You are on page 1of 7

Фонетика и фонологија

1. Фонетиката е дел од науката за јазикот што ги проучува


гласовите, нивното образување, нивниот изговор и
поделба. 

Фонетиката, исто така, ги проучува гласовните промени и


зборовниот акцент.

Зборовите се делат на најмали делови – гласови.


Во македонскиот јазик има 31 глас.
Фонетиката ги проучува гласовите според нивниот изговор,
односно артикулација (каде и како се формираат гласовите и
кои говорни органи се употребуваат).
2. Освен како посебни единки, гласовите можат да се разгледуваат
и според функцијата која ја вршат во зборот. Гласовната единка
што врши смисловна функција во зборот се вика фонема. (Сон –
сок, сол, син, кон, фон итн. Со промена на една фонема се менува
значењето на зборот.)
Фонологијата ги проучува фонемите.
(фонетиката и фонологијата ги проулуваат гласовите)
3. Буквата (графемата) е знакот со кој се бележи гласот.
Во македонскиот јазик секој глас има свој знак (еден глас – една
буква), односно има 31 глас и 31 буква.
Сите гласови на еден јазик го сочинуваат гласовниот систем, а
сите букви азбуката.
4. Поделба на гласовите

Гласовите се делат на: самогласки (вокали) и согласки


(консонанти).
Самогласките се изговараат без пречки, широко, со слободно
поминување на воздушната струја во усната шуплина и имаат
поголема звучност.
Во македонскиот јазик има 5 самогласки а тоа се: а, е, и, о, у.
Поделба на самогласките (вокалите):

Според местото
на создавање во
усната шуплина

Според
поставеноста на
јазикот ↓ предни средни задни

високи И   У

средни Е   О

ниски   А  

Според незаокружени заокружени


положбата на
усните

Самогласките имаат слоготворна функција. Тие ги оформуваат


слоговите, односно претставуваат јадрото на слогот.

Освен самогласката, во слогот може да има повеќе согласки, но,


исто така, тие можат и самостојно да градат слог.
На пример: збо – ро – ви; мост; пе – е.
Во македонскиот јазик, освен самогласките, и гласот р може да
има слоготворна функција.
На пример: прст, кр – вав, пр – вак.
5. Во македонскиот јазик има 26 согласки кои се делат по разни
критериуми.
а) Според местото на образување во усната шуплина, согласките
се делат на:

— уснени: п, б, м, ф, в
— забновенечни: т, д, н, л, ц, ѕ, с, з
— венечни: љ, ч, џ, ш, ж, р
— меконепчени: к, г, х

б) Според начинот на образувањето во усната шуплина,


согласките се делат на:

— преградни: п, б, м, т, д, н, њ, к, г
— теснински: ф, в, с, з, ј, ш, ж, х, л, љ, р
— преградно-теснински: ц, ѕ, ч, џ, ќ, ѓ

в) Според звучноста, согласките се делат на:


Звучни Б В Г Д Ѓ Ж З Ѕ Џ

Безвучни П Ф К Т Ќ Ш С Ц Ч Х

Сонанти:  Ј, Р, Л, Љ, М, Н, Њ

Звучните и безвучните согласки во македонскиот јазик се во парови


(секоја звучна си има безвучен парник), освен Х кое е безвучно.

Сонантите се позвучни од звучните согласки и по својот изговор им


се доближуваат на самогласките.

6. Гласовна промена – едначење по звучност

Гласовната промена едначење по звучност се случува при допир на


две согласки со различна звучност.

Или двете согласки стануваат звучни или двете безвучни. Тоа


зависи од звучноста на втората согласка.

Едначењето по звучност се врши според втората согласка.

а) звучна + безвучна = две безвучни

б + безвучна согласка = п (враб+че = врапче);


г + безвучна = к (снег+че = снекче);
д + безвучна = т (град+че = гратче) итн.

б) безвучна + звучна = две звучни

с + звучна = з (гос+ба = гозба, с+града = зграда) ,


т + звучна = д (сват+ба = свадба), итн.
Едначењето по звучност се бележи и кога зборовите се
префиксираат, односно кога префиксот завршува со звучна
согласка, а зборот започнува со безвучна.

На пример:
зад + скрие = затскрие
над + превар = натпревар
под + свест = потсвест
пред + чувство = претчувство
без + куќник = бескуќник
из + чезне = исчезне

Исклучоци:

— „б“ не се едначи по звучност во зборот: себство;


— „в“ воопшто не се едначи по звучност:
на пр.: овца, вторник, мравка, бевте, читавте, Славка;
(во изговорот се изедначува и го изговараме како ф, но според
правописот, пишуваме в);
—„г“ не се едначи во зборовите: бегство; другпат;
— „д“ не се едначи по звучност пред наставките: -ски, -ствен, -ство,
-ствува: судски, охридски, судство, производствен, бедствува;
— пред ц на граница на основата и множинската наставка -
и: домородци, крадци, месојадци, очевидци, предци;
— „т“ во сложенките чиј прв дел е број кој завршува на -т, а
вториот дел е именка или придавка што почнува на звучна
согласка: петгодишнина, петгодишен, деветгодишен, петдневен,
шестдневен;
— сите звучни согласки кога со наставката -та се членуваат именки
од ж. р. што завршуваат на согласка: заповедта, зобта, надежта,
’ржта;
— кај некои имиња и зборови од туѓо потекло: Вашингтон,
Хабсбурговци, Хонгконг, Фејсбук; гангстер, нокдаун, питбул; како
и кај зборовите со префиксите дис-, пост-, транс- и сл.: дисбаланс,
постдипломски.
7. Гласовна промена – обезвучување на крајот од зборот

Звучните согласки на крајот од зборот ги изговараме безвучно.

Кај обезвучувањето на согласките на крајот од зборот


имаме обезвучување само во изговорот.

На пример:

се пишува – леб; се изговара – леп;

се пишува – град; се изговара – грат;

мраз – мрас; грав – граф; еж – еш.

Домашна работа!!!

1. Што е фонетика, а што фонологија?


2. Што е глас, а што фонема?
3. Што е буква?
4. Колку гласови содржи гласовниот систем на македонскиот
јазик?
5. Што е азбука?
6. Како се делат гласовите?
7. Според кои критериуми се поделени самогласките?
8. Според кои критериуми се поделени согласките?
9. Кои се звучни, а кои безвучни согласки?
10. Кои согласки се сонанти?
11. Објасни ја гласовната промена едначење по звучност!
12. Кои се исклучоците, односно каде правописно не е
спроведена гласовната промена едначење по звучност?
13. Објасни ја гласовната промена обезвучување на
согласките на крајот од зборот!

You might also like