You are on page 1of 13

ПРЕДЛОГ

Врз основа на член 19 став (1) точка 20) од Законот за ревизија (Службен
весник на РМ, број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014 и 192/2015
година), а во врска со член 24 став (1) точка 4) од Статутот на Институтот на
овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), Собранието на ИОРРМ на
предлог на Управниот одбор, на седницата одржана на -------- година, усвои

Годишен извештај за работа на


Институтот на овластени ревизори на РМ за 2015 година

Содржина

I. Резиме
II. Активности на телата на ИОРРМ
 Собрание
 Управен одбор
 Надзорен одбор
 Комисии на ИОРРМ
III. Финансиски информации

I. Резиме
Во 2015 година, ИОРРМ спроведуваше активности за усогласување на Статутот и
други акти на ИОРРМ со Законот за измени и дополнувања на Законот за
ревизија (Службен весник на РМ, 188/2013 и 138/2014).
На 12 март 2015 година, се одржа состанок на тема “Актуелните состојбите на
ревизијата и ревизорската професија во Република Македонија”, замислен како
Форум на фирми. На состанокот присуствуваа 28 претставници од друштвата за
ревизија и овластените ревизори – трговци поединци. На 17 септември 2015 година,
се одржа вториот Форум на фирми. На состанокот присуствуваа 28 претставници од
друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци. На состанокот се
дискутираше за проблемите и нејасностите кои се јавија во пракса во поглед на
примената на Одлуката за утврдување на минимален број на часови и минимален
надоместок по 1 час за ангажмани за законска ревизија.
Институтот на овластени ревизори на РМ во 2015 година спроведe настани за
континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластените ревизори. Во
рамките на Годишната програма за КПУ за 2015 година беа спроведени 9 настани за
КПУ или вкупно 72 часа, за да им се овозможи на овластените ревизори да ја
исполнат законската обврска да посетуваат најмалку 120 часа за период од три
години, односно најмалку 30 часа годишно во рамките на континуирано
професионално усовршување од областа на сметководството и ревизијата, согласно
член 28 од Законот за ревизија. За одржување на предавања на темите предвидени
во Годишната програма за КПУ за 2015 година се пријавија и беа поканети предавачи
од Народна банка на Република Македонија, Управа за јавни приходи, Советот за
унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Агенција за
супервизија на осигурување, Комисија за хартија од вредност, Управа за финансиско
разузнавање, Дирекција за заштита на лични податоци, Централен Регистар на
Република Македонија, Економски факултет Скопје, Здружението на внатрешни
ревизори на РМ, Универзитет Американ Колеџ Скопје, овластени ревизори, ЕСП –
Развој и управување на човечки ресурси, претставници на друштвата за ревизија и

1
овластените ревизори – трговци поединци, вработените на ИОРРМ, како и предавачи
со други домашни и меѓународни сертификати. Вкупно беа опфатени 35 различни
теми. Предавањата се однесуваа на континуирано професионално образование
(меѓународни сметководствени стандарди, меѓународни стандарди за финансиско
известување, меѓународни стандарди за ревизија, законска регулатива, контрола на
квалитетот на ревизорските услуги, Кодекс на етика за професионалните
сметководители) и континуирано професионално усовршување (актуелни теми).
Институтот на овластени ревизори на РМ во 2014 година спроведе две сесии за
полагање на испитот за стекнување на звањето ревизор, кои што беа спроведени
во јуни/јули 2015 и декември 2015 година. Во 2015 година, четири кандидати кои го
положија испитот се стекнаа со уверение за ревизор, издадено од страна на ИОРРМ.
Во 2015 година, ИОРРМ издаде две уверенија за ревизор врз основа на доставени
барања за признавање на квалификација за ревизор стекната во странство, а
во согласност со Правилникот за начинот и постапката на добивање уверение за
ревизор за лица кои поседуваат уверение за ревизор стекнато во странство.
Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои
Годишен извештај за наодите од извршените контроли на Комисијата за контрола на
квалитет на ревизорските услуги, за проверките согласно Годишниот план за
2014/2015 година. Во согласност со Правилникот за начинот и постапката на контрола
на квалитетот на друштвата за ревизија и на овластен ревизор – трговец поединец,
Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги усвои Годишен план за
контрола на квалитет за 2015/2016 година. Во септември 2015 година, започна
спроведување на проверки на контрола на квалитетот според Годишниот план за
контрола на квалитет за 2015/2016 година. Методологијата за организација и
спроведување на проверка за контрола на квалитетот на друштвата за ревизија и
овластените ревизори – трговци поединци е објавена на веб страната на ИОРРМ.
Регистарот на ревизори, Регистарот на овластени ревизори, Регистарот на
друштва за ревизија, Регистарот на овластени ревизори – трговци поединци,
и Регистарот на трајно одземени лиценци се усогласени со член 30 од Законот за
ревизија, и истите се објавени на веб страната на ИОРРМ.
На 10 и 11 септември 2015 година, по покана на Здружението на внатрешни
ревизори на РМ, ИОРРМ учествуваше со свој претставник на Националната
конференција ‘Борба против измама’, којашто се одржа во Скопје.
На 10 2015 година, по покана на Управата за финансиско разузнавање,
ИОРРМ учествуваше со свој претставник на завршната работилница за национална
проценка на ризик од перење пари и финансирање на тероризам, којашто се одржа
во Скопје.

IFAC1
Институтот на овластени ревизори на РМ доби статус на полноправна членка на
IFAC, за што се одлучуваше на седницата на Собранието на IFAC што се одржа на 13 и
14 ноември 2013 година во Сеул, Јужна Кореја.
Институтот за свој ополномоштен претставник на седницата на Собранието на
IFAC, која што се одржа на 11 12 ноември 2015 година во Сингапур, назначи
претставник на Францускиот конзорциум.

Меѓународна соработка
На 05 март 2015 година, претставници на Фрнацускиот конзорциум одржаа
презентација наменета за членовите на Управниот одбор, за поблиску да се
презентираат главните цели на ревизорската алатка ‘Pack PE‘ и нејзиното

1 International Federation of Accountants.

2
функционирање, како и да се утврди како заеднички ќе се продолжи процесот на
нејзино прилагодување, превод и обука.
Во ноември 2015 година, ИОРРМ склучи нов тригодишен Договор за
партнерство со францускиот конзорциум составен од CNCC и CSOEC, за
натамошно продлабочување и развивање на билатерната соработка.
На 08 јуни 2015 година, Претседателот на ИОРРМ одржа состанок со претставници
на Центарот за реформи во финансиското известување (CFRR) во врска со
резултатите од ROSC (Report of the Observance of Standards and Codes) извештајот за
Република Македонија од областа на сметководство и ревизија, со кој се дава оценка
врз основа на разгледување на одредени стандарди поврзани со состојбите во
приватниот и финансискиот сектор. На состанокот беа разменети мислења за
констатациите во извештајот, предлозите за понатамошно подобрување на состојбите,
како и досегашните активности и предизвиците во работењето на Институтот на
овластени ревизори на Република Македонија. На 09 и 10 јуни 2015 година во Скопје
се одржа настан на тема “Achieving Excellence in Education: Aligning University
Accounting Curricula to International Benchmarks, во организација на Центарот за
реформи во финансиското известување (CFRR) на Светска банка. Претставник на
ИОРРМ присуствуваше на настанот. На 30 ноември и 1 декември 2015 година,
назначени членови на ИОРРМ учествуваа на обуката за обучувачи од областа на
ревизијата, организирана од страна на CFRR. Претставници на ИОРРМ учествуваа на
настанот за презентација на РОСК извештајот за сметководство и ревизија за
Република Македонија, што се одржа на 17 декември 2015 година во Скопје, а беше
организиран од Канцеларијата на Светска банка.
На 21 октомври 2015 година, претседателот на ИОРРМ одржа состанок со
претставник на Светска банка, г-дин Колм Дун, за оценка на спроведувањето на
регионалниот проект РЕПАРИС.
На 23 април 2015 година, во Атина, се одржа Стратешки форум за
сметководствената професија организиран од страна на Институтот на овластени
сметководители на Англија и Велс (ICAEW) во соработка со Институтот на
овластени јавни сметководители на Грција. ИОРРМ учествуваше на настанот со
двајца претставници.
На 23 и 24 ноември 2015 година, по покана на Хрватската ревизорска комора,
ИОРРМ учествуваше со свои претставници на стручното советување што се одржа во
Загреб.
ИОРРМ има важечки Меморандум за соработка со Комората на ревизори на
Република Азербејџан.

Соработка со Совет за унапредување и надзор на ревизија на


Република Македонија (СУНРРМ)
Претседателот и претставници на ИОРРМ на покана на СУНР, присуствуваа на
состаноци при разгледување на доставени акти од страна на ИОРРМ за добивање
согласност од СУНР, како и за разгледување на прашања од интерес за развојот на
професијата. На 21 декември 2015 година, членовите на Управниот одбор на
Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и членовите на Советот
за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија одржаа заеднички
состанок за разгледување на прашања што произлегуваат од надлежностите согласно
Законот за ревизија.
Во 2015 година, СУНР даде согласност на следните акти на ИОРРМ:
 Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2014 година.
 Годишна програма за работа на ИОРРМ за 2015 година.
 Статут на ИОРРМ.
 Програма за полагање на испит за стекнување звање ревизор.

3
 Правилник за содржината на регистарот на ревизори, регистарот на овластени
ревиозори, регистарот на друштва за ревизија, регистарот на овластени
ревизори – трговци поединци и регистарот на трајно одземени лиценци.
 Годишен извештај за наодите од извршените контроли на Комисијата за
контрола на квалитет на ревизорските услуги.

II. Активности на телата на ИОРРМ

 Собрание
Собранието на ИОРРМ ги одржа 16-та и 17-та седница.
На седниците беа усвоени следните:
- Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2014 година, кој што на 18.05.2015
година доби согласност од СУНР.
- Годишна програма за работа на ИОРРМ за 2015 година, која што на 18.05.2015
година доби согласност од СУНР.
- Финансиски план на ИОРРМ за 2015 година.
- Статут на ИОРРМ, кој што на 05.06.20185 година доби согласност од СУНР.
- Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи на
ИОРРМ за годината што завршува на 31.12.2014 година и извештајот на
ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината што завршува на
31.12.2014 година
- Одлука за избор на ревизор на финансиските извештаи на ИОРРМ за годината
што завршува на 31.12.2015, 31.12.2016 и 31.12.2017 година.
На 16-та седница беше потврдена одлуката за именување на еден член на Комисијата
за образование, обука и публикации, согласно член 16 и член 17 на Статутот на
ИОРРМ.
На 17-та седница беше разгледан Извештајот на Надзорниот одбор за годишната
сметка и и извештајот на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината
која завршува на 31 декември 2014 година. На истата седница, беа спроведени
избори за членовите на телата и органите на ИОРРМ заради истекување на мандатот
од три години, избор на членови на нови комисии и избор на претстедател. Изборите
беа спроведени со тајно гласање, согласно Статутот на ИОРРМ, по предлог на
Управниот одбор на ИОРРМ. На седницата за претседател на ИОРРМ беше повторно
избран, Борислав Атанасовски од Друштвото за ревизија, проценка и финансиски
консалтинг ‘Б и Љ, Боро и Љупчо’ доо Скопје, додека за заменик претседател беше
избран Крсто Несторов од Друштво за ревизија, книговодствен и даночен консалтинг
‘ЈВК’ доо Скопје.

 Надзорен одбор
Надзорниот одбор ги разгледа следните:
- Годишна сметка и извештајот за извршена ревизија на финансиските извештаи
на ИОРРМ за годината што завршува на 31.12.2014 година, како и поврзаната
сметководствена евиденција.
- Тримесечните извештаи на ИОРРМ за периодите кои се однесуваат за 2014
година, како и финансиското работење на ИОРРМ во 2014 година.
- Предлог Годишниот извештај за работа на ИОРРМ за 2014 година.
Надзорниот одбор усвои:
- Извештај на Надзорниот одбор на ИОРРМ кон извештајот за работењето на
ИОРРМ, годишната сметка за 2014 година и извештајот на ревизорот за
финансиските извештаи на ИОРРМ за 2014 година, кој што се доставува до
Собранието на ИОРРМ.

4
- Предлог одлука за избор на ревизор на финансиските извештаи на ИОРРМ за
2015, 2016 и 2017 година, доставена до Собранието на ИОРРМ за усвојување.

 Управен одбор
Во 2014 година, Управниот одбор одржа тринаесет седници на кои ги усвои следните:
o Тримесечни извештаи за работа на ИОРРМ кои што се доставуваат до Советот за
унапредување и надзор на ревизијата на РМ и Надзорниот одбор на ИОРРМ,
заради редовно информирање.
o Одлуки за издавање на уверение за ревизор за лица кои го положиле испитот за
стекнување звање ревизори и Одлуки за издавање на уверение за ревизор за
лица кои квалификацијата за ревизор ја стекнале во странство.
o Тарифник за висината на членарината и надоместоците што ги наплатува ИОРРМ.
o Одлука за укинување на Одлуката за времено укинување на надоместокот за
присуство на состаноците на телата на ИОРРМ.
o Одлука за изрекување на дисциплинска мерка Опомена на член на ИОРРМ, за
Друштво за ревизија Логист доо Куманово, врз основа на спроведена проверка за
контрола на квалитет.
o Одлука за изрекување на дисциплинска мерка Опомена на член на ИОРРМ, за
овластен ревизор – трговец поединец ТП Ревизор Бабамов Струмица, врз основа
на споведена проверка за контрола на квалитет.
o Предлог Финансиски план на ИОРРМ за 2015 година.
o Предлог Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2014 година.
o Предлог одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи на
ИОРРМ за годината што завршува на 31.12.2014 година.
o Пописниот елаборат од пописната комисија за утврдените состојби при пописот на
средствата и обврските на ИОРРМ со состојба на 31.12.2014 година.
o Деловник за работа на Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските
услуги.
o Програма за полагање на испит за стекнување звање ревизор и Прирачник за
спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
o Одлука за минимален број на часови и минимален надоместок по 1 час за
ангажмани за законска ревизија и Прирачник за пресметка на надоместок за
професионални услуги.
o Годишна програма за обука за Континуирано професионално усовшување за 2015
година.
o Одлука за повлекување на Одлуката за минимален број на часови и минимален
надоместок по 1 час за ангажмани за законска ревизија и Прирачник за пресметка
на надоместок за професионални услуги.
o Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и
постапката за стекнување звање ревизор.
o Одлука за именување на претседатели на комисии на ИОРРМ и Одлука за
дополнување на Одлуката за именување на претседатели на комисии на ИОРРМ.
o Годишен извештај за наодите од извршените контроли на Комисијата за контрола
на квалитет на ревизорските услуги.
o Правилник за содржината на регистарот на ревизори, регистарот на овластени
ревиозори, регистарот на друштва за ревизија, регистарот на овластени ревизори
– трговци поединци и регистарот на трајно одземени лиценци.

5
o Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за вршење
периодична контрола.
o Годишна и Тригодишна програма за работа на Комисијата за контрола на
квалитетот на ревизорските услуги.
o Прирачник за спроведување на Континуирано професионално усовршување.
o Одлука за разрешување на член на Комисијата за образование, обука и
публикации и Одлука за назначување на член на Комисијата за образование,
обука и публикации.
o Одлука за именување еден овластен ревизор, член на ИОРРМ, за член на СУНРРМ,
за доставување на првата следна седница на Собранието на ИОРРМ.
Управниот одбор на ИОРРМ разгледа препораки за зачленување на овластени
ревизори во ИОРРМ, материјали за доставување до СУНР согласно утврдениот модел
за известување и размена на информации и податоци помеѓу ИОРРМ и СУНР во однос
на спроведување на контрола на квалитетот, како и во однос на преостанатите
активности на ИОРРМ. Ги разгледа Извештајот за периодична контрола кај друштвата
за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци во 2014 година, Извештајот
за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор во декември 2014 година и
Извештајот за спроведување на КПУ во 2014 година.
Управниот одбор разгледуваше предлози и барања доставени до Управниот одбор од
страна на членовите и комисиите на ИОРРМ, препораки за зачленување на овластени
ревизори во ИОРРМ, дописи доставени од СУНРРМ, како и од страна на надворешни
заинтересирани страни.

 Комисии на ИОРРМ

1. Комисија за регистрација на ревизори и овластени ревизори


Комисијата за регистрација на ревизори и овластени ревизори:
 Разгледа доставени барања за зачленување на овластени ревизори и до
Управниот одбор достави Препораки за зачленување на нови овластени
ревизори.
 Разгледа доставени барања за признавање на квалификација за ревизор
стекната во странство. По спроведена постапка согласно Правилникот за
начинот и постапката на добивање уверение за ревизор за лица кои
поседуваат уверение за ревизор стекнато во странство, достави Предлог до
Управниот одбор на ИОРРМ за издавање уверенија за ревизор за два баратели
за признавање на квалификација за ревизор стекната во странство.
 Достави известувања до Управниот одбор на ИОРРМ за лица кои стекнале
право за добивање уверение за ревизор, врз основа на добиен Список на
кандидати кои ги положиле сите испити од Програмата за полагање на испитот
за стекнување на звањето ревизор, од Комисијата за спроведување на испитот
за стекнување звање ревизор, за испитните сесии декември 2014 година и
јуни/јули 2015 година.
 Усвои Извештај за периодичната контрола на Комисијата за регистрација на
ревизори и овластени ревизори за 2014 година, доставен до Управниот одбор
на ИОРРМ.
 Усвои предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за
вршење периодична контрола за негово усогласување со Законот за ревизија и
Статутот на ИОРРМ.
 Усвои предлог Правилник за содржината на регистарот на ревизори, регистарот
на овластени ревизори, регистарот на друштва за ревизија, регистарот на

6
овластени ревизори – трговци поединци и регистарот на трајно одземени
лиценци.
 Спороведе периодична контрола согласно Правилникот за начин и постапка за
вршење периодична контрола и Законот за ревизија, и усвои Извештај за
периодичната контрола на Комисијата за регистрација на ревизори и овластени
ревизори за 2015 година, доставен до Управниот одбор на ИОРРМ.
Комисијата разгледуваше доставени информации за ажурирање на регистрите што ги
води ИОРРМ, како и други актуелни прашања поврзани со надлежностите согласно
Статутот.

2. Комисија за контрола на квалитетот на ревизорските услуги


Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги:
 Со цел да се подготви соодветен формат на извештаите за доставување до
СУНРРМ и објавување на веб страната на Институтот, Комисијата спроведе
истражување за меѓународни практики на објавување на извештаи од
спроведени проверки на контролата на квалитет и подготви документ за
резултатите од спроведеното истражување, доставен до Управниот одбор за
понатамошно разгледување.
 Комисијата подготви предлог за нагласување на одредени прашања со цел да се
осигура дека друштвата за ревизија и овластените трговци поединци ќе се
придржуваат до професионалните стандарди. Предлогот се однесува на
барањата за ротација на одговорниот овластен ревизор и проверувачот на
контролата на квалитет.
 До друштвата за ревизија и овластените ревизори - трговци поединци се достави
барање за доставување на годишни податоци до 15.06.2015 година, преку
пополнување на образец Годишен извештај на активности и образец Прашалник
за прелиминарни податоци.
 Усвои Годишен извештај за наодите од извршените контроли, доставен до
Управниот одбор за одобрување.
 Достави Известувања до Дисциплинската комисија во врска со спроведените
проверки на контрола на квалитетот.
 Усвои Годишен план за контрола на квалитет за 2015/2016 година.
 Подготви предлог Годишна програма за работа на Комисијата за контрола на
квалитет на ревизорските услуги за 2015 година и Тригодишна програма за
работа на Комисијата за контрола на квалитет на ревизорските услуги за 2015-
2017 година.
 Побара од друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци да
достават ажурирани податоци за извршените ревизии заклучно со 31.08.2015
година.
 Подготви квартакни периодични извештаи на активности за доставување до
Управниот одбор и СУНРРМ, согласно усвоениот модел на известување и размена
на податоци помеѓу СУНРРМ и ИОРРМ во врска со спроведувањето на контрола
на квалитетот.

 Во рамките на КПУ на настанот што се одржи на 11.12.2015 година, се одржи


предавање за Методологија за организација и спроведување на проверка на
контрола на квалитет, во однос на важечките прашалници што се користат при
проверките за контрола на квалитет во контекст на тоа што се бара од
субјектите на контрола со прашањата наведени во прашалниците.
Комисијата извршуваше активности поврзани со спроведување на проверки за
контрола на квалитет според Годишниот план за контрола на квалитет за 2014/2015

7
година и Годишниот план за контрола на квалитет за 2015/2016 година. Комисијата
разгледуваше и одлучуваше по приговори на извештаите и резултатите од
спроведените проверки на контрола на квалитетот.
Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги е во постапка на
подготвување на предлог Правилник за начинот и постапката на контрола на
квалитетот на овластените ревизори, друштвата за ревизија и овластените ревизори –
трговци поединци, усогласен со Законот за ревизија и Статутот.
Од 09.04.2015 година, назначеник претставник на Советот за унапредување и надзор
на ревизијата на Република Македонија, учествува во работата на Комисијата за
контрола на квалитетот на ревизорските услуги на ИОРРМ, согласно член 8 став (1)
точка 6) од Законот за ревизија.

3. Дисциплинска комисија
Дисциплинската комисија беше предвидена со Законот за измени и дополнувања на
Законот за ревизија (Службен весник број 138/2014 година). Согласно Статутот на
ИОРРМ, на 17-та седница на Собранието на ИОРРМ, беа избрани членовите на
комисијата.
Дисциплинската комисија е во постапка на подготвување на предлог Правилник за
начинот и постапката за утврдување на повредите и за дисциплинските мерки на
членовите на ИОРРМ, усогласен со Законот за ревизија, разгледуваше прашања
поврзани со надлежностите на комисијата согласно Законот за ревизија и Статутот на
ИОРРМ и со спроведување на дисциплински постапки, а во врска со доставени
известувања од Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги, и
усвои мислење за следење на примената на Кодексот за етика за професионални
сметководители на IFAC, во врска со правилата на независност, по барање на
друштво за ревизија, што се доставува до Управниот одбор за усвојување.
На иницијатива на Дисциплинската комисија се одржа заеднички состанок на
претставници на Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги и
претставници на Дисциплинската комисија за разгледување на прашања од заеднички
интерес заради координирање на постапките што треба да се уредат со правилниците
на двете комисии заради усогласување со Законот за ревизија и Статутот на ИОРРМ.

4. Комисија за образование, обука и публикации


Комисијата за образование, обука и публикации:
 Ги подготви тримесечните изданија на Билтенот на ИОРРМ, кој што преку е-
пошта се доставува до членовите на ИОРРМ.
 Подготви предлог Годишна програма за континуирано професионално
усовршување (КПУ) за 2015 година, со предлог датуми и локации за одржување
на предавањата. Спроведе подготвителни активности за настаните за КПУ кои се
одржaа во 2014 година.
 Разгледуваше доставени документи во врска со барања за признавање на
квалификација за ревизор стекната во странство и подготви Мислења за
утврдување адекватност/веродостојност на програма според која кандидатот
стекнал квалификација ревизор во странство.
 Подготви Извештај за спроведување на Континуирано професионално
усовршување во 2014 година, доставен до Управниот одбор на ИОРРМ.
 Објави Повик за спроведување на обука за кандидатите кои го полагаат испитот
за стекнување звање ревизор, за предметите Законска регулатива, Финансиско
сметководство, Ревизија 1 и Управувачко сметководство. Обуката не се одржа
заради недоволен интерес од страна на кандидатите.
 Подготви и усвои нова предлог Програма за полагање на испитот за стекнување
звање ревизор, заради унапредување на програмата и усогласување со

8
материјалите за полагање на испитот, а во насока на приближување кон
програмата на ACCA.
 Подготви и усвои предлог Прирачник за спроведување на континуирано
професионално усовршување (КПУ), заради усогласување со Законот за
ревизија и допрецизирање на начинот на спроведување на КПУ и верификување
на часовите за КПУ.
 Разгледуваше актуелни прашања поврзани со спроведување на обука за
кандидатите за полагање на испитот и спроведување на КПУ.

5. Комисија за спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор


Комисијата за спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор:
 Подготви предлог до Управниот одбор на ИОРРМ за објавување на повик за
пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на
испитот за стекнување звање ревизор и Повик за пријавување на испити за
сесииите јуни/јули 2015 година и декември 2015 година, согласно член 54 од
Законот за ревизија.
 Извршуваше подготвителни активности за спроведување на испитот за
стекнување звање ревизор за испитните сесии јуни/јули 2015 година и
декември 2015 година. Испитните сесии беа спроведени од 23 јуни до 02 јули
2015 година, и од 9 до 18 декември 2015 година.
 Ги утврди резултатите од испитните сесии што се одржаа во декември 2014
година и јуни/јули 2015 година. Во двете испитни сесии, девет кандидати го
положија испитот за стекнување на звањето ревизор.
 Комисијата подготви и усвои извештаи за спроведувањето на испитот за
стекнување на звање ревизор во декември 2014 година и јуни/јули 2015
година и ги достави до Управниот одбор на ИОРРМ.
 Подготви и усвои извештаи за положен испит од областа на законска
регулатива во РМ, по барања доставени од Комисијата за регистрација на
ревизори и овластени ревизори, за баратели кои квалификацијата за ревизор
ја стекнале во странство.
 Подготви и усвои предлог Правилник за изменување и дополнување на
Правилникот за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување
звање ревизор.
 Подготви и усвои нов предлог Прирачник за спроведување на испитот за
стекување на звање ревизор.
Комисијата разгледуваше актуелни прашања поврзани со спроведување на испитот за
стекнување звање ревизор и постапката за признавање на квалификација за ревизор
стеката во странство.

6. Комисија за стандарди за ревизија


Комисијата за стандарди за ревизија ја разгледа постапката за ажурирање на
преводот на Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) со цел да се подготви
предлог до Управниот одбор за ажурирање на преводот на МСР и да се изрази интерес
до IFAC за одобрување на преводот согласно нивните пропишани постапки. Потребно
е дополнително да се разгледаат дополнителни подетални информации за
одобрување на преводот и условите за пристап кон договорот за превод на
стандардите, обемот на материјалот за ажирирање, финансиските импликации и
временската рамка.

7. Комисија за сметководствени стандарди, и новоформираните Комисија за


спроведување на стручниот испит и Комисија за ревизија на одржаните
стручни испити немаа активности во 2015 година.

9
III. Финансиски информации
Во 2015 година, ИОРРМ оствари приходи од членарина за овластените ревизори,
друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци, спроведување на
испитот за стекнување звање ревизор, спроведување на КПУ, и друго.
Подолу е дадена табела со споредбени информации во однос на Финансискиот план
на ИОРРМ за 2015 година и реализираните приходи и расходи во 2015 година,
споредбен податок со 2014 година, учество на приходи/расходи по одделни ставки во
вкупните приходи/расходи, и процент на реализирано во однос на планирано за 2015
година.

Позначајни отстапувања помеѓу планираните и релаизираните приходи и


расходи за 2015 година.

1. Приходи
Семинари (обука за алатки, практичен семинар, испит). Отстапување од -100%
се должи на неспроведени практични семинари што e предвидено да се спроведат во
2016 година и неодржани семинари за обука на кандидатите заради недоволен број
на заинтересирани кандидати.
Контрола на квалитет. Отстапување од -100% се должи на незавршена постапка на
добивање согласност на Тарифникот за висината на членарината и надоместоците што
ги наплатува ИОРРМ, каде што е предвидено да се наплаќа овој надоместок.
Останати приходи. Отстапување од -60,5% се должи на неможноста попрецизно да
се предвидат останатите приходи што во најголем дел произлегуваат од надоместок за
издавање на потврди и камати по орочен депозит.

2. Расходи
Расходи за испитот. Отстапување од -50,9% се должи на трошоците што зависат од
бројот на кандидати кои го полагаат испитот и пријавени испити по испитна сесија, и
намалени трошоци за активностите и материјалите за спроведување на испитот.
Расходи за семинари. Отстапување од -100% се должи на неспроведени практични
семинари што е предвидено да се спроведат во 2016 година и неодржани семинари за
обука на кандидатите заради недоволен број на заинтересирани кандидати.
Расход за КПУ. Отстапување од -38,6% се должи на искористена можност за попусти
заради повеќегодишна соработка со ИОРРМ од страна на хотели каде што се одржува
КПУ и помал трошок за печатење на материјали.
Ажурирање/превод (МСР, прирачници, алатка PACK PE). Отстапување од -100%
се должи заради поврзаност со надлежност на Министерството за финансии и
спроведување на проценка за финансиските импликации и обемот на материјалот за
ажурирање на МСР, како и нова поопсежна постапка за добивање на одобрување за
превод од страна на IFAC. Земено предвид во Годишната програма за 2016 година.
Сметководство и ревизија на годишна сметка. Отстапување од -28,6% се должи
на фактот што во моментот на усвојување на Финансискиот план за 2015 година,
сеуште не беше избран ревизор за наредниот период, ниту беа доставени понуди за
ревизија.
Учество на меѓународни конференции. Отстапување од -59,9% се должи на
помалку остварени патувања за учество на меѓународни конференции и настани.
Членарина и други трошоци поврзани со членството во IFAC. Отстапување од -
16,2% се должи на промена на курсот на УСД.

10
Реализирано Реализирано Учество
Вкупно Вкупно Вкупно
2015 во однос 2015 во однос во вкупни
Приходи и расходи на ИОРРМ за 2015 година - споредбено планирано реализирано реализирано
на 2014 на планирано приходи
Број на Износ по 2015 2015 2014
(отстапување) (отстапување) 2015
лица лице Коментар
(денари) (денари) (денари) (денари) % % %
1 Приходи
1,1 Членарина - овластени ревизори 170 6.000 1.020.000 1.095.000 1.140.000 -3,9% 7,4% 13%
1% од приходи од ревизија и услуги
1,2 Членарина - друштва за ревизија и овластени ревизори - ТП поврзани со ревизија во РМ 2.800.000 2.836.397 2.833.078 0,1% 1,3% 35%
1,3 Надомест за полагање на испит за стекнување звање ревизор 190 9.200 1.748.000 1.897.800 1.956.000 -3,0% 8,6% 23%
1,4 Семинари (обука за алатки, практичен семинар, испит) 1.000.000 0 151.200 -100,0% -100,0% 0%
1,5 Континуирано професионално усовршување 170 12.000 2.040.000 2.034.000 1.882.000 8,1% -0,3% 25%
Контрола на квалитет 518.000 0 0 0,0% -100,0% 0%
1,6 Стручна литература 400.000 313.870 351.500 -10,7% -21,5% 4%
1,7 Останати приходи 100.000 39.505 461.999 -91,4% -60,5% 0%
Вкупно приходи 9.626.000 8.216.572 8.775.777 100%

Расходи Реализирано Реализирано Учество


Вкупно Вкупно Вкупно
% 2015 во однос 2015 во однос во вкупни
планирано реализирано реализирано
од на 2014 на планирано расходи
2015 2015 2014
приходи Коментар (отстапување) (отстапување) 2015
(денари) (денари) (денари) % % %
2 Расходи
2,1 Бруто плати и надоместоци 4 вработени 3.140.000 3.106.069 3.128.896 -0,7% -1,1% 41%
2,2 Расходи за испитот (% од 1.3) 50,00% 874.000 429.331 703.182 -38,9% -50,9% 6%
2,3 Расходи за семинари (% од 1.4) 60,00% 600.000 0 63.529 -100,0% -100,0% 0%
2,4 Расход за контрола на квалитетот 100.000 113.079 99.110 14,1% 13,1% 1%
2,5 Расход за КПУ (% од 1.5) 40,00% 816.000 501.414 574.676 -12,7% -38,6% 7%
2,6 Ажурирање/превод (МСР, прирачници, алатка PACK PE) 300.000 0 1.809.360 -100,0% -100,0% 0%
2,7 Канцелариски трошоци 75.000 77.635 58.804 32,0% 3,5% 1%
2,8 Административни трошоци 150.000 147.579 140.831 4,8% -1,6% 2%
2,9 Телекомуникациски услуги и пошта 100.000 89.327 99.952 -10,6% -10,7% 1%
2,10 Одржување на состаноци на телата на ИОРРМ 900.000 774.011 192.721 301,6% -14,0% 10%
2,11 Комуналии 240.000 212.448 896.567 -76,3% -11,5% 3%
2,12 Сметководство и ревизија на годишна сметка 200.000 142.887 124.845 14,5% -28,6% 2%
2,13 Совет за унапредување и надзор на ревизијата 15% од вкупни приходи 1.316.367 1.316.367 721.910 82,3% 0,0% 17%
2,14 Учество на меѓународни конференции 150.000 60.184 150.129 -59,9% -59,9% 1%
2,15 Членарина и други трошоци поврзани со членството во IFAC 230.000 267.167 227.263 17,6% 16,2% 4%
2,16 Вкупно 2.1 - 2.14 9.191.367 7.237.498 8.991.775
2,17 Непредвидени трошоци (% од 2.16) 3,00% 275.741 307.038 218.128 40,8% 11,4% 4%
Вкупни расходи 9.467.108 7.544.536 9.209.903 100%

Нето приходи 158.892 672.036 -434.126

3 Дополнителни информации:
3,1 Пренесени дел на вишокот на приходи од претходните години 2.620.684
3,2 Депозити 3.000.000

11
IV. Анализа на реализирање на активностите од Годишната програма за
работа за 2015 година

Планирана активност Статус на реализирана активност

1. Водење на Регистар на ревизори, Регистар Реализирано.


на овластени ревизори, Регистар на друштва
за ревизија, Регистар на овластени ревизори
– трговци поединци и Регистар на трајно
одземени лиценци.

2. Изготвување и усвојување на Годишна Реализирано.


програма и Финансиски план на ИОРРМ за
2015 година.

3. Изготвување и усвојување на Годишен Реализирано.


извештај за работа на ИОРРМ за 2014 година.

4. Изготвување на Програма за Континуирано Реализирано.


професионално усовршување на овластените
ревизори за 2015 година, во согласност со
најновите достигнувања во професијата.

5. Организирање и спроведување на Реализирано. Настаните беа одржани во јуни,


континуирано професионално усовршување. септември/октомври и декември 2015 година.

6. Организирање и спроведување на Не е реализирано. Одложено е за 2016


практични семинари од областа на година, заради поврзаност со доставување на
ревизијата. алатката PACK PE, во соработка со
Францускиот конзорциум.

7. Организирање на обука за примена на Одложено од страна на Францускиот


ревизорската алатка (PACK PE). конзорциум за првото тримесечје на 2016
година.

8. Изготвување упатства за изготвување на Одложено за 2016 година заради финансиски


ревизорска документација. импликации на активноста и поврзаност со
спроведување на други активности.

9. Организирање и спроведување на испитот Делумно реализирано. Во 2015 година,


за стекнување звање ревизор. ИОРРМ спроведе две сесии на испитот за
стекнување на звањето ревизор, во јуни/јули
2015 година и декември 2015 година,
согласно член 54 од Законот за ревизија.

10. Донесување на тригодишна и годишна Реализирано.


програма за контрола над членовите на
Институтот.

11. Спорведување контрола на квалитетот Реализирано. Повеќе информации во


над членовите на Институтот. Годишниот извештај за наодите од
извршените контроли на Комисијата за
контрола на квалитет на ревизорските
услуги, објавен на веб страната на ИОРРМ.

12
12. Преведување и објавување во ‘Службен Не е реализирано. Поврзано со надлежност
весник на РМ‘ на Меѓународните стандарди за на Министерството за финансии и
ревизија (МСР), Меѓународните стандарди за финансиски импликации на активноста за
контрола на квалитет и Кодексот на етика за ИОРРМ. Земено предвид во Годишната
професионални сметководители на IFAC. програма за 2016 година.

13. Следење на примената на МСР, Кодексот Реализирано.


на етика за професионални сметководители
на IFAC кај друштвата за ревизија и кај
овластените ревизори – трговци поединци.

14. Промовирање на МСР и Кодексот на етика Реализирано.


за професионални сметководители на IFAC.

15. Покренување на дисциплински постапки Во 2015 година, ИОРРМ изрече дисциплинска


и изрекување мерки на членовите опоради мерка Опомена за едно друштво за ревизија
повреда на МСР, Кодексот на етика за и еден овластен ревизор – трговец поединец,
професионални сметководители на IFAC и членови на ИОРРМ, врз основа на извршена
актите на ИОРРМ. контрола на квалитет.

16. Донесување на Тарифник за висината на Делумно реализирано. Во постапка на


членарината и надоместоците што ги добивање согласност од СУНРРМ.
наплатува.

17. Донесување на Правилник за содржината Реализирано.


на Регистарот на ревизори, Регистарот на
овластени ревизори, Регистарот на друштва
за ревизија, Регистарот на овластени
ревизори – трговци поединци и Регистарот на
трајно одземени лиценци.

18. Донесување програма за обука на Не е реализирано. Земено предвид во


овластените ревизори кои спроведуваат Годишната програма за 2016 година.
контрола на квалитет.

19. Усогласување на составот на комисиите и Реализирано.


органите на ИОРРМ, согласно Законот за
ревизија.

20. Издавање на Билтен на ИОРРМ. Реазлизирано.

21. Соработка со професионални Реализирано.


организации на сметководители и ревизори и
други професионални организации, во
земјата и во странство.

22. Усогласување на актите на ИОРРМ со Делумно реализирано. Во 2015 усогласен е


Законот за измени и дополнувања на Законот Статутот и повеќе Правилници. Активноста ќе
за ревизија (Службен весник на РМ, 188/2013 продолжи во 2016 година и е земена предвид
и 138/2014). во Годишната програма за 2016 година.

Февруари 2016 година Борислав Атанасовски


Претседател на ИОРРМ

13

You might also like