You are on page 1of 1

SWOT анализа

„Успешен човек е оној, што ќе успее да открие што е тоа што му е потребно на неговиот бизнис побрзо од
неговите конкуренти.“
Рој Л. Смит, истражувач и писател
Што е тоа SWOT анализа?
SWOT анализата е истражувачка алатка која што се користи за самоаланизирање на сопствените предиспозиции на
една организација, но и за ализирање на предиспозициите на конкурентите на пазарот на којшто се натпреварува и
со кои таа настапува на пазарот.
Всушност, SWOT анализата е англиски акроним за една многу едноставна метода на одредување на: силните
страни (straights), слабостите (weaknesses), можностите (opportunities) и заканите (threats) – (од англиското:
SWOT analyses) на една организација или компанија.
Оваа алатка за истражуваење е прилично едноставна, и за самата подготовка не се потребни некои посебни ресурси,
па затоа е препорачлива за сите типови на почетни бизниси.
Едноставно, во табеларна форма поставете ги сите силни страни на вашата компанија, потоа слабите страни, како и
сите можности кои се нудат, но и сите закани по бизнисот –кои и да се, колку и да се. Впрочем, штом е поголема
листата на било која од овие четири страни, толку се помали шансите да пропуштите накоја важна предиспозиција.

Откога ќе ги наброите, ќе увидите дека хоризонтално првите, односно горните две (силните и слабите страни) се
всушност оние лични карактеристики на вашата компанија на кои вие директно можете да влијаете за да константно
ги подобрувате.
Од друга страна пак, вторите две карактеристики (можностите и заканите) се повеќе надворешни пазарни фактори,
на кои индиректно може да се делува, но обично објективно и ќе немате многу можност и влијание подрастично да
ги промените. За таа цел, потрудете се што е можно повеќе вашите акции и напори да не бидат во контрадикторност
со можностите и заканите по вашиот бизнис. На нив гледајте што е можно повеќе да се приспособите.
Воедно, по линијата на вертикалата, силните страни и можностите се оние карактеристики кои се корисни за вашата
компанија односно вашиот бизнис. Нив гледајте постојано да ги подобрувате, односно што почесто и подобро да ги
искористите, за да останете конкурентни и секогаш да ја имате онаа конкурентска предност која што ви е потребна.
Слабостите и заканите пак, се оние кои имаат штетно влијание на вашето работење, нивното избегнување или
елиминирање ќе ви заштеди солидно време и енергија во бизнис-предизвиците со кои ќе се соочувате во иднина.
Освен за вашата сопствена компанија, потрудете се да изготвите вакви SWOT анализи и за вашите конкуренти. Ако
не за сите, барем за тие што се ваша директна конкуренција, или пак за тие што се водечки на пазарот. Доколку сте
успешни во едно нешто можете да бидете сосема сигурни – вашата конкуренција ќе треба да направи SWOT
анализа и за вас!

You might also like