You are on page 1of 4

Именки

.1. Стариот јазик разликувал седум падежи со кои се изразувале различни


односи:
– номинатив – го означувал подметот во реченицата;
– генитив – означувал дел од нешто, посвојност, оддалечување и др.; чиј?
дом оног чов(ј)ека
– датив – означувал намена, индиректен предмет, посвојност и правец;
кому?(на кого?)
– акузатив – го означувал директен предметот во реченицата; „Мажот ја
гледа жената“, но и обратно, „Жената го гледа мажот“ спореди во српски како се менува
Муж гледа жену, Жена гледа мужа.
– инструментал – повеќе значења – средство, друштво и сл.; Ја написао
писмо пером (со перо е кај нас)
– вокатив – означувал повикување;
– локатив – означувал време и место на дејството. (каде?)

. во Стариот јазик службата на именските зборови во реченицата се искажувала со


падежи. Падежите се употребувале со и без предлози. Но, постепено, во
нашиот јазик падежите ја губеле својата функција за сметка на
предлозите кои ја зајакнувале. (И денес ја имаме истата тенденција кај
преостанатите форми на падежите кај заменките – често погрешно се
употребува: на него, место нему).
Губењето на деклинацијата се случува поради влијанието на соседните
балкански несловенски јазици

Во современиот јазик остатоци од падежите наоѓаме


До века, јунак над јунака
Многу од некогашните падежни форми денес станале прилози: зиме, лете, утре, денес

кај формите на личните заменки (јас, мене ме, мене ми и сл. кои ги користиме за


означување на директен и индиректен предмет)

Директен предмет е именски член во реченицата врз кој преминува дејството на


прирокот, тој е трпителот, подносителот на дејството. Се наоѓа со прашањата: што?
и кого?
Тој игра кошарка. (што игра? – кошарка – директен предмет).
За директен предмет ги употребуваме личните заменки за предмет:
            едн.:мене, ме; тебе, те; него, го; неа, ја: мн.: нас, нè; вас, ве; нив, ги.
Индиректен предмет е реченичниот член кон кој е упатено, насочено глаголското
дејство или е цел на дејството. Со него секогаш се употребува предлогот на.
            Се наоѓа со прашањето: кому?(на кого?)
На пример, индиректниот предмет во стариот јазик бил: рекох чловјаку
(датив), а денес имаме аналитичка форма со предлози: му реков на
човекот.

 За индиректен предмет ги употребуваме дативните лични заменски форми:   едн.:


мене, ми; тебе, ти; нему, му; нејзе, ù ; нам, ни; вам, ви; ним, им.
и во формите за повикување кај именките (Марија, Маријо!, брате!). ВОКАТИВ

ДВОИНА За разлика од состојбата во повеќето современи словенски јазици, во старословенскиот


постоеле три броја: еднина (сингулар), двоина (дуал) и множина (плурал). Јасна е употребата на
еднината и множината; двоината се употребувала кога се именувеле две нешта. Нејзината употреба
била задолжителна и постоеле нејзини форми за сите менливи категории. Таа се употребувала и со
сложенки од бројот два, како на пример со броевите 12, 22, 32 или 102. Од современите словенски
јазици ја задржале само словенечкиот и лужичкосрпскиот јазик, а остатоци се среќаваат и во
македонскиот; така, множинските форми: раце, нозе, очи и уши се всушност стари двоински форми
кои ја потиснале соодветната множинска форма (таа е зачувана во дијалекти форми, на
пр. руки, ноги). Покрај ваквите форми, формите на избројаната множина исто така се остаток од
старата двоина: еден клуч, два клуча, многу клучеви.

Придавки

.Кај придавките постоела проста и сложена форма (добра и добрая).


И кај придавките се загубиле падежните форми, како и старите синтетички
форми за компаратив и суперлатив.
Па од: богат – богатјаи – најбогатјаи, денес имаме образување со
морфемите по и нај= богат – побогат – најбогат.
Исто така се загубиле посебните форми за компаратив образувани од други
основи (велик – болии; голем – поголем).
.
Заменки

.Единствено кај заменките се зачувале форми од падежите и тоа: дативни


форми за изразување индиректен (мене ми) и акузативни форми за
изразување директен предмет (мене ме).
Од старите постпозитивни показни заменки: овој, оној, тој, таа, тоа во
македонскиот јазик се развил членот, околу 13 век.
На пр.: Дај ми ја оваа книга (книгава); онаа книга (книгана); таа книга (книгата).
Душа+таа=душата, село+ово=селово

.
Глаголи

Во нашиот јазик, за сметка на упростување на именскиот систем, глаголскиот се


усложнил.

Глаголите во старословенскиот исто така имале голем број форми прости и


сложени.
ПРОСТИ: Постоеле инфинитив (неопределен начин глаголати- да зборува)
и супин (идѫ ловитъ рыби).
Остатоци од инфинитивот- нуму а лафи (неготински, не говори (струмички) не збори- на
зборувај

Но, се зачувале минато определено свршено и несвршено време (аорист и


имперфект), кои во другите словенски јазици се загубиле;

Од трите видови аорист (прв и втор сигматски и асигматски), во современиот јазик останал


само еден во кој има форми од трите.

 Глаголот во аорист главно носи информација за трајноста на глаголското дејство.

минато определено свршено време и означува дејствија кои се случиле или случувале во минатото, но
до моментот на говорење се секако завршени.

Вчера гледав добра серија на нетфликс.

Се чува и имперфектот- минато определено несвршено време. носи инфо за повторливоста. 

Само да ја погледнеше серијата на нетфликс, се ќе му се разјаснеше.


и исто така се јавиле нови глаголски конструкции образувани со помошните
глаголи сум и има. сум дојден, бев дојден; имам носено, сме имале носено).
ПАРТИЦИП е глаголска форма меѓу глагол и придавка; глаголска придавка; означува
глаголско дејство во сложени глаголски форми.

Македонскиот целосно го изгубил или го трансформирал партиципот од општиот словенски, за


разлика од останатите современи словенски јазици. За партиципот во македонскиот се забележува:

Постоеле пет вида партиципи кои се менувале по падежи, од кои денес останале 


(минат пасивен партицип: се трансформирал во глаголска придавка; глаголската придавка на  -н, -
на, -но, -ни;  и  -т, -та, -то, -ти н, -на, -но, -ни;  и  -т, -та, -то, -ти
Гостите беа дојдени.

сегашен активен партицип: се трансформирал во глаголски прилог; Глаголскиот прилог е


неменлива глаголска форма.

несвршени глаголи + додавање на наставката -јќи.  гледајќи“, „носејќи“, „миејќи

и глаголската л-форма, која се користи за образување на повеќе глаголски форми.


(резултативен партицип: се променил во глаголска л-форма (сепак не е партицип бидејќи не делува
атрибутивно). Јадел, спиел

сегашен пасивен партицип: има само изолирани случаи на сегашен пасивен партицип (или остатоци од
него), како што е зборот „лаком“.

минат активен партицип: има само еден останат збор од овој партицип, зборот „бивш“ (но често се
користи зборот „поранешен“, наместо „бивш“). Од бива/бидува

Се појавиле и нови глаголски конструкции образувани со помошните


глаголи сум и има ((сум дојден, бев дојден; имам носено, сме имале носено).

You might also like