You are on page 1of 8

4.

Прилошка определба за количество и степен – дава податоци


за тоа колку, односно во колакав степен е извршено некое
дејство. Се добива со прашањата: колку? Во колкав степен?

Се изразува со прилози (многу, малку, повеќе итн.) и со именки


или именски групи со предлози (до крај, дваесет години итн.).

5. Прилошка определба за причина – дава податоци за тоа од


кои причини се врши дејството и се добива со прашањето:
зошто? од која причина?

Се изразува со именки со предлози: поради болест, заради друг човек итн.


6. Прилошка определба за цел – дава податоци со каква цел
се врши дејството, се прашува со: со која цел? и се изразува
со именки и именски групи со предлози (отиде по креда).
7. Прилошка определба за услов – одговара на прашањето:
под кој услов? И се изразува со именки или именски групи со
предлози.
8. Прилошка определба за допуштање – дава информација
дека дејството се врши спротивно на очекувањата (најчесто
со: и покрај, при итн.)
На пр.:
Марија чита книга во кревет. (каде? – во кревет ) – додаток за место;
Марија денес чита книга. (кога? – денес) – додаток за време;
Марија ја чита книгата со особено внимание. (како? – со особено внимание) –
додаток за начин;
Марија многу чита книги. (колку? – многу) – додаток за количество;
Марија чита книга заради мајка и. (зошто? – заради мајка и) – додаток за
причина;
Марија ја чита книгата за да (со цел) ја напише лектирата. (со каква цел? – за
да ја напише лектирата) – додаток за цел;
Без да ја напише лектирата Марија нема да добие петка. (под кој услов ? – да
ја напише лектирата) – додаток за услов;
И покрај лектирата, Марија не доби петка. – додаток за допуштање.
Определи ги прилошките определби во следниве реченици:

Се врати од училиште.

Роден сум на Петровден.

Се бореше храбро.

Не троши пари по кафеани.

Учи со музика.

Овде го купив телевизорот.

Во среда правиме тест.

Сања игра најубаво.

Симе учи историја дома.

You might also like