знајс, а? Првпат ти е ова? (Вика.) А кој ти плајчаше досеа, бре Еврејн?!
Саде то знајш: платис, платис, платис! Дај го гердано, а ефенди Цанде че ти ѝ дај
алтаните. Вејче ти има дајно цело богацво за гердани, бисери, обетки, белезици и друзи
работи, па че ти дај и сеа!
КИР ТАКИ: Оооо, кала, кала, ефенди Цанде биди домацин цовек, ама јас видис едно старо
цовек, викас и трцис по ефенди Цанде и барас: „Алтанови мои дајс, разбојник, апас!“ И јас
не дајс мои зердан. Охи! Има алтанови – има бисерови!

22
Солунски патрдии
ПАНДОРА: Тој стар цовек зато го одведоа в апцана оти го нападна ефенди Цанде ни
виден ни чујан. За ништо! Ама да ти кажам: татко му на ефенди Цанде дојде од Прилеп и
му донесе едночудо стока, за триесет илјади алтани. Негојо слуга, кој ни го кажа ова, е
горе кај нас. (Вика.) Секулааа!
СЕКУЛА: (Секула се појавува на чардак, веќе е пијан.) Шо е викајнево?
ПАНДОРА: Еве го слугата на татко му на ефенди Цанде, Аџи Јанкула...
КИР ТАКИ: Аџи Ајкула?!
ПАНДОРА: Јанкула! Татко му на ефенди Цанде... (На Секула.) Колку стока донесовте?
СЕКУЛА: Стока?!... Ааа, донесовне за... за сто и двајсе илјади алтани... прилепско мас...
ПАНДОРА: (Го прекинува со рака и му дава знак да се повлече. Секула тоа го прави.)
Колку шо имаше, сеа ефенди Цанде ч’ има појче и сите пари ч’ ѝ дај за Фатиме. Давај го
гердано!
КИР ТАКИ: Ефенди Цанде, добис усте алтанови?!! Ооо, мозе ние правис големи
работови. Јас имас многу стокови, поли стокови, показис анума Фатиме. Пустис ти ја горе
каде анума Фатиме. Пустис, сто цекас?
ПАНДОРА: Ајде влегувај, налет да ватиш!
КИР ТАКИ: Добро рецил Пејо: кир Таки продајс, анума Фатиме купис, ефенди Цанде
платис!
ПАНДОРА: Ајде влегувај, не туку драпај колчишта!
КИР ТАКИ: Дра... пај? Молис?
ПАНДОРА: Нема што да молис, влегувај!
(Кир Таки и Пандора се искачуваат по скалите и се губат. Непосредно по тоа, по
скалите слегуваат Сотка и Секула. Секула е мртов пијан па го држи под рака Сотка.
Секула се порева, паѓа, станува.)
СОТКА: Сеа е најважно, Секулче, да го најме Аџи Јанкула...
СЕКУЛА: (Се фаќа за вилица.) Мајката, Сотче, ми помина забов или така ми се чини?
СОТКА: Сеа е најважно да го најме Аџи Јанкула...
СЕКУЛА: Со тебе, Сотче, сио век е мој, и во пеколо ч’ ом со тебе... Чом, жими мајка! Убо
винце имало Фатимчето твое... Јас во вино се разбирам... Татко ми Стојан и мајка ми
Софија сакаа завалити да ме одучат од пијајне – пес од касапница се одучува та и јас да с’
одучам од пијајнето? (Запева.) „Васе, Васе, ајде да се земиме, ако пари немаме...“
СОТКА: (Му ја затвора устата со рака.) Кај рече дека че го најме Аџи Јанкула?
СЕКУЛА: Аџи Јанкула? Не сакам да чујам за него! Катил! М’ изеде! Не сакам да чујам за
тој душман! Ми велеа мене татко ми Софија и мајка ми Стојан...
(Сотка го одвлекува по левиот сокак. Од десниот сокак доаѓа Цанде и таман да влезе кај
Фатиме, од врата излегува Кир Таки.)
КИР ТАКИ: Ооо, ефенди Цанде, калимера, бас добро сто стретис ти! Его ерхоме...
ЦАНДЕ: (За себе.) Уше ти ми беше кусо, крвопиец!... Шојма, Кир Таки, како си Кир
Таки?
КИР ТАКИ: Анума Фатиме земис од ја тријсе бисерови, пет алтанови еден бисер, па сега
треба платис... (Смета.) трианда... пенде... трианда пенде... треба платис двесто
алтанови...
ЦАНДЕ: Колку, колку?
КИР ТАКИ: Охи, охи... ја гресис, треба платис сто и пејсе алтанови...
ЦАНДЕ: Сто и пејсе алтанови?!... Добро, Кир Таки, дојди после, че ти ѝ донесам парите...
КИР ТАКИ: Јас требас алтанови, платис сега...
ЦАНДЕ: (Го турка, зашто овој го фаќа за рака.) Реков дојди после и не превелувам!
КИР ТАКИ: Како сакас... ја вратис, сигур вратис после.
(Кир Таки божем си оди, а се крие и чека.)
ЦАНДЕ: Море терсене чоек! Еврејн! Че ти се залепи ко крлеж, ој одлепи се ако мојш! Да е
кабил во капка вода да м’ удај! Ламја за пари!... Фатимеее! Фатимеее! Како ч’ ѝ излезам
пред очи онака осрамотен од татко ми? И тој ако е некој татко – појче ѝ сака алтаните од
23
Солунски патрдии
сина си! По толку невидување место да ме праша али сум здрав, али сум жив, ами веднаш:
кај се алтаните?!... Фатимеее! Се плашам дека че ми ѝ удри клоците кога че види дека
станав голтар без скршена пара. Фати... (Фатиме се појавува на чардак.) Цвејче мое
шарено!
ФАТИМЕ: Шебој моја!
ЦАНДЕ: Перунико моја!
ФАТИМЕ: Босилек моја! (Слегува по скалите.)
ЦАНДЕ: Качунко моја!
ФАТИМЕ: (Веќе е до него, го прегрнува. Прегрнувајќи се, се занесуваат, Фатиме се
начекува на една столица, Цанде ѝ седнува в скут, таа го гали.) Цанде, јас сѐ чујаше и
разбираше...
ЦАНДЕ: (За себе.) Ми с’ еба мамето!... Шо си чула? Шо си разбрала?
ФАТИМЕ: (Нежно, го гали.) Дека дошло татко ти... Ти нејчише јас знаише, мерак моја...
(Го гали.)
ЦАНДЕ: Пушти ме, Фатиме... (За себе.) Се посра работата!... Ама како нејчише ти знаише,
злато мое?! Пушти ме, Фатиме... А кој ти кажа? (За себе.) Мамичето че му го расплачам!
ФАТИМЕ: Слугата негова Секула бидеше овде... речише дојдише татко ти и донесише
многу стока... Стока и таја слуга одише земише татко ти дома.
ЦАНДЕ: (Лут.) Требаше прво мене да ме праша копиле крастоо!!!
ФАТИМЕ: Не бидиш крив тој! Тој таа правише за твоја добро...
ЦАНДЕ: За мое лошо! Ме запустил! (За себе.) Морам најбргу шо мом да го нам! Ако ми
го довлечка дома... Фатиме, душо моја, имам една брза работа. Веднаш че се вратам. Чом
и че дом!
ФАТИМЕ: Јас тебе чекала!
ЦАНДЕ: Јас дојдела! (Фатиме се качува по скали и се губи. Цанде смислува што да
прави.) Ах, Сотка, Сотка, че ти го свиткам вратчето ко на пиле! Татко ми, тој душман,
дома да ми го довлечкаш! Аааа! Некој ми има убаа попара надробено!
(Таман да тргне, доаѓа Сотка.)
СОТКА: (Радосен.) Цанде! Цандеее! Погоди кој дојде? Погодииии! (Певно.) Татко ти
дојдеее...!
ЦАНДЕ: (Одат еден кон друг во пресрет, певно.) Ама шо зборуваааш?
СОТКА: Жими мајка!... Сеа си срејчен?
ЦАНДЕ: Пресрејчен! Најсречен! Посрејчен не мојт да биди!... (Бесно.) Ѕрцките че ти ѝ
изваам! Ушите че ти ѝ искорнам, дибек еден!
СОТКА: Шо, бе?! Зошто? Шо напрајв? Да не сум е олцнал работата?
ЦАНДЕ: Не си е олцнал, ами си е посрал! Ме запусти, м’ отепа, ме сакати! Порно нож в
мев да ми брцнеше, мамата миба! Тој мој татко нетатко дошол во Солунов есапо да ми го
напрај н’ ошто парите сум ѝ потрошил. Ти не знајш – пред Фатиме и пред цел свет на
мене се наврли со нож в рака, си ѝ бараше алтаните или че ме заколи...
СОТКА: А ти?
ЦАНДЕ: А јас шо можев друго – се напрајв дека не го познавам...
СОТКА: А тој?
ЦАНДЕ: Побесна. Јурна на мене со нож да ме заколи. Срејча шо дотрчаа од неко страна
заптиите и го одвлечкаа в апц... (Вика.) Аир да не видат ако не го обесат!
СОТКА: Да знајш некој ни е крој капата, далавера ни токми. Никој друг ами Пејо! Саде
тој!
ЦАНДЕ: Не знам ни кој ни шо, ама ми с’ иди да земам нож и да си го брцнам право в
срце! Готов сум!
СОТКА: Цанде! Којшо се ватил на танец, треба да го игра!
ЦАНДЕ: Шо ти значи то?
СОТКА: Ми значи... има лек!
ЦАНДЕ: Кажувај!
24
Солунски патрдии
СОТКА: Ама че прајш шо че ти речам јас?
ЦАНДЕ: Сѐ че прам, кажувај!
СОТКА: Че појш кај Фатиме и ч’ ѝ кажиш сѐ ко шо е...
ЦАНДЕ: Порно речи ми да земам јаже и да се обесам, тотлак еден! Да си врзам камен
околу врат и – шлуп в море, риби да ме јадат!
СОТКА: Чеки, мајчина му, остај ме да доречам. Појди кај Фатиме и речи ѝ: Фатиме, ти
мене ме знајш и знајш дека и душата си е давам за тебе. Сеа ти треба да ми поможиш. Дај
ми три илјади алтани...
ЦАНДЕ: Добро. Да речиме Фатиме че ми дај три илјади алтани, после шо?
СОТКА: После е лесно. Кога татко ти че земи да ти го прај есапо, покажи му ѝ трите
илјади...
ЦАНДЕ: Кои три илјади?
СОТКА: Шо че ти ѝ дај Фатиме. А за друзите, речи му дека се дајни капара за стока.
ЦАНДЕ: А коа че побара да е види стоката?
СОТКА: Че го наговориме Кир Таки негоо стока да му прикажиме ко наша. Зато биди
добар со Кир Таки! Лета магарето – лета... Сеа прибери се малце па д’ ојме кај Фатиме. Чи
дајш некој алтан за да е подлажиме. Д’ ѝ зини малце сливата... Разведри се малку сестрата
да му ибам – не сне на бесилка. Имаш ли алтани?
ЦАНДЕ: Ч’ има д’ има едно стопечејсе. И то е сѐ шо имаме... После?
СОТКА: За после че му мислиме после. Д’ ојме сеа.
(Кир Таки, скриен, ги посматра и кога тие тргнуваат кон вратата на Фатиме, тој
излегува пред нив.)
КИР ТАКИ: Ја дојдела, ефенди Цанде, после како ти реце...
ЦАНДЕ: Дојдела! А зошто дојдела, ѓаол да те земелеа!
КИР ТАКИ: Ти рецела: јас дојдела после добиес ја сто и пејесе алтанови...
ЦАНДЕ: Немам! Немам! Готоо е со алтаните и со бисерите. Готоо! Би свадба – помина!
КИР ТАКИ: Свадба?! Ти зенис? Имас Кир Таки стокови за свадба...
ЦАНДЕ: Беги дури не сум ти го напрајл грбо ко мево! Треби се! Иш!
КИР ТАКИ: Сто „ис“? Ја не кокоска! Ја барас мои алтанови! Нисто повеце.
ЦАНДЕ: Ојси дома и врати се после!
КИР ТАКИ: Сега е после! Платис! Платис!
СОТКА: (Му шепнува.) Плати му дури не е расипал работата...
ЦАНДЕ: Која работа?! Каква работа?!
СОТКА: Планот наш! Ако сеа од ова викотница Фатиме дознај сѐ, че ни треба уше попо и
колата и сосјати ми упокој! За една болва не гори е чергата. Не лути го овој прч оти негоа
стока треба да му прикажиме на татко ти ко наша.
(Цанде ги вади парите.)
ЦАНДЕ: Саде овие ѝ имам! Ч’ останиме без скршен мангар! М’одра овој јауди, мамето ми
го расплака!... Држ!
КИР ТАКИ: (Стрвно ги грабна парите.) Еф харисто! Сполај многу!... Ефенди Цанде за
твој свадба јас имас стокови...
(Си оди весел.)
ЦАНДЕ: Тешко мене! Сета моја надеж беа тие пари! Како сеа ч’ ѝ излезам на Фатиме пред
очи?
СОТКА: Ч’ ојме па шо сака нека биди.
ЦАНДЕ: На голо!
СОТКА: На срејча! Со срце од арслан, со образ од... курва.
(Фатиме се појавува на чардак.)
ФАТИМЕ: Кој мене викаше?
(Цанде веднаш се скри под чардакот, со шепот на Сотка.)
ЦАНДЕ: Јави ѝ се ти, мене ми се врза јазико, ми се здрви...

25
Солунски патрдии
(Сотка го влече Цандета за да излезе пред Фатиме, Цанде грчевито се држи за дирек.
Сотка излегува пред Фатиме.)
СОТКА: Ние сне, Фатиме. Откоа татко му на Цанде дојде со стока и со пари, Цанде саде
мисли и крои како тебе шо поубо да ти го ујдиса живото. Да ти го напрај чефо. Еве
денеска ме прати кај баздриџано Димитракос да му порачам да ти донеси еден топ кадифе,
два топа свила...
ЦАНДЕ: (Му вика со шепот.) Доста!
СОТКА: ... три топа басма и четири топа бело платно...
ЦАНДЕ: Доста, море шутрак!
СОТКА: Ме прати и кај кожуваро Етем-бег да ти прати неколку штавени кожи од мечка,
од лисица, од рис, од видра...
ЦАНДЕ: Че ме запустиш!
ФАТИМЕ: Ооо, златна мој Цанде!
ЦАНДЕ: Ме запусти, море клинкур!
СОТКА: Даваме зборој, не даваме душа! Шо се бојш? Полошо од ова не можи да биди...
Фатиме, да го видиш од некоо страна татко му на Цандета – душа чоек!
ЦАНДЕ: Ѕвер!
СОТКА: Чоек – широка рака!
ЦАНДЕ: Од скржавштина и лајното си го погледнува.
СОТКА: Чоек – ептен саглам!
ЦАНДЕ: Доста го валиш тој вештер!
СОТКА: Шом разбра дека син му Цанде тебе те... тебе те...
ЦАНДЕ: Те сака, волу!
СОТКА: ... те сака, волу, ми вели: мило ми е шо син ми Цанде ојт кај таква убаа и
прокопсана мома. Ама да знајш, Фатиме, татко му му го бара есапо на Цанде и зато Цанде
има... има...
ЦАНДЕ: (За себе.) Маслинка во газо!
СОТКА: ... има потреба од тебе...
ФАТИМЕ: Јас му даише сѐ на Цанде. И живот а не ништо друго...
СОТКА: Знајв јас, Фатиме, за твоето добро срце, ко тебе нема друга на дуњава. Цанде за
твое добро прај сѐ, ти за негоо добро прајш сѐ и даваш сѐ – кој го има то на свето?
ЦАНДЕ: Убо го рече то!
СОТКА: А јас за вас двајцата че напрам се, ако треба и појче...
ЦАНДЕ: Че напрајш маде, не те знам јас тебе, мисир еден!
ФАТИМЕ: И јас правише сѐ, даваше живот за Ца...
СОТКА: Не треба живот, чувај си го, че ни треба некој алтан колку да му покажиме на
старио, да му ѝ залажиме очите... Знајш и самата ти, Фатиме – врли рипче да ватиш
крапче. Разбираш?
ФАТИМЕ: Разбираш, разбираш. Дојдиш горе!
(Фатиме се повлекува од чардакот. Сотка го брише челото од пот, божем многу се
измачил.)
ЦАНДЕ: Сеа шо че прајме?
СОТКА: Че појш горе и ч’ ѝ земиш трите илјади алтани...
(Пандора ја отвора вратата и пее.)
ПАНДОРА: Повелетееее! Бујрууум!
(Сотка го турка Цандета пред себе. Цанде влегува прв, Сотка по него, пофаќајќи ја
Пандора. Пандора ја затвора вратата.)
(Доаѓаат Пејо и Јашар бег. Јашар бег в рака држи букет цвеќиња. Пијан, решителен.)
ЈАШАР БЕГ: Пејо, водиш мене право во куќата на Фатиме!
ПЕЈО: Бу д’р бу, иште куќата од Фатиме.
ЈАШАР БЕГ: Јас кажиш Фатиме... Водиш мене право во Фатиме!

26
Солунски патрдии
ПЕЈО: (За себе.) Вода матна че т’ однеси ако после не ми дајш некоа пара. (На Јашар бег.)
Ај да те водам... слепци да те водат...
(Го зема за рака и го води до вратата и тропа.)
ГЛАСОТ НА ПАНДОРА: (Пее.) Кој тропааа?
ПЕЈО: (И тој потпевнува.) Пријателиии!
ПАНДОРА: (Се појавува на чардак.) Пејо, ти?! Треби се одовде! Фатиме не е дома!
ПЕЈО: Ами каде е? На смендер? (Вика.) Фатимеее! Фатимеее! Саде два збора, два изгора!
(Вика посилно.) Фатимееее!... Викни е Фатиме, оти че се пишманиш!
ПАНДОРА: Леле, ама м’ исплаши – гајчиве ѝ наполнив!
ПЕЈО: (Ја моли.) Панде, д’ ѝ кажиме само два збора!
ПАНДОРА: Ни еден!
ПЕЈО: Шо ти е, мори, тебе? Да не ти влегол... ѓаоло? Зар не сне пријатели. Пушти н ѐ горе,
че капни нешто и за тебе, будалке!
ПАНДОРА: Нема за вас „горе“. Горе има друзи. Вие мојте д’ ојте гојда на пасејне!
ЈАШАР БЕГ: (Лут.) Ооо, змија, анасана! Оооо!
ПАНДОРА: Окнал, пукнал! Че м’ уплашиш, да си поплукам в пазува: пу, пу, пу!
ГЛАСОТ НА СОТКА: Пандеее, кај се губиш, мори?
(Сотка се појавува на чардак. Ја клава дланката над очи како кога се гледа во голема
далечина.)
СОТКА: Оооо! Оооо! Шо ми глеат очиве?! Ефенди Јашар и... и... (Како да не може добро
да здогледа.) ... и... баце Пејо, ми се чини... Види, види... Дошле палежните, не чекале ни
час... Ашколсун! Аферим! Па, па, па! Разбрале оти дојде Аџи Јанкула и го забра Цандета
со себе во Прилеп и сеа кујчава од Фатиме и Фатиме се празни па дошле да го заватат
местото. Така ли е, Пејо?
(Сотка брзо се наведнува од чардак и го плукнува Пејо.)
ПЕЈО: (Вреснува.) Фатимеее! Фатимеее!
СОТКА: Држи меее! Држи меее!
(Излегува Цанде на чардак. Јашар бег го крие букетот зад грб.)
ЦАНДЕ: Шо си се расцрекал, бе лајнар?! Ако ти слезам долу, устата че ти е расчешнам!
(Фатиме излегува на чардак и со едната рака се потпира на рамото на Цанде, просто
легнува целата врз него. Го заплашува со прст Пејо.)
ФАТИМЕ: Пеја, Пеја! Ја ти кажише: берело ум зер правам давија... летниш главата! (На
Јашар бег, на турски.) Јашар бег, не сакам да ми додеваш. Ако му кажам на кајмакамот,
нема убаво да си поминеш! (На двајцата.) Ајди сеа – сиктер! Цанде, темјанушки моја,
оставиш тие, ја твоја бешеше и твоја бидиш!
СОТКА: А сеа, Пејо?! Си е испеј песната, а? И Солунов че ти стани тесен и жежок кога ч’
им јавам на Мариовци твој кај се кријаш. Мртов че се посериш коа че те ватат!... Молчиш,
а? Молчиш, глата да му е столчиш! Немаш уста д’одговориш?! Трт! (Пее подбивно.) „По
пат одам, за пат прашам, кој пат води Мариово“ Хи-хи-хи!
ЈАШАР БЕГ: Пеја, што ова је?! Што ова је?! (Намавнува да го удри Пејо со букетот, Пејо
побегнува а Јашар бег, поревајќи се, трча по него. Горе сите се смеат. Пејо и Јашар бег
трчаат во круг околу шедрванот.) Пеја, што ова је?!
ПЕЈО: Што ова је и самио глеш, не си ќор! Пушти го петело в кујчи, да за на полица сам
че се качи!
ЈАШАР БЕГ: (На Фатиме.) Фатиме, не го очекував ова од тебе! Шеги правиш со тие
ѓаури на моја сметка!... Пеја, ти мене платиш џезата за ова резил! Ти мене речише едно, а
овде бидише ептен друго! (Намавнува да го удри.) Ајван! Ти лажише јас! Ќе скинам
главата!
(Пејо се испикува под долгата пазарџиска маса, лази под неа, Јашар бег по него. Пандора
божем го удира Сотка како Пејо да е.)
ПАНДОРА: Пејааа, ајван, сечам главата!!! Ти мене платише за ова резил!
СОТКА: Платише, еве главата (Покажува меѓу нозе.) ти земише...
27
Солунски патрдии
(Сите горе се смеат, а долу Јашар бег го брка Пејо. Пејо бега по левиот сокак, Јашар бег
трча по него. Јашар бег уште неизлезен од сцена, се слуша гласот на Марија: „Јоргооо!
Јоргооо“ потоа таа се појавува со леген на чардак и го плиснува врз главата на Јашар
бег.)

ТРЕТИ ЧИН
(Пазариштето. Утро. Некои дуќани се отворени, некои допрва се отвораат. Кај
гостилниците гости пијат утринско кафе. Се слушаат камбани оддалеку. Берберот
Цветан седи на својата берберска столица, изнесена надвор. До него, на своето столче
седи фотографот Божин.)
БЕРБЕР: Не чинам пари, Божине...
ФОТОГРАФ: Што че чиниш, еба го! Синојча кај стрико Панајотис исав немаше. Толку
наситка да се нема од твоја страна! Колку ока вино испи? Лазар ока вино, ти ока вино. На
Лазара, Цветане, ти не мојш да му прајш каршилак, јак маж, со него никој не мојт да се
мери...
БЕРБЕР: Глава че ми пукни, жиливе че ми прснат...
ГЛАС НА ЕЌИМ: Еќим! Еќиииим!... Еќим! Еќииим!
(Доаѓат Еќимот со бисаги на рамо, полни со тревки и други лекови.)
БЕРБЕР: Еве го Исмаил, тој че ме спаси.
ЕЌИМ: Мерхаба, ефенди Цветан! Мерхаба, ефенди Божин...
БЕРБЕР и ФОТОГРАФ: Мераба, ефенди Исмаил. Да ти се многу години.
БЕРБЕР: Ајде помагај, ефенди Исмаил. Те чекам ко леб и сол. Да влезиме внатре.
(Еќимот и берберот влегуваат во берберницата. Фотографот го мести фотоапаратот.
Аџи Јанкула излегува на чардак и гледа долу. По миг од долната врата излегува Секула,
носејќи полна вреќа на грб. Аџи Јанкула му дава знак со рака каде да ја стави вреќата.
Секула ја остава вреќата, се фаќа за половина, сакајќи да каже колку била тешка
вреќата. Потоа влегува во вратата од која излезе, и пак излегува со вреќа на рамо. И неа
ја става покрај првата вреќа. Така вади неколку вреќи и кошови полни со некаква стока,
покриена со празни вреќи. Тоа е божем стоката што ја донесле од Прилеп, со која треба
да го измамат Цандета и да му ги земат трите илјади алтани што му ги даде Фатиме.)
АЏИ ЈАНКУЛА: (Вика со шепот.) Кошот... не тој, другиот, десниот, малку лево... Така...
Таа врејча... не таа, дрво, другата, подоближи е до друзите врејчи!...

28
Солунски патрдии
(Секула ги мести и преместува вреќите, Аџи Јанкула со гестови му кажува да ги
препомести. Од берберницата излегуваат Берберот и Еќимот. Еќимот со рака на гради
се поздравува и си оди. Берберот седнува на столица, вади од џеб огледалце, си го гледа
јазикот, очите.)
ФОТОГРАФ: Какви беа пијајците?
БЕРБЕР: Шо?
ФОТОГРАФ: Какви беа пијајците, тоа те прашувам?
БЕРБЕР: Пијајци!... Да не мислиш: машки, женски? Барски, речни, морски? Црни, зелени?
(Се подналутува.) Арно не ме прашуваш од која река се: од Вардар, од Бистрица, од
Струма, од Пиниос...!
ФОТОГРАФ: Цветане, те прашуванм али беа гладни или сити? Оти тие Еќими се
батакчии. Че ти клат пијајци шо саде пред пол саат ѝ извајле од друзи болни. Тие вејче се
нацицале крв, се нацицале дури се подуле и од тебе не можат ни капка...
БЕРБЕР: Овие беа гладни. Кога ми се закопаа в месо, ништо живо на сакаа да се пуштат,
ко крлежи, спечало нивни! Види, дупки ме направија! (Ја поткрева кошулата над
половина. Фотографот гледа.)
АЏИ ЈАНКУЛА: (Го вика Секула.) Сссс!... Сссс! (И со прст му дава знак да оди кон
десниот сокак. Секула тоа го прави.) Идат ли?
СЕКУЛА: Аааа?
АЏИ ЈАНКУЛА: (Сега вика за да го чуе.) Идат ли?
СЕКУЛА: (Со шепот.) Не.
АЏИ ЈАНКУЛА: Ааа?
СЕКУЛА: (Вика.) Неее!
АЏИ ЈАНКУЛА: (Со шепот.) Пссс! Шо си се расцрекал! Мачка со ѕвонец не вајча
глушец!
СЕКУЛА: Ааа?
АЏИ ЈАНКУЛА: Акнал, пукнал! (Се повлекува од чардакот и слегува по скалите. Доаѓа
кај вреќите, тука доаѓа и Секула. Аџи Јанкула ги поднаместува вреќите.) Леле, Секула,
ако Пејо м’ излага...!
СЕКУЛА: Шо да те излага?
АЏИ ЈАНКУЛА: Дека син ми Цанде ќе дојдел преоблечен во трговечки алишта и дека че
ми е купел „стокава“ (Покажува на вреќите.)
СЕКУЛА: Че дојт, не бери гајле... (Наслушнува.) Пссс! Идат! Му ѝ слушам стапалките...
Да бегаме...
АЏИ ЈАНКУЛА: Бргу, Секула, покриј ѝ врејчиве па да се скријаме...
(Секула ги покрива со празни вреќи што ги вади од еден од кошовите, и двајцата
влегуваат в гостилница. Доаѓаат Цанде и Сотка. Цанде е во скромна облека, со фес на
глава.)
ЦАНДЕ: Сотка, мамата ми расплака. Не сум верувал дека че паднам н’ ова дереџе!
(Покажува на својата облека.) Страв ме вајча ако...
СОТКА: Дупи сеа, шојма да се плашиш, кај татко ојш!
ЦАНДЕ: Шо рече?! Кај татко ом?! Кај ЛАМЈА ом, шо со едно отворајне на устата че ме
лапни. Кај среброљубец ом шо саде за пари знај и живеј! Кај змија лутица ом шо саде
отров да прска знај. Пес да касни од него, че с’ отруја...
СОТКА: Такви прдешки немој сеа! Змија, ламја... шо сакаш ти – локум да ти дај?
ЦАНДЕ: (Плачно-луто.) Ми е мака, Соте...
СОТКА: (Филозофски.) За маки сне родени!
ЦАНДЕ: Велиш?
СОТКА: Велам! Зато трпи! Трпение – спасение!
ЦАНДЕ: Амин!
СОТКА: Јас есапам: с’ овие три илјади алтани д’ ѝ напучиме и татко ти и Фатиме и да му
е дувниме далеку одовде, негде Кавала, Костур, Воден...
29
Солунски патрдии
ЦАНДЕ: Не дрндај шо-годе, Соте! Порно ч’умрам одошто Фатиме да си е остам...
СОТКА: Тух, тух... Шом си такво цвејче за мирисајне, тогај ој тропај на вратана! (Сотка
го турнува Цандета до вратата каде што влегоа Аџи Јанкула и Секула. Цанде тропнува
слабо.) Море удри бе! (Цанде удира појако.)
ГЛАС НА СЕКУЛА: (Потпевнува.) Кој тропааа? (Секула се појавува на чардак, гледа
долу, божем ништо не видува, па Цанде му мавта со рака.)
ЦАНДЕ: Секулааа! Јас сум Цандеее...
СЕКУЛА: Аџијо! Аџијо! Син ти Цанде!
ГЛАС НА АЏИ ЈАНКУЛА: Ама шо велиш?
(Цанде сака да избега, но Сотка го држи. Аџи Јанкула се појави на чардак.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Синкоооо! (Аџи Јанкула и Секула слегуваат по скали. За тоа време
Сотка го држи Цандета, зашто овој сака да избега. Се појавува долу Аџи Јанкула, по
него Секула.) Синкооо! Синеее!
(Аџи Јанкула ги шири рацете, Сотка го турнува Цанде кон „прегратката“ на Аџи
Јанкула. Се прегрнуваат.)
ЦАНДЕ: Татко, како си? Кога ми кажаа дека си дошол, место не ме вајчаше, цел Солун
пребарав за да те нам!
АЏИ ЈАНКУЛА: Ооо, синко мој, радос и срејча во стариве дни мој!
ЦАНДЕ: А шо си дошол апансас во Солунов, татко?
АЏИ ЈАНКУЛА: Дојдов, синко, на... поклонение на црквата Свети Димитрија, одамна се
токмев то да го сторам... денеска-утре, денеска-утре... Ти не знајш, не сум ти кажувал, али
сум ти кажувал?
ЦАНДЕ: Си ми кажувал, како не...
АЏИ ЈАНКУЛА: Коа одев на аџилак, на врајчајне тешко се разболев од некој ветроштиње,
шо ли, па м’ остаја во Солунов. Душа берев. Тогај таксав: ако останам жив...
СЕКУЛА: (За себе.) Цар е за лажејне!
АЏИ ЈАНКУЛА: ... ако останам жив, че живеам... саде за доброто и срејчата на лујѓето, ч’
им помагам на сиромасите колку шо мом и не мом...
СЕКУЛА: (За себе.) Со бубајч крвта ч’ им е вадиш!
АЏИ ЈАНКУЛА: ... а на црквата Свети Димитрија, кај шо секој ден ме носеа на пејне, ѝ
таксав сто алтани... А најмногу, синко, дојдов да те видам тебе и да ти е донесам ова
стокава, чунки толку време си во Солунов и си се извештил во трговија водејне... (Во тој
момент Цанде се тргнува од татка си и оди да види што има во вреќите, но Аџи Јанкула
го фаќа за рака.) Ама, синко, че треба да ми дајш три илјади алтани за стокава... чунки и
јас треба да е платам... Овде има ајле стока, и појче од три илјади алтани...
ЦАНДЕ: Ама, татко, јас...
АЏИ ЈАНКУЛА: А како си со здравјенцето, синко? Али си здрав?
ЦАНДЕ: Здрав сум, татко, ч’ излетем од здравје.
АЏИ ЈАНКУЛА: Али си жив, синко?
ЦАНДЕ: Жив сум, татко, ч’ излетам...
АЏИ ЈАНКУЛА: Али те боли уште... шо те болеше шоона тогај?
ЦАНДЕ: Татко, болеше преболе, туку д’ ојме кај мене дома, убо че ти биди.
АЏИ ЈАНКУЛА: З’ ојне кај тебе лесно, туку че те прашам, право да ми кажиш: ти ли беше
оној вчера шо се напрај дека не ме познава и шо ме врли в апц? Не кријај ако нешто си се
посрамотил, јас ѝ знам тие рабоќе, и јас сум бил млад и аџамија...
ЦАНДЕ: Јас, татко, да се прам дека не те познавам тебе?!! Оооо! Земјо, отвори се...
СЕКУЛА: (За себе.) И прибери си ја вересијата!
ЦАНДЕ: Не знам си грев на душа, татко! Ами ако ти кажам дека има вејче три, не три и
пол недели душава кај ми запилкува во Прилеп да се вратам со крилја орелски, тебе да
видам, мајка да видам, Маркујкуле да видам!... Ама не чуди се, татко, и коџаа друзи лујџе
с’ излажале така, оти во градов има еден ајдамак шо личи на мене ко јајце на јајце и се

30
Солунски патрдии
вика Сандѐ... Сандѐ не Цанде, го викаат ефенди Сандѐ оти целио е облечен во свила,
кадифе и срма, а не ко мене вака сиромашки...
(Секула почнува гласно да се смее, Сотка му ја поклопува устата со дланка.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Шом е така, синко, мило ми е шо сум се излагал. Грутка на срце че ми
останеше ако не беше така – мала работа голема срамота че беше, синко. Вака душата ми е
раат, грутката од срце ми падна, оти се рекло, синко, шо сторил – нашол, шо дробел сркал,
шо посејл – берел... И друго, синко Сандѐ...
ЦАНДЕ: Цанде, татко.
АЏИ ЈАНКУЛА: И друго, синко Цанде, че ти речам...
ЦАНДЕ: Речи, татко, сѐ че те слушам...
АЏИ ЈАНКУЛА: Земи е стокава и однеси е дома оти Неделко Келешо го знајш...
ЦАНДЕ: Не го знам, татко...
АЏИ ЈАНКУЛА: Е, тој Неделко Келешо запнал ТОЈ да е купи стокава, дава, дури наддава,
оти овде оваа стока е многу барана...
ЦАНДЕ: Пеки, татко! (И тргнува кон вреќите, но Јанкула пак го фаќа за рака.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Ама сеа одма дај ми три илјади алтани, а после дојди по мене да м’
одведиш кај тебе дома... А имаш ли сигурен магацин да е клајш стокава?
(Цанде го погледнува Сотка, тој му дава знак со рака да тера со лагите.)
ЦАНДЕ: Оооо, татко! Имам магацин... магацин и пол... цел Солун да собери... таму... кај...
кај Беас-куле, до самоти море, саде малце понадесно од левата страна на џамијата...
АЏИ ЈАНКУЛА: Аааа, убо, убо! Кај Беас-куле, понадесно малце од лево... Убо! Спастри е
стокава, оти лујџето се зависливи, со лоши очи е гледаат, че е урочат...
ЦАНДЕ: (Плукнува да не ја урочат.) Пу, пу, пу...!
АЏИ ЈАНКУЛА: Еј, Сотире!
ЦАНДЕ: Сотка! татко ми ти вика...
АЏИ ЈАНКУЛА: Сотка, земи е стокава и носи е право во вашио магацин... Секула! Шо си
зинал ко мисир, поможи му на Сотка, натовари го! А ти, синко, дај ѝ алтаните!
(Цанде става три кесиња пари на подадената рака на Аџи Јанкула, со гримаса како
срцето да си го вади, а за тоа време Секула му помага на Сотка да крене на рамо вреќа.
Сотка го гледа Цанде, не знае каде да ја носи вреќата.)
ЦАНДЕ: Носи сѐ кај Фатиме зад врата, после че земиме амали д’ ѝ однесат сите врејчи и
кошој во магацинот кај Беас-куле...
(Сотка и Секула ги носат вреќите кај Фатиме, зад врата.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Коа че е однесиш стоката, дојди по мене, да м’ однесиш дома да си
поприкажуваме, порно да се видиме – очи шо набргу не се видуваат се забораваат. (Цанде
и Сотка влегуваат кај Фатиме.) Секула, виде ли? Го ватив и му платив!
СЕКУЛА: Бравос, аџијо, аферим!
АЏИ ЈАНКУЛА: Три илјади алтани си вратив! Од морцко дно ѝ извајв! Од устата на ламја
ѝ измолкнав!... Шо ме глеш ко некој мачор?
СЕКУЛА: Те глем, аџијо, и чекам да се сетиш.
АЏИ ЈАНКУЛА: (Уплашен.) Шо да се сетам? Да не згрешив нешто?!
СЕКУЛА: Па, аџијо, и јас да лизнам малце од медо!
АЏИ ЈАНКУЛА: Од кој мед? Овдека не гледам мед...
СЕКУЛА: (Директно.) И мене да ми дајш нешто од парите, и јас д’ им го видам лезето. И
јас поможив д’ ѝ земиш... (Секула подава рака, Аџи Јанкула го удира по раката.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Сиктер, бре, ненаситнику!
СЕКУЛА: Дај малце, аџијо! Парите зато се тркалести, да одат од раце в раце... Кој појде
горе д’ излажи дека носиш стока?
АЏИ ЈАНКУЛА: (Свикува.) Ѓаол да те носи! (Расположението му е расипано, разодува
горе-долу. Секула оди кај шедрванот и си го плиска челото со вода. Аџи Јанкула бара во
џебовите ситна пара, вади паричка, ја гледа долго, и најпосле пресудно викнува како да
ветува царство.) Секула! (Секула доаѓа кај него.) Земи! Напиј се винце!
31
Солунски патрдии
СЕКУЛА: (Ја зема паричката.) Винце на гладно срце! А за јадејне?
АЏИ ЈАНКУЛА: (Огорчен.) Ти умела-думела, сѐ за јадејне! Пфу, бездар!
СЕКУЛА: Аџијо, гладна мечка оро не игра! А народо наш рекол: „Глеј д’ имаш пари, та
ако даваш на сиромаси!“
АЏИ ЈАНКУЛА: Ти сѐ за давајне! Д’ има нешто да земиш, да лапниш Во Прилеп че ти
дам појче, овде со икономија!
СЕКУЛА: Во Прилеп! Не умри, којну, до зелена трева! Во Прилеп, аџијо, на секоо трнче и
лепче. ОВДЕ дај ми да заголнам душа! Се рекло: рани душа да те слуша! Шо си се стиснал
ко стипца? Јал не јал, три и пол! В гроб нема д’ ѝ носиш парите! Голи се родивме, голи
вземи че влезиме.
АЏИ ЈАНКУЛА: (Плукнува протестно.) Пфу! Кобник!
(Аџи Јанкула влегува в гостилница, Секула тргнува по него.)
СЕКУЛА: Н’ едни лујџе и петлите им носат јајца! А јас... сам си ѝ носам...
(Влегува в гостилница. Берберот си ја стиска главата, го боли.)
ФОТОГРАФ: Има кај Прилеп едно село шо се вика Заград, али си чул за него не знам...
БЕРБЕР: Али сум чул! Па јас Божине, отаде сум пребегал ваму. Не можев д’ ѝ трпам
зулумите од Ејуп паша. Од Мажучиште сум. А Мажучиште и Заград – еден рид ѝ дели –
Песиобрци.
ФОТОГРАФ: Е, близу до селото Заград, накај Маркујкули... има една вода... целото место
е водоврично... ама има една вода, неделска, лекоита... Ти треба да појш таму... Че треба д’
остајш некоо пара, нишан од алишта и едно парче леб... Че видиш... Јас, ко шо знајш, сум
ти од Битола...
БЕРБЕР: Од кое село? Ѝ знам битолските села...
ФОТОГРАФ: Од градо Битола сум. Гинемаале. Кога ми умре Душанка моја, ми остај едно
чупенце... (Почнува да плаче.) ... роса... капка... Останавне саде то и јас. Го гледав ко очите
в гла. И не оде долго време, почна треска да ми го треси чупето... (Плаче.) Го лекував со
тројца еќими, сета сермија е продадов за лекувајнето... Еќимите не можеа да ми го
излекуваат чупенцето, чунки никако не запираше огно... Изгоре кутрото... „Тате, вода...
Татенце, вода...“ (Плаче.) Една нојч на сон ми дојде Душанка моја, сета во бело, и ми вели:
„Божине, на водата неделска, кај селото Заград, прилепцко, да го носиш чупето, да го
измијаш пред изгрејсонце...“ (Плаче.) Го натоорив чупенцето н’ едно магаре и – таму! Го
измив ко шо ми рече Душанка и го вратив дома... Да видиш, бре Цветане, му олесна на
чупето. Едно влегувајне дома, си заспа и го изби пот на челото, ко роса. Од тој саат го
остај треската... (Се расплакува посилно, не може да зборува.)
БЕРБЕР: Па шо плачиш, брате сладок, коа ете оздравело чупенцето?
ФОТОГРАФ: ПОСЛЕ умре... (Плаче, а по извесно време.) Оди таму, не оставај се на
пијајците. Пијајци пијајците, пијајци еќимите – крвта че ти е исцицаат, сермијата че ти е
земат...
БЕРБЕР: Не че е за мене таа вода, Божине. Мене пијајците ако ме спасат че ме спасат,
вели ти шо сакаш... Крвта ми врија, клокото, фучи, бучи, ми удира в уши ко тапан – многу
ли е имам, лоша ли е, шо ли е, никој не знај. Откоа башибозуците на Етем паша ми го
заклаа сино, моминки пред очи ми се сентрават, ѕвезди-ѕвезди ми се праат... Војџе мене не
ми помагаат, брате Божине...
ФОТОГРАФ: Цветане, таја неделска вода не е лекоита саде за треска, таја ми ти лекува сѐ
и сешто: задув, и запек, и далак, и срцебијајне, и бубрези, и џигери, и сплинка, и лажичка,
и...
(Од десниот сокак доаѓа Пејо и застанува под чардакот на Фатиме. Гледа горе и врти
со глава.)
ПЕЈО: Зарај вас Јашар бег че м’ отепаше, да ви ’бам мртовците! „Пеја, ајван! Ти лажише
мене...!“ А кој м’ излага мене?... Кај куца работата? Каде е имам олцнато?... Али Аџи
Јанкула не му ѝ зеде алтаните на Цандета, па сеа тој со парите доби сила, врла чивтиња?
Сучи мустајч! Че сучи, ама до кога? Пејо че му надроби таква попара шо че се попари тој
32
Солунски патрдии
мајчин! Ај ти! Не го знајш ти Пејо Мариојцо! Тепан пес е Пејо, баце! Го пробал тој
лошото до газер, па сеа знај и оган да вајча со рака и да не с’ изгори. И коа спија, тој спија
со отворени очи! Ај ти! (Од десниот сокак доаѓаат тројца Турци. ШАБАН и неговите
придружници Рамадан и Ејуп. Шабан оди среде, се потпира на лакиран и гравиран стап,
околу глава е врзан со огромна шамија – го боли заб. Тројцата дошлаци седнуваат крај
една маса од гостилницата. Рамадан тропа на масата, веднаш дотрчува чирак.
Гостите порачуваат, и чиракот правејќи темане, се враќа во гостилницата. Пејо ги
гледа дошлаците.) Овде, Пејо, ми се чини ч’ има лепче за тебе! Ако сеа не се завошкам –
никоош! (Се доближува до Турците. Прави темане.) Мераба, мудур ефенди! Да ти се
многу години, мудур ефенди. И вам ефенди брајча! Алах здравјенце да ви дај, од арно да
не куртулите.
ШАБАН: Мерхаба, синко! Бериќатверсун! Ама, синко, не чиниш мој здравје. Корниш
мене заб од болка. Јас не спијаше ич... три нојч и три ден. Не јадеше дорт ден...
ПЕЈО: Па шо не го извајш забо, да му го опрам?! Или чекаш срце да ти удри? Илија
бакало така, мудур ефенди. Го болеше забо, ама какво болејне, ти немојш да знајш...
ШАБАН: (Се налутува, го фрла стапот кон Пејо.) Како јас не знаише, бре ќерата, кога
мене болише-корнише, мене умрише?!!
ПЕЈО: Проштавај, мудур ефенди, имај гајрет, ама Илија бакало од болештињето на забо
умре, битти, му е каснавне пченицата...
ШАБАН: Ами чунки толкав болише заб, оти не вадише, анасана, оти чекаше умрише?
ПЕЈО: Оти не вадише! Се рекло, ефенди: пари има – ум нема, ум има – пари нема. Илија
бакало имаше пари, ама овде акал јок! Ич! Ни трошка. Не му се одврзуваше кесето. Титис!
Скржав! А на скржајо клучо му е кај ѓаоло.
ШАБАН: Арно ти речеше тој, бре синко, како викаш тебе?
ПЕЈО: Мене? Пејо, мудур ефенди, да ти се многу години.
ШАБАН: Зер ти, Пеја, кажиш: и јас имаш пари, акал немаш?!
ПЕЈО: Јооок! Аласандак, скраја да е, мудур ефенди! Јас саде се чудам: ти, со таков голем
ум, акал бабачко, нааа! Па зошто се мачиш, зошто не го вадиш забо?
ШАБАН: Јас сакаше вадиш, во Битола. Бешеше каде еќим... (На турски.) Како се викаше
тој ајван еќим?
ЕЈУП: Аљуш, мудур ефенди!
ШАБАН: Таја Аљуш... (Врти со глава.) еден клешта... нааа! Бак! (Покажува со раце
колкава огромна била клештата.) Мене страво влезе во коската...
ПЕЈО: (Протестно.) Цц-цц-цц! Мудур ефенди, некоош, во СТАРИ времиња, така ваделе
заби – со клешти, душата на чоека да му е изваат... Сеа јок клешти! Сеа треба со марифет,
болнио ич да не сети.
ШАБАН: Ашколсун, Пеја, аферим! Ти земише мене зборо од уста. Али знаише ти, синко
Пеја, таква еќим... Јас, Пеја, не скр... скр... како викаше ти чоек што не сакаш даваш пари?
ПЕЈО: Скржавец, мудур ефенди...
ШАБАН: Јас, Пеја, не скржавец, јас платише ептен добро...
ПЕЈО: Знам, мудур ефенди, знам!
ШАБАН: Пеја, синко, ти спасише јас! Водиш каде таа еќим!
ПЕЈО: Мудур ефенди, тој еќим шо вади заби со марифет... сум јас! Прашај ѝ лујџево, ако
не веруваш... (Покажува на берберот и фотографот. Тие потврдуваат со глава.)
ШАБАН: Ти кажише: марифет? Јок клешта?
ПЕЈО: Јооок, мудур ефенди!
ШАБАН: (Се договара нешто со придружниците, тие го гледаат сомничаво Пејо.) Пеја,
ако лажише, сечам главата!
ПЕЈО: Сечи, мудур ефенди! (За себе.) Овој одма сечејне гла! Како глајте да растат на
дрво! (На Шабан.) После, мудур ефенди, че сакаш оро д’ играш, толку шо че ти олесни на
душата... Почеки сеа д’ ѝ земам алатите. (Пејо влегува во берберницата. Чиракот од
гостилницата им носи на Турците вода, локум и кафе. Пејо изнесува од берберницата
33
Солунски патрдии
столче триношче, еден канап и еден стап. Турците гледаат сомничаво, придружниците
одат и го пипкаат стапот. Пејо изведува цел ритуал: стапот театрално му го дава на
берберот, столчето на фотографот, а самиот тој го собира канапот в раце и уха во
него, вртејќи се на сите четири страни.) Ху! Ху! Ху! Ху! Ја бафте, ја тафте! Ендара-
мендара, Султана без гајчи... (Го зема столчето, го мести, преместува, помрднува, потоа
на берберот му дава знак да застане пред него со стапот. Му дава напатства со рака:
полево, стој. Потоа брои со ситни чекори од столчето до стапот.) Бир... иќи... уч...
дорт... беш! (При тоа гледа в небо. И Турците се загледуваат в небо следејќи го погледот
на Пејо. Одеднаш, како да добива знак од небо, го фаќа Шабана за рака како да е
детенце и го седнува на столчето и се оддалечува да види како е. Придружниците будно
следат. Пејо пак долго гледа в небо, и берберот и фотографот гледаат в небо, па и
Турците. Пак одеднаш, Пејо му се обраќа на Шабана.) Сега, мудур ефенди... зини! Појче,
појче! (Шабан со гест кажува дека не може да зине од шамијата. Пејо му ја одврзува
шамијата и ја клава на врвот од стапот.) Шамијата појче нема да ти треба, мудур
ефенди! Зини сеа колку шо мојш и немојш! (Пејо му седнува в скут и гледа во зинатата
уста како во бунар. Со двете раце му ја чепати устата, му буричка со прсти в уста.)
Аууу! Сите заби ти се расипани! Д’ ѝ вадам сите заби, мудур ефенди... на еден мастрав!
ШАБАН: Јок, бре! Вадише заб шо болише!
ПЕЈО: (Пејо скоро ги пикнува очите во устата на Шабана.) Еве го мајчинио! Хе, нема
бегајне од Пејо, забу! (Го зема канапот, го врзува расипаниот заб а другиот крај од
канапот му го дава на берберот и тој го врзува за стапот. Пејо рашетува околу,
разгледува, Шабан и придружниците го следат со поглед.)
ПЕЈО: Мудур ефенди и вие брајча, че гледате саде во стапо! Мудур ефенди, почни да
бројш до десет... до оон и назад. Бир, иќи...
ШАБАН: Бир... иќи... уч...
ПЕЈО: (Од зад Шабан, Шабан ја врти главата кон него.) Не глеј во мене, мудур ефенди и
вие брајча, оти марифето нема да вати! Ајде, број!
ШАБАН: Бир... иќи... уч... (Пејо вади од појас голема самарџиска игла, Турците гледаат
напред во стапот.) ... дорт... беш.. алти... једис... секис... докус... оон...
(На „оон“ (десет) Пејо му ја брцнува иглата в задник. Шабан моментално срипува и
спискува од болка, оптегнатио канап се разлабавува, Рамадан и Ејуп го зграпчуваат Пејо
под мишки, мислат дека му направил лошо нешто на Шабана.)
ПЕЈО: Мудур ефенди, еве го твојо расипан заб! (Покажува на крајо од канапот. Ејуп и
Рамадан го пуштаат Пејо. Пејо му го дава забот на Шабана.) Бујрум, мудур ефенди!
ШАБАН: (Го зема забот и го гледа.) Ашколсун за марифетот, синко Пеја! Аферим!
Аллах, шуќур! (Шабан се пипка по вилицата.) Не болише уште! Аллах, шуќур!
РАМАДАН И ЕЈУП: (Како молитва.) Аллах, шуќур!
(Шабан седнува крај масата, Ејуп и Рамадан стојат крај него. Шабан вади од појас кесе
со пари и му дава на Пејо. Пејо ги зема и прави длабоки метании пред Шабана.)
ПЕЈО: Да ти се многу години, мудур ефенди! Раката да ти се позлати! Беричатверсун!
(Зборувајќи го тоа, назаднешкум се повлекува, постојано правејќи метании. Потоа дел
од парите им дава на берберот и на фотографот.)
ШАБАН: Пеја, седниш пијаш мој кафе и јадиш мој локум! (Пејо седнува крај Шабана, пие
кафе, го јаде локумот, Шабан пуши на чибук.) Пеја, синко, ти асли синко! Ти мене
спасише бељата!... Едното беља... (Се налутува.) сиким анасана!
ПЕЈО: Едното беља?! Што уште има, мудур ефенди? Друга болка?
ШАБАН: Јас имашев две беља... иќи беља... два беља... Два беља мене тежиш ептен!
ПЕЈО: Мудур ефенди, кажи да е чујаме втората беља, можи че мојт да ти се поможи...
ШАБАН: Јас, Пеја, имашев шес сини... алти сини и едно... бир ќерка... И ТОЈ бегаше!
Имаш помини секис... осум години... Она родише блиско Прилеп... на чифлик моја Али-
чаир. Бидеше многу убав мома. Чунки многу убав, фрлише око фиљан Кара-Исмаил бег,
он гледаше мој Назмие од висок кула. Прелажише мој ќерка катил Кара-Исмаил бег и
34
Солунски патрдии
фатише со она џенем! Сега јас бараш Назмие... Бараш во Битола, бараш во Лерин, бараш
во Воден... И Солун...
ПЕЈО: А имаш ли некоја абер, некој ишарет дека ќерка ти е овде?
ШАБАН: Во Воден мене кажиш Расим бег оти Назмие сигур бидиш овде. Катил Кара-
Исмаил умрише... (Шабан ги става двете раце на срце и погледнува в небо.) Ал-лах,
шуќур!... Имаш два година, Назмие дојдише Солун...
ПЕЈО: Мудур ефенди, јас го знам Солунов напрсти... Како изгледа ќерка ти Назмие, јас да
е барам?
ШАБАН: Многу убав! Ептен убав! Јалд’а! Очи големо, црно – филџан! Веѓи – гајтан!
Снага – висок, а овде (Покажува на колковите.) ШИИИИРОК, ШИИИРОК... (Ејуп гледа
во рацете на Шабана, при описот на колковите пушта некој неартикулиран глас, Шабан
замавнува со стапот да го удри.) Сус, бре, ќопек!
ПЕЈО: Мудур ефенди, велиш се вика Назмие?
ШАБАН: Назмие... (Му текнува.) Расим бег кажише Назмие менише име... Не знајам кој
име земише...
ПЕЈО: А, да проштаваш, али ќерка ти Назмие има некој нишан?
ШАБАН: (Се колеба, со стапот ги оддалечува придружниците.) Под лев цицка имаш
нишан... Црно бенка.. (Придружниците пак пуштаат неартикулиран извик.) Сус, бре!!!...
Пеја, синко, кој најдише Назмие дајам сто алтан жолто...
ПЕЈО: (Избезумен.) Сто алтан?!! За сто алтани, мудур ефенди, ч’ ѝ прегледам сите леви
цицки во градов и че е нам ќерка ти!
ШАБАН: Ашколсун, Пеја! Така кажише саде асли чоек! (На Ејуп, на турски.) Да влеземе
в гостилница, да се починам! (На Пејо.) Пеја, синко, јас одише в гостилница, починише
стара коска... (Стануваат. Рамадан и Ејуп одат први да подготват во гостилницата.
Шабан прави чекора-два и се фаќа за задник, офнува.) Пеја, ти јас вадеше забо,
куртулише, ама сега болише јас овде! (Покажува на задникот, каде што Пејо му ја брцна
самарџиската игла.)
ПЕЈО: Ништо чудно, мудур ефенди! Корено од забо е то. Че боли, че преболи... (Шабан
влегува в гостилница, мрморејќи.)
ШАБАН: Анасана!
ПЕЈО: (Запева од радост.) „Не си го продавај, Пејо, чифлиго, мама не ме дава за тебе...“...
Пандеее! Пандеее!!!
(Пандора се појавува кај вратата.)
ПАНДОРА: Шо си се расцрекал, црни Пејо? Али ти беше малце оној резил шо синојча го
кркавте со твојо Јашар бег? Порно че биди за тебе, Пејо, да се држиш скраја од нашава
кујча! Крши гла сеа!
ПЕЈО: Панде, ко богоројца те молам, чуј шо че ти кажам оти е многу важно... И ти че си го
добијаш таино ако сака госпо...
ПАНДОРА: Зини да те чујам!
ПЕЈО: Ела ваму да не чуја некој. (Ја зема за рака и ја одведува поблизу до просцениумот.
Гледа лево десно.) Кажи ми, Панде, каква е... левата цицка од Фатиме?
ПАНДОРА: (Замавнува да го удри.) Курварин! Расипан! Пфуу! За то ме викаше, море
батакчијо?! Со тебе не можи домаќинцки да се зборува!
(Тргнува да си оди.)
ПЕЈО: Чеки, мори! Чеки коа ти велам! Не брзај ко прле пред магаре! Дури е брго јас и ти
да е врзиме работата, да не нѐ испревари некој поитар. Че добијаме голем бакшиш! Бели
пари за црни дни, Пандее! Од малце појче ум и разум нема д’ имаш зијан!
ПАНДОРА: Ако те разбирам шо сакаш, од местово да не мрднам! Завалан си, завалијата.
Сам си пцалаш, сам си разбираш. Умо ти лета по чавките – сѐ за пари дробиш, а пара
скршена немаш! Гладна кокошка просо сонува...
ПЕЈО: Коа те прашувам за левата цицка на Фатиме, не мисли шо мислиш, кучко! Тебе сѐ
во то ти е умо!
35
Солунски патрдии
ПАНДОРА: А на шо да мислам коа одма се вајчаш за цицката од Фатиме?
ПЕЈО: Ај вака да те прашам: од каде е дојдена Фатиме? Или е родена овде?
ПАНДОРА: (Разгледува лево-десно, со шепот.) Таја, Пејо, не е родена овде, ами...
(Разгледува.)
ПЕЈО: (Вреснува.) Ами?!
ПАНДОРА: Во Прилеп... отаде јас и таја се знајме... Во чифлиго на татка си... Али-чаир..
Пејо! Шо ти стана, кутри Пејо? Шо си зинал ко пес на горештина?!... И таја, да знајш, не
се вика Фатиме, ами... Пејо!!! Шо се заштутка, натемате, ко д’ имаш мрави в гајчи?!
ПЕЈО: (Замелушен, блада.) Не се вика Фатиме...?!
ПАНДОРА: Не се вика Фатиме ами Назмие... Шо ти стана, пусти Пејо?! Ко скочанието да
ти дојде, сио си пеплосан, саштисан! Да те попрскам малце со вода да не ми проумриш
млад, зелен!
ПЕЈО: Панде... дај да те бацам!
ПАНДОРА: Пак тој шо си знај! Море курварин!
ПЕЈО: Како рече се вика?
ПАНДОРА: Кој?
ПЕЈО: Фатиме.
ПАНДОРА: Назмие, шуте! Си го препрајла името задека бегала од татка си, кој сакал да е
заколи оти избегала со некој Турчин шо е прелагал...
ПЕЈО: (Стои како здрвен, Пандора го гледа со страв. Пејо одеднаш вреснува да пее.) „Не
си го продавај, Пејо, чифлигоооо...“
ПАНДОРА: (Се крсти.) Ако си токму, јас глава си е давам! Жими мајка!
ПЕЈО: Панде, ако биди то шо мислам дека че биди и ти ч’ омрсиш мустајч! (Брои на
прсти.) Десет... двајсе... триесе... четириесе... осумдесе... (Пандора се крсти и се
повлекува еден чекор.) Сто!!! Сто!!!
ПАНДОРА: Шо туку сметаш, пресметуваш, есапиш ко некој Еврејн? Шо сто?!
ПЕЈО: Панде, без есап ни в але не се ојт... Сто!... Сто!!! Стооооо!!!
ПАНДОРА: Тешко мене, со улав вајчам работа! (Грубо.) Слушај ваму, немој негде да си
зинал оти јас ти кажав како се вика вистинцки Фатиме и оти е од Прилеп – цел Солун
нема да те собере! Слободно клај си е глата в торба! Во капка вода че те удавам! Фатиме
то го крија ко змија нозе!
ПЕЈО: Панде, душо, срце, џигерче! З’ ова шо ми го кажа до гроба нема да ти забораам!
Добрината добрина носи! (Пак брои на прсти.) Десет... дваесет... Сто! Сто!!! (Пандора
тргнува да си оди. Ѝ притрчува.) Панде, саде уште нешто...
ПАНДОРА: Шо уше?! Ти му даваш прст, тој е бара целата рака!
ПЕЈО: Панде, прашај е Фатиме али че го сака мојо Јашар бег за маж...
ПАНДОРА: Пак тој шо си знај! А знајш шо ампа те вати зарај тој Јашар бег!
ПЕЈО: Знам, знам, ама сеа сѐ е поинаку! Ефенди Цанде в’ излага, в’ излага од мерата
надвор – ви ѝ лапна трите илјади алтани и ве остави бели во очите. И...
ПАНДОРА: И?
ПЕЈО: Трите илјади од Фатиме му ѝ зеде татко му Аџи Јанкула, божем за некаква стока, а
стока нема.
ПАНДОРА: Лажиш ко Ѓуптин!
ПЕЈО: Нема! Во врејчите напика крпишта, парталишта, конопишта, коскишта, ортомишта
– сѐ шо мојт да се најт на буништа...
ПАНДОРА: (Исплашена.) Лага со опашка!
ПЕЈО: Ако јас лажам, врејчите не лажат.
ПАНДОРА: Пејо, шо ми кажа?!... Ако ме лажиш со овие раце че те... А вчера...
ПЕЈО: Вчера така, денеска вака... (Се слушаат чекори, викотници, офкање.) Ааа, еве ѝ кај
идат, глеј си сеа сеир и чешити. И држ се за мене да не падниш на газ коа че слушниш шо
че слушниш.

36
Солунски патрдии
(Пејо и Пандора се кријат. Цанде втрчува бесен, а Сотка по него. Цанде врти околу
шадрванот и вика, бесен.)
ЦАНДЕ: Беља си баравне, беља си најдовне! Аааах, проклет вештер, ми зеде три илјади
алтани за врејчи полни со ѓубре...! (Пандора сака да јурне на Цанде, Пејо ја фаќа за
половина и ја стиска во себе.) Од Фатима парите ѝ запустив, пус’ д’ останам! Аа! Од сево
ова ЈАС труден останав!... Сотка! Отворај! (Покажува на гостилницата.) Тропај! Крши!
Коските да му ѝ искршам, глата да му е здробам, кожата да му е одерам! Крв пред очи ми
е, крв да моча и да сери! Ќе пукнам од мака!
СОТКА: (Тропа на вратата, вика.) Ееееј! Ееееј! Аџи Јанкулааа! Секулааа!!! Глуви ли ста,
да ви ’бам ушите!
СЕКУЛА: (Се појавува на чардак.) Каква е оваа викотница?! Кој ееее?! (Божем дури сега
ги гледа.) Шо ве приватило, бре лујѓе?! Кршите порти ко Коледе да е! Кршите гла дури ви
е цела!
ЦАНДЕ: Ако те подватам јас тебе, крв че промочаш, прчу стар! Викај го д’ излези однатре
тој батакчија, да не влезам јас, не че знај кај да вати! Шо сте напикале во врејчите,
арамиииии! Врајчајте ѝ алтаните оти пуза че ве напраам!
(Аџи Јанкула излагува на чардак. Воопшто не гледа долу.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Каква е оваа врева, Секула?
СЕКУЛА: Некој питачи, Ѓупци... Не ми личат на салам лујџе...
(Сега Аџи Јанкула гледа долу како да не здогледува, се преместува од место на место на
чардакот, божем подобро да види.)
ЦАНДЕ: Татко, шо ми напрај шо ми стори?! Душман клет да беше, ч’ имаше малце исав!
Три илјади алтани за парталишта и ѓубре!
АЏИ ЈАНКУЛА: Шо вели, Секула?... Шо велиш момче, непара те слушам? Кој си и шо
сакаш? Секула, кој се овие лујџе, лебати? Де, дојдете малку поваму да ве видам порно.
(Бидејќи Аџи Јанкула е горе, тие се исправаат напрсти, подрипнуваат нагоре за да ги
види одблизу. Така скокааат како кенгури. Аџи Јанкула со рака бара уште повисоко да
скокнат.) Ајде, ајде! Оп! Оп! Оп! Можи че ве познам, нечаре... Де малце повисоко,
главите поналево... Оп!... Секула, очиве мои пердосани... Кој се овие лујџе?
СЕКУЛА: Ни сум ѝ видел, ни сум ѝ чул досега! Чукаат на порта ко чукнати. Али се
побегани од негде, али се избркани... Некоа божја вересија... Скокаат како да ѝ дупат
шилци во газо!
ЦАНДЕ: Татко, јас сум син ти Цанде, а сеа се прајш дека не ме познаваш!
АЏИ ЈАНКУЛА: Кој син, рече? Непара слушам...
ЦАНДЕ: (Побеснува.) Песисин сум! Волчи син сум! Курвино копиле сум! Врати ми ѝ
алтаните, оти...
АЏИ ЈАНКУЛА: Секула, овој ми се глеа некој штракнат. Да си влезиме ние, да си немаме
работа со нетокмо лујџе... Бегајте од улајо...!
(Аџи Јанкула и Секула се повлекуваат од чардакот. Во ист момент Цанде јурнува на
вратата, тропа. Пејо ѝ шепоти на Пандора.)
ПЕЈО: Виде ли сеа? Шупливите јаболка сами си пајџаат од гранка.
ПАНДОРА: (Врти со главата, со шепот.) Арамија! Разбојник! Душовадник!
ЦАНДЕ: (Тропа и вика.) Арамија! Разбојник! (Горе не се појавува никој, се тргнува од
вратата, на Сотка.) Ах ти копилјак! Малку е да те заколам! Шо ми напрај бе, од дрво
нозе да си напрајш?! (Се удира по глава.) Ах, ова келезанка!!! Најде кого да слуша! „Че ме
слушаш јас шо че ти речам! Појди кај Фатиме и кажи и сѐ ко шо е...“ Како, бре, не си
скрши гла пред да ми го дајш тој ум?!... Сеа шо ми останува? Јажето околу врат и ај ми со
здравје, Цанде!... Како ч’ исплатам борџојте? Како ч’ излезам на Фатиме пред очи без
нејзините пари?
(Кукајќи така, доаѓа до шедрванот, зафаќа вода со раката и си го лади челото. Сотка
доаѓа над него.)

37
Солунски патрдии
СОТКА: Цанде, не те знајв за ваков плачко. Де мајката, само квичиш, само кмекаш, само
цимолиш ко свето да пропајџа...
ЦАНДЕ: (Плачно.) А ти мислиш не пропајџа?!
СОТКА: Че с’ исчепиме некако, еба го! Лујџе од полошо куртулуваат...
ЦАНДЕ: Од ова полошо?! Уше да земиш анџар и да ми ги брцниш право в срце! (Тој
божем си брцнува замислен анџар, но не во срцето, амо долу, во бутот.) И тогај капка
крв нема да капни од мене!
СОТКА: Чоек од сѐ можи да с’ извади ако не изгуби ум и разум. Ако изгуби ум и разум, е
дури тогај можи да се рече оти ј’ ебавне утката, и то на летајне!
ЦАНДЕ: Ај да речиме, уше имаме ум и разум, ама шо дека кога немаме ни скршена пара,
а борџој од секоа страна...
СОТКА: Има еден лек!
ЦАНДЕ: Ааа?
СОТКА: Има еден лек!
ЦАНДЕ: Има?! Кажувај ако има!
СОТКА: Дома имаме еден рубин, д’ ојме да го земиме и д’ ѝ го донесиме на Фатиме. За да
е распекмезиме, ч’ испееме една уба песна. Таа уште никој не знај и че нѐ викни горе, и,
ко секоош, че не задржи на вечера и, разбирајсе, на спијајнееее! Ти со нејзе, јас со
Пандето. (Пандето сака да му скокне, но Пејо здраво ја држи.) Едно газенце шо има...
ЦАНДЕ: Остај го сеа газенцето, клинкур!
СОТКА: А нојчта, кога ч’ испозаспијат сите, ч’ испокрадиме сѐ, ти знајш колку злато и
бисери има во чекмежето во мусандрата. И – че е дувниме од Солунов...
ЦАНДЕ: (Предаден на судбината.) Во голема нужда чоек и децата си ѝ продава а не пак
да кради... Че прам ко шо велиш. Д’ ојме по рубино!
(Истрчуваат низ десниот сокак.)
ПАНДОРА: (Истрчува, а по неа и Пејо.) Аааа! Демек така, песисину крастав!!! Курвино
копиле! Ој ти верувај му на негојте убај и слатки зборој, пуштај го дома! Кутрата Фатиме!
Цанде ваков, Цанде таков, Цанде златен, Цанде срце, Цанде душа... (Вреснува.) А Цанде
арамија! Ашлак! Разбојник! Никаквец! Суртук! Кршоверец! Да не видев со свој уши и да
не чуев со свој очи, никому немаше да му верувам, жими мајка!
ПЕЈО: (Ја с’ска.) Виде сеа? Цааанде!!! Ефенди Цанде! Златен! Цвејче! Јалдаз!... Лајно!!!
ПАНДОРА: (Плукнува протестно.) Лајно!... Отидоа трите илјади алтани ко никоош д’ ѝ
немало! Пфуи, пустиње ватија!
ПЕЈО: Така е кога не го слушавте Пејо! Сеа доак ви дојде то! Јас сѐ знајв и сѐ ви кажував,
ама вие... шашардисани од Цанде... А Цанде – со две лица! Сурат за нозе бришејне!
ПАНДОРА: Сеа Фатиме дамла че ј’ удри! Чума го удрила та го откопачила!
ПЕЈО: Панде, сеа гледате кој ви е асли пријател... Јас сеа че пом кај Јашар бег и че го
доведам ваму, а ти кажи ѝ на Фатиме нека не врла појче чивтиња. Нека мисли шо прај!
ПАНДОРА: (Решително покажува на себе.) Јас! Сеа Фатиме нема шо да бара оган на
ланцко огниште!... Отиде Цанде, нека дојт Јашар бег!
ПЕЈО: Панде, со Цанде че се џембоса и Сотка па... редно е моја да станиш... А? А, мори?
ПАНДОРА: Да пукниш, Пејо, ме кандиса! Шом толку ти се штипи срцето за мене, че
станам твоја! Ој сеа!
ПЕЈО: Каде, мори? Ме бркаш?!
ПАНДОРА: Кај Јашар бег, шуте!
ПЕЈО: Летам, Панде, ко крилја да имам!
(Истрчува мавтајќи со рацете како со крила.)
ПАНДОРА: (Гледа по него.) Сеа гледам дека овој Пејо ни е голем пријател. Негоа че
станам, а Сотка нека се забриши кај шо се накапал... А сеа, леле мајче, д’ ѝ кажам на
Фатиме! (Пандора ја отвора вратата и веднаш пак се појавува со една вреќа в раце. Ја
фрла вреќата.) Пфуу! Ѓубре! Партали!
(Доаѓаат Евдокија и Паца.)
38
Солунски патрдии
ЕВДОКИЈА: Ќерко! Ќерко мори! Чеки малце, жити бога!
ПАНДОРА: Шојма мајче?
ЕВДОКИЈА: Али знајш, гале...?
ПАНДОРА: Сѐ шо знам че ви кажам, ама прво поможете ми д’ исврлиме ова врејчиве да
не ни е смрдат кујчава...
ЕВДОКИЈА: Ај да поможиме... (Евдокија ги „засукува“ ракавите, а по неа и Паца. Двете
заедно изнесуваат по една вреќа, Пандора сама по една. Потоа сите стојат крај купот и
се бришат од потта.) Ќерко златна, али знајш некој Цанде од Прилеп шо живеј овде во
Солунов?
ПАНДОРА: (Изненадена.) Млад?
ЕВДОКИЈА И ПАЦА: Млад!
ПАНДОРА: Мал? (Евдокија покажува со рака колку е кус.)
ПАЦА: Мааал... Кууус...
ПАНДОРА: Тргојц?
ЕВДОКИЈА И ПАЦА: (Радосни, тука се!) Тргојц!!!
ПАНДОРА: Вие за нашио Цанде прашувате! Везден е кај нас...
ЕВДОКИЈА: Кај вас?! Кој сте вие ќерко?
ПАНДОРА: Јас и мојата домаќинка Фатиме, првата ченгија во Солунов. Цанде ѝ дава сѐ
шо има... (За себе.) Почна вејче да ѝ зема!
ПАЦА: (Офнува.) Оооо, мајчице моја!
ПАНДОРА: Шо му стана на момчево?!
ПАЦА: Ништо, ништо. Срцево нешто ме жегна... Можи од врејчите...
ПАНДОРА: (Ја разгледува Паца.) Те глем: млад, бел, црвен ко девојче... Можиш... ако
сакаш... (Му намигнува.) да појш горе...
ПАЦА: Каде горе? Шо барам горе?
ПАНДОРА: Кај Фатиме, будалче! Курдисај ѝ се дури е сама. Цанде отиде, Јашар бег уште
не дошол, оди, шуте, лезети види, заголни душа, омрси мустајч! Наточи го кондило! (Се
смее.) Разбирајсе, ако имаш пари. Без пари нема го мајсторо! Фатиме ич н’ ѝ сајкали
беспарешковците, голевците. Цанде на неа проплеска пет илјади алтани...
ПАЦА: Оооооф, мори мајчеее!!!
ПАНДОРА: Ама шо му е на момчево?! Едно-две: оооооф!!!
ПАЦА: Ми... застуде нешто околу срце...
ПАНДОРА: Си настинал небаре... Ми се глеш кревок. Д’ имаш пари, Фатиме че ми те
стопли, дури че т’ изгори. Че ти е истера настинката ко две и две. Зарај тој изгор Цанде ѝ
вети дека че е земи за жена, ама...
ПАЦА: Ооооо, мајчице мојааа!!!
ПАНДОРА: Шо ти е тебе, бре? Палаври продаваш, или шо?! Оф па оф! То не че е од
настинка, не вапцувај ме мене!
ЕВДОКИЈА: Шо му е, ќерко, јас че ти кажам, ако се кријало, се докријало. Тој не е
никакво момче, ами мома, ќерко, свршеница на Цанде од Прилеп шо живеј овде...
ПАНДОРА: (Одмазднички.) Ммммм!!! Мммм!!!
ЕВДОКИЈА: Цанде ѝ беше таксал дека че е земи за жена, напрајвне свршувачка дотука
бидува... (Покажува на големиот мев на Паца.) А еве толку време помина, глас од себе не
пушта па дојдовне да видиме... Златна моја, али че сакаш д’ ѝ кажиш на твојата домаќинка
дека Цанде е свршен за Паца...
ПАНДОРА: Паца? Ш’ убо име! (Врти со глава одмазднички.) Ч’ ѝ кажам! Ч’ ѝ кажам...
Ммммм!!!
ЕВДОКИЈА: Ѝ даде збор и сеа не можи ко шо сака тој: денеска една, утре друга. Ко
добитокон! (Паца писнува да плаче.) Гајрет, Пацо, сеа не е маривет да плачиме еми да го
најме тој ајљаз!
ПАНДОРА: Ајљаз! Батакчија без мера! Арамија! Апашиште! Ашлак! На мојата Фатиме ѝ
зеде три илјади алтани, ј’ излага. А еве за тие три илјади шо ѝ донесе – ѓубре, партали...
39
Солунски патрдии
(Вади протестно од вреќите партали и ги фрла. Паца почнува да офка и да се стиска во
мевот.)
ПАЦА: Бабооо! Оооооф! Лелееее!
ЕВДОКИЈА: (Ја гледа и таа писнува.) Леле, дојде...
ПАНДОРА: Дојдете горе! Ајде, бабо! Ајде, Пацо! Че му надробиме нему таква попара,
така по женцки, има да бега ден далеку од нас...
(Сите се губат зад врата. Доаѓа Пејо и Јашар бег. Пејо оди напред, поттрчнува, Јашар
бег по него, дречливо облечен, достоинствен.)
ПЕЈО: Сеа че видиш, Јашар бег, шо не си вишол досеа... Цанде че си остани бел во очите,
а јас и ти – аха-хааа! Ти Фатиме, јас Пандето, ’рскоти-плускоти има да биди! Држ, не дај!
Држ ме, мајко, с’ испострав!
ЈАШАР БЕГ: Пеја, затнише тој устата – влезиш некоја мува ти! Врзише јазико и водише
мене во Фатиме...
ПЕЈО: Трај малце, мајката! Сеа че чуеш работи од слатки послатки. Шербет. (Гордо
чекори кон вратата на Фатиме, церемонијално тропа со алката на вратата, сигурен е
во добар прием па гласот му ѕуни од радост.) Фатимеее! Фатимеее!!!
ФАТИМЕ: (Излегува на чардак.) Ах, Пеја, ти бидиш?!
ПЕЈО: Јас, Фатиме и... (Јашар бег застанува пред Пејо и се поклонува.)
ЈАШАР БЕГ: (На турски.) И јас сум овде, Фатиме. Дали сум добредојден, или...?
ФАТИМЕ: (Срдечно, на турски.) Добро ми дошле, мили гости. Бујрум горе... Пандора,
отвори ја вратата! Побрзај да не чекаат гостите!
ПЕЈО: Е, Фатиме, Фатиме, вака и порано д’ онадеше, твојте пари не ч’ ѝ лапнеше матната!
ФАТИМЕ: Такво ми било к’смето, Пеја! (На турски.) Повелете горе, со душа и со срце ви
чекам... (Фатиме се повлекува од чардак.)
ПЕЈО: Виде, ефенди?
(Пандора ја отвора вратата.)
ПАНДОРА: Оооо! Кого ми гледаат очиве? Мили гости, верни пријатели! Повелете!
Бујрум, Јашар бег! (Јашар бег одеднаш се задрвува и стои како кол.) Ајде, ефенди!
Бујрум! Гене бујрум!
ПЕЈО: (Го потурнува.) Влегувај, ефенди, дури не с’ испишманиле! Шо си се здрвил, да му
го опрам!? Не глеш дека небото ни с’ отвори!
(Го турка пред себе Јашар бег. Се губат сите тројца. Веќе е стемнето. Службеното
лице ги пали фенерите. Се слушаат камбани. Доаѓаат Цанде и Сотка. Сотка носи
тамбура. Цанде пак облечен раскошно.)
СОТКА: Пред д’ ѝ го дајш рубино, да е стоплиме малку со музиче...
ЦАНДЕ: Селото гори, бабата се чешла.
СОТКА: Цанде, убата песна срце разбудува...
ЦАНДЕ: Пет пари ми е ало, ама ај пеј... Кога чоек пајџа в море и за сламка се вајча...
СОТКА: Че пејме и да не ни се пеј, не ватил такциро. На зорт време чоек и на песо му
вели „брате“... (Сотка почнува да пее. Му дава знак на Цанде и тој да пее. Цанде тегне
фалшиво, на чардак се појавуваат девојки. Цанде ги брка меѓу зборовите од песната.)
ЦАНДЕ: Бегите, мори!... Не е за вас... Бегите! (Никој од кај Фатиме не се појавува.)
СОТКА: Цанде, работава ми се гледа чкулава. На МОЈ две песни никој да н’ излези, то ни
било ни че биди!
ЦАНДЕ: „Ни че биди“ а еве Е! (Одеднаш решително.) Тропај на вратата! Нема појче трте-
мрте! Тропај! (Сотка тропа.)
ГЛАСОТ НА ПАНДОРА: (Певно.) Кој тропааа?
(Пандора излегува на чардак. И Сотка потпевнува, ама несигурно.)
СОТКА: Погодиии, Панде, гулапчеее!
ПАНДОРА: (Бесно.) Сиктер! И ти уште имаш сурат д’ излезиш пред нас! Џабе ти е
пеејнето! Сеа мојш гуски и орли да пасиш со твојата тамбура! Драпешкојна! Цаманам,
цаманам...
40
Солунски патрдии
СОТКА: Еј, де! Ако сум те штипнал, не сум те заклал! Тики, ако толку си лута на
штипејнето, нема појче ни да се трилнам во тебе, жими тебе, д’ ослепиш ако лажам...
ПАНДОРА: Слепци да те водат, слепенику еден! Знајш ти убо дека не е за никакво
штипејне, мочко еден!
СОТКА: Ако е за она шо те ватив за...
ПАНДОРА: Уше и се драпаш, јаникара црна те вркнала та те откорнала!
(Фатиме излегува на чардак.)
ФАТИМЕ: Со која правиш лаф, Пандо?
СОТКА: Ние сне, Фатиме, јас и ефенди Цанде. Ти го донесовне овој рубин...
(Го покажува рубинот, Фатиме студено.)
ФАТИМЕ: Добро. Чекиш долу! (Фатиме се повлекува.)
СОТКА: (Со шепот.) Цанде, ова не ми се бендисува. Ако... (И Пандора се повлекува од
чардак.) ако некој им кажал, г’обравне бостано... Пандеее... Панде мори, отвориии! (Пак
тропа на вратата. На чардак се појавува Пејо. Се перчи, ликува, ги гледа со дланка над
очите.)
ПЕЈО: Шо е ова? Кој тропа вака? Кој вика? Ооо! Ти си Ца... ефенди Цанде!!! Мило ми е
шо те глем! Кај си ти, од кога не сум те вишол. Срцево ми беше запекало да те видам, да
те чујам... Само малце доцна ми идиш, местата се зафатени, нема ношто да седните, а и
тајането одамна почна!... Оооо, Сотка!!! Пиле, и ти си бил тува?!! Климчиш пред врата!
(Сотка стега тупаници.) Нема зошто да се напињаш ко коска д’ имаш в газ! Би твоето –
помина. Сеа мојш саде да ми се ватиш за мандалово...
СОТКА: Се прчиш таму, ГОРЕ! Слези ДОЛУ ако ти стиска!
ПЕЈО: Да слезам долу? Јас, брат, БЕВ долу, а вие бевте овде, горе, сеа јас сум горе, а вие
сте долу – веков е скала. И чколија! Коа си горе, треба да знајш д’ останиш горе. Ама вие
ј’ избуричкавте работата, ј’ искашкавте, фиран е напрајвте...
СОТКА: Не јади многу, оти че се засркниш, бишко мариовска, туку слези долу да ти
земам мера за да ти го скројам чурко!
ПЕЈО: Да слезам долу – зошто? Пцојсано магаре волко не јади.
СОТКА: Е креваш опашката таму горе!
ПЕЈО: Непаре ми те слушам, слабо ти пеј петело! Ами моли бога и богоројца да не
слегувам долу, оти ако слезам че те папнам ко леб и сол! Че думаш дури си жив кој е Пејо
Мариојцо. Зато не влечи си е ортомата!
СОТКА: (Бесен, вика.) Не бричи стап!
ПЕЈО: Не бричи петел!
(Цанде со гестови и мимика навива за Сотка. Го храбри. На секоја негова реплика се смее
како на нешто најдуховито.)
СОТКА: Не јади лајна!
ПЕЈО: (Одеднаш помирлив.) Пеки, Соте, не јадам! Јади ѝ ти!
СОТКА: Аааа! Само ако ми падниш в раце, лочки че те напраам, мамето твое мамино!
ПЕЈО: Тууу! Јуначиште! Ми се стресоа јајцава! (Пејо се наведнува над чардак надолу и
вика.) Суртуци! Арамолевци! Ашлаци! (Сотка срипува да го удри, не може да го
достигне па сѐ што ќе му дојде до рака зема и фрла горе на Пејо. Се заморува, клекнува,
дише длабоко. Сега Пејо го намамува Цандета.) Арамијо! Ајван! Келеш! (Сега Цанде го
прави истото што преѓе Сотка.) Тресигаз! Беспарешко! Пустимако! (Цанде се заморува,
клекнува, сега Сотка продолжува да скока, да фрла по Пејо. Пејо ужива горе. Го забрзува
ритамот на навредите за да ги умори, ги повторува навредите.) Суртуцу! Давајгази!
Мајмуни!!! Мајмунииии!!!
СОТКА: Фатимееее! Отвори, мори, ѕрцките да му ѝ изваам! Да му е смачкам глата ко на
змија!
ПЕЈО: Че ми прдниш на од трите подолгото!
(Фатиме излегува на чардак.)

41
Солунски патрдии
ФАТИМЕ: (Подбивно, како да не знае што станува.) Кој викаше пред мој куќа? Да не
дерише некој живо чоек?... Оооо, ефенди Цанде?! (Излегува и Пандора на чардак.)
ЦАНДЕ: Фатиме, убајно моја! Виделино моја! Зар заборај колку јас тебе...
ФАТИМЕ: Од ти јас не чекише тој!
ЦАНДЕ: Шо, Фатиме?
ПАНДОРА: Уше прашуваш шо, ќутук еден?! Со ноктиве очите че ти ѝ ископам!
СОТКА: Де мори Панде, шо си се засукала толку!? Вака песосана уше не сне те виделе!
ЦАНДЕ: Фатиме, да не Пејо нешто ти изналагал?
СОТКА: Лажи тој ко Еврејн! До еден збор шо че речи, ч’ излажи!
ЦАНДЕ: Лажи и се крсти – таков ништоверец е. Ако нему му верувате...
ПАНДОРА: ЈАС видов, со овие мој уши, со овие мој очи, каде отидоа парите од Фатиме!
ЦАНДЕ: Не знам ништо за то, жими татко!
ПАНДОРА: Не знајш?! Ух кутриот тој, не знае. Срчка те...
ФАТИМЕ: Траиш ти малце, Пандоро!... Не знаише, а? А дали знаише оти имаш еден
свршеница во Прилеп? А мене кажише не. Лажише ти, а не Пеја! Лажише за свршеница,
лажише за стока од татко, лажише за алтани што мене земише... Јас правиш давија кај...
ЦАНДЕ: Чеки малце да те прашам нешто...
ФАТИМЕ: Без прашаш еве моја одговор! (Слатко, на турски.) Јашар бег, те молам излези
на чардак!
ЦАНДЕ: Јашар бег?!?!
(Јашар бег излегува на чардак, ја прегрнува Фатиме.)
ЈАШАР БЕГ: Мерхаба, ефенди Цанде! Дојдише ти?
(Пејо им покажува сливка.)
СОТКА: На мајка ти д’ѝ го дајш то, спечало твој! Панде, пуштај ме внатре фушкија да го
напраам! Пуздер да го сторам!
ЦАНДЕ: (На Пејо.) ТИ че ми платиш за сѐ! Ти уше не го знајш Цандета од Мртојчко
сокаче! Цанде никому борчлија н’останува!
ПЕЈО: Никому борчлија н’ останува! Види, види! А борчо од три илјади алтани на
Фатиме? А борчо од пет илјади алтани на Аџи Јанкула?
ЦАНДЕ: Аааа!!! Отворајте е вратата оти че е парчосам!
СОТКА: Отворајте оти че ви е запалиме кујчава, ч’ изгорите ко глувци, гламни црни че се
сторите!
ФАТИМЕ: (Мирно, на турски.) Ефенди Јашар бег, љубов моја, преземи нешто, овие
ашлаци долу побеснаа, сакаат куќава да ми ја запалат...
ЈАШАР БЕГ: (Јашар бег ја трга раката од рамото на Фатиме, се наведнува над чардак
како говор да ќе држи и викнува.) Сиктер, бре, ашлак!!!
СОТКА: Оооо! Јајцава ми ги стресе! А тебе, Цанде?
ПЕЈО: Че ви се стресат ако јас ви слезам долу! Срејча ваша шо не ми се слегува долу, овде
ми е поубо (Ја прегрнува Пандора.) Ептен поубо! Да ми се слегуваше долу, пивтија од вас
че напрајв! Че ве скопев ко крмаци да не му додевате на чесните моми!
ЦАНДЕ: Аааа! Ако ви се качиме горе...!
(Цанде и Сотка, бесни, вадат од вреќите сѐ и сешто и фрлаат горе. Пејо на сето тоа им
се плази и одвреме навреме некој дофрлен предмет им го фрла назад. Јашар бег, Фатиме
и Пандора се смеат, си гледаат претстава. Викотниците од Цанде и Сотка сѐ појаки, се
појавува Марија, вика „Јорго, Јоргооо“ и потоа истура леген врз Цанде, на што горе се
кинат од смеење. Тогаш од гостилницата излегуваат Аџи Јанкула и Секула. Аџи Јанкула
нешто вика, Секула вика, но во метежот ништо не се разбира. Тогаш Аџи Јанкула го
занишува ѕвонецот пред вратата на гостилницата, сите молкнаа.)
АЏИ ЈАНКУЛА: Шо е ова, бре брајча, бре лујџе божји?! Каква гозба прајте?
ЦАНДЕ: Гозба?!?! Тебе ова ти е гоба?! Ти мене оваа ГОЗБА ми е стокми, токмак еден!
(Цанде зема една столица и јурнува кон Аџи Јанкула. Секула го задржува, држејќи ги
ногарите од столицата.)
42
Солунски патрдии
СЕКУЛА: Лујџе, помагајте! Татка си го закла! Помооооош!!!
(Од една гостилница излегуваат Шабан и неговите придружници. Шабан го крева
стапот во вис, но никој не го гледа. Тогаш Ејуп вади пиштол од појас и пука во воздух.
Сите остануваат како што ги затекна истрелот.)
ШАБАН: Заприш, бре шејтан! Бре азган милет! Ќовден ѓелмиш, леблеби олмиш! Колиш
еден два! Терам сургун Анадолија! Скапиш таму! Колиш еден два!
СЕКУЛА: Не еден два, ефенди, ами син татка си коли! Својо баба колише.
ШАБАН: Резил!!! Голема резил!!! (На Ејуп и Рамадан.) Ова бесен песи тера в апц!
ПЕЈО: (Го позна Шабана, вреснува.) Шабан ефенди!!! Мудур ефенди!!! (Шабан ја врти
главата околу себе да види кој го вика, неговите придружници исто.) Уу-уу! Ваму горе
глејте... не таму.. Чеки, сеа че слезам! (Со неколку скокови слегува по скалите и се качува
на пазарџиската маса.) Мудур ефенди...
ШАБАН: Ти... бидиш... Пеја?!
ПЕЈО: Пеја, мудур ефенди! Јас ја најдов ќерка ти Назмие! (Шабан се фаќа за срце, уште
да падне.) Ене онаа мома на чардакон... Таа има бемка под... левата цицка... Таа се вика
Фа... Назмие...
ФАТИМЕ: (Од чардак, вреснува.) Бабаааа!!! (Се губи од чардак.)
СОТКА: (На Цанде.) Вистина има бемка под левата цицка? (Цанде му покажува со раце
колкава бемка има.)
(Дотрчува Фатиме и му се фрла во прегратка на Шабан.)
ФАТИМЕ: Бабааа! (Остануваат долго во прегратка, Фатиме плаче, тој ја гали по глава.
Сите стојат затечени.)
ФАТИМЕ: (На турски.) Прости ми, татко, за сите неволји што ти ги направив.
ШАБАН: (На турски.) Ќерко моја најмила, простено ти е од мене и од Алах! Жива да си.
Штом те најдов ништо друго не ми треба. Сѐ ќе се нареди! Сѐ ќе биде!
ПЕЈО: (Свикува од маса.) Мудур ефенди! (Крева рака, рипнува од маса, сите во
очекување.) Сѐ че се нареди! Сѐ че биди! И то сеа одма! (Го фаќа Јашар бег за рака и го
доведува пред Шабана и пред Фатиме. Покажува на Фатиме.) Ефенди Јашар, не родила
мајка мома ко Фатиме наша...
ШАБАН: Ашколсун, Пеја! Ти, кардаш, право речише!
ПЕЈО: ... цел Солун прикажува за личотата нејзина и за богацвото нејзино. Али е сакаш за
жена да ти биди?
ЈАШАР БЕГ: Евет!
ЦАНДЕ: (Крикнува.) Кревет?! Јок! Јооок!
ПЕЈО: Фатиме, еве ти маж, маж... ко петело наш! Камен да вати – вода че пушти. Да ти е
страв да го опулиш! Али го сакаш за маж?
ФАТИМЕ: Евет!
ПЕЈО: Бакнете се и – в кревет! (Фатиме и Јашар бег се прегрнуваат.)
ЦАНДЕ: Јооок! Лујџе, шо е ова? Али сонувам јас или...?!
ПЕЈО: Не сонуваш, ефенди Цанде! Еве ти го татко ти Аџи Јанкула, погледни го и че се
расониш! Тој че ти прости и че т’ одведи во Прилеп, кајшо мајмун не игра! Моли го за
прошка!
ЦАНДЕ: Татко, ме познаваш ли сеа? Че ми простиш ли?
АЏИ ЈАНКУЛА: (Го прифаќа во прегратка Цандета чија глава му е легната на рамо.
Цанде ги гледа Фатиме и Јашар бег прегрнати.) Синко, нека ти е простено од мене и од
бога!
ЦАНДЕ: Води ме во Прилеп, татко – глем јас оти овде нема лепче за мене...
АЏИ ЈАНКУЛА: Да знајш, синко Цанде, чоек е појак од камен и послаб од јајце...
ЦАНДЕ: Шо убо го велиш то, тате!
АЏИ ЈАНКУЛА: Дома уше поубо че ти велам!
СОТКА: (Мрмори за себе.) На крајо само јас си останав труден!
ПЕЈО: Мудур ефенди, ти дојде ли сеа срцето на место?
43
Солунски патрдии
ШАБАН: (Ја клава раката на срце и гледа в небо.) Ал-лах! Ал-лах и ти, синко Пеја! (На
Ејуп му дава знак.) Даиш Пеја сто алтан што ветише и уште сто алтан... Нека знаи кога
Шабан бег најдише Назмие! Ал-лах! Шуќур!
(Ејуп му дава пари на Пејо. Пејо прави метании и ги пика парите в џеб.)
ПЕЈО: (Зашеметено од толку пари се поклонува лево и десно, и на Шабан и на Ејуп и на
Рамадан, и на Јашар бег, и на Сотка, и на Цанде, и на Пандора, и на берберот, и на
фотографот, и вика.) Да ти се многу години, мудур ефенди и на твојата ќерка Назмие! Да
дочекаш внуци и правнуци!
ШАБАН: Ал-лааах! Алаи-билаи! Ал-лаааах! (На Ејуп.) Трчиш најдиш некој свирише и
пеише! (Ејуп истрчува.)
ПЕЈО: (Го видува Цандета скиснат крај татка си.) Цандеее! Шо си се стуткал целио, да
му го опрам?! Овој век колку е гнил, толку е мил! Да не сум јас Пејо Мариојцо, ако немам
нешто и за тебе!... Глеј горе! (Горе стои Паца во женска облека.)
ПАЦА: Цандееее!!!
ЦАНДЕ: (Невесело.) Пааацооо! (Паца трча надолу по скалите, доаѓа кај Цанде и му се
фрла во прегратка. За тоа време Евдокија слегува со повиено бебе в раце и застанува
крај Цанде.) Ова... мое?!
ПАЦА: Па... твое... ми се чини...
ЦАНДЕ: (Го гледа бебето.) Носов мој... (Го буцка бебето по носот.) Буц, буц...
АЏИ ЈАНКУЛА: Кај се најдоа сиве овие, жити Ристоса, Секула?
СЕКУЛА: Ко одземи да никнаа! И внуче ти никна! (Секула го води Аџи Јанкула кај
бебето. Паца му го дава в раце.)
ПАЦА: Дедо, да ми те подржам, сине! (Аџи Јанкула го држи несмасно.)
СЕКУЛА: Прво внуче, аџијо! Дарувај го!
АЏИ ЈАНКУЛА: Заќути, ламјо, че го разбудиш!
(Паца нешто му зборува на Цанде, тој мавта со глава. Пандора срамежливо доаѓа пред
Пејо, со очекување.)
ПАНДОРА: Ами јас, Пејо? Ако Фатиме се мажи...
ПЕЈО: Ти, Панде? (Пандора го гледа со надеж.) Тебе те...
ПАНДОРА: (Со очекување.) Мене ме...
ПЕЈО: Тебе те давам на... на... (Разгледува.) ... н’ овега! (Покажува на Сотка.)
Кандисуваш ли да го земиш за свршеник и потаму за маж ова... плашило? (Подбивно.)
Види го! На нога не гази! Кој можи да му застани каршија? Очите во глата му играат!
Туѓо јади, туѓо пија и пак борчлија е!
ПАНДОРА: Да пукниш, да тресниш! Ти ми вети... или ме лажеше – не ме сакаш?
ПЕЈО: Ти ветив и те сакам, Панде, ама во Градешница ме чека Ѕвезда моја... и мојте
дечиња: Вангеле, Ристе, Илчо, Ладе, Боце, Микајле, Стојнето, Васето, Ценето... (При тоа
брои на прсти, не му излегува сметката, па пак повторува.) Вангеле, Ристе, Илчо, Ладе,
Боце, Микајле, Стојнето, Васето, Ценето... Девет... Уште едно че да беше? (Ја турка
Пандора кон Сотка.) Глеј дури не ти летнало врапчето од рака оти после мачно се вајча...
(Пандора колебливо оди кај Сотка, тој ја прегрнува. Од десниот сокак доаѓа Ејуп а по
него чалгаџии. Пејо вреснува.)
ПЕЈО: Столе!!! Го бев заборавил Столета! Татин тој! Лујџе, коа че се вратам в Марио...
сеа пари имам д’ им е платам џезата на мојте Мариовци (Го погледнува Шабана.) Да ти се
многу години, мудур ефенди... па че му се курдисам на моето магаренце и ч’ ѝ заредам
селата од Градешница па пругоре, па прудолу, па лево, па десно... (Радосен, среќен,
свикува, шири раце како да ќе летне. Поучно.) Ој кај ојш, ама за дома мисли!
СЕКУЛА: Пејо, баце, ме заборај мене! Јас ако сум кроток...
СОТКА: Одошто си кроток и благ мувите че т’ изедат!
СЕКУЛА: (На Сотка.) Не драпај колчишта ти!... Пејо, дај нешто за каснување, за
пијајне... Кожа и коски станав од нејадејне – да ме дувниш че паднам!
АЏИ ЈАНКУЛА: (Со внучето в раце, лут.) Да е кабил и низ уши да гнетиш, ламјо!
44
Солунски патрдии
ПЕЈО: (На Секула.) Тебе, Секула, сеа че ти дам нешто поубо од јадејнето... (Ја фаќа за
рака Евдокија.) Земи си е, Евка! Таа сама, ти сам, зошто ко укори дома да седите? Ти сам
сеа, н’ овие годиње, ни в газ не мојш да се дупниш! (Ја турка Евдокија кон Секула. Секула
по кратко колебање ја зема за рака Евдокија.) Дните ни летаат и се кусат, зато умо в гла!
Сеа кога е врзавме работата со бубајчарен конец... (Вреснува кон чалгаџиите.) Музика,
бре! Песна, бре!
(Чалгаџиите засвируваат, сите пеат и поведуваат оро. На чардак се појавува Марија и
вика: „Јоргоооо!!! Јоргооо!“. Од една гостилница излегува Јорго, мртов пијан. Се порева,
се плетка низ луѓето фатени во орото и пијано тептави: „Ма... рија...! Мааријааа...
ерхеме, Марија... ерхеме...“ Марија се наведува и пак се појавува со леген в раце. Легенот
го плиснува долу врз разиграните, но тие продолжуваат да играат и да пеат.)

КРАЈ

45

You might also like