You are on page 1of 3

Прилошките определби ги определуваат околностите под кои се врши дејството.

Прилошки определби за: место, време, начин, количество, причина, цел, услов, допуштање.
Атрибутот и апозицијата се второстепени реченични членови зашто не доведуваат до промена
на структурата на реченицата ниту до промена на информацијата.
Атрибутот е обично придавка или именка која определува некоја особина на именката до која
стои.
Апозицијата со други зборови го кажува истото што и именката до која стои (секогаш се
одвојува со запирки).
Прилошки определби (додатоци на прирокот за место, време, начин...)
Прилошките определби се додатоци на прирокот за околностите во кои или под кои се врши
(се вршело, ќе се врши) дејството. Се даваат податоци за тоа: кога, каде, како, колку, зошто, со
каква цел, под кој услов се врши дејството.
Како прилошки определби најчесто се јавуваат:
- прилозите, на кои ова им е основна функција;
- именките или цели именски групи со предлози;
- глаголскиот прилог.
Разликуваме повеќе прилошки определби:
Прилошка определба за место – дава податоци за местото на вршење на дејството и го
добиваме со прашањата: каде, од каде, на каде?
Се изразува со прилози (тука, таму, горе, внатре, дома итн.) и со именки или именски групи со
предлози (в училиште, покрај Вардар, до клупата, од зградата итн.).
Прилошка определба за време – дава податоци за времето на вршење на дејството и го
добиваме со прашањата: кога, од кога, до кога?
Се изразува со прилози (сега, тогаш, денес итн.) како и со именки или именски групи со
предлози (во петок, следната година, на крајот од полугодието итн.).
Прилошка определба за начин – дава податоци на кој начин се вршело дејството и се добива
со прашањата: како, на кој начин?
Се изразува со прилози (вака, така, некако, лесно, тешко итн.), со именки или именски групи со
предлози (со радост, со ракоплескање итн.), со глаголски прилог (викајќи, молејќи итн.) и со
споредба со како (Живее како крал.)
Прилошка определба за количество и степен – дава податоци за тоа колку, односно во колакав
степен е извршено некое дејство. Се добива со прашањата: колку? Во колкав степен?
Се изразува со прилози (многу, малку, повеќе итн.) и со именки или именски групи со
предлози (до крај, дваесет години итн.).
Прилошка определба за причина – дава податоци за тоа од кои причини се врши дејството и се
добива со прашањето: зошто? од која причина?
Се изразува со именки со предлози: поради болест, заради друг човек итн.
Прилошка определба за цел – дава податоци со каква цел се врши дејството, се прашува со: со
која цел? и се изразува со именки и именски групи со предлози (отиде по креда).
Прилошка определба за услов – одговара на прашањето: под кој услов? И се изразува со
именки или именски групи со предлози.
Прилошка определба за допуштање – дава информација дека дејството се врши спротивно на
очекувањата (најчесто со: и покрај, при итн.)

На пр.:
Марија чита книга во кревет. (каде? – во кревет ) - додаток за место;
Марија денес чита книга. (кога? - денес) - додаток за време;
Марија ја чита книгата со особено внимание. (како? - со особено внимание) - додаток за начин;
Марија многу чита книги. (колку? - многу) - додаток за количество;
Марија чита книга заради мајка и. (зошто? – заради мајка и) - додаток за причина;
Марија ја чита книгата за да (со цел) ја напише лектирата. (со каква цел? - за да ја напише
лектирата) - додаток за цел;
Без лектирата Марија нема да добие петка. (под кој услов ? – да ја напише лектирата) -
додаток за услов;
И покрај лектирата, Марија не доби петка. - додаток за допуштање.
Предмет (директен, индиректен, удвоен, предлошки)
1. Директен предмет е именски член во реченицата врз кој преминува дејството на прирокот,
тој е трпителот, подносителот на дејството. Се наоѓа со прашањата: што? и кого?
Предметот најчесто е именка или долга заменска форма.

На пр.: Тој игра кошарка. (што игра? - кошарка - директен предмет).

Удвојувањето на предметот (директниот и индиректниот) е карактеристичен за


македонскиот јазик и многу често се употребува.

Удвоен директен предмет значи дека сме употребиле покрај предметот и кратка
заменска форма.
На пр.: Јас почитувам постари луѓе. (кого почитувам? - постари луѓе).

Но, наместо само директен предмет ние многу почесто ќе употребиме :

На пр.: Јас ги почитувам постарите луѓе. или: Јас ги почитувам нив.

Што значи дека ќе употребиме кратка заменска форма (ги) и ќе го членуваме предметот.
На тој начин сме го удвоиле предметот.
За директен предмет ги употребуваме личните заменки за предмет:
едн.:мене, ме; тебе, те; него, го; неа, ја: мн.: нас, нè; вас, ве; нив, ги.

2. Индиректен предмет е реченичниот член кон кој е упатено, насочено глаголското


дејство или е цел на дејството. Со него секогаш се употребува предлогот на.
Се наоѓа со прашањето: кому?(на кого?)
За индиректен предмет ги употребуваме дативните лични заменски форми:
едн.: мене, ми; тебе, ти; нему, му; нејзе, ù ; нам, ни; вам, ви; ним, им.

Индиректен удвоен предмет значи дека сме го употребиле предметот и кратката


заменска форма.

На пр.: Јане ù подари на Сања цвет. (кому му подари? - на Сања ù подари).

3. Предмет со предлог е реченичен член кој се врзува со прирокот со било кој предлог.
Се наоѓа со прашањата: што? и кого? и предлогот што е употребен.

На пр.: Ќе одам на роденден кај него. (кај кого? - кај него).


Не можам да живеам без тебе. (без кого? - без тебе).
Ме удри со камен. (со што? - со камен).

Предлошкиот предмет е многу сличен со додатоците на прирокот за околности. Во


примерот: Ќе одам на роденден кај него.- може да прашаме: каде? - кај него, па во тој случај
имаме додаток за место.

Атрибут и апозиција (второстепени реченични членови)


Второстепени реченични членови се оние кои не доведуваат до промена на структурата на
реченицата, ниту пак ја менуваат информацијата, туку нивното отсуство само ја осиромашува.

Атрибут

Атрибутот ја определува именката во реченицата од гледна точка на некоја особина.


Атрибутот може да стои до било која именка (и до подметот и до предметот).
На пр.: Вредната Марија чита убава книга.
Како атрибут може да се јават придавките и именките со предлози, а врската што се
воспоставува со именката до која стои е согласувачка или управувачка (на пр.: убава книга и
книга со убава содржина).

1. Придавски атрибут

Разликуваме:
- обичен придавски атрибут е кога придавката ја употребуваме во нејзиното основно значење
(убава книга);
- епитет е атрибут во кој придавката е употребена со метафорично значење (сребрена коса);
- развиен атрибут е кога придавката не се јавува сама туку со именка со предлог (книга
извалкана со маснотија);
- изделен придавски атрибут е кога придавката може да ја поставиме на различни места во
реченицата.
На пр.: Во училната влезе растревожен еден човек.
Растревожен, во училната влезе еден човек.
Еден човек, во училната влезе растревожен.
Во овие примери се гледа дека растревожен по форма се сложува и се однесува на именската
група еден човек.

2. Именски атрибут

- на именката со некој предлог може да се додаде друга именка што ќе врши атрибутска
функција (книга со скинати страници; книгата на мајка ми);
- две именки една до друга, без предлог (дедо Петко, професорката Емилија, група ученици,
нацрт-план).

Апозиција

Апозицијата со други зборови го кажува и надополнува значењето на зборот на кој се


однесува. Апозицијата секогаш се одвојува со запирки. Може да се јави покрај секој реченичен
член, освен покрај прирокот.

На пр.:
Марија, најдобрата ученичка во нашиот клас, ја прочита лектирата. (апозиција на подметот
Марија - најдобрата ученичка во нашиот клас);
Најдобрата ученичка во нашиот клас, Марија, ја прочита лектирата. (тука апозиција е Марија и
исто така е на подметот);
И ја дадов книгата на Марија, најдобрата ученичка во нашиот клас. (апозиција е најдобрата
ученичка во нашиот клас – и се однесува на предметот; кому? – на Марија).

You might also like