Professional Documents
Culture Documents
CERTIFICATES OF ORIGIN
2012 година
Скопје
2
ЦИП – Каталогизација во публикација
Национална и униварзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје
ISBN – 13 978-608-65096-5-1
3
СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО
CERTIFICATES OF ORIGIN
Вовед
4
комори. Во одредени земји, царините ја имаат одредено правно цената што
може да биде наплатена за сертификати за потекло.
За одбележување се поединечните искуства при користењето
сертификати за потекло. Во сертификатите за потекло треба да се наведе
земјата каде што се произведени, а не од која земја потекнува оригиналниот
бренд (марка). Нормалната постапка за издавање на документите е истиот ден.
Но, услугите варираат во зависност од тоа дали комората го употребува ECO-
системот или дали документите се доставуваат до канцеларијата. Тоа зависи од
методот на доставување на соодветните комори.
Со електронските сертификати за потекло не се спречува верификација
на сите документирани докази за потекло. Според Светското истражување за
сертификати за потекло за 2009 година, тие се признати од страна на
националните власти и странските органи на 19 земји (и одговорните комори).
Електронските сертификати за потекло (ECOs) се` уште не се признати од сите
царински органи. Секоја земја се справува со електронските сертификати на свој
начин. Зависи од одлуката на земјата колку далеку сака да оди со електронскиот
развој и со какво темпо.
Преференцијалните сертификати за потекло им овозможуваат на
производите намалување на тарифите или изземање кога тие се извезуваат во
земји кои ги продолжуваат (прошируваат) овие привилегии (на пр: GSP и
Комонвелт преференцијалниот сертификат).
Италијанските правила не ја прифаќаат декларацијата за потекло како
доказ за не-EУ потекло и само го признаваат не-EУ сертификатот за потекло
(издаден од не-EУ организации) или царинење. Во врска со доказот за не-EУ
потекло, во Велика Британија се прифаќа декларацијата за потекло на
снабдувачот, во отсуство на не-EУ сертификат за потекло, но декларацијата
треба да биде заверена од нотар или слично.
За извоз на софтвер, обезбедениот документ е само патентна лиценца и
компанијата сака да се изјасни за потеклото на софтверот. Стопанската комора
го потврдува потеклото на производот базирано на доказот што го обезбедува
извозникот.
На производителите не им е дозволено да издаваат нивни сертификати за
потекло. Одговорноста за издавање на сертификатот за потекло е ограничена на
секоја организација која може да се класификува како „сигурен орган или
агенција прописно овластена за таа цел од страна на земјата на издавање”.
Оваа работа за сертификација е огромна одговорност која е овластена од
владата.
Доколку Комората има некакво сомневање во точноста на сертификатот
за потекло, таа не е обврзана ниту должна да го издаде сертификатот. Доколку
има некакви случаи на измама, треба да бидат известени соодветните органи.
Бидејќи ова е сериозно прашање, одделот треба да го достави овој предмет до
главниот извршен директор. Во овој случај мора да се следи насоката на
Светската коморска федерација за сертификатите за потекло.
Според Светското истражување за сертификатите за потекло за 2009
година, електронските сертификати за потекло се признати од страна на
националните органи на 29 земји во Светот.
Во Турција нема розева копија на сертификатите. Има трипликат од
сертификати за потекло којшто се користи во Турција и на кој само првата
страна е зелена, останатите се бели. Локалните комори во Турција бараат
придружни документи, како што е извештајот за капацитетот на производителот
за да се докаже дека производителот може да го произведе тој производ, ако
увезат некои суровини или нешто друго во текот на производството.
Придобивките од користењето на арапскиот аертификат се тие што сте
сигурни дека ќе ги исполните сите барања за увоз на стоки. Здружените арапски
сертификати се соодветни за секој извоз во земји од арапската лига, но ако
барателот бара ЕУ-сертификат за извоз во арапска земја, барателот треба да
5
потпише писмо за обесштетување за комората (може да обезбеди текст, ако е
потребно) пред да го употреби ЕУ-сертификатот.
Перу, како корисник на Швајцарската шема на преференции, издава
сертификат за потекло форма А за производи со потекло. Во графата 12 од
Форм А се укажува на земјата (Перу) каде што производот бил произведен и тоа
значи дека е во согласност со потеклото.
Канада ја прифаќа извозната фактура, нормално, како доволен доказ за
потекло. Извозната фактура е обезбедена од барателот, кој е нормално член на
комората, исто така може да не биде член на комората, а ако не е, тогаш
компанијата приложува повеќе податоци за неговата компанија, името на
директорот и акредитивни писма пред да се прифати извозната фактура.
Нормално, тоа е документ кој е вообичаен за да се утврди потеклото на стоките.
Понекогаш ќе имаат посебна декларација за потекло обезбедена од компанијата
и најавена од еден од потписниците. Но, во отсуство на извозната фактура се
бара друг автентичен документ, како што е прекуокеанскиот (странски)
сертификат за потекло од прекуокеанските (странските) стопански комори, каде
што се произведени стоките.
За земјите во кои сертификацијата на сертификатите за потекло не е
регулирана од страна на владата, компаниите можат да се заштитат од
одговорност со земање совети од своите правни советници и, можеби, во
Комората некаква форма на професионален надоместок за осигурување. Овој
вид на осигурување може да варира енормно, за што има примери, бидејќи
секоја комора во Велика Британија треба да има политика на надомест на
штета. Тие тоа го имаат за сите нивни вработени, но тоа е особено важно за
оние кои работат со документацијата, бидејќи можеби од небрежност од нивна
страна можат да имаат многу сериозни последици.
Во досие се чува копија како доказ за сертификатите за потекло (која и да
било розова копија, прикажани при претставувањето). Оригиналот се враќа на
извозникот и тој, исто така, добива уште една копија за сопствена евиденција.
Тоа се фајлови кои се предмет на ревизија кога доаѓа инспекција.
Во некои земји не постои единствено и уникатно тело кое ги овластува
стопанските комори за издавање сертификати за потекло. Може да биде
организација со "одговорност за издавање на сертификати за потекло, што е
ограничена на која било организација која може да биде класифицирана како
доверлив орган или агенција прописно овластена за таа цел од земјата на
издавање... Во прифаќањето на овластувањето за издавање на сертификати за
потекло, се прифаќа одговорноста доверена од владата, како од организацијата-
издавач, така и од сите членови на персоналот кои се вклучени, со огромна
одговорност.
Во многу земји, особено од Блискиот Исток и од Азија, услов е да се има
печат или знак за судски совет на документот, што влијае на кредибилитетот,
автентичноста, или на веродостојноста на она што е наведено во документот.
Овие земји постојано бараат печат од стопанска комора во земјата-извозник или
поседување барања за влезни процедури.
Сертификатите за потекло не треба да се мешаат со декларацијата за
потекло. Го задржуваме терминот "сертификат за потекло" како официјален
документ од страна на владата или од коморите во таа земја и никогаш не треба
да се меша или да се користи како општа изјава за потекло.
Сертификатите за потекло се чуваат најмалку две години од датумот на
издавање, а потоа се уништуваат, а не се чува копија. Царинските органи
бараат преферен-цијалните сертификати за потекло да се чуваат три години.
Најголемиот дел од владите и владините агенции се потпираат на
стручноста и мрежата на стопанските комори, а тоа е чест пример и со првиот
Сертификат за потекло издаден уште во 1898 година. Од 1923 година
Женевската конвенција, која предвидува дека владите може да го одобрат
издавањето на сертификати за потекло на "надлежните органи", владите на
6
развиените и земјите во развој го имаат делегирано издавањето на сертификати
за потекло на коморите, за кои се смета дека се соодветни организации, дека
тие се сигурни и не би ги компромитирале интегритетот, неутралноста и
непристрасноста во издавање, дали се работи за непрефернцијални
сертификати или преференцијални сертификати.
За сертификатите за потекло
7
Второто правило се однесува на одговорноста на подносителот на
барањето да се направи соодветна декларација за потекло на стоката и
предмет на барањето за сертификат за потекло. Потеклото на стоките се
утврдува во согласност со релевантните прописи на Европската заедница. Со
цел да се обезбеди точноста на изјавата, мора да бидат исполнети следниве
услови:
10
11
СЕРТИФИКАТИ ЗА ПОТЕКЛО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
12
13
ЗАБЕЛЕШКИ (2007) за Форма А
15
(2) Канада: за производи кои ги задоволуваат критериумите за потекло за
изработка или преработка во повеќе од една подобна најслабо развиена земја,
внесете ја буква „G” во преградата 8; или пак „F”.
____________________________
* За Австралија, главно барање е извозна декларација на стандардна комерцијална фактура.
Форма А придружена со стандардна комерцијална фактура е прифатлива алтернатива, но
официјална сертификација не е потребна.
** Официјална сертификација не е потребна.
*** Кнежевството на Лихтенштајн формира, согласно Договорот од 29 март 1923 година,
царинска унија со Швајцарија.
**** Соединетите Американски Држави не бараат ОШП Форма А. Декларација во која се
поставени сите релевантни детални информации за производството или изработката на стоката
се смета за доволна, доколку не се бара од царинскиот службеник во соодветната област.
ЦЕФТА-ДОГОВОР
16
Со ова се отвора простор за зголемена соработка меѓу нејзините членки и во
следниве области: трговија со услуги, јавни набавки, инвестиции и заштита на
интелектуалната сопственост.
Зона на слободна трговија со Република Турција - Договорот за слободна
трговија меѓу Република Македонија и Република Турција се применува од 1
септември 2000 година („Службен весник на РМ“ бр. 83/99) и со оваа земја во
примена е слободна трговија. Со Република Турција е во примена дијагонална
кумулација на потеклото со ЕУ.
Зона на слободна трговија со Украина - Договорот за слободна трговија
меѓу Република Македонија и Украина претставува правна рамка со која се
регулира билатералната трговска соработка меѓу двете земји, а се применува од
септември 2001 година („Службен весник на РМ„ бр. 53/2001).
Зона на слободна трговија со ЕФТА од 2012 година – Мултилатералниот
договор склучен меѓу Република Македонија и Швајцарската конфедерација,
Кралството Норвешка, Република Исланд и Кнежевството Лихтенштајн
(„Службен весник на РМ“ број 89/2001), а се применува од 1 мај 2002 година,
обезбедува асиметричен пристап во одвивањето на трговијата со индустриските
и земјоделско-прехранбените производи во полза на РМ. Со тоа, македонските
индустриски производи се извезуваат слободно, без царина на пазарите на
ЕФТА-државите. Во 10-та година од примената на Договорот, а тоа е 2012
година, размената во двете насоки ќе се одвива без царина.
17
8. Reden broj; Oznaki i broevi; 9.Bruto 10.Fakturi
1
Broj i vid na pakuvawa ; opis na masa (kg) (Nezadol`itelno)
stoka ili druga
merka
(litri, m3,
itn.)
ЗАБЕЛЕШКИ
19
или од Европската Заедница чии материјали со потекло употребени во
производството во оваа ПСА-страна имаат најголема вредност.
3. Производите со потекло од една ПСА-страна или од Европската
заедница, кои во ПСА-страната не биле предмет на каква било обработка или
преработка, го задржуваат своето потекло при извоз во една од овие ПСА-
страни.
4. Кумулацијата предвидена со овој член може да се примени само
доколку: меѓу Европската заедница, која било ПСА-страна вклучена во
стекнувањето на статусот на потекло и ПСА-страната на дестинација, се
применува преференцијален трговски договор во согласност со член XXIV од
Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ); материјалите и производите
имаат стекнато статус на потекло со примена на правила за потекло идентични
на овие наведени во овој протокол; или известувањата кои го означуваат
исполнувањето на потребните услови за примена на кумулацијата се објавени
во „Службен весник на Европската унија“ (серија C) и во ПСА-страната наведена
во став 1 во согласност со нивните процедури.
Кумулацијата предвидена со овој член се применува од датумот наведен
во известувањето објавено во „Службен весник на Европската унија“ (серија C).
За целосно добиени производи се сметаат доколку во некоја од
договорните страни се: минерални производи извлечени од нивната почва или
од нивното морско дно; растителни производи набрани таму; живи животни
родени и одгледани таму; производи од живи животни одгледани таму;
производи добиени од лов или риболов извршен таму; производи од морски
риболов и други производи извадени од морето, надвор од територијалните
води на договорната страна со нивни пловни објекти; производи направени на
бродовите-фабрики, таму собрани користени предмети, погодни само за
рециклирање на суровини, вклучувајќи користени гуми што можат да се упот-
ребат само за вулканизација или како отпаден материјал; отпаден материјал и
остатоци од производните операции извршени таму; производи извлечени од
морско тло или тлото под него надвор од нивните територијални води, под услов
тие да имаат ексклузивни права на искористување на морското тло или тлото
под него.
Производите кои не се целосно добиени (во земјата извозник) се сметаат
за доволно обработени или преработени кога се исполнети условите наведени
во списокот во Анекс II. Условите наведени погоре, за сите производи опфатени
со Договорот, ја наведуваат обработкаta или преработкаta што мора да се
изврши врз материјалите без потекло користени во производството и се
однесуваат само за таквите материјали. Од ова произлегува дека, доколку
производот што се стекнал со статус на производ со потекло преку исполнување
на условите утврдени во списокот се користи за производство на друг производ,
условите не се применуваат на производот во кој тој е вграден и нема да се
земат предвид материјалите без потекло кои можеле да бидат користени за
неговото производство.
Покрај претходните забелешки, материјалите без потекло, кои според
условите утврдени во Анекс II не треба да се користат во производството на
производ, сепак може да се користат само доколку: нивната вкупна вредност не
надминува 10% од цената франко-фабрика на производот и со примена на овој
став, не е надминат кој било од процентите наведени во списокот како
максимална вредност на материјалите без потекло.
ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО
20
Производите со потекло од една договорна страна при увозот во друга
договорна страна, може да ги користат погодностите од Договорот доколку е
поднесен еден од следниве документи: уверение за движење ЕУР. 1, чиј
образец е даден подолу; или изјава, понатаму наведена како: "изјава во
фактура" изготвена од извозникот на фактура, испратница или некој друг
трговски документ во којшто детално се опишуваат производите за да се
овозможи нивна идентификација. Текстот на изјавата во фактура е даден во
Анекс IV.
21
- доколку потеклото се стекнува без примена на кумулација со материјали
што потекнуваат од една договорна страна, од Европската заедница или од
некоја од земјите наведени во член 3 : „NO CUMULATION APPLIED WITH“.
Датумот на издавањето на уверението за движење ЕУР.1 е назначен во
рубриката 11 од уверението. Уверението за движење ЕУР.1 треба да биде
издадено од страна на царинските органи и да му биде ставено на располагање
на извозникот откако извозот е подготвен или извршен.
22
Европската заедница или од некоја од земјите наведени во член 3: „NO
CUMULATION APPLIED WITH“
Извозникот кој ја изготвува изјавата во фактурата мора да биде подготвен
во секое време, на барање на царинските органи на договорната страна -
извозник, да ги поднесе сите потребни документи со кои се докажува статусот на
потекло на предметните производи, како и дека ги исполнуваат другите услови
пропишани со овој протокол.
Одобрен извозник
Царинските органи на договорната страна - извозник може да му одобрат
на кој и да било извозник (во натамошниот текст “одобрен извозник”) што има
чести пратки на производи, опфатени со овој договор, да изготвува изјави во
фактури без оглед на вредноста на предметните производи. Извозникот кој бара
такво одобрение мора на царинските органи да им ги понуди сите потребни
гаранции за проверка на статусот на производите со потекло, како и дека ги
исполнуваат другите услови од овој протокол.
Царинските органи можат да одобрат статус на одобрен извозник според
условите кои тие ги сметаат за соодветни. Царинските органи му доделуваат на
одобрениот извозник број на царинско одобрение кој се наведува во изјавата во
фактура. Царинските органи ја надгледуваат употребата на одобрението од
страна на одобрениот извозник.
Царинските органи можат во секое време да го повлечат одобрението.
Доказот за потекло важи четири месеци од датумот на неговото издавање
во договорната страна - извозник и во тој рок мора да биде поднесен до
царинските органи на договорната страна - увозник.
Доказите за потекло поднесени до царинските органи на договорната
страна - увозник по истек на рокот за поднесување определен во став 1, можат
да бидат прифатени за примена на преференцијален третман, во случај кога
неподнесувањето на уверението пред истекот на крајниот рок е предизвикано од
вонредни околности.
Производи кои приватни лица како мали пакети ги испраќаат на приватни
лица или кои претставуваат дел од личниот багаж на патникот се прифаќаат
како производи со потекло без да се бара поднесување на доказ за потекло, под
услов таквите производи да не се увезени за трговски цели и да се декларирани
како производи кои ги задоволуваат условите од овој протокол и каде што нема
сомневање во веродостојноста на таквото декларирање. Во случаи на
производи пратени по пошта оваа изјава мора да биде изготвена на царинската
декларација CN22/CN23 или на лист хартија приложен кон тој документ.
Повремените увози кои се состојат единствено од производи за лична
употреба на примателите, патниците или нивните семејства нема да се сметаат
за трговски увози ако од природата и количината на производите е очигледно
дека тие не се наменети за комерцијални цели. Вкупната вредност на тие
производи не смее да биде поголема од 500 евра во случај на мали пакети или
не смее да надминува 1200 евра во случај на производи што се дел од личниот
багаж на патникот.
Извозникот што поднесува барање за издавање уверение за движење
ЕУР.1 мора да ги чува најмалку три години документите. Царинските органи на
договорната страна - увозник мора да ги чуваат најмалку три години уверенијата
за движење ЕУР.1 и изјавите во фактурите што им се поднесени.
Износите во сертификатите се во евра.
23
Дополнителните проверки на доказите за потекло се извршуваат без
одреден распоред или во кој било момент кога царинските органи на
договорната страна - увозник имаат основано сомнение околу автентичноста на
таквите документи за статусот на потеклото на соодветните производи или за
исполнувањето на другите услови содржани во овој протокол.
За таа цел, царинските органи имаат право да побараат какви било докази
и да го контролираат сметководството на извозникот или каква било друга
проверка која се смета за потребна.
____________________________________
______
и
____________________________________
______
(наведи ги соодветните земји, групи земји
или територии)
4. Земја, група 5. Земја, група земји
земји или или територија на
територија одредиште
од која
производите
се сметаат
дека се со
потекло
No cumulation applied
24
ИЗЈАВА ОД ИЗВОЗНИКОТ
____________________________________________________________________
______________________________
____________________________________________________________________
______________________________
_______________________________
(место и датум)
______________________________
(потпис)
Албанска верзија:
Eksportuesi i produkteve të mbuluara nga ky dokument (autorizim doganor Nr.
..............(1)) deklaron që përveç rasteve kur tregohet qartësisht ndryshe, këto produkte
janë me origjine preferenciale. .............. (2)
- cumulation applied with .... (name of the country(s) or territory(s))
- no cumulation applied (3)
Германска верзија:
Der Ausführer (Ermächtigter Ausführer; Bewilligungs-Nr. ..........(1)) der Waren, auf die
25
sich dieses handelspapier bezieht, erklärt, dass diese Waren, soweit nicht anderes
angegeben, präferenzbegünstigte ..........(2) Ursprungswaren sind.
- cumulation applied with .... (name of the country(s) or territory(s)
- no cumulation applied (3)
Француска верзија:
Англиска верзија:
Македонска верзија:
27
Европски иинформативен и иновативен центар
во Македонија
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Брошурата ја подготви:
Лазо Ангелевски, проектен консултант
Лектура:
Станка Дамјановска
Дизајн и подготовка:
Стево Серафимовски
Печат:
Тираж:
500 примероци
Контакт:
ЕИИЦМ
Стопанска Комора на Македонија
Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје, Република Македонија
Тел. (02) 32 44 090
laze@mchamber.mk
www.een.mk www.mchamber.mk
28
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Европски информативен и иновативен центар во
Македонија, како дел од Европската мрежа на претпријатијата
(Enterprise Europe Network EEN)
29