You are on page 1of 6

1.3.

Гласовни промени
Гласовните промени што се среќаваат во македонскиот јазик се:

1. Едначењето по звучност (потпретседател < под + прет + седател),


2. Удвојувањето на согласките (раззелени, пролетта итн.),
3. Удвојувањето на самогласките (вообрази, вакуум, паѓаат итн.),
4. Испуштањето на согласките (лист + ја = лисја, радост + та = радоста итн.),
5. Испуштањето на самогласките (старец + и = старци, центар + и = центри итн.),
6. Редувањето на согласките (петок, петоци, петочен; , бубрег, бубрежен, бубрези итн.),
7. Редувањето на самогласките во коренот на зборот ( роди – раѓа, избере – избира
– избор итн.) и други.

1.3.1. Самогласки (вокали) во непосреден допир

Од аспект на тоа каде во зборот се наоѓаат две самогласки во непосреден допир,


се разликуваат три позиции:
1. Почетна (иницијална),
2. Средишна (медијална),
3. Крајна (финална).
На самиот почеток на зборот две самогласки се јавуваат главно во зборови од туѓо потекло:
аеробик, аеродром, аир, аирлија, аорист, апорта, аудиција, аула итн. Но се јавуваат и
зборови од домашно потекло: иако, уапси, уочи итн.
Вокалите во непосреден допир најчесто доаѓаат во средишниот дел на зборот, поточно на
граница меѓу префикс и основа (доора, дооформи, прооден, пооди, поучи, поигра), односно
меѓу основа и наставка, поретко суфикс (досиеја, играат, се смеат, успеаја).
За средишна позиција се смета секоја со исклучок на самата почетна, односо крајна позиција.
Пр.: зоологија, кооперација, тоалет, вакуум итн.
Крајната позиција е главно карактеристична за одделни форми, како што се множинските од
типот: змии, копии, професии итн., потоа глаголи во 3 лице множина во минато време:
работеа, играа, дипломираа итн.
Од горе наведените пример разликување два вида вокали:
1. Eднородни вокали во непосреден допир, и
2. Разнородни вокали во непосреден допир.
Примери од првиот тип се: пооди, заарнува, серии, вакуум, сее, пее итн.
Примери од вториот тип се: аут, аутсајдер, оаза, уедначува итн.
Според потеклото на зборовите, се разликуваат две групи зборови во кои две самогласки се
наоѓаат во непосреден допир:
1. Зборови од домашно потекло, и
2. Зборови од туѓо потекло.
Во првата група влегуваат примери од типот: мои, гледаат, жнее, пооди и др.
Во втората група влегуваат примери од типот: аорта, аут, оаза, вакуум, континуум и др.
Групата зборови во кои вокалите во непосреден допир се наоѓаат на самиот почеток на зборот
со главно зборови од туѓо потекло (аудиотехника, аутопсија, аеродинамичен, еолит,
еуфемизам, оаза и др.).

1
Групата зборови во кои вокалите во непосреден допир се во финална позиција се главно
зборови од домашно потекло (пее, светеа, свои, твои, судии и др.).
- Самогласки во непосреден допир: сооднос, соодносот, вакуум.
- Вокали во непосреден допир надвор од акцентска позиција: викат наместо викаат, гледат
наместо гледаат и сл. Кај овие примери, акцентот паѓа на првиот слог, односно не ги зафаќа
вокалите во непосреден допир.
 Во некои зборови, во финална позиција две самогласки, од кои втората е и, образуваат
дифтонг. Дифтонг е состав од две самогласки од кои едната, најчесто вторат, ја губи
својата слоготворност. Во множинските форми кои стојат наспроти еднинските мој, твој,
свој, а тоа се формите: мои, твои, свои, доаѓа до образување дифтонг, односно до губење
на слоготворноста на и. Па поради овие причини треба да се внимава при пишувањето и да
не се прави грешка помеѓу, на пр: мој часовник и мои чевли.

1.3.2. Испуштање на самогласки (вокали)

1.3.2.1. Испуштање на самогласката е


Вокалот е се губи во множинските форми на некои именки. Тоа се именките со суфиксот
- ец: старец – старци (а не стареци), венец – венци, врабец – врапци, жабец – жапци,
единец – единци, првенец – првенци итн.
Некои двосложни именки со суфиксот – ел го губат е во множинската форма:
кабел – кабли, чевел – чевли, вител – витли, орел – орли, петел – петли, ангел – ангели,
тунел – тунели, панел – панели итн.
Самогласката е отсуствува и во множинските форми на некои интернационализми кои
завршуваат на – ер: aрбитер – арбитри, диоптер – диоптри, магистер – магистри,
министер – министри, олеандер – олеандри, саламандер – саламандри.
Наставки за образување пасивен партицип на претеритот (- ен, - ена, - ено, - ени). Според тоа,
немало основа за губење на е во формите на глаголската придавка (удрен, удрена, удрено,
удрени). Според присуството, односно отсуството на самогласката е се прави разлика меѓу
формите на односната придавка изведена од именката победа: победен, победена, победени, (се
пееја победни песни, т.е. песни за победата) и формите победени (победените екипи
незадоволни го напуштија теренот). Слично стојат работите и со односните форми на
придавките ненаситен, незаситен (незаситна душа) наспроти формите на глаголските
придавки ненаситен, незаситен (незаситена смеса).

2
1.3.2.2. Испуштање на самогласката О

Самогласката О се испушта во мал број зборови, по традиција наследени од постари времиња,


така што може да се заклучи дека испуштањето на О е само една историска гласовна промена
во нашиот јазик.
Самогласката О се губи во формите за женски и среден род во еднина и во множинската форма
на придавките: близок, жежок, кревок, редок, сладок, низок, тежок, тивок и др., потоа во
множинските форми на именките: лакот, нокот, јазол (лакти, нокти, јазли), потоа кај
именките на – ок: потомок – потомци, опинок – опинци, предок – предци, како и во една од
двете различни множински форми на именката момок – момоци (со значење: момчиња),
наспроти момоци (со значење: слуги).

1.3.2.3. Испуштање на самогласката а

Самогласката а се губи во членуваните форми на некои апстрактни именки од туѓо потекло


(кои, со оглед на нивната апстрактност, по правило немаат множински форми) со завршеток
-зам: eнтузијазам, идеализам, федуализам, материјализам, туризам итн.
Кај некои именки од туѓо потекло што имаат множинска форма самогласката се губи во
множина: метар – метри, театар – театри, амфитеатар – амфитеатри, центар – центри,
педијатар – педијатри, психијатар – психијатри, литар – литри итн.
Членуваната форма нема потреба од самогласката а, затоа што членската наставка – от го
презема крајното м од членуваната форма, а разбивајќи ја на тој начин согласната група тешка
за изговор: eн - ту - зи - јаз - мот, и во некој зборови од домашно потекло, како: добар, итар,
модар, мудар, остар, храбар и др. доаѓа до губење на а во формите за женски и за среден род
во еднина и во множинската форма: добар – добра, добро, добри. Причината за испуштањето
на а во односните позиции е слична на претходно споменатата.

1.3.3. Редување на самогласки (вокали) во коренот на зборот

Оваа гласовна промена, позната уште како превој на вокалите, потоа алтернација, апофонија,
аблаут, во македонскиот јазик е наследена од старословенскиот, а е многу стара гласовна
промена која старословенскиот ја наследил од прасловенскиот, а тој од индоевропскиот
прајазик. Редувањето на кореновиот вокал е многу продуктивно во случајот: (из)бере, (из)бира,
(из)бра, избор. Овде е застапен следниов однос на кореновите вокали: e - и - а - о. Во формата
(из)бра отсуствува кореновиот вокал.
Најчесто како резултат на редување се јавува односот е – о: рече – пророк, лежи – полог,
дере – разговор, пренесе – пренос, изнесе – износ, пее – пој и др. Како што се гледа, глаголот
содржи вокал е, именката вокал о.
Односот и – о, повторно на релација глагол – именка, е присутен во следните примери:
бие – бој, завие – завој, гние – гној, крие – покрив, рие – ров и др.
Отсуство на кореновиот вокал кај глаголот наспроти о кај именката има во примерите:
умре – умор, напре – напор, простре – простор, проѕре – прозорец и др.

3
Редување на кореновиот вокал има и кај глаголите што претставуваат видски парови, односно
на релација глагол од свршен вид – глагол од несвршен вид: роди - раѓа, погоди - погаѓа,
проговори - проговара, одговори - одговара, помогне – помага и др.
Свршен глагол без коренов вокал и несвршен со коренов вокал и: запре - запира,
умре - умира, навре - навира, простре - простира и др.
Врска на два збора со ист корен каде дошло до редување на коренов вокал: чешел - коса,
племе - плод, лее - лој и др.

1.3.4. Едначење по звучност (регресивна асимилација)

Во овие два примера


За Велигден се очекува жешко време имаме едначење по
На свадбата на Љупка јадевме вкусни слатки. звучност.
Во основата на споствената именка Велигден лежи придавката велик.
Велик + ден = Велигден

Формата за среден род еднина од придавката жешко стои наспроти формата за машки
род еднина жежок.

Именката свадба е добиена од именката сват со додавање на суфиксот - ба.


Сват + ба = Свадба

Именката Лупка е добиена на следниот начин: Лубка = Лупка.

Именката сладки е добиена вака: Сладки = Слатки.

Кога една безвучна согласка, каква што е ќ , ако се најде пред звучна согласка ја
менува својата звучност. На пр. к преминува во г, од велик преминува во велиг и се
добива Велигден.

Звучната согласка д е добиена со озвучување на нејзиниот безвучен парник т:


сват + ба = свадба (т → д).

Едначењето по звучност е гласовна промена при која доаѓа до непосреден допир во


две согласки различни по звучност и заради полесен изговор првата согласка ја менува
својата звучност и се изедначува втората според својата звучност.

Едначењето по звучност се реализира како:

1) Oзвучување - кога првата, безвучна согласка преминува во својот звучен


парник под влијание на следната звучна согласка;
2) Oбезвучување - кога првата, звучна согласка под влијание на следната,
безвучна согласка преминува во својот безвучен парник.
На пр: град + че = гратче, држи + ка = дршка, маж + ки = машки.
- Формообразување: близок (блиска, блиско, блиски), редок (ретка, ретко, ретки).
Во нашиот јазик почесто доаѓа до обезвучување отколку до озвучување, на пр:
- без, воз -, зад -, из -, над -, под -, пред -, раз - итн, па при нивно додавање на збор што

4
почнува со безвучна согласка доаѓа до обезвучување на пр. (без + совесен =
бессовесен, пред + пладне = претпладне) итн. На пр. под + пред + седател =
потпретседател.
Обезвучување на звучните согласки на крајот на зборот заради полесен изговор.
На пр: брег – брек, град – грат, нож – нош, прв – прф и сл.
Гласовната промена едначење по звучност претставува регресивна асимилација,
затоа што втората согласка влијае на промената на звучноста на првата согласка.
Асимилација значи изедначување.
Прогресивна асимилација имаме кога првата согласка влијае на звучноста на
втората. Хибридниот суфикс од турско потекло – џија, има своја безвучна варијанта –
чија. На пр: водоводџија, ловџија, љубовџија итн. Кога зборот завршува на безвучна
согласка, се додава суфиксот – чија. На пр: бурекчија, топчија, ќебапчија итн.
Кога фонемата в ќе се најде пред безвучна согласка, таа се обезвучува при изговорот,
односно преминува во својот безвучен парник ф: фчера, офца, мрафка, фкусни, а се
пишуваат вака: вчера, овца, мравка, вкусно.
За разлика од другите звучни согласки коишто, кога ќе се најдат по безвучна согласка,
условуваат нејзино озвучување (на пр. мирис + ба = миризба), фонемата в не ги
озвучува безвучните согласки кои се јавуваат пред неа, на пр. тиква, жетва и сл.
Почести случаи на различно пишување и изговор има кај звучната согласка д пред
суфиксите што почнуваат со безвучна согласка - ски, - ство и - ствен
(градски, раководство, производствен итн.), односно пред членската наставка - та
(заповедта, жедта итн.) и пред множинската наставка - ци (крадец – крадци; предок –
предци итн.).
Пред членската наставка - та не се бележи едначењето и на другите звучни согласки:
зобта, надежта, глеѓта итн.
Едначење на согласката т : десетгодишнина, деветгодишен, петдневен итн.
Едначење по звучност на согласката г, но само во два изолирани случаја:
бегство, другпат.
Кај формите на зборот крадец основата е крад - кај сите форми (крадец, крадецот,
крадците, крадци), со што се задржува нивната формална поврзаност а со обележано
значење по звучност би имале крадец, крадецот, но: кратци, кратците.
Едначење по звучност не се обележува и во некои сопствени имиња од туѓо потекло
заради нивна што поголема блискост до оригиналот: Вашингтон, Хонгконг,
Брадфорд, Рентген итн.
Сонантите не предизвикуваат едначење по звучност (мирис + лив = мирислив) а не
миризлив, милост + лив = милослив, а не милозлив, обработлив , скокотлив, итн.),
ниту подлежат на едначење по звучност, односно пред безвучна согласка не се
обезвучуваат затоа што, меѓу другото, немаат свои безвучни - парници во кои
евентуално би приметиле.

1.3.5. Звучни согласки на крајот на зборот


Звучните согласки на крајот на зборот се обезвучуваат, односно заради изговор со
помало вложување енергија се изговараат како овие безвучни парници: заб [зап], жлеб
[жлеп], убав [убаф], сплав [сплаф], брег [брек], благ [блак], глад [глат], назад [назат],

5
глеѓ [глеќ], туѓ [туќ], багаж [багаш], цртеж [цртеш], одказ [докас], коловоз [коловос],
беџ [беч]. Оваа гласовна промена е позната како обезвучување на звучните согласки
на крајот на зборот, и не треба да се меша со едначењето по звучност, и покрај тоа
што резултира идентично како една од двете варијанти на едначењето по звучност – со
обезвучување. Зборот град, ако се следи неговиот изговор, треба да се напише грат,
форма наспроти која се јавуваат други, од кои ниту една не содржи т на она место на
кое се јавува кај еднинската: градот, градови, градовите, роден граду мој и сл.
Особено проблематично било, при учење на македонскиот јазик од страна на странци,
пронаоѓањето на зборот во основна форма што содржи т (грат), а тргнувајќи од која и
да е друга форма што не го содржи тоа т (градот, градови итн.).

You might also like