You are on page 1of 11

SWOT анализа

Поим за SWOT анализа


Поим за SWOT aнализа

• SWOT анализата претставува анализа на


јаките и слабите страни на бизнисот, како и
анализа на можностите и заканите.
• Таа овозможува да се истражат сите можни
аспекти од бизнисот, да се дефинираат
можните стратегии за развој и да се укаже
на нивните последици.
Поим за SWOT aнализа

• SWOT анализата е една од најефикасните


методи за следење на состојбите и на
промените во опкружувањето.
• Таа е алатка со која се врши вреднување на
влијанието на внатрешните и на
надворешните фактори на опкружувањето
врз успехот на бизнисот.
Поим за SWOT aнализа

• SWOT е акроним добиен од првите букви


на зборовите:

a) Strengths ;
б) Weaknesses ;
в) Opportunities ;
г) Threats .
Strengths – јаки страни
• Произлегуваат од интерното опкружување.
• Тие ги претставуваат предностите на
претпријатието во однос на конкурентите.
• Јаки страни на претпријатието се:
- искуството на работниците,
- вештините на работниците,
- опременоста на производниот процес,
- локацијата на претпријатието,
- брзината на испорака и др.
Weaknesses – слаби страни
• Претставуваат недостатоците на претпријатието во
однос на конкурентите, кои како и јаките страни,
исто така произлегуваат од интерното опкружување.
• Слаби страни на претпријатието се:
- употреба на застарена опрема,
- недоволен број на стручни работници,
- употреба на неквалитетни суровини и
- материјали во производството и др.
• Со отстранувањето на слабите страни се подобрува
конкурентската способност на претпријатието.
Opportunities - можности

• Произлегуваат од екстерното опкружување


на претпријатието.
• Mожности на претпријатието се:
- изградба на нови населби,
- подобрување на инфраструктурата,
- намалување на даноците,
- зголемување на вработеноста и др.
Threats - закани
• Произлегуваат од екстерното опкружување на
претпријатието.
• Заканите имаат негативно влијание и можат
негативно да се одразат врз работењето на
претпријатието.
• Закани на претпријатието се:
- намалена куповна моќ на населението,
- силна конкуренција,
- постоење на монополи на пазарот,
- економска криза,
- политичка нестабилност и др.
Maтрица на SWOT анализа
• По извршената внатрешна анализа со која се
откриени јаките и слабите страни, како и
надворешната анализа и откривањето на можностите
и на заканите на бизнисот, една од битните задачи е
истите да се здружат, а тоа се постигнува со помош на
SWOT матрица.
• Во неа по хоризонтала се поставуваат јаките и слабите
страни, а по вертикала можностите и заканите.
Матрица на SWOT анализа
• Врз основа на здружувањето на матрицата по
хоризонтала и вертикала, т.е. наведувањето на јаките и
слабите страни и на можностите и заканите, се
согледуваат стратегиите (начините на дејствување) на
претпријатието, и тоа:
1. SO стратегија - јакостите да се употрбуваат за
искористување на можностите;
2. WO стратегија - да се искористат можностите за
подобрување на слабите страни;
3. ST стратегија - да се користат јаките страни за да се
избегнат заканите;
4. WT стратегија - да се мирува, односно да се
избегнуваат заканите без да се зависи од слабостите.

You might also like