You are on page 1of 2

Стилистика (функционални стилови)

1. Стилистика е наука за стилот на говорење и пишување, односно за


начинот на изразување на мислите, чувствата и впечатоците.
.
2. Разликуваме два вида стилистика:
1. Литературна (за стилските фигури,тропи);
2. Лингвостилистика, во која спаѓаат и функционалните стилови.
.
Функционалните стилови ги употребуваме во зависност од тоа каде,
со кого и за што зборуваме или пишуваме. На пример, различен стил
на зборување ќе употребиме при комуникација со пријателите, со
наставниците и претпоставените, со некој кој има повисоко или
пониско образование, итн. Различно ќе се изразиме при пишуваме
есеј, научен труд, писмо, молба или некој друг пишан текст. Секој
човек, во различни ситуации и заради различни потреби употребува
различни функционални стилови.

.Од повеќето видови функционални стилови кои ги користиме во


секојдневието, се издвојуваат:
.
1. Научен стил;
2. Административен стил;
3. Публицистички стил;
4. Уметничко – литературен;
5. Разговорен стил.
Факторите од кои зависи каков стил ќе употребиме може да бидат
субјективни и објективни.
Стилот зависи од индивидуалните особини на соговорниците, што е
субјективен фактор, бидејќи е важно какво образование имаат, каков
карактер и темперамент, какво е нивното расположение во
моментот, нивната вораст, условите во кои го водат разговорот, целта
на разговорот, темата на разговорот, итн.
Под објективни фактори, пак, за употреба на различни функционални
стилови може да ги вброиме: видот на комуникацијата (јавна,
службена, официјална или лична); усна или писмена како и областа за
која се води комуникацијата.
https://makedonskijazik.mk/2011/11/%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BB
%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0.html?fbclid=IwAR1q
E3FYJFmQsSU87grQwyNbog_NvFTaU-mSsFZFNc1UpYleR861cyKEO54

.
https://makedonskijazik.mk/2011/11/%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BB
%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0.html?fbclid=IwAR1q
E3FYJFmQsSU87grQwyNbog_NvFTaU-mSsFZFNc1UpYleR861cyKEO54

You might also like